КАФЕ ПАУЗА

Tag: лајк

  • Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

    Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“

    Фејсбук корисниците ширум светот веќе со години посакуваат една единствена работа што Марк Закерберг упорно одбиваше да им ја даде: Опција „дислајк“, односно „не ми се допаѓа“. Дискутабилно е дали воведувањето на оваа опција е добро или лошо и сигурно постојат поделени мислења на оваа тема.rnrnОдлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“rnrnНекои веројатно сметаат дека постоењето на ваквата опција е непотребно, бидејќи луѓето на кои не им се допаѓаат вашите објави не мора воопшто да ги лајкуваат, па не мора тоа отворено да го покажуваат со „дислајк“. Оваа опција би можела да се одрази негативно на нечија самодоверба.rnrnОд друга страна, пак, нормално е некои луѓе да не се согласуваат со вашето мислење или да не им се допаѓаат вашите објави. Опцијата „дислајк“ би можела да ја намали нарцисоидноста кај луѓето како и да ја искорени нивната навика да објавуваат сѐ и сешто на Фејсбук.rnrnОдлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“rnrnОчигледно е дека некој од Фејсбук го дели второто мислење. Тоа значи дека сите хејтери можат да престанат да се жалат, бидејќи конечно ќе ја добијат одамна посакуваната опција „не ми се допаѓа“. Најголемиот гигант на социјалните мрежи ќе додаде и нови „реакции“ во Фејсбук Месинџер, односно следние емотикони: „heart-eyes“ (очи срциња), „lol“ (гласно смеење), „wow“ (воодушевување), „sad“ (тага), „angry“ (лутина), „thumbs-up“ (палец нагоре) и „thumbs-down“ (палец надолу). За сите оние кои сонувале дека еден ден ќе можат да реагираат на нечие мислење со „не ми се допаѓа“, несомнено е дека опцијата „дислајк“ ќе стане нивниот најдобар пријател.rnrnОдлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“rnrnСигурно се прашувате дали тоа значи дека ќе можете да ги „дислајкувате“ објавите што излегуваат на вашата почетна страна на Фејсбук. Одговорот е не. Целта на овој емотикон на Фејсбук Месинџер е да го изразите вашето несогласување или да дадете негативен одговор, а не да кажете дека не ви се допаѓа нечие мислење.rn

    „Според Фејсбук, целта на оваа опција е да кажете „не“, а не „не ми се допаѓа“. Луѓето честопати го користат Месинџерот за планирање и координација, па Фејсбук сака да направи експеримент и да види дали оваа реакција ќе им помогне да се организираат на побрз и поедноставен начин. Токму затоа станува збор за „не“ опција, иако луѓето природно ќе ја доживеат како „не ми се допаѓа“ опција“, објаснил Џош Констин од TechCrunch.

    rn(4) Одлични вести за сите хејтери: Фејсбук конечно ќе ја воведе опцијата „дислајк“rnrnОваа опција моментално се тестира на одбрана група Фејсбук корисници. Ако тестирањето покаже дека е корисна, Фејсбук ќе ја спроведе оваа и кај останатите корисници.rn

    „Ние секогаш се обидуваме да најдеме начин да го направиме искуството на Месинџер позабавно и покорисно. Ова е мал тест со кој ќе им овозможиме на луѓето преку порака да го споделат оној емотикон што најмногу ги отсликува нивните чувства“, откриле вработените во Фејсбук.

    rnМора да признаеме дека ова не е баш тоа што го очекувавме, но барем сме еден чекор поблиску до добивањето на опцијата „дислајк“.rnrnВо продолжение прочитајте го и овој интересен текст за да дознаете зошто еден лајк вреди илјада зборови.

  • Какво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?

    Какво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?

