КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • Кратки лекции за подобри родители

    Кратки лекции за подобри родители

    Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца. Сепак, во трката наречена „живот“, забораваме да им се посветиме доволно и да им го понудиме потребното внимание. А верувајте, тие мали ангелчиња повеќе од кој било го заслужуваат тоа! Ние сме тука да ве потсетиме на неколку едноставни лекции кои сите идни и сегашни родители треба секогаш да ги имаат предвид.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Прегрнувајте

    rnПрегратката е најдобриот лек да го утешите вашето дете кога плаче, кога е исплашено или едноставно да му кажете дека секогаш ќе бидете тука за него.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Научете да слушате

    rnКога зборуваат и раскажуваат нешто, внимателно слушајте. Детето ќе почувствува дека има свој соговорник, а со тоа ќе ја поттикнете неговата фантазија да раскажува за уште пошарени и волшебни светови.rn

    Одговорете на секое прашање

    rnДецата знаат да бидат „досадни“ и да поставуваат прашања за кои и ние возрасните немаме одговори: зошто паѓа дождот, зошто е небото плаво, колку е тешка земјата… Сепак, бидете креативни и смислете одговор за секое прашање. „Не знам“, никако не се прифаќа за одговор.rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Дозволете им да истражуваат

    rnДецата сакаат да го истражуваат светот, а со тоа осознаваат за работите коишто ги опкружуваат. Дозволете им да шлапнат во кал, да се извалкаат со песок, да се намократ. Облеката секогаш може да се испере, но изгубената детска радост не можете да ја надоместите.rn

    Научете ги да бидат културни

    rnДецата учат од своите родители и затоа бидете добар пример. Ако вие им се обраќате со зборовите „те молам“, и „благодарам“, тогаш и тие ќе ги користат во својот речник.rn

    Забавувајте се заедно

    rnНема ништо поубаво од тоа кога сите дома сте заедно. Друштвените игри се одлична идеја  за забава и докажување кој е подобар во играта. Доколку пак имате вишок енергија, одлична би била борбата со перници. :)rnrnКратки лекции за подобри родителиrn

    Смејте се

    rnСмислата за хумор се развива уште од мали нозе, а смеењето има позитивни ефекти како на децата, така и на родителите. Затоа, не морате да имате посебна причина за смеа. Ставете стар шешир на главата, обојте го лицето и насмејте го своето дете.rn

    Несебично бакнувајте

    rnДецата се многу посигурни кога се сакани. Имаат поголема самодоверба, среќни се и ја чувствуваат покажаната љубов. Оние деца што се сакани, понатаму како возрасни личности можат многу полесно да ги искажат и контролираат своите чувства и емоции.rnrnКратки лекции за подобри родителиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 24 мисли кои ќе ве инспирираат

    24 мисли кои ќе ве инспирираат

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПостојат моменти кога светот се руши, самодовербата и храброста се на најниско ниво, сè е облачно и тажно. Но, секое лошо е за добро, секоја тага носи нова среќа. Кренете ја главата и продолжете понатаму. Не дозволувајте моменталните неуспеси и разочарувања да ве депримираат. Ниедна тага не е вечна. Секогаш бидете тоа што сте. Никогаш не обидувајте се да сокриете кои сте. Најголемиот срам во животот е да имате срам. Секогаш стојте зад она во коешто верувате. Не жалете за минатото, тоа е само губење време. Сè се случува со причина, секоја грешка, секој момент на слабост, секој страв со кој се соочувате се начини на кои растете и созревате. Единствен начин да стекнете туѓа почит е да покажете дека самите се почитувате. И најважно од сè, никогаш не барајте извинување за тоа што сте.rnrn24 мисли кои ќе ве инспирираат
    rn

