Ако сакате да се ослободите од холестеролот и од вишокот килограми, како и да воспоставите хормонален баланс во организмот, јадете… калинка секој ден!rnrn
rnrnКалинката се смета за едно од најздравите овошја поради уникатниот состав и огромниот број корисни својства за организмот. Истражувањата покажале дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини од кои 6, освен во калинката, ги има само во месото. Затоа калинката може да биде одлична замена за месото доколку се одлучите да се откажете од месните производи. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка.rn
1. Ја подобрува хормоналната рамнотежа
rnСемките од калинка содржат масла кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа во организмот. Ова овошје е особено важно кога станува збор за женското здравје бидејќи ги ублажува болките за време на менструација, ја смирува главоболката и помага при менопауза.rn
2. Делува како природен инсулин
rnКалинката е корисно овошје особено во случаите на дијабетес. Половина лажичка сок од калинка 4 пати на ден го намалува нивото на шеќер во крвта.rn
3. Го зголемува хемоглобинот
rnНа лицата со анемија им се препорачува да пијат половина чаша разреден сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред оброкот.rn
4. Ја дезинфицира усната шуплина
rnКората од калинка ја ублажува болката во грлото и ја дезинфицира устата при стоматитис и фарингитис.rn
5. Го намалува крвниот притисок
rnКалинката може да го намали крвниот притисок без негативни последици врз организмот. Покрај тоа, ова овошје има и смирувачки својства. Во случај на несоница и анксиозност, се препорачува пиење чај од калинка.rn
6. Ја подобрува меморијата
rnСтудиите покажале дека консумирањето 8 мл сок од калинка во текот на четири недели значително ги подобрува индикаторите на вербалната и визуелната меморија.rn
7. Го намалува гладот
rnСамо 1 чаша сок од калинка дневно ви помага да останете сити. Според научниците, за овој ефект се одговорни полифенолите кои се содржат во сокот од калинка.rn
8. Штити од болести на кардиоваскуларниот систем
rnРедовното консумирање калинка значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Според некои истражувања, сокот од калинка штити од инфаркт и од мозочен удар.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка, можеби ќе сакате да дознаете и кои 10 видови храна се одлични за здравјето во студените месеци.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs


rnrnОдговорот на ова прашање е навистина жестока дебата. Многу луѓе ќе ви кажат дека нивното куче обожава калинки, а многу ќе ви кажат и дека никогаш не му даваат. Во овие ситуации најдобро е да се запрашате зошто воопшто сакате да му дадете калинка на вашето куче. Дали ви е омилено овошје и сакате да ја поделите? Дали сакате да додадете антиоксиданси во исхраната на кучето? Иако ова звучи разумно, постојат други начини на коишто можете да го направите тоа.rn
rnrnБез сомнение, калинката е навистина здраво овошје и има повеќе антиоксиданси од сите бобинки. Со години научниците зборуваат за својствата против стареење на калинките. Од овие антиоксиданси можеби има придобивки и за кучињата, но тие се премногу мали. А бидејќи постои веројатност калинката да го надразни стомакот на вашето милениче, најдобро е да ја избегнувате.rn
rnrnДоколку вашето куче сака калинка, не мора да паничите бидејќи тие не се отровни за нив. Доколку кучето јаде калинка, најверојатно ќе има малку проблеми со стомакот и можно е да поврати. Кучињата не можат да се хранат само со овошје, па не можат многу ефикасно да ги дигестираат семките. Поради ова, калинката може да предизвика проблеми со дигестивниот систем.rnrnКучињата имаат уникатни дигестивни потреби и високото количество антиоксиданси во калинките не е добро за нивниот стомак. Покрај тоа, калинката има многу семки што кучето најверојатно нема да ги џвака, туку ќе ги голтне цели. Надворешниот дел од калинката исто така е тежок за дигестија кај кучињата, па и тој може да предизвика проблеми.rn
rnrnСпоред експертите, кучињата можат да консумираат малку калинка, но во форма на сок. Иако деловите од калинката не се отровни, сепак ќе предизвикаат проблем, па нема потреба да му давате на вашето куче.rn
rnrnДоколку сепак сакате да го внесете ова овошје во исхраната на вашето милениче, постојат неколку алтернативи. На овој начин кучето ќе ги добие потребните антиоксиданси, но без дигестивните проблеми.rn
rnrn
rnrn
rn
rn
rnrnОва видео ќе ви покаже како брзо и лесно да стигнете до вкусните сочни зрна, а ќе ви даде и неколку идеи што да направите со нив. Уживајте!rnrnrnrnНе ви се допаѓа овој начин? Обидете се со 
rnrnШто убаво си врне.rnМирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила… Мирис на есен.rnПоосамена од обично.rnНе јас. Есента.rnЈас… Мене ми е добро.rnГо комбинирам старото со новото,rnминатото го сакам назад, барем на кратко.rnКој може да ме обвини, студеново време ми ги врати спомените.rnА ги имаме премногу.rnПосебно во сезоната на калинките.rnИ ноктите ми се во боја на калинка.rnДодека внимателно ги одбирам најубавите зрнца,rnне можам, а да не се потсетам на тебе.rnНивниот вкус е како вкусот на нашето минато.rnТрае кратко, а е толку силен, впечатлив.rnВкусот го чувствувам долго потоа.rnВелат дека за да го почувствуваш вистинскиот вкус на калинкитеrnмораш да земеш повеќе зрнца одеднаш, само така се добивал целосниот впечаток.rnНе, не.rnЈас ги сакам едно по едно.rnМе потсетува на тоа дека најслатките задоволства на животот, се кратки.rnА сепак постојат!rnДа живее есента!rnСекогаш успешно те носи во мојот живот.rnЗа малку љубов, малку хаос.rnМалку моментална среќа. За шолја топол чај во нашето омилено кафуле,rnза твојата насмевка која во овој период од годината е најубава.rnЗа прегратки, за моите дланки да се стоплат во твоите.rnЗа моите усни да најдат мир врз твоите.rnЗа денес.rnЗатоа што утре не ме интересира.rnНе сме ние за иднина, сегашноста е наша.rnКому му е гајле за иднината, јас живеам за денес.rnИ онака есенските дождови успешно успеваат да ги избришат гревовите од изминатите години.rnИ од целата наша приказна, го паметам само убавото.rnСамо тоа ми е потребно.