КАФЕ ПАУЗА

Tag: кашлица

  • Ајурведски домашни лекови за лесни симптоми на КОВИД-19 (кашлица, треска и замор) од aјурведски експерт

    Ајурведски домашни лекови за лесни симптоми на КОВИД-19 (кашлица, треска и замор) од aјурведски експерт

    Иако треската, кашлицата и заморот сè уште остануваат најчести симптоми поврзани со КОВИД-19 инфекциите, постојат неколку работи што луѓето можат да ги направат дома за да го зајакнат својот имунолошки систем и да закрепнат брзо. Сепак, луѓето со сериозни компликации мора да се чуваат под стручен надзор, а останатите со лесни симптоми во домашен карантин може да се третираат со некои едноставни домашни лекови.rnrnД-р Река Радхамони, aјурведски експерт , се огласи на својот профил на Инстаграм за да го сподели ајурведскиот протокол за третирање на лесни симптоми на КОВИД-19. Еве што сè предлага таа.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Dr. Rekha Radhamony, Ayurveda (@doctorrekha)

    rnrn

    rnrn

    Хидратација

    rnД-р Реха предлага да пиете топла вода со ѓумбир. За да го направите овој лесен рецепт, варете малку вода со парче ѓумбир додека не се намали половина од водата. Пијте го повеќе пати на ден.rn

    Храна

    rnИмајте свежо зготвени и топли оброци. Подгответе супа од ориз во вашиот ручек и вечера. Не прејадувајте, всушност, оставете го стомакот полупразен по секој оброк. Обавезно вечерајте пред 19 часот.rn

    Зачини

    rnСите знаеме дека индиските зачини имаат моќ да лекуваат. Така, додајте зачини како цимет, бибер, кардамон, анасон и каранфилче на вашите оброци. Вклучете и куркума и ѓумбир во прав.rn

    Сон

    rnСпијте 8 часа секоја вечер, а обидете се да не спиете во текот на денот.rn

    Овошје

    rnАко сте асимптоматски, јадете овошје како калинка и грозје. Ако имате симптоми, прескокнете го овошјето целосно.rn

    Зеленчук

    rnЗгответе го зеленчукот, а намалете ги салатите. Осигурете се да јадете многу тиквички, а намалете го внесот на модри патлиџани, домат, компир и пиперки.rn

    Опуштете се

    rnЗборувајте со луѓе, читајте книга, слушајте смирувачка музика и направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате опуштено и здраво. Вклучете медитација во вашата дневна рутина. Избегнувајте пушење и алкохол.rn

    Билки

    rnАко имате кашлица, земете една лажица мед со црн пипер три до четири пати на ден. За болка во грлото, направете гаргара со топла вода во која може да додадете розова сол и куркума во прав.rn

    Вежбајте

    rnАко имате симптоми и се чувствувате уморно, не правете каква било форма на физичка активност. Само вежбајте 30 минути Пранајама.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=N2wR1OWhD4s&t=272srnrnПрочитајте и за овие 3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведата.

  • Најмоќниот домашен лек со кој сувата кашлица ќе исчезне преку ноќ

    Најмоќниот домашен лек со кој сувата кашлица ќе исчезне преку ноќ

    Кашлицата е спазматична контракција на мускулите што може да се излечи со народни лекови. Ако го додадете овој зачин во млекото, кашлицата ќе исчезне за многу кратко време.rnrnНајмоќниот домашен лек со кој сувата кашлица ќе исчезне преку ноќrnrnГолемиот процент есенцијални масла кои имаат антибактериски и антиинфламаторен ефект, како и големата количина на фосфорна киселина, витамини Ц и Б1 и тианин ја прават жалфијата многу моќен борец против кашлицата. Во комбинација со млеко дава одлични резултати, но само ако се подготви вака:rn

      rn 011

    • Турете 250 мл млеко во тенџере, додајте 1 лажица жалфија и оставете го млекото да се вари на тивок оган додека не зоврие.
    • rn 011

    • Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од шпоретот. Додајте 1 лажичка путер, покријте го и оставете го да стои 15 минути.
    • rn 011

    • Исцедете го пијалакот, додајте лажичка мед и прстофат куркума и измешајте сè добро.
    • rn

    rnПијте ја оваа мешавина еден час пред да си легнете.rnrnЗабелешка: Овој лек не се препорачува за жени кои дојат и за луѓе кои имаат бубрежни заболувања и хипотензија.rnrnПогледнете како да направите ракија од шипка – одлична за зајакнување на имунитетот.