    „Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор

    rn

    „За бидеш  најдобар, потребно е да се справиш со најлошото.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Никогаш не дозволувајте вашето минато да ви диктира кои сте, но сепак нека биде дел од она што ќе станете.“ – Џони Магања

    rn

    „Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.“ – анонимен автор

    rn

    „Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Не можам да го сменам правецот на ветерот, но можам да ги прилагодам моите едра да ме однесат до мојата цел.“ – непознат автор

    rn

    „Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик

    rn

    „Сништата се денешните одговори на утрешните прашања.“ – непознат автор

    rn

    „Вашиот проблем не е навистина ваш проблем. Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем.“ – Брајан Кинси

    rn

    „Нашите животи се подобруваат кога ризикуваме, а првиот и најтежок ризик кој можеме да го преземеме е да бидеме искрени со себеси.“ – Волтер Андерсон

    rn

    „Само оние кои ризикуваат да отидат предалеку знаат до каде може да стигнат.“ – непознат автор

    rn

    „Не очекувајте ништо и ќе бидете изненадени од нешто.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Ако си роден сиромашен тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа ‘е’ твоја грешка.“ – Бил Гејтс

    rn

    „Не плашете се да покажете кои сте навистина, бидејќи сè додека сте среќни и задоволни од себе, туѓите мислења не се важни.“ – непознат автор

    rn

    „За тие кои се на врвот не бидете премногу горди, за тие кои се на дното – не бидете засрамени. Ништо не е дефинитивно, сè уште нешто може да се промени.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Не категоризирајте се себеси, создадете нова категорија.“ – Ентони Ривера

    rn

    „Не обидувајте се да бидете добри во сè. Бидете добри во нешто. Тоа е она што ве прави посебни.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Кога треба да донесете тешка одлука фрлете паричка. Кога паричката ќе биде во воздух ќе сфатите на што се надевате.“ – непознат автор

    rn

    „Искушението да се откажете е најголемо во моментот кога сте на прагот од успехот.“ – Кинеска поговорка

    rn

    „Секое утро ви нуди две можности: да продолжите со спиење и сонување или да станете и да почнете со остварување на вашите сни. Изборот е ваш!“ – непознат автор

    rn

    „Постојат две можности во животот, да следиш или да бидеш следен. Не можеш да бидеш и возач и патник во исто време.“ – Вилсон Канади

    rn

    „Моментот кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што другите мислат, почнуваш да бидеш тоа што навистина си.“ – непознат автор

    rn

    „После дождот се појавува виножито, по бурата е мирно, по ноќта доаѓа утрото, по завршетокот доаѓа нов почеток.“ – непознат автор


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Убави мисли за убав ден

    Убави мисли за убав ден

    Автор: Горана КоневскаrnrnОдредени зборови подредени по вистинскиот редослед, чинат мисли кои слушнати во вистинскиот момент, се доволно моќни да ни го направат денот. Изберете една која ќе ве води до крајот на овој ден.rnrnУбави мисли за убав денrnrn1. Кога ќе заѕвони минатото, остави ја телефонската секретарка да одговори, бидејќи не се јавува да ти соопшти ништо ново.rnrn2. Уживај во животното патување, тука си со причина.rnrn3. Не споредувај се себеси со другите… Никој на светот не може да биде подобро ТИ од ТЕБЕ.rnrn4. Кога ќе се опуштиш, стравот го снемува, а љубовта расте.rnrn5. Кога осудуваш некого, не го опишуваш него, туку се дефинираш самиот себеси.rnrn6. Без разлика што се случува во твојот живот, секогаш имаш ИЗБОР да бидеш среќен или тажен.rnrn7. Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси без никакво осудување.rnrn8. Дека еден учител е добар, не е знак бројот на ученици што ги има, туку бројот на учители кои ги создава.rnrn9. Ако си депресивен – значи живееш во минатото, ако си конфузен значи дека живееш во иднината, а ако живееш само во сегашниот момент, тогаш ќе чувствуваш само МИР.rnrn10. Што и да се случува околу тебе, немој да го сфаќаш тоа лично. Луѓето не прават ништо заради тебе, туку заради самите себеси.rnrn11. Твојот живот е манифестација на твоите соништа, тоа е уметност. И во секој момент можеш да го промениш доколку не уживаш во него.rnrn12. Некои врски се појавуваат за да ти помогнат во одредени животни лекции, а кога лекциите ќе бидат научени, треба да знаеш да ги пуштиш и да продолжиш понатаму.rnrn13. Немој да очекуваш да добиеш, ако не си спремен да дадеш.rnrn14. Ако си доволно среќен да добиеш втора шанса, немој да ја пропуштиш.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 кратки случајни животни совети

