КАФЕ ПАУЗА

Tag: камилица

  • Камилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!

    Камилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!

    Кога мумијата на египетскиот фараон Рамзес II била префрлена од Египет во Париз, научниците кои го анализирале примерокот од ткиво идентификувале траги од камилица, билка која се користела во процесот на мумификација.rnrnКамилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!rnrnЕгипќаните добро ги знаеле лековитите својства на камилицата, особено во случај на болест која ја нарекувале ага, за која денешните истражувачи веруваат дека е форма на маларија.rnrnОсвен во Египет, камилицата ја користеле за здравје, но и за козметички цели луѓето во античка Индија, но и Старите Грци, Римјаните, Викинзите…rnrnКамилицата денес ја користиме како одличен лек против грчеви и болки, а може да се дава и на мали деца, особено кога станува збор за грчеви кај бебињата, при што концентрацијата треба да биде помала и да се користи само четвртина лажичка кафе на два децилитри зовриена вода.rnrnКамилицата помага и при менструални грчеви, а ова време е идеално за берење камилица. Цветовите на камилицата мора да се берат внимателно.rnrnСе берат само цветовите, а потоа тие се сушат на сенка. Сушени, се чуваат во тегла или хартиени кеси.rnrnМаслото од камилица е особено лековито. Серумот од масло од камилица е направен од есенцијално масло од камилица. Додадете две капки есенцијално масло од камилица на 15 милилитри бадемово масло и ќе добиете ефикасен серум за нега на кожата околу очите.rnrnОвој серум е одлично средство против темни кругови и брчки, првите знаци на стареење. Покрај тоа, препаратите на база на камилица се особено препорачливи за лицата со чувствителна и проблематична кожа бидејќи делува благотворно. Освен за кожа, камилицата се користи и во препарати за нега на заби, непца и коса со оглед на тоа дека е богата со витамини Б2, Б3, калциум, железо, селен и цинк.rnrnКога станува збор за чајот од камилица, важно е да се спомене дека не треба да се вари, туку да се направи со преливање зовриена вода и доволно е да отстои 15 до 20 минути, не повеќе.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од камилицата, можеби ќе сакате да прочитате и за несаканите ефекти од чајот од камилица.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Кои се несаканите ефекти од чајот од камилица?

    Кои се несаканите ефекти од чајот од камилица?

    Иако несаканите ефекти не се чести, камилицата може да предизвика повраќање, поспаност и алергиски реакции, како што се проблеми со дишењето, иритација или оток на усните, на јазикот или на лицето.rnrnКои се несаканите ефекти од чајот од камилица?rnrnЛуѓето кои се алергични на бела ротквица, хризантема или амброзија не треба да пијат чај од камилица. Исто така, камилицата може да реагира со некои лекови, па затоа треба да бидете внимателни ако ги користите следниве лекови:rn

      rn 011

    • Антикоагулантни и антитромбоцитни лекови, како што се варфарин, клопидогрел и аспирин. Употребата на овие лекови заедно со камилица го зголемува ризикот од крварење.
    • rn 011

    • Лекови за крвен притисок – камилицата може да предизвика загрижувачки низок крвен притисок кога се меша со овие лекови.
    • rn 011

    • Лекови за дијабетес – го зголемува ризикот од хипогликемија.
    • rn 011

    • Седативи (барбитурати, антидепресиви, бензодиазепини и лекови за срцев удар) и билки (валеријана) – нивното дејство може да се зголеми значително кога се користи и камилица.
    • rn 011

    • Лекови што се разградуваат во црниот дроб, како што се статини, антифунгални лекови и фексофенадин – познато е дека црниот дроб ја разложува камилицата и има можност да реагира со лековите кои имаат слична улога.
    • rn

    rnЗа да ги избегнете овие несакани ефекти, направете алерго-тест или консултирајте се со лекар за да знаете дали вашето тело може да ја толерира оваа билка.rnrnПрочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.

