Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, кое е границата на Тихиот Океан помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад и Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Со своите 562 метри кои се издигнуваат од синилото, Баловата пирамида изгледа како да ги допира облаците.rnrn
rnrnРечиси е двојно поголема од Ајфеловата кула и се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност изгаснат вулкан чиј единствен врв останал над водата, а последен пат бил активен пред седум милиони години.rnrnОттогаш, околу него играат птици, риби, како и други морски суштества, а тоа го привлече вниманието на морнарите, пилотите, како и алпинистите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел оваа огромна кула бил Хенри Бал, кој ја именувал по своето име. Во 1788 година, тој поминал со бродот „Supply“ пренесувајќи доселеници во Норфолк.rnrnОколу 20 километри од пирамидата се наоѓа островот Лорд Хоу, од кој чамците честопати се упатуваат кон Баловата пирамида за да ѝ се восхитуваат на нејзината нереална големина. Само неколку алпинисти успеале да се справат со силните бранови и да се искачат на врвот на пирамидата. Но, тоа е само почеток на искушението. Причината за тоа се кревките карпи што се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за алпинистите, па затоа е забрането искачување по пирамидата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие камења како јајца од диносаурус од кои произлегуваат легенди и убави фотографии.
Tag: кула
-

Највисоката камена кула на светот: Место на кое никој не смее да се искачи
-

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород
Загадувањето на воздухот е сериозен проблем со кој се соочуваат многу градови во светот. Луѓето кои живеат во нив трпат многу негативни последици по здравјето и општо по квалитетот на животот. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот предизвикува 8 милиони жртви годишно.rnrn
rnrnВо борбата против овој огромен проблем, група научници измислиле вештачко дрво кое го претвора загадениот воздух во чист кислород. Ова е можеби најголемата шанса за спротивставување на загадувањето на воздухот и решавање на овој многу присутен проблем.rnrn
rnrnМотивирани од критичната ситуација со загадувањето на воздухот во Мексико Сити, група инженери, истражувачи и биолози од компанијата БиомиТек создале вештачко роботско дрво кое е дизајнирано да го подобри квалитетот на воздухот.rnrnДрвото за прочистување на воздухот се вика БиоУрбан и користи систем на филтрирање со микроалги кој го апсорбира загадениот воздух и продуцира чист, свеж. Инспириран од природата, БиоУрбан се базира на принципот на фотосинтеза кај растенијата, па тој ги вдишува загадените честички како јаглерод моноксид и азотни оксиди, а издишува чист кислород.rnrn
rnrnОвие дрва имаат капацитет да опфатат 13.140.000 м3 воздух годишно. Го филтрираат воздухот со ефикасност од 99,7%, а едно дрво произведува чист кислород еквивалентно на 368 млади дрвја. Со други зборови, БиоУрбан произведува доволно чист воздух за 2.850 луѓе на дневна база.rnrnСо оглед на проблемот во пренаселените места кои се борат со загадување на воздухот и фактот дека на природните дрвја им е потребно време за да пораснат, ова решение делува како соодветно, брзо и ефикасно.rnrn
rnrnУште подобро е што дрвата БиоУрбан немаат никакви негативни последици. Не произведуваат отпад, а во системот на прочитување користат алги кои веќе ги има во природата.rnrnСпоред компанијата којашто ги произведува овие дрва, идејата не е БиоУрбан да ги замени природните дрвја, туку да ги надополни и да им помогне во прочистувањето на воздухот. Металната конструкција на овие дрва е висока 4 метри и веќе е инсталирана во Мексико, Колумбија и Панама, а и други градови чекаат да го имплементираат овој метод на прочистување.rnrn
rnrnШто мислите, дали овие дрва навистина можат да го спречат загадувањето на воздухот? Дали би сакале да ги видите и кај нас?rnrnПогледнете го и овој иновативен изум: Дрва што генерираат електрична енергија. -

Поучна приказна: Жабите и кулата
Група жаби решиле да организираат трка. Победник ќе бил оној кој најбрзо ќе се искачел на врвот на една кула.rnrnГолема публика се собрала за да ја следи трката и да ги бодри тркачите, но никој од гледачите не верувал дека некоја од жабите може да стигне до врвот. Штом бил означен стартот, сите почнале да викаат:rnrn„Многу ќе биде тешко!“rnrn„Никој нема да стигне до врвот!“rnrn„Никој нема да победи. Многу е високо!“rnrnЖабите почнале полека една по една да се откажуваат од трката. Но, некои сè уште цврсто оделе кон целта. Толпата продолжила да вика:rnrn„Премногу е тешко! Никој нема да успее!“rnrnУште неколку жаби се откажале. На крај останала само една жаба во трката до врвот на кулата. Публиката продолжила да ја обесхрабрува, но таа не се предавала. На крај успеала да стигне до врвот и да победи на трката.rnrnСите други жаби кои се тркале со неа и се откажале сакале да дознаат што ја прави оваа жаба толку силна. Ја прашале, но таа не реагирала. Жабата која победила била глува.rnrn

