Сигурно ви е веќе смачено од сите тие инспиративни цитати со кои е преплавен Интернетот и кои би требало да ви го подобрат расположението. Но, работите кои се клише, не се клише без причина. Понекогаш кога ни недостасува мотивација или имаме лош ден, повторувањето на некоја мантра навистина може да помогне.rnrnrnrnПред целосно да се препуштите на вашиот скептицизам, обидете се да го пронајдете цитатот кој совршено ја отсликува вашата моментална ситуација и дозволете му да ве инспирира. Ова се 9-те изреки кои можат да ви го дадат потребниот ентузијазам кога ви е најмногу потребен…rnrn
Значи, тоа е тоа. Готово е. Врската која мислевте дека ќе трае засекогаш, партнерот за кој мислевте дека е вистинскиот, животот кој го испланиравте – повеќе ги нема. Одеднаш вие повторно се враќате на сингл животот. И додека ви се чини дека сите околу вас се венчаваат, вие повторно мора да се вратите на сцената со состаноци и сѐ што опфаќа целата таа фаза.rnrnКако што е редот, утехата ќе ја побарате во најблиските – колеги, најдобри пријателки, пријателки на пријателките, роднини, браќа, сестри, тетки, на жената од автобусот… листата е бесконечна. Но, без оглед на тоа кој ќе биде вашето рамо за плачење, можеме да ви гарантираме дека ќе ги слушнете овие 15 досадни клишеа – најверојатно повеќе од еднаш. Сигурни сме дека тие ви мислат добро, но еве како вие реагирате на тие „мудри“ мисли.rnrnrn
1. „Прифатете ги работите како што доаѓаат.“
rnКоја е алтернативата? Да земам еден слободен ден, да одлучам дека е ужасен и да ја прескокнам утредента?rn
2. „Ќе ти биде подобро откако преспиеш.“
rnИзвинете, дали мислите дека ќе можам да заспијам? Дали пред или после гледањето на 1.537-те заеднички фотографии, прелистаниот Инстаграм и Твитер и гледањето на Фејсбук профилот на секој негов пријател, роднина и секое малку поврзано лице со него за да пронајдам некои траги во врска со тоа што правел тој денес?rn
3. „Нештата се случуваат со причина.“
rnДали е тоа така? Набројте барем една добра причина зошто јас завршив вака, со чувство како срцето да ми е искорнато, скршено и згмечено.rn
4. „Времето е одличен исцелител.“
rnОва може да биде вистина, но зошто ова клише е добро за мене токму сега? Вие ми кажувате дека треба да живеам со оваа болка подолго време пред да започнам да се чувствувам подобро?rn
5. „Ќе најдеш некој нов наскоро.“
rnОва не е нешто што некој сака да го слушне, особено некој што се опоравува од идејата дека нема да го помине животот со личноста што ја сакал. Помислата да се биде во близина на некој нов е застрашувачка. Тоа всушност ја прави помислата да се биде сингл уште позастрашувачка.rn
6. „Тој не е вреден.“
rnЗа тебе може не вреди ништо, но во моите очи таа личност вреди сè.rn
7. „Постојат многу риби во морето.“
rnСериозно? Дали навистина ми го кажуваш ова?rnrnrn
8. „Ќе ти биде подобро без него.“
rnТоа може да биде точно, но тоа не значи дека некој друг може да го има.rn
9. „Уживај да бидеш сама со себе некое време.“
rn*одеднаш се чувствува уште поосамена*rn
10. „Никој не е достоен за тие солзи.“
rnА што го квалификува некого како вреден за солзи?rn
11. „Едноставно не било судено.“
rnНе ми даваш никаква утеха.rn
12. „Сè се враќа.“
rnЈас не би предизвикала ваква душевна болка на никого!rn
13. „Можеш да најдеш подобар.“
rnОва никогаш не би го кажала додека бевме заедно, велеше дека сме совршени еден за друг. Знам дека ми го кажуваш ова за да се чувствувам подобро. Престани!rn
14. „Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора.“
rnОхх, те молаааамммм….rn
15. „Искористи ја оваа можност за да направиш нешто што порано не би го направила.“
rnОва е можеби единствениот совет кој може да биде корисен. Да, можеби можам да патувам, да работам во странство, да ја прифатам работата што ја пропуштив, бидејќи не сакав да бидам во врска на далечина, да се преселам во омилениот град. Факт е дека можностите се бесконечни.
