КАФЕ ПАУЗА

Tag: карање

  • 4-те хороскопски знаци што во секој момент и со секого можат да почнат расправија

    4-те хороскопски знаци што во секој момент и со секого можат да почнат расправија

    Тие лесно се разлутуваат и нивната храброст не им дозволува да ги задржат емоциите во себе, па брзо „пукаат“. Ако им згрешите, очекувајте директна конфронтација и расправија во којашто ретко кој би можел да ги победи.rn

    1. Овен

    rn(1) 4-te-horoskopski-znaci-shto-vo-sekoj-moment-i-so-sekogo-mozhat-da-pochnat-raspravija-www.kafepauza.mkrnrnОвните најчесто имаат контрола над својот темперамент, но кога некој ќе направи нешто што навистина ги разлутува, тие веднаш избувнуваат. Кога се лути, едноставно нема бегање од нивниот бес. Толку се драматични што нема да остават проблемот да помине туку-така и не се плашат директно да нападнат, за да знаете колку навистина се бесни.rn

    2. Бик

    rn(2) 4-te-horoskopski-znaci-shto-vo-sekoj-moment-i-so-sekogo-mozhat-da-pochnat-raspravija-www.kafepauza.mkrnrnБиковите можат да бидат премногу агресивни. Кога ќе судрат со некого, нема повлекување. Откако ќе започнат со битката, тие не се враќаат наназад и кога се лути, не се воздржуваат за ништо, па што и да направите, нема да можете да ги сопрете. Најдобро е да им дозволите да „оладат“ пред повторно да им прозборите.rn

    3. Лав

    rnrnrnНе постои бес како оној на Лавовите. Кога тие се лути, спремни се за борба! Со оглед на тоа што постојано имаат потреба нештата да бидат изведени на нивниот начин, ако не се согласуваат со одлуката што сте ја донеле, веднаш ќе станат агресивни. Тие се храбри и смели, па нека не ве чуди ако ви изгледа како во секое време да се подготвени за борба. Но не грижете се – ако се извините пред нештата да ескалираат, можеби би можеле да избегнете голема драма.rn

    4. Скорпија

    rn(3) 4-te-horoskopski-znaci-shto-vo-sekoj-moment-i-so-sekogo-mozhat-da-pochnat-raspravija-www.kafepauza.mkrnrnБидете внимателни, бидејќи Скорпиите можат да станат многу насилни ако нештата не се онака како што тие замислиле. Тие се наметливи и огнени, па затоа нема да им биде проблем да ви дадат до знаење ако сте ги разлутиле. Скорпиите не се познати по потиснување на емоциите. Всушност, кога станува збор за гнев, тие се ослободуваат и повеќе одошто треба. Дури и најмалите ситници можат да ги вознемират и ќе се караат со секого што има смелост да им „згазне на живци“.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за астрологијата, опростувањето и одмаздата.

  • Дали спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

    Дали спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

    Кога станува збор за семејно прославување на некој празник, секој од нас си замислува луѓе кои си се најблиски како уживаат во разговор, шегување, во храна подготвена со љубов… Меѓутоа според статистиката, многу парови се караат за време на празниците, а еве ги и причините за тоа.rnrnrn

    Семејство

    rnБаш семејството може да биде една од главните причини за карање. Вашето семејство сака со нив да ги поминете празниците, а сигурно и семејството на партнерот го посакува истото. За да не дојде до конфликт, пробајте да се договорите на пример Велигден да го поминете кај едните, а Божиќ кај другите. Или пак, одвојте по неколку часа на двете места, доколку живеат во близина. Решение секогаш постои, она што е најважно е да најдете компромис.rn

    Финансии

    rnРеално, празниците се скапи. Сепак треба да се издвојат пари за подароци, а и самиот празничен ручек не е баш ефтин, и на крај испаѓа дека празниците се луксуз. Во такви ситуации понекогаш е тешко да се размислува рационално, а тоа може да предизвика несогласување кај паровите. Ако во тој период немате доволно пари, бидете скромни бидејќи друго решение нема.rn

    Заедничко време

    rnПразниците ни носат многу заедничко време со семејството кое може да донесе проблеми доколку не сте внимателни. Многу од паровите се опуштаат кога ќе завршат празниците бидејќи можат да се вратат во својот мирен дом. За да не дојде до конфликт, имајте на ум дека вие и вашиот партнер припаѓате на истиот тим. Времето поминато со вашето или со неговото семејство е само привремено, па потрудете се да бидете стрпливи и смирени.rn