    Колку лајкови собираат вашите објави на Фејсбук? Сигурно сте забележале дека на некои објави имате повеќе од 100, а некои добиваат одвај по 1 лајк. Дали сте се запрашале зошто е тоа така? По извршената кратка анализа следуваат следниве статистички податоци кои ја откриваат вистината зад бројот на лајковите на секоја објава.rnrnКакво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?rnrn0 лајкови – Немате пријатели.rnrn1 лајк – Многу си ги сакате вашите објави.rnrn2 лајкови – Вие и мајка ви ги сакате вашите објави.rnrn2 до 5 лајкови – Се обидувате да изгледате паметно со тоа што објавувате вести и коментирате нешто од типот: „Ова го има само кај нас…“ или „Мојата чудесна земја Македонија“.rnrn5 до 10 лајкови – Објавувате некој смешен статус.rnrn10 до 15 лајкови – Објавувате смешна реченица украдена од некој комичар.rnrn15 до 20 лајкови – Објавувате нејасно спиритуално размислување кое покажува колку сте во допир со себеси.rnrn20 до 25 лајкови – Објавувате политички потковано мислење.rnrn25 до 50 лајкови – Објавувате селфи.rnrnКакво значење има бројот на лајкови на вашите Фејсбук објави?rnrn50 до 75 лајкови – Објавувате селфи со убава позадина во природа.rnrn100 до 200 лајкови – Објавувате селфи во сала за вежбање.rnrn200 до 300 лајкови – Сте посвоиле куче.rnrn300 до 350 лајкови – Кучето умрело.rnrn350 до 400 лајкови – Сте добиле свршенички прстен и сте кажале „Да“.rnrn400 до 450 лајкови – Сте дипломирале.rnrn500 до 1.000 лајкови – Вие сте професорка во средно училиште.rnrnНад 1.000 лајкови – Вие сте најпопуларната средношколка со извадок од некоја популарна песна во описот на сликата.rnrnНад 10.000 лајкови – Разголените фотографии се секогаш добредојдени.

  • Еден лајк – илјада зборови

    Еден лајк – илјада зборови

    Фејсбук… Толку жалби имам, од љубов спрема него не можам да ги кажам. Станува збор за врска на љубов и омраза. Фејсбук можеше да биде најдобро нешто што ни се случило, да знаевме да го користиме како што треба. Навистина е доста корисен кога треба да се информираме за културни настани, отворања, актуелни случувања, кога треба да најдеме прашања за испит, да дознаеме дали предавањето е откажано во последен момент, да организираме собир со поголема група луѓе… Со неколку зборови ни помага да бидеме во тек со сè што се случува.rnrnЕ сега, човек како човек, пусти слабости и искушенија, не често туку секојдневно ја злоупотребува транспарентноста на оваа социјална мрежа. Па, како последица Фејсбук е пред сè причината за караници на голем број парови („Која е оваа што ти лајкнала?“, „Како смее овој да ти коментира?“, „Што има сега па бившиот да ти пишува?“, „Избриши го од тој од френдс!“ и слично…), што евентуално може да доведе до крај на врската.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnПотоа, Фејсбук е причината за многу недоразбирања, особено кога станува збор за групно договарање, па некој се налутил и на крај ништо не се решило. А да не почнам да зборувам за манијаците што рандом додаваат за пријател и пишуваат на кој ќе стигнат (иако постои опција за да се одбрани човек од овој напад, сепак не е во ред…). Па, илјадниците исфрустрирани млади (сега веќе и постари) луѓе кои лечат комплекси преку „филозофски“ статуси, зајадливи коментари на туѓи статуси, разголени фотографии итн итн…rnrnИ полека доаѓаме до тој кобен ЛАЈК. Лајкот на прв поглед изгледа како најбезопасното нешто што го нуди Фејсбук. Но, тоа е далеку од вистината, бидејќи со еден лајк можат да се кажат многу работи. Лајкот е дури и посериозна работа од новите тотално непотребни реакции. Еден лајк може да значи многу работи, па според тоа постојат повеќе видови лајкови. Да погледнеме кои се најзастапените…rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Искрен лајк

    rnОвој лајк е прилично ретка појава и обично се однесува на слики со некои животинчиња, дечиња, трогателни или смешни статуси, во принцип понеутрални работи. Овој лајк ја исполнува својата првобитна намена: Тој значи дека некому нешто навистина му се допаѓа.rn

    Пријателски лајк

    rnОвој лајк има две поткатегории: Размена на лајкови помеѓу најдобри пријатели и размена на лајкови помеѓу познајници. Разликата е во тоа што најдобрите пријатели мора да си ставаат лајк едни на други, без оглед на сè! Тоа е знак на поддршка, особено во случај на дефицит на лајкови! Овој лајк обично е придружен и од коментари од типот „Лепотица моја!“, „Кажи кој те сликаше?“, „Си газиш тебра“ и секако стикери. Во случај најдобриот пријател да забушава и да не става лајк, тоа веднаш се средува, по брза постапка со порака на чет: „Стај ми лајк на профилната, бе!“rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајковите помеѓу познајниците пред сè служат за да се искаже меѓусебна почит. Овие лица обично не се многу блиски, можеби и никогаш не направиле муабет, но ете се знаат така од социјалните мрежи и си ставаат лајк на сè и сешто. Овој однос е двонасочен, така што ако едната страна од некоја причина престане да ја „почитува“ другата страна, размената на лајкови ќе престане.rn

