КАФЕ ПАУЗА

Tag: клуб

  • 10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    Направете си и себеси а и неа услуга со тоа што нема да го уништите вашиот прв состанок на некој од овие начини.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    1. Кај вас дома

    rnДа гледаме филм? Ха ха. НЕ!rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    2. Спортски настан

    rnОсвен ако не е луда по спорт, спортските настани дефинитивно не се соодветни за прв состанок. Ни на крај памет да не ви падне да ја однесете во обложувалница да гледате фудбал заедно бидејќи дебело сте уплатиле, а шансите ви се големи.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    3. Во гласен клуб

    rnБи требало да разговарате и да се запознавате, а не да не можете меѓусебно да се чуете.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    4. На кое било место кое не можете да си го дозволите

    rnНе целете премногу високо. Не мора првиот состанок да биде на многу луксузно и скапо место. Поентата е да се чувствувате природно а не да ја минете вечерта препотувајќи се во исчекување на сметката.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    5. Заедно со вашето друштво

    rnЦела вечер ќе се чувствува како тринаесетто прасе. Значи не, без други луѓе на вашиот прв состанок.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    6. На семејни средби

    rnВо никој случај.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    7. Места кои сте ги посетувале со бившата

    rnКое било место каде може да налетате на неа или кое ви носи спомени. Нова женска, нови места, нови спомени.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    8. Во кино

    rnМногу е клише, а и немате можност да разговарате. Чувајте ја оваа идеја за понатаму.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    9. На домашна журка или роденден

    rnНе можете да ја носите како ваша придружничка ако никој не ја познава. На сите ќе им биде непријатно.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    10. На шопинг

    rnМолам?! Многу работи се погрешни во оваа идеја.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

  • 5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

    5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

    Сакате да читате книги? Имате круг на пријатели кои исто така уживаат во книжевните дела? Еве една интересна идеја, зошто да не формирате книжевен клуб? Соберете ги сите ваши пријатели за кои знаете дека ќе бидат заинтересирани и закажете состаноци еднаш или два пати во месецот. Во меѓувреме секој од вас ќе треба да ја прочита книгата која заедно сте ја одбрале или пак некој ја предложил. Нели е тоа одлично?rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrnОва се само дел од причините зошто е паметно да основате ваков клуб со пријателите.rnrn

    За да читате повеќе

    rnСигурно имате список со книги за кои сте прочитале или сте чуле добри препораки, но никако не можете да најдете време да седнете и конечно да ги прочитате. Всушност секогаш имаме макар малку слободно време само што неретко ќе одбереме да го поминеме правејќи други активности. Основањето книжевен клуб е одлична мотивација да се дружите повеќе со книгата отколку со телевизорот или интернетот.rn

    Да откривате нови книги

    rnСекогаш ќе бидете во тек со настаните и ќе знаете што е ново на книжевниот пазар. Ќе бидете информирани и со сигурност ќе откривате нови работи кои ви се допаѓаат, нови книги кои ќе ви го одземат здивот. Често и некој друг ќе одбере книга која ќе треба да ја прочитате, што ќе ве направи отворени за нови, поинакви авантури.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

    За да го зацврстите вашето пријателство

    rnСо брзото темпо на живот често се случува да немаме време за кафе со пријателите. Со основањето на ваков клуб ќе мора да бидете присутни на одредено место во одредено време. За да ви успее овој клуб најважно е да бидете флексибилни. Кога некој од членовите не е во можност да присуствува (да речеме дека е надвор од градот), искористете ги погодностите на интернетот и комуницирајте онлајн.rnrnТоа што во изминатата недела или две сите сте прочитале една иста книга и сега имате можност да дискутирате за неа, да поделите мислења, критики и импресии, навистина ќе го „зачини“ кафе муабетот. Секогаш ќе имате нова, интересна тема на разговор и ќе видите како времето просто ќе „лета“.rn

    За да го збогатите својот речник

    rnДали воопшто би требало да дискутираме? Сте чуле за тоа дека оној кој чита живее илјадници животи додека пак оној кој не чита живее само еден? Секоја прочитана книга е ново искуство во животот, рамно на патување до некоја далечна дестинација во светот. Искусувате нешто ново, се внесувате во сосем незнаен свет за вас, и најважно од сè, си го збогатувате сопствениот речник. Плус, во какви било социјални збиднувања совршено ќе можете да се вклопите дискутирајќи за најновата книга што сте ја прочитале.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

