Можеби мислите дека на тоалетната шолја има најмногу бактерии, но не е така. Всушност, вашите крпи се преполни со бактерии и ако ги користите за да го избришете лицето, можеби ќе ѝ наштетите на кожата. Иако сушењето на лицето со крпа изгледа како најлогичното нешто што треба да се направи, во реалноста, тоа може да направи повеќе штета отколку добро.rn
1. Може да се создадат акни
rn
rnrnСушењето на лицето со истата крпа што ја користите за сушење на вашето тело може да ја оштети кожата повеќе отколку што мислите. Крпите се одлични стапици за бактерии, а поради тоа што обично ги чувате во бањата, каде што воздухот е влажен, се создава совршена средина за развој на бактерии. Кога ќе ја триете крпата на лицето, ќе ги префрлите сите овие бактерии директно на вашата кожа, што на крајот може да доведе до затнување на порите. Дури и ако користите посебна крпа за лице, веројатно не ја перете секој ден, а несаканите бактерии ќе можат да стигнат до вашата кожа.rn
2. Вашата кожа може да почне да старее побрзо
rn
rnrnКрпите се премногу груби за лицето и може да ја направат вашата кожа неотпорна на инфекции и брчки. Триењето што го создаваат крпите делува како пилинг што може да биде премногу груб за вашата кожа.rn
3. Ја намалува ефикасноста на производите за нега на кожата
rn
rnrnИако сушењето на лицето по миењето се чини како природна работа, во реалноста, тоа нема да ѝ дозволи на вашата кожа да го извлече максимумот од производите што ги нанесувате. Вашиот хидратантен крем ќе навлезе подобро во кожата пред да испари целата вода од нејзината површина. Прескокнувањето на сушење на кожата со крпа ќе им овозможи на производите за нега на кожата да ја задржат влагата што ѝ е потребна на вашата кожа за да изгледа помладо и посјајно.rn
4. Може да ја иритира вашата кожа
rn
rnrnАко имате чувствителна кожа, користењето крпи не е најдобрата опција за сушење на лицето. Бидејќи повеќето ткаенини може да бидат премногу груби за кожата, бришењето на лицето со крпа може да резултира со црвенило и иритација на кожата.rn
5. Може да ја направи вашата кожа мрсна
rn
rnrnМожеби звучи контрадикторно, но сушењето на кожата може всушност да ја направи помрсна. Бидејќи грубите крпи може да ги отстранат природните масла што ѝ се потребни на вашата кожа за да остане здрава, лојните жлезди под површината на кожата ќе мора да произведат повеќе масло за да ја избалансираат сувоста, што ќе резултира во премногу мрсна кожа.rn
Како да го исушите лицето без крпа?
rn
rnrnНаместо да го бришете лицето со крпа, оставете го воздухот да си ја заврши својата работа. Сушењето на воздух е похигиенско и понежно за вашата кожа. Иако ќе ви треба повеќе време отколку да го избришете лицето со крпа, кожата ќе ви биде благодарна за тоа.rn
- rn 011
- Измијте го лицето.
- Оставете ја кожата да се исуши природно.
- Нанесете го омилениот хидратантен крем.
rn 011
rn 011
rn
rnПогледнете ги овие совети за грижа на кожата за време на пролетта.




Во Кина се појави нов третман за кожа, наречен „Huǒ liáo“, кој стана хит откако една млада девојка ја поставила снимката на Јутјуб со нејзината мајка, која била подложена на оваа козметичка постапка. Третманот поттикнува регенерација на кожата, за да би останала подолго млада и без брчки.rnrnЦелиот третман започнува со крпа натопена во алкохол, која се става на лицето и потоа се запалува. Тоа се одвива така што прво се подготвува специјалниот „таен еликсир“ и се натопува на пешкир. Со волшебниот пешкир се покрива делот што треба да биде третиран, потоа се полева со алкохол и се запалува. После неколку секунди, пламенот се гаси со ставање на друг пешкир врз запалениот. Видеото покажува дека некои луѓе си прават третман и на грбот. Веројатно оваа техника може да се употребува на сите делови од телото.
„Третманот со оган“ се смета дека ја стимулира и затегнува кожата, ги намалува брчките и растегнатоста, а го подобрува и проблематичниот тен. Покрај тоа што разубавува, третманот ги релаксира и мускулите и прави да се чувствувате одлично. Локалните граѓани сметаат дека со овој третман може да излечат и несоница, главоболка и настинка, а козметичките салони го сметаат за безбеден, додека некои предупредуваат на неговата можна опасност.rnrnСалоните кои имаат ваков вид на третман потенцираат дека тоа е сосема сигурно и дека третманите ги прават експерти и жените не треба да се плашат дека нешто ќе тргне на лошо. Терапевтката Сузи Лонг, која се занимава со ваквите третмани објаснува дека кога работава ја работи трениран терапевт, кожата воопшто не гори, туку само се загрева, поради што процедурата е целосно безбедна.rn
„Baby Mop“ (Бебешка крпа) чини 40 долари е изум на веб-сајтот
Мајк Паркер од BetterThanPants.com вели:rnrn
Задоволните муштерии сметаат дека ова е одличен изум, кој им ги олеснува домашните обврски околу чистењето, а некои дури се шегуваат и до тој степен, што предлагаат да ги намокрите крпите, за да биде подот уште почист.rnrn
rn
rn
rn
Бришејќи се со мокра крпа, овој орангутан знае точно како да се справи со летните горештини. Интелигентното животно седејќи на тревата во зоолошка градина во Токио, прво си ја натопува крпата во базен, а потоа со рацете убаво ја цеди од водата, исто како што тоа го правиме ние луѓето.
Допирајќи се со мократа крпа, орангутанот изгледа како да ужива во својата генијална идеја за разладување.
За да биде уште поинтересно, до базенот доаѓа уште мало орангутанче кое сака да ја позајми мократа крпа. Откако орангутанот одбива да му ја даде на малиот мократа крпа, тој почнува да плиска вода по своето лице, користејќи ги рацете.
Орангутанот ги воодушевил посетителите на јапонската зоолошка градина, а сега тој забавува илјадници љубители на животни ширум светот, откако стана голем хит на Јутјуб. Видеото е поставено пред една седмица, а веќе има над 300.000 гледања. Уживајте во мајмунскиот перформанс. :)rn

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn