Дебелите зимски јакни со пердуви и крзна се добар и топол избор за студените денови, но поради својот волумен можат да ја трансформираат вашата фигура во снежна топка. Па, ако сакате да го спречите тоа и истовремено да изгледате одлично додека ви е топло, тогаш погледнете ги следниве 5 совети:rnrn1. Ако купувате зимска јакна, погрижете се таа да доаѓа со ремен. Стегнете го ременот на половината и така визуелно ќе ја намалите и оформите вашата фигура.rnrn
rnrn2. Изберете јакна со преголема крзнена јака и капа за да го свртите вниманието на рамената, наместо на проширената половина.rnrn3. Облечете подебел џемпер, па откопчајте ја јакната.rnrn
rnrn4. Добро познат факт е дека црната боја ја намалува фигурата. Но, обидете се да облечете црна облека под зимска јакна која има впечатлива и изразена боја за да го разиграте целиот изглед.rnrn5. Преполовете ја фигурата со паметен избор на бои: „Пресечете“ ја зимската јакна или палтото со поголем шал во неутрална боја.rnrn
rnrnСовет плус: Кога надвор е толку многу студено што ви се тресат забите, прегрнете ја својата топла, дебела, зимска јакна околу себе и не размислувајте за тоа како изгледате во неа.
Tag: крзно
-

5 идеи како да ја носите дебелата и зимска јакна без да изгледате како снежна топка
-

Запознајте го Воли, зајачето со најголемите крилести уши
Воли е англиски ангорски зајак кој живее во Масачусетс, САД, и има уши кои личат на ангелски крилја. Тој и неговата сопственичка Моли, неодамна станаа популарни на Инстаграм заради мудрите коментари, слатките сцени и лудите фризури.rnrn
rnrnВоли е роден во јули, 2014, што значи дека во хороскоп е Рак. Ангорските зајаци се раса кои се познати по нивното долго, меко крзно и се еден од најстарите видови домашни зајаци. Тие прво се појавиле во Анкара, Турција, а станале популарни во 18 век во Франција. Нивното крзно е помеко од кашмир.rnrn
rnrnАнглиските ангорки се популарни како миленичиња бидејќи често изгледаат како кутриња или како плишени мечиња.rnrn
rnrn -

Гери – Слатко маче родено со постојано загрижен лик
Гери е 8-неделно маче кое е родено со шари на крзното во вид на веѓи и веќе станува интернет сензација. Мачето е милениче на пар од Манчестер кои го завикале Гери според ѕвездата од „Тејк дет“, Гери Барлоу, кој е познат по подигнувањето на веѓите додека пее. Сопствениците на Гери се колнат дека шарите се вистински.rnrn
rn„Кога се роди имаше само две мали црни дамки на челото… Ние го сакаме намуртениот мачор (Grumpy Cat) па си рековме да му дадеме шанса да ја стекне истата слава“, вели сопственикот Енди за „Дејлимејл“.
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Восхитувајте со поглед: Предлози за носење директно од улиците
Ги превртуваме плакарите, одиме на шопинг и ги следиме светските модни сцени. Црпиме идеи, но некогаш инспирацијата не ни доаѓа. Затоа подготвивме 13 предлози кои ќе ги свртат сите погледи кон вас. Модните критичари ќе ви симнуваат капи, а блогерите ќе ви се восхитуваат на храброста. Погледнете.rnrn
rn1. Крзно
rnИако станува збор за пролет, крзното знае да се вклопи и во пролетните комбинации, ако знаете добро да го комбинирате. Плус, сѐ уште е ладно за лесна облека.rnrn
rn2. Близначки
rnОвој тренд е многу популарен оваа сезона. Модните парови го прават ова често, но им успева и на најдобрите пријателки. Затоа договорете се да се облечете исто со вашата најдобра пријателка и свртете ги сите погледи кон вас.rnrn

rn3. Цела во бело
rnЌе изгледате како ледената кралица! А на кралицата сите ѝ се поклонуваат.rnrn

rn4. Пантолони со широки ногавици
rnЗаменете ги тесните ногавици со пар широки. Без разлика дали се фармерки, кожни, еднобојни или шарени, тие се апсолутен хит оваа сезона.rnrn