-

Море од 888.246 керамички булки се излева од лондонската кула
Црвеното море од 888.246 керамички булки во лондонската кула е дело на уметникот Пол Каменс, и воедно неговото најмоќно и најимпресивно дело. Од далеку булките изгледаат како море од крв кое се излева од кулата, а целиот проект е со цел да се одбележи стогодишнината од улогата на Британија во Првата светска војна. Секоја од булките претставува војник кој го изгубил својот живот во војната.rnrn
rnrnУкрасувањето сè уште не е завршено. Керамичките булки ги поставуваат волонтери, а проектот ќе биде официјално завршен до 11-ти ноември, кога последната булка ќе биде „засадена“.rnrnПовеќе за овој проект може да прочитате на веб-страната на кралските историски знаменитости.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кранист прави одлични фотографии од Шангај од огромна височина
Аматерскиот фотограф Веи Геншенг ја искористил во своја полза работата како кранист и успеал да направи фантастични фотографии од Шангај. Сите фотографии се направени на височина од над 600 метри, бидејќи тој моментални работи на завршување на „Shanghai Tower“, која ќе стане највисоката кула во Кина и втора највисока во светот.rnrn
rnrnБлагодарение на овие фотографии од височина, Геншенг освоил второ место на градскиот натпревар за фотографија оваа година. Секоја од фотографиите е посебна на свој начин и го прикажува градот како магично место.rnrn










rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зграда во која со автомобил можете да си влезете дома
Кулата „Porsche Design“ е станбена зграда која ќе се гради во Мајами, а нејзини креатори се „Porsche Design“ и „Dezer Development“. Оваа кула од 60 ката има иновативна структура, однадвор и однатре, а најинтересно е тоа што можете со лифт да си го качите возилото во вашиот стан. Се наоѓа покрај океанот, нуди 132 стана, а секој од нив има од две до четири паркинг места.rnrn
rnrnЗградата има три лифта, а станарите можат да влезат или да излезат од дома, седејќи си комфорно во својот автомобил. Околу 20 милијардери веќе си обезбедија стан во оваа зграда, но ќе можат да се вселат дури во 2016 година.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поглед низ прозорец вреден 18 милиони долари
Некогашната исконска кула со часовник во Бруклин според која старите жители на Њујорк си ги местеле рачните часовници, денес е претворена во ултрамодерно поткровје вредно 18 милиони американски долари, со спектакуларен поглед кон Менхетен. Поранешната фабрика за картон, била оригинално изградена во 1915 година и во нејзиниот состав ја имало и оваа убава кула со часовници.rnrn
rnrnТрикатната куќа се протега на површина од 632 метри квадратни, во која има 3 спални, 3 тоалети, приватен лифт, како и прекрасна тераса на кров со поглед кон небото. Но, она што е најспектакуларно во овој дом се легендарните часовници на секоја од четирите страни од апартманот, високи 4,2 метри. Висината на таванот се движи од 4,8 до 15,2 метри.rnrn
rnrnКреатор на овој апартман е Дејвид Валентас, а истиот доаѓа комплетно опремен. Имотот во 2009 година чинел 25 милиони долари, но останал непродаден на пазарот. Тоа и не е некој шок бидејќи доколку имало купувач, тој би го купил најскапиот имот што некогаш се продал во Бруклин. Во 2011 цената паднала на 23,5 милиони и била понудена месечна рента од 50.000 долари. Во 2012 цената повторно опаднала на 19 милиони долари, но повторно не биле најдени потенцијални купувачи.rnrnНо, оваа година компанија за недвижен имот Коркоран го купиле апартманот за 18 милиони долари, па доколку некој од вас е заинтересиран, може директно да ги контактира за купување. :)rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат
Главниот град на Обединетото кралство е населен повеќе од 2 милениуми. Неговата историја датира уште од римско време кога бил наречен Лондиниум. Оваа светска метропола никого не остава рамнодушен. Доколку горите од желба да го посетите, она што може да го направите во моментов е да ги прочитате овие интересни факти за Лондон кои можеби не сте ги знаеле досега.rnrn1. Голем дел од сцените во филмот „Вонземјани“ на Џејмс Камерон се снимени во напуштена електрична централа во Актон, област во Лондон.rnrn2. Низ тунелот над метро станицата Sloan Square тече една од загубените реки во Лондон, реката Вестборн. Друга загубена река, Тајбурн, тече точно под Бакингемската палата.rnrn
rnrn3. Во 1952, загадувањето во Лондон било толку лошо, што публиката во театарот Садлерс Велс била евакуирана и театарската претстава била прекината поради чадот кој избил во аудиториумот.rnrn4. Во текот на речиси цел век, Лондон бил најгусто населен град на земјата, сè до 1925 година, кога Токио го надминал.rnrn5. Свештениците во викторијанското време биле против градење на подземна железница, тврдејќи дека вревата ќе го вознемири ѓаволот.rnrn6. Последниот човек кој бил погубен во Лондонската кула, бил германскиот разузнавачки агент Џозеф Џејкобс, застрелан во 1941.rnrn
rnrn7. Постои цела мрежа на тунели под Лондон, најголем дел изградени во текот на Втората светска војна за потребите на војската. Под улиците на Вајтхал во Лондон има голема воена тврдина. Во тврдината може да се влезе преку една од телефонските централи во Craig’s Court, на плоштадот Трафалгар.rnrn8. Во големиот пожар во Лондон, 1666 година, изгореле 13.200 куќи, 87 парохиски цркви, катедралата Св. Паул, како и голем дел од зградите на властите. Иако е познат како една од најголемите катастрофи, во овој пожар загинале само 6 граѓани.rnrn9. Во раните 50-ти секој можел да му телефонира на тогашниот премиер Винстон Черчил, бидејќи неговиот број бил во телефонскиот именик на градот.rnrn10. Хитлер имал план да го расклопи Нелсоновиот столб и да го пренесе во Берлин.rnrn
rnrn11. Областа Канари Варф го добила името бидејќи на тоа место порано биле пренесувани товари со овошје од Канарските острови.rnrn12. На аеродромот Хитроу, името му е дадено по малото рурално село кое некогаш постоело во таа област.rnrn13. Горниот дел на познатата мост-кула во Лондон, кој оригинално бил наменет за пешаци, бил затворен во 1910 откако станал собиралиште на проститутки.rnrn14. До 1961 во барот Хародс се продавал чист кокаин.rnrn15. Областа Сохо во Лондон, е именувана по извикувачки збор за лов кој бил користен во средниот век. До доцниот 17-ти век, областа била отворено поле, за подоцна да стане позната туристичка дестинација.rnrn16. Иако сега дијалектот кокни е надалеку познат лондонски дијалект, порано зборот „кокни“ се сметал за навреда.rnrn
rnrn17. Оригиналниот средновековен лондонски мост бил во константна употреба над 600 години. Но не секогаш бил весела слика. Во минатото главите на погубените се набивале на колови и се оставале на мостот.rnrn18. Во градењето на мостот Ватерло главно учествувале жени.rnrn19. Голем земјотрес се случил во Лондон на 8 март 1750. Очевидците на настанот тврделе дека за време на земјотресот, куќите потонувале во земја, а рибите од реката Темза биле исфрлани високо во воздухот.rnrn20. Незнаејќи како да се снајде и да излезе од автопатот, еден пензионер заглавил во сообраќајот на М25, возејќи по автопатот цели 48 часа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Чекорење по работ на „CN Tower“ во Торонто
Најновата екстремна активност во Торонто, Канада е наречена Edge Walk. „Чекорење по работ“ е активност за оние најхрабрите, на кои им се овозможува да чекорат по работ на „CN Tower“, која е една од највисоките кули во светот.
Прикачени на безбедносни сајли, на зависниците од адреналин им се овозможува во група од 6 луѓе и придружба од водич, да се движат по самиот раб од кулата, која е висока 553 метри. Би сакале да го направите овој адреналински подвиг?


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кула во форма на палма во богатиот Дубаи
Овој импресивен дизајн за кулата наречена „Woven Tower“ која ќе се наоѓа во Дубаи е направен од страна на Џузепе Фарис и Стефан Шунинг. Предложената структура на зградата има за цел да опфати неколку аспекти од арапската култура. Самиот дизајн на зградата потсетува на стебло од палма.
Фасадата на зградата исто така претставува и преплетена мрежа, како симбол на преплетените трговски патишта кои минуваат низ богатиот Дубаи.


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