  • Во борбата против кашлицата, сокот од ананас е дури 5 пати поделотворен од лековите

    Во борбата против кашлицата, сокот од ананас е дури 5 пати поделотворен од лековите

    Дали некогаш сте слушнале дека е добро да пиете сок од ананас за да ја ублажите кашлицата? Ова навистина делува! Освен тоа што содржи голема количина витамин Ц кој помага при спречувањето на болестите, ананасот исто така содржи и бромелаин, ензим што делува благотворно на воспаленијата. Оваа комбинација од натриени помага при спречување на болеста така што ги уништува бактериите вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат во грлото. Истражувањата покажуваат дека екстрактот од ананас ја намалува слузта дури до 5 пати побрзо од вообичаените сирупи против кашлица.rnrn2-vo-borbata-protiv-kashlicata-sokot-od-ananas-e-duri-5-pati-podelotvoren-od-lekovite-www.kafepauza.mk_rn

    Против кој вид кашлица е делотворен?

    rnСокот од ананас е делотворен и во борбата против најупорната кашлица, но не и ако е во прашање нешто посериозно, како на пример, воспаление на белите дробови. Сокот е поевтино, поздраво и секако повкусно решение.rn

    Како делува?

    rnОсвен нитратите што се наоѓаат во ананасот, сокот од ананас помага кога грлото е суво така што го стимулира исфрлањето на слузта. Густата слуз во белите дробови или синусите може да предизвика сериозна кашлица, кивање или болни воспаленија.rnrnВо истражувањето објавено во „Der Pharma Chemica“ од 2010 година, експертите се обиделе да пронајдат корисен третман за пациентите кои боледуваат од туберкулоза и различни инфекции. Тие откриле дека комбинацијата од ананас, бибер, сол и мед е доста ефикасна при намалување на слузта во дробовите и за исфрлање на истата од грлото.rnrnДомашниот сок од ананас е доста поздрав од купениот. Купениот сок содржи различни адитиви, дополнителен шеќер, фруктоза и пченкарен сируп. Доколку купувате сок, побарајте го оној без дополнителен шеќер или едноставно направете го сами од свеж ананас.rnrn3-vo-borbata-protiv-kashlicata-sokot-od-ananas-e-duri-5-pati-podelotvoren-od-lekovite-www.kafepauza.mk_rn

    Рецепт за сок од ананас кој е одличен против кашлица

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 230 милилитри свежо исцеден сок од ананас
    • rn011

    • 60 милилитри лимонов сок
    • rn011

    • Парче ѓумбир
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • 1/2 лажица црвена пиперка
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnИзмешајте ги сите состојки и пијте го сокот од 2 до 3 пати во текот на денот, секојдневно.rnrnСега знаете како да се решите од кашлицата на природен начин, без консумирање грозни сирупи и лекови против кашлица. Се надеваме дека вашата кашлица брзо ќе исчезне!

  • Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.rnrnНемојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергииrn

    1. Умор и слабост

    rnДоколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.rn

    2. Главоболка и кашлица

    rnГлавоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.rn

    3. Раздразнетост и нервоза

    rnРаздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.

  • Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

    Ново прекрасно откритие: Чоколадото лечи кашлица

    Кашлањето и надразнетото грло можат да бидат многу непријатни, особено кога се случуваат во најлошите можни моменти. Токму затоа следниот пат кога ќе се најдете во таква ситуација, само изедете парче темно чоколадо.rnrnНово прекрасно откритие: чоколадото лечи кашлицаrnrnАлин Морис, професор и раководител на секторот за кардиоваскуларни и респираторни студии на Универзитетот во Хал, Велика Британија, дошол до интересен заклучок дека чоколадото е подобро за воспаленото грло и сувата кашлица отколку некои други препишани лекарства.rnrnПоследните истражувања покажале дека пациентите кои зеле лек со екстракт од какао оздравеле многу побрзо (за неколку денови) отколку тие кои пиеле конвенционален сируп против кашлица. Друго истражување пак, кое било спроведено на Империјал колеџ во Лондон, открило дека какаото содржи алкалоид, кој го намалува кашлањето поефективно од кодеинот, состојка која често се користи како лек против кашлање.rnrnПостои и логично објаснување: текстурата на чоколадото е полеплива отколку вообичаените лекови против кашлица, што значи дека добро го заштитува грлото со тенок слој и ги активира нервните завршетоци кои ве штитат од непрекинатото кашлање.