  • Науката вели дека чајот од камилица може да им помогне на жените да живеат подолго

    Науката вели дека чајот од камилица може да им помогне на жените да живеат подолго

    Една шолја чај од камилица може да ја олесни настинката, како и да ве смири додека сте под стрес, но изгледа дека здравствените придобивки не завршуваат тука. Едно ново истражување покажува поврзаност помеѓу пиење обичен чај од камилица и намалување на ризикот од смрт настаната од било која причина кај постарите жените.rnrnНауката вели дека чајот од камилица може да им помогне на жените да живеат подолгоrnrnВо период од 7 години, еден тим научници анализирале 1.677 субјекти од двата пола, кои биле на возраст од над 65 години. 14% од нив пиеле редовно чај од камилица, но само кај жените се покажале овие здравствени придобивки. Но, тоа не значи дека не станува збор за неверојатно откритие. Жените кои пиеле чај од камилица имале и до 29% помалку шанси да починат за време на студијата. Во овој момент, тимот на научници сè уште не можат да ги објаснат овие резултати.rnrnАвторот на студијата, Брет Хаури, предложил неколку можни претпоставки, велејќи:rn

    „Причината поради која постои разлика во нашите резултати помеѓу мажите и жените сè уште не е јасна. Но, разликата може да постои поради традиционалните полови улоги каде што жените се одговорни за секојдневните активности во домот, вклучувајќи го и здравјето на семејство, што најчесто вклучува и поголем број алтернативна медицина. Жените, исто така имаат поголема навика да пијат чај од камилица, за разлика од мажите.“

    rnКамилицата долго време била позната како домашен лек за скоро сите болести. Според една студија од 2011 година, луѓето ја користат за илјадници нешта, започнувајќи од повреди настанати од отровен бршлен, па сè до смирување на несоницата.

  • Како дома да направите природен и здрав шампон?

    Како дома да направите природен и здрав шампон?

    Доколку сте загрижени поради опасните хемикалии во козметичките производи, тогаш зошто да не направите некој од нив дома? Помеѓу најопасните артикли за лична хигиена се шампоните, бидејќи поголемиот дел од нив содржат канцерогени супстанци, па затоа повеќето лекари предупредуваат за нивното негативно дејство.rnrnКако дома да направите природен и здрав шампон rnrnНа многу едноставен и природен начин можете да направите здрав шампон за вашата коса, кој ќе биде подеднакво ефикасен колку и купечкиот.rnrnВо сад за готвење ставете 250 мл дестилирана вода и оставете ја на оган додека не почне да врие. Потоа во водата додадете две лажици сушена камилица. Доколку немате сушена камилица можете да ставите 3-6 кесички чај од камилица. Покрај камилица можете да користите и чај од коприва, нане или жалфија.rnrnОткако водата та ќе се обои, исцедете го чајот и вратете го во садот за готвење. Потоа додадете две лажици природен сапун, кој можете да го најдете во сите продавници каде што се продава природна козметика. Убаво измешајте за смесата да се соедини, па додадете една лажица билно масло (најдобро да употребите ладно цедено маслиново масло) и повторно измешајте. На крајот додадете 10 до 15 капки есенцијално масло по избор.rnrnШампонот кој го добивте чувајте го во сад кој може херметички да се затвора или во амбалажа од некој купечки шампон.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