    Стрес од патување

    rnЗа време на празниците често се патува, а подолгите патувања можат да бидат причина за многу стрес. Затоа на патот кон дома вооружете се со трпение.rn

    Роднини со непријатни прашања

    rnНајчесто, тоа се прашања за брак, деца, заеднички живот, работа, вишок килограми и слично. Пробајте да ги толерирате таквите коментари и на нив одговарајте смирено. Иако тие работи треба да ве интересираат само вас и вашиот партнер, празниците сепак не се време за расправање.rn

    Барања на најмладите

    rnДецата за време на празниците имаат секакви желби и потреби. Ако тие не се исполнети, децата знаат да станат мрзеливи. Сосема е јасно дека однесувањето на вашите деца ќе влијае на вас и на вашиот партнер. Пробајте ситуацијата да ја решите смирено објаснувајќи им на децата дека не можат да добијат сè што ќе посакаат.rnrnМожеби ќе ве интересира и која е најголемата причина поради која раскинуваат паровите пред празниците.

  • Карањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почеток

    Карањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почеток

    Во врска сте веќе неколку месеци, но никогаш не сте се скарале со партнерот. Одеднаш доаѓате до конфликт и не знаете како да се однесувате. Дали тоа е знак дека на врската ѝ дошол крајот? Секако дека не. Всушност, вашата врска исто како да не започнала додека не дојдете до ситуација да се скарате.rnrnКарањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почетокrnrnНе можете вистински да го запознаете партнерот додека не видите каков е кога не се согласува со вас. А клучот за успешната караница се крие во добрата комуникација. Прочитајте ги следните три совети кои ќе ви помогнат да се справите со првата караница со вашиот партнер…rn

    1. Не копајте дупка

    rnКога ќе дојдете до конфликт сигурно ќе си помислите дека врската е изложена на ризик. Можеби дури и ќе го прашате партнерот дали сѐ уште сака да биде со вас. Тоа се нарекува копање дупка. Се соочувате со некаков проблем и вие наместо да го решите, се закопувате уште подлабоко. Немојте да го водите разговорот во насока која може да доведе до крај на врската. Фокусирајте се на позитивните работи и не спомнувајте раскинување.rn

    2. Променете ја темата

    rnПроблемите многу ретко се решаваат во моментот кога настанале. На мажите особено им треба време за да ги дефинираат мислите и да најдат начин да ги искажат. Можеби си мислите дека мора во истиот момент да го решите проблемот. Но, најдобро е да ги оставите работите нерешени некое време. Застанете за момент, земете воздух и променете ја темата. Ова можете да го направите на многу едноставен начин, како на пример со реченицата: „Те разбирам. Што сакаш за вечера?“. Тоа е знак дека знаете како да се справите со незгодните ситуации и конфликтите за вас не претставуваат крај на светот.rn

    3. Оставете го решавањето на проблемите за тогаш кога ќе ги поправите односите

    rnДоколку имате доволно трпение да ги тргнете проблемите настрана кога сте со вжештена глава, партнерот ќе заборави на караницата и ќе се сети зошто ве сака и колку му е забавно кога е со вас. Пожелно е да им обрнете внимание на проблемите кога ќе ги поправите меѓусебните односи. Тогаш кога и двајцата ќе бидете повторно вљубени и среќни, проблемите нема да ви се чинат како голема работа. Можете да го спомнете проблемот со зборовите „Те сакам, но имам некое лошо чувство во врска со нашиот проблем. Што мислиш ти за тоа?“. Потоа, слушајте внимателно и заеднички дојдете до вистинското решение.rnrnКарањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почеток. Станува збор за едноставна формула: Не копајте дупка, променете ја темата и почекајте да помине некое време за да ги поправите односите. Тогаш ќе имате доволно самодоверба за да излезете од непријатната ситуација достоинствено и храбро.

  • Зошто не треба да се карате кога сте лути?

    Зошто не треба да се карате кога сте лути?