    Бидејќи книгите ве опуштаат

    rnЗамислете, се враќате од работа/училиште и вашиот стрес не прекинува тука. Можеби ќе слушате вести или ќе застанете пред компјутер. Сте помислиле ли дали тоа е вистинскиот начин да се одморите и опуштите? Секако дека не. Но кога ќе се сместите удобно во креветот со книга во рака, веќе зборуваме за опуштање и заслужен одмор.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Рецептите за катастрофа кога шест пријателки ќе се сретнат…rnrnКнига: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив ЕверсонНаслов на оригиналот: The Potluck Club – Linda Evans Shepherd and Eva Marie EversonrnrnСтанува збор за првата книга од серијалот „Готварскиот клуб“, на Линда Еванс Шепард и Ив Мари Еверсон. Книгата е проследена со кулинарски рецепти и добро раскажување. rnrnШесте дами се вистински предизвик за новинарот Клеј, кој се обидува да дознае интригантни детали за нивните животи, но тие се секогаш еден чекор пред него. Нивните молитви за жителите на Самит Вју, повеќе наликуваат на љубопитност за туѓите животи, отколку на желба за помош.rn

    Синопсис

    rn

    Шест пријателки на различна возраст, се собираат секој месец за да споделат вкусна храна, добри рецепти, желба за пријателство и по некоја молитва. Нивното пријателство навистина го зачинува животот во Самит Вју, Колорадо. Работите стануваат интересни кога нивните тајни полека, но сигурно почнуваат да се откриваат…Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    Да Ви ги претставам дамите од готварскиот клуб:rnrnЕвангелин Бенсон стои на чело на овој женски клуб и состаноците се случуваат во нејзината куќа. Таа го основала клубот пред многу години, кога заедно со нејзината покојна пријателка Рут Ан, почнале да прават мали средби придружени со вкусни јадења и молитви. Еви живее во Самит Вју цел свој живот, и не е баш со раширени раце за добредојде на новите жители во нејзиното родно место. Таа не е склона кон промени, и никогаш не се омажила, ниту ја преболела тинејџерската љубов. Една вечер пред да се одржи септемврискиот состанок на клубот, нејзината внука од сестра пристигнува со скршено срце и големо изненадување за тетка си…rnrnЛиса Лин е нов жител на Самит Вју, жена која е навикната да ги има работите во своја контрола, а истото ќе сака да го направи со клубот, што ја прави број 1 непријател на Еви. Нејзината опсесивна потреба да контролира сè, е резултат на тоа што не добива доволно љубов и внимание од својот сопруг.rnrnГолди цел свој живот е мажена домаќинка, која не заработува сама за себе и ги трпи неверствата на сопругот. Но, сега е подготвена целосно да го промени својот живот и конечно да излезе од бракот што ја уништува.rnrnДона е храбра млада жена која работи како полициски службеник во Самит Вју и е ќерка на шерифот на градот кој воедно е непреболената љубов на Еви. Дона членува во клубот не бидејќи е голем љубител на готвењето, туку затоа што знае дека нејзиното присуство ќе ѝ биде како трн во око на Еви. Но, Дона е на пат да открие нешто многу важно, нешто што целосно може да ѝ го промени животот на една од жените во клубот и да му помогне да човекот кој ненадејно се појавува во Самит Вју, да си ја најде својата биолошка мајка.rnrnЛизи работи како локална библиотекарка, таа е мирна и повлечена, но одеднаш презема силна иницијатива за да ѝ помогне на својата пријателка, жената на свештеникот, која боледува од рак.rnrnВони е мажена, но нема деца. Таа крие голема тајна од своите пријателки, но додека се обидува да го потисне минатото, тоа еден ден излегува на виделина.rn

    Кој би помислил дека животот на 6 навидум обични домаќинки, може да биде толку возбудлив?Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    rnrn