  • Медена облога – Лек кој ја смирува силната кашлица за една вечер!

    Медена облога – Лек кој ја смирува силната кашлица за една вечер!

    Во основата на ова лекување на кашлицата лежи природна метода, која уште одамна се користи за лечење на респираторниот систем.rnrnМедот поседува висока биолошка активност, па со помош на облога има моќ да го исфрли шлајмот кој е пропратен со силни напади на кашлица.rnrn0-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mkrnrnМетодот со облога на база на мед е одлично средство за елиминирање на кашлицата, буквално за една ноќ. Се препорачува за деца, но и за возрасни.rn

    Потребни состојки и материјали:

    rn

      rn011

    • Мед
    • rn011

    • Брашно
    • rn011

    • Растително масло
    • rn011

    • Газа
    • rn011

    • Салфетка
    • rn011

    • Фластер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Измешајте брашно со мала количина мед за да ја добиете смесата за облогата.
    2. rn011

    3. Смесата не треба да се лепи за раце. Можете да додадете и малку масло и повторно да ја извалкате смесата во брашно.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата на салфетка и замотајте ја во газа.
    6. rn011

    7. Прицврстете ја на градите или на грбот со помош на фластер. Потоа облечете го детето во пижами.
    8. rn

    rn1-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mk 2-medena-obloga-lek-koj-ja-smiruva-silnata-kashlica-za-edna-vecher-kafepauza.mkrnrnНапомена: Внимавајте да не ја ставате облогата во делот кај срцето.rnrnОставете облогата да делува 2-3 часа, најдобро додека детето спие, а возрасните можат да ја држат цела ноќ. За дополнителен ефект, кај возрасните можете да додадете и малку сенф во прав.rnrnЗа ова време се случува активно потење, па постелнината може да постане мокра. Затоа на чаршавот на кој спиете ставете уште некоја заштита.rnrnВаквите медени облоги имаат добро антиинфламаторно дејство и благ ефект на загревање. Видливи пзнати резултати ќе се јават во почетниот стадиум на болеста, која поминува без компликации.rnrnТретманот можете да го повторувате неколку дена по ред, но уште после првата вечер се чувствува значително подобрување.rn

    Кога смее да се користи медената облога?

    rn

      rn011

    1. При кашлање, медените облоги може да се применуваат за деца постари од 6 месеци.
    2. rn011

    3. Детето не смее да има кожна болест или повреди на кожата.
    4. rn011

    5. Треба да обрнете внимание и детето да нема алергија на пчелни производи. Ќе проверите така што ќе ставите мала количина мед на телото на детето. Ако се појави црвенило или оток, значи дека постои алергиска реакција, и во овој случај медените облоги би биле контраиндикативни.
    6. rn011

    7. Исто така се не препорачува доколку температурата на детето е повисока од 37 степени.
    8. rn

  • Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!

    Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!

    Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а во домот имате мандарини кои се непрскани, од нивната кора можете да направите одличен лек.rnrn1-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_rnrnЕве што треба да направите доколку сакате да ја искористите кората на мандарината како лек:rn

      rn011

    1. Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла.
    2. rn011

    3. Измелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40% алкохол.
    4. rn011

    5. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои една недела на темно.
    6. rn011

    7. Земајте по една лажичка после јадење, а потоа каснувајте по една лажичка мед.
    8. rn

    rn2-ne-frlajte-ja-korata-od-mandarinata-kje-ve-spasi-od-kashlica-i-bolesti-www.kafepauza.mk_rnrnА ова се останатите причини поради кои мандарините се одлични:rn

      rn011

    • Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама од ова овошје има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а е богато со влакна кои го подобруваат варењето.
    • rn011

    • Мандарините се добри за видот и за добивање кадифена кожа, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Можете да ги консумирате заедно со јаболка, круши или јаткасто овошје.
    • rn011

    • Доколку сте добри во кујната, може да направите сос од мандарини, кој можете да го послужите со месо или како прелив за салата.
    • rn