    Сите знаеме дека никогаш не треба да почнуваме караница кога сме лути. Но, честопати ни се случува да ја изгубиме контролата врз нашите емоции за време на некоја жестока дискусија и потоа не можеме да се сопреме, па како последица на тоа, обичниот разговор лесно може да се претвори во караница. Нареден пат кога ќе се налутите сетете се на следниве причини зошто не треба да започнувате караница…rnrnЗошто не треба да се карате кога сте лути?rn

    Мислите дека сите се против вас

    rnСекој човек кога ќе се налути губи контрола не само врз неговите емоции туку и врз неговите мисли како последица на процесите што се случуваат во мозокот. Психолозите тврдат дека кога сме лошо расположени, сите зборови и гестови на соговорникот ги сметаме за навреда. На крајот почнуваме уште повеќе да викаме на соговорникот, без никаква причина. Сето ова може да доведе до раскинување на љубовни врски, пријателства и професионални односи.rn

    Почнувате да го лутите и соговорникот

    rnНаучниците исто така имаат докажано дека кога сте лути и луѓето околу вас почнуваат да се лутат. Според тоа, веројатноста дека нема да можете да го решите проблемот додека сте гневни е уште поголема.rnrnЗошто не треба да се карате кога сте лути?rn

    Нема да можете да го сослушате соговорникот

    rnЛутината ќе завладее со вашите емоции и нема да можете да размислувате разумно. Токму затоа, секогаш за време на караница вашето мислење за другата личност е многу полошо од мислењето што би го имале кога би биле смирени. Во ваква ситуација нема да можете да бидете објективни и нема да ги земете предвид најдобрите особини на соговорникот. Но, доколку за време на караница го гледате соговорникот како паметна и харизматична личност, нема да го сфатите проблемот толку сериозно и ќе можете да го решите многу побрзо и поефикасно.

  • Мудроста што се крие зад победата без борба

    Мудроста што се крие зад победата без борба

    Секојдневно се соочуваме со конфликти со различни луѓе. Колку повеќе улоги имате во општеството, толку поголема е веројатноста дека ќе се судрите со мислења и гледишта поразлични од вашите. Додека го браниме нашиот став пред противникот, ние започнуваме психолошки судир кој честопати доведува до сериозни психички повреди. Но, дали таквите последици се навистина неизбежни? Следуваат неколку ефективни техники на „психолошко аикидо“ кои ќе ви помогнат да го решите секој проблем без карање…rnrnМудроста што се крие зад победата без борбаrnrn1. Психолошкото аикидо е исто како да одржувате баланс на топка. Треба да одржите рамнотежа пред да преминете на агресивно однесување. Будистите велат дека ако се препуштите на таквото однесување, ќе го ослабете отпорот.rnrn2. Не се карајте, бидејќи на тој начин несомнено ќе се претворите во она против кое се борите. Премногу сила доведува до спротивен ефект.rnrn3. Научете да бидете предводени, за да можете да ги водите другите.rnrn4. Оној што вика на вас е во афективна состојба, што значи дека нивната свесност е исклучена. Смешно е да пробате да разговарате со човек чиј ум е целосно исклучен. Исто е како да зборувате со некој кој спие. Дали сте виделе некој да вика некому кога е добро расположен?rnrn5. Ако и вие почнете да викате, тоа е исто како со весло да удирате човек што се дави. Тие навистина се дават во нивниот сопствен бес. Не помагајте им во тоа.rnrn6. Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме други, викаме и плачеме. Тоа значи дека кога некој вика на нас, тој или таа всушност се чувствува лошо.rnrn7. Знаете како да го сопрете нивното викање? Останете тивки и дозволете им да се смират. Не слушајте ги нивните зборови, тоа само нивната болка зборува. А како да останете вие смирени? Давајте си комплименти во себе: „Каков талент сум! Можам да останам смирен/а дури и со ваков човек!“. Обичната тишина има ефект на ладна вода. Додека вашиот противник беснее, гледајте го внимателно и слушајте го. Пуштете го да се олади.rnrnТешка задача е тоа да се препуштите и да молчите кога толку многу сакате да ја докажете вашата поента, но верувајте дека вреди. Ако едната засегната страна од конфликтот се однесува паметно, сите присутни ќе се чувствуваат посмирени. Токму затоа, усовршете ја вештината на психолошкото аикидо и на тој начин ќе го зачувате вашето здравје, но и мирот на вашите блиски.

