КАФЕ ПАУЗА

Tag: краток

  • 5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

    5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

    Црниот фустан одговара речиси во секоја прилика и можете да го носите во секоја сезона. Но, најмногу зависи од тоа како ќе го комбинирате. Доколку и вие сте љубители на ова парче облека, тогаш време е да погледнете пет нови начини на кои можете да го носите.rn

    1. Марама со каиш

    rnМарамите во вид на ќебе се човечки кожурци и истите треба да ги носите како такви. Тие се пријатен моден додаток на вашиот краток црн фустан, но во деновите кога сакате поелегантен изглед, ставете и каиш околу половината.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    2. Со светкави додатоци

    rnЗа оние кои обожаваат вечерни излегувања, одлична е комбинацијата на краткиот црн фустан со впечатлив накит и потпетици. Прекрасните модни додатоци се тренд подолго време, па затоа, изберете го омилениот накит и подгответе се за многуте погледи кои ќе ви бидат упатени.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    3. Под слоеви облека

    rnСтавете топла плетена блуза преку вашиот фустан, а во постудените денови можете да комбинирате и јакна врз нив. Потоа, ставете ги омилените чевли, што одлично би одговарале и со големи обетки.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    4. Со високи чизми

    rnКомбинацијата на краток црн фустан и високи рамни чизми е една од најдобрите кога станува збор за зимските денови. Додајте го и вашето палто и ќе бидете подготвени. Исто така, доколку сте љубители на марами, додајте една и ќе имате совршен изглед.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    5. Над панталони или фармерки

    rnНосењето фустан со панталони не е нешто ново, но треба да ги знаете правилата за оваа сезона со цел да изгледате најдобро. Важно е да внимавате на пропорциите. Должината до околу колената е добра, затоа што нешто пократко нема да изгледа толку добро. Одлучете се и за некои модни додатоци за да додадете посвеж изглед. Нема да погрешите доколку ставите сомотни чизми и чанта со синџирче.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

  • Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток! Времето што го имате е драгоцено и треба да го цените и паметно да го користите. Постојат некои секојдневни работи за кои не вреди да си ја трошите енергијата и нервите. Посветете внимание на она што е навистина значајно. Веднаш ќе се почувствувате подобро ако престанете да се грижите за следниве работи…rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се чувствувате виновни ако сте пропуштиле да вежбате

    rnВо ред е да си дадете слободен ден и не треба да се чувствувате како тотален губитник поради тоа. Како што велат: Потребно е повеќе од една вежба за да имате убаво тело, но потребно е и повеќе од еден слободен ден за да пропадне целиот ваш труд.rn

    Плачете поради лошите момчиња

    rnПред некој да ја добие титулата „момче“ треба да ја заслужи. Ако постојано ве расплакува и ве остава да седите дома и да се чувствувате лошо за себе, тој навистина не ве заслужува. Вашето време е бесценето и не треба да го трошите седејќи дома додека се растурате од плачење.rn

    Имате работа што не ја сакате

    rnОставете ја таа работа за некој што ќе биде среќен да го прави тоа. Вашето ограничено, драгоцено време и енергија треба да бидат потрошени на нешто во кое навистина верувате. Животот е прекраток за да бидете несреќни 40 часа неделно.rn

    Се навредувате себеси

    rnНемојте да си упатувате навреди секогаш кога ќе се погледнете во огледало, кога ги разгледувате вашите слики на Инстаграм, кога пробувате нова облека… Замислете сите тие милиони пати кога сте го критикувале вашето тело, да сте ги искористеле за да си укажете почит, да си дадете комплимент и да ја зголемите вашата самодоверба. Нема сомнеж дека веднаш би се чувствувале подобро!rn

    Носите неудобна долна облека

    rnДолната облека со чипка, тангите, корсетите, халтерите… Сите тие се навистина убави и можат да направат да се чувствувате секси, но само во спалната соба. Доколку не ви се удобни за носење, едноставно чувајте ги само за посебни прилики и уживајте во удобноста на памучните гаќички. Кој ќе знае дека носите „бапски“ гаќи на работа?rn

