КАФЕ ПАУЗА

Tag: крадци

  • Овие 4 хороскопски знаци се најголемите крадци на ќебиња

    Овие 4 хороскопски знаци се најголемите крадци на ќебиња

    Во пеколот е резервиран посебен круг за оние кои го крадат ќебето и го оставаат партнерот да се тресе додека спие. Шегата настрана, повеќето луѓе не го прават тоа намерно, тие само имаат таква навика, колку и да е таа егоистична. Ако го делите креветот со еден од овие 4 хороскопски знаци, можеби ќе сакате да размислите да го донесете вашето сопствено ќебе во креветот.rnrnОвие 4 хороскопски знаци се најголемите крадци на ќебињаrn

    Бик

    rnАко припадниците на овој хороскопски знак сакаат нешто, тоа е да им биде удобно, и ментално и физички. Колку и да сакаат да имаат некој покрај себе за прегратки, малку е веројатно дека тие ќе ја искажат својата благодарност преку споделување на ќебето. Ноќта со овие личности честопати значи борба за ќебето. Биковите не можат без редовен секс, многу прегратки и цела планина од постелнина околу нив.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се топли, а потоа студени – понекогаш дури и буквално. Овој превртлив хороскопски знак може да ја започне ноќта со намера да го дели ќебето, но најверојатно ќе го повлече на својата страна кога ќе му стане ладно. Колку и да се интелигентни, Близнаците се доста незрели, така што при првата неудобност тие мислат дека ќебето е само нивно.rn

    Лав

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак сакаат да уживаат во добриот живот исто како и Биковите. Нивниот идеален кревет е огромен и исклучиво нивни, но проблемот е што тие навистина не сакаат да спијат сами. Овие личности сакаат да бидат сакани, но претпочитаат да бидат пикнати во ќебето.rnrnКако длабоко посесивни личности, родените во овој хороскопски знак не се двоумат да си ја присвојат постелнината, барем несвесно, а „жртвување за другиот“ едноставно не е дел од нивниот речник.rn

    Скорпија

    rnКако интензивни и непознати суштества, Скорпиите се доста тешки за сфаќање. Тие сакаат да се гушкаат, но им треба и простор за нив. Иако можеби тоа нема да ви звучи подмолно, имајте на ум дека тие стратешки ќе го решат проблемот со ќебето, така што безмилосно ќе го извлечат од под вас веднаш штом ќе заспиете.rnrnЗошто го прават тоа толку лесно? Бидејќи веројатно ќе се разбудите среде ноќ, а Скорпијата ќе се преправа дека не знае што се случило. Потоа, пред самото утро, сепак ќе ве покрие за да изгледа како да се грижи за вас. Многу лукаво од нејзина страна.rnrnПогледнете кои хороскопски знаци тешко се снаоѓаат во ново или во големо друштво.

  • Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови

    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови

    Можеби некој од вас има забележано некои симболи во близина на влезната врата и веројатно сте чуле дека тие се поставени од потенцијални крадци. Но, дали сте знаеле дека тие имаат цела азбука на која комуницираат меѓу себе?rnrnСимболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домовиrnrnКриминалците стратешки ги поставуваат овие симболи на места кои се тешко забележливи. Вообичаено се ситни, околу 1 см, и се нацртани со креда, пенкало, макрер или со спреј. Ознаките можете да ги очекувате на ѕидот близу до ѕвончето или влезната врата, особено ако веќе таму има други шари, на поштенското сандаче, на оградата, под чергичето или ако се работи за куќа со двор, околу цвеќињата.rnrnПрепорачливо е да не ја споделувате алармантната ситуација со другите станари бидејќи секој е осомничен. Ако забележите чудни ознаки во близина на вашиот дом, направете слика, известете ги надлежните, исчистете ја ознаката за да му дадете на крадецот до знаење дека знаете за неговите планови, размислете за промена на бравата и евентуално инсталирајте камери, аларм или други сигурносни уреди.rnrnНе сме сигурни на кое ниво овие знаци се користат на нашите простори, но некои од поедноставните со сигурност може да се забележат на ѕидовите во станбените згради.rnrnПогледнете ја листата и бидете подобро подготвени доколку забележите ваков или сличен знак близу вашиот дом, кој во најмала рака би требало да ви предизвика сомнеж дека нешто не е како што треба.rnrn