  • Секс за смирување: 10 причини кои ќе ве натераат да водите љубов, а не војна

    Секс за смирување: 10 причини кои ќе ве натераат да водите љубов, а не војна

    Љубовните кавги се слатки маки – викање, зборови кажани во афект и уште милион нешта на кои ќе се сетите кога ќе се спомнат караници со партнерот. Сепак, она што е најубаво кај нив е тоа што после тоа можете да се смирите преку секс, а подобро смирување од тоа нема. Погледнете зошто.rnrn0-seks-za-smiruvanje-10-prichini-koi-kje-ve-nateraat-da-vodite-ljubov-a-ne-vojna-kafepauza.mkrnrn1. Се чувствувате подлабоко поврзани затоа што ја преживеавте таа луда караница – „Има нешто што не можеме да го пребродиме?! Не, секако дека нема.“ Шампиони кои излегуваат од ринг? Веројатно најдобра дефиниција за врвен секс.rnrn2. Целата лутина што ја чувствувате му изгледа неверојатно секси на партнерот – Чувството кога сте лути и кога сте запалени е слично од аспект на порастот на телесната температура, губењето на здивот и сл. Па тогаш зошто би избрале да се лутите?!rnrn3. Ако сѐ уште сте му лути на партнерот, тоа можете да го искористите во ваша полза – Имањето секс поради лутина со некој кој го сакате, скоро 90% од времето е исто како да сакате да се истепате меѓу себе, а сексот е само одличен метод за тоа.rnrn4. Ако партнерот згрешил и е свесен за неговата грешка, тој треба да направи компромис – Кога тој/таа знае дека погрешил/а, тогаш го знае и вистинскиот начин за да се извини. Запомнете дека зборуваме за сексуални начини, а не да ви ја донесе омилената храна. Иако, и тоа би можело да успее.rnrn5. Успевате да ги согледате работите на објективен начин – Да, тој не ги мие садовите, а кога ќе ги измие не се добро миени, но сепак запомнете дека тој ви ги исполнува сите секси фантазии на начин кој не можете да го опишете со зборови.rnrn6. Вечерта можете да ја паметите по прекрасниот секс – Наместо да ја паметите по „оној пат кога се искаравме за долната облека која висеше по столиците“, вие може да ја паметите ноќта како „оној пат кога имавме неверојатно жежок секс.“rnrn7. Сексот за смирување ги одлага проблемите – Иако не би ви го препорачале тоа, одвреме-навреме тоа и не е толку лоша идеја.rnrn8. Сексот за смирување е одличен начин да ставите крај на караницата кога не знаете како да ја завршите – Сетете се на оние караници кога не знаете зошто сте лути еден на друг, но двајцата сте многу изнервирани. Агресивниот начин на бакнување е одличен начин да се оддалечите од проблемот кој веројатно бил само едно мало несогласување, а и да ги префрлите нештата во спалната соба.rnrn9. Ако се случи нешто чудно за време на сексот, двајцата ќе се насмеете, а така ќе ви помине лутината која можеби сѐ уште ја држите – Скоро секогаш е добро да се смеете за време на сексот, плус смеата ви помага да се ослободите од бесполезната тензија која останува во вашите тела после интензивна и страсна караница.rnrn10. Можете да бидете доста поагресивни од вообичаено и нема потреба да се објаснувате за тоа – Ако вообичаено сте покорни или срамежливи во спалната, сега сето тоа отпаѓа затоа што сте лути. Затоа, тој/таа не смее да се налути ако сте малку похрабри и направите нешто невообичаено за него/неа.

  • Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

    Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

    Ова е еден корисен совет од познатиот руски психолог Александар Свијаш, кој објаснува како да постапите ако вашиот партнер, пријател, колега, шеф или сосед започне кавга со вас, а вие сакате да ја избегнете. Притоа ова не вклучува физички напад, што секако би требало да се реши на друг начин.rnrnmokjna-tehnika-od-ruski-psiholog-ako-nekoj-zapochne-kavga-eve-kako-da-ja-izbegnete-kafepauza.mkrnrnОва е едноставен, испробан метод, кој навистина дава резултати.rn

