КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јутјуб

  • „Yes theory“ – Јутјуберите кои ќе ве инспирираат да излезете од вашата комфорна зона

    „Yes theory“ – Јутјуберите кои ќе ве инспирираат да излезете од вашата комфорна зона

    Во изминативе неколку години, со развојот на социјалните медиуми, сѐ повеќе и повеќе луѓе со креативни идеи пробуваат да се втурнат во Jутјуб индустријата. Едни од оние кои успеале да се пробијат низ густата конкуренција се младите момци од „Yes Theory“.rnrn„Yes theory“ - Јутјуберите кои ќе ве инспирираат да излезете од вашата комфорна зонаrnrnИако многумина се обидуваат да ја придобијат публиката со хумористични видеа, она што ги одвојува „Yes Theory“ од останатите е всушност нивната животна филозофија на кажување „Да“ на работите кои изгледаат невозможни. Со тоа дополнително сакаат да ги поттикнат луѓето да испробуваат нови работи за кои можеби немаат храброст, и да докажат дека апсолутно сѐ е возможно.rnrnНивниот Јујтуб канал започнал од едноставна, но инспиративна идеја, која за неколку години прераснала во компанија која ги поттикнува фановите да излезат од својата комфорна зона и да почнат да го живеат животот со полна пареа.rnrnТомас, еден од членовите, му ја претставил својата замисла на пријател кој случајно го запознал неколку месеци пред реализацијата на проектот. Непосредно пред снимањето, кое се одвивало во Монтреал, Канада, тој запознал уште двајца момци кои требале да помогнат околу снимањето, а доаѓаат од сосема различни страни на светот. Оваа идеја неверојатно многу им се допаднала и веднаш ја прифатиле, па до ден-денес се дел од неа и заеднички ја развиваат. Оваа идеја го добила името „Проект 30“, и претставувала снимање на 30 работи кои тие никогаш не ги направиле во рок од 30 дена. Секој ден во текот на тие 30 дена прикачувале по едно видео, каде успешно ги совладуваат предизвиците кои претходно самите си ги поставиле.rnrn„Проект 30“ содржи различни теми, од првата депилација што ја направиле во животот, до дружба со градоначалникот на градот, секое од нив со неверојатно хумористична конотација.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BY_bep9gDlo&list=PLexkHoTXo4UouajtFsiflNvosVJ1YKX01rnrnОткако успешно го завршиле проектот, забележале дека нивната работна и креативна енергија добро се совпаѓа, па решиле да продолжат заедно да работат на нови видеа. Денес, нивниот Јутјуб канал има над 5 милиони претплатници.rnrnВо текот на годините, секој од членовите искусува нешта што отсекогаш ги сакал, нешта од што се плашел, но тие прифаќаат и предизвици кои самите гледачи ги предложуваат во коментарите.rn

    Посета на најмалку посетената држава во светот

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ODuEl4oNae0rn

    Организирање забава во најздодевниот град во Америка според Гугл

    rnhttps://youtu.be/uSd_tZ3gMWcrn

    Патување на место кое ќе се падне со вртење на домашниот глобус каде случајно запознаваат и плаќаат патување за личност со неверојатно инспиративна животна приказна

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kOZnpwI2hIMrnrnНивниот збор стигнал и до познатиот Вил Смит, кој го предизвикале да каже „Да“ на летање со параглајдер, кое тој го прифатил и одлучил да го направи за неговиот 50-ти роденден. Летањето беше проследено од многу познати медиуми и објавено на официјалниот Инстаграм профил на Вил Смит.rnrnhttps://youtu.be/KSu6gRp7UBArn

    Убедување странци на аеродром да ја сменат насоката на патување на еден ден, што се претвора во авантура која странците со душа ја чекале