  • Пијалак за смирување на кашлицата

    Пијалак за смирување на кашлицата

    Тајната е во кромидот

    rnПијалак за елиминирање на кашлицатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 главици кромид
    • rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 14 ореви
    • rn011

    • 3 литри вода
    • rn011

    • мед
    • rn011

    • лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ја водата на оган за да зоврие. Исчистете ги кромидот и јаболката и исечете ги на четвртини. Штом водата почне да врие додајте ги заедно со оревите. Оставете ја водата на оган додека не испари половина од неа. Доколку не можете да го пиете пијалакот таков каков што е, додајте му малку мед и лимон за вкус. Пијте три пати на ден по една шолја од него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Народен лек од нашите баби за лечење астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови

    Народен лек од нашите баби за лечење астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови

    Многу луѓе имаат различни маки со белите дробови, а најчестите се астма, бронхитис, како и различни форми на кашлица. Проблемите со белите дробови можат да бидат предизвикани од разни инфекции, но и од други фактори, како алергии, и секако – од пушењето.rnrnnaroden-lek-od-nashite-babi-za-lechenje-astma-bronhitis-kashlica-i-problemi-so-belite-drobovi-kafepauza.mkrnrnОва е познат народен лек за третирање на овие проблеми, посебно астмата, како белодробната, така и срцевата. Лекот го подготвувале во разни варијанти нашите баби, а според искуствата на многумина, тие знаеле што прават.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ кг црвен кромид
    • rn011

    • ½ кг шеќер
    • rn011

    • 2 лимона
    • rn011

    • 1,5 литри вода
    • rn011

    • 7 големи лажици домашен мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnШеќерот се загрева во метален сад на умерена температура со константно мешање, сè додека не порумени. Потоа се додава ситно исечканиот кромид, кратко се пропржува и се додаваме водата. Сè заедно се вари на умерена температура, додека не испари 1/3 од водата. Потоа се остава да се олади, се додаваат двата исцедени лимони и медот и сè добро се меша за комплетно да се изедначи. Се остава да отстои, а потоа течноста се процедува (од парчињата кромид) и се складира во стаклено шише.rn

    Начин на употреба:

    rnСе конзумира по една голема лажица од напитокот пред секој оброк додека не се потроши целата количина. По потреба може да направите нова мешавина и да ја повторувате постапката додека белите дробови сосема не закрепнат.rnrnЗа деца се препорачува по една мала лажичка пред секој оброк.

  • Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

    Успешно се справуваат со болката во грлото за неколку дена, а покрај возрасните, ќе ги обожаваат и децата

    rnSONY DSCrnrnНастинките со силна кашлица се доста исцрпувачки, но и конзумирањето на многу лекарства може да си има последици. Доколку сакате на природен начин да се справите со кашлицата, направете ги овие бонбони од пржен шеќер, кои многу полесно ќе им ги „протнете“ и на децата, кои често знаат да одбиваат сирупи и други лекови во класичен облик.rnrnПрегорениот шеќер уште одамна се користел за смирување на кашлицата, прелиен со млеко или други додатоци. Но, оваа варијанта е уште подобра – направете ги еднаш и лижете ги постојано додека да помине болката во грлото.rn

    Потребни состојки и материјали:

    rn

      rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка ѓумбир во прав
    • rn011

    • 1 лажичка лимонов сок
    • rn011

    • Силиконски калап за мраз
    • rn011

    • Чепкалки за заби (за лижавчиња)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Калапот премачкајте го со масло.
    2. rn011

    3. Шеќерот ставете го во сад и загревајте го на тивок оган со константно мешање за да не загори. Кога ќе се растопи, додајте ги ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете да варите уште неколку минути со константно мешање. Смесата е готова кога ќе забележите дека добила златно-кафена боја, потемна од почетната.
    4. rn011

    5. Ставете ја смесата во подготвениот калап и оставете ја во замрзнувачот околу половина час. Ако наместо бонбони сакате да направите лижавчиња, претходно во смесата забодете чепкалки.
    6. rn

    rnДецата можат да лижат по 2-3 вакви бонбони на ден. Многумина тврдат дека овие бонбони им помогнале да се ослободат од кашлицата и болката во грлото за неколку дена. Но, ако после 2-3 дена не чувствувате подобрување, не си играјте, одете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.