rn5. Портокаловата е новата црна
rnСилна боја за силни луѓе. Без разлика дали ви се допаѓа или не, оваа идеја нема да помине незабележана.rnrn
rn6. Слоеви, слоеви…
rnЗошто да носите едно парче, кога може да носите две? Спојте ја омилената кожна јакна, со палто над неа и добивате совршен изглед.rnrn
rn7. Кралско сина
rnДоминантна боја која владее по улиците во сите комбинации и варијанти. Најдобра идеја: волуменозно палто.rnrn
rn8. Патики со сѐ
rnМодна недела без патики? Е не може. Освен на Њујоршката модна недела, тие беа видени и на Париската и на Миланската. Се држат силно меѓу бројните нови трендови и не го предаваат лесно своето место. Кежуал, спортски стил или отмен фустан, ваш е изборот.rnrn
rn9. 50 нијанси на сиво
rnМожеби не сте фан на книгата или филмот, но комбинациите со сиви парчиња за во пролет ќе внесат новитет во вашиот изглед.rnrn
rn10. Волуменозни кожни јакни
rnОваа сезона заборавете на тесните модели и облечете кожна јакна со широк крој. Изгледа неодоливо.rnrn
rn11. Војничка зелена
rnВојничко зелената боја е задолжителна за оваа пролет. Малку е тешко да го најдете совршеното парче во оваа боја, но верувајте тоа ќе се појави кога најмалку го очекувате. Можеби во форма на бомбер јакна, палто, пантолони или здолниште… никогаш не се знае.rnrn
rn12. Голема марама/шалче
rnБидејќи сѐ уште е ладно, сепак има потреба од топли работи, а што е подобро од топло шалче или марама? А, ако е големо/а тогаш уште подобро!rnrn
rn13. Сокријте се зад убав шешир
rnШеширите освен што имаат посебен шарм, ќе го скријат вашето лице од штетните зраци и најважното, тие имаат моќ да го променат целиот изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn -

Што е ова? Куче или маче?
Ова повеќе ви личи на куче или маче?rnrn
rnrnОва е Ачум. Тој сепак е мачор.rnrn
rnrnКако мало маченце тој имал меко нежно крзно, како и секое друго маченце. Но кога пораснал неговите сопственици сфатиле дека крзното не престанува да му расте. Тој всушност имал хипертрихоза, нарушување поради кое му се случувало тоа.rnrn
rnrnТака тој ја има привилегијата понекогаш да личи на мало кученце…rnrn
rnrn…а понекогаш на голема страшна мачка.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима
Ладните месеци ја црпат целата енергија од нас, а и инспирацијата за носење весели бои. Така, започнуваме да носиме црно од глава до петици, темно сина, кафеава и други темни бои чиј единствен опис е „неутрално“. Ако се пронајдовте во овие зборови, тогаш погледнете како да ги инкорпорирате веселите бои во плакарот, а со тоа да го подобрите и вашето расположение.rn
1. Носете палто во весела боја
rnАко постои само едно нешто што треба да го додадете во вашиот плакар тогаш тоа е палто во јака боја. Одберете палто во вашата омилена нијанса кое секогаш можете да го носите врз кое било друго парче.rnrn
rn2. Искористете го „колор блокинг“ трендот
rnАко преферирате повеќе бои, тогаш инвестирајте во јакна (или кое било друго парче облека) кое има колор блокинг. Розовата капа одлично ја надополнува розовата линија на нејзиниот капут.rnrn
rn3. Ризикувајте со смели обувки
rnОбувките во силна боја дефинитивно ќе ја истакнат вашата комбинација и ќе направат да се издвоите од масата.rnrn
rn4. Комбинаторика од темни парчиња со чанта во пастелни тонови
rnАко претходниот совет не ви се допаѓа, тогаш обувките заменете ги со чанта. Ова е фантастична опција за оние кои сакаат да се држат до темните бои во текот на целата зима. Чантите во пастелна боја додаваат доволно боја за комбинацијата да не биде монотона, а не е премногу за да се чувствувате како целофан од бонбонче.rnrn
rn5. Употребете ги основните бои
rnДодека пастелните и флуоресцентните тонови треба да се поседуваат, примарните бои се основна инспирација во зимскиот период. Изгледаат одлично покрај неутралните бои и се надополнуваат меѓу себе. Црвена и сина, жолта и зелена, портокалова и виолетова. Одберете комбинација од две бои и така градете ја комбинацијата.rnrn
rn6. Обоено крзно
rnИзгледа исто како да носите јакна во силна боја, но освен што ќе направи да блеснете, крзното и ќе ве стопли. Плус, можете да го носите со темни нијанси без да изгледате здодевно.rn
rn7. Пантолони за силен впечаток
rnАко крзното и обувките ви се премногу ризични, тогаш одберете пантолони. Со нив ќе оставите силен впечаток. Интересен микс е фушиа со црно или бело и спојот помеѓу кобалт сината и ловечко зелената.rnrn
rn8. Клучот е во ракавиците
rnАко навистина сакате да покажете дека владеете со контрастните бои, тогаш носете црно-бела комбинација и додадете ракавици во храбра боја. Таа може да биде црвена, виолетова, жолта или која било богата нијанса. Вака, вашите раце ќе зборуваат сами за себе.rnrn
rn9. Од глава до пети во силни бои
rnАко не можете да се справите со комбинацијата од две силни бои тогаш креирајте изглед кој ќе биде целиот во силни бои. Експериментирајте. Зимската облека има тенденција да биде неверојатно здодевна и понекогаш ви е потребна промена. Мешајте материјали и бои и дознајте што вам ви одговара.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Животни со прекрасни и величествени крзна
Погледнете ја оваа галерија од слики на животни со прекрасни крзна на кои би им позавиделе. Некои од нив мора да имаат големо крзно за да го преживеат студот, други се одгледани намерно да имаат такво крзно додека трети пак воопшто не би можеле да преживеат во дивината со нивното величествено крзно.rnrnНекои од нив се многу смешни, други се едноставно необични, но сите се слатки. Да започнеме со овој хрчак кој слободно може да биде ѕвезда во реклама за шампон.rnrn
rnrn -