    Флертувачки лајк

    rnОва е многу чест облик на виртуелен флерт кој се одвива помеѓу симпатии кои може, но и не мора да се знаат во живо. Во оваа фаза од флертот, најверојатно ни еден од нив сè уште не се осмелил да пише, но по одреден број постојани лајкови, обично машката страна го крши мразот. Тие не си лајкнуваат што било, бидејќи не чини да се претера, ама неколку пати неделно на овој начин симпатиите си кажуваат дека се заинтересирани еден за друг.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Манијачки лајк

    rnМанијачкиот лајк може многу лесно да се помеша со флертувачкиот лајк. И тука станува збор за флертување , само што тоа во овој случај најчесто е еднострано, односно не доаѓа до размена на лајкови. Ова е буквално лајкување без усул! Најдобро можете да го препознаете по тоа ако добиете лајк на некоја слика од пред сто години, уште кога сте носеле протеза. Тоа значи дека лицето што лајкува поштено ви го има изманијачено профилот, внимателно прегледувајќи ја секоја ваша фотографија и не се срами тоа јавно да го признае! Па добро, на тој што признава пола му се простува, нели?rn

    Ироничен лајк

    rnОва е еден од најопасните лајкови што постојат. Тој може да значи сè освен „ми се допаѓа“. И обично прилично е јасно дека станува збор за ироничен лајк, бидејќи лицата кои си го разменуваат не се сакаат баш и тоа многу добро го знаат и двете засегнати страни. Да ги разгледаме најчестите поткатегории на овој озлогласен лајк…rnrnЛајк од девојката која ви е конкуренција: Не, не, не, таа не ви се воодушевува! Таа ви љубомори. Без разлика дали сте ѝ ја украле симпатијата, сте имале конфликт некогаш во минатото или луѓето често ве споредуваат по успех и убавина, таа ве доживува како конкуренција и со нејзиниот лајк сака да ви порача дека не можете да бидете подобри од неа. Ова не важи баш за машкиот пол, бидејќи тие не се заморуваат толку со овие работи.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајк од поранешната девојка на вашето сегашно момче: Ова е многу интересен лајк кој доаѓа сосема ненадејно и неочекувано. Првата реакција е подотворена уста и ококорени очи. Потоа ги затворате очите, па пак погледнувате за да се уверите дека видот не ве мами. Потоа следува громогласно смеење, пола од паника, пола од што е навистина смешно. И на крајот потонувате во размислување и разглабање за да ја откриете целта на овој необичен лајк. Не, овој лајк не е нејзин благослов за вашата врска со нејзината поранешна љубов. Овој лајк има за цел да ве потсети дека таа сè уште е тука и не планира да ве остави на мира уште некое време, додека не си најде попаметна работа. А можете да бидете и сигурни дека таа е редовен посетител на вашиот Фејсбук профил. Лајкот е обично поттикнат од нешто (читај: од некој кој ја мотивирал за оваа акција), така што не ја префрлајте целата вина на неа. Сличен е на оној од девојката која ви е конкуренција, само што тука не постои реална конкуренција, бидејќи тој е со вас, а не со неа. Истото се однесува и за лајкот од поранешното момче на вашата сегашна девојка.rn

    Екс фактор лајк

    rnИли размена на лајкови помеѓу две лица кои порано биле во врска. Овој лајк може да значи неколку работи:rnrn1. „Тотално сум кул кога станува збор за нас двајца, ти посакувам сè најдобро и мило ми е што те гледам вака среќен/на.“rnrn2. „Хмм… Толку многу ме прогонуваше, што те снема одеднаш? Ме заборави? Сега ќе те потсетам на мене со еден голем лајк (или повеќе). “rnrn3. „Уште имам чувства за тебе, сакам да ми пишеш, да ми се јавиш и да разговараме… Сè уште те немам преболено и сакам да пробаме пак.“rnrn4. „Не те сакам веќе, ама некако се чувствувам осамено во последно време и плус досадно ми е и си реков дека можеби и ти немаш што да правиш, па би сакал/а да подругаруваме малку во име на старите добри времиња.“rn

