Љубителите на кафето имаат помал ризик од развој на рак и срцеви заболувања. Некои истражувања сугерираат и дека консумирањето кафе го намалува ризикот од депресија. Сепак, покрај добриот вкус, кафето е исто така корисно во домаќинството.rnrnКафето содржи дитерпени кои можат да бидат токсични за инсектите. Затоа, можете слободно да го користите против комарци, муви и други штетници во вашиот дом. Оставете неколку зрна близу до местото каде што се собираат и по некое време тие повеќе нема да бидат околу вас.rnrn
rnrnОсвен ова, можете да им дадете живот и на цвеќињата. Кога ќе ставите букет свежи цвеќиња во вашиот дом за да траат подолго, ставете кафе во водата. На некои растенија ова им доаѓа многу добро поради магнезиумот и калиумот што се наоѓа во приготвуваното кафе.rnrnКафето може да го освежи мирисот на вашиот тепих исто како и содата бикарбона. Ставете кафе на тепихот и оставете го преку ноќ. Наутро исчистете го со правосмукалка.rnrnСо кафето исто така можете да ги чистите и вашите садови. Ставете една лажичка кафе на сунѓерот, тријте ги садовите, а потоа измијте ги нормално.rnrnАко имате проблеми со мирисот во чевлите, тогаш ставете кафе, бидејќи тоа содржи азот кој помага да се ослободите од лошите мириси.rnrnВо зима, кафето може да биде одлична замена за солта, па слободно ставејте го на замрзнатата патека.rnrnМожеби ќе сакате да го пробате овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.
Tag: комарци
-

Со помош на кафето можете да се ослободите од комарците, а откријте и за што друго може да ви помогне
-

Измешајте ги овие две состојки и ниту еден комарец нема да ви се приближи
Комарците се вистински кошмар, а ги има сè повеќе во овој период. За среќа, постои едноставен трик кој ќе ви помогне да се спасите од нив. Овој рецепт кружи на социјалните мрежи и гарантира дека инсектите повеќе нема да ви приоѓаат доколку ги измешате овие две состојки. Потребен ви е еден лимон пресечен на половина во кој треба да наредите каранфилчиња. Според искуствата на корисниците на социјалните мрежи, овој трик помага и против мувите, а исто така го освежува и просторот.rnrn
rnrnДознајте кои билки со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом. -

Интересно откритие: Комарците помалку напаѓаат кога ја слушаат оваа музика
Научниците спровеле необично истражување чии резултати биле објавени минатата недела. Тие го проучувале влијанието на музиката на однесувањето на египетските комарци што често биле преносители на вирусите денга, зика и слични болести. Комарците биле поделени во две групи – една од нив се наоѓала во тивка просторија, а другата група била изложена на дабстеп музика од диџејот Скрилекс.rnrn
rnrnНаучниците брзо забележале разлики во однесувањето на комарците. Оние што слушале музика помалку напаѓале и помалку пиеле крв. Музиката дури влијаела и на нивното размножување. Женките помалку копулирале со мажјаците од оваа група.rn„Ниту еднаш досега во мојата долгогодишна пракса не сум се сретнал со ситуација каде што музиката влијаела на однесувањето на комарците. Можно е гласната и долготрајна изложеноста на електронската музика да ги оштетила нивните органи, па поради тоа да се однесуваат поразлично од вообичаено“, изјавил биологот Петар Црнчан, притоа шегувајќи се и дека овој вид музика ги брка и луѓето, не само комарците.
rnПа, доколку сте љубители на музиката на диџејот Скрилекс, тогаш без сомнение веќе имате пронајдено одлична заштита од напаѓањето на комарците. Но, ако не можете да слушате ваков вид музика, тогаш ви препорачуваме потрадиционален метод за борба против комарците.rn
„Етеричните масла можат многу да помогнат при бркањето на комарците. Спрејот е исто така добар, но мора да се нанесува повеќе пати бидејќи брзо испарува од кожата“, заклучува Црнчан.
rnПогледнете ги и овие 8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом.
-