    5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

    Стресот е проблем на милиони луѓе ширум светот. Тој ни доаѓа од сите страни; стресот на работа предизвикан од обид да ги завршиме сите задачи до дадениот рок, стресот околу домашните обврски, како и стресот од проблемите во љубовните и пријателските врски. Вашиот доктор може да ви препорача лекарства кои ќе ви помогнат да се справите со стресот, но можете и да уживате во природното ослободување од него, со помош на овие 5 етерични масла.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Лаванда

    rnЛавандата е одличен избор за заздравување на рани и обновување на кожата, но воедно и за смирување на нервниот систем, благодарение на неговиот сладок цветен мирис. Луѓето кои ги одбираат третманите со лаванда, уживаат во чувството на спокој и бистрина. Додадете неколку капки масло од лаванда во шишенце со распрскувач полно со вода и прснете низ вашиот дом за да ви помогне да се релаксирате. Измасирајте ги болните зглобови со мешавина од бадемово масло и неколку капки етерично масло од лаванда. Додадете неколку капки масло од лаванда во вашиот инхалатор за да ги намалите симптомите на настинка и употребувајте го за да третирате кожни состојби како акни, брчки и ранички.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Камилица

    rnДолго употребувана во билните чаеви, камилицата е позната по своето смирувачко дејство. Борејќи се против раздразливоста која доаѓа со стресот, етеричното масло од камилица, им помага на луѓето да се смират и релаксираат. За да се ослободите од главоболката, замотајте во крпа неколку коцки мраз попрскани со масло од камилица и поставете ја на главата како облога. За да спиете подобро и да ја подобрите способноста на вашето тело за справување со стресот, капнете 5-6 капки масло од камилица во освежувачот за воздух. Можете и да капнете неколку капки на марамче, кое ќе го ставите под навлаката за перница, за да спиете убаво.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Бергамот

    rnМирисот од кора од бергамот кој на чајот Ерл Греј му дава уникатен, смирувачки ефект има лесна арома која освежува и релаксира. Честопати се користи во борбата против немирот и депресијата, но помага и против вкочанетост и воспаленост на мускулите. Капнете неколку капки етерично масло од бергамот во вашето млеко за тело, за да ги намалите болките во мускулите и физичката тензија. Помешајте масло од бергамот со гел од алое вера во размер 1:5, за да создадете ефективен лек против акни. Воедно, капнувајќи неколку капки масло од бергамот во полна када подготвена за капење, ќе ви помогне да се ослободите од психичкиот стрес и тензијата којашто доаѓа во пакет со стресниот животен стил.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Јасмин

    rnСлаткиот јасмин е моќно етерично масло кое помага во ослободување од главоболка, смирување на кашлицата, ја минимизира физичката болка, дури го разубавува и тенот на кожата. Ставете неколку капки масло од јасмин во навлажнувач за воздух за да ја регенерирате вашата самодоверба и оптимизам и да ја намалите депресијата и тензијата предизвикана од стрес. Исто така, може да се користи во топла бања, за отстранување на главоболката и физичкиот стрес.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресотrn

    Нане

    rnСтресот може негативно да влијае врз вашата меморија и да ви оневозможи да се сконцентрирате. Нането поттикнува будење од умствениот замор. Мирисот е освежителен и е одличен избор кога стомакот ви е вознемирен, имате главоболка и чувствувате дека се разболувате. Етеричното масло од пеперминт има уникатен мирис кој може да ве релаксира и истовремено да ви послужи како стимуланс за подобра концентрација. Капнете неколку капки на јазикот за да ја подобрите вашата концентрација и протријте на вратот и рамената во текот на денот, за да го покачите нивото на вашата енергија. Исто така може да се користи и во освежувач за воздух, за подобрување на меморијата.rnrn5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лековитите својства на камилицата – цела аптека во една билка