    20 кратки случајни животни совети

    Тешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.rnrn

    20 кратки случајни животни совети
    Фотографија: Giandomenico Ricci
    rnrn1. Давајте им на луѓето повеќе одошто тие очекуваат и правете го тоа со задоволство.rnrn2. Стапете во брак со маж/жена со кој/а обожавате да разговарате. Како што ќе стареете заедно, способноста за комуникација ќе станува многу важна.rnrn3. Верувајте во љубов на прв поглед.rnrn4. Кога ќе кажете „те сакам“, мислете го тоа.rnrn5. Кога ќе кажете „извини“, гледајте ја личноста во очи.rnrn6. Бидете свршени најмалку 6 месеци пред да се земете со вашиот партнер.rnrn7. Насмевнете се секогаш кога кажувате „ало“ на телефонската слушалка. Соговорникот може да го почувствува тоа.rnrn8. Никогаш не смејте се на соништата на другите луѓе. Луѓето кои немаат соништа, немаат многу.rnrn9. Сакајте длабоко и страсно. Некогаш може да бидете повредени, но тоа е единствениот начин да го живеете животот во целост.rnrn10. Кога се расправате со некој со кој немате исти ставови и размислувања, правете го тоа на фер начин. Без навреди!rnrn11. Не судете ги луѓето според нивните роднини.rnrn12. Зборувајте бавно, но мислете брзо.rnrn13. Кога некој ќе ви постави прашање на кое не сакате да дадете одговор, насмевнете се и прашајте: „Што би сакал/а да знаеш?“rnrn14. Запомнете дека големата љубов и големите успеси вклучуваат големи ризици.rnrn15. Кажувајте „на здравје“ секогаш кога некој ќе кивне.rnrn16. Кога ќе изгубите во некоја ситуација, не дозволувајте да ја изгубите и лекцијата која од неа сте ја научиле.rnrn17. Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и бидете одговорни за сопствените постапки.rnrn18. Не дозволувајте малите несогласувања да уништат добро пријателство.rnrn19. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете нешто за да ја поправите.rnrn20. Поминувајте време сами со себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сè имаме научено од филмовите

    Што сè имаме научено од филмовите

    Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rnrnШто сè имаме научено од филмовитеrn

      rn011

    • Чесните и работливи полицајци секогаш загинуваат три дена пред да одат во пензија.
    • rn011

    • Колку и да е гужва во барот, секогаш има празно место пред шанкерот, кој цело време брише чаши и чека некој да нарача пијачка.
    • rn011

    • 1 милион долари во кеш секогаш пополнуваат точно една актовка.
    • rn011

    • Мајките секое утро приготвуваат јајца, сланина и свежо цеден сок од портокал, но мажот и децата секогаш имаат време да се напијат само по една голтка од сокот.
    • rn011

    • Кога некој се вози со такси, не ни погледнува колку откуцал таксиметарот, туку веднаш посегнува по првата банкнота која се наоѓа во паричникот и плаќа, притоа не чекајќи го ни кусурот.
    • rn011

    • Доколку доволно добро се потрудите, можете со трчање да избегате од експлозија.
    • rn011

    • Со едно фрлено шкорче на земја, може да се запали цела зграда голема колку стадионот „Вембли“.
    • rn011

    • Секогаш можете да се паркирате пред зградата кон која сте се упатиле.
    • rn011

    • Детективот секогаш го решава случајот кога е суспендиран од страна на својот претпоставен.
    • rn011

