КАФЕ ПАУЗА

Tag: контакт со очи

  • Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

    Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

    Говорот на телото, исто како и зборувањето, е важен дел од секојдневната комуникација. Затоа, важно е да ги препознаеме лошите навики поврзани со пораките кои нашето тело ги испраќа кон соговорниците и истите да ги промениме.rnrnГовор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги променимеrnrnВашиот изглед додека нешто зборувате, изразите на лицето, положбата на рацете, поднаведнувањето на грбот… сето ова влијае на вкупниот впечаток како другите ќе ве перципираат и колку сериозно ќе ве сфатат.rnrnНекои навики и движења се толку влезени во рутина, што не ги ни забележуваме, ниту сме свесни дека ги правиме, но можат да бидат огромна грешка кога е во прашање говорот на телото. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете овие навики и како истите да ги промените…rn

    1. Ситни движења и гестикулации со рацете и стапалата

    rnАко ви влегло во навика да ги испреплетувате прстите, да ги триете едни од други или пак да тапкате со стапалото додека разговарате, на овој начин на соговорникот му презентирате нервоза и чувство на пониска моќ.rn

    2. Играње со косата

    rnЧесто кога е стресот во прашање, посегнуваме по прамен коса и го истегнуваме и вртиме околу прсти. Тоа може да го дефокусира соговорникот, но и да ја оштети косата. Обидете се да се ослободите од стресот на друг начин.rn

    3. Заземање одбранбен став

    rnМногу луѓе инстинктивно ги прекрстуваат рацете или се наведнуваат над соговорникот. Оваа положба изгледа несигурно и одбранбено и воопшто не ве прави доверливи. Наместо тоа, користете ги рацете за гестикулација. Исто така, не кријте ги зад грб, бидејќи тоа го прави соговорникот сомничав.rnrnГовор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги променимеrn

    4. Премногу движења со рацете

    rnДвижењата на рацете и главата доаѓаат инстинктивно кога точно знаете што сакате да постигнете, но не и кога треба да се одглуми некој говор или став. Поради тоа, не ги применувајте сите совети што ги наоѓате во статии и видеа кои треба да помогнат за поефективен говор на телото, бидејќи ако изгледаат како кореографија, ќе го имаат токму спротивниот ефект.rn

    5. Несигурно одење со влечкање

    rnНачинот на кој одиме по улица нè прави потенцијална мета на криминалци. Статистички, крадците и напаѓачите се повлекуваат ако личноста се движи со константен чекор, исправено и сигурно. Затоа, движете се сигурно и рамномерно, наместо да се влечкате, како на улица, така и низ животот.rn

    6. Израз без насмевка

    rnНасмевката покажува самодоверба, пристапност и енергичност. Таа е како огледало на она што се случува во нашата душа. Кога треба да покажете авторитет, подобро насмевнете се, наместо лицето цело време да ви е згрчено во еден израз.rn

    7. Дефокусирање и намалена концентрација

    rnКога разговараме со некого, правилно е да сме фокусирани на разговорот, наместо на звуците и случките наоколу. Некои луѓе лесно се деконцентрираат, но секое вртење по нешто друго, особено за време на разговор, покажува непочитување и незаинтересираност.rnrnГовор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги променимеrn

    8. Наведнување и искривување на телото

    rnСтоењето (и седењето) исправени веќе завршува голем дел од впечатокот кој го оставаме кај другите. Иако да се биде искривен или легнат на работното биро е многу полесна положба отколку седењето исправени, тоа може да остави впечаток на намалена самодоверба, но и да донесе здравствени проблеми во иднина.rn

    9. Погрешен контакт со очите

    rnКонтактот „очи во очи“ со соговорникот треба да биде умерен и стабилен. Голема грешка е ако е премногу агресивен и упорен, но исто така не смее да биде и блед, како да гледаме низ соговорникот. Првото покажува несигурност, но решителност да се наметне став, додека второто е знак на незаинтересираност.rn