    Лична критика

    rnКнигата е поделена на глави, а во секоја глава раскажува некоја од дамите на готварскиот клуб. Пред секое раскажување, даден е по еден рецепт кој таа го споделува со вас, а на крајот на книгата се дадени сите рецепти кои сте ги сретнале во текот на читањето, така што би можеле да кажеме дека станува збор за одлична новела, а воедно и книга-готвач. rnrnНе мора да сте љубител на готвењето, искрено воопшто не ни пробав да зготвам ниеден рецепт од книгата, бидејќи повеќе се сконцентрирав на самата содржина. Животите на 6 религиозни домаќинки, излегоа навистина интересни, можеби и повеќе од очекуваното. Книгата е така лесна за читање и е проследена со добар хумор. Во неа ни се претставени 6 различни карактери на жени и нивните различни гледишта на светот, некогаш наивни, некогаш храбри и решителни, но секогаш интересни.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Отворена првата дискотека под вода?

    Отворена првата дискотека под вода?

    Здосадено ви е да излегувате во стандардните летни дискотеки, да се туркате и потите по гужвите? Можеби ви треба некакво освежување? Што мислите за журкање во подводна дискотека? Чувството е необично, движењата се бавни и спонтани, сите се голи и дефинитивно нема повеќе да ви биде жешко. Јако нели!? :)rn

    rnСигурно срценцето ви зачука малку посилно од вообичаено, но оваа дискотека сепак не е реалност. Видеото е снимено од страна на компанијата „Thinkmodo“ со цел рекламирање на подводнитe часовници „TechnoMarine“. За потребите на рекламата е направен овој подводен клуб, кој е сместен 4 метра под вода, во воен базен за тренирање на нуркачи.Отворена првата дискотека под вода?Со оваа креативна и необична реклама тие ја поттикнуваат идејата за отворање на еден ваков клуб, меѓутоа останува дискутабилно прашањето како би консумирале пијачки во него, со оглед на фактот дека под вода морате да носите шлемови. Инаку шлемовите кои ги носат нуркачите во клубот се целосно функционални, набавени од „Sea Trek“, достапни и во комерцијална продажба, што значи дека оваа идеја можеби и не е толку невозможна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летна музичка плејлиста

    Летна музичка плејлиста

    Гостински пост: Дарко Кузмановскиrn(House Music Beat) rnrnЛетото е период на забава, релаксација и лудување… Период на одмори, излегувања до раните утрински часови, период на слушање гласна музика со отворени прозорци. Тогаш, дури ни комшиите не се бунат бидејќи сè е некако поопуштено во лето. Опуштете се уште повеќе.rnrnДарко Кузмановски, уредник на музичкиот онлајн магазин „House Music Beat“ направи селекција од 11 траки, кои се одличен избор за забава и релаксација ова лето. Па, љубители на хаус музиката, уживајте!Летна музичка плејлистаrn

    Global Deejays – Freakin’ Out (Original Mix)

    rnGlobal Deejays, познати како „Global Playboyz“ или „Ravers on Dope“, претставуваат австриско трио составено од диџеите: DJ Taylor (Konrad Schreyvogl), DJ Mikkel (Mikkel Christensen) и FLOw (Florian Schreyvogl). Најверојатно го паметите нивниот голем хит од 2005-тата, „The Sound of San Francisco“. Траката „Freakin’ Out“ претставува спој на електро и клуб-звуци во кои може да се препознае семплот од песната „Gotta Go Home“ на „Boney M“, која исто така е искористена во траката на Duck Sauce, „Barbra Streissand“.rn

    rn.

    rn

    Dr. Kucho! – All Day All Night (Original Mix)

    rnОваа одлична денс трака доби релативно мало внимание во музичкиот свет, иако излегува од кујната на добро познатиот Dr. Kucho (Daniel Manzano), кој сервира хитови уште од 1993-та година. Магазинот од Велика Британија, „DJ Magazine“, го нарекува „Ненадминат крал на шпанската хаус музика“.rn

    rnrn.rnrn

    Armin van Buuren feat. Nadia Ali - Feels So Good (Jerome Ima Ae Remix)

    rnrnВеќе неколку години наназад, секој што ќе направи песна заедно со Nadia Ali (вокалот од групата IIO), веднаш станува хит. Тоа не е исклучок ни за Armin van Buuren, односно ремиксот од Jerome Ima Ae кој го забавува темпото на Armin и ù дава клубски призвук на песната.rnrn
    rn .
    rn