Колку и да се правиме дека не е така, не постои личност на светот која не би се израдувала на зборови полни љубов од својот партнер. И иако уникатноста во романтиката е бесценета, оние простите и едноставни клише изреки секогаш доста добро си ја завршуваат работата. Меѓу најубавите и најпознатите се следниве 15 со кои сигурно нема да погрешите.rnrnrn
„Сакам да бидам со тебе. Толку е и едноставно и комплицирано.“ – Чарлс Буковски
rnrn
„Кога сакаше да ја фотографира, не ѝ рече да се насмее, туку ѝ рече ‘Те сакам’ и нејзината насмевка беше поубава.“ – Анонимен
rnrn
„Заведи го мојот ум и го имаш моето тело, пронајди ја мојата душа и твоја сум засекогаш.“ – М. Д. Вотерс
rnrn
„Некогаш не можеш да објасниш што гледаш во некого. Едноставно станува збор за начинот на кој тој те носи на место на кое никој друг не може.“ – Анонимен
rnrn
„Беше убава, но не како оние девојки во списанијата. Беше убава поради начинот на кој размислуваше. Беше убава поради искрата во нејзините очи кога зборуваше за нешто што го сака. Беше убава поради нејзината способност да ги насмее луѓето, дури и ако таа беше тажна. Не, не беше убава поради нешто привремено како нејзиниот изглед. Беше убава, длабоко во нејзината душа. Таа е убава.“ – Ф. Скот. Фицџералд
rnrn
„Жедна сум за тебе во најневината форма. Жедна сум да ти велам добра ноќ, да те бакнувам во челото и да ти кажувам дека те обожавам и кога се чувствуваш најлошо. Жедна сум за тебе на начин што само сакам да бидам до тебе и ништо повеќе или помалку.“ – Анонимен
rnrn
„Во целиот свет, не постои срце за мене како твоето. Во целиот свет, не постои љубов за тебе како мојата.“ – Маја Анџелоу
rnrn
„’Ова беше лош ден’, рече таа. ‘Кажи ми нешто убаво.’ И тој го кажа нејзиното име.“ – Анонимен
rnrn
„Те сакам без да знам зошто или кога или каде. Те сакам едноставно, без проблеми или гордост. Те сакам на овој начин бидејќи не знам ниту еден друг начин на сакање освен овој, во кој нема јас или ти, толку интимен што твојата рака на моите гради е моја рака, толку интимен што кога јас заспивам, твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда
rnrn
„Кога ти кажувам дека те сакам, не го кажувам тоа од навика. Го кажувам за да те потсетам дека ти си најдоброто нешто кое некогаш ми се случило.“ – Анонимен
rnrn
„Твојата љубов е бура која ја бркав по небото, момент во твоите раце е причината за тоа. Само ти си мојата светлина, би дал сѐ да те почувствувам во моите раце вечерва.“ – Џозеф А. Томпсон
rnrn
„Дури и да го поминам цел ден со тебе, ми недостигаш уште од моментот кога ќе заминеш.“ – Анонимен
rnrn
„Јас сум во тебе и ти си во мене, заеднички во божествена љубов.“ – Вилијам Блејк
rnrn
„Некогаш не можам да се видам себеси кога сум со тебе. Можам да те видам само тебе.“ – Анонимен
rnrn
„Го имав во тебе тоа што ангелите го имаат во јасните, сини неба. Го најдов во тебе тоа кое луѓето го чекаат целиот свој живот.“ – Анита Кризан
Постојат малку нешта кои се полоши од раскинувањето, како на пример, алергична реакција на восок за депилирање на интимната зона, смрт на домашно милениче или дупната гума во опасно маало. Не мора ни да почнеме да објаснување колку е лошо самото раскинување. Но, работите можат да станат уште полоши доколку тој употреби една од овие клише изјави со кои не ни добивате официјално раскинување, па токму затоа и потоа постојано ќе се прашувате што точно значат неговите зборови. Па, без разлика дали сте оптимисти или реалисти, погледнете што тој навистина сака да каже со овие изјави…rnrnrn
1. „Не е до тебе, до мене е.“
rnОптимист:Ти не си проблемот, ти си совршена. Јас ги правам сите проблеми и сум единствената причина зошто нашата врска не функционира.rnrnРеалист: Ти си 100% од проблемот!rn
2. „Ми треба простор.“
rnОптимист:Потребно ми е да направам еден чекор наназад и да ја анализирам нашата врска.rnrnРеалист: Имам потреба да избегам што подалеку од тебе.rn
3. „Премногу сме исти.“
rnОптимист: Ти си исто толку забавна, грижлива, чувствителна и шармантна како мене.rnrnРеалист: Досадно ми е со тебе.rn
4. „Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“
rnОптимист: Жал ми е, но не успева ова помеѓу нас. Мислам дека би можеле да најдеме други партнери со кои ќе бидеме посреќни.rnrnРеалист:Веќе се гледам со други личности, па сметам дека треба и ти истото да го правиш.rn
5. „Мислам дека ни е подобро како пријатели.“
rnОптимист: Не би сакал да го загрозиме нашето одлично пријателство со врска.rnrnРеалист:Немам потреба да те извлечам од твојата облека. Всушност, преферирам да си со облека.rn
6. „Не сум подготвен за врска.“
rnОптимист:Ти си одлична за врска, но во овој момент од мојот живот не сум спремен за сериозна врска – можеби да пробаме пак по некое време.rnrnРеалист: Нашата заедничка иднина ме плаши.rn
7. „Имам потреба да се фокусирам на мојата кариера.“
rnОптимист:Ти си толку неверојатна што постојано ми го одвлекуваш вниманието и се плашам дека ќе изгубам сè доколку продолжам да те љубам.rnrnРеалист: Ми се допаѓа колешката од работа.rn
8. „Ти заслужуваш подобро.“
rnОптимист: Ти си одлична девојка, секој би бил среќен да те има покрај себе. Не се чувствувам доволно добар за тебе и не можам да живеам со тоа чувство.rnrnРеалист: Сакам да ти раскинам нежно за да не полудиш.rn
9. „Мислам дека работите се одвиваат премногу брзо.“
rnОптимист:Ајде да забавиме и да уживаме во возењето.rnrnРеалист:Престани постојано да ме прашуваш што правам. Знам дека веќе знаеш.
Има причина зошто клишеата постојат. Тие се тука бидејќи човекот од најраната фаза на своето постоење се соочувал и справувал со секакви ситуации. Пренесувајќи го своето искуство од колено на колено, па тоа во комбинација со истото искуство на следната генерација, создадени се многу, како што ги нарекол народот, клишеа. Често, тие се многу повеќе како животни лекции и правила кои би требало да ги познаваме и следиме. А следниве 8 се оние најчесто појавуваните.rnrnrn
1. Крвта не е вода
rnСемејството го чинат оние луѓе кои се секогаш тука за нас. Во добро и во лошо, најблиските се оние кои можете да ги побарате во кое било време и за која било работа, знаејќи дека ќе ви помогнат на секој можен начин. Ова се луѓето кои ни се секогаш, без конкуренција, први на листата на приоритети, оние за кои би откажале сѐ останато, за кои би дошле со трчање за да им помогнеме. Родител – дете, брат – сестра, дедо, баба, братучеди. Крвта не е вода, а семејството се состои од најважните луѓе во сечиј живот.rn
2. Крушата под круша паѓа
rnЕдно од најпознатите правила кои постојат е токму ова. А веројатноста за точност е далеку поголема од која било друга. Се разбира, има исклучоци кои вечно се борат против овој стереотип, но факт е дека веројатноста да не е така е многу мала. Некои карактеристики се тешки за промена, а некои можете да ги искористите во своја полза. Некои се убави, а некои не ви се допаѓаат. Благодарение на гените, голем дел од особините се наследени, а останатиот дел се резултат на опкружувањето во кое живеете. Од друга страна, во која насока ќе ги насочите, е целосно оставено на вас.rn
