Зад филмските костими се кријат неверојатни приказни. На пример, фустанот на Скарлет О’Хара од филмот „Однесено со виорот“ е продаден за 137.000 долари, а костимографот го купил на распродажба на костими за 20 долари. Денес ќе прошетаме низ нашите омилени филмови и ќе погледнеме кои се најскапите фустани кои ги носеле познатите холивудски дами на филмското платно.rnrnrnrnВо 2011 година на аукција се појавија многу холивудски реквизити и костими. Славниот фустан на Мерлин Монро од филмот „The Seven Year Itch“ е продаден за 4,6 милиони долари.rnrnrnrnФустанот на Одри Хепберн од филмот „My fair lady“ исто така е продаден во 2011 година за 3,7 милиони долари.rnrnrnrnЏули Ендрјус не носела баш така луксузен фустан во филмот „The sound of music“. Токму тој фустан е продаден во 2013 година за 1,56 милиони долари.rnrnrnrnИако на почетокот на аукцијата процената била дека ќе биде продаден за стотина илјади долари, фустанот кој го носеше Мерлин Монро во филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ достигна цена од 1,2 милиони.rnrnrnrnНајпознатиот филмски, мал црн фустан кој го дизајнирал Живанши за Одри Хепберн, аукциската куќа го продала за 900.000 долари во 2006 година. Живанши овој фустан го подари во добротворни цели, односно парите од продажбата се искористени за загрозените.rnrnrnrnСино-белото фустанче кое го носеше Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“ е продадено во 2012 година за 480.000 долари.rnrnrnrnПреубавиот фустан од филмот „Титаник“, кој го носеше Кејт Винслете продаден за 330.000 долари во 2012 година.rnrn
„Кум“ е задолжителна филмска литература, на која не е на одмет уште еднаш да се потсетиме. Овој пат преку неколку од најдобрите реплики во филмот…rnrnrn
Дон Вито Корлеоне:„Ќе му дадам понуда, која нема да може да ја одбие.“
rn
Дон Вито Корлеоне:„Човек кој не минува време со семејството, никогаш нема да биде вистински човек.“
rn
Том Хеген на неговата сопруга:„Ниту еден Сицилијанец не може да одбие какво било барање на денот на свадбата на неговата ќерка.“
rn
Клeменца:„Остави го пиштолот, земи ги канолите.“
rn
Солоцо:„Не го сакам насилството, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е скапа работа.“
rn
Мајкл Корелеоне:„Татко ми не е поразличен од кој било друг моќен човек, тој е како секој што носи одговорност за други луѓе, како сенатор или претседател.“rnКеј:„Знаеш ли колку наивно звучиш… сенаторите и претседателите не убиваат луѓе.“rnМајкл Корелеоне: „О, кој е сега наивен, Кеј?“
rn
Том Хеген :„Г-динот Корлеоне е човек кој инсистира веднаш да ја слушне лошата вест.“
rn
Дон Вито Корлеоне:„Сакам да видиш што тој има под ноктите.“
rn
Дон Вито Корлеоне:„Имам сентиментална слабост кон моите деца, ги размазив, како што може да се види. Зборуваат кога треба да слушаат.“
rn
Дон Вито Корлеоне:„Ако ми се обратеше мене, како на пријател, тогаш ова ѓубре што ја повреди твојата ќерка, многу ќе страдаше овој ден.“
rn
Кало:„Во Сицилија, жените се поопасни и од пушка.“
rn
Дон Вито Корлеоне:„Зборуваш за одмазда. Дали одмазда ќе ти го врати синот назад или мене моето момче?“
rn
Мајкл Корлеоне на Карло:„Само немој да ми кажеш дека си невин, бидејќи со тоа ќе ја навредиш мојата интелигенција и многу ќе ме налутиш.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Многу работи ме научи татко ми овде, во оваа соба. Ме научи дека треба да ги чувате вашите пријатели во близина, но вашите непријатели уште поблиску.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Јас не чувствувам потреба да ги избришам сите, Том. Само моите непријатели.“
rn
Сантино:„Зошто ти е колеџ? За да станеш глупав? Па ти си навистина глупав!“
rn
Хајман Рот:„Не му верувам на лекар, кој едвај зборува англиски.“
rn
Хајман Рот:„Ќе одам да дремнам. Кога ќе се разбудам, ако парите се на маса, ќе знам дека имам партнер. Ако не се, ќе знам дека немам.“