    1. чекор

    rnЗапаметете – за кавга се потребни двајца. Кога некој ви се обраќа со кавгаџиски тон, останете смирени и според темата на кавгата накратко проанализирајте што е тоа што на таа личност всушност ѝ е навистина потребно (длабока причина), што ѝ недостасува, што очекува од вас, па заради тоа и започнала кавга.rnrnТоа што ја мачи може да биде недостаток на самодоверба, доверба, љубов, топлина и внимание, страв од нешто…rn

    2. чекор

    rnТивко, во мислите дајте ѝ го на таа личност она што ѝ е потребно. За ова ќе ви треба доволно смиреност, силен карактер и толеранција.rnrnКажете си во себе: „Ти праќам разбирање (доверба, љубов, сигурност, оптимизам, те прифаќам таков/ва каков/ва што си…).“rnrnНе одговарајте на провокациите од таа личност, однесувајте се нормално и повторувајте го повеќепати во мислите она што ѝ го испраќате.rnrnТаа личност потсвесно ќе го прими вашиот подарок, ќе се смири за некое време (додека продолжува да ве провоцира и да вика) и ќе ве остави на мира.rnrnНе очекувајте никаква благодарност, нека ви биде доволно тоа што ќе го добиете она што ви треба – таа личност ги добива добрите вибрации, а вие – вашиот мир.rnrnНапомена: Оваа метода не се однесува и не треба да се применува во случаи на насилство и злоставување во семејството и односите со партнерот во кои е потребно веднаш и физички да се делува, а ако треба и законски со цел да си заминете од насилната личност.rn

    Погледнете ја и техниката на Свијаш која ќе ви помогне да се изборите со секој страв кој го имате во себе
  • Зошто луѓето викаат кога се лути?

    Зошто луѓето викаат кога се лути?

    Ова е многу впечатлива приказна на која вреди често да се потсетуваме…rnrnzoshto-lugjeto-vikaat-koga-se-luti-kafepauza.mkrnrnЕднаш еден духовен учител ги прашал своите ученици: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“rnУчениците кратко размислувале и одговориле: „Затоа што го губиме трпението, затоа викаме.“rn„Но, зошто да викаме ако личноста е покрај нас?“ – прашал учителот. „Зар не е можно да се зборува тивко и полека?“rnУчениците дале уште некој одговор, но ниеден не го задоволил учителот.rnrnПотоа објаснил:rnrn„Кога две личности се караат и лутат, нивните срца силно се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат за нивниот крик да може да ја премости оддалеченоста и да можат да се чујат. Што се полути, толку погласно мораат да викаат, бидејќи оддалеченоста меѓу нив е сè поголема.“rnrnПотоа прашал:rnrn„Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу близу. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.rnrnА што се случува кога ќе се заљубат уште повеќе? Тогаш не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат со својата љубов. Конечно, не треба веќе ни да шепотат. Само се гледаат и тоа е сè. Такви се две личности кои се сакаат.“rnrnПотоа рекол:rnrn„Кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што веќе никогаш нема да можете да го најдете патот назад.“

  • 11 најголеми (не)свесни грешки кои ги прават мажите во врска

    11 најголеми (не)свесни грешки кои ги прават мажите во врска

    Факт е дека мажите и жените сосема различно размислуваат и се однесуваат во врска. Додека жените можеби повеќе комплицираат, мажите би дале сѐ за врска во која не би морале многу да вложуваат, односно што поедноставна и врска која бара што е можно помалку од нив. Колку што жените се оптоваруваат со ситници, толку повеќе мажите не можат да ја сфатат таа женска логика бидејќи за нив работите се скоро секогаш црно-бели. Но доколку партнерите успеат да ги согледаат и прифатат тие различни ставови и гледишта, тогаш конечно би можеле да почнат да работат на прилагодување кон нив и изнаоѓање решенија за нивните проблеми.rnrnAttractive Woman Listening To Her BoyfriendrnrnИако за секој проблем се потребни двајца, во глобала, грешките кои ги прават мажите со кои (не)свесно ја повредуваат врската, а за кои жените би дале сѐ да можат да ги променат, можат да се сумираат во неколку точки.rn