3. Љубовта е слепа
rnИ навистина е. Заљубени до уши, луѓето тежнеат кон идеализирање на она што реално се случува. Го идеализираат партнерот, ги идеализираат нивните односи, меѓусебното однесување. Некогаш сето ова е резултат на стравот од губење на саканата личност, некогаш е резултат на претешката реалност, некогаш е само слепило. Некогаш, ова слепило е баш она што е потребно за малку забава, романтика и повеќе љубов. Сонувајте со отворени очи и чувствувајте со затворени. Тогаш навистина гледате.rn
4. Добрата ограда создава добри соседи
rnЖивотот е исполнет со виртуелни и физички граници кои стојат на своето место со причина. Како што оние вистинските нè спречуваат да одиме на места каде што не ни е дозволено, така оние виртуелните се со намена да нè сопрат кога ќе пречекориме нечиј животен праг. Луѓето секогаш имаат желба да го ставаат својот нос во туѓа манџа, а кога самите ќе се изгорат се жалат. Границите постојат со причина, а таа причина е дека секој треба да си гледа пред и за себе. Пријателства, врски, соседи, семејство… Сите овие овозможуваат да бидете свои и слободни, но сѐ додека не претерате и не почнете да се мешате во животот на другите, кај што не ви е место.rn
5. Око за око, заб за заб
rnОваа изрека се однесува и на убави на лоши работи. Не сите луѓе се одмаздољубиви, но знајте дека ретко постои личност која ќе ви заборави лошо дело. Од друга страна, пак, доброто дело е она кое секогаш се враќа назад. Во свет во кој ретко кога некој мисли на некој друг освен на себе и на своите најблиски, доброто дело секогаш се враќа со добро дело. Помогнете некому и тој некој ќе ви помогне вам. Одвојте време за некого и тој ќе одвои време за вас. Повредете некого и не се чудете доколку и вие останете повредени.rn
6. Кога си во Рим, однесувај се како Римјаните
rnИ додека не се мисли буквално само на Рим, факт е дека секоја земја и секој град си имаат свои обичаи и традиции. Ако треба да патувате, пронајдете информации за тоа место пред да го посетите. Можеби на посета ќе ви дојде пријател од странство или бизнис партнер – научете нешто повеќе за неговата земја и обичаите кои ги негува. Не само што ќе добиете плус поени за покажаната заинтересираност, туку и ќе избегнете ситуации од типот Ова е навредливо во нашата земја. Сакале или не, прилагодувањето на разликите е неопходно во вакви моменти.rn
7. Кој умре и те назначи тебе за главен?
rnЛуѓето често знаат да се занесат и да си дозволат однесување кое не им прилега. Оваа изрека се однесува баш на оние луѓе кои мислат дека нивниот збор треба да е последен, односно дека тие се главни и одлучуваат во секоја ситуација. Но реалноста има друга замисла, а таа е дека сите луѓе имаат еднакво право на глас. Пријателите и вашите блиски имаат подеднакво, а некогаш и поголемо право од вас да кажат што мислат и како треба да се постапи во дадена ситуација. Прифатете го тоа.rn
8. Чиста сметка, долга љубов
rnНема човек кој не го слушнал ова правило. Самите зборови кажуваат доволно, а тоа е дека без разлика за кого станува збор, чистата сметка е она што е основно за врската да биде здрава и просперитетна. Доколку некој некому должи или постојано едниот плаќа, додека другиот се однесува како ништо да не се случило, проблемите ќе си дојдат сами по себе. Навистина е жално, но парите или кој и да е друг метод на задолжување имаат моќ да ја уништат секоја врска. Затоа, чисти сметки – добри односи.