    • Ајфеловата кула се гледа од кој било прозорец во Париз.
    • rn011

    • Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
    • rn011

    • Секогаш кога некој во рацете има ќеса со намирници, во неа мора да има барем еден француски багет.
    • rn011

    • Автомобилите и камионите кои ќе се удрат некаде, скоро секогаш експлодираат.
    • rn011

    • Еден човек сам има поголеми шанси да утепа 20 луѓе кои пукаат кон него.
    • rn011

    • Вентилацијата во зградите се секогаш перфектно чисти, само може да налетате на некој стаорец.
    • rn011

    • Преку кој било компјутер можете да го пробиете системот на американската тајна служба.
    • rn011

    • Со каква било шнола можете да се ослободите од полициски лисици.
    • rn011

    • Бомбите секогаш се деактивираат пред истекот на последната секунда.
    • rn011

    • Колку силно и да трчате низ шумата, убиецот секогаш ќе успее да се најде пред вас.
    • rn011

    • На жените кои се наоѓаат сами во куќа, а надвор има невреме, најчесто нешто лошо ќе им се случи.
    • rn011

    • Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
    • rn011

    • Кога две лица од спротивен пол, од самиот старт не можат да се поднесат, на крајот на филмот ќе завршат среќно заљубени.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку работи кои секој треба да ги применува

    Неколку работи кои секој треба да ги применува

    Животот не ни е доделен со упатство за негово правилно користење. Секој го бира својот пат и живее како што се чувствува најкомотно. Сепак, сите имаме еден живот и треба да го користиме максимално и да уживаме во него. Секогаш треба да бидеме свои, но во животот никогаш не сме сами. Некои работи едноставно треба да се почитуваат од човечки аспект и да се применуваат несвесно.rnrnНеколку работи кои секој треба да ги применуваrn