    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    1. Врати се наскоро
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    2. Веќе ограбено
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    3. Сама жена
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    4. Полиција во близина
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    5. Внимавај на кучето
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    6. Невселено живеалиште
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    7. Може да се пробие
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    8. На одмор
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    9. Деца сами наутро
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    10. Само жени живеат овде
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    11. Многу добро
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    12. Не се ни обидувај
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    13. Нема ништо интересно
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    14. Лабаво за време на попладнињата
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    15. Празно навечер
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    16. Празно во јули и август
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    17. Употреби дигалка
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    18. Се отвора со пила
    rnrn
    Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
    19. Богати сопственици
    rnrnНаучете ги и овие 13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат.

  • 11-те најскапи предмети кои биле украдени

    11-те најскапи предмети кои биле украдени

    Иако многу од овие предмети се навистина големи и вредат милиони евра, овие посветени криминалци сепак успеале да ги украдат. Ова се најскапите предмети и уметнички дела кои биле украдени…rn

    1. Мона Лиза

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnСигурно сте слушнале за најпознатата слика на светот. Криминалецот Винчензо Перуџија работел во Лувр каде што е изложена сликата. Во 1911-та година тој се сокрил во еден орман до затворањето на музејот и вечерта избегал со сликата и со уште двајца мајстори. Сликата била пронајдена во 1913-та година кога Винчензо сакал да ја продаде во Италија. Ова е најскапиот предмет кој бил украден и вреди најмалку 2 милијарди евра.rn

    2. Емпаер Стејт Билдинг

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnНе, зградата не била крената и украдена, туку нејзиното земјиште. Во декември 2008-ма година New York Daily News украле 1,80 милијарди евра со лажни документи за префрлање на сопственост на земјиштето. Новинарите го направиле ова со цел да докажат дека имало дупка во законот за трансакции. Весникот ја вратил зградата на сопственикот, а законите потоа биле зајакнати.rn

    3. Давидоф-Морини Страдивариус

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnСтрадивариус е виолина која вреди 3,4 милион евра и била украдена од познатиот виолинист Ерика Морини. Виолината е направена во 1727-ма година од Антонио Страдивари и била украдена од станот на Морини во Њујорк. Во тој период Морини имал 91 година и починал брзо по кражбата. Виолината сè уште не е пронајдена и се наоѓа на листата на ФБИ за топ 10 уметнички кражби.rn

    4. Црвените чевли на Дороти

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnПознатите чевли на Дороти од „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz) биле украдени од музејот Џуди Гарлан во Минесота во 2005-та година. Чевлите вредат околу 2 милиони евра. Како и виолината, така и тие не се најдени, а еден анонимен донатор од Аризона понудил награда од речиси 1 милион евра за тој што ќе ги пронајде.rn

    5. Крикот

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnПостојат 4 верзии на познатата слика на Едвард Мунч. Најпознатата, која вреди 97 милиони евра, е завршена во 1893-та и се наоѓа во Националната галерија во Осло, Норвешка. Во 1994-та и во 2004-та година сликата била украдена и се барал надомест од речиси 1 милион евра. Барањето на криминалците било одбиено, тие биле фатени, а сликата се вратила во музејот.rn

    6. Коски од диносаурус

    rn11-те најскапи предмети кои биле украдениrnrnКрадците успеале да украдат и диносаурус. Ерик Прокопи ги украл скелетите на речиси 6 диносауруси од Монголија и ги шверцувал во САД. Коските вределе повеќе од 1 милион евра. Прокопи бил фатен од ФБИ и осуден на 3 месеци затвор. Коските биле вратени во Монголија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

    13 трикови што крадците ги користат за да ве измамат

    Уличните крадци не се само вешти со рацете, туку тие се и многу паметни психолози. Некои од нив имаат толку големо знаење од нивната „област“ што точно можат да проценат како да измамат некого. Дознајте кои се најчестите измами на уличните крадци за да можете да се заштитите доколку се најдете во таква ситуација…rnrn13 трикови што крадците ги користат за да ве измаматrn

    1. Случајно туркање на улица

    rnЕден од крадците „случајно“ се удира во жртвата, а другиот „случајно“ минува покрај нив и го зема паричникот од чантата или џебот на жртвата. Понекогаш крадците глумат дека се тепаат во јавност за да одвлечат нечие внимание.rn