    Не ги споделувате вашите соништа со вашите најблиски

    rnАко не ги споделувате вашите соништа и цели со вашите пријатели, семејство и луѓето што ви значат, тие нема да знаат како да ве поддржат и да ве охрабрат. Доколку го чувате во тајност она што сакате да го создадете, немате право да очекувате дека тоа магично ќе се случи. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Никогаш не знаете кој може да ви се најде во одредена ситуација.rn

    Премногу сте мрзливи за да внесете промени во вашиот живот

    rnИзговорите одземаат многу време: Треба прво да ги измислите, па да си ги повторите додека не почнете да верувате во нив и на крајот да ги искористите во сите области каде што многу поедноставно би било да се фатите за работа и да го завршите тоа што треба. Престанете со ова!rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се споредувате со други луѓе

    rnТоа што посакувате да бидете како некој друг или да живеете нечиј друг живот нема да го смени она што веќе сте. Насочете ја вашата енергија кон тоа да се претворите себеси во она што навистина би сакале да бидете.rn

    Не трошите пари на патувања и авантури

    rnИма толку многу плажи, планини, ридови, гребени, винарии, реки, мориња, што навистина би било штета да не се обидете да видите барем дел од нив. Зар има подобар начин да ги потрошите заштедените пари од тоа да отпатувате во некој друг свет?rn

    Ги критикувате другите

    rnТоа нема да направи да се чувствувате подобро, само ќе направи да изгледате уште понесреќни и сурови. Никој не сака да биде во близина на таква личност.rn

    Повеќе ги цените размислувањата на другите луѓе

    rnЕдинственото мислење за вашиот живот и одлуките во кои можете да имате доверба, се вашите. Вие сте единствениот човек кој го знае секој детаљ од вашиот живот и вие си знаете најдобро. Верувајте си себеси. Вие најдобро знаете што треба да направите, како да постапите и кој пат да го одберете.

  • Емотивен приказ на еден од најкратките животи – Секој момент е важен!

    Емотивен приказ на еден од најкратките животи – Секој момент е важен!

    Малиот Зајон се родил со Едвардсов синдром. Тоа е генетско нарушување на внатрешните органи кај бебињата кој им овозможува живот од само неколку дена. rnrnРодителите на Зајон решиле да го прикажат на видео 10-дневниот живот на нивното бебе и преку него да му се обратат во вечен спомен. rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот е прекраток за…

