Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrn
rn
1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно
rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn
2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно
rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn
3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно
rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn
4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно
rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn
5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно
rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn
6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно
rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn
7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно
rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn
8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно
rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn
9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно
rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn
10. Етички хакер – 140.000 долари годишно
rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn
11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно
rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn
12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно
rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn
13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно
rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn
14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно
rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn
15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно
rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.


Режија:
Почнува со сцените во кои каскадерот Лук Глентон (Рајан Гослинг) изведува разни опасни точки со мотор за еден патувачки циркус. Кога тој дознава дека Ромина (Ева Мендес) пред една година му родила син, останува во нејзиниот град со желба да направи сè што може за своето дете. Се вработува кај еден автомеханичар кој откако ќе ги забележи возачките способности на Лук му предлага заедно да ограбуваат банки, сметајќи дека со таков виртуоз на мотор никогаш нема да ги фатат. Размислувајќи што може да направи со тие пари за иднината на својот син, Лук прифаќа. Новиот „бизнис“ оди добро, сè додека по еден грабеж каскадерот не налета на полицаецот Ејвери Крос (Бредли Купер).
Ејвери Крос е млад полицаец кој сака брзо да напредува во полициската хиерархија. Неговата амбициозност ќе го впушти во бескомпромисно извршување на полициската должност, така што кога ќе стигне до Лук, прави максимум за да го запре. Тоа се моменти кои засекогаш ги менуваат нивните животи и животите на нивните идни поколенија.
Ова е филм кој ги опсервира причините и последиците од настаните во еден подолг временски период, дава добар преглед врз нив и пренесува своја порака. Почетокот не е премногу забавен затоа што е малку бавен и може да не ви е јасно за што се работи во филмот. Тој полека ве воведува во проблематиката, така што треба малку трпение додека се внесете во него. Но, со почетокот на вториот сегмент од приказната добивате јасна слика за она што се случува и веќе оттука целосно ќе уживате во неговата непредвидливост.>
Целата приказна е добро склопена и одлично изрежирана, дури делува многу реално, како да не се случува на филм. Покрај режисерот, и актерите имаат голема заслуга за тоа. Рајан Гослинг е импресивен во глумењето на мрачниот и енигматичен Лук Глентон, многу потсетувајќи на неговиот лик во „
Сè на сè, „Местото зад боровата шума“ е извонреден филм. Тој е еден од подобрите што се појавија во последните неколку месеци и вреди да се погледне. Ако сте расположени да посветите повеќе од два часа на не баш лесен, но доста гледлив филм, ова е добар избор.
rnrn
rn
Ова видео ни ги прикажува неговите вештини во забавена снимка и нè остава со подзината уста секогаш кога таа ќе се замрзне. Краткиот филм е режиран од Риши Канерија, а музиката е на Клинт Мансел.rn