    10. Да бидете здрвени за време на разговорот

    rnКога нешто сакате да го работите по однапред смислено сценарио, многу е веројатно дека нема да се одвива природно и дека ќе вклучува многу глума. Во обид да не се погреши, луѓето го вкочануваат телото и речиси и не мрдаат за време на разговорот, особено ако се работи за интервју за работа, каде често е присутна и тремата.rn

    11. Некоординирана вербална и невербална комуникација

    rnОваа точка може да произлезе како заклучок на претходните, односно ако однесувањето што го манифестираме не е во координација со зборовите што ги кажуваме, вкупниот впечаток може да биде дека или кажаното не е вистина или дека недостасува самодоверба кај говорникот.rnrnОвие навики можат да влијаат во многу ситуации, почнувајќи од најобичен разговор со пријател, па сè до многу посериозни настани како што се состаноци или интервјуа, но и воспитување деца. Поради тоа, говорот на телото никогаш не смее да биде планиран и однапред смислуван, за да се избегне оддавање впечаток на несигурна и нервозна личност.rnrnДоколку пак, сте на другата страна и треба да го процените соговорникот, прочитајте ги и 4-те начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото.

  • Говорот на очите: Што открива неговиот поглед?

    Говорот на очите: Што открива неговиот поглед?

    Говорот на телото, односно говорот на очите може да каже многу повеќе од неговите зборови. Гледајќи го во очи можете да откриете колку вистина има во тоа што ви го зборува. Научете што значи секој од овие 8 погледи и постанете мајстор за читање на мажите.rnrn1-govorot-na-ochite-shto-otkriva-negoviot-pogled-kafepauza.mkrnrn1. Поглед нагоре и влево – Искрен е кога ви вели дека синоќа заспал на каучот, па затоа не ви одговорил на пораката.rnrn2. Поглед нагоре и вдесно – Се обидува да смисли некој добар изговор зошто синоќа не ви одговорил на пораката.rnrn3. Поглед надолу и влево – Ако е во тек на некоја расправија, го занемарува вашиот предлог.rnrn4. Поглед надолу и вдесно – Вашиот предлог го зема предвид.rnrn5. Директно во очи – Го цени вашето мислење.rnrn6. Избегнува поглед во очи – Тоа е обично знак за некој вид страв, посебно ако сакате да шефувате.rnrn7. Во вас, па малку зад вас – Не, можеби навистина не гледа што се случува зад вас бидејќи вие не сте му интересна, туку открива дека не е многу вешт во комуникацијата.rnrn8. Право пред себе – Кога нешто го прашувате, а тој гледа право пред себе, тоа најчесто значи едно – сака да ја избегне споменатата тема.