    Лековитите својства на камилицата – цела аптека во една билка

    Чајот од камилица ја ублажува несоницата и нервозата, а маслото ја смирува болката во мускулите и зглобовите, додека инхалацијата помага кај воспалено уво и синуси.rnrnЛековитите својства на камилицата - цела аптека во една билкаrnrnКамилицата цвета од април до август, а се собира по суво и сончево време. Таа треба да се суши нагло и на температура од 35 степени.rnrnЗа чај се користи само цветот, а за купка целото растение. Од цветот на камилицата со помош на дестилација се добива етерично масло со препознатлива сина боја. Доколку цветот содржи повеќе етерично масло, тоа значи дека камилицата е поквалитетна, поскапа, но што е најважно и полековита.rnrnЧајот ја намалува нервозата, помага полесно да заспиете, а доколку се пие засладен со мед го олеснува дишењето и го смирува бронхитисот. Тој благотворно делува на слузницата на желудникот, па поради тоа млакиот чај се препорачува при воспаление на желудник. Бидејќи ги потиснува грчевите, тој помага и при надуеност на стомакот, болки во желудникот и цревата.rnrnКамилицата е добар диуретик. Го олеснува и засилува мокрењето и излачувањето на отровните материи од организмот и затоа се препорачува кај заболени од гихт, реума, воспаление на бубрези и бешика, а и кај шеќерната болест.rnrnИсто така камилицата го стимулира потењето, ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката и ја нормализира столицата, па поради тоа често се користи за прочистување на организмот. Таа го смирува воспалението во усната шуплина и дигестивниот систем, а се препорачува и за плакнење на рани кои тешко зараснуваат.rnrnДејството на камилицата е посилно, подобро и полековито кога се комбинира со други лековити билки кои имаат слично дејство и хемиски состав. Најдобро е да се користи во комбинација со маточина, анасон, слез и нане.rnrnПомешана со ким и анасон камилицата ги смирува грчевите во стомакот на новороденчињата, а во комбинација со валеријана ги намалува климактеричните тегоби. Камилицата е билка со препознатлив пријатен мирис и сладникав вкус, која се цени и применува во службената медицина.rnrnЧајот од камилица не се вари, туку само се прелива со зовриена вода, бидејќи со варење на висока температура од него испарува етеричното масло кое всушност е главната лековита компонента на оваа билка. Вака припремен чајот се остава да стои пет до десет минути, а потоа се процедува. Пожелно е да се пијат три до четири филџани топол или млак чај на ден и тоа најдобро засладен со мед од багрем или жалфија.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

    Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

    Многу девојки би се согласиле дека цвеќето е еден од нивните најомилени подароци, израз на љубов, романтика и нежност. Знаеме дека секој цвет носи порака, па искусните се секогаш внимателни во изборот. Но, некои цвеќиња, покрај убавината и прекрасниот мирис, имаат и дополнителни својства кои можат да ви го зачинат љубовниот живот.rnrnПознато е дека самиот назив „афродизијак“ потекнува од митолошката божица на љубовта и сексуалноста – Афродита и ден-денес на многу супстанци, мириси, зачини и јадења им се припишуваат својства кои ги будат сетилата и го јакнат либидото.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    1. Лаванда

    rnДефинитивно една од најупотребуваните ароми, почнувајќи од прашоци за перење и омекнувачи до средства за освежување простор и чистење. Лавандата шири релаксирачки мирис и е позната по своите приспивни својства. Кој би рекол дека истовремено за мажите претставувала моќен афродизијак? Истражувањата покажуваат дека нејзиното дејство е меѓу најсилните кога станува збор за цвеќиња, а сето тоа се должи на опуштеното чувство кое го предизвикува.rnrnВо ароматерапијата, есенцијалното масло од лаванда се користи како моќно средство за намалување на стрес, нервоза, тензија, па дури и некои психолошки нарушувања. Стресот може сериозно да го наруши здравиот сексуален живот, па тука лавандата игра клучна улога –го подига расположението, самодовербата и желбата за љубов и нежност. Она што е најважно, иако има релаксирачки својства за умот и телото, за разлика од други супстанци, нема да се почувствувате ниту летаргични ниту малаксани од нејзиното дејство.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    2. Камилица

    rnСлично како и лавандата, камилицата има моќно смирувачко дејство, а особено е корисна за олеснување на стомачни болки, несоница, стрес, па дури и депресија. За сите оние кои минуваат низ периоди на ниска самодоверба, осаменост, анксиозност, камилицата и тоа како придонесува во процесот на опоравување.rnrnОсвен сите овие позитивни страни, камилицата е позната и како одличен афродизијак, најмногу поради тоа што ви помага да се ослободите од стресот, да ги избркате лошите мисли и да уживате во интимните моменти со драгата личност.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    3. Орхидеја