    1. Не размислуваат и често забораваат

    rnЕдна од најчестите причини за кавги во врската е неразмислувањето на мажите. Наспроти жените кои на секоја можна ситница посветуваат и повеќе од потребното внимание, мажите не се оптоваруваат многу со тоа и ова особено се однесува на оние работи кои за нив како машки се сосема неважни. Дополнително и согласно на ова тие и често забораваат, па не е ни чудно што кавгите поради ова се многу чести. Сѐ што жената бара е малку внимание, па неверојатно е колку можат да направат малку размислување пред да се каже нешто и (барем еднаш) незаборавање на нешто што ѝ е нејзе важно.rnrn(3)-11-najgolemi-greshki-koi-gi-pravat-mazhite-vo-vrska-kafepauza.mkrn

    2. Претпоставуваат

    rnЗа разлика од жените кои веројатно го помнат скоро секој детаљ од секој момент во врската, машките имаат т.н. пократкотрајна меморија. Тие знаат своето размислување да го базираат на моменталните или не толку дамнешни случувања и зборови, па врз основа на сето тоа да креираат своја верзија на случувањата и секако свој став. Со други зборови, намерно или не, тие претпоставуваат без да ги земат сите факти предвид. Е сега, замислете колку би било поедноставно и колку помалку расправии би имало кога, за да не дојде до погрешна претпоставка, мажот би решил да ја праша жената за тоа што го мачи.rn

    3. Не можат да разберат

    rnНе постои маж кој не се соочил со купот емоции на жената распослани пред него. Тоа е така бидејќи жените комуницираат преку своите чувства, наспроти мажите кои тежнеат да ги скријат емоциите и се водат повеќе по логика и размислување. Тој куп емоции на мажите им делува како голем хаос од кој колку и да сакаат не можат да најдат излез, па во комбинација со нивните претпоставки и размислувања, тие не можат да разберат ниту еден збор кој допира до нивното уво. Ова е често сфатено и интерпретирано како неслушање и негрижа за проблемите на жената, па таа уште повеќе избувнува бидејќи се чувствува како да зборува со ѕид.rnrn(1)-11-najgolemi-greshki-koi-gi-pravat-mazhite-vo-vrska-kafepauza.mkrn

    4. Не посветуваат внимание на малите работи

    rnПодароците нема да ги решат проблемите. Не постои нешто што би ја израдувало жената повеќе од мал знак на внимание и љубов. Тука една од најчестите грешки кои мажите ги прават е мешањето на тој знак внимание со купување подароци. Кога наместо подарок, на жената би ѝ подариле момент како будење наутро со шолја кафе, би убиле повеќе муви со еден удар. Таа ќе се чувствува поубаво, доколку е лута таа лутина во истиот момент би се намалила барем за два пати, а замерка нема да најде сигурно минимум во следните три дена. Наспроти ова, незабележувањето на оние мали работи и потребата таа постојано да ве потсетува да внимавате на нив само ќе ја влошат ситуацијата.rn

    5. Имаат желба да контролираат

    rnИако ова не се однесува на сите машки, факт е дека поголемиот дел сѐ уште се водат според она старо патријархално воспитување дека тие би требало да го имаат главниот збор. Но уште поголем факт е дека денес работите функционираат сосема поинаку и дека ништо не е како што било, па така ни ова. Денес постои идејата за еднаквост, па склопот на мажи водени од логиката и желбата за контрола и жени водени од емоциите и брзиот јазик знае да биде со лош исход. Затоа наместо наметнување на контрола некаде каде што може да влијае само негативно, подобро би било да покажете почит и доверба и да ѝ ја дадете на жената таа слобода која ви е и вам потребна.rn

    6. Знаат да бидат посесивни

    rnКога станува збор за жените, мажите знаат да бидат невидено посесивни. Ова е тесно поврзано со љубомората и фактот дека кога нешто е нивно, тие не сакаат да го делат со никого. Токму затоа една од најчестите грешки кои ги прават мажите е посакувањето и тежнеењето кон тоа да ја имаат саканата само за себе. Посесивноста е дефинитивно една од најлошите карактеристики кои мажот може да ги поседува, бидејќи во крајна точка сѐ што ќе произлезе од тоа е таа да се чувствува загушено и затворено во врската. А ова во ниту една врска не завршува со среќен крај.rnrn(4)-11-najgolemi-greshki-koi-gi-pravat-mazhite-vo-vrska-kafepauza.mkrn