    Пишман лајк

    rnОва е кога некој ќе ви стави лајк, па ќе го тргне. Ако лајкот е тргнат веднаш откако е ставен, веројатно станува збор за грешка и тоа е сосема во ред. Ако е тргнат после неколку дена, тоа значи дека во моментот кога бил ставен лајкувачот не бил баш при себе и по некое време сфатил колку лош потег било тоа, па се премислил и помислил дека е подобро ако го тргне. Тоа е всушност уште полоша одлука, бидејќи зборува за тоа колку неодлучна и непринципиелна личност е тој/таа. Доколку лајкот е тргнат по навистина подолг период (неколку месеци/година на пример), запрашајте се зошто воопшто сте забележале дека го нема.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnСекако дека постојат и луѓе кои едноставно не му придаваат никакво значење на лајкот и лајкуваат сè што ќе стигнат без некоја особена причина. Секоја чест за нив, но со оглед на тоа што тие се малцинство мора да го имаат предвид фактот дека нивниот ноншалантен лајк може да има големо влијание врз некое лице кое ќе му даде на значење и ќе се впушти во негова длабока анализа.rnrnНаравоучение: Внимавајте што и кому лајкувате бидејќи може да бидете сфатени погрешно и непотребно да си го искомплицирате животот. Не заборавајте дека за некои луѓе еден лајк вреди илјада зборови.

  • Собирајте што повеќе срценца: Водич за повеќе лајкови на Инстаграм!

    Собирајте што повеќе срценца: Водич за повеќе лајкови на Инстаграм!

    За сите оние коишто се активни на моментално најпопуларната социјална мрежа, Инстаграм, големиот број срценца претставува вистински предизвик. За тоа да се спроведе на дело, мора да се почитуваат одредени правила кои ги препорачуваат експертите за оваа социјална мрежа, а кои денес ние ви ги откриваме вам.rnrn1-sobirajte-shto-povekje-srcenca-vodich-za-shto-povekje-lajkovi-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    1. Да, срценцата се поважни од коментарите

    rnИако и срценцата и коментарите на Инстаграм имаат своја важност, сепак срценцата се малку поважни од коментарите. Коментарите можат да бидат кул, но срценцата се оние кои ви носат поголема популарност на оваа социјална мрежа, па затоа подобро е да имате, на пример 1.000 срценца и „само“ 22 коментари.rn

    2. Содржината е клучот

    rnДоколку сакате да имате повеќе срценца на Инстаграм, содржината е клучот за вашиот успех. Едноставно, ако фотографијата не е добра, на никого нема да му биде грижа ниту пак ќе имате доволен број срценца. Затоа е многу важно да обрнете внимание на тоа што се наоѓа на вашата фотографија, на нејзиниот квалитет, но и на хаштаговите кои ќе ја направат пребарувана. Со други зборови, вашата фотографија треба да биде светла, кул и естетски потполно прифатлива.rn

    3. Пронајдете инспирација на вистинското место

    rnМногу е важно вашата инспирација да биде адекватна, па затоа немојте да ја барате само во светот на модата, туку побарајте ја и во другите области како што се музиката, уличната уметност, културата… Тоа важи и за фотографиите кои самите ќе ги фотографирате, но и за оние кои сте ги пронашле на други сајтови.rnrn2-sobirajte-shto-povekje-srcenca-vodich-za-shto-povekje-lajkovi-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не го објавувајте она што сите други го објавуваат

    rnДоколку сакате да имате што повеќе срценца на Инстаграм, никогаш не го објавувајте она што другите го објавуваат, бидејќи порано или подоцна луѓето ќе се заситат. Затоа секогаш трудете се она што го објавувате на оваа социјална мрежа да биде едноставно, и ако е возможно, дотогаш невидено.rn

    5. Тагирајте ги брендовите и искористете ја предноста на нивните хаштагови

    rnДоколку фотографирате модни постови, задолжително тагирајте го брендот што го носите и искористете ја предноста на хаштаговите кои овие брендови ги користат во својата кампања. Тоа е најдобар начин да го привлечете вниманието на себе и со самото тоа да привлечете луѓе и да довиете поголем број срценца.

  • 13 типови Фејсбук пријатели, кои сите ние ги имаме

    13 типови Фејсбук пријатели, кои сите ние ги имаме

    Откако стана дел од нашето секојдневие, Фејсбук е местото каде што можеме да најдеме секого или пак да дознаеме сè за некого. Ова се 13 типови Фејсбук пријатели кои, верувале или не, сите ние ги имаме.rnrn13-tipovi-fejsbuk-prijateli-koi-site-nie-gi-imame-kafepauza.mkrn

    1. Пријател фантом

    rnЈа познавате оваа личност уште од раните денови, но последниве години стана тотален фантом. Не можете да заклучите ништо за животот на оваа личност. Ќе видите дека некогаш била негде, па ја променила сликата на профилот, потоа гледате честитки за роденденот од пред пет години и тоа е тоа. Никакви слики, содржини, објави. Ништо.rn

    2. Супер успешна колешка од факултет

    rnОваа личност ја знаете од факултет, и вашиот живот во однос на нејзиниот ви се чини тотално мизерен. Дипломирала на време, профилните слики покажуваат луксузни дестинации кои таа ги посетила, постојано објавува слики од фенси ресторани каде што била, од излети и од забави. Не ви е јасно како на некого животот може да му е толку убав.rn

