КАФЕ ПАУЗА

Tag: кула

  • Луксузниот Дубаи во ноќта

    Луксузниот Дубаи во ноќта

    Преку оваа феноменална фотосесија е прикажан богатиот и луксузен град Дубаи, а фотографиите се направени од највисокиот облакодер во светот Бурџ Халифа. Кулата е висока 828 метри, но бидејќи сè уште се работи на најгорните катови, фотографите смеат да сликаат само на висина од 500 метри.  Бурџ Халифа е неприкосновено највисок облакодер во светот, а официјално беше отворен на 4 јануари 2010 година. Кулата има 169 катови, а за нејзината изработка беа потрошени 1,6 милијарди американски долари.Луксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќтаЛуксузниот Дубаи во ноќта
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    10 факти за милијардерот Доналд Трамп

    Доналд Трамп е роден на 14 јуни 1946 година во Њујорк, САД. Тој е еден од најпознатите бизнис магнати во светот, директор на корпорацијата „Трамп“ која се занимава со недвижнини, а покрај тоа, тој е и автор и телевизиски шоумен. Ова се 10 уникатни факти поврзани со него и неговиот живот.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп1. Ова дефинитивно е најуникатниот факт за Доналд кој многумина не го знаат. Во 1990 година, тој беше на работ на персонален и бизнис банкрот. Сепак, до 1994 година, тој успева да го отплати личниот долг од 900 милиони американски долари, а бизнис долгот да го намали на 3,5 милијарди долари. Се откажал од својот личен авион, но ги задржал зградата „Трамп“ и трите казина во Атлантик Сити. Денеска неговата организација поседува повеќе од 100 фирми и е проценета на повеќе од 2,6 милијарди американски долари.rnrn2. Тој има дипломирано економија на бизнис школата Вортон на Универзиететот во Пенсилванија.rnrn3. Неговата зграда или кулата Трамп, како што често е нарекувана, е најголемата станбена зграда во светот. Таа има 90 ката.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп4. Тој исто така поседува и палата во Палм Бич, Флорида со 18 спални соби, наречена палатата Трамп. Тоа е еден од најскапите имоти во државата.rnrn5. Трамп кратко беше замешан и во американскиот фудбал (рагбито). Овој факт е исто така помалку познат, но сепак интересен. Доналд Трамп извесен период беше сопственик на рагби тимот „New Jersey Generals“ кој се натпреваруваше во фудбалската лига на САД.rnrn6. Трамп еднаш се има обложено со Винс Макмехон, сопственикот на Светската боречка федерација (WWE) при што и двајцата одбрале свој борач, а борбата била наречена „Битката на милијардерите“. Губитникот морал да си ја избричи главата. Во борбата победил натпреварувачот на Трамп, по што тој помогнал при бричењето на главата на Винс.rn10 факти за билионерот Доналд Трамп7. Во 2002 година, Доналд Трамп и телевизијата „NBC“ направиле ексклузивен договор со кој Трамп станал еднаков партнер во франшизата за Мис Универзум.rnrn8. Во 1999 година, Доналд Трамп покажал интерес за кандидирање за позицијата претседател на САД како претставник на реформската партија, на изборите во 2000 година. Сепак, на крајот не се кандидираше. Годинава пак и се врати на таа идеја.rnrn9. Во 2004 година, Доналд стана извршен директор и ѕвезда на реалното шоу на телевизијата „NBC“, „The Apprentice“ (Ученикот). Она што ретко кој го знае е фактот дека добивал плата од 375.000 американски долари по епизода.rnrn10. Доналд Трамп е тотален трезвеник и никогаш се нема напиено алкохол.

  • Чекори од „загубената генерација“

    Чекори од „загубената генерација“

    Автор: АнаrnrnГенерации, стари, млади. Сите чекориме по истиот пат, го живееме истото искуство, некој плус, некој минус, некој научил повеќе, некој помалку, зависно од културната мудрост. Но сите сме тука, на истото место каде биле и нашите предци, ние нивните поколенија. Учејќи од чекорите на генерациите пред нас и повторувајќи некои од нив, се гради кула од паметни изреки. Големи чекори кои смениле многу човекови гледишта, но оставиле и закржлавени, непотребни дејствија кои ја нишаат истата таа кула.Чекори од „загубената генерација“Секоја генерација со своја тема, свој животен стил, а кога ќе погледнеш подлабоко во спомените, сепак толку слични едни на други. Сите тие генерации имаат своја мода, нешто актуелно и нешто аутсајдерско. И генерациите пред нас се бореле за општествен статус, за место меѓу толпата луѓе, па кој како се изборувал за некоја позиција, оставал свои креации, кои до ден денес и ние ги почитуваме. Музика, уметност, мода, начин на размислување и движење. Ретро.rnrnСите овие работи го градат она што всушност не поврзува едни со други, без разлика на тоа кој во кое време живеел. На крајот, сепак, сите сме во оваа една сегашност.rnrnСекој еден од нас има преземено нешто од своите родители, нешто што го носи во себе, нешто што не губи вредност, нешто што се подарува од поколение на поколение…rnrnНа пример, бившо-југословенските простори… Нема еден од нас кој не ја слушнал приказната за животот тогаш. Нема еден од нас кој не испочитувал сè што тогаш било создадено. Поминати толку години, а ние сè уште ги слушаме Леб и Сол, Рибља Чорба, Црвена Јабука, Бјело Дугме, Здравко Чолич, Парни Ваљак, Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов и уште многу други артисти и уметници чие дело ќе остане во книгата за помнење уште долги години.rnrnНекои работи се менуваат драстично, некои работи се менуваат со текот на времето, но некои и остануваат онакви какви што биле пред  десетици години. Токму тие се синџирот кој не поврзува и повлекува сите, без старосни граници на едно место.rnrnТоа се оние чекори на „загубената генерација“ по која се водат многу наредни.