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=00fGpWJ1r0grnrnНивните монтажери со кои подоцна почнуваат да соработуваат, создаваат хумористична емисија за готвење на посебен канал.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Qy1jwHg8fQMrnrnОвие момци повеќе од сѐ ги ценат своите следбеници. Покрај тоа што ги прифаќаат нивните предизвици, им помагаат и да ја добијат работата од соништата, пробуваат различни видови исхрана со цел да ги информираат гледачите, организираат и финансираат бројни еднодневни екскурзии со различна цел и објавуваат посебни видеа на социјалните медиуми каде ѝ се обраќаат на публиката и ја инволвираат во нивната содржина.rnrnОваа група млади момчиња денес, покрај големиот број следбеници, имаат и свој бренд на облека во која преовладува фразата „Seek Discomfort“ (Барај неудобност). Ова е уште еден начин на кој тие успеваат да ги мотивираат луѓето да излезат од комфорната зона и да докажат дека секој може да го живее животот од своите соништа.rn

    Автор: Анастазија Стошиќ

  • Едукација за мајчинство на македонски со видеата на Јутјуб каналот Дома со Леа

    Едукација за мајчинство на македонски со видеата на Јутјуб каналот Дома со Леа

    Никој не рекол дека родителството е лесна задача, а ова најдобро го знаат оние луѓе кои за првпат стануваат родители. Многу нови обврски, непроспиени ноќи и занемарување на грижата за себе се само дел од нештата што го опишуваат животот на родителите во првите месеци од раѓањето на бебето. Никој не може да биде сосема подготвен за она што следува, но редовното информирање може да ни помогне полесно да се справуваме со разните ситуации во кои неизбежно ќе се најдеме.rnrnКолку и да е поделена грижата помеѓу родителите, најголемиот товар сепак паѓа на мајката, па згора на сите обврски околу бебето и домот, таа треба и постојано да истражува за да научи како правилно да го одгледува своето дете.rnrnЕдукација за мајчинство на македонски со видеата на Јутјуб каналот Дома со ЛеаrnrnНа помош ни доаѓа Леа, мајка на малата Зара, која е всушност главната инспирација за креирањето на Јутујб каналот #ДомаСоЛеа. Овде таа редовно објавува видеа на различни теми како доење, воведување дохрана, користење нокшир, зборува и за влијанието на екраните, но раскажува и инспиративни приказни на жени претприемачки кои откриле нова страст за време на породилното отсуство и тоа го претвориле во бизнис.rnrnЛеа е инаку дипломиран туризмолог со долгогодишно искуство како водич во Македонија и на Балканот. Од 2015 година е коосновач на микро-компанија за организирање на хајкинг тури низ балканските земји. Активна е во граѓанскиот сектор како дел од тимот на НВО Балканија, како едукатор и младински работник.rnrnВо продолжение, прочитајте го интервјуто што го направивме со неа. Можеби ќе најдете одговор на некои прашања, ќе разрешите некои дилеми, а којзнае, можеби и ќе се инспирирате и вие да започнете сличен проект.rn

    1. За почеток, како се реши да отвориш свој Јутјуб канал? Како ја почувствува потребата и каде ја најде мотивацијата? Дали истражуваше други канали или едноставно започна со она што имаше да го кажеш?

    rnДодека бев бремена и го имав сето време на светот, секојдневно читав блогови и гледав видеа за бременост и бебиња. Постојат безброј меѓународни Јутјуб канали за слични теми, многумина кои почнале од 0, а сега имаат милиони претплатници и гледаност, но чии содржини се вреден извор на информации. Во тој период ми се допадна Јутјуб како медиум. Подоцна, откако се роди ќерка ми, имав лична потреба да го систематизирам искуството и знаењето кое го стекнував. Особено имав потреба од хоби во кое успехот е мерлив, бидејќи грижата за новороденче е исцрпувачка и на ментално ниво. Во сето гушкање, доење и менување пелени, притисокот дека можеби не правиш нешто како што треба е голем кога си прв пат мајка. Ми требаше брзо и независно да почнам нешто што ќе ми ги окупира мислите и ќе го задржи работниот дух во моето секојдневие, чии резултати се видливи, а што сепак нема да ми одземе многу од времето посветено на семејството. Името #ДомаСоЛеа беше одговор на прашањето „за што ќе снимам?“ – за тоа како седам дома. 😁 Воопшто не истражував што има на МК Јутјуб пред да почнам, но набрзо дознав дека нема друг канал наменет за мајки.rnrnhttps://youtu.be/mZe2DRkI-x8rn

