Кученцата може да ви бидат посебна слабост, а некои раси се неодоливо слатки дури и кога ќе пораснат. Прочитајте кои раси кучиња секогаш изгледаат како меки топки.rn
1. Јоркширски териер
rn
rnrnОваа раса е најдобриот пример за убава влакнеста топка која речиси никогаш не се заморува. Овие кучиња може да бидат физички мали, но тие имаат посебен карактер.rn
2. Малтешка пудла
rn
rnrnСопственикот ќе биде опсипан со внимание. Овие кучиња се живи и полни со енергија и се согласуваат добро со луѓето и со другите кучиња. Тие ги сакаат своите сопственици толку многу што ако ги оставите сами предолго, тие можат да станат вознемирени и депресивни.rn
3. Ших цу
rn
rnrnЗа прекрасниот изглед на овие кучиња треба да се грижите постојано ако сакате да остане таков, а тоа вклучува секојдневно чешлање. Тие се одлично друштво за возрасни и за малку поголеми деца.rn
4. Померанец
rn
rnrnПомеранецот е уште една минијатурна бушава раса во која може да се вљубите многу лесно. Овие кучиња се паметни, љубопитни и игриви. Поради нивната интелигенција, тие добро реагираат на дресура. Не се сложуваат многу добро со децата, но ги обожаваат мачките.rn
5. Хаванезе
rn
rnrnОвие кучиња се многу шармантни, нивното крзно е меко како свила и е лесно за одржување. Тие сакаат да се гушкаат и не сакаат да се одделат од сопственикот.rn
6. Бишон
rn
rnrnОвие кучиња изгледаат како меки снегулки. Но, нека не ве залажува нивниот изглед, тие се прилично борбени и најмногу уживаат да си играат со сопственикот. Тие се многу лесни за чување, им требаат една до две прошетки на ден за да ги истегнат нозете, но најважно е што сакаат да бидат во близина на сопственикот. Иако се борбени, тие не се доминантни и одлично се согласуваат со другите кучиња.rn
7. Ласа апсо
rn
rnrnОваа раса мали, но упорни кучиња потекнува од Тибет. Одлично се согласуваат со деца, со луѓе и со други домашни миленици, така што ќе бидат најдобриот придружен член на секое семејство. Овие кучиња се многу приврзани и бестрашни и бараат многу внимание и галење. Со оглед на нивното долго и свилено крзно, одењето во салон за убавина за кучиња може да стане дел од вашето секојдневие.rn
8. Пудлица
rn
rnrnОва остроумно куче „цвета“ во друштво на луѓе и е лесно за обучување. Нивниот изглед можеби не го открива тоа, но пудлите се многу издржливи и се добри кучиња чувари. Многу се послушни, сакаат да си играат и секогаш бараат некое ново хоби.rn
9. Болоњско куче
rn
rnrnАко барате мало куче кое нема репутација на нервозно куче, ова куче би можело да биде совршеното милениче за вас.rn
10. Јапонски шпаниел
rn
rnrnСè додека се близу до своите сопственици, овие кучиња со карактеристики на мачки ќе бидат многу задоволни и среќни. Јапонските шпаниели ги краси опуштена природа и поради тоа често се користат како кучиња за терапија.rnrnПрочитајте кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.


rn
rn
rn
rnМожеби сакате да ги погледнете и фотографиите од 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 
rnrnОваа сезона, покрај класичните модели на јакни, можете да изберете и јакни инспирирани од модата во 70-тите и во 80-тите години.rnrn
rnrnКога станува збор за моделите, изборот е голем, така што можете да изберете класичен модел, кратка јакна, пилотска јакна, како и капут со крзно. Оваа сезона во мода ќе биде крзното во бела боја или во некои други светли бои.rnrn
rnrnОвие јакни лесно се вклопуваат во секоја комбинација, од едноставен денски до атрактивен вечерен аутфит.rnrnПогледнете ги овие 
rnrnХуманото здружение од Небраска ѝ дало на Ели Мае сосема нов изглед кој ѝ го променил животот. Кога дошла кај нив, таа била непрепознатлива од многуте тутканици од несредени влакна, но со многу вложена љубов, внимание и труд од страна на вработените, таа е сега освежена и одново блеска.rnrn
rnrnКога дошла во засолништето за животни, Ели Мае имала 4 кг заплеткано и замирисано крзно на себе. Од таму велат дека ова е најлошиот случај на заплеткано крзно што некогаш го имаат видено. Таа пристигнала во кафез, бидејќи не можела да оди, па дури ни да мрда. Била пронајдена во станот на нејзиниот поранешен сопственик кој починал, од страна на луѓето кои биле пратени да го исчистат.rnrn
rnrn
rnrnКога почнале да работат на нејзе, не знаеле на што ќе наидат одоздола и дали ќе успеат целосно да ја спасат. Во претходен случај на заплеткување на крзно, на едно куче му бил попречен протокот на крв што довело до неопходност од ампутација на ногата. За среќа, нозете на Ели Мае се разоткриле во убава розова боја што значи дека сѐ било во ред со протокот на крв. Затоа пак, ноктите ѝ биле пораснати 18 см и целосно обвиени со влакна, измет и нечистотии.rnrn
rnrn
rnrnЕли Мае имала и здравствени проблеми. Едната нога ѝ била инфицирана, мускулите атрофирани, имала артритис во грбот, а требала да прави операција на кила и поправка на забите.rnrn
rnrn
rnrnПосле 5 часа, работата била завршена и таа била спремна да излезе надвор. На почетокот малку се тетеравела, но сега, 2 недели подоцна, таа е посилна, сака да истражува и сите ги поздрава со нејзиното слатко лице и среќна појава.rnrn
rnrnПрочитајте ја и оваа 
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrn















rn
rn
rn
rn

rnrnВо претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно!rnrn