Пишувањето е терапија на мозокот, ослободување, лично запознавање, допир со најскриените стравови, желби, задоволства. Најпознатата клише слика за човек кој пишува е глетката на компјутерот и шолја кафе, што иако е клише, на магичен начин нè инспирира и ни дава енергија. Без разлика колку или што пишувате, дали објавувате или си пишувате за себе, ова се неколку совети кои само звучат клише.rnrnrn
Запишувајте во бележник, не во тетратка
rnДоколку имате навика да запишувате белешки и идеи рачно, пробајте наместо во тетратка да фаќате белешки во бележник (каде страниците ги вртите вертикално). Ова придонесува за послободен и поприроден тек на мислите и идеите.rn
Не грижете се за печатните грешки, само пишувајте
rnОва сигурно сте го чуле и претходно, но доколку почнете да го применувате ќе сфатите колку е вистина. Ова не важи само за креативно пишување, општо, дури и за задача за на факултет. Додека ја пишувате работната верзија, не запирајте, не прегледувајте ја секоја реченица или пола реченица. Пуштете слободно да извираат вашите идеи од мозокот. Потоа, кога ќе завршите, ќе се погрижите за проверка, поправка на грешки, фонт и изглед.rnrnrn
Потхранете ја вашата креативност со музика
rnМожеби звучи како клише, вие да пишувате а во позадина да свири тивка музика, но токму ова ќе ве опушти и ќе ја поттикне вашата креативност. Без разлика колкава е вашата толеранција на бука додека работите, докажано е дека тивката „галама“ е подобра за концентрација од целосната тишина. Само внимавајте музиката да не биде премногу гласна, вознемирувачка или текстот да ви ги оттрга мислите. Откријте ги типот на музика што најмногу ви годи во пишувањето.rn
Не се преоптоварувајте со краен рок
rnДоколку се преоптоварувате со крајниот резултат, со роковите кои мора да ги исполните, со вашата добивка од она што го правите, го попречувате вашиот целосен потенцијал и нема да го дадете најдоброто од себе. Наместо тоа направете пишувањето да ви стане навика, нешто што го правите секојдневно, без притисок, едноставно нешто што е дел од вас. Така за брзо пишувањето ќе ви стане не само навика како миењето заби, туку од обврска ќе се претвори во задоволство.rnrnrn
Создадете опуштена атмосфера
rnСтавете го вашиот комфор на прво место. Клучно е да се чувствувате пријатно. Пишувајте во широка, секојдневна облека. Не ви треба луксуз, ниту куп светкави предмети кои ќе ви го одвлекуваат вниманието. Дури и да не сте такви по природа, кога пишувате бидете минималисти. Осврнете се кон едноставното и намалете ги вашите очекувања.rnrnЗа крај, сепак, пишувањето е лично искуство и секој различно го доживува. Не плашете се да експериментирате, да наоѓате начини кои ви помагаат да бидете покреативни, да внесете промена, да се обидете со нешто ново. Доколку никогаш ни на крај памет не ви било да пишувате поезија, почнете со стих или два.rnrnСреќно пишување и доколку најдете нови начини кои ви помогнале, споделете ги со нас!rnrn rnrn
Автор: Ема ЈакимовскаrnrnКориците на една книга многу говорат за креативноста на артистот и неговата способност содржината и мотивот на делото да ги претстави во една слика. Иако многупати сме наишле на извонредни корици на книги, кои знаат бескрајно да нè воодушеват, сепак тука се и оние со елементи кои постојано се појавуваат, па дури и преминуваат во неподносливи клишеа. Еве кои се најголемите 20.rnrn
1. Страшна силуета на маж
rnтрилер со интересна содржинаrn
2. Жена која во рацете држи кафез за птици
rnморничава приказна во стилот на „Жената во црно“rn
3. Мрачен човек кој минува крај ограда
rnкриминалистички роман со тешки психолошки премрежија на главниот ликrn
4. Додадете и магла за ефект
rnКако претходниот само со маглаrn
5. Жена во долг бел фустан
rnженски роман, но од оние подлабоките и поиздржанитеrn
6. Жена со фустан со гол грб
rnроман за високото општество од дваесеттите и триесеттите години на минатиот векrn
7. Човек кој држи меч
rnепска приказна, која обично се состои од повеќе деловиrn
8. Човек во наметка
rnповторно некој епски роман, но овој пат со некој калуѓер-волшебникrn
9. Човек кој држи меч, облечен во наметка
rnповторно фантастичен роман, но со нинџа/самурај елементrn