    Животот е прекраток за…

    Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.rnrnrnЖивотот е прекраток за...rnrnЛуѓе кои ви влијаат негативно – Односите со луѓето треба да ви помагаат во животот, а не да ве повредуваат. Поминувајте повеќе време со паметни и фини луѓе.rnrnРаботна средина или кариера која ја мразите – Не се задоволувајте со првата работа со која ќе ја започнете кариерата. Продолжете да трагате. По извесно време сигурно ќе најдете занимање кое ќе го обожавате. Доколку се вложите целосно и ја сакате секоја секунда помината работејќи, тогаш не прекинувајте. Дури тогаш правите нешто големо во животот. Тешката работа, не е напорна кога ја работите со љубов.rnrnВашата негативност – Пазете се од гласот во вас. Сите ние тивко си зборуваме самите на себе во нашите глави, но не секогаш сме свесни што си зборуваме и како тоа ни влијае. Почнете да си ги „слушате“ мислите. Исфрлете ги негативните мисли  и заменете ги со позитивни.rnrnНепотребни недоразбирања – Кажувајте го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно, поставувајте прашања и разјаснувајте си ги нештата додека не ги сфатите целосно.rnrnНеорганизиран живот и работен простор – Исчистете ја средината. Ослободете се од работите кои не ви се потребни.rnrnВашето доцнење – Станувајте 30 минути порано за да не мора да трчате како луди. Тие 30 минути ќе ви помогнат да избегнете многу проблеми.rnrnПритисокот за да се вклопите во толпата – Честопати за да се вклопите во некое друштво глумите нешто што не сте. Избегнувајте ги таквите ситуации. Бидете тоа што сте.rnrnНездраво тело – Вашето здравје е вашиот живот. Не играјте си со него. Јадете правилно, вежбајте и правете редовни докторски контроли.rnrnСтравот од промени – Животот е една голема промена. Секој ден е различен од претходниот. Секој ден е нов почеток и нов крај.rnrnСамо работа, ни момент уживање – Уживајте во животот и забавувајте се додека можете. Доколку сте насмеани, тогаш сигурно правите нешто вистински и како што треба.rnrnНедоволно спиење – Изморениот ум никогаш нема да биде целосно продуктивен.rnrnПравење на истото нешто повторно и повторно – Вие го живеете животот согласно вашите искуства. Колку повеќе искусувате, толку поинтересна станува вашата приказна.rnrnАлчноста – Не дозволувајте алчноста и измамата да бидат дел од вашиот карактер. Алчноста ќе ја изгори дури и најмалата трошка среќа која ја имате.rnrnДолгови – Секогаш живејте едно скалило пониско. Не купувајте работи кои не ви се потребни. Создадете буџет и план за штедење и држете се до него.rnrnНечесност – Чесното живеење создава мир во душата, а тоа е бесценето.rnrnНеверство – Интимните односи се нешто свето, врска која се базира доверба. Ако двата партнера не се чувствуваат исто околу тоа, тогаш не треба да вложуваат во врската.rnrnНебезбеден дом – Доколку не се чувствувате безбедно дома, никогаш нема да се чувствувате безбедно никаде. Изградете прекрасно домаќинство, на безбедно место, за кое ќе бидете горди да го наречете дом.rnrnНеспремност – Животот е непредвидлив. Има голема разлика помеѓу стравот и спремноста. Секогаш бидете подготвени за изненадувања.rnrnПасивност – Или ќе преземате акција и ќе ги користите можностите кои ќе ви се појават на патот или некој друг ќе го стори тоа наместо вас. Не можете нешто да смените или да направите прогрес во животот, доколку само седите и размислувате, а не преземате ништо околу тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гулаб кој го уништува светот поради едно колаче

    Гулаб кој го уништува светот поради едно колаче

    Кратка содржина: Во краткиот анимиран 3Д филм „Pigeon Impossible“ (Невозможниот гулаб), станува збор за еден таен агент кој е почетник во својата работа и се соочува со редок проблем кој не се сретнува во почетните тренинзи: што да направи кога љубопитен гулаб ќе се заглави во внатрешноста на мултимилионска нуклеарна актовка, која му е дадена од владата на САД? :)rn

    rn

    rn

    За изработката на овој краток филм, на режисерот и сценарист Лукас Мартел, му биле потребни околу пет години за да го комплетира, а воедно претставува и негов прв обид за анимација.rn.

    rnrn

    rn

    „Започнувањето на овој проект, најпрво ми беше изговор да научам да работам 3Д анимација, но при крајот потрошив толку време преработувајќи го и „мазнејќи“ го сценариото, бидејќи сакав публиката да се смее додека го гледа.“

    rn

    rn

    Гулаб кој го уништува светот поради едно колачеКрајниот резултат е едно хумористично 6-минутно беснеење по улиците на Вашингтон, додека нашиот херој се бори да се спаси себеси и светот од хаосот предизвикан од еден гладен гулаб. Воодушевувачките визуелни ефекти и сеопфатниот саундтрак ја отсликуваат работата на стотина талентирани уметници и музичари, а филмот е тестамент за она што може да биде постигнато од тим сочинет од посветени волонтери, кои работеле од љубов кон нивниот занает. Добро завршената работа ја докажуваат и многуте добиени награди: Прва награда за најдобар краток филм на светскиот филмски фестивал во Монтреал, најдобра анимација прогласена на филмскиот фестивал во Савана и уште многу други.

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————-

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rnrn

  • „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    Двајца германски режисери (Tim Hahne и Thomas Noesner), кои биле во Њујорк за да снимаат реклама, направиле и еден неверојатен краток филм насловен „Ритамот на Њујорк“, а како музичка подлога за видеото употребиле аудио од настапот на еден тапанар во градското метро. Уживајте во видеото, повеќе пати.rn.rnrnrnrn rnrn