    2. Трик со слушалки

    rnЛуѓето кои носат слушалки се многу лесен плен, бидејќи нивното внимание е веќе одвлечено благодарение на музиката. Најлесно е да се украде нивниот телефон. Крадците внимателно ги исклучуваат слушалките и го земаат телефонот. Љубителите на музиката најпрво ќе ги обвинат слушалките и ќе ги погледнат. Ќе им треба некое време за да сфатат што се случило. Овој метод најдобро функционира на автобуски станици кога луѓето губат концентрација поради тоа што ја бараат картата и не обрнуваат многу внимание.rn

    3. Храбри измами во јавен превоз

    rn

      rn011

    • Кога има гужва, доколку сте последниот човек кој се качил во автобусот и стоите до вратите, внимавајте на вашите работи. Има и такви крадци кои трчаат до вратите на автобусот секунда пред да се затворат и бесрамно ги грабнуваат работите што ги држите во раце. Кога ќе станете свесни што се случило, вратите веќе ќе бидат затворени.
    • rn011

    • Ако некој го нарушува вашиот личен простор, па дури и ве турка, никогаш не вртете му го грбот. Тоа им е целта на крадците. Вие ќе гледате кон другите луѓе и вашата чанта ќе биде на мегдан. Освен тоа, крадецот може да изгледа сосема невино. Тој може да зјапа во телефонот или да чита.
    • rn

    rn13 трикови што крадците ги користат за да ве измаматrn

    4. Трикови во ресторан

    rn

      rn011

    • Ако го закачите палтото на столче, тоа е исто како да ги молите нечесните луѓе да ве ограбат. Сѐ што ќе треба да направат е да ви го одвлечат вниманието. На пример, може да се случи тепачка на соседната маса. Додека вие уживате во шоуто, нивниот „соработник“ ќе ги собере вашите работи.
    • rn011

    • Ако го оставите палтото во јавен шкаф, сопственикот на палтото до вашето може да ви ги испразни џебовите. Тој ќе се преправа дека бара нешто во неговото палто.
    • rn011

    • Ако видите група луѓе како влегуваат заедно, но потоа седнуваат посебно и разговараат на телефон, можете да бидете сигурни дека се обидуваат да најдат нова жртва.
    • rn

    rn

    5. Трик со мапа

    rnПостојат крадци кои се преправаат дека се туристи. Тие ќе ви покажат мапа и ќе ве замолат да им покажете каде се наоѓа нешто. Додека вие искрено се обидувате да им помогнете, тие ќе ги испразнат вашите џебови и чанти. Треба да се посомневате доколку се обидуваат да ви ја доближат мапата до лицето што е можно повеќе.rn

    6. Метод на истурање

    rnОвој трик најчесто се изведува во близина на банкоматите. Крадците истураат пијалак или испуштаат сладолед на жртвата којашто само што земала пари. Потоа искрено се извинуваат, ѝ помагаат да ја исчисти облеката и ги празнат џебовите.rn

    7. Гладни деца

    rnДеца во мали групи влегуваат во ресторан. Сите делуваат гладно, изгледаат како бездомници и бараат помош. Додека вие ги жалите кутрите дечиња и барате нешто ситно, младите бизнисмени ќе земе сѐ што може од вашите маси и џебови. Најчесто ова е стапица за туристите што патуваат во странство.rnrn13 трикови што крадците ги користат за да ве измаматrn

    8. Продавање цвеќиња

    rnДали некогаш ви се доближил бездомник кој се обидувал да ви продаде цвеќе или кадифена играчка за многу ниска цена? Не купувајте дури и да ве молат, да се обидат да ве прегрнат или да се ракуваат со вас. Тие само се обидуваат да ви го одвлечат вниманието и да ви го земат рачниот часовник или да ви ги испразнат џебовите.rn

    9. Добротворни цели

    rnОдвреме-навреме можете да видите несебични луѓе кои се обидуваат да соберат потписи за петиција или да соберат пари за некоја хуманитарна цел. Додека вие ги читате брошурите или потпишувате нешто, еден од љубезните хуманитарци ќе ги собере вашите работи.rn

    10. Пијани и ранливи

    rnОвој метод функционира на луѓе кои пијат во барови, односно на оние кои не можат да размислуваат добро. Некој непознат човек ќе се обложи со вас дека може да ви ја погоди тежината доколку ве подигне. Додека ве држи, крадецот ќе ви го земе паричникот и телефонот. Не ви звучи многу паметно? Се кладиме дека ова би ви изгледало како генијална идеја доколку сте пиеле.rn