Во Африка ќе бидат пуштени првите генетски модифицирани комарци
Истражувачите најавиле дека добиле дозвола од власта на Буркина Фасо да пуштат генетски модифицирани комарци. Ова е дел од долгорочниот план за искоренување на видовите што ја пренесуваат маларијата. Ова ќе биде првото пуштање на каков било генетски модифициран животински вид во Африка.rnrn
rnrnМаларијата се проширува кога паразитите ги заразуваат комарците, а потоа тие им ја пренесуваат на луѓето. Според Центарот за контрола и превенција на болести, само во 2016-та година умреле 445.000 луѓе од маларија, а поголемиот дел биле деца од Африка. Ако се ослободиме од тој одреден вид комарци, или барем го намалиме нивниот број, би се намалил и бројот на случаи со маларија.rnrnКомарците што истражувачите планираат да ги ослободат ќе бидат машки и генетски модифицирани да бидат стерилни. Целта на овие комарци не е да ја искоренат маларијата, туку да им помогнат на локалните жители да ѝ веруваат на научната заедница.rnrnАко успеат да ја постигнат целта, истражувачите во Буркина Фасо, како и во Мали и во Уганда се надеваат да ослободат и други генетски модифицирани комарци. За разлика од првите, овие комарци ќе бидат генетски изменети за да носат мутации чија цел е да ја намалат популацијата. Гените ќе ги пренесуваат на нивните потомци.rnrnНикој го нема направено ова, и тоа со добра причина – премногу е ризично. Ако ослободувањето на стерилните комарци заврши со неочекувани последици, едноставно може да се чека комарците да изумрат. Но штом ќе се ослободат комарци кои можат да се размножуваат, нема начин да се поврати потенцијалната штета. Но кога ќе се земе предвид бројот на жртви од маларија, можеби вреди да се направи овој ризик.rnrnДали знаете кои се најсмртоносните болести низ историјата? -

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом
Убодите од комарец не само што чешаат и се досадни, туку може да претставуваат и значајна закана по здравјето. Комарците се сметаат за најсмртоносните инсекти во светот, бидејќи се преносители на екстремно опасни болести, како што се маларија, жолта чума, вирус чикунгунија, западнонилска треска, денга, филаријаза и зика вирус. Луѓето и животните ги привлекуваат комарците со мирисот на јаглероден диоксид и други примамливи мириси коишто ги испуштаме. За среќа, постојат природни ароми коишто ги бркаат комарците, а не содржат никакви хемикалии.rnrn
rnrnВо продолжените, прочитајте ги 8-те најпознати градински растенија, коишто можете да ги употребите за бркање на досадните комарци.rn1. Лаванда
rnПријатниот мирис на лавандата е одбивен за комарците. Освен тоа, лаванадата има антигабични и антисептички својства. Можете да ја посадите во вашиот двор или во саксии сместени покрај врати или прозорци. За уште повеќе да се заштитите од комарците, можете да го протриете цветот на вашата кожа, за да испушти од своите масла.rnrn
rn2. Џунџуле
rnЏунџулето е цвеќе коешто лесно се одгледува, а содржи тиофен, состојка којашто ги одбива инсектите. Џунџулето е ефикасно во одбивањето на комарците, трипсите, белокрилките, мексичката бубамара и други инсекти.rnrn
rn3. Сардела
rnСарделата е многу атрактивно декоративно растение, коешто исто така ги одбива комарците и неколку видови паразити. И покрај тоа што овие брзорастечки растенија сакаат топла, сончева и сува клима, тие можат да се одгледуваат и во постудени места и во саксии, а потребно е почесто да се поткаструваат.rnrn
rn4. Рузмарин
rnОва растение најчесто се користи како додатен зачин во јадења, но неговата дрвенеста арома е ефикасна и во одбивањето на комарците, молците коишто напаѓаат зелка и мувите што напаѓаат моркови. Рузмаринот е одлична заштита и за кога сакате да уживате покрај оган во природа, без да ве напаѓаат комарци. Сè што треба да направите е да ставите неколку ливчиња рузмарин во огнот, а мирисот којшто го испушта ќе ги избрка комарците.rnrn
rn5. Нане
rnОва е уште една билка којашто има повеќе примени и надвор од кујната. Истражувањата имаат откриено дека маслото од нане може да ги спречи маларијата, филаријазата и жолтата треска, во времетраење од 60-180 минути.rnrn
rn6. Метвица
rnМетвица е друго популарно природно растение од фамилијата на ментата, којашто ги брка комарците. Ако само ставите скршени стебленца од ова растение во вашите џебови, можете со сигурност да сметате дека комарците ќе бидат подалеку од вас. Ако живеете во куќа, добра идеја е да посадите метвица во дворот околу неа, за да ги обесхрабрите комарците од влегување во вашиот дом.rnrn
rn7. Босилек
rnБосилекот не е само вкусен зачин, којшто можете да го додадете во вашата паста, туку е одличен и за бркање комарци. Како резултат на интензивниот мирис којшто се емитува од неговите ливчиња, комарците одбиваат да бидат во близина на ова растение. Поточно, едно истражување дури тврди дека босилекот може да биде и потенцијално отровен за комарците.rnrn
rn8. Мачкина трева
rnНе само што вашата домашна мачка ќе ви биде благодарна доколку посадите мачкина трева во вашиот двор, туку и вие ќе можете да уживате во вашата прошетка низ градината, без да добиете непријатни убоди од комарци по вашето тело. Истражувањата покажале дека мачкината трева е всушност 10 пати поефикасна од активната состојка Н,Н-диетил-мета-толуамид (DEET) којашто ја содржат спрејовите против комарци.rnrn
rnrnМоже да ве интересира и зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе? -

Зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?
Вистина е дека некои луѓе имаат поголеми шанси да бидат каснати од комарци за разлика од другите. Но немојте да се грижите. Ако спаѓате во оваа група, добро е да знаете дека има начин како да станете помалку „привлечни“ за овие натрапници.rnrn
rnrnБидејќи постојат повеќе од 3.000 видови комарци и научниците сè уште се обидуваат да откријат што е примамливо за секој од нив, важно е да знаете дека постојат многу причини зошто баш вие сте настрадале.rn1. Веројатно само се препотувате
rn
rnrnПотта значително ви ги зголемува шансите да се здобиете со убод од комарец. Научниците откриле дека луѓето кои се поактивни додека се надвор поверојатно е да се испотат. Со ова тие испуштаат млечна киселина од нивното тело – а таа ги привлекува комарците. Потта исто така емитува повеќе јаглероден диоксид што е уште едно од омилените нешта на комарците, па вам значително ви се зголемуваат шансите да бидете каснати.rn2. Бременост
rn
rnrnИ овде важи емисијата на јаглероден диоксид. Научниците откриле дека бремените жени (и луѓето со поголема тежина) испуштаат повеќе јаглероден диоксид од другите што ги прави поголема мета за бубачките.rn3. Немирни сте
rn
rnrnВерувале или не, првата работа која ќе ве „открие“ на комарците е тоа колку мрдате во една точка. Луѓето кои се немирни се полесни мети за комарците. Движењето ги привлекува комарците кои се оддалечени од вас, а вашиот мирис има улога дури кога тие ќе се приближат. Ако сте надвор навечер, застанете до некој кој е немирен. Тогаш комарците ќе го нападнат него, а не вас.rn4. Вие едноставно сте неодоливи
rn
rnrnСигурно има некоја генетска компонента, па начинот на кој ја преработувате храната произведува одредени бактерии кои во комбинација со мастите и другите работи кои се лачат од вашата кожа ја зголемуваат шансата да бидете каснати. Но ова не е толку едноставно. Додека некои луѓе произведуваат материи кои им се привлечни на комарците, постојат толку многу комбинации од овие материи така што е невозможно да се одреди која материја е привлечна, а која не.rnrnБез разлика дали сте склони кон убоди од комарци, еве неколку совети за да го избегнете тоа. Овие совети гарантираат речиси целосна заштита од комарците и од болестите што тие ги пренесуваат…rnrnЦедење: Тргнете ја целата вода што можете од вашиот двор. Не им олеснувајте на комарците да ви се приближат.rnrnОблекување: Носете блузи со долги ракави и долги панталони и осигурете се да бидат широки. Комарците можат да ве каснат и преку тесна облека.rnrnОдбрана: Нанесете ги правилно средствата против комарци. Треба да ги нанесувате на секои 2 часа или почесто ако се испотите. Исто така нанесувајте ги откако ќе се избањате во базен или во море.rnrnПогледнете и кои растенија ќе ви помогнат да се заштитите од комарците. -