  • 13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во вас

    13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во вас

    Доколку се фокусирате на она што вашите очи и очите на вашиот партнер го говорат ќе можете да забележите огромна љубов искажана преку благодарност, фасцинација и безбедност. Начинот на кој вашиот партнер ве гледа, учи за вас и ве разбира е вистинскиот индикатор дека вие сте многу посебни за него/неа. Тие можат да го стоплат вашето срце, да ви искажат голема благодарност и да ви кажат колку ве љубат со само еден магичен поглед. Поглед кој секоја личност од страна е во можност да го забележи. Со мало набљудување и вие исто така можете да го декодирате овој „визуелен јазик“ кој го говорат очите на вашиот партнер…rnrn13 начини на кои ве гледа само онаа личност која е заљубена во васrnrn1. Додека седите еден спроти друг на маса, повеќе гледате во очите на вашиот партнер отколку во чиниите. Природните манири за како јадете, ја држите виљушката и се однесувате помеѓу залаците е многу поважно во очите на вашиот партнер отколку храната.rnrn2. Кога носите нешто што на вашиот партнер му се допаѓа, вие ќе забележите како неговите/нејзините очи се движат нагоре-надолу, восхитувајќи се на она што го гледаат пред себе. За време на моментите на интимност, дозволете му/ѝ прво да ве собуе со очите, овозможувајќи тензија и возбуда.rnrn3. Ако тие побарале да имате однос со вклучено светло, тоа се случува затоа што сакаат да ве гледаат на начин кој е наменет само за нивните очи. Има големи шанси дека оној дел од вашето тело за кој се чувствувате најмалку сигурно е она што тој/таа најмногу го обожава. Дозволете им на нивните очи да ги прифатат вашите мали совршени несовршенства.rnrn4. Дозволете моменти на долго одржување контакт со очите. На овој начин и вие и вашиот партнер ќе ги забележите суптилните фацијални експресии и гестови кои ги правите во тишина и ќе научите како меѓусебно да ги си читате емоциите од лицето.rnrn5. Како што лежите еден покрај друг пред спиење, почнете да разговарате преку контактот со очите. Вие на овој начин ќе ги искомуницирате и најинтимните мисли без да кажете ниту еден збор.rnrn6. Ви се случило ли да се разбудите и да забележите дека вашиот партнер ве гледал како спиете? Ова се случува затоа што тој/таа ги цени вашите заеднички моменти.rnrn7. Како што седите еден покрај друг во кола, автобус или воз, обидете се да забележите колку пати тој/таа гледа во вас. Овие мали погледи ви покажуваат дека вашето присуство се цени во текот на целиот пат.rnrn8. Кога е време да се каже збогум, обидете се да го одржите контактот со очите малку подолго со цел да му/ѝ дадете до знаење дека ќе сака да се врати за повеќе.rnrn9. Кога се чувствувате непријатно, загрижено или ви е потребна поддршка, очите на вашиот партнер инстинктивно ќе ги најдат вашите, така што ќе ви покажат дека тој/таа е тука за вас.rnrn10. Кога се чувствувате среќни, мирни и како да се постигнале нешто, очите на вашиот партнер повторно ќе се најдат со вашите, кажувајќи ви колку тој/таа е горд на вас.rnrn11. Кога ги споделувате вашите лични тајни, неговите/нејзините очи нема ве осудуваат. Наместо тоа, вие ќе можете да ја почувствувате довербата која се појавува во нив.rnrn12. Колку поотворени се чувствувате во присуството на вашиот партнер, толку повеќе и неговите/нејзините очи и срце ќе се отворат бидејќи ќе ве гледаат онакви какви што навистина сте.rnrn13. Кога вашиот партнер зјапа во вас без никаква причина, знајте дека сте сакани и дека со возвраќањето на овој поглед вие велите „И јас те сакам тебе!“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досега

    Најважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досега

    Кога се подготвуваме за интервју за работа, низ главата ни се вртат секакви нешта на кои треба да обрнеме внимание, од вербалните и невербалните знаци кои ги испраќаме и примаме, до прашањата кои би можеле да ни ги постават и лошите ситуации во кои би можеле да се најдеме. Прекрасно би било кога секој би ја имал таа самодоверба со крената глава и широка насмевка да влезе низ вратата од канцеларијата и да каже сè за себе, но повеќето од нас се борат со анксиозност кога станува збор за интервју за работа.rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrnrnОва се најважните совети кои треба да ги знаете доколку се подготвувате за интервју.rn

    Најчести невербални грешки кои се прават за време на интервју:

    rn

      rn011

    • 67% од интервјуираните не воспоставуваат добар контакт со очи
    • rn011

    • 47% не знаат доволно за работата на компанијата
    • rn011

    • 38% не се смеат
    • rn011

    • 33% имаат лошо држење на телото
    • rn011

    • 33% прават повторливи и кратки нервозни движења, како виткање на коленото и мрдање со ногата
    • rn011

    • 26% слабо се ракуваат
    • rn011

    • 21% играат со нивната коса или си го допираат лицето
    • rn011

    • 21% стојат со прекрстени раце
    • rn011

    • 9% премногу гестикулираат со рацете
    • rn

    rnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrn

    Прв впечаток

    rnЕдно истражување во кое биле вклучени 2.000 менаџери, покажало дека 33% од нив знаат дали ќе го вработат кандидатот во првите 90 секунди.rn