    2. Објавуваш видеа секој понеделник веќе осум месеци. Како изгледа подготовката на материјалот, како и самото снимање и обработката? Колку време ти е потребно од идеја до објава на едно видео? (И што прави твојата ќеркичка во тој период? ☺)

    rnМногу сум посветена на подготовките и работам на влогот во тек на целата недела. Сѐ работам сама и во сѐ сум самоука. 😊 Истражувам и пишувам за темите навечер. За некои видеа правам само потсетник, за некои сценарио, за некои воопшто не пишувам, во зависност од темата и содржината. Снимам сама со мобилен, некогаш и со позајмен апарат, на позајмен статив и на дневна светлина. Видеата ги монтирам и обработувам во апликација на мобилен која си ја купив и самостојно научив да ја работам. Навечер откако ќе ја успијам ќерка ми, си лежам до неа и со часови сечкам, монтирам, додавам филтри и стикери… По професија сум туристички водич и буквално во секој дел од оваа работа сум самоук аматер, но и голем ентузијаст.rnrnВо почетокот снимав само кога ќерка ми преспива, но сѐ почесто снимам во нејзино присуство. Сака да ме гледа и слуша, некогаш гуга или ме прекинува, а понекогаш снимам и кога сопругот си игра со неа или ја шета надвор.rn

    3. Неизбежно е да те прашаме… Како наоѓаш време за оваа активност со мало дете? Вообичаено мајките се жалат дека немаат време ни за јадење ни за спиење, а често ни за туширање. Како изгледа твојот ден? Како поставуваш баланс помеѓу различните обврски?

    rnВистина е сѐ што велат мајките! Животот се менува на секој начин кога ќе го запознаете вашето малечко. Заради досегашните работни искуства имам развиени вештини за менаџмент со време и импровизација и умешно ги користам и во приватниот живот. Денот почнува рано, со кафе со сопругот, играње со ќерката и галење со мачорот. Ова некогаш трае 5 некогаш 55 минути, но секогаш ми ги полни батериите и ме подготвува за „планот за тој ден“. Сите хранења и успивања се во утврдени временски интервали; многу вложивме во градење цврста рутина со бебето и сега ги гледаме бенефитите од тоа. Предвидливо е кога ѝ се јаде, кога ѝ се спие и во голема мера тоа го олеснува планирањето.rnrnМногу е важно мајката да се грижи за себе, бидејќи здрава, одморена, најадена и расположена мајка може поубаво да се грижи за своето бебе.rnrnСопругот Горан ми е најголема поддршка за сѐ во животот, а кога имам состаноци и тури, баба Сузана доаѓа да ја чува внуката.rnrnОбврските ги планирам по денови, приоретизирам и гледам да не си задавам повеќе работа отколку што реално можам да постигнам. Завршувањето мали задачи, професионални или домаќински, ме исполнува. Ако нешто не ме исполнува или ме вознемирува гледам да го „решам“ што побрзо или да го откажам.rnrnhttps://youtu.be/OxlAvPJOGB0rn

    4. Твојот канал е микс од видеа на различни теми. Се чини дека колку што посветуваш време за да дадеш конкретни совети за бебиња и деца, толку акцент даваш и на грижата на мајките за себе и она што тие можат да го прават во периодот додека се дома со своите мали. Што би им порачала на другите мајки, како да се грижат за себе, како да најдат инспирација да прават и нешто друго освен вообичаената грижа за детето? Може ли мајката и да работи додека истовремено е дома со своето дете?

    rnНеблагодарно е да се очекува од мајка да биде „супермен“ како тоа да е стандард или просек и како да потфрла ако се грижи за она што е реално најважно во тој момент, а тоа е семејството. Намерно велам семејството, бидејќи покрај новороденчето, на сите членови на семејството им се менува динамиката, од сопруг, други деца, баби па сѐ до миленици. Природно мајката е НЗС за сите релации, а и самата е зафатена со опоравување и 24-часовна нега за бебето.rnrnСепак, многу често стереотипите нѐ ограничуваат и не ни даваат да размислиме од друга перспектива. Сакам да ги поттикнам жените да ги согледаат можностите кои ни ги нуди времето во кое живееме.rnrnЧесто нагласувам дека не сум педијатар ни медицинско лице и дека советите во моите видеа се базираат на моето скромно досегашно искуство.rnrnВидеата за работа од дома се однесуваат на сите лица, не само на мајките. Кој било, кој не работи, не е задоволен од работата или има потреба од промена, треба да размисли и да се информира за оваа опција. Но, од сопствено искуство, мислам дека работењето од дома за жените кои планираат да станат мајки дава една независност и ексклузивна можност да одлучуваат за своето време без притисок и да поминуваат колку време сакаат со семејството.rnrnhttps://youtu.be/um0r902uhSUrn