    rnНавистина преубаво и романтично цвеќе, а особено популарно за денот на вљубените. Всушност, постои и вид орхидеја од која се добиваат зрна ванила – еден од најпопуларните и најобожуваните мириси во светот познат како моќен афродизијак.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    4. Гуарана

    rnМожеби изгледа чудно, но гуараната има својства на кои другите цветови би завиделе. Често употребувана во енергетски пијалаци, гуараната ја подига енергијата, силата и ја поттикнува сексуалната желба. Се смета дека ги поттикнува сексуалните хормони кај мажите и жените и дефинитивно има позитивни ефекти на расположението.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    5. Пасифлора

    rnОва е цвеќе кое дефинитивно си го има заслужено името, па така Passiflora incarnata или Цвеќе на страста има навистина моќни својства почнувајќи од лекување депресија, намалување на болка и секако како одличен афродизијак. Позната е и како Маракуја, а нејзините позитивни дејства се познати и користени низ историјата во традиционалните лекови на многу народи, но и потврдени во бројни истражувања.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилатаrn

    6. Афион

    rnСо својата прекрасна портокалова боја и специфичниот мирис, афионот е цвеќе чии својства се многу добро познати ширум светот. Често употребувана состојка во фармацијата поради опијатските состојки, но и во кулинарството, зрната од афион се користат во многу светски кујни. Самиот мирис, како и зрната предизвикуваат чувство на релаксираност, но и еуфорија, па затоа се верува дека е и афродизијак.rnrnЦвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата

  • Природни начини да се ослободите од првутот

    Природни начини да се ослободите од првутот

    Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето. Затоа, подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава.rnrnПриродни начини да се ослободите од првутотrn

    Маслиново масло

    rnПомешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.rnrnИсто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.rn

    Јаболков оцет

    rnЕден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.rnrnДоколку имате осетлива кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.rn

    Алое вера

    rnСе препорачува 2-3 часа пред миење на косата, да ја измасирате главата со алое вера. Ова помага да се ослободите од првутот, а го зајакнува и коренот на влакната.rnrnПриродни начини да се ослободите од првутотrn

    Камилица, мајчина душица и ловоров лист

    rnКамилицата ја смирува осетливата и воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие.rnrnПробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден.rnrnЛоворовиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.rn

    Сок од лимон

    rnИсцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, сè додека не се ослободите од првутот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

    Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

    Доколку држите диета пред летната сезона, никако не смеете да заборавите дека ненадејната и брза промена на килограмите, може да влијае на кожата и да се појават стрии.rnrnПобедете ги стриите со помош на авокадо и камилицаrnrnСтриите се појавуваат како последица од нагло растегнување на кожата и претставуваат еден од најголемите проблеми на изгледот на жените. Доколку некогаш во краток период имате изгубено поголем број килограми, сигурно сте се соочиле со појавата на стрии на стомакот, градите, задникот и на бутовите.rnrnДали ќе ви се појават стрии најчесто зависи од гените и од тоа колку вашата кожа е растеглива, односно колкаво количество на колаген и витамин Е содржи. За да ги победите стриите, потребно е да јадете што е можно повеќе храна богата со витамин К, Е и Ц. Истовремено, местата на кои веќе се појавиле стриите треба да ги премачкувате со препрати кои можете да си ги подготвите и дома. Ова се два сосема природни начини како да го решите овој естетски проблем.rn

    Масло со камилица

    rnПомешајте камилица со масло од лаванда и масло од јојоба. Со смесата секојдневно мачкајте ги местата на кои ви се појавиле стрии.rn