rn
Вито Корлеоне:„Направи го ова за мене. Никогаш нема да ти го заборавам. Прашај ги пријателите во соседството за мене. Ќе ти кажат дека знам како да возвратам услуга.“
rn
Винсент Мансини:„Дон Лукези, вие сте човек на финансиите и политиката. Овие работи не ги разбирам.“ rnДон Лукези: „Се разбирате од пиштоли?“ rnВинсент Мансини: „Да.“rnДон Лукези: „Финансиите се пиштолот, а политиката знае кога да го повлече чкрапалото.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Никогаш не мразете ги вашите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување.“
rn
Мајкл Корлеоне: „Никогаш не дозволувајте некој да знае за што размислувате.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Подобро е да биде внимателен. Опасно е да се биде чесен човек.“
rn
Дон Алтобело:„Најбогат човек е оној со најмоќни пријатели.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Чувствувам… станувам поумен.“ rnКеј Корлеоне:„Колку пoвеќе се разболуваш, толку си поумен, така?“ rnМајкл Корлеоне:„Значи, кога ќе умрам, ќе бидам ептен умен.“
rn
Дон Алтобело:„Ја изгубив страста кон жените, сега умот ми е чист.“
rn
Мајкл Корлеоне:„Пријателите и парите се како масло и вода.“
Локациите од филмовите ни стојат „врежани“ во нашиот мозок исто толку цврсто како и некои легендарни филмски цитати. Додека некои целосно ја вметнаа познатата изрека „Ќе направам понуда која нема да може да ја одбие“ од Дон Вито во својот секојдневен говор, останатите мечтаат за неверојатните пејзажи кои се кријат во некои од најпознатите филмски сцени досега. Погледнете ги наредните неколку фотографии од тие сцени, како и од локациите на кои биле снимени. Го пронајдовте ли вашето омилено место од филмовите?rnrn
И покрај тоа што на секоја Олимпијада се појавуваат нови ѕвезди, сепак постојат легенди кои оставиле белег во историјата на Олимписките игри. Од почетокот на 20-от век па сè до денес, ова се најпознатите олимписки победници.rn
Џим Торп
rnОсвоени медали: 15 медали на Олимписките игри во 1912 година кои подоцна му биле одземени затоа што бил професионален бејзбол играч од што заработувал. Во 1983 година му биле вратени само златните медали во универзалните атлетски дисциплини.rnrnОлимписки дисциплини: петобој и десетобојrnrnrn
Паво Нурми
rnОсвоени медали: вкупно 9 златни и 3 сребрени медали на Олимписките игри во 1920, 1924 и 1928 година. Дури 5 златни медали Нурми освоил само на Олимпијадата во Париз во 1924 година.rnrnОлимписки дисциплини: трки на 8.000 метри крос кантри, 8.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, трки на 5.000 метри и 10.000 метри; 5.000 метри крос кантри и 5.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, како и трка на 3.000 метри со пречкиrnrnrn
Џони Вајсмилер
rnОсвоени медали: 5 златни медали и 1 бронзен на Олимписките игри во 1924 и 1928 годинаrnrnОлимписки дисциплини: пливање во слободен стил и ватерполоrnrnrn
Џеси Овенс
rnОсвоени медали: 4 златни медали, по еден во секоја дисциплина во која се натпреварувал на Олимписките игри во 1936 година во нацистичка Германија.rnrnОлимписки дисциплини: трка на 100 метри, на 200 метри, штафетна трка 4 пати по 100 метри и скок во далечинаrnrnrn
Емил Затопек – Чешката локомотива
rnОсвоени медали: по 1 златен и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1948 година и 3 златни медали во 1952 година, во дисциплини во кои никогаш претходно не се натпреварувал, меѓу кои бил и маратонот.rnrnОлимписки дисциплини: трки на 5.000 и на 10.000 метри и маратонrnrnrn
Касиус Клеј (Мохамед Али)
rnОсвоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1960 годинаrnrnОлимписки дисциплини: бокс, тешка категоријаrnrnrn
Вилма Рудолф
