Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, тогаш ние го имаме одговорот кој го баравте.rnrnrnrnF1– го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.rnrnF2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.rnrnF3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.rnrnF4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.rnrnF5– Овозможува освежување на страницата или документот.rnrnF6– Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.rnrnF7– Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.rnrnF8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.rnrnF9– Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.rnrnF10– Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.rnrnF11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.rnrnF12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.
Секој што некогаш облекол кошула забележал дека копчињата се на различна страна во зависност од тоа дали се работи за машка или женска кошула. Веројатно не сте размислувале многу за ова, но постои навистина интересна приказна која објаснува зошто е тоа така.rnrnrnrnОткриено е дека овој моден тренд потекнува уште од периодот кога копчињата биле измислени, односно околу 13-тиот век. Имено, само богатите жени можеле да си дозволат копчиња на нивните кошули. А во тој период сите богати дами, имале и слугинки. Па така, има смисла копчињата да се на другата страна, бидејќи некој друг им ја закопчувал облеката.rnrnСо оглед на тоа што денес речиси сите се облекуваме сами, можеби е време да се промени овој тренд. Во секој случај, станува збор за интересен историски податок кој зборува за начинот на живот и секојдневните навики на луѓето од минатото.
Сè што ќе ви биде потребно е малку време, внимание и креативност за да донесете насмевки на лицата на вашите најсакани.
rnМајките се хероини. Една мајка сподели со нас што направила во својот дом за да си ги израдува децата, и ние со ќеф ви го пренесуваме вам. Доколку имате малку време, ножички, лепак и материјали, овие преслатки и фацести снешковци ќе станат дел од новогодишните декорации во вашите домови.rnrnrn
Потребно (за 2 снешковци):
rn
rn011
2 м бела салфетка (се наоѓаат во цвеќарите)
rn011
60 цм црвена салфетка
rn011
30 цм црна салфетка
rn011
2 новогодишни или зимски капчиња
rn011
Памук
rn011
2 гранчиња од зимзелено дрво (природни или вештачки)
rn011
Ножици
rn011
Силен лепак
rn011
Игла и бел конец
rn
rnrnrn1. Најпрво од црната салфетка исечете копчиња, очи и веѓи за снешковците.rnrn2. Од црвената салфетка исечете два шалови и две ленти, како и уста и нос за двата снешковци.rnrn3. Од белата салфетка се сечат одделно двата метри (за еден снешко е потребен 1 метар). Земете ја салфетката и преклопете ја на пола (во висина). Со игла и конец зашијте го долниот дел и едната страна. Сега белата салфетка треба да изгледа како вреќа.rnrn4. Наполнете ја вреќата со многу памук. Наместо памук може да ја искористите внатрешноста на стара перница која нема да ви биде потребна.rnrn5.Со лента од салфетките, украсна лента или конец внимателно врзете ја вреќата на врвот.rnrn6.Со лентата од црвената салфетка заврзете го долниот дел од вреќата (за да изгледа како најдолната топка снег). Со подолгата лента наменета да изгледа како шал, врзете ја вреќата погоре, со што ќе разделите уште една топка а истовремено ќе изгледа како шал на снешкото.rnrn7.Внимателно залепете ги копчињата, очите, веѓите, устата и носот.rnrn8.На шалот (по избор) ставете едно зимзелено гранче.rnrn9. За крај, ставете му капа на снешкото, која може да ја зашиете со игла и конец за да не паѓа.rnrn10. Истата постапка повторете ја за да го направите другиот снешко. Доколку имате плус материјал, може да направите повеќе снешковци во различни големини.rnrnrnrn rnrn
Плетените алки се вистински хит во зимските денови. Ги има во многу различни модели и варијанти, плетени од волница или од конци за везење, со разни додатоци како копчиња, монистра или пак плетени цветови, кратки или долги и комбинирани со други материјали.rnrnrnrnЗависно од моделот може да се носат баш како алки или пак како манжетни на двете раце. Направивме селекција на најубавите модели, па повелете инспирирајте се и бидете креативни во текот на вашето слободно попладне.rnrn rnrn
Изработката на нов накит во домашни услови е одличен начин да се биде креативен и да се заштедат пари. Наместо да си го „олесните“ паричникот, вашата колекција за накит збогатете ја така што ќе ги искористите старите копчиња од разни видови облека или накит кој излегол од мода.rnrnОва е туторијал низ слика со чија помош ќе си направите ново ланче без да трошите пари. Сè што ви треба е парче ткаенина, игла, конец, течен лепак, синџирче и неколку копчиња.rnrnЗабавувајте се и бидете креативни!rnrnrnrn rnrn
Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.rnrnДејвид БекамrnrnУпотребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.rnrnМерлин МонроrnrnМајкл ЏексонrnrnБоно ВоксrnrnСалвадор ДалиrnrnСтив ЏобсrnrnМарк ЦукербергrnrnНелсон МанделаrnrnБоб Марлиrnrn
Наместо да купувате чанти кои се во мода како што доаѓа секоја сезона, со набори, со циркони, мали или големи… зошто да не инвестирате во спектакуларна чанта која ќе ја сакате засекогаш? Прочитајте ги кратките совети како да купите класична чанта која е сè, само досадна не.rn.rn
Обликот на чантата што ќе ја купите, треба да биде во согласност со вашиот изглед. Колку повеќе облини имате, толку поструктурирана треба да биде вашата чанта.
