КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јутјуб

  • Маскиран музички талент – истовремено пее, свири гитара и удира на тапани

    Маскиран музички талент – истовремено пее, свири гитара и удира на тапани

    Ова момче можеби го крие своето лице, но не и неговите музички способности. Екстремно добар, брз и фантастичен, е скромен опис за неговиот несекојдневен талент. Истовремено пее, свири гитара и удира на тапани. Настапува како Gull. Маскиран музички талент - истовремено пее, свири гитара и удира на тапаниАко мислевте дека ниту едно видео на Јутјуб повеќе не може да ве изненади, Gull ќе ви покаже дека грешите. Погледнете го неговиот енергичен перформанс. Ако замижите, ќе помислите дека се работи за комплетен рокенрол состав.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува на интернет за една минута?

    Што се случува на интернет за една минута?

    Со оглед на фактот дека од ден на ден интернет корисниците сè повеќе се зголемуваат, навистина е тешко да се опише што всушност се случува на интернет во еден ден. Сепак, екипата на „Ultralinx“ направила една мала анализа и открила интересни податоци, за тоа што сè се случува на интернет во една минута.Што се случува на интернет за една минута?rn

      rn011

    • Во една минута се испраќаат повеќе од 204 милиони имејлови.
    • rn011

    • Во една минута се симнуваат повеќе од 47.000 апликации за паметни телефони.
    • rn011

    • Во една минута на Фликр се прелистуваат 20 милиони фотографии и се прикачуваат нови 3.000.
    • rn011

    • Во една минута на Јутјуб се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 30 часа, а во истиот период се прелистуваат 1,3 милиони видеа.
    • rn011

    • Во една минута на Гугл се вршат 2 милиони пребарувања.
    • rn011

    • Во една минута, Фејсбук се отвора 6 милиони пати.
    • rn011

    • Во една минута на Твитер се отвораат 320 нови профили и се објавуваат 100.000 твитови.
    • rn011

    • Во една минута на Амазон се продаваат работи во вредност 83.000 американски долари.
    • rn011

    • Во една минута на Википедија се објавуваат 6 нови текстови.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади, на реката Замбези. Во периодот кога завршуваат сушите и реката е со најнизок водостој, овој природен луксуз е мета на илјадници туристи. Базенот е сместен на 103 метри височина и со право го добил името „Базенот на ѓаволот“. За да фрлите поглед надолу, треба да допливате до самиот раб и да се поткренете или качите на карпата која го заокружува.Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Водопадите се наоѓаат помеѓу африканските држави Замбија и Зимбабве. Патот до нив воопшто не е безбеден. Туристите одат на свој ризик, свесни дека лесно можат да настрадаат. По цена од 5 долари, тамошното население им нуди помош полесно да стигнат до базенот. Овие водопади се едни од најопасните во светот. Познати се и како „Чадот што грми“. Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Погледнете едно од многуте видеа снимени на оваа локација и објавени на Јутјуб.rn

    rn

    Во продолжение, погледнете уште неколку фотографии направени од туристите, кои уживаат во малку повеќе адреналин. Ќе забележите дека и покрај ризикот, цели семејства одлучиле да го испробаат овој природен, бесконечен базен. Изгледа страшно, но и неверојатно возбудливо.

    rn

    Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    rnБи се осмелиле ли и вие да му погледнете на ѓаволот право во очи? :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Микс од 21 љубовна песна за Денот на вљубените

    Микс од 21 љубовна песна за Денот на вљубените

    Ако сè уште размислувате како да го прославите Денот на вљубените, можеби конечно ќе се одлучите откако ќе го слушнете музичкото видео на 25-годишниот Фридрик од Шведска. Во романтична атмосфера, во боите на љубовта, ова младо момче кое е познато по неговите вирални видеа на Јутјуб, снимило симпатичен 7-минутен микс од 21 љубовна песна, отсвирени на гитара. Едвај се забележуваат премините од една во друга мелодија.rnrnМикс од 21 љубовна песна за Денот на вљубенитеrnrnПогледнете го видеото. Можеби и ќе ви се допадне идејата. Секако е подобра отколку класичните слатки во облик на срце. :-)rnrnrnrnМожете идејата да ја позајмите во целост, но ако случајно не ви оди со гитарата, пуштете ги оригиналните песни и слушајте ги во атмосферата која ја предлага Фридрик. Имајте убав празник.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Татко и две дечиња во „Депеш мод“ расположение

