Ако сте големи љубители на кофеинот, сигурни сме дека додека сте уживале во овој вкусен пијалак, барем еднаш ви паднало на памет да се обидете да го замислите во форма на личност. Или пак, можеби толку многу сте задлабочени во вкусот, што не можете да размислувате на нешто друго. Без разлика на ситуацијата, благодарение на Марија Тиурина, сега конечно имате шанса да видите како секое од кафињата би можеле да изгледаат кога би биле личности…rn
Покрај здравствените придобивки, кафето има многу позитивни страни. Оние кои се љубители можат да потврдат дека доволно е само да го помирисаат и веднаш се посреќни. Исто така не смее да се заборави и брилијантната комбинација на кофеин и чоколадо. Зарем има нешто подобро? Погледнете ги следниве 15 причини зошто кафе е секогаш подобар избор од чајот!rnrnrnrn1. Кафето е една причина повеќе да се радувате на состаноците со вашиот партнер. Тоа шири љубов.rnrn2. Кафето барем има вкус. За разлика од чајот, кој е комбинација од вода и лисја кои немаат вкус.rnrn3. Кафето ви дава енергија! Одличен избор кога ви е потребна енергија затоа што сте биле будни цела ноќ мразејќи го чајот.rnrn4. Кафето ве учи нешто повеќе за умереност. Доколку испиете исто толку чаши кафе колку што пијат луѓето чај ќе полудите.rnrn5. Можете да правите уметност од кафе. Не сме сигурни дека може да се направи уметност од потопувањето на кесички со чај во жешка вода.rnrnrnrn6. Не треба да го посетувате тоалетот на секои 5 минути, како што прават љубителите на чај. Токму затоа имате дополнително слободно време за да размислувате колку е најдобро кафето. Или за да го живеете секојдневниот живот, како ви одговара вам повеќе.rnrn7. Кафето е одличен придружник на фотографиите со вашите пријатели. Големи се шансите дека тоа ќе биде причина за големиот број лајкови.rnrn8. „Одењето на кафе“ со луѓето е значајна практика во животот на возрасните. Овој израз со други зборови може да се протолкува и како „Јас сум сега вистинска возрасна личност“.rnrn9. Секое кафе има егзотично пакување. Чајот, не баш.rnrn10. На кафето можете да му додадете чоколадо. Ова е еден од најголемите изуми на човештвото.rnrnrnrn11. Миризбата на кафето ве прави посреќни. Ова дури е и научно докажано. Но, сите љубители на кафето одамна ја знаат оваа вистина, се согласувате?rnrn12. Изборот во менито е буквално бескраен. Како е можно еден пијалак да се подготвува во толку многу различни комбинации? Тоа е неверојатно.rnrn13. Леденото кафе е совршеното летно освежување. Без него, ниту еден љубител на кафе не би можел да преживее.rnrn14. Кафето има многу алатки. Машина за еспресо, макијато, капучино…rnrn15. Кафето ве прави кул. Кој пие кафе? Секси парижанки, жешки рок ѕвезди… Кој пие чај? Бабите и слично.rnrn
Лив Бурандеј, артистка од Филипините, секојдневно ги изненадува своите следачи на Инстаграм со забавни и креативни илустрации направени од зрна кафе. Таа создава интересна уметност која кога ќе почнете да ја гледате, едноставно нема да можете да престанете. Оваа серија била инспирирана од сериозната лубов кон кофеинот на нејзиниот татко. Погледнете дел од одлично завршената работа на Лив…rnrnrnrn
Лате арт е форма на уметност која ги надополнува убавината на мирисот и вкусот со дизајнот на кафето и ги поврзува во уникатно единство, кое прави уште повеќе да уживаме во овој моќен напиток, без кој многумина не можат да го поминат денот.rnrnБариста мајсоторот Мајк Брич се занимава со портретирање на пената на врвот од кафето, кое му служи како платно на кое црта со помош на бамбусово стапче. На неговите краткотрајни дела, можат да се најдат ликовите на познати рок ѕвезди, артисти, вонземјани и големи брилијантни умови. rn rn