    7. Даваат некому или на нешто поголем приоритет отколку на неа

    rnМашките имаат тенденција да приоретизираат во зависност од дадената ситуација или на база на нивните желби и размислувања. Земајќи ги предвид фактите и случувањата во моментот на зборување, тие можат да дадат предност на некој друг или на нешто друго, па тоа да делува како саканата да ја ставаат во втор план, да ја игнорираат или да превидат некои нејзини потреби. Ова особено се случува кога станува збор за нивната работа, егзистенција или семејство, не исклучувајќи ги и пријателите во поретки прилики. Она што доста тешко го прифаќаат машките е дека не постои девојка која не би се налутила поради чувството (а не причината зошто) дека таа била оставена на страна бидејќи нешто друго било поважно од неа.rn

    8. Покажуваат недоверба или ја кршат веќе изградената доверба

    rnЕден од најчестите, за жал, примери за ова денес се стравот дека жената ги изневерила, односно тие се оние кои изневериле. Довербата е еден од основните јазли на секоја врска и како таква, таа постојано треба да се гради и надградува. Кој било знак на недоверба или кршење на веќе изградената доверба меѓу партнерите може да се одрази како трајно негативна состојка или пак да резултира со раскинување на врската. Недовербата се изразува и појавува во многу форми и облици: страв, чувство на несигурност, поглед или погрешно формулиран збор. Кршењето на довербата, пак, може да варира од правење повеќе мали работи кои самостојно гледано се опростливи, до правење една глупост која е доволно голема за да ја разниша врската доста силно. Во секој случај, довербата се гради многу тешко, може да се сруши за еден момент, а е неверојатно тешко да се изгради повторно.rnrn(5)-11-najgolemi-greshki-koi-gi-pravat-mazhite-vo-vrska-kafepauza.mkrn

    9. Себични се

    rnДоколку се земат предвид претходните неколку грешки, не е воопшто тешко да се претпостави дека голем фактор при правење на истите е и дозата себичност која ја поседуваат машките. Умеат толку да се сконцентрираат на себе и своите потреби, што забораваат дека се во врска и дека во неа не се сами. Себичноста го блокира за нив фактот дека сѐ што прават влијае на партнерот исто како што и сѐ што партнерот прави влијае на нив. Обидувајќи се да остварат некои свои желби или целејќи кон заѕидување некои свои ставови, знаат да заборават на чувствата и желбите на нивната сакана, а истиот момент кога таа ќе се почувствува дека не е важна, ќе започнат и проблемите.rn

    10. Го бираат полесниот пат

    rnДоколку имаат избор, мажите секогаш ќе го изберат полесниот пат. Така на пример, наместо да се караат 3 часа за нешто според нив бесмислено, попрво би купиле подарок со кој карањето би се свело на укор (или ќе направат нешто слично што знаат дека ќе делува), па тие 3 часа би ги потрошиле на нешто за нив многу попаметно, како на пример секс. Или, пак, од пуст инает можат да раскинат врска само затоа што во моментот не гледаат друго решение за нивниот проблем. Но факт е дека тој проблем нема да исчезне, туку е само одложен за понатаму. За секоја жена, тој проблем се складира некаде во меморијата и порано или подоцна ќе исплива на површина. Оттука, полесниот пат не е секогаш и најпаметниот.rnrn(6)-11-najgolemi-greshki-koi-gi-pravat-mazhite-vo-vrska-kafepauza.mkrn

    11. Не се свесни колку навистина им значи саканата личност

    rnДодека жените се подготвени да заборават и преминат преку многу работи за доброто на врската, машките во состојба на лутина, гнев или нервоза се способни да ризикуваат сѐ и дури и да не се обидат потоа да ја исправат грешката. Тие размислуваат сосема различно од жените, па во тие моменти веројатно и не им ни паѓа на памет целата слика и колку всушност им е важна таа жена во нивниот живот. Исто така, мажите тежнеат да се сконцентрираат на најсвежи моменти и импресии, па ако тие се повеќе болни отколку радосни, многу веројатно е дека побрзо ќе дигнат раце и (без размислување) несвесно ќе се откажат од личноста која ја сакаат и која многу им значи. Она што е уште полошо од ова е фактот дека многу често тие многу доцна согледуваат што направиле.rnrnВрската бара негување и вложување и од двајцата партнери. Таа исто бара и голема доза откажување, правење компромиси и прилагодување кон тоа единство на двајца со различни карактери, ставови и размислувања. Но најмногу од сѐ, секоја врска бара љубов, разбирање, поддршка, почит и доверба. Почувствувајте кого имате покрај себе и што сѐ таа личност носи во вашиот живот, па доколку поголемиот дел од тоа е позитивно, тогаш бидете подготвени некогаш да си го прегризете јазикот и да голтнете некои работи, бидејќи тоа значи дека сте подготвени и сакате да направите сѐ што можете за таа личност да остане во него.