10 мачки кои се познати по своите необични крзна
Мачките не се само слатки домашни миленичиња туку се навистина популарни на интернет. Каква слика и да објавите, доколку има маче на неа, автоматски станува слатка и популарна. Некои од овие познати мачки сигурно веќе сте ги виделе, но еве ви можност повторно да се насмеете на нивната необичност. Ова се 10 мачки познати по необичните шари на своите крзна.rn
1. Сем, мачката со веѓи
rn
rn2. Венус, мачката со две лица
rn
rn3. Мачето со црн шешир
rn
rn4. Мачето со форма на срце на крзното
rn
rn5. Опасна мачка со мустаќи
rn
rn6. Мачето кое личи на Хитлер
rn
rn7. Маче со интересна фризура
rn
rn8. Форди, мачето со шара во облик на срце на вилицата
rn
rn9. Мајмунска прегратка
rn
rn10. Мачка која, верувале или не, на крзното има форма на мачка
rn

-

Дали би ги препознале овие животни без нивните крзна?
Сте помислиле ли некогаш како би изгледале зајакот или пингвинот без крзно? Би биле ли уште така слатки?rnrnПогледнете ги овие интересни фотографии од животни без крзна или пердуви и пробајте да ги препознаете.rn
Зајак
rnЗајаците се голем исклучок. Неверојатно се слатки дури и без нивните крзна. Зајачето прикажано на сликите се родило без крзно, но во наредните три месеци крзното му пораснало.rnrn
rnrn
rnКенгур
rnНа кенгурите не им расте крзно сè додека не се подготвени да ја напуштат безбедната торбичка на мама.rnrn
rnrnСабрина, малечкиот кенгур на сликата долу, била напуштена од нејзината мајка па негувателите ја чуваат завиткана во ќебенце за да ѝ биде топло.rnrn
rnШимпанзо
rnИ шимпанзата, исто како и луѓето, може да страдаат од ќелавост. Никогаш не сте помислиле дека шимпанзата имаат толку мускули, нели? :)rnrn
rnrn
rnБабун
rnБабуните сигурно не би ги препознале без крзно. Но, ќелавоста кај бабуните е поврзана со осаменост. Оваа женка е забележана како скита сама, напуштена од нејзината група.rnrn
rnrn
rnВомбат
rnСлично како кенгурите, вомбатите живеат во торбите на своите мајки до 7 месеци.rnrn
rnrnВомбатот кој ве поздравува на сликата е Карман која во 2010 година била спасена откако нејзината мајка била прегазена. Од тогаш за неа се грижи прифатилиште за диви животни во Мелбурн.rnrn
rnКуче
rnНе грижете се, овие кучиња не страдаат од ќелавост, тие се природно такви. Перуанските ќелави кучиња се стара раса на домашни животни кои се одлични миленици за луѓе кои се подложни на алергии бидејќи немаат влакна.rnrn
rnrn
rnСтаорец
rnОвие ќелави стаорци се резултат на комбинација на гени за научни цели.rnrn
rnrn
rnПингвин
rnТие прекрасни црно-бели птици. Дали се толкави убавци и кога се „ќелави“?rnrn
rnrnОва пингвин бебе е родено без пердуви и оставено од страна на неговото семејство. Некои тврдат дека неговата ќелавост е предизвикана од неухранетост. За среќа, по еден месец добра грижа, овој малечок пингвин се кренал на нозе и добил прекрасни пердуви.rnrn