Тој вели: „На некој начин, јас сакам да бидам како Вили Вонка само со кафе – да го правам интересно и забавно за луѓето, да ја тргнам претенциозноста настрана, да ја отстранам сериозноста од него.“
rnПа, можеби еден ден и ќе успее во тоа. Моментално е во потрага по спонзор кој ќе му овозможи да отвори своја кафе-продавница. Се надеваме дека производителите на кафе ќе го забележат неговиот уникатен талент и ќе му помогнат да го живее својот сон како Вили Вонка во својата лична „Фабрика за кафе“.rn
Не мора да сте професионален бариста за да си дозволите комплетно уживање во вашето кафе. Уметноста на врвот од кафето не е само за во вашето омилено кафуле. Со овој чекор-по-чекор водич, млеко зовриено на пареа и мирна рака, и вашето домашно еспресо може да добие уметничка слика на површината. Сепак, да напоменеме дека може да ви требаат неколку обиди додека добиете совршено срце, во спротивност може да се предозирате со кафе. :)rnrnrn
Потребно:
rn
rn011
Еспресо машина
rn011
1 доза еспресо
rn011
150 мл полномасно млеко
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Зовријте го млекото додека да стане густо и кремасто, но без премногу пена.rnrn2. Сипете го еспресото во шолја за кафе, благо навалувајќи го кон една страна.rnrn3. Нишајте го (со кружни движења) млекото во ѓезвето додека површината стане мазна.rnrn4. Почнете да го сипувате млекото во средината на еспресото од повисоко, на почетокот бавно, а потоа забрзајте.rnrnrnrn5. Кога половина од млекото ќе отиде, продолжете со сипување, но спуштете го ѓезвето пониско и нежно придвижувајте го лево-десно за да го олесните оформувањето на пената.rnrnrnrn6. Кога млекото е при крај, ќе ви се појави форма на јаболко. Тогаш намалете ја брзината на сипување и придвижете го ѓезвето попреку по површината на спротивниот крај.rnrnrnrnМалиот остаток од пена ќе повлече линија по средината на јаболкото и ќе се формира срце.rnrnrnrnЕве и едно видео кое ќе ви ја покаже постапката:rnrnrnrn rnrn
Кафето кај многумина ја поттикнува инспирацијата. Сме виделе зошто е тоа корисно, со какви сè вкусови може да се комбинира и една интересна форма на уметност која се креира директно на површината на штотуку подготвеното еспресо. Но, тука не застанува неговата примена. Артистот Дирсеу Веига создава уметност со помош на кафето, но притоа користејќи го како мастило за сликање на хартија.rnrnrnrnБразилецот Дирсеу Веига живее во Куритиба, јужно од Бразил. Ја започнал својата кариера во 1994 година, работејќи како илустратор на книги за деца. Тој е љубител на кафе, па така нашол креативен начин да ја спои оваа своја пасија со илустрирањето. Резултатот од овие две нешта се дела насликани со кафе.rnrnrnrnТој има учествувано на многу настани за кафе, каде сликал портрети на луѓе само со еспресо кафе и со своите четки на хартија во А4 формат. Тој за својата работа вели:rnrn
„Целиот процес е многу брз и се завршува без многу мака. Потребни се околу 5 минути, после што субјектот кој е портретиран си оди дома со траен спомен за прекрасното време кое го поминал на настанот.“
Уметноста на цртање на кафе всушност се состои од истурање млечна пена во шолја еспресо, притоа изработувајќи некаков дизајн на површината. Овој вид уметност е познат како „coffee art“ или „latte art“. Вистинскиот дизајнер може да создаде интересни креации од основниот дизајн познат како „Розета“. Кафе артот е актуелна тема. Денес во светот се одржуваат неколку натпревари на кои се покажува оваа уникатна форма на уметност.rnrnrnrnПокрај со млеко, површината на кафето се дизајнира и со цимет, какао, чоколаден прелив и други сирупи за кафе.rnrnrnrnКако вие би сакале да го добиете сервирано кафето? Омилен дизајн?rnrn rnrn