10. Жена која замислено гледа кон морска шир
rnромантичен роман за љубов, загуба, каење, што лесно се читаrn
11. Сенка на човек кој чекори во далечината
rnконцизен, напнат, остар трилерrn
12. Жена со куфери
rnбелетристика, приказна за досадна материјалистичка двојка и нивните брачни проблемиrn
13. Женски нозе
rnкомедија, смешна приказна за чудна и искомплексирана жена на која очајно ѝ треба љубовrn
14. Црно-црвени нијанси и готски фонт
rnнешто во стилот на „Самрак“rn
15. Розово или виолетово и светкаво
rnлесна женска литература, која се продава во неверојатни тиражиrn
16. Високи штикли, матни нијанси
rnевтин дупликат на „Педесет нијанси на сиво“rn
17. Накит, матни нијанси
rnкако и претходниот, само со повеќе романтични елементиrn
18. Тажен израз на детенце, ракописен наслов
rnтажна приказна базирана на вистински настанrn
19. Бесконечен мрачен пат
rnдобар, авантуристички роман, за кој веќе се спремаат филмски верзииrn
20. Само неколку илустрирани лисја
rnчетива на најразлични теми, совршени за подарокrnrnДоколку ве заинтригиравме, погледнете ги блоговите The Book Smugglers и Caustic Cover Critic каде можете да погледнете уште многу интересни примери на клишеа кои постојано ги среќаваме на кориците на книгите.rnrn
Доколку отидете на одмор и не ги направите сите овие видови фотографии по неколку пати и потоа не ги објавите на Фејсбук во истата милисекунда кога ќе пристигнете дома, е исто како да не сте биле на одмор нели?rn
Нозе на плажа
rnrn
„Држење“ на некоја позната знаменитост во рацете
rnrn
Фотка низ прозорецот на авионот со крилото во кадар
rnrn
Скокање без никаква особена причина
rnrn
Гушкање на карпа
rnrn
Имитирање на позата на статуата
rnrn
Фотка со партнерот направена премногу одблизу
rnrn
Фотка со порција јадење за која се употребени филтри
rnrn
Погледот низ хотелската тераса
rnrn
Залуден обид да се направи фотка од објект одоздола-нагоре, кој е премногу голем за да го собере во кадар
rnrn
Смешни лошо преведени натписи
rnrn
„Изгорена“ фотка со романтичен бакнеж направена на силно сонце
rnrn
Еден куп пејзажи, без луѓе и без ништо интересно на фотките
Не можеш да кажеш такво нешто во свет каде корицата е сè. Еве на пример, неодамна прочитав за некој познат дизајнер на вагини (да, добро прочитавте), кој прво ја „скоцкал“ неговата пациентка, и откако ја направил „совршена“ ја побарал за жена. Самите велат дека тоа било љубов на прв поглед. Ха! Сериозно? Речиси ништо на неа не е природно, од глава до пети е „поправена“, а плус како капак на сè внимавал на нејзината тежина за да остане „совршена“.rnrnМислам да, баш супер изгледаат заедно, ги видов и на слика. Ама нашите баби и прабаби раѓале во просек по 4 деца, а нивните мажи не пробале да ги разубават или „поправат“ бидејќи телата не им биле цврсти и тонирани. Има нешто што се вика вистинска љубов, и тоа постои, но како што минува времето, ми се чини дека е сè поретка и сè попогрешно дефинирана.Да не се разбереме погрешно. Убаво е да обрнуваш внимание на својот надворешен изглед. И нема некој кој не се труди да биде среден и убав, кој повеќе, кој помалку. Да не се лажеме, ако не ти беше воопшто гајле, ќе се шеташе по пижами, а и тоа не чини. Ја слушам сестра ми како вежба водена од инструкциите на некој онлајн тренер, и нерви ми кине, ама ѝ се восхитувам на вложениот труд и на издржливоста. Сепак, грижата за изгледот и сопственото здравје лесно можат да преминат во опсесија. Е тоа не е во ред. Граница постои и мора да ја повлечете.rnrnЌе иташ кон тоа глупаво совршенство сè додека не изгубиш допирна точка со твојот природен изглед. Била позната и убава водителка, ама сакала да биде уште поубава па сега е анорексична и изгледа како жив скелет. Зошто би си го направиле тоа себеси? Убавината е во нас и во начинот на кој зборуваме, се движиме, јадеме, го искусуваме животот чекор по чекор. Не можеш цел живот да го поминеш затворен во твојот мал свет каде ќе бидеш опседнат со изгледот и со тоа дали изгледаш подобро од оние околу тебе, наместо слободно да излезеш, да го покажеш своето јас, просто да уживаш во животот, колку и да звучи како клише.rnrnПред една година