    3. Пријател кој не знаете кој е, но го имате со години во листата

    rnНе знаете ни кога, ни како, ни зошто сте станале пријател со него. Не знаете кој е воопшто тој. Немате заеднички пријатели, ниту пак интереси. Можеби некако случајно сте станале пријатели…rn

    4. Далечен роднина

    rnНе е важно дали е член од потесна или поширока фамилија. Иако најверојатно е некој далечен роднина или вујко. И само што ќе објавите некој паметен статус со кој сте горди, после неколку секунди доаѓа коментар од него: „Браво! Си израснал/а во супер дечко/девојка, поздрави ги дома.“rn

    5. Кралица на драмата

    rnОвие личности „бомбардираат“ со статуси кои се прилично драматични. Најчесто статусите им започнуваат со „Оној момент кога…“ и на најнезаначајните ситуации им дават преголемо значење. Обично потоа следуваат коментари во кои другите прашуваат што се случило, а исто така имаат и премногу лајкови.rn

    6. Репортер

    rnОваа личност секогаш ве известува за важните и не толку важни настани во нејзиниот живот. Иако не сте се виделе многу години, сепак знаете сè што ѝ се случува во животот.rn

    7. Спамер

    rnОваа личност постојано споделува слики и видеа од некои сајтови што воопшто не сте ни знаеле дека постојат. И тоа го први многу често. Не мора да се спомнува дека за повеќето од нив мислите дека ќе ви откријат некоја голема мудрост, но кога ќе кликнете сфаќате дека е голема глупост.rn

    8. Моќниот пар

    rnТие двајца редовно си стават лајкови меѓусебно, си пишуваат романтични статуси на ѕидовите, објавуваат заеднички слики и даваат извештај за сите свои романтични случувања. Човек би им позавидел ако не е сигурен дека сето тоа е толку лажно.rn

    9. Зависник од Candy Crush

    rnНо не само од таа туку и од Criminal Case, Farmville и сите останати игри на Фејсбук, за кои треба да ги молите пријателите да ви подарат животи, бодови или што уште не.rn

    10. Пријател со чудна Фејсбук страница

    rnОвој пријател има креирано страница на Фејсубк на која ја рекламира својата „работа“ која е чудна. Или едноставно во таа „работа“ не е толку многу талентиран како што мисли дека е. Можеби сакате да ставите му лајк за поддршка, но срам ви е вашите пријатели да видат што сè лајкнувате.rn

    11. Бебе кое го украло профилот

    rnОткако вашата пријателка се породи, имате чувство како да исчезнала од лицето на земјата, бидејќи сè што има на нејзиниот профил се слики од бебе, па потоа уште слики од него. На сликите го има бебето како се смее, па како гледа во празно, па како открива дека може да ги стави нозете на глава.rn

    12. Кавгаџија

    rnОва личност секогаш наоѓа начин да се скара со некој или да му префрли нешто на некого. Што и некој да објави тој го застапува спротивното мислење.rn

    13. Експрес лајкер

    rnОваа личност лајкнува сè што ќе објавите и тоа само неколку секунди или минута подоцна. Имате чувство како да е онлајн 24 часа на ден, и нема шанси нешто да ѝ избега.

  • Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

    Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

    Фејсбук е супер алатка која може да се употреби на многу различни начини, но и да се злоупотреби. Оние кои ја злоупотребуваат во потрага по внимание успеваат на тој начин да ги изнервираат сите блиски и далечни пријатели, освен другите трагачи по внимание кои се држат до нив поради заедничките потреби. Кај секој од нив се забележуваат дел од овие знаци.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnПостојано го ажурираат статусот иако немаат ништо ново да кажат. Не е битно што ќе стават. Тоа може да бидат мудри цитати, површни цитати, љубовни стихови, песни, што било… само да ги има секој ден на почетната страница. Или повеќе пати во денот.rnrnЧесто ја менуваат сликата на профилот. Ако не им текне некој интересен статус, доволно е уште еднаш да се сликаат или да ѝ стават некој ефект на постара профил-слика и веднаш да ја направат достапна за сите. Несигурноста ја покриваат со идентичен израз на лицето на сите слики или евентуално со испакнати усни. Лајковите се неизбежни.rnrnЧесто постираат нејасни статуси. Знаат дека малкумина ќе разберат на што мислат, или можеби никој, но сепак ќе си стокмат статус кој ќе биде видлив за сите пријатели. Тоа дава аура на мистериозност во која можеби ќе уживаат ако добиваат прашања во коментари, но повеќето нема да реагираат затоа што ги нервираат со своето нејасно обраќање кон нив.rnrnСе чекираат каде и да одат. Сеедно дали се со срцките на шопинг или на кафе, гледаат филм дома со девојката, или на некое место од типот на Земјата на чудата, пожелно е другите да го знаат тоа.rnrnСе жалат за личните проблеми. И тоа за оние за надвор од виртуелниот свет, за кои се зборува со најблиските луѓе. Чест метод се нејасните статуси, ем си кажуваат што им лежи на душа, ем можат полесно да добијат изрази на сочуство и симпатија во коментарите.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnСе жалат дека им го „манијачат“ профилот. Со оглед на тоа што секој сам одбира колкав дел од својот живот ќе го направи јавен и им го покажува на огромен број луѓе, тогаш воопшто не може да се зборува за појава на манијачење на Фејсбук. Сепак, тие не пропуштаат да кажат дека тој и тој постојано им виси на профилот, им дели лајкови на секоја објава, слика итн. Тоа ним всушност и не им пречи, со оглед на тоа што можат да се пофалат дека некој им укажува внимание.rnrnНа ѕидот на пријателот го пишуваат она што е за во инбокс. Тоа не е нешто сериозно, но разговорот продолжува во коментарите и завршува со „чекам детали во инбокс“. И сите ќе се прашуваат какви тоа убавини им се случуваат ним.rnrnИмаат над 1.000 пријатели. Голем дел не ги познаваат, други ги виделе само еднаш во животот, но не може жедта за внимание на социјалните мрежи да се задоволи со само 300 пријатели. Ако секој ден им се обраќаат на пријатели кои можат да населат едно мало гратче, вниманието од неколку стотини од нив не им бега.rnrnСе возбудуваат кога ќе добијат некакво известување. Или постојано проверуваат дали некој им пишал. Кога во горниот лев агол ќе се појави знакчето со црвена боја, имаат црно на бело дека некој таму мисли на нив.rnrnСе трудат да се истакнат во групната фотографија. Ако се во позадина некој може да не ги види.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnДобри се со сите на Фејсбук. Затоа што ако му згрешите некому во виртуелниот свет тој истиот може утре да му наштети на вашиот имиџ на социјалните мрежи. Колку лајкови ќе посеете денес, толку ќе ожнеете утре.rnrnИ надвор од Фејсбук мора да се во центарот на вниманието. Ако дел од нивните пријатели направат некаков план во кој не се вклучени, тоа може многу да ги повреди.rnrnИзнудуваат комплименти. Свесни се дека прават сè што е во нивна моќ за да изгледаат и да се чувствуваат добро, но и покрај тоа не се чувствуваат удобно во нивна кожа сè додека другите не ги преплават со комплименти.rnrnСе фалат со небитни работи. Кому му е важно колку ви е добро што сте феминистка, дали вашата Барселона е подобра од нивниот Реал или сте рокер кој мрази турбо-фолк?rnrnСте забележале ли нешто што може да се додаде на оваа листа?

  • Пет најчести грешки кои се прават на Фејсбук

    Пет најчести грешки кои се прават на Фејсбук

    Можеби одамна ги користите социјалните мрежи, но тоа не значи дека знаете сè за нив. Вашиот „стаж“ на Фејсбук не значи дека постојано сте им интересни на вашите пријатели и дека тие не ве доживуваат како досаден лик. Доколку не сакате луѓето да ве перцепираат како досаден човек, пробајте да не ги правите овие грешки при користењето на Фејсбук.rnrnПет најчести грешки кои се прават на Фејсбукrn

    Претерано повикување на луѓе да се приклучат во групи и праќање барања за игри

    rnЕдна многу важна карактеристика на Фејсбук е тоа што благодарение на него светот е многу помал и луѓето многу лесно можат да се информираат за важни работи кои се случуваат во вашиот живот, но запаметете никој не сака претерување. Доколку сакате да играте игри, тоа е во ред, но не значи дека и вашите пријатели сакаат да го прават истото. Доколку играта бара од вас да испратите покани до вашите пријатели, одберете ги оние за кои знаете дека можеби би ги интересирало. Истото е и со групите, внимавајте кого и зошто го каните.rn

    „Лајкување“ сопствени статуси, коментари и слики

    rnОпцијата „Like“ се користи кога вам ви се допаѓа нешто што поставил некој друг. Немојте да ги „лајкувате“ сопствените работи, бидејќи доволно е самото тоа што сте го напишале. Оставете ги другите да си го искажат своето мислење за вашата објава.rn