    Статистиката покажува дека првиот впечаток се формира од:

    rn

      rn011

    • 55% облеката, однесувањето и влегувањето низ врата
    • rn011

    • 33% вашиот глас, употребата на точна граматика, самодовербата
    • rn011

    • 7% зборовите кои одбирате да ги кажете
    • rn

    rn

    Работи кои влијаат на првиот впечаток:

    rn

      rn011

    • 70% од интервјуерите изјавиле дека не сакаат кандидатите за работа да се појават на интервјуто премногу дотерани и со преголем акцент на модата и најновите трендови
    • rn011

    • 65% изјавиле дека меѓу два кандидати кои имаат речиси исти шанси, облеката може да биде одлучувачки фактор
    • rn

    rnПлус совет: премногу светла облека ви носи негативни поени.rn

    10-те најчести грешки на интервју за работа:

    rn1. Премногу објаснување зошто сте прекинале да работите на претходното работно место.rnrn2. Какви било знаци кои покажуваат дека не сте го преболеле губењето на претходното работно место.rnrn3. Немање хумор, недостаток на топлина и лично обележје.rnrn4. Непокажување доволно интерес и ентузијазам.rnrn5. Недоволно/неточно истражување и познавање на работата на потенцијалниот работодавач.rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrnrn6. Ставање преголем акцент на себеси и вашите желби.rnrn7. Обидот да се биде сè, да се припаѓа секаде, не кажувајќи ништо конкретно.rnrn8. Зборувањето напамет, без претходна подготовка, и премногу импровизирање.rnrn9. Неуспехот да се истакнете меѓу другите кандидати.rnrn10. Непокажувањето силна желба дека ја сакате работата.rn

    4 најчесто поставувани прашања:

    rn1. Какво беше вашето искуство како…? (прашање поврзано со претходна работа/проект)rnrn2. Зошто сакате да работите за нас?rnrn3. Што знаете за нашата компанија?rnrn4. Зошто го напуштивте вашето претходно работно место?rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrn

    4 најважни совети за интервју:

    rn1. Научете повеќе за компанијата каде сакате да работите.rnrn2. Имајте на ум одредена позиција на која би сакале да бидете или функција која би сакале или би можеле да ја извршувате.rnrn3. Проверете колку сте квалификувани за работното место.rnrn4. Бидете подготвени накратко да кажете нешто за искуства во работа слична со онаа за која аплицирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини на кои можете да го возбудите без да изустите ниту еден збор

    5 начини на кои можете да го возбудите без да изустите ниту еден збор

    Заборавете на сите оние добро познати фрази кои се користат за запознавање и преминете целосно на говорот на телото со чија помош ќе можете брзо да го привлечете неговото внимание и целосно да го освоите неговото срце. Погледнете ги наредниве начини на кои можете да го сторите тоа…rn5 начини на кои можете да го возбудите без да изустите ниту еден зборrn

    Контакт со очи

    rnКога ќе забележите личност која ви допаѓа во кафулето или дискотеката, додека одите кон шанкот поминете покрај него. Но, наместо само набрзина да го одминете, одржувајте го контактот со очи и насмевнете се. Луѓето имаат навика да одбегнуваат контакт со очи со странци, па токму затоа одржувањето на истиот е директна (и секси) покана за запознавање.rn

    Случајни допири

    rnМалите телесни контакти можат да бидат од огромна помош кога станува збор за флертување. Без разлика дали ќе се потпрете на него откако ќе „изгубите рамнотежа“ во одењето или пак, нежно ќе го допрете за половината додека поминувате покрај него, сите овие мали гестови ќе го остават со мислите дека може да се случи нешто многу повеќе.rn

    Изиграјте мудро

    rnЗемете салфетка и пенкало и нацртајте ја табелата за играта „X-0“. Направете го првиот чекор и подадете му ја салфетката со пенкалото без да изустите ниту еден збор. Ќе се изненадите колку овој потег ќе го привлече неговото внимание.rn

    Усни

    rnДоколку веќе некое време флертувате со личноста која ви се допаѓа, преземете ги работите во вашите раце така што нежно ќе ја гризнете вашата долна усна додека го одржувате контактот со очи. Ова ќе му биде и повеќе од очигледен знак дека очекувате тој веднаш да ве бакне.rn

    Бидете независна

    rnПокажете му дека сте целосно независна така што додека тој е во тоалет, платете ја вашата сметка од состанокот. Кога тој ќе се врати и забележи дека сметката е платена, ќе добие тивка порака дека вие сте моќна девојка со голема самодоверба. Но, исто така ќе ви каже и дека ви должи вечера, па токму затоа со сигурност ќе излезете на уште еден состанок.