    Масло со авокадо

    rnИзмешајте авокадо, лимон и маслиново масло. Два пати неделно со помош на газа, нанесувајте ја смесата врз местата на кои имате стрии и нежно тријте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 начини за спречување на главоболката

    7 начини за спречување на главоболката

    Многу секојдневни работи како што се расправиите, обврзувачките рокови, сообраќајниот метеж, недоволното спиење и слично, можат да ни создадат главоболки. Општо земено, главоболките се одговорот кој го добиваме од телото за нанесениот физички или емоционален стрес. Овие стресови можат да предизвикаат грчење на мускулите во главата и вратот и притоа да создадат тензични болки во овој предел. Тие исто така, можат да предизвикуваат стегање, а подоцна и опуштање на крвните садови, што може да создаде мигрена или васкуларна главоболка. Неретко се случува причина за главоболки да бидат и оптоварените или инфицирани синуси.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrnrnСепак покрај големата непријатност кои повеќето од нив ја предизвикуваат, најчесто тие се привремени и можат многу лесно да се излечат и без помош на медикаменти. Пред да пробате проблемот да го решите со апче, обидете се со некој од следниве природни начини.rn

    Чај од ѓумбиров корен

    rnЃумбирот може многу да помогне против мигрената преку спречување синтеза на простагландини (многу масни киселини што се создаваат во човечкото тело и имаат силно физиолошко дејство). Поважно е тоа што, ѓумбирот многу помага во намалување на мачнината која ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.rn

    Етерични масла од мајчина душица и рузмарин за масажа на главата

    rnЗа ублажување на главоболката, капнете неколку капки етерично масло од мајчина душица или рузмарин на вашето чело. Протријте нежно за да се впие во кожата, а потоа мирувајте неколку минути. Во една студија направена во 2010 година, истражувачите откриле дека овие масла содржат супстанца која делува  анти-воспалително.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Етерични масла од пеперминт или лаванда за капење на стапалата

    rnНекои природни исцелители веруваат дека капењето на стапалата може да ви ја намали главоболката. Жешката вода ја повлекува крвта во нозете, намалувајќи го притисокот на крвните садови во вашата глава. Со додавањето на неколку капки етерично масло од пеперминт или од лаванда, можете дополнително да си помогнете бидејќи аромата предизвикува олеснување.rn

    Чај од камилица

    rnПравењето пауза во вашиот презафатен распоред, ќе ви помогне да ја испуштите тензијата која подоцна може да ви предизвика главоболка. Чајот од камилица содржи состојки кои можат да ви ја намалат болката и да ве релаксираат. Сварете шолја чај, употребувајќи една филтер кесичка. Оставете го поклопен десетина минути и по желба заладете со мед. Пополека пијте го топлото чајче, додека се одморате на некое мирно место.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Магнезиум

    rnИстражувачите велат дека оние кои страдаат од мигрена секогаш треба да го поседуваат овој важен минерал во своето медицинско шкафче. Според истражувањата, овие луѓе имаат ниско ниво на магнезиум во нивниот мозок за време на „нападите“ или пак имаат општ дефицит од магнезиум во организмот. Но, мора да се напомене дека магнезиумот може да предизвика дијареа кај некои луѓе.rn

    Витамин Б2

    rnСпоред една студија, внесувањето 400 милиграми од овој витамин, познат и како рибофлавин може за 50 % да ги намали шансите за мигрена. Кај 60 % од волонтерите кои три месеци редовно внесувале толкава количина од овој витамин, резултатите биле позитивни.rnrn7 начини за спречување на главоболкатаrn

    Екстракт од лопушка (овчарка)

    rnЛековитата тревка наречена лопушка или овчарка претставува ефективно средство кое помага при намалување на главоболката. Се препорачува да се пие 75 милилитри екстракт од оваа тревка за време на првиот месец, а потоа да се пие два пати на ден по 50 милилитри.rnrnДоколку главоболката ви е предизвикана  од вчерашното лудување, тогаш ви треба нешто друго.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.