ми рекоа дека морам да носам наочари. Јас ги носев ретко. Зошто? Мислев дека не ми стојат добро. Сега ми е дијагностицирано влошување на видот. По купувањето на новите наочари се погледнав во огледало и си плеснав едно најискрено – ГЛУПАЧКА. Да си упропастиш вид бидејќи не ти стоеле наочарите добро. Имаш ли ти пилешки мозок?rnrnБез разлика на моделот, наочарите нема да ти стојат добро ако ти не се гледаш со поинакви очи. Сè што мислите дека претставува некаква маана во вашиот изглед, носете го како да е ваша најголема предност. Така се гради сопствен стил. Така ќе се ослободите од глупавите мисли кои ве влечат назад и ви кажуваат дека, во светот на сите совршени лица од насловните страни, вие не сте убави. Вие сте дупло поубави од сите нив… помножени по двесте. Бидејќи така се чувствувате и тоа го мислат за вас оние најблиските, всушност оние чие мислење се важи.rnrnЕлиrnrnrnrn
Ја спуштам шолјата со кафе и се ѕверам во кујната. Се прашувам, кога недај Боже би ми влегол крадец дома, колкава повреда би му нанела со дрвената лажица за манџа? За што размислува човек без работа… Зафатеноста е најважното нешто на светот. Човек без обврски почнува да филозофира и драматизира за своето постоење. Затоа решив да се фатам за работа и да пишувам…rnrnПосматрајќи го брат ми како гледа филм во кој дечкото ѝ симнува ѕвезди на девојката со клише зборови, почувствував огромна одговорност како постара сестра, која демек има врска од животот, да му дадам до знаење дека тоа е само филм и да го насочам во друг правец. Во реалниот живот, паметните девојки не паѓаат на глупави фрази. И додека му објаснував на 11-годишник дека клучот до женското срце на долгорочен период, не се „фраерските“ потези, јаките коли и симнувањето ѕвезди, почувствував потреба да го кажам тоа на разглас. Па таква лекција треба да им се одржи на многу постарите. На крај си реков, остави го детето на мира, што го замараш, секако, стискајќи палци дека нешто му влегло во глава и дека во иднина ќе порасне во вистински џентлмен, баш како што сестра му го учела.rnrnЗа да допреш до женското срце не ти се потребни лигавења, туку треба да покажеш дека ти е грижа. Кога момците ќе сфатат дека клучот до женското срце, пред сè е грижливоста? Е сега, да не си мачкаме очи. Ако веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди.rnrnrnrnЏони Браво можеби е само лик од цртаните, но со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, а воедно се користи за да се исмеат истите. Сите негови плитки финти и клише изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а неретко добива и ќотек. Вистински пример за како НЕ се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат. Сличен случај е „македонскиот Казанова“, Тошо Малерот:„Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“rnrnШто најчесто прават мажите на состанок (уште веднаш ќе испратам извинување до исклучоците, кои секако дека ги има): ги влече нозете по пат за да те привлече звукот и да ги забележиш неговите оригиналки Адидас, „ненамерно“ секој разговор завршува со по некој детаљ за неговата кола, мафта со мобилниот како да е единствениот на земјава благословен со телефон или се фали за бројот на женски кои ги имал, (е од сите нелогичности, последново е најголемиот апсурд).rnrnАко зборуваме за состанок кој би водел до сериозна врска со иднина, тогаш нема да ја освоите ѕверејќи се во нејзиното деколте, иако не негирам дека можеби би ви успеало ако барате нешто за една вечер. Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.rnrnНема девојка која не „паѓа“ на џентлменски гестови и грижливи потези. Па нареден пат, пред да пробате да ја освоите тропкајќи со клучот од вашиот автомобил по масата, пробајте исполнет муабет кој „држи вода“. Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи. Кога ќе ѝ подарите цвеќе, ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.rnrnСакам да чујам ваше мислење на темава. Согласувања, несогласувања и аргументи. И она најважното, сакам да чујам мислење за спротивната страна. Што е со погрешните начини на заведување кои девојките ги применуваат?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn