КАФЕ ПАУЗА

Tag: контакт со очи

  • Водич за подобрување на говорот на телото

    Водич за подобрување на говорот на телото

    Она што го кажувате гласно е само врв во комуникацијата што ја остварувате со другите. Останатиот дел од комуникацијата се сведува на говор на телото.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    Што е говор на телото?

    rnЈазикот на кој зборува телото или „по нашки“, говорот на телото, претставува сплет од фацијални експресии, физичка блискост кон другите, држење на телото, навики, движења со очите, начин на кој се допираме себеси, начин на кој се поврзуваме со она што го допираме, па дури и дишењето.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    Свесното наспроти потсвесното

    rnМногу наши гестикулации се случуваат потсвесно, а така ги доживуваме и туѓите. Всушност, кога запознаваме некого, мали се шансите да го запомниме неговото име во првите две минути од разговорот, бидејќи мозокот потсвесно се фокусира на говорот на телото на другата личност. Затоа, ако сакате да го запомните името на личноста која штотуку сте ја сретнале, потрудете се да го повторите во понатамошниот тек на вашиот разговор, после тие две минути.rnrnСепак, контролирањето на нашиот говор на телото е нешто што можеме свесно да го правиме. Идентификувајќи ги навиките кои ги имаме, притоа отфрлајќи ги оние кои не ни носат добри работи, а прифаќајќи ги оние кои ни овозможуваат подлабоко поврзување со другите луѓе, можеме свесно да влијаеме на подобрување на говорот на нашето тело, а со тоа и на нашите комуникациски вештини. Ова понатаму може да ви помогне да ја добиете посакуваната работа, да бидете повикани на состанок од личноста за која ви трепери срцето или едноставно да го подобрите впечатокот кој другите луѓе го имаат за вас.rnrnНа почеток, некои од тактиките може да ви изгледаат неприродно и исфорсирано, но со тек на време, вашето тело ќе го говори јазикот со сигурност и самодоверба, полека станувајќи дел од вашите нови навики.rnrnСекако, мора да предупредиме дека при толкувањето на говорот на телото нема универзални правила. Така, прекрстени раце можат да значат поставување блокада во комуникацијата, но може да сугерираат и чувство на студ или удобност во положбата. Триењето на очите може да значи фрустрација, но може и едноставно да е резултат на чувство на чешање или замор.rnrnИсто така, во различни култури, некои знаци во говорот на телото може да имаат различно значење, па според тоа луѓе од различни делови од светот може да имаат различна дефиниција за личниот простор кој го оставаме кога се доближуваме до некого. Исто така, контактот со очи е многу важен елемент кој покажува самодоверба во западните култури, но во други покажува непочитување и закана. Затоа, обидете се „да не ги читате буквално“ другите.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    16 начини да си го подобрите говорот на телото

    rn

    1. Бидете свесни

    rnПрвиот чекор во подобрувањето на говорот на телото е свеста. Обрнувајте внимание на сè што правите и кога ги правите тие работи. На пример, можеби понекогаш имате навика да го фаќате увото или обетката додека разговарате со одредени личности. Запрашајте се зошто и кога го правите ова.rn

    2. Проучувајте ги другите

    rn…особено луѓето на кои им се воодушевувате. Какво е нивното држење? Што би сакале да научите од нив?rn

    3. Имитирајте ја другата личност

    rnДоколку седите спроти некого, имитирајте ги движењата кои таа личност ги прави, обидете се да зборувате со истиот тон на гласот и да го држите истото темпо во разговорот. Не правете го ова на очигледен и неприроден начин. Но, дури и суптилно имитирање може да создаде конекција, па после некое време и двајцата ќе го правите тоа природно, не забележувајќи кој кого следи.rn

    4. Бидете свесни за начинот на кој ги прекрстувате рацете и нозете

    rnБи било глупаво да се рече дека прекрстувањето на нозете и рацете е недозволиво, бидејќи на многу луѓе тоа им претставува состојба на удобност. Единствено, треба да внимавате како го правите тоа. Кога ги прекрстувате нозете, внимавајте тоа да биде во насока на вашиот соговорник со што ќе покажете интерес за разговорот, но избегнувајте ја положбата во форма на „4“, одмарајќи го глуждот од едната нога на коленото од другата, бидејќи ова може да покажува тврдоглавост или ароганција.rnrnВнимавајте и на другите форми на прекрстување. На пример, жените често си го фаќаат спротивното раме или лакот, а луѓето генерално, понекогаш ја фаќаат пијачката во барот со спротивната рака. Ова се знаци на недостаток на самодоверба или затворање на своето тело и ум за комуникацијата од која сте дел.rn

    5. Правете контакт со очите

    rnОчите се прозорец на душата. Колку пати и да ја прочитате оваа изрека, секогаш ќе биде точна, бидејќи тие навистина многу комуницираат со средината. Освен ако не се наоѓате во средина каде што треба да се воздржувате од гледање во очи на постари и непознати луѓе, не плашете се да го насочите погледот директно кон соговорниците. Не само што ќе кажете многу за себе, туку многу и ќе научите за другите.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    6. Опуштете ги рамената

    rnАко ги држите рамената згрчени, близу ушите, покажувате тензија и со тоа го ставате соговорникот во иста состојба.rn

    7. Не подгрбувајте се

    rnПретерано е да седите исправени како пушка нон стоп, но внимавајте да не бидете подгрбавени. И вашиот грб, но и вашиот социјален живот, ќе имаат корист од ова.rn

    8. Гледајте го човекот со кого разговарате

    rnИсто како што погрешното прекрстување на рацете и нозете може да покаже степен на ангажираност во разговорот, така и негледањето во партнерот во дискусијата, може да сугерира невнимание или незаинтересираност.rn

    9. Навалете се кон соговорникот

    rnЗабележете како кога имате некоја интересна дискусија во која двете страни уживаат, соговорниците се навалени еден кон друг.rn

    10. Внимавајте на вашите гестикулации

    rnМногу луѓе сакаат да си играат со разни предмети додека разговараат, превртуваат капаче од шише, ги преместуваат предметите на масата, непрекинато ја пуштаат запалката. Проблемот со овие гестикулации е што може да бидат знак на нервоза или во најмала рака, да им го одвлекуваат вниманието на другите. Исто така, избегнувајте да си го фаќате лицето или да поминувате со прстите низ косата.rn

    11. Не наведнувајте ја премногу вашата глава

    rnБлаго наведнување на главата може да значи интерес, но ако се премине границата (за ова повеќе склоност имаат жените), може да покажува покорност.rn

    12. Не завршувајте ги речениците со повишен глас

    rnОва не спаѓа баш во говор на телото, но вреди да се спомне бидејќи најчесто е несвесна активност. Ставањето прашалник на секоја реченица покажува несигурност, а тоа директно ги спречува другите да имаат доверба во вас.rn

    13. Ракувајте се цврсто

    rnНе стискајте ги луѓето кои ги запознавате за да поцрвенат од болка, но поздравете ги пријатно и цврсто. Добро е да се обидувате да го прилагодувате ракувањето според личноста која ја запознавате, но тоа пак не значи дека е пожелно да ги следите и оние млитави поздрави.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrn

    14. Знајте каде ви се рацете

    rnДржењето на рацете зад грбот е знак на самодоверба. Плус, ви овозможува да ги држите прибрани доколку немате што да правите со нив. Ова е одличен совет за јавните говорници. Спротивно, рацете в џеб сугерираат досада или преголема самодоверба.rn

    15. Седете во соодветна положба

    rnСедењето точно еден спроти друг, најчесто значи конфронтација. Уште полошо е ако меѓу вас има маса или биро, што создава и бариера во разговорот. Трудете се да седите под агол од 45 степени. Ова ќе ви даде доволно комфор и простор, а истовремено ќе ви овозможи да ги имитирате движењата на соговорникот и да се ангажирате во разговорот.rn

    16. Опуштете се!

    rnСега сте хиперсвесни за сè што правите и сè што не правите. Но, време е длабоко да воздивнете и да се опуштите. Не форсирајте се. Со доза на свесност и со благо применување на овие техники, со тек на време ќе го кажувате сето она што сакате да го кажете, како со зборови, така и со вашето тело.rnrnВодич за подобрување на говорот на телотоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и сексуалната предигра

    Астрологијата и сексуалната предигра

    Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?rnrnАстрологијата и сексуалната предиграrn

    Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

    rnДел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.rnrnСовет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.rn

    Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

    rnСтраст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.rnrnСовет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.rn

    Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

    rnОвие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.rnrnСовет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.rn

    Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

    rnРомантичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.rnrnСовет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.