    11. Нудење помош

    rnОваа измама најчесто се користи на постари и изнемоштени лица. Крадците се понудуваат да им ги однесат тешките кеси и торби, потоа ги грабнуваат, бегаат и проверуваат дали има паричник.rn

    12. Стапица во продавница

    rnДоколку обично ја ставате чантата во корпата за пазарење, може да станете жртви на еден многу едноставен трик. Крадците срамежливо ќе побараат да им помогнете да најдат или дофатат одреден производ. Додека вие се обидувате да им помогнете и се концентрирате на задачата, работите од вашата чанта може да исчезнат. Ова ќе го дознаете дури кога ќе сакате да платите на каса.rn

    13. Кој е криминалецот?

    rnИзгледот знае да излаже. Сигурно познавате луѓе кои се прекрасни однадвор, но се однесуваат лошо и луѓе кои изгледаат просечно, но имаат огромно срце. Тешко ќе ги препознаете крадците само по нивниот изглед. Најчесто, тие немаат типично лице на криминалец. За да не бидете ограбени, бидете внимателни и наместо да ја судите книгата по корицата, обрнете внимание на однесувањето што ви се чини сомнително.rnrn13 трикови што крадците ги користат за да ве измаматrnrnДознајте и кои се најпознатите криминалци во историјата.

  • Препознајте ги и одбранете се од крадците на вашата енергија

    Препознајте ги и одбранете се од крадците на вашата енергија

    Многу често се случува одредени непријатни ситуации постојано да ни се повторуваат. Тоа е така затоа што не сме ја научиле лекцијата и не сме сфатиле што треба да смениме кај нас, затоа што надворешниот свет и другите луѓе не можеме да ги менуваме. Секојдневно сме опкружени со различни личности, кои различно влијаат на нас. Некои од нив ја поттикнуваат нашата позитивна енергија и нè мотивираме да чекориме напред, додека пак други, чувствуваме дека ни ја одземаат енергијата со самото нивно присуство. Препознајте ги и заштитете се од нив, затоа што тие ја крадат вашата енергија. По времето поминато со нив се чувствувате изморено и вашите глави се полни со негативни мисли. Научете како да се заштитите од нив.rnrn(1) Препознајте ги по описот: Одбранете се од крадливците на вашата енергијаrn

    1. Луѓе кои постојано се жалат

    rnДали во близина имате личност којашто постојано ви се жали? Без оглед колку ви е близок односот, таа личност кога и да ја видите секогаш има поплаки за нејзиниот живот, којшто го опишува како многу тежок, иако тоа не одговара на вашата перцепција. Со ваквите луѓе, колку и да се обидувате да започнете нова тема, тие секогаш разговорот ќе го свртат кон нив и кон нивниот „неподнослив живот“.rnrnТоа што е најчудно е што овие луѓе живеат еден сосема нормален живот, но се склони кон драматичност и најмногу сакаат да се фокусираат на „тешките“ моменти и ситуации со кои се соочуваат. И покрај обидите да им дадете совет, до нив вашите зборови не допираат. Тие ќе ве ислушаат што имате да им кажете, но на крајот сепак ќе најдат изговор зошто не се во можност да го направат тоа. Овие луѓе многу лошо влијаат врз средината. Тие ја крадат енергијата, па токму затоа по средбата со нив, или доколку поминувате повеќе време заедно на работа, факултет, училиште или пак се членови на вашето семејство, се чувствувате истоштено и изморено.rn

    2. Испитувачи

    rnМожно е во текот на животот да сте наишле и на ваков тип луѓе. Разговорот со нив може да биде многу напорен. Тие не разговараат за да се дружат, да ги поделат личните искуства или да ги ислушаат останатите, туку нивната цел е самиот разговор. Тие најчесто водат многу специфичен разговор, затоа што ќе ви постават безброј прашања кои не водат никаде.rnrnЌе ја преиспитуваат секоја ваша реченица, а вие ќе се најдете во ситуација во која мора да се правдате за тоа што го говорите и да продолжувате да зборувате без крај. Разговорот со таква личност е бесмислен, бидејќи никогаш и ништо не можете да ѝ докажете. Нејзината цел е само да ја украде вашата енергија, без оглед дали тоа го прави свесно или несвесно. Немојте да аргументирате, затоа што тоа ќе биде залудно.rn

