Лимонот спаѓа во групата цитрусни овошја, заедно со портокалот, мандарината, зелениот лимон, цитронот и клементината. Овен што е богат со витамин Ц (88%), тој содржи и Б витамини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и др. Лимонот е одличен за вашето здравје, бидејќи прави детоксикација на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, помага при намалување на килограмите, ги прочистува мочните патишта, ја намалува главоболката доколку капнете неколку капки во вашето утринско кафе и што ли уште не. Се користи како состојка во многу рецепти, но има и други многу корисни начини да го употребите во вашето секојдневие.
rn

rnrn
1. Го отстранува првутот од косата
rnЛимонот ефикасно ќе се бори против првутот во вашата коса, доколку нанесете природно исцеден сок на главата и го оставите да постои неколку минути, пред да започнете со шампонирање. Прво, убаво исплавете ја косата со чиста вода и потоа посипете ја со раствор од две супени лажици лимонов сок измешани во 450 мл вода. Третманот е потребно да го повторувате секој втор ден, сè додека првутот не исчезне.rnrn
rn
2. Ги отстранува митесерите од лицето
rnСте знаеле ли дека лимонот може да ви помогне да се ослободите од досадните митесери на вашето лице? Пред легнување в кревет, со свежо исцеден лимонов сок премачкајте ги деловите на лицето каде што имате митесери. Преспијте ја вечерта со лимоновиот сок на вашето лице, а наредното утро измијте го со ладна вода. Повторувајте го третманот секоја вечер, додека не забележите значително подобрување на вашата кожа.rnrn
rn
3. Ја смирува кашлицата
rnАко помешате 200 мл мед, со 100 мл маслиново масло и 4 супени лажици лимонов сок и потоа ја загреете добиената смеса 5 минути, притоа енергично мешајќи со лажица, ќе добиете домашен лек против кашлица и тешкотија со дишењето. Од добиениот лек, можете да сркате по 1 лажица на секои 2 часа.rn
4. Ја осветлува бојата на косата
rnЛимоновиот сок е исто така интересен природен препарат за осветлување на бојата на косата. За таа цел, растворете 50 мл свежо исцеден сок, во 200 мл вода и нанесете го на вашата коса. Овој трик ќе има поголем ефект, доколку растворот го нанесете на коса, непосредно пред да излезете на силна сончева светлина.rnrn
rn
5. Маникир во домашни услови
rnМожете да ги зајакнете вашите нокти и да ја освежите и осветлите нивната боја, доколку ги киснете 10 минути во лимонов сок. Потоа, исчеткајте ги со раствор, кој ќе го направите од еднакви количини бел оцет и топла вода. На крајот, убаво исплакнете ги ноктите. Ќе бидете изненадени од добиените резултати.rnrn
rn
6. Отстранува дамки од мастило
rnАко ви капне мастило на вашата облека, врз дамката нанесете лимонов сок. Потоа, ставете ја облеката во машина за перење на пониска температура, употребувајќи го вашиот детергент за перење или отперете ја на рака. Овој трик, можете да го употребите и за отстранување дамка од мастило од тапациран мебел, но само доколку потоа можете убаво да го исплавите лимоновиот сок.rn
7. Ја чисти и деодоризира микробрановата печка
rnВо еден сад (отпорен на високата температура) ставете 250 мл вода и 4 супени лажици лимонов сок. Турете го во микробрановата печка на висока температура и оставете го лимоновиот сок да си повари најмалку 5 минути. Откако ќе заврши прочистувањето со лимонов сок, капките пареа кои ќе се создадат по ѕидовите од печката, можете да ги исчистите со чиста крпа.rnrn
rn
8. Ги деодоризира даските за сечкање храна
rnДоколку ја имате користено вашата кујнска даска за сечење лук, кромид или риба и не можете да го извадите мирисот кој навлегол во неа, едноставно прелијте ја со лимонов сок. Совет: не користете дрвена даска за сечкање зеленчукови плодови, поради хигиенски причини.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.