    5. Подготовката за доаѓање на бебето на свет и родителството во првите месеци се најтешки. Изгледа бидејќи има многу непознати нешта. Можеш ли да издвоиш топ 5 препораки кои би им ги дала на нашите читатели?

    rnТешко е да се издвои, но има некои универзални начела.rn

    [gdl_icon type=” icon-arrow-right” color=”#59291B” size=”12px”]Прво, никогаш не си доволно подготвен за тоа што те очекува првиот пат.

    rn

    [gdl_icon type=” icon-arrow-right” color=”#59291B” size=”12px”]Потоа, факт е дека сѐ во животот на новороденче е фаза, значи сѐ брзо се менува. Ова е добро да се знае кога ни е тешко, но и кога ни е убаво.

    rn

    [gdl_icon type=” icon-arrow-right” color=”#59291B” size=”12px”]Трето, времето навистина минува брзо, и сѐ понатаму е покомплексно и поинтересно.

    rn

    [gdl_icon type=” icon-arrow-right” color=”#59291B” size=”12px”]Четврто, зборувајте му, допирајте го и гледајте го бебето во очи. Иако во почетокот не реагира, ова се начините на кои му искажуваме љубов и секој момент е важен за него.

    rn

    [gdl_icon type=” icon-arrow-right” color=”#59291B” size=”12px”]И последно: немојте да ги наоблекувате и препокривате бебињата за секој случај. 😁 Ќе се испотат и поверојатно ќе настинат отколку ако се со помалку слоеви.

    rnrn

    6. Зборуваш и за опасностите и штетните влијанија на технологијата и достапните содржини врз развојот и добросостојбата на децата. Ова се многу важни прашања, кои честопати водат до поделени мислења. За што треба родителите да бидат најмногу свесни во првите години од животот на нивните деца?

    rnПо ова прашање, како и по многу други, родителите сами одлучуваат за своите деца и најчесто само им ги префрлаат своите навики и убедувања. Не ми е јасно како родители што се опседнати со здрава исхрана и квалитетен живот, не водат сметка што консумираат децата на духовен, културен и интелектуален план. Досега направив неколку видеа од сѐ за што истражував затоа што ме интересираше мене лично (адиктивните видеа со отпакување, предизвикот Момо). Факт е дека екраните се незаменлив дел од животот на секој од нас, а особено на идните генерации. Токму затоа не треба да ги изложуваме од најрана возраст. Екраните и интернетот не им се пријатели на бебињата. Не се децата толку незаштитени колку што сме ние неинформирани.rnrnГи охрабрувам родителите да истражуваат и да не престанат да се информираат за доброто на своите деца.rnrnhttps://youtu.be/q9F8ihT7nFUrn

    7. Каква е твојата замисла за твојот канал во иднина? Имаш ли некоја цел што сакаш да ја постигнеш? Какви теми можеме да очекуваме понатаму? И кои техники на промоција ги имаш користено за досегашниот успех?

    rnВо блиска иднина ќе продолжам со ова темпо, едно видео неделно на теми од моето секојдневие. Како што расте ќерка ми, еве неодамна наполни една година, така расте и бројот на искуства и нови ситуации во кои се наоѓаме. Имам уште многу, многу да споделам со гледачите. Не ми е важна експонираноста или бројот на претплатници колку што ми е важно дека ме гледаат млади мајки и дека можеби наоѓаат одговор на некое прашање, инспирација за понатаму да се информираат на некоја тема, или едноставно сознание дека не се сами во она што го минуваат во моментот.rnrnМногу сакам да запознавам и други мајки претприемачки. Со особен интерес снимам видеа и интервјуа со жени кои покрај обврските со детето, нашле време и енергија да се реализираат на професионален план или преку некое креативно хоби. Бидејќи се препознавам во нивните приказни, овие видеа ги правам и за да ја промовирам нивната работа, но и за да ги инспирирам моите следбеници.rnrnЗасега не се промовирам вон кругот на Фејсбук пријателите и следбениците на Твитер. Неколку македонски портали препознаа вредност за своите читатели во #ДомаСоЛеа, па повремено објавуваат дел од видеата, што ми дава валидација и задоволство.rnrnПрочитајте го и интервјуто со инстаграмџиката Николина, мајка на две неодоливи дечиња која ќе ве освои со своите одлични фотографии.

  • 5 Јутјуб канали за девојките што сакаат да напредуваат во својата кариера

    5 Јутјуб канали за девојките што сакаат да напредуваат во својата кариера

    Дали гледањето мотивациони и забавни видеа пред спиење ви е омилениот начин на опуштање по долгиот работен ден? Ако одговорот е позитивен, тогаш без сомнение ве разбираме и со задоволство ви ги препорачуваме следниве 5 Јутјуб канали што ќе ве инспирираат и ќе ве подготват за големи професионални победи.rnrnrn

    1. Lavendaire (личен развој и животни лекции)

    rnВлогерката Ајлин е сопственичка на Јутјуб каналот и блогот Lavendaire. Таа создава најразлични објави за „направи сама“ проекти, позитивни навики, лични искуства, здравје, љубов кон себе… сето ова на прв поглед делува како уште еден сладок, но површен Јутјуб канал, но колку повеќе ќе ги гледате видеата на Ајлин толку повеќе ќе сфаќате дека има вистинска длабочина во нив и дека можете многу да научите од неа.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=VhWqIhT9OHgrn

    2. Financial Diet (управување со вашите пари)

    rnНа сите ни е потребен советник за штедење и паметно трошење на парите. Па, ако се борите подолго време со финансиски проблеми, тогаш овој Јутјуб канал е одличен избор за вас! Вие ќе чуете најразлични реални совети и приказни, ќе ги дознаете најдобрите апликации за работа, како конечно да штедите и во што е најмудро да ги инвестирате вашите пари. Можете многу да научите за парите од Челси Фаган и Лорен Вердџ, сопствениците на овој канал.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=kXE3Ej8OXzcrn

    3. Marie TV (конкретни решенија)

    rnМари обожава да се нарекува себеси страстен изумител, и воопшто не греши со тоа, затоа што ќе ве инспирира со својата енергија уште во првата секунда од првото видео што ќе го изгледате со неа. Нејзиниот канал не е класичен влог и тоа по што таа се издвојува е фактот што има многу интеракции со публиката. Води и емисија во живо каде што можете директно да поставите прашање и веднаш да добиете одговор. Целта на овој канал е да ги зајакне жените и да им помогне полесно да се справат со секојдневните проблеми во кариерата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aigunMifhggrn

    4. Holly Casto (за зафатените мајки)

    rnСите дами коишто мораат да балансираат помеѓу професионалниот и приватниот живот, одвреме-навреме имаат потреба од инспирација и потврда дека тие се на вистинскиот пат. Овој Јутјуб канал ќе ви помогне како да изградите совршена рамнотежа помеѓу вашите два сосема различни животи, и ќе ви покаже дека без разлика на сè, мора да најдете време и за самите себеси.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EEsM5BNZ0O4rn

    5. Linda Ryner (сè за кариерата)

    rnОвој канал е посветен на пронаоѓање решенија за сите видови проблеми во врска со кариерата – од тоа како да подготвите професионално резиме до тоа како да ги менаџирате вработените во фирмата. Некои видеа се фокусирани и на вештините кои треба да ги развиете доколку сакате да „растурате“ на работа. Па, ако се соочувате со какви било проблеми на работното место, не грижете се – Линда е тука да ви помогне!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=C7BNdMyLVm0rnrnПрочитајте и за овие 6 лоши работни навики поради кои вашата кариера стои во место.