  • Љубовта дешифрирана преку говорот на телото

    Љубовта дешифрирана преку говорот на телото

    Говорот на телото открива повеќе од илјада зборови, и што е уште поважно, никогаш не лаже. Стручњаците утврдиле неколку знаци кои се сигурен доказ за приврзаност и љубов.rnrnljubovta-deshifrirana-preku-govorot-na-teloto-kafepauza.mkrnrnПостојани допири – Не мора да траат долго, бидејќи нашиот мозок дури и попатната прегратка или благите допири по грбот или рамењата ги регистрира како приврзаност. Допирите имаат значително повеќе моќ од зборовите, а особено ни се чувствителни врвовите на прстите.rnrnИмитирање на партнерот – Кога некој ни се допаѓа потсвесно почнуваме да се однесуваме како него. Така на пример ако тој/таа го стави прстот на чело, и ние го правиме истото. По ова сме слични со животните бидејќи истото однесување е забележано и кај нив во текот на додворувањето.rnrnКонтакт со очите – Во вообичаени околности двете страни после 3 секунди ќе сакаат да го тргнат погледот настрана. Уште помалку време ни треба кога некој ни е антипатичен или не се сложуваме со неговите ставови. Но, кога некој ни се допаѓа, сѐ подолго ќе гледаме во него, а за тоа не сме ни свесни.rnrnФизичка близина – Кога се заљубени, луѓето не можат да поднесат физичка раздвоеност, па секој слободен момент го користат да бидат во близина на својот партнер. Ако баш мораат да седат еден наспроти друг, стапалата или колената ќе им бидат насочени кон саканиот.rnrnПомек глас – Кога некој ни се допаѓа инстинктивно почнуваме да зборуваме со помек глас кој сугерира отвореност и добронамерност. Важен е и тонот, па често поважно е на кој начин нешто кажуваме одошто самото тоа што го кажуваме. Антрополозите велат дека луѓето се природно талентирани да „читаат“ гласови и кога ќе почувствуваат разлика помеѓу зборовите и тонот, несвесно попрво ќе поверуваат во невербалните знаци одошто во зборовите.

  • 8 интересни факти за флертот

    8 интересни факти за флертот

    Флертот е уметност. Ако не верувате, продолжете со читање.rnrn8-interesni-fakti-za-flertot-kafepauza.mkrn

    1. Има повеќе видови флерт

    rnПоточно 5: традиционален, физички, искрен, игрив и љубезен. 25% од флертувањето спаѓа во забава, а 30% е наменето за пронаоѓање партнер.rn

    2. Контакт со очи

    rnНаучниците тврдат дека доволни се 2 минути кокетирање со очи за помеѓу две личности да се случи страсна хемија. Иако изгледа како премалку време, факт е дека контактот со очи е многу важен и има голема улога во освојувањето.rn

    3. Говор

    rnЖените кои зборуваат јасно и брзо се заинтересирани. Невнимателниот избор на зборови е карактеристика на оние кои не се многу заинтересирани.rn

    4. Моќта на црвената

    rnНаучно е докажано дека црвениот кармин или фустан и тоа како помага во добивањето внимание, но и остава впечаток на поголема сексуална слобода.rn

    5. Допирите се задолжителни

    rnПостојат 3 вида допири: пријателски (рамења), нешто повеќе од пријателски (пределот околу струкот или подлактицата), како и нуклеарни (го вклучува лицето). Научниците го препорачуваат последниот кој гарантира најголем успех.rn

    6. Глума

    rnГлумењето тешко освоива личност навистина „пали“. На луѓето им е најинтересно она што не можат веднаш да го добијат.rn

    7. Годините не се важни

    rnАко ги прашате мажите, 83% откриваат дека годините кај жената навистина не им играат никаква улога.rn

    8. Директност

    rnМашките исто така сакаат жени кои се директни и порачуваат дека нема ништо посекси од она кога жена знае што сака. Слатките и лигави фрази ретко проминуваат и кај двата пола.