    Татко и две дечиња во „Депеш мод“ расположение

    Неодолива семејна преработка на хитот „Everything Counts“ од легендарниот состав Депеш Мод… Колумбиецот Дикен Шрејдер и неговите две дечиња Мила и Корбен, успеале да спакуваат одлично видео со семејна музичка едукација, креативност и релаксација, сè во едно.Татко и две дечиња во „Депеш Мод“ расположениеНивната импровизација е за почит. Користат пластично шише од Кока-кола, клавијатура од 80-те години, ксилофон, дајре, тегла, флејта… Слушнете ги како звучат, нема да зажалите. Растураат. :-)rn

    rn

    Погледнете ги и нивните останати музички видеа со преработки на популарниот англиски бенд, објавени на Јутјуб.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Социјалните мрежи како поттикнувачи на желбата за читање книги

    Социјалните мрежи како поттикнувачи на желбата за читање книги

    Бидејќи луѓето сè повеќе време поминуваат на социјалните мрежи и на интернет, библиотеката на градот Милвоки, кој се наоѓа во Висконсин, САД ги направиле овие интересни постери кои се дел од нивната маркетинг кампања за поттикнување поголем интерес кај луѓето за читање книги.rnrnСоцијалните мрежи како поттикнувачи на желбата за читање книги rnrnНивните постери всушност претставуваат преработка на логоата на познатите социјални мрежи. Тие ги обработиле логоата на познатите социјални мрежи Фејсбук, Твитер и Јутјуб и направиле интересни слогани кои служат како потсетници и поттикнувачи на желбата за читање. rnrnСоцијалните мрежи како поттикнувачи на желбата за читање книгиСоцијалните мрежи како поттикнувачи на желбата за читање книги
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Rolling in the Deep“ отпеана од 71 различен изведувач

    „Rolling in the Deep“ отпеана од 71 различен изведувач

    Лук Бергерон или познат како „Zapatou“ направил едно интересно видео на кое ќе ја чуете песната „Rolling in the Deep“ од Адел во едно поинакво издание. Станува збор за микс од 71 различно видео на кои е изведена оваа песна, составени во една хармонична целина.rnrn„Rolling in the Deep“ отпеана од 71 различен изведувач rnrnКомпилацијата од различни гласови и интерпретации прават една интересна верзија, која заслужува да биде чуена. Целосната листа од видеата кои се употребени за изработката на ова видео, можете да ја најдете веднаш под видеото на Јутјуб.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живот во еден ден (Life in a Day)

    Живот во еден ден (Life in a Day)

    Филмски колаж од видеа снимени само на 24 јули 2010 година, од десетици луѓе низ целиот свет, а финалниот производ е ода за различностите, за животот, но и за убавината на секој ден минат на оваа планетаrnrnЖивот во еден ден (Life in a Day)Режија: Кевин МекдоналдrnrnПродуцент: Тони Скот, Ридли СкотrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англиски, германски, руски, италијански, јапонски итн.rnrnПремиера: 27 јануари 2011rnrnЖанр: документарецrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЗнаете ли што правевте на 24 јули 2010 година? За повеќето од нас тоа беше само уште еден ден во низата наречена живот, додека за некој друг денот кога му се родило дете, кога се земал… кога снимил видео за новиот филм на режисерот Кевин Мекдоналд. На 24 јули, илјадници луѓе од цел свет ги кренаа камерите и евидентираа по нешто за тоа што им се случува во тој момент и потоа материјалите ги закачија на сервисот „Јутјуб“. А од селектираните видеа е направен „Живот во еден ден“, глобална ода за човековите различности, за обичните луѓе како и за убавината и посебноста на секој ден минат на оваа планета, дури и ако вие во моментот не сте го почувствувале тоа.rn———————————————————————————————————————————————————————rn