Растенија кои ќе ви помогнат да се заштитите од досадните комарци
Познато е дека комарците го пренесуваат вирусот „зика“ кој претставува сè поголем проблем во одредени делови од светот. Иако нашата земја во моментов не е во опасност, добро е да знаете кои билки ги одбиваат комарците, без разлика дали ја пренесуваат оваа болест или не. За да бидете сигурни, заштитете се на време и имајте убави и пријатни летни ноќи.rnrn
rn1. Босилек (Ocimum basilicum)
rnОсвен што ѝ дава одличен вкус на италијанската храна, босилекот исто така, е одличен при одбивањето на комарци.rnrn
rn2. Валеријана (Valeriana officinalis)
rnНеколку студии покажале дека оваа билка овозможува и до 10 пати поголема заштита од комарци за разлика од други спрејови создадени за таа цел.rnrn
rn3. Свилен конец (Ceiba speciosa)
rnОва дрво има доста непријатен и одбивен мирис за комарците, но не и за луѓето. Затоа свилениот конец може да ви послужи како прекрасен украс во вашиот дом или градина.rnrn
rn4. Здравец (Geranium macrorrhizum)
rnОва билка е доста лесна за одржување, а одлично штити од непосакуваните комарци.rnrn
rn5. Маточина (Melissa officinalis)
rnНаберете неколку листови, смачкајте ги помеѓу вашите дланки и истријте ги на кожата за да се заштитите од комарците.rnrn
rn6. Цитронела (Pelargonium ‘citrosum’)
rnОд оваа билка можете да направите мелем во комбинација со уште некоја од билките на оваа листа или пак, едноставно истријте ја кожата со неа.rnrn
rn7. Лаванда (Lavandula angustifolia)
rnЛаванда многу ефикасно ги одбива комарците. Освен тоа што ќе се ослободите од досадните и непосакувани комарци, исто така, вашата градина ќе мириса како никогаш до сега.rnrn
rn8. Мајчина душичка (Thymus)
rnКиселата арома ги одбива штетните инсекти, како што се комарците, а ги привлекува оние корисните, односно пчелите. Ова билка можете благо да ја истриете од кожата, на ист начин како стиковите, и ќе ви послужи како одлична заштита против комарци. Нема да предизвикате никаква иритација на вашата кожа.rnrn
rn9. Невен (Calendula officinalis)
rnМногу лесно расте и се размножува, а бубачките и инсектите не го поднесуваат неговиот мирис.rnrn
rn10. Нане (Mentha) и рузмарин (Rosmarinus officinalis)
rnОвие две билки ги одбиваат комарците, а освен тоа имаат многубројни намени во кујната.rnrn
rnrnДа го споиме убавото и корисното. Секоја од овие билки е одличен украс за вашиот дом или градина, но и мирисаат преубаво. Плус, ги спречуваат комарците да ви се приближуваат, па затоа и се одлично решение за секој дом. -

8 интересни факти за комарците кои можеби досега не сте ги знаеле
Летото полека се приближува, а со него почува и сезоната на комарците. Познати ли ви се летните вечери кога не можете целосно да уживате во нив затоа што тука се овие мали, досадни инсекти? Иако на секаков начин се обидувате да се ослободите од нив, тие повторно наоѓаат начин да ви се приближат и да ви досадуваат. Покрај тоа што знаете дека се неподносливи, во продолжение дознајте уште неколку факти за овие инсекти.rnrn
rnrn1. Комарците се најсмртоносните суштества на светот. Секоја година тие предизвикуваат смрт кај преку еден милион луѓе ширум светот (ширејќи маларија). Тоа е повеќе смрт отколку што предизвикува кое било друго животно.rnrn2. Само женските комарци цицаат крв. Ним им треба крвта како извор на протеини со цел да произведат здрави поколенија. Но, исто како и нивните машки партнери, тие исто така мораат да јадат цвет и растителен нектар како хранливи материи.rnrn3. Комарците може да цицаат 3 пати повеќе отколку што е тежината на нивната крв. А таа зависи од видот на комарците и може да изнесува некаде помеѓу 0,001 и 0,01 милилитри.rnrn4. Она што прави убодот да ве чеша е нивната плунка. Тие ја внесуваат плунката кога каснуваат, затоа што содржи агенси коишто ја разредуваат крвта и ја ублажуваат раната (така што понекогаш не знаете ниту дека сте каснати). Но, повеќето луѓе се алергични на оваа плунка, па затоа потоа чувствуваат потреба од чешање.rnrn5. Тие живеат подолго од останатите инсекти. Од ларви, па до целосно развиени комарци, нивниот животен век е од 2 до 3 недели.rnrn6. Комарците сакаат бремени жени. Идните мајки ослободуваат повеќе јаглерод диоксид и топлина од телото, па затоа им се попривлечни на комарците. Инсектите исто така се забележуваат повеќе и крај луѓето коишто носат темна облека.rnrn7. Пиењето пиво ве изложува на поголем ризик од комарци. Една студија направена со 25 здрави мажи покажала дека оние коишто пиеле пиво биле изложени на поголем ризик од каснување од комарци.rnrn8. Комарците летаат од 1,5 до 2,5 километри на час. Тие замавнуваат со нивните крила од 300 до 600 пати во секунда, што е причина ние да го слушнеме нивното зуење уште пред да слетаат на нашето тело. -