  • 5 тајни моќи на контактот со очи

    5 тајни моќи на контактот со очи

    Постојат многу истражувања на полето на невербалните знаци, особено на оние кои доаѓаат од очите и кои влијаат на нашето однесување. Погледнете ги наредниве 5 интересни откритија за моќта на контактот со очи до кои дошле истражувачите…rnrnbeautiful  girlrn

    1. Погледот очи-во-очи предизвикува сексуална возбуда

    rnГледањето директно во очите на друга личност предизвикува сексуална возбуда, но како таа ќе биде интерпретирана зависи од личностите кои се вклучени во ситуацијата. Понекогаш упорното набљудување од страна на непозната личност може да биде сфатено како закана и да предизвика страв. Ова често се случува кај социјалните животни. Директно гледање во очи од човек кон куче или мајмун може да биде интерпретирано како закана од поголемото (и чудно) суштество, односно човекот. Но сепак, погледот од потенцијалниот сексуален партнер предизвикува возбуда која може да биде интерпретирана онака како што навистина е наменета – како сексуална покана.rn

    2. Очите ќе ви кажат дали насмевката е вистинска или не

    rnПсихологот Пол Екман направил разлика помеѓу насмевките што претставуваат вистинска среќа и лажните насмевки кои можат да бидат искористени да скријат други емоции. Клучот во разликувањето на овие две насмевки се наоѓа во очите. Кога се формира вистинската насмевка, очите се стеснуваат и создаваат линии на надворешните агли.rn

    3. Проширувањето на зениците е знак на интерес (и прави да изгледате секси)

    rnКога сме заинтересирани за нешто или некого, нашите зеници се прошируваат. Во една студија, на дел од фотографиите, на една жена очите ѝ биле променети за да ѝ изгледаат зениците проширени. Оние фотографии каде што таа била со проширени зеници била оценувана како поатрактивна одошто на фотографиите кои не биле обработени.rnrn2-5-tajni-mokji-na-kontaktot-so-ochi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Взаемното зјапање е знак за љубов

    rnИстражувањата на темата љубов и привлечност откриле дека взаемното зјапање, односно долгото гледање директно во очи е добар знак дека оние две личности кои го прават тоа се заљубени.rn

    5. Контактот со очи е клучен при измама, но не онака како што вие мислите

    rnСите веруваат дека лажговците нема никогаш да ве погледнат во очи, но истражувачите на невербалните знаци поврзани со измамата откриле дека оние кои лажат прават многу повеќе контакти со очи отколку оние кои ја кажуваат вистината. Тоа се случува бидејќи оној кој мами ги преувеличува сите свои однесувања во обидот да ве убеди во своите „вистинитости“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во што е тајната на харизмата?

    Во што е тајната на харизмата?

    Некои личности едноставно се предодредени да бидат харизматични. Но, тоа не значи дека не можете да научите како да бидете најхаризматичната личност во друштвото. Според Оливија Фокс, автор на делото „Митот за харизмата: Како да ја усовршите уметноста на личната привлечност?“, харизмата е резултат на специфично невербално однесување. Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете похаризматични. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Бидете исправени

    rnСпречете го подгрбувањето на тој начин што ќе стоите или ќе седите исправено. Подгрбавените луѓе изгледаат мали и затворени. Наместо тоа, исправете се така што ќе ги зафрлите рамењата наназад. Истражувањата велат дека овој познат „суперхеројски став“ го намалува кортизолот (хормон на стресот), а го зголемува количеството на тестостеронот, хормон кој се поврзува со моќта и силата.rnrn