    Morgan Page, Sultan & Ned Shepard & BT feat. Angela McCluskey - In The Air (Extended Mix)

    rnrnОваа трака излезе минатата недела и веќе е огромен хит. Погледнете ги само имињата на изведувачите и веднаш е јасно дека станува збор за хит. Одлични клуб-звуци надополнети со моќниот вокал на Angela McCluskey која доаѓа од групата Telepopmusik.rnrn
    rn .
    rn

    David Guetta feat. Taio Cruz & Ludacris - Little Bad Girl (Fedde Le Grand Remix)

    rnrnНа прв поглед можеби ќе претпоставите дека ова е уште еден комерцијален хит од David Guetta, но кога ќе го видите името на Fedde Le Grand, станува јасно дека не се работи за комерцијална трака, туку за вистинска клубска бомба.rnrn
    rn .
    rn

    Sidney Samson vs. Tara McDonald - Dynamite (Nicky Romero Remix)

    rnrnЗа да ја преслушате оваа трака, потребно е да може да ги поднесувате силните Dutch House/Dirty House звуци на Sidney Samson, кои Nicky Romero успеал да ги доведе на пристојно денс-клуб ниво. Секако и вокалот на Tara McDonald допринесува за уникатно уживање и да посакате да сте во некој клуб ;)rnrn
    rn .
    rn

    Kid Massive & Peyton - A Little Louder (Original Edit)

    rnrnДанскиот денс маестро Kid Massive, скоро цела деценија е присутен на хаус музичката сцена и конечно оваа година го издава својот деби албум „A Little Louder“. Носечка трака е истоимената денс-клуб трака која веднаш ќе ве размрда.rn rnrn rn.rnrn

    Sander Van Doorn - Koko (Olav Basoski Remix)

    rnrnОд самиот наслов на оваа трака се забележуваат двајца ветерани на електронската музичка сцена: Sander Van Doorn - транс гуруто и Olav Basoski - денс-фанки-тек хаус гуру. Оваа трака малку отстапува од дефинициите за клубска музика, меѓутоа тешко дека ќе ве остави рамнодушни.rnrn
    rn .
    rn

    Asino Di Medico ft Tony Berlusconi - Saxolicious (Original Mix)

    rnrnЕдна анонимна трака, лесна за слушање, која заведува со звукот на саксофонот. Asino Di Medico и не е толку анонимен, бидејќи веќе има направено неколку ремикси на познати траки како „Gregory's Theme“ од Basto!.rnrn
    rn .
    rn

    Above & Beyond feat. Richard Bedford - Thing Called Love (Radio Edit)

    rnrnAbove & Beyond е познато транс дуо, кое во својот последен албум „Group Therapy“ го користи вокалот на Richard Bedford. Радиомиксот на траката „Thing Called Love“ (со вокал транс елементи) се најде на листата на траки на BBC Radio1.rnrn
    rn.rn

    Martin Solveig - Hello (Roger Sanchez Edit)

    rnМинатата недела излезе сет на ремикси на хитот „Martin Solveig & Dragonette - Hello“ од кои најмногу уво ми фати ремиксот на Roger Sanchez. Секако, кој било ремикс и да го слушате, неминовна е констатацијата дека колку повеќе личи на оригиналот, толку е попривлечен ремиксот.rn
    rn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Првиот клуб на „Плејбој“ во Европа