    Претерано изразување љубов

    rnСосема нормално е да одлучите со партнерот јавно да ја прикажете вашата врска на Фејсбук, но тоа е доволно. Со секојдневното изразување љубов по ѕидовите, претераното коментирање на слики, статуси за тоа колку го/ја сакате многу брзо ќе им станете напорни на вашите пријатели. Нормално дека можете повремено да ги правите овие работи, но умереноста е клучна работа.rn

    Опсесивно коментирање на сѐ и сешто

    rnСигурно секој од вас има некој пријател за кој ви се чини дека постојано е онлајн и дека единствена активност му е да искоментира нешто на Фејсбук. Нормално дека не треба да се стискате дали да искоментирате нешто интересно, необично или контрадикторно, но сѐ си има свои граници. Морате да имате живот надвор од оваа социјална мрежа.rn

    Поставување фотографии кои не се за во јавност

    rnСите имаме фотографии кои се интересни за гледање во друштво и за присетување на некои излегувања во град, одмори и слично. Меѓутоа, најчесто повеќето од тие слики не се за во јавност. Покрај тоа што сигурно останатите пријатели нема да знаат за што станува збор, неретко можете да си направите проблеми на работа или во училиште благодарение на нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Популарноста на Фејсбук отиде дотаму што палецот нагоре се појави и на манжетни. Ви се допаѓаат, нели? Па, во случајов немате друга опција. 🙂Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“„Лајк“ модните додатоци се изработени од нерѓосувачки челик, со димензи 1,9 x 1,27 сантиметри. Можете да ги нарачате тука, по цена од 9,99 американски долари.Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“За профит или заради забава, не е првпат да се искористи сегмент од социјалните мрежи за изработка на моден додаток, најразлични парчиња облека, патики и што уште не. Досега сите беа одлично прифатени.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

    Автор: Елена ТарчуговскаrnrnНе можеме без нив и не можат без нас. Факт е дека мажите знаат да направат да се чувствуваме прекрасно, но и да нè извадат од такт дотолку што очајно посакуваме барем една минута да бидеме во нивната глава за да ги разбереме. Но да се соочиме со реалноста: Разлики меѓу двата пола отсекогаш постојат, па секој обид да го промените однесувањето на вашиот партнер и да го поттикнете да размислува како вас би завршил неславно. Поради тоа во продолжение ви нудиме неколку примери и совети како да ги надминете комуникациските бариери и да изградите стабилен однос.rnrnМенувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солунrn

    „Не знае да ме сослуша“

    rnОва е проблем кој го посочуваат голем број жени. Но, тука постои една генерална разлика меѓу двата пола. Мажите нудат решенија, а жените умеат да слушаат. Да речеме дека започнувате да му го раскажувате лошиот ден на работa и притоа се жалите од шефот и вработените. Додека го правите тоа, тој ве прекинува со разговорот „Па започни да бараш друга работа“. Ваквиот пристап, логично ве иритира бидејќи очекувате да ве ислуша и разбере, а не да ве пресече, наметнувајќи го неговото мислење. Колку и да се лутите, имајте на ум дека за мажите е карактеристично да бидат кратки и јасни, односно да понудат најдобронамерно решение, а за жените да ве тешат. Ако очекувате да слушнете „Срцка, кутрата ти, те разбирам, колешката ти е љубоморна“, направете кафе и уживајте во разговорот со вашата најдобра пријателка.rnrn

    „Имаме редовен секс, а сè уште гледа порно филмови“

    rnПорнографијата ја активира машката фантазија. Секој маж во компјутерот има филмови со порнографска содржина и вие не можете да му ги забраните. Едно истражување во Америка покажало дека 80% од мажите кои гледаат порно филмови се задоволни од сексот со нивната партнерка. Ако вашиот партнер е љубител на оваа сфера, не значи дека ве изневерува или пак повеќе не го задоволувате. Искористете го тој податок во ваша полза. Обидете се да извлечете од него кои актери, филмови и категории го возбудуваат. Пречекајте го во неговата соба, вклучете некоја од неговите омилени сцени и шепнете му на уво „Ајде да го пробаме ова“ – верувајте ќе ве обожува!rnrn

    „Реагира на лајк на ФБ, а се лути кога правам љубоморни сцени“

    rnНиту мажите, ниту пак вие не сакате љубоморни сцени. Тука секогаш важи она правило – интересно е кога ќе увидиш дека не му е сеедно да те замисли со некој друг, но не и моментот кога таа замисла ќе ги премине границите. Ова е проблем кој подеднакво ги засегнува и двете страни. Нема доказ за тоа кој е пољубоморен, мажите или жените. Зависи единствено од тоа каква е личноста од другата страна и како вие ќе ги поставите работите во врската. Доколку без повод се сомнева во вас дадете му до знаење зошто греши и зошто токму тој вам ви посебен. Но, доколку ваквите напади се случуваат постојано, без основа – соочете се со вистината. Вашата врска не е стабилна, потребна ви е промена.rnrn