    3. Недостапни карактери

    rnОвие луѓе секогаш се обидуваат да привлечат внимание, а кога некој друг сака да ги ангажира во разговорот или да започне одредена интеракција со нив, тие се повлекуваат. Ја фрлаат јадицата, но никогаш не прават нешто конкретно за да воспостават нормален однос, туку само наметнуваат теми, за кои лично не сакаат да зборуваат. Еден таков пример се луѓето кои ќе започнат разговор и преку прашања ќе ве убедат да им дадете искрен одговор, а кога вие ќе го свртите вниманието кон нив, тие не одговараат на прашањата и се повлекуваат од разговорот.rn

    4. Застрашувачи

    rnОва се луѓе кои преку застрашувачки изјави и чудно однесување сакаат да предизвикаат страв кај соговорникот или луѓето во околината и на тој начин ја црпат од нив позитивната енергија. Но, нивните зборови и гестикулации ретко преминуваат во дела. Кога би дејствувала вистински, таквата личност би ја изгубила енергијата, а тоа е спротивно на тоа што ним им треба. Тие едноставно сакаат да ја црпат туѓата позитивна енергија.rnrn(2) Препознајте ги по описот: Одбранете се од крадливците на вашата енергијаrn

    Енергетски вампири

    rnМожеби овој израз ви звучи смешно или бизарно, но сите горенаведени типови на луѓе се енергетски вампири. Затоа што тие и буквално го прават тоа, се хранат со туѓата енергија.rnrnВеројатно се прашувате зошто го прават тоа? Затоа што се празни. Немаат храброст да се соочат со самите себе и да ги решат своите проблеми, да ги најдат изворите на своите проблеми, поради што се хранат со туѓите животни приказни. Колку и да се обидувате да ги убедите дека тоа што го прават не е во ред, тие нема да го прифатат советот, затоа што се дупка без дно. Тие луѓе, најчесто, се многу несреќни и исплашени, а поголемиот дел од нив несвесно ја крадат туѓата.rn

    Како да се одбраните од луѓето кои ви ја крадат енергијата?

    rnЗа почеток, морате да сфатите дека никому не сте должни ништо. Кога станува збор за вашата енергија, не сте им должни ниту на најблиските членови на вашето семејство. Верувајте, доколку застанете на патот и не дозволувате повеќе да ви ја црпат енергијата, на овие луѓе нема ништо лошо да им се случи, тие ќе најдат нова жртва. Мора малку да се потрудите и да го прекинете тој процес, којшто нема крај. Најпрвин мора цврсто да одлучите дека сакате да се ослободите од овие луѓе. Потоа, откако сте си разјасниле во главата дека тие луѓе лошо влијаат на вас, кога сте во нивна близина можете да направите некоја од овие работи:rn

      rn011

    • Прекрстете ги рацете и нозете (секако доколку седите). Луѓето кои се занимаваат со говорот на телото таквата положба ја нарекуваат одбранбен став. Со тоа се оградувате од вашиот соговорник, не само физички, туку и на енергетско ниво.
    • rn011

    • Ставете ја десната дланка врз вашиот папок, а преку неа и левата. Со тоа исто така ја блокирате кражбата на енергија.
    • rn011

    • Замислете си стаклено ѕвоно околу вас. Без оглед колку некој седи блиску до вас, замислете се себеси под стаклено ѕвоно кое ве штити од негативната енергија.
    • rn

    rnРезултатите ќе ги почувствувате веднаш. Немојте да се заморувате со идејата дека мора секогаш да бидете љубезни. Направете една од наведените техники, а крадците ќе забележат дека се оградувате и ќе ја прекинат комуникацијата.