rnОсвоени медали: 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1956 година и 3 златни медали на Олимписките игри во 1960 година, при што Рудолф постави нови светски рекорди.rnrnОлимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метриrnrnrn
Лариса Латинина
rnОсвоени медали: рекордни 18 медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) односно, по шест медали за време на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1956, 1960 и 1964 година.rnrnОлимписки дисциплини: прескок, греда, двовисински разбој и партерrnrnrn
Боб Бимон
rnОсвоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1968 година, при што постигнал светски рекорд во скок во далечина кој го држел цели 23 години, сè до 1991 година.rnrnОлимписки дисциплини: скок во далечинаrnrnrn
Марк Шпиц
rnОсвоени медали: 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1968 година и 7 златни медали на Олимписките игри во 1972 година, така што секој од седумте златни медали претставува нов рекорд во дисциплината во која се натпреварувал.rnrnОлимписки дисциплини: 100 метри делфин, 100 метри слободен стил, 200 метри делфин, 200 метри слободен стил, штафета 4 пати по 100 метри слободен стил, штафета 4 пати по 200 метри слободен стил и штафета 4 пати по 100 метри мешаноrnrnrn
Надја Команечи
rnОсвоени медали: 3 златни медали, по 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1972 година и 2 златни и 2 сребрени медали на Олимписките игри во 1980 годинаrnrnОлимписки дисциплини: поединечен и тимски повеќебој, греда, партер и двовисински разбојrnrnrn
Теофило Стивенсон
rnОсвоени медали: вкупно 3 златни медали во иста категорија, односно, по еден на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1972, 1976 и 1980 годинаrnrnОлимписки дисциплини: бокс, тешка категоријаrnrnrn
Карл Луис
rnОсвоени медали: 4 златни медали на Олимписките игри во 1984 година, 3 златни и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1988 година, 2 златни медали во 1992 и еден златен медал во 1996 годинаrnrnОлимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и скок во далечинаrnrnrn
Грег Лауганис
rnОсвоени медали: сребрен медал на Олимписките игри во 1976 година, 2 златни медали на Олимписките игри во 1984 и уште 2 на Олимписките игри во 1988 годинаrnrnОлимписки дисциплини: скок од 10-метарска платформаrnrnrn
Тимот од соништата (Дрим Тим)
rnОсвоени медали: Професионалните НБА играчи, меѓу кои беа Меџик Џонсон, Скоти Пипен, Лери Брд, Мајкл Џордан и Карл Мелоун, освоија златен медал на Олимписките игри во 1992 година.rnrnОлимписки дисциплини: кошаркаrnrnrn
Стивен Редгрејв
rnОсвоени медали: вкупно 5 златни и 1 бронзен медал за време на Олимписките игри во 1984, 1988, 1992, 1996 и 2000 годинаrnrnОлимписки дисциплини: веслањеrnrnrn
Мајкл Фелпс
rnОсвоени медали: вкупно 16 медали од кои 6 златни и 2 бронзени медали на Олимписките игри во 2004 година и 8 златни медали на Олимписките игри во 2008 годинаrnrnОлимписки дисциплини: 100 и 200 метри делфин, 200 метри слободно, 200 и 400 метри мешано, 4 пати по 100 метри мешано, 4 пати по 100 метри слободно и 4 пати по 200 метри слободноrnrnrn
Усеин Болт
rnОсвоени медали: 3 златни медали на Олимписките игри во 2008 година, при што постави нови светски и олимписки рекорди на трките на 100 и 200 метри.rnrnОлимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метриrnrnrnrn rnrn
Американската актерка и комичарка, Џоан Риверс, неодамна ја издаде книгата „Ги мразам сите… Почнувајќи од мене“, во која ги исмејува елитата и шоу-бизнисот. Нејзиниот пример го следеа и нејзините колешки кои имаат повеќе од 60 години и се доволно искусни да ги споделат своите „мудрости“.rnrn
„Јас не вежбам. Ако Бог сакаше да се превиткувам, ќе расфрлаше дијаманти по подот.“ – Џоан Риверс, американска актерка и комичарка
rn