rnrn
Погледнете ги рабовите на чантата
rn
Ако сакате да имате чанта која ќе ја носите и сакате секогаш, тогаш треба да обрнете внимание на нејзините рабови. Тие треба да бидат цврсти, со рамни линии и никако да не бидат лабави.
rnrn
Погледнете ја внимателно внатрешноста на чантата
rn
Кога ќе најдете чанта која ви се допаѓа, отворете ја и погледнете внатре во неа. Дали правилно работи патентот, дали убаво се закопчуваат копчињата, дали конците се убаво притегнати? Ако видите дека нешто не е во ред, оставете ја чантата и барајте друга.
rnrn
Избегнувајте додатоци
rn
Тренди елементите на чантата може да изгледаат убаво, но дали ќе бидат во мода следната сезона? Затоа, размислувајте класично, но не досадно. Кога купувате чанта, секогаш одбирајте квалитетни кожни чанти, кои ќе може да ги носите секогаш и во секоја прилика. Дури и да одберете класична црна, кафена или црвена чанта, изгледот секогаш може да го комплетирате со тренди накит, чевли во боја, некој убав шал или марама во боја.
Модната индустрија е машинерија која отсекогаш работела со полна пареа. Она што го носиме денес, сигурно не е измислено во 21-от век. Погледнете неколку модни факти кои се интересни и забавни.rn
Сите сме виделе копчиња на ракавите од јакните, но малку од нас знаат дека тоа е идеја на Наполен Бонапарта. Во времето кога тој владеел, на своите кројачи им нарачал да сошијат копчиња на ракавите, со цел да не им се одвлече вниманието на војниците ако нивните ракави „летаат“ на сите страни.Денес, модата за децата е еднакво важна како и модата за мажите и жените. Но, дали знаевте дека трендот децата да бидат убаво и модерно облечени се развил пред 200 години? Пред тоа децата морале да носат помали примероци од машките и женските дизајни.Сѐдо 19-от век немало манекенки, па дизајнерите своите креации ги изложувале на мали кукли. Тоа всушност било добра идеја, бидејќи така тие не трошеле пари на манекенки, модни шоуа, а за да се презентира еден модел било потребно малку материјал.Во времето на рускиот цар Петар во Русија, се плаќало данок за израсната брада. За разлика од тогаш, денес брадата се смета за дел од личниот стил и начин на живот.Модерната танга за прв пат била дизајнирана во Њујорк, по нарачка на градоначалникот Fiorello Henry La Guardia. Градоначалникот се изненадил кога видел дека танчерките танцуваат без долна облека, па така нарачал да се сошијат мали гаќички со кои ќе се покрие голотијата.Во 1850 година, 70% од луѓето шиеле облека која самите ја носеле. Модата не била важна, но удобноста била клучна. Денес, модата е исклучително важна, а рачно изработените материјали се најценети на пазарот и нивната сума е висока заради ексклузивитетот кој го имаат.Модерната жена не може да живее без накит. Но, треба да се знаедека мажите се тие кои први почнале да носат накит, со цел да го истакнат нивниот социјален статус во општеството.Денес, природните веѓи се во мода, но за време на ренесансата жените ги бричеле веѓите. Пример за тоа е Мона Лиза.