  • Викенд книга: „Крадци и проститутки“ – Рута Шепетис

    Викенд книга: „Крадци и проститутки“ – Рута Шепетис

    Потсетник за ужасно и мрачно време од историјата, случувања толку тажни и болни што одат рамо до рамо со трагедиите од нацистичка Германија

    rnrn

    Наша оценка: 9

    rnrn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrn1-kniga-kradci-i-prostitutki-ruta-shepetis-kafepauza.mkrnrnСветот премногу пати бил сведок на грозотиите за кои е способен човечкиот род. За жал, сè уште страдаме од себичност, ненаситност и деструктивна желба за моќ, притоа многу ретко погледнуваме наназад за да се потсетиме на минатото, на поуките кои сме требале да ги извлечеме и на страдањата за кои многумина ветиле дека нема да се повторат. „Крадци и проститутки“ е потсетник за ужасно и мрачно време од историјата, случувања толку тажни и болни што одат рамо до рамо со трагедиите од нацистичка Германија.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnОд првата до последната страница книгата го опишува мачното патување на семејството Вилкас и на илјадници други семејства од Литванија, Летонија и Естонија, протерани од нивните домови за време на владеењето на Јосиф Сталин. Главниот лик, петнаесетгодишната Лина Вилкас раскажува за патувањето од цели 440 дена од нејзиниот роден град Каунас, Литванија, пa сè до крајот на светот – Трофимовск, Северен пол. Професори, наставници, научници, библиотекари, доктори – најугледните и најдостоинствените семејства обвинети за криминални злодела кои никогаш не ги направиле, напикани во гнасни камиони за превоз на стока, депортирани и распоредени во кампови сè до Северниот пол каде што робуваат цела декада и повеќе. Најголем дел од нив никогаш не се враќаат дома.rn
    rn

    „Ја затворив вратата од тоалетот и си го погледнав лицето во огледалото. Тогаш не бев свесна колку брзо ќе се смени, колку брзо ќе избледи. Да бев, ќе погледав во мојот одраз малку подолго, ќе дадев сè од себе да го запомнам. Но тогаш не знаев дека тоа ми беше последен пат како се гледам во вистинско огледало подолго од една декада.“

    rnЛина раскажува за ужасните и нечовечни услови во кои биле принудени да патуваат до кампот Алтаи во Сибир, а потоа и до Северниот пол, омразата на советските војници кон нив, изгладнувањето, болестите, но најтешко од сè, губењето на најблиските. Хоророт започнува уште на почетокот, пред да бидат депортирани надвор од Литванија… мажите ги двојат од семејствата, младите момчињата мора да се преправаат дека се ментално заостанати за да останат со нивните мајки, а пак тие за да си ги задржат децата барем во истиот камион, ги поткупуваат војниците со она малку што успеале да го земат од своите домови пред да ги протераат. Камионот на Лина, обележан со табла на која пишува „крадци и проститутки“ застанува пред градската болница пред да тргне на пат, војниците насилно ја извлекуваат младата Литванка која штотуку родила и заедно со нејзиното бебе ги фрлаат во камионот. Дури и оние кои не се свесни што се случува до тој момент, сега сфаќаат дека се практично осудени на смрт.rnrnКнигата на почетокот била наменета за помлада публика, авторката Рута Шепетис која и самата има литванско потекло сакала да ги запознае младите со ова важно парче историја, со вистината за комунизмот на Сталин и со трагедиите кои биле скриени од светот. Ликовите се одлично изградени и многу брзо ќе се поврзете со нив, што секако го прави уште потешко читањето за мизеријата која ја доживеале. Прекрасната и силна Елена, мајката на Лина, која дури и во најтешките времиња успева да се бори и да го задржи својот дух, Јонас, братот на Лина кој од десетгодишно момче се претвора во измачена и изгладнета стара душа, Лина и нејзиниот талент за цртање, спомените од нејзиниот претходен живот, луѓето од камионот и кампот со нивните тажни судбини… нивните разговори и размислувања ќе ви одѕвонуваат во глава долго откако ќе ја прочитате книгата.rnrnОва е од оние книги кои ме потсетуваат дека навистина за сите трагедии што ни се имаат случено сме самите криви. Човекот му е најголем непријател на човекот. И кога сето зло би ја напуштило планетата сега, ќе ни требаат векови добрина да надоместиме за сето страдање кое сме си го предизвикале. Само за потсетување, се смета дека само Сталин е одговорен за смртта на повеќе од 20 милиони луѓе.rnrnЗа крај, англискиот превод од книгата е „Between Shades of Gray“ што секако ме потсети на целава еуфорија со „50 Shades of Gray“ и искрено, кога ќе се сетам уште колку многу важни книги како оваа ме чекаат да ги прочитам, сфаќам дека веројатно никогаш нема да најдам време ниту желба за оваа другава.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 8 март 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • Најсигурниот велосипед – проверете зошто