    „Ме критикува дека премногу трошам“

    rnЕден од најголемите брачни проблеми. Навистина жените трошат многу повеќе, а тука спаѓа не само гардеробата, туку и козметиката, накитот, украсите за домот и што ли уште не. Во секој случај имајте усул и договорете ја распределбата на семејниот буџет. Доколку сè уште не му е јасно, зошто ви е потребна толку многу гардероба, обидете се да му објасните дека во неговиот речник свечена прилика е одело, а во вашиот постојат повеќе прашања „Кој, каде и каква прилика“?  Уште едно познато правило е дека тој нема да ја напушти просторијата доколку момчето од соседната маса носи иста кравата, но ако вие се погодите во иста просторија со жена која носи ист фустан како вашиот, два пати ќе размислите каде да побегнете.rnrn

    „Фудбалот му е поважен од мене“

    rnЗапочнува кошмарот! Купивте карти за концертот на Каролина и едвај чекате да го проследите настанот, но тој во последен момент ви откажува за да се собере со другарите за да гледаат заедно фудбал. Издишете длабоко и не паничете веднаш. Договорете ги жените од друштвото, меѓу кои и девојките на неговите другари и отидете заедно на концертот, а мажите нека пијат пиво и нека уживаат во натпреварот. Овие собири кои и онака не се случуваат толку често, ќе го направат среќен и задоволен. Притоа и вие несомнено одлично ќе се забавувате таа вечер и ќе му докажете дека сте либерална и разумна личност, која е зрела и подготвена за врска во која постојат меѓусебна доверба и почит.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видови „фејсбукери“

    Видови „фејсбукери“

    Во последниве неколку години Фејсбук стана голем дел од нашите животи. Со нашите пријатели постојано споделуваме слики, интересни статуси, музика… Поголемиот дел од нас не може да помине ни еден ден без барем на брзина да провери да не има нешто ново на профилот. Сепак, различни луѓе различно ја доживуваат оваа социјална мрежа, но можат да се забележат неколку групи на пријатели кои сите ги имаме. rnrnВидови ФејсбукериrnrnЕве една интересна поделба во која сигурно ќе препознаете барем еден ваш пријател:rnrnРанобудникот смета дека негова работа е секое сабајле прв да напише „добро утро“ на својот ѕид, а потоа чека да види кој прв ќе одговори.rnrnДемначот никогаш не пишува постови, ниту пак одговара на вашите, но секогаш чита сè за сите… може и да искоментира на некој ваш пост, но тоа ќе биде во четири очи.rnrnСмајли – обично не пишува ништо посебно, но затоа пишува „хахаха“  на сè на што ќе налета.rnrnГосподин популарен и госпоѓа популарна – има 4999 пријатели и секојдневно менува слика средена во Фотошоп на која има минимум педесетина лајкови и десетина коментари.rnrnГејмерот ги игра сите можни игри на Фејсбук и од него постојано добивате нови покани да му се придружите во игри чиешто име не можете ни да го изговорите.rnrnМузичарот на секои десетина минути постира ново музичко видео на неговиот ѕид, до кој вие немате пристап за да не ја нарушите неговата плејлиста.rnrnЦиник – тој е незадоволен од својот живот и од сè што е поврзано со него и секојдневно го повторува ова преку неговите статуси.rnrnКолекционерот не е заинтересиран за вашите статуси или слики, но затоа е член на секоја група и фан е на секоја страница.rnrnПромотерот е запознаен со сите забави и настани во градот и секако ви испраќа барем две покани дневно кои вие најчесто ги игнорирате.rnrnЛајкер – ретко кога коментира, но неговиот лајк се среќава на сите ваши слики и постови.rnrnКралот/кралицата на драмата – оваа личност секогаш пишува постови како „леле не ми се верува што се случи“ или „ќе ме полудат“ и со нетрпение чека да ја прашате за што се работи…rnrnИнформаторот секогаш пишува каде е, со кого е и што прави во тој момент, без разлика колку безначајно ви звучи тоа вам.rnrnПаметниот секојдневно споделува цитати од познати физичари, математичари, филозофи, психолози…rnrnУметникот има само една слика од себе колку да го препознаете, но покрај неа има и дваесетина албуми со неверојатни слики што не можете да ги видите на друго место.rnrnКрадецот секојдневно краде статуси и интересни слики од вашите профили, притоа секако јавно ви се извинува за сторениот криминал.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.