    Првиот клуб на „Плејбој“ во Европа

    Првиот клуб на „Плејбој“ е отворен во Чикаго 1960 година, а набргу потоа нови клубови биле отворени и во Њујорк, Њу Орлеанс, Лос Анџелес, Канзас Сити и на други места. Слични вакви места се отворија насекаде, дури и во Јамајка. Клубовите имаа коктел-барови, каде што зајачиците од Плејбој служеле храна и пијалак и имале настапи во живо. Да поседувате членска картичка за во клубовите на „Плејбој“ значело дека имате одреден статус во општеството, иако само 21% од луѓето кои ги поседувале картичките, ги користеле. Со цена од само 25 долари за годишна членарина, Плејбој заработувал огромни пари. Ова бил првиот чекор за создавање на царството.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб во Лондон бил отворен во 1965 година, по легализирањето на коцкањето во Велика Британија. Овој клуб е првиот кој се отворил на тло на Европа. Девојки од Англија, биле носени до САД за да бидат обучени како Плејбој зајачици, келнерки и крупиерки, за отварањето на овој клуб. Се верува дека сопственикот на магазинот, Хју Хефнер, бил инспириран да отвори клубови за коцкање и пиење, во кои служат девојки облечени во кадифе, откако ги посетил клубовите од ланецот „Gaslight“ во Чикаго.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаКлубот во Лондон, наскоро почнале често да го посетуваат славните и богатите, меѓу кои бил и Френк Синатра. Францускиот актер Жан-Пол Белмондо, Бонд-девојката Урсула Андерс и американскиот актер Џејмс Гарнер уживале да јадат во лондонскиот „Плејбој“ клуб. Во овој клуб Вуди Ален има настапувано во живо.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаВо 1972 година, неколку од зајачиците во клубот го снимиле и албумот насловен „Распеани зајачици“ (Singing Bunnies). Клубот се затворил во 1981 година, откако не му била продолжена лиценцата за коцкарницата. Клубот повторно ќе се отвори оваа сабота, 30 години по неговото затворање. Новите зајачици повторно беа пратени на интензивно обучување кое траеше 11 недели, а нивните облеки, кои беа специјално дизајнирани за секоја од нив, се карактеризираат со помодерн стил.Првиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во Европа———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Ноќен клуб инспириран од ледените пештери

    Ноќен клуб инспириран од ледените пештери

    Автор: Марија СмокварскаrnrnElia Felices е дизајнер на ентериер од Шпанија која може да се пофали со нејзиниот голем успех – ноќниот клуб La Cova, кој се наоѓа во Матаро, близу Барселона.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериLa Cova располага со 500 квадратни метри во кои се сместени гардероба, место за танцување, 2 бара, место за диџеј и секако, простор за седење со ултра модерно дизајнирани сепариња. Сите соби се спојуваат во една правоаголна просторија која овозможува убаво распределување на гостите и помали шанси за метеж.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериОсновната идеја на дизајнерката била создавање на диско кое потсетува на ледена пештера во центарот на градот, за на крајот и да го создаде. Целиот ентериер е во знакот на мразот: украсите, осветлувањето, облиците, боите и др. Од таванот висат две големи светилки кои потсетуваат на мразулци. Друг извор на светлина се светилките кои произлегуваат од подот во облик на камења.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериElia Felices сакала да го истакне едноставниот дизајн со многу променливо осветлување. Бојата на осветлувањето е една од главните карактеристики на La Cova. Главниот влез е осветлен како полумесечина за да привлече внимание кај минувачите. Белите ѕидови се декорирани со цртежи со сини цветови кои даваат специфичен изглед на просторијата. Подиумот е изработен од издигната плоча во која се наоѓаат LED светилки кои ја менуваат бојата.Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериЗаклучокот кој се добива од ова место е дека овој ноќен клуб нуди многу забава, па ако некогаш сте во близина на Матаро, би било добро да го посетите. Еве уште една додатна информација: за разлика од кај нас, во La Cova има одредени простории за пушачите така што и да го посетите овој клуб зиме, нема да мрзнете пред врата пушејќи ја вашата цигара 🙂Ноќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериНоќен клуб инспириран од ледените пештериrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неколку причини зошто да гледате „Glee“

    Неколку причини зошто да гледате „Glee“

    “Гли„ (Glee) е музичка ТВ серија која на малите екрани своето официјалното деби го имаше на 19 мај 2009 година. Таа е во продукција на „20th Century Fox Television“, а нејзината популарност ја докажува фактот дека првата сезона била гледана од над 10 милиони гледачи само во САД.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Главни улоги: Лиа Мишел, Диана Агрон, Крис Колфер, Кори Монтих, Метју Морисон, Џејн Линч….rnЖанр: комедија, мјузикл, драмаrnВреметраење: 42 – 48 минутиrnНаша оценка: 7/10rn.rnrnrn