    Истакнете се

    rnЕве неколку практични совети кои ќе ја зголемат вашата харизма при конверзација. Намалете ја интонацијата на гласот на крајот од реченицата. Зборувајте полека, повремено кимнувајте со главата и почекајте две секунди пред да одговорите. Не заборавајте да се насмевнете додека зборувате затоа што така звучите пољубезно. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Слушајте

    rnВнимателно слушајте кога некој зборува. На тој начин покажувате дека сте навистина присутни и дека сте заинтересирани за она за што се зборува. За да ја подобрите вештината на внимателно слушање, секојдневно практикувајте медитација. Денес сè помалку луѓе знаат да слушаат внимателно, па затоа дури и минималниот труд може да направи голема разлика.rnrn

    Воспоставете контакт со очите

    rnКонтактот со очите е многу важна компонента на харизмата. Присутноста не се покажува само со внимателно слушање, туку и со воспоставување контакт со очите. Се препорачува контактот со очите да трае најмногу три секунди по завршувањето на разговорот. Но, бидете внимателни! Вашиот поглед не треба да биде студен и напнат, туку топол и опуштен. rnrnВо што е тајната на харизмата?rn

    Копирајте

    rnЛуѓето се чувствуваат најпријатно кога се во присуство на оние кои се слични на нив. Ваквата сличност се однесува и на изгледот, но и на однесувањето. Затоа имитирајте го туѓиот говор на телото. Тоа ќе предизвика чувство на доверба.rnrn

    Бидете ранливи

    rnДа се биде харизматичен не значи да се биде постојано силен и наметлив. Откривањето на некоја ваша слабост или споделувањето на некоја засрамувачка случка може да поттикне чувството на поврзаност помеѓу вас и другите. Сè на сè, луѓето сакаат тајни.rnrn

    Имајте визија

    rnАко се чувствувате нервозни во одредена ситуација, обидете се да си замислите дека прегрнувате некој кој многу го сакате. Истражувањата покажале дека фантазирањето за топла прегратка ослободува поголемо количество на окситоцин (невропептид кој го спречува стресот). rnrnВо што е тајната на харизмата?