rnМорско прасе
rnЗа сите мажи кои мислат дека ќелавоста создава одбивност кај жените, еве вистински пример дека тоа не е пречка кај вистинскиот шмекер. Овој вид морски прасиња се раѓаат без крзно, и имаат влакна само на нивните стапала и ноздри.rnrn
rnrn
rnВерверица
rnОд друга страна, еве пример за најслаткото животно кое воопшто не е слатко без крзно. Ваквата појава е предизвикана од крлежи и разни паразити, и верувале или не, честа е кај верверичките.rnrn
rnrn
rnРакун
rnПоради красти и габични инфекции, ракуните може да го изгубат нивното скапоцено крзно.rnrn
rnrn
rnКакаду
rnОва е 35 годишниот Оскар кој останал без своите божествени пердуви по своја вина. Нему му бил дијагностициран чуден синдром – самиот си ги кубе пердувите бидејќи го иритираат.rnrn
rnrn
rnЕж
rnА баш помисливте дека никогаш нема да имате прилика да видите како изгледа еж без боцки.rnrn
rnrnОва е Бети и за неа се грижат негуватели од прифатилиште за животни. Таа не може да се врати во дивината без нејзиниот одбранбен механизам – боцките, а поради истата причина не може да си најде партнер. Па помислете пак пред да се жалите дека немате среќа во љубовта.rnrn
rnМечка
rnШто е пострашно од мечка? Мечка без крзно!rnrn
rnrnВо Лајпциг, Германија, група женки поради чуден генетски недостаток, ненадејно ги изгубиле своите крзна. На сликата е Долорес, една од нив. Можно е да ја сонувате вечер и воопшто нема да биде убаво.rnrn
rnЕхидна
rnНикогаш не би помислиле дека под тие остри боцки се крие нешто толу слатко. Уште еден доказ дека не е сè како што изгледа.rnrn
rnrnЕхидната снесува само едно јајце и го чува 10 дена кога малечкото се изведува од јајцето. Бебето се раѓа без боцки и крзно.rnrn
-

Побушави зајаци од овие немате видено
И покрај тоа што обичните зајаци може да имаат доста бујни влакна, сепак крзното на овие ангорски зајаци ја менуваат сликата за терминот „бушаво“. Ангората е една од најстарите раси на домашни зајаци и тие биле популарни како миленичиња на европските кралски семејства.rnrn
rnrnНивното екстремно волуминозно и дебело влакно, може да порасне толку многу, што го обвива и засенува самото животно. Им се гледа само малечкото, речиси сокриено лице, поради што изгледаат како огромни памучни топки. Волуменот на крзното може да се намали со поткастрување, а бидејќи влакната им се плеткаат во јазли, потребно е редовно чешлање.rnrn
rnrnИнаку, нивното крзно е помеко и помазно од кашмир. Овие зајаци се мирни и питоми, но бараат нега. Нивниот просечен животен век е 7-12 години, доколку се чуваат убаво, во домашни услови. Има повеќе видови ангорски зајаци: англиски, француски, џиновски и сатенски.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.









