    Тинејџерската серија е приказна за вистинските вредности во животот, амбициите и желбите, подемите и падовите. Сатиричната приказна проследена со песна, ја издвојува оваа серија од класичните мјузикли, а пофалбите пристигнуваат токму на адреса на изборот на песните. Покрај стари незаборавни класици, во серијата се пеат песни кои моментално се актуелни и вртени по ТВ и радио станиците. Низ епизодите ќе наидете на песни од Мадона, Бијонсе, Кети Пери, Лејди Гага, Аврил Лавињ, Кели Кларксон, Џастин, Ашер, Јуту, Бон Џови и многу други славни и прочуени имиња на музичката сцена.rn.rnrnrn

    Одлично испеаните песни проследени со уште поинтересна кореографија, ќе ви покажат како да ги испеете вашите емоции, дури и ако не сте музички талентирани. Ако сè уште не сте почнале да ја гледате оваа серија, а сте решени да го сторите тоа, никако не се откажувајте после првата епизода, која ќе ви создаде чувство како да гледате уште еден тинејџерски мјузикл. Напротив, ова е серија која ве советува дека не треба да се откажувате од вашите соништа, затоа што никогаш не е премногу доцна за да го живеете вашиот животен сон. Таа ќе внесе оптимизам во вашите мисли и надежи и навистина ќе си поигрува со вашите емоции.Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Кратка содржина: Приказната се одвива во едно средно училиште во Охајо, каде што учителот по шпански јазик, го презема клубот „Гли“. Неговата цел е да ја врати старата слава на клубот, па така и покрај критиките и незгодите кои ќе му се случуваат, тој успева да ја подобри програмата и да натера дел од учениците да се приклучат, меѓу кои се и некои од познатите фудбалери и мажуретки во училиштето..Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“Неколку причини зошто треба да ја гледате Тв серијата „Гли“

  • Моето прашање е: високо или не?

    Моето прашање е: високо или не?

    Автор: Високо ЦrnrnЌе ви откријам една тајна (иако мислам дека досега сте сфатиле). Високо Ц не е тонот на мојот глас. Високо Ц е високо во сантиметри, или како што милуваат моите пријатели често да кажат, повисока сум од повеќето луѓе во мојот живот.Моето прашање е: високо или не?И иако висината во многу случаи се покажала како предност (не ме боли раката кога се држам во автобус на пример), во многу други ситуации посакував да сум барем некој сантиметар пониска. Најчесто, кога купувам панталони, бидејќи секогаш ми фалат десетина сантиметри должина. Кога би имала To Do листа, веројатно една од топ 10 точките на неа би била „Петиција до нашите бутици и продавници да донесат панталони кои ќе имаат подолги ногавици“.rnrnЕдна од поразочарувачките ситуации е моето излегување по клубовите. Со мојата висина лесно можам да ги видам сите присутни и неретко се чувствувам како воајер. Затоа, претпочитам да седам. Да не ви кажувам и дека, како љубител на високи штикли, често се случува да имам поглед од птичја перспектива и неретко не сум во тек со разговорот кој го водат моите пријатели бидејќи треба да се искривам надолу (што го боли мојот р’бет). Ама предност е кога сакаш да го викнеш келнерот нели? :)rnrnДополнителниот проблем и веројатно оној кој повеќе ме мачи, е наоѓањето на соодветно висок примерок од спротивниот пол. Не ме разбирајте погрешно, немам јас проблем со пониските мажи од мене и немам проблем да излегувам (читај: dating) со нив. Во еден период од мојот живот ја имав најголемата колекција на апостолки и балетанчиња. :)rnrnАма сепак се прашувам: каде се кријат мажите повисоки од 180 сантиметри???rnrnНе велам дека ги нема, но повеќето се зафатени, а слободните… ок… тоа е друга тема на муабет и не е во корелација со оваа.rnrnСериозно. По враќањето од мојата последна посета на Белград, каде морам да ви кажам дека има поприлично високи (читај: повисоки од мене) мажи, се чувствував како џин во детска градинка.rnrnИмаше денови кога бев во искушение да направам свој профил за Tall women and Taller men на еден од сајтовите за online dating.rnrnШто ме премисли? Веројатно тоа што сите ние патиме од стереотипи од различни видови. И кога велам сите, мислам сите. Стотици форуми на тема зошто жените сакаат повисоки мажи, зошто општеството има предрасуди кон високите жени кои се со пониски мажи и обратно, високи мажи со прилично ниски жени. Илјадници коментари како жените сакаат да се чувствуваат заштитено покрај мажот, да пропаднат во неговата прегратка, да не мораат да се откажуваат од слаткиот порок – висока штикла.rnrnВоедно, илјадници коментари како висината нема врска и не е битна доколку двајцата се среќни и се сакаат, мажи кои се чувствуваат моќно покрај повисока жена, мажи кои не сакаат жената да делува посилно од нив.rnrnКој е вистинскиот одговор?rnrnНе знам навистина. И затоа побарав помош од неколку dating експерти. Што кажаа? Ништо посебно. Не губи надеж беше најсветлата точка на нивното објаснување. А да. И не се ограничувај себеси. (Па, нели и јас го велам тоа!?)rnrnИ нема да ви прераскажувам сѐ, затоа што ќе ми треба една недела, а ме чека моето долго еспресо во висока шолја. :)rnrnBut know this…rnrnЖивотот е полн со изненадувања. Различни луѓе, различен карактер, (во контекст на муабетот) високи и ниски, слаби и не толку слаби, моќни, повлечени, привлечни, гласни, забавни и не толку забавни. Ако се ограничите во барањето, ќе завршите вртејќи се во круг. Затоа, заборавете на луѓето кои НЕ ве импресионираат, колку и да изгледаат како вашиот/вашата идеален/идеална партнер/партнерка. Престанете да барате, туку едноставно отворете се, срушете го ѕидот од стереотипи и предрасуди и уживајте. Никогаш не знаете кого ќе запознаете следната недела. Можеби токму тој/таа е вистинскиот/вистинската.rnrnВе сака вашетоrnrnВисоко Ц!rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Хотел во кој би се сложиле да живеете

