КАФЕ ПАУЗА

Tag: ковчег

  • Се сеќавате на масивниот саркофаг што бил затворен 2.000 години? Само што го отворија!

    Се сеќавате на масивниот саркофаг што бил затворен 2.000 години? Само што го отворија!

    Пред една недела пишувавме за масивен саркофаг што бил пронајден во Александрија, Египет. Големиот црн ковчег, кој не бил отворен повеќе од 2.000 години, го привлече вниманието на целиот Интернет каде што луѓето се поделија во две категории – оние што сакаат по секоја цена да дознаат што има внатре и оние што се плашат дека со отворањето на саркофагот ќе се ослободи темна сила над нашата контрола, нешто како приказната во филмот „Мумија“ (Mummy).rnrnrnrnИзгледа дека желбата на првата група надвладеа, бидејќи научниците го отворија саркофагот. Исто така имаме и добри вести за втората група – Врховниот совет за антиквитети ги поби сите урнебесни гласини за можни клетви (што настанаа најмногу од хистерични таблоиди во Велика Британија, а од таму се проширија низ целиот свет). Во името на науката, саркофагот се отвори и планетата продолжи да си живее на истиот начин како и претходно.rnrnrn

    „Саркофагот е отворен, но сè уште не сме удрени од клетва“, шеговито изјавил генералниот секретар на Советот, Мостафа Вазири. „Во него пронајдовме три распаднати мумии, за кои веруваме дека биле воини. Еден од черепите има знаци за фрактура од остар објект. Исто така, саркофагот беше полн со црвена вода од канализација, што навлегла внатре од пукнатина, па тоа и предизвикало мумиите да се распаднат.“

    rnrnrnСоветот за антиквитети е во процес на тестирање на мумиите со цел да откријат во која ера припаѓале. Тие не веруваат дека биле дел од кралско семејство, бидејќи немало злато или сребрени маски, ниту пак амајлии или статуи кои би укажувале на ова. Исто така нема ни запис на саркофагот на кои стојат нивните имиња.rnrnrnrnДодека чекаме да се заврши ова тестирање, погледнете ги и останатите фотографии од пронајдоците.rnrn

  • Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

    Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?

    Полскиот произведувач на ковчези Збигниев Линднер објавил секси календар со убави моделки, кои заведувачки позираат покрај неговите производи – ковчезите. Моделките се топлес или облечени во секси долна облека, бикини или корсети, прикажани во некои морбидни надреални сцени.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Компанијата има за цел да ја покрене популарноста на своите производи и да го зголеми својот приход со својот мрачно-еротичен календар.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?
    rn

    „Идејата беше на син ми за создавање на ваков календар“ – вели сопственикот на компанијата. „Решивме да направиме нешто половина сериозно, разнобојно и убаво, што ќе ја истакне убавината на полските девојки и убавината на нашите ковчези.“

    rnСексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Линднер смета дека ваквите секси фотографии ќе го оттргнат теолошкото значење од умот на потрошувачите во однос на ковчезите.rn
    rn

    Сакавме да покажеме дека ковчезите не се религиски симбол. Тие се производ. Зошто луѓето се плашат од ковчези, а не од бизнис костими, козметика или накит?“ – додава тој

    rnСексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Според ова, може да се каже дека сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези, со оглед на тоа што Линднер веќе неколку години по ред изработува секси календари за својот производ. Тој се продава на веб-сајтот на компанијата, а секој којшто ќе го нарача, ќе добие и компатибилен приврзок за клуч во облик на ковчег.Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сепак, Католичката црква смета дека ваквиот календар е несоодветен. Нејзин претставник изјавил дека човечката смрт треба да се третира сериозно, а не како да е нешто забавно и не треба да се меша со сексот.rnrnСледните фотографии, се од календарите на компанијата од изминатите неколку години:Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?Сексот продава сѐ, дури и мртовечки ковчези?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Закопан (Buried)

    Закопан (Buried)

    Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrnЗакопан (Buried)Режија: Родриго КортесrnrnСценарио: Крис СпарлингrnrnУлога: Рајан РејнолдсrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. Закопан (Buried) За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Закопан (Buried)Закопан (Buried) Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Закопан (Buried)Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.Закопан (Buried)

    rnrn

    rn

    rn

    Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    rn

    rn