Зошто ве сакаат комарците?
Комарците се многу пребирливи суштества, па затоа не треба да нѐ чуди што некои луѓе покрај нив си поминуваат како невидливи, додека други ги прекриваат со отоци од убоди.rnrn
rnrnВистината е дека никој не е имун. Пред 30 години научниците откриле дека јаглерод диоксидот кој го издишуваме е една од главните траги по кои комарците нѐ следат. Тие летаат каде што има висока концентрација на CO2, кон група луѓе, а потоа го користат видот и сетилото за мирис за да ја одберат својата мета.rnrnНо зошто некои се поштедени, а други се принудени да се чешаат со денови? Сѐ уште не се знае со сигурност, но повеќе студии имаат откриено различни мамки заради кои некои луѓе стануваат подвижна мета за комарците.rnВисоки сте
rnБидејќи сте високи, произведувате повеќе јаглерод диоксид и повеќе телесна топлина кои им се природно привлечни на комарците. Затоа во група луѓе возрасните секогаш добиваат повеќе убоди од децата, а мажите повеќе од жените.rn
Редовно вежбате
rnВо текот на вежбањето телото произведува млечна киселина која се испушта преку потните жлезди на кожата. Една германска студија потврдила дека таа е исто така привлечна за комарците.rn
Нозете ви мирисаат непријатно
rnЕдна студија објавена во научното списание Plos One покажала дека луѓето на чии стапала живеат повеќе бактерии, се попривлечни за комарците. Истата бактерија се наоѓа и во белгиското сирење Лимбургер, а заради неговата ефикасност во привлекувањето комарци, научниците го користат за да ги фатат во замка.rn
Носите парфем
rnКомарците го вшмукуваат нектарот од цвеќињата, па ги привлекуваат цветните мириси.rn
Имате генетски предиспозиции
rnСтудија објавена во журналот „Инфекции, генетика и еволуција“ покажала дека лицата со одредени HLA гени имаат поголеми шанси да бидат привлечни за комарците.rn
Пиете пиво
rnСамо едно мало шише пиво е доволно да ве направи мамка за комарците. Тоа го открила една студија објавена во Журналот на американската асоцијација за комарци, но сѐ уште не е откриено зошто е тоа така.rn
Имате нулта крвна група
rnНеколку студии, вклучувајќи и една неодамна објавена во списанието Експериментална паразитологија покажуваат дека лицата со нулта крвна група имаат повеќе шанси да станат вечера за комарците. Меѓутоа некои стручњаци сметаат дека таквите резултати се произлезени од грешки во статистичките податоци.
-

Направете сами: домашен спреј против комарци
Топлото и убаво време, за жал си има и свои негативности. Кога зборуваме за малиот број негативни страни на летото мислиме на комарците. Во маркетите ќе најдете многу средства за заштита од комарци, но сите тие содржат хемикалии кои негативно влијаат на вашето здравје. Со цел да се заштитите од комарците, но и од хемикалиите во купечките средства за заштита, направете си домашен спреј против комарци.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 20 г свежи листови од босилок
- 10 капки есенцијално масло од босилок
- 120 мл зовриена вода
- 120 мл вотка
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо стаклен сад ставете ги листовите босилок, врз нив налејте ја зовриената вода и оставете ги да отстојат 3-4 часа. Отстранете го босилокот стискајќи ги листовите за да се исцеди водата од нив. Налејте ја течноста во шише со пумпа за прскање, додајте ја вотката и протресете. Доколку сакате подобар мирис може да додадете масло од босилок. За да се заштитите од убод на комарци напрскајте се по телото и минете ги летните ноќи на раат.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.