„Козметиката е благодет за секоја жена, но нејзин најдобар пријател сè уште е кратковидиот маж.“ – Јоко Оно, јапонски уметник и активистка за мир
rn
„Спијте осум часа за да бидете убави. Ако сте грди, спијте по девет часа.“ – Бети Вајт, американска актерка и пејачка
rnrn rn
„Длабокиот здив е од голема помош за плитката забава.“ – Барбара Волтерс, американска новинарка
rnrn
„Мажот треба да биде како тоалет-хартија: нежен, јак и за еднократна употреба.“ – Шер, американска пејачка, актерка и режисерка
rnrn
„Најдобар начин да го натераш мажот да направи нешто е да му кажеш дека е престар за тоа.“ – Ширли Меклејн, американска актерка, пејачка и активистка
rnrn rn
„За да не бидеш разгален(а), пеглај си ја облеката сам(а).“ – Мерил Стрип, американска актерка
rnrn
„Стани еден час порано, а легни си еден час подоцна.“ – Руби Ди, американска актерка, поетеса, новинарка и активистка
rnrn
„Не легнувајте си налутени. Останете будни и расправајте се.“ – Филис Дилер, американска актерка
rnrn rn
„Ако сакате брзо олеснување, пробајте да забавите малку.“ – Лили Томлин, американска актерка, писателка и продуцентка
rnrn
„Секогаш е така како што велам јас; можеби изгледам како да сум вештачка, но сосема сум природна таму каде што е важно.“ – Доли Партон, американска пејачка и актерка
rnrn
„Сексапилноста е составена 50% од она што го поседуваш и 50% од она што другите мислат дека го поседуваш.“ – Софија Лорен, италијанска актерка
rnrn
„Мачо-типовите обично не покажуваат многу.“ – За За Габор, унгарско-американска актерка
Во далечната 1952 година Алфа Ромео го „исфрлила“ моделот Ц 52, којшто пленел со својот уникатен вселенски дизајн, заработувајќи го прекарот „летечка чинија“. Годинава, по повод неговиот шеесетти роденден, Алфа Ромео решија да направат современа верзија на легендарниот двосед, наречен Alfa Romeo Disco Volante.Несекојдневниот изглед е дело на италијанските каросеристи „Туринг Суперлегера“, кои покрај вселенскиот изглед на Disco Volante, како инспирација го користеле и моделот Alfa Romeo 8C Competizzione. Автомобилот е опремен со В8 мотор чии 450 коњски сили обезбедуваат максимална брзина од 300 км/ч и забрзување од 100км/ч за импресивни 4,2 секунди. Сега за сега овој модел е само концепт, но може наскоро да се очекува и неговото пуштање во продажба.rnrn
„Prince of Persia“ е дводимензионална видео игра која за прв пат се појави на 3 октомври 1989 година. Иако до сега излегоа далеку понапредни продолженија, сепак првото издание е вистинска класика. Како херој во играта треба да избегнувате смртоносни стапици, да мечувате со стражарите и да одгатнувате некои едноставни препреки.rnИмате неограничен број на животи и доколку ја загубите енергијата, нивото го започнувате одново. Имате точно еден час за да ги поминете сите нивоа и да ја спасите принцезата од злобниот везир Џафар.rn.
rnrn
rn011
rn
Prehistorik 2
rn
rn
rn
„Prehistorik 2“ се појави во 1993 година. На оваа игра и претходеше „Prehistorik“ која беше доста интересна, но сепак второто продолжение доживеа многу поголем успех. Ликот кој ќе го управувате треба да се справи со дивите животни, притоа собирајќи храна, дијаманти и други предмети.rnНа крајот од секое ниво имате еден главен негативец, кој морате да го победите за да преминете на следното. Хумористична и многу забавна игра која морате да ја пробате.rn.
rnrn
rn011
rn
Mortal Kombat
rn
rn
rn
„Mortal Kombat“ е легендарна игра која за прв пат се појави на 8 октомври 1992 година. Тој што ја играл оваа игра тешко ќе ги заборави 10-те ликови, меѓу кои најпрепознатливи се Scorpion, Sub-Zero и Goro.rnВо игра еден на еден, целта е да го победите противникот во две рунди. Секој од ликовите има посебно движење (Fatality) односно движење со кое треба да го докрајчи противникот во крвавата борба. „Mortal Kombat“ го промени светот на боречките видео игри засекогаш.rn