      rn011

    • Да се забележува без да се критикува
    • rn011

    • Да се цени без да се жали
    • rn011

    • Да се слуша без да се прекинува
    • rn011

    • Да се прашува без да се приговара
    • rn011

    • Да се предизвикува без да се потсмева
    • rn011

    • Да се зема предвид без да се сомнева
    • rn011

    • Да се дискутира без да се наметнува
    • rn011

    • Да се смее без да се двоуми
    • rn011

    • Да се дава без да се очекува
    • rn011

    • Да се теши без да се лаже
    • rn011

    • Да се води без да се скршнува
    • rn011

    • Да се опростува без да се чувствува гнев
    • rn011

    • Да се ужива без да се осудува
    • rn

  • Лекции на кои нè научил животот

    Лекции на кои нè научил животот

    Понекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.rnrnЛекции на кои животот не научилrnrn1. Поминувајте повеќе време со луѓе кои можат да ве насмеат и помалку со оние од кои чувствувате притисок дека треба да ги импресионирате.rnrnrn2. Никогаш не кажувајте му некому дека соништата не можат да му се исполнат. Ќе изгледате како будала кога ќе ви докаже дека сте биле грешка.rnrn3. Смејте се на глупави вицови, извинувајте се и кажувајте му на некого колку ви значи во животот. Тоа се мали моменти кои го прават животот голем.rnrn4. Животот е многу поубав кога ќе престанете да се обидувате да бидете кул и ќе се фокусирате да бидете свои.rnrn5. Премногу често ги осудуваме луѓето врз основа на првиот впечаток или недоволно информации. Наместо да ги осудуваме за она што го прават и она што се, треба да најдеме начин да сфатиме зошто го прават тоа и како стигнале онаму каде што се сега.rnrn6. Доколку сакате да се чувствувате дека сте богат/а, сетете се на сите нешта кои ги имате, а кои парите не можат да ги купат.rnrn7. Колку повеќе се познавате себеси, толку подобро ги разбирате другите.rnrn8. Не ви е потребен голем број пријатели, туку само онолку во кои можете секогаш да бидете сигурни.rnrn9. Луѓето на кои им е судено да бидат заедно, порано или подоцна ќе си ги вкрстат патиштата.rnrn10. Жалењето за нешто е како да си удрите шлаканица затоа што сте си удриле шлаканица. Не го решава проблемот, туку само повеќе боли.rnrn11. Никој не е 100% сигурен кога му се укажува нова прилика. Затоа големите можности во животот ни помагаат да пораснеме и емоционално и интелектуално.rnrn12. Без разлика колку многу ви е скршено срцето, светот не застанува. Утредента сонцето повторно ќе огрее.rnrn13. Научете да ги приспособувате вашите едра во животот на непредвидливи ветрови, притоа задржувајќи го фокусот на целта. Пловете сè додека не стигнете таму.rnrn14. Трошете помалку отколку што заработувате.rnrn15. Кога ви се чини дека немате ништо, некој има уште помалку. Пронајдете ги таквите и помогнете им, ќе дознаете зошто.rnrn16. Негативноста носи уште поголема негативност. Кога се фокусирате само на негативното, очигледно само тоа и ќе го гледате.rnrn17. Никогаш немојте да се каете. Доколку се случило нешто добро – супер. Доколку се случило лошо, тогаш тоа е ново искуство.rnrn18. Зафатеноста и продуктивноста се сосема спротивни нешта.rnrn19. Морате да создавате и да барате можности. Можностите и приликите во животот нема сами да ви затропаат на врата. Морате да ја преземете иницијативата во свои раце и да вложите дел од себе.rnrn20. Кога поминувате подолго време грижејќи се за нешто, едноставно само ја употребувате имагинацијата за да ги создадете нештата кои не сакате да ви се случат.rnrn21. Сите луѓе имаат проблеми. Само што некои знаат подобро да ги сокријат од други.rnrn22. Во ред е да бидете лути и бесни, но не и да бидете сурови.rnrn23. Кога двајца соработуваат наместо да се натпреваруваат, можат да постигнат многу повеќе отколку двајцата поединечно.rnrn24. Без разлика како нешто ќе заврши, секогаш излегува како што требало да биде.rnrn25. Не постои работа во која нема ризик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Многумина корисници на сервисот „Јутјуб“ паметно ги користат неговите можности. Покрај многуте смешни видеа, инсерти, спотови, исечоци од филмови, аматерски снимки и слично, на „Јутјуб“ можат да се најдат илјадници корисни туторијали од кои можете да научите нешто. Ова се само дел од нив кои ние ги одвоивме за вас. Дали можеби вие имате направено некој интересен туторијал?rnШто можеме да научиме од Јутјуб?

    rn1. Како да читате брзоrn

    rn2. Како да врзете вратоврскаrn

    rn3. Како да запалите оган без запалка или кибритrn

    rn4. Како да се ослободите од полициски лисициrn

    rn5. Како да презентиратеrn

    rn6. Како да отворите кокосrn

    rn7. Како да направите туторијалrn8. Како професионално да завиткате поклонrn9. Како да направите виноrn10. Како да свирите на виолинаrn11. Како да сурфатеrn12. Како да отворите пиво со пенкалоrn13. Како да научите да плететеrn14. Како да олупите дињаrn15. Како да испечатите своја маичкаrn16. Како да направите совршено црвени усниrn17. Како да направите пастаrn18. Како да го издресирате вашето куче да седиrn19. Како да станете диџејrn20. Како да се нашминкате доколку имате мали очиrn21. Како да заштедитеrn22. Како да ја подобрите меморијатаrn23. Како да направите коса во локниrn24. Како да исполирате чевлиrn25. Како да направите вегетеријанско сушиrn26. Како да снимате подобри видеа со веб-камераrn27. Како да породите жена во итен случајrn28. Како да ослабетеrn29. Како да направите оригамиrn30. Како да ја трансформирате досадната училишна униформаrn——————————————————————————————————————————————————————–rnДали вие сте научиле нешто со помош на Јутјуб? Споделете го вашиот омилен туторијал преку коментар.rn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    Марк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.rnrnТој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Сум поминал низ некои тешки работи во животот. Некои од нив всушност се случија.“