  • 20 кратки, но слатки животни задоволства

    20 кратки, но слатки животни задоволства

    Најубавите нешта во животот се бесплатни. Секој ден е исполнет со мали, слатки задоволства, кои најчесто се неочекувани, краткотрајни, но сепак даваат чувство на среќа и уживање. Тие се дарови од животот, кои секој од нас потсвесно ги прославува на свој, уникатен начин. Прочитајте ги овие дваесет животни задоволства и не заборавајте да додадете некое ваше.rnrn20 кратки, но слатки животни задоволстваrnrn1. Спиење во дождлив ден. Како што капките дожд нежно тропкаат по прозорецот од вашата соба, вие сè подлабоко ја нурнувате главата во перницата. Спиењето додека врне дожд е најслатко.rnrn2. Пронаоѓање пари кои не сте знаеле дека ги имате. Дали ви се случило да си најдете пари во џеб од некоја јакна или фармерки кои одамна не сте ги носеле? Дури и да станува збор за 10 денари, невозможно е да не се израдувате за момент.rnrn3. Краток контакт со очи со тотален странец од спротивниот пол. Чекорите по улица и разменувате страстен поглед очи в очи, кој ви кажува дека личноста е заинтересирана за вас. На момент се замислувате и после неколку секунди „магијата“ исчезнува, но убавото чувство останува.rnrn4. Капење голи во езеро. Има нешто мистериозно, ослободително, а сепак природно во капењето голи во вода.rnrn5. Добивање писмо или честитка од стар другар/роднина. Електронската пошта и социјалните медиуми станаа примарен начин за пишана комуникација. Но, сепак кога во вашето традиционално поштенско сандаче ќе добиете писмо или пакет испратен до вас, се возбудувате што сте добиле таков необичен подарок.rnrn6. Поминување на жолто светло со вашиот автомобил. Ова е ситуација, која секојпат создава чувство на задоволство. Како што поминувате на жолто светло, ѕирнувате на ретровизорот и ги гледате сите автомобили зад вас, кои мораат да чекаат 90 секунди на црвено. Се чувствувате како газда!rnrn7. Раскажување интересна приказна. Има ли некој кој не ужива да биде во улога на раскажувач на интересна приказна која ќе предизвика длабока љубопитност и насмевки кај слушателите?rnrn8. Смешно сопнување на некој ваш пријател. Како што пешачите со вашиот пријател по улица, тој прави некој невообичаен чекор, поради кој убаво се сопнува и паѓа на задник. После неколку секунди станува, го исправува телото како пушка и се преправа како ништо да не се случило. Ова може да биде премногу смешна глетка, се разбира доколку никој не е повреден.rnrn9. Слушањето на вистинската песна во вистинскиот момент. Не е важно дали станува збор за ситуација кога се чувствувате среќно, тажно, исполнето, разочарано или заљубено, нема поубаво чувство од слушањето песна која ги пресликува вашите моментални емоции и му дава смисла на вашиот живот во целина.rnrn10. Првата голтка од пијалакот кога сте многу жедни. Само што се вративте од џогирање и сè што ви се врти во глава е чаша студена вода. Кога сте навистина многу жедни, првата голтка од чашата е вистинско блаженство.rnrn11. Ситуација во која со некоја личност кажувате истовремено иста реченица. Пред ова да се случи, најчесто има момент на тишина и после одненадеж, вие и вашиот соговорник истовремено го изустувате истиот редослед на зборови. Овие моменти се ретки и необични и секогаш успеваат да нè расположат.rnrn12. Чувството кога ќе сфатите дека имате уште време за спиење. Нешто изненадно ве разбудило и вие си мислите дека секој момент ќе заѕвони и вашиот аларм, бидејќи дошло време за станување. Но, го погледнувате часовникот и сфаќате дека имате уште 2 часа за спиење. Наеднаш ве облева нежно чувство на задоволство и подвиткани во ќебенцето, со задоволство се враќате назад во вашите соништа.rnrn13. Чувството кога вашата идеја станува реалност. Цел ден сте се мачеле обидувајќи се да решите некаков проблем, но едноставно не ви успева. Обземени од фрустрацијата, решавате да пробате уште една идеја, пред да се откажете. Токму таа идеја е вистинското решение на вашиот проблем и вие задоволни и исполнети си легнувате да спиете.rnrn14. Чиста, свежа постела на вашиот кревет. Изморени од напорниот ден, си легнувате в постела и сфаќате дека утрово ја заменивте со чиста, која мириса на омекнувач за алишта. Задоволни си легнувате, чувствувајќи се чисто и убаво, како никој досега да не легнал на тој кревет.rnrn15. Уживање во прекрасен поглед. Препуштете се на убавините на кои ќе наидете возејќи се по прекрасните планински предели или планинарејќи по врвовите. Нека прекрасниот пејзаж пред вас ви даде енергија која ќе ви помогне да уживате повеќе во животот.rnrn16. Навраќањето на старите добри времиња со пријателите. Нема поубаво чувство од навраќањето на убавите случки со луѓето со кои сте ги доживеале истите. Можеби не можете да го вратите времето, но сигурно можете да го вратите чувството.rnrn17. Смеење до солзи. Смеењето лечи сè. Животот е прекрасен во моментите кога се смеете толку силно, што ви се чини дека секој момент ќе се задушите затоа што не можете да земете воздух. Ваквите моменти ви го подобруваат расположението и ве прават весели и позитивни.rnrn18. Чувството после добар тренинг. Вежбањето е една од оние активности која ви создава одлично чувство после доброто потење и од која подоцна можете да го подобрите изгледот на вашето тело.rnrn19. Ситуација кога ќе изнудите насмевка на нечие лице. Забележувате дека вашиот колега се наоѓа под стрес поради големиот број работни обврски, па тајно преземате дел од нив. Кога тој ќе сфати што сте сториле за него, со насмевка ќе ви заблагодари, а вие ќе се чувствувате одлично поради направеното доброто дело.rnrn20. Релаксирање на сончев ден. Седнати на удобното меко столче на вашиот балкон, со книгата в рака која толку долго чекавте да ја започнете, уживате додека птиците пеат, а Сонцето ја милува вашата кожа. Совршенство!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.