    rnСодржина: Во овој филм нема главни јунаци туку се добива чувство дека тоа сме сите ние, обичните луѓе како јас и вие. Приказните не се одбрани по трогателност и срцепарателност иако има и такви. Сепак, влезени се и сосема обични материјали кои треба да ни ја пренесат убавината на еден ден. Час и половина минуваат веднаш низ видеата со човек како јаде големо парче лубеница, со девојче кое кажува од што се плаши, со мајка која доаѓа дома по операција, со трудна жена на која двете деца ù го гушкаат големиот стомак, за сопруга која преку „Скајп“ зборува со својот маж кој е во војска, за син кој доаѓа да се види со својот татко, за… Затоа што таквите слики се тие што го прават еден обичен 24 јули посебен, само тоа треба да го сфатиме и да го цениме.Живот во еден ден (Life in a Day)Дел од прикажаните приказни сосема разбирливо повеќе се запечатуваат во нашите сеќавања. Но освен неколку луѓе, поголем дел од ликовите се појавуваат само по еднаш што е сосема разбирливо. Ова не е воајерско навлегување во нечиј живот туку збир на секвенци. Интересно е што филмот не е направен за да ни крене некаков морал или да направи да се чувствуваме подобро за нашиот живот. Има и среќни и тажни и глупави и обични приказни. Но сепак, крајно интелигентно и ненаметливо, „Живот во еден ден“ го слави животот.Живот во еден ден (Life in a Day)Во ова филмско патување воопшто не се губи фокусот и не се добива конфузно чувство и покрај тоа што се користат видеа снимени од различни луѓе. И нормално, едно од прашањата кое сигурно ви се поставува е „Дали има видео од Македонец?” Искрено мислам дека не, освен една сомнителна секвенца во филмот каде едно момче набројува што има во џебовите и вели нешто како „клучеви, телефон, шприцеви“, но сепак тоа може да се должи на блискоста на словенските јазици.Живот во еден ден (Life in a Day)Кинематографија: Иако видеата се снимени на различен начин и доаѓаат од секаде во светот, запазен е одреден минимум на гледливост. Не заморуваат, дури на моменти се и вистински уметнички дела, како да не се снимени од аматери. А, за сликите кои се гледаат, не се ни осудувам да почнам да ги доловувам во еден пасус. Разновидноста на светот е еднаква со разновидноста на кадрите во овој филм.Живот во еден ден (Life in a Day) Кога и како да го гледате: Доколку го даваа во некое македонско кино, би ви препорачала да го гледате таму затоа што сликите така ќе останат подолго со вас. Но во недостаток на оваа опција, проследете го дома, навечер и по можност со друштво. Сепак, оние кои се чувствителни на сцени на суровост кон животни, ќе мора брзо да „премотуваат“ некои делови затоа што, да, има и такви крвави парчиња.Живот во еден ден (Life in a Day)———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Што можеме да научиме од Јутјуб?

    Многумина корисници на сервисот „Јутјуб“ паметно ги користат неговите можности. Покрај многуте смешни видеа, инсерти, спотови, исечоци од филмови, аматерски снимки и слично, на „Јутјуб“ можат да се најдат илјадници корисни туторијали од кои можете да научите нешто. Ова се само дел од нив кои ние ги одвоивме за вас. Дали можеби вие имате направено некој интересен туторијал?rnШто можеме да научиме од Јутјуб?

    rn1. Како да читате брзоrn

    rn2. Како да врзете вратоврскаrn

    rn3. Како да запалите оган без запалка или кибритrn

    rn4. Како да се ослободите од полициски лисициrn

    rn5. Како да презентиратеrn

    rn6. Како да отворите кокосrn

    rn7. Како да направите туторијалrn8. Како професионално да завиткате поклонrn9. Како да направите виноrn10. Како да свирите на виолинаrn11. Како да сурфатеrn12. Како да отворите пиво со пенкалоrn13. Како да научите да плететеrn14. Како да олупите дињаrn15. Како да испечатите своја маичкаrn16. Како да направите совршено црвени усниrn17. Како да направите пастаrn18. Како да го издресирате вашето куче да седиrn19. Како да станете диџејrn20. Како да се нашминкате доколку имате мали очиrn21. Како да заштедитеrn22. Како да ја подобрите меморијатаrn23. Како да направите коса во локниrn24. Како да исполирате чевлиrn25. Како да направите вегетеријанско сушиrn26. Како да снимате подобри видеа со веб-камераrn27. Како да породите жена во итен случајrn28. Како да ослабетеrn29. Како да направите оригамиrn30. Како да ја трансформирате досадната училишна униформаrn——————————————————————————————————————————————————————–rnДали вие сте научиле нешто со помош на Јутјуб? Споделете го вашиот омилен туторијал преку коментар.rn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преслатко девојче пее во дует со својот татко

    Преслатко девојче пее во дует со својот татко

    Се сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.rnrnПреслатко 6-годишно девојче пее во дует со својот таткоrnrnГолемата популарност на ова видео, го префрли симпатичниот дует од спалната соба, во „Шоуто на Елен Дегенерез“. Таткото свирка со уста, свири на гитара и пее, а милото девојче го придружува во дует, обидувајќи се со своето невино гласче да ја фати мелодијата и истовремено да не го згреши правилното изговарање на некој збор. :)rnrnrnrnПогледнете го и нивниот настап во „Шоуто на Елен Деџенерис“.rnrnrnrnrnrnЌе се сложите со мене дека ова дефинитивно е одличен рецепт за градење фантастични спомени од детството, креирани во рамките на едно семејство.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.