    rnВо животот премногу размислуваме за работи кои никогаш нема да се случат. Се грижиме и се плашиме за работи кои не се имаат случено и веројатно никогаш нема да се случат.rnrnНашите умови не се под наша контрола. Нашите глави се полни со негативни мисли кои немаат реална основа, дури и кога мислиме дека имаат.rnrnВозможно е да се елиминираат лошите мисли, преку методите како EFT (систем на лекување кој го намалува нивото на стрес, кој пак е основа за многу болести) и The Work (идентификување и испитување на мислите кои причинуваат страв, насилство, депресија, фрустрација и страдање). Не е лесно, но обидувањето вреди.rn

    „За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“

    rnСите сакаме да се чувствуваме сигурно. Но, најдобрите животни искуства се случуваат кога не мислиме на сигурноста и поаѓаме напред кон она што вистински го сакаме, без разлика дали притоа се чувствуваме сигурни или не.rnrnЧесто се бориме со ова животно правило. Се самоспречуваме да направиме некои работи зашто не сме сигурни како ќе излезат на крајот. Премногу се грижиме за нашата иднина.rn

    Во реалноста, не знаеме што ќе донесе иднината. Дури и да имате милиони евра во банка, може да ги изгубите за еден ден. Дури ни најздравиот човек на светот, не може да биде потполно сигурен за своето здравје

    rn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу нè навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.“

    rnЗамислете ситуација кога нешто лошо ви се случило. Можеби некој ве навредил или направил нешто со што вие не сте се согласувале. Колку често си го враќате филмот во главата откако сè ќе заврши? Со повторувањето на лошите мисли во главата, си покажуваме на самите себе дека не се почитуваме, што пак, прави да се чувствуваме и однесуваме лошо, кон себеси и кон другите.rn

    „Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата.“

    rnТрагањето по сопствените соништа може да делува како неиздржлива задача, но тоа е бидејќи се обидувате да визуелизирате нешто во главата што не може да се визуелизира.rnrnТвен е во право кога зборува за делење на работите на помали делчиња. Ова помага бидејќи можете да имате слика во главата за тоа како треба да изгледа крајниот резултат. Наместо да размислувате: „Треба да започнам некој онлајн бизнис“, почнете со: „Мора да отворам блог“. Ако сакате да одите по одреден пат, скршете ја сложената слика на делови. Упростете ја.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrn

    „Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте.“

    rnДобар и смешен цитат. Всушност, овие кратки реченици носат порака дека не треба да се донесуваат одлуки во лутина. Луѓето не се однесуваат нормално кога се лути. Им се истураат на другите и уште повеќе ги влошуваат работите во својот живот.rnrnСледниот пат кога ќе се вознемирите, пробајте да изборите до 4 или уште подобро, нека биде до 10. Смирете се и преспијте го донесувањето на одлуката.rn

    „Не велете дека светот ви го должи животот. Не ви должи ништо, тој бил создаден пред вас.“

    rnСте се чувствувале некогаш дека заслужувате нешто, а не сте го добиле тоа? Сигурно да, на сите ни се случува тоа. Оваа мисла не влијае добро. Ве држи заглавени во едно место, наместо да ве ослободи да се движите напред. Што ако сите работи не се случуваат совршено, како што би требало да се случат? Прилагодете се и продолжете да чекорите по животниот пат.rnrnКојзнае… можеби негативниот исход од нешто не бил толку негативен. Често работите се случуваат со причина, па она што ви се чинело негативно, може да има навистина позитивен пресврт.rn

    „Храброста е отпор кон стравот, но надвладување на стравот, а не негово непостоење.

    rnУспешните луѓе не се бестрашни. Никој не е. Лесно е да верувате дека ако се ослободите од вашите стравови, сè ќе биде во ред, но тоа е само изговор за да не започнете со нешто ново. Секогаш ќе чувствувате малку страв кога ќе запливувате во непознатото. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи. Напротив, искористете го како гориво за да ве одржи во движење.rnrn7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат живототrnrnГи прочитавте животните лекции од Алберт Ајнштајн?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