    Најсигурниот велосипед – проверете зошто

    Седиштето на овој велосипед има двојна намена. Едната ви е добро позната, а другата штити од крадци. 🙂 За неколку секунди, повлекувајќи го наназад, тоа се претвора во сигурносна брава и го блокира тркалото.rn(1) Најсигурниот велосипед - проверете зошто ;)Навистина креативна и практична идеја, која барем малку ќе им го отежни животот на крадците на велосипеди. Секако нема да ги спречи да го украдат, бидејќи сè уште можат да го кренат и да го однесат.(2) Најсигурниот велосипед - проверете зошто ;)Ако сте еден од оние кои често остануваат без велосипедот, можеби е време да набавите еден ваков. Посигурен е, или барем покул. 😉(3) Најсигурниот велосипед - проверете зошто ;)(4) Најсигурниот велосипед - проверете зошто ;)(5) Најсигурниот велосипед - проверете зошто ;)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златен ретривер му го чува велосипедот на газдата

    Златен ретривер му го чува велосипедот на газдата

    Заборавете на синџири и катанци, најдобар начин како да го заштитите својот велосипед од крадци, е да набавите златен ретривер кој ќе ви го чува постојано.rnrnЗлатен ретривер му го чува велосипедот на газдатаrnrnКинезот по име Лу Венконг не мора да го врзува својот велосипед кога оди до продавница, бидејќи неговото куче Ли Ли одлично го чува. Мештаните од градот Нанинг веќе се навикнати на ова интересно однесување на кучето. Сопственикот Лу тврди дека Ли Ли знае да брои, да го фрла ѓубрето и да ги носи кесите со купените производи.rn
    rn

    „Кога го паркирам велосипедот, кучето ги префрла своите шепи преку него, штитејќи го од крадците. Тој е многу паметно куче со кое разговарам постојано и кое секогаш ме разбира.“ – вели Лу Венконг

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

    Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

    Американската ТВ куќа „ABC Family“ најави дека ќе се снима нов дел, петти по ред, од филмот „Сам дома“. Како што пренесуваат холивудските медиуми, филмот насловен како „Сам во мракот“ премиерно ќе биде прикажан за Божиќ, 2012 година.Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“Јунак во новиот дел ќе биде осумгодишниот Фин, а улогата ќе ја толкува Кристијан Мартин. Тој ќе биде убеден дека неговата куќа е опседната со духови. Додека неговите родители се на другиот дел од градот, тој и неговата сестра, која ќе ја толкува Џодел Ферланд, ќе останат сами во нивната куќа. Па така, тој ќе поставува замки кои ќе бидат наменети за „духовите“, а од нив всушност ќе страдаат тројцата крадци, улоги кои ќе ги толкуваат Малком Мекдауел, Деби Мејзар и Еди Стиплс.rnrn

    Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“
    Кристијан Мартин
    rnrnПрвиот дел „Сам дома“ во кој глуми Меколи Калкин е снимен во 1990 година, а две години покасно беше прикажано и второто продолжение. Двата дела доживеаја огромен успех. За разлика од првите два дела третиот и четвртиот дел не го постигнаа истиот ефект кај публиката, а интересно е да се напомене дека во третиот дел снимен во 1997 година, глуми и тогаш малата Скарлет Јохансон. Четвртиот дел од филмот беше прикажан во 2002 година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дивиот свет на Африка низ фотографии

    Дивиот свет на Африка низ фотографии

    Фотографот Ник Бренд, по потекло од Лондон, првпат имал прилика да се запознае со убавините и дивиот свет на Африка во далечната 1995 година, кога на овој континент снимал музички спот. Во 2000 година, тој ја сменил својата пасија и почнал да фотографира. Оттогаш до денеска тој има направено прекрасни фотографии поврзани со дивите животни на овој континент и нивното десеткување.rnrnДивиот свет на Африка низ фотографииrnrnНеговиот последен сет слики направени во црно-бела техника се навистина потресни, а на нив се прикажани ловокрадците на слонова коска, трупови и коски на убиени животни, како и дел од оние кои сè уште се движат по земјата. Повеќе од 60 фотографии од оваа колекција ќе бидат изложени во музејот „Fotografiska“ во Стокхолм, до 8 јануари 2012.rnrnДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографииДивиот свет на Африка низ фотографии
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.