    Хотел во кој би се сложиле да живеете

    Во хотелот „W“, лоциран во центарот на градот Атланта, секој би сакал да отседне барем неколку дена, а причините се очигледни: уметност, забава, култура и ноќен живот. Па кој би сакал да го пропушти ова?Хотел во кој би се сложиле да живеетеКако и останатите W хотели низ светот, и оној во Атланта, во својот фокус се задржува на прогресивниот дизајн, луксузниот комфор и на цените кои се пристапни во однос на другите хотели од оваа класа.Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотелот го карактеризира ентериер од ICRAVE, фирма за архитектура и внатрешен дизајн од Њујорк која е фокусирана на ресторани, хотели и ноќен живот. Тие имаат развиено динамично чувство за хотелот, во некои делови со софистицирано и минималистичко уредување, во други, со диви и сложени елементи. Секоја јавна просторија има свој идентитет, на тој начин овозможувајќи им на гостите возбуда и изненадување секогаш кога тие ќе влезат во некоја од нив.Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеНаспроти вибрирачките и живописни дизајни на јавните простории, приватните соби имаат поконзервативен стил, со идеја гостите да се чувствуваат како да се тие во фокусот на просторот. Хотел во кој би се сложиле да живеетеБоите се неутрални и природни, но се потенцирани со светло обоени елементи како цртежи на ѕидовите, креветите и слично. Погледнете ја бањата – иако неутрална и топла, светлите нерасцветени трендафили под лавабото, ѝ се спротивставуваат на топлината и неутралноста на просторијата.Хотел во кој би се сложиле да живеетеПокрај дизајнот, за хотелот W во овој град, важна е и локацијата. Сместен во центарот на градот, тој е во срцето на уметничкиот дистрикт во Атланта. Театарот Фокс, Ботаничката градина, Балетот, Симфонискиот оркестар и Музејот на уметноста се причини плус за да го засакате местото. Кога станува збор за ноќниот живот, ова жешко место е домаќин на клубови како Opera, Primal и Velvet Room, како и на места од типот LGBT. Хотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеетеХотел во кој би се сложиле да живеете