    10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

    Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.rnrnПрочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.rnrn10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајнrn

    „Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“

    rnЛуѓето не се раѓаат талентирани. Љубопитноста е она што постојано не бутка напорно да работиме во некоја насока во животот. Тоа значи дека следењето на љубопитноста е тајната на човековиот успех.rn

    „Не е дека јас сум толку паметен, туку подолго се задржувам на проблемите.“

    rnСо упорност желката успеала да го победи зајакот. Дали сте доволно трпеливи и истрајни по патот кој ќе ве одведе до посакуваната дестинација? Се вели дека целата вредност на поштенската марка се состои во нејзината способност да остане залепена на нешто, додека тоа нешто не пристигне на вистинското место. Бидете како поштенската марка, завршете го патувањето кое сте го започнале.rn

    „Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“

    rnСекој кој пробал да седи на две столчиња, завршил на подот. Секој може да постигне многу, но не сè. Научете да бидете присутни онаму каде што сте во моментот. Дадете сè од себе за да го направите како што треба, она што во моментот ве окупира. Фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува вашиот успех или неуспех.rnrn10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајнrn

    „Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“

    rnДали секојдневно ја користите вашата имагинација? Ајнштајн рекол дека таа е многу побитна од знаењето. Вашата имагинација е генералната проба на настаните кои ќе ви се случат во иднина. Ајнштајн сакал да каже дека вистинската мерка за интелигенцијата не е знаењето, туку степенот на имагинација што го има една личност и треба постојано да работите на нејзино разработување.rn

    „Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“

    rnАко вашето срце ви вели дека треба некако да постапите, тогаш немате причина зошто да стравувате дека тоа ќе биде погрешен чекор. Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот.rn

    „Јас никогаш не размислувам за иднината – таа пристига доволно брзо.“

    rnЕдинствениот начин правилно да ја адресирате вашата иднина, е да бидете што е можно поприсутни во сегашноста. Не можете во моментов да го промените минатото ниту иднината, па затоа е од голема важност целосно да се посветите на она што се случува сега. Сегашноста е единственото време кое е важно и единственото време кое е реално.rnrn10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајнrn

    „Не стремете се кон успех, туку кон вредност.“

    rnНе трошете си го времето обидувајќи се да станете успешни. Трудете се да создадете вредност. Ако доволно вредите, ќе го привлечете успехот кон вас. Откријте ги талентите и дарбите кои ги поседувате и искористете ги на начин, кој ќе им биде од голема корист на другите луѓе. Ако сте доволно вредни, успехот сам ќе ве пронајде.rn

    „Лудило: постојано повторување на истиот обид и очекување различни резултати.“

    rnНе можете постојано да правите една иста работа и да очекувате таа да роди различен резултат. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, морате и себеси да се промените, односно да го промените начинот на кој размислувате и постапувате.rnrn10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајнrn

    „Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаење е искуството.“

    rnЗнаењето произлегува од искуството. Можете да умеете да дискутирате на некоја тема, зашто имате познавање за истата, но таа дискусија ќе ви овозможи само филозофски да ја сфатите проблематиката, а за вистински да знаете за што говорите, морате да зборите од искуството. Која е лекцијата која Ајнштајн сакал да ја пренесе? Стекнете искуство! Не трошете го залудно вашето време затскривајќи се зад разни шпекулации. Излезете и направете го тоа што сакате да го направите и ќе се стекнете со бесценето знаење.rn

    „Прво морате да ги научите правилата на играта. Потоа треба да играте подобро од сите.“

    rnПостојат две нешта кои треба да ги направите за да бидете успешни и задоволни од себе. Прво, научете ги правилата на играта која ја играте. Не звучи како многу возбудлива работа, но е витална за вашиот успех. Второ, морате да се посветите на играта подобро од сите други. Ако ги направите овие две работи, успехот е ваш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.