КАФЕ ПАУЗА

Tag: лоши

  • Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Што се крие зад лошите навики на мажите?

    Познато е дека никој не е совршен, но некои навики кај мажите може да бидат навистина вознемирувачки. Сепак, експертите успеаја да ги откријат и да ги дешифрираат најчестите лоши навики кај посилниот пол.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Пишува СМС-пораки за време на состанокот

    rnПишувањето пораки за време на состанок често го поврзуваме со покажувањето незаинтересираност, но експертите го тврдат спротивното. Според нив, оваа навика не значи нељубезност и незаинтересираност. Ова значи дека тој се чувствува удобно кога е со вас и дека има целосна слобода при изразувањето. За мажите оваа навика не е голема работа и можат да престанат со праќањето пораки, доколку вие го побарате тоа од нив. Едноставно, кажете му дека неговото однесување прави да се чувствувате како да не сте му важни и замолете го да го користи телефонот само кога е навистина потребно.rn

    Секогаш кога ќе побарате негово мислење, тој е неутрален

    rnЕкспертите велат дека кога мажот не знае што сака жената, тогаш тој попрво ќе молчи отколку да каже нешто погрешно. Затоа, ако побарате негово мислење околу нешто за што тој не знае многу, бидете сигурни дека нема да добиете никаков одговор. Колку повеќе тој знае за вас и вашите интереси, толку помалку ќе се соочувате со оваа ситуација. Ако оваа навика се повторува подолго време, кажете му дека очекувате тој да биде поодлучен наредниот пат кога ќе побарате негово мислење.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rn

    Не зборува многу кога ќе се врати од работа

    rnДокажано е дека мажите се подобри од жените во одвојувањето на работните обврски од приватниот живот. Потребно им е малку повеќе време за да се преориентираат од работа на некој друг аспект од животот. Исто така, потребно им е време за да си ја обноват потрошената енергијата. За да ја спречите оваа навика, изберете некоја активност која ќе ја правите заедно, но која нема да бара многу енергија.rn

    Се подготвува во последен момент

    rnМажите не признаваат дека во просек им е потребно исто толку време за подготовка, колку што им е потребно и на жените. Ако постојано го потсетувате на овој факт, постои можност да станете здодевни. Наместо тоа, половина час пред излегување потсетете го колку ви се допаѓа неговиот изглед, стилот на облекување и неговата фризура. На тој начин потсвесно ќе го натерате да сфати дека е потребно да вложи повеќе време и труд за да го привлече вашето внимание.rnrnШто се крие зад лошите навики на мажите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лоши навики кои нè прават несреќни

    Лоши навики кои нè прават несреќни

    Зошто на сите нам ни е тешко да преминеме преку лошите навики кои нè уназадуваат, ни ги рушат соништата, нè прават подебели и нè спречуваат да бидеме поедноставни и посреќни?rnrnЛоши навики кои не прават несреќниrnrnКако воопшто е возможно сите наши добри намери да пропаѓаат во вода? Сите сакаме да бидеме фокусирани и продуктивни, редовно да вежбаме и да јадеме здрава храна, да не пушиме и пиеме, но едноставно не можеме. Одговорот лежи во нешто екстремно едноставно, но многумина не сме ни свесни за тоа. Едноставно не знаеме да се справиме со стресот и досадата на здрав начин, па затоа создаваме лоши навики.rnrnВо овој тип лоши и нездрави навики спаѓаат:rn

      rn011

    • пушење цигари
    • rn011

    • интернет-зависност
    • rn011

    • јадење брза храна
    • rn011

    • пиење алкохол
    • rn011

    • постојано покажување гнев и лутина
    • rn011

    • целодневно гледање телевизија и играње видеоигри
    • rn011

    • шопинг со кредитна картичка (длабоко влегување во долг)
    • rn011

    • неактивност како техника за одбегнување стрес
    • rn011

    • грицкање нокти, џвакање коса
    • rn

    rnОва не е комплетна листа, туку само дел од оние најчестите лоши навики кои луѓето ги стекнуваат кога се обидуваат да се справат со стресот и досадата. Нив ги создаваме како одбранбени механизми, затоа што поинаку не знаеме да се справиме.rnrnЛоши навики кои не прават несреќниrnrnПа зошто би ни сметало овие навики да ги замениме со поздрави? Зарем на тој начин нема да се ослободиме од стресот? На ова прашање има само еден одговор, па затоа треба да ги одбереме оние навики, кои ќе ни донесат некаква придобивка во живеењето. Еве неколку интересни идеи:rn

      rn011

    • пешачење, трчање, пливање, возење велосипед
    • rn011

    • стомачни вежби, склекови
    • rn011

    • медитација со јога
    • rn011

    • дружба со пријатели
    • rn011

    • учење странски јазик
    • rn011

    • пишување, свирење на некој инструмент, читање книги
    • rn011

    • уживање во моментите кога сте сами
    • rn011

    • дневна прошетка во природа
    • rn011

    • справување со сметките, даноците и други давачки без одложување
    • rn011

    • контрола над секоја ситуација, правење листи и одење чекор по чекор
    • rn011

    • јадење здрава храна препорачана од нутриционист
    • rn011

    • полна када за уживање во топла бања
    • rn011

    • живеење во сегашноста
    • rn

    rnОва се одлични примери кои ќе ви помогнат да си го подобрите животот од многу аспекти. Но оваа листа треба да ја надградите со уште навики кои би биле забавни за вас и би ве правеле посреќни.rn

    Промена на навиките

    rnНа сите треба да ни е јасно дека старите навики не можат да се променат преку ноќ. Треба трпеливо да се оди чекор по чекор, па дури и да се потребни неколку години. За почеток најважно е да се разбере што е предизвикувачот на таквото однесување и да се има волја за промена. Треба да не дозволиме стресот и досадата да ја земат целосната контрола врз нашиот живот и да не се плашиме од нив. Откако ќе го увидиме проблемот, понатаму е лесно. Треба да се следат неколку чекори и да се има трпение.rn

      rn011

    1. Променувајте една навика, не сите одеднаш.
    2. rn011

    3. Не трудете се веднаш да ја промените во целост.
    4. rn011

    5. Уживајте во новите навики, не правете ги со сила.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.