  • 5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    Колку и да постои љубов во врската, невозможно е да се избегнат расправиите. Сосема нормално е да има судир на ставови и размислувања, па во тие моменти малку треба за да започнете да се карате. Тоа се некогаш лесни расправии, но некогаш знаат да прераснат во големи и наизглед нерешливи. Но, иако во тие моменти делува како да е крај на светот и како да не постои решение за вашиот проблем, факт е дека доколку и двајцата сакате да го најдете, тоа е секогаш пред вашиот нос.rnrn(1)-5-chekori-koi-kje-vi-pomognat-vo-reshavanje-na-problemite-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Дајте си време да оладите

    rnНиту еден проблем не се решава додека сте лути и нервозни. Дури и да се обидете да разговарате во тие моменти, ќе забележите дека тој разговор брзо ќе премине во уште поголема расправија. Но доколку си оставите себеси, а и на партнерот, време и простор да ги избистрите главите, убаво да размислите за целата ситуација, за тоа кој што рекол и дури потоа да седнете да разговарате, ќе видите дека многу полесно ќе се разберете и ќе успеете да дојдете до заеднички компромис.rn

    2. Променете ја околината

    rnСѐ влијае на нас и на нашето расположение. Дури и само промена на собата во која се наоѓате може многу да влијае на вас и вашето размислување. Некогаш тоа може да биде промена на атмосферата. Не реагирајте веднаш колку и да сте тажни, лути или бесни. Пронајдете што влијае на вас за вие да се смирите и поубаво да размислите од различна перспектива и применувајте го тоа кога и да се наоѓате во тешка расправија со партнерот.rn

    3. Дишете длабоко

    rnКога се карате со некого тоа предизвикува одредено ниво на лутина кај вас, па сигурно сте забележале дека тогаш срцето ви чука забрзано, а некогаш дури и мислите дека ќе ви излета од градите. Дури и кога не се карате повеќе, ако сте сѐ уште нервозни, вашиот мозок работи забрзано и без престан, па не ретко се случува да се сетите на проблеми и расправии кои се случиле одамна, и повторно продолжувате со кавгите. Тоа е така бидејќи мозокот несвесно тежнее да ја задржи таа состојба на возбуденост, па за да се смирите треба да му испратите одредена порака. Дишете длабоко и полека за да го смирите нервниот систем и така ќе му дадете на мозокот до знаење дека треба да успори.rn

    4. Проширете ги видиците

    rnИако во моментите на расправање делува дека само вашата страна на приказната е онаа вистинската, најчесто не е така. За секоја врска се потребни двајца, па така и за секоја расправија се потребни двајца. Без разлика кој ја започнал расправијата, факт е дека штом се карате, тогаш постои нешто што не му се допаѓа и на партнерот. Застанете за момент и споделете ги вашите чувства и верзии на проблемот, па обидете се да слушнете и да разберете што навистина сака партнерот да ви каже. Кој знае, можеби ќе излезе дека тој е повеќе во право.rn

    5. Спојте ги приказните

    rnВеројатно е дека во моментите кога конечно ќе почнете да разговарате и да ги споделувате емоциите и вашите размислувања, ќе сфатите дека има доста слични работи кои ви пречат. Во склоп со оние различните и доза добар разговор ќе успеете да ги споите приказните во една, односно да најдете заедничка средина и да дојдете до некој компромис, така што крајниот резултат да биде во полза и на двајцата.rnrnКолку и да е расправијата голема и тешка, доколку навистина ја сакате личноста која се наоѓа спроти вас, тогаш не смеете да дозволите да направите ништо помалку од буквално сѐ за да ја задржите до себе. Терањето инает и правењето сѐ по свое и само како што на вас ви одговара нема да ве одведе никаде. Овие 5 чекори можат да ви помогнат да ги победите лутината и бесот и да преминете преку разликите со кои се соочувате. Сѐ што треба е да го сакате тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.