  • 3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“

    3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“

    Џон Чапмен и Леон Бастин се лични фитнес тренери, кои не се фокусираат на долги програми за нивните клиенти. Дуото, познато како „The Lean Machines“ (Мускулестите машини) со своите 420.000 претплатници на нивниот Јутјуб канал, имаат 16-годишно искуство во фитнес индустријата, а денес со вас ќе споделат што откриле во текот на нивното искуство.rnrn3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“rn

    „Нашата цел е да ги поттикнеме луѓето да соработуваат со нас, да ги тренираме и да ги доведеме до позиција каде што тие ќе бидат доволно сигурни во себе, за да си ја подготвуваат нивната исхрана, да ја следат нивната диета и притоа да знаат што прават. Во основа, потребно е само да ги отфрлат сите нивни збунувачки идеи и акумулирани совети, а нашата работа е да ги поставиме на прав пат, кој одговара на нивниот животен стил“, објаснува Чапман.

    rnВо продолжение бизнис ѕвездите ни ги откриваат 3-те најголеми грешки коишто тие гледаат како луѓето ги прават во теретаната…rnrn3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“rn

    1. Следите нечија туѓа програма, само затоа што таа личност изгледа добро

    rn

    „Една програма не може да одговара за сите луѓе“, вели Чапман.

    rnСамо затоа што следите некој на Инстаграм, којшто изгледа добро додека следи некоја програма за вежбање, тоа не мора да значи дека истата е соодветен избор за вашето тело или за вашето ниво на искуство.rn

    „Луѓето стануваат доминантни во теретана само поради начинот на којшто изгледаат, но тоа не значи дека тие се експерти или нешто слично“, додава Чапман.rnrn„Низ годините, имам видено бројни чудни и прекрасни вежби за задник низ фотографиите коишто се споделуваат на Инстаграм, но тие изгледаат совршено само затоа што оние кои ја споделуваат вежбата имаат многу убава природна градба на задници“.

    rn3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“rnrnИако личноста што ја следите ги постигнала резултатите на начинот на којшто вежбала, нејзиниот метод, можеби не е правилен за вас.rn

    „Некој со правењето клекнувања (чучњеви) до половина пат кон подот, може да ги активира мускулите за седење, на сосема поинаков начин од некој друг“, кажува тој.

    rn

    2. Не сте реални во врска со вашите цели

    rn

    „Самите се осудувате на неуспех доколку си поставите недостижни цели. Секогаш кога работам со клиентите, ги прашувам: ‘Реално, колку пати неделно можеш да одиш во теретана и да го задржиш тоа темпо на константно ниво?’ Ако кажат 7 пати, јас им велам: ‘Нема да вежбаш 7 пати неделно’”, вели Бастин.rnrn„Правиме исклучок, освен ако вашиот живот е премногу безгрижен или сте во фаза во која можете да си го дозволите тоа слободно време, бидејќи повеќето не го можат тоа. Поголемиот дел од нас, или имаме деца или мора да одиме на работа“.

    rn3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“rnrnНаместо тоа, Бастин ги советува неговите клиенти да си постават достижни цели, кои ќе направат да се чувствуваат исполнето доколку успеат да ги надминат.rn

    „Нашата работа е да ги насочиме луѓето кон победа. Во салата за вежбање, мораме да започнеме од позиција којашто ги зајакнува луѓето, прави да се чувствуваат неверојатно, а целта им изгледа достижна и остварлива. Сите сакаме да се гледаме себеси во улога на победници и сите обожаваме да гледаме како правиме прогрес“, кажува тој.

    rn

    3. Пиете енергетски пијалаци кои содржат шеќер, а се обидувате да изгубите килограми

    rnНе секој ја посетува теретаната за да намали килограми, но ако тоа е вашата цел, Чапмен препорачува да се држите понастрана од благите спортски пијалаци.rnrn3 најголеми грешки кои ги прават луѓето во теретана, според фитнес ѕвездите на Јутуб „The Lean Machines“rn

    „Една од честите појави кои ги гледаме, се луѓе коишто пијат цела лименка енергетски пијалак додека влегуваат во теретаната. Тие нема да ги трошат енергетските резерви во нивните мускули, туку ќе ги трошат шеќерите консумирани од енергетскиот пијалак“, кажува тој.

    rnУбаво тело не се добива преку ноќ: 4 совети пред да одите во теретана.

  • Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

    Во светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!

    Од реализации на македонски твитови до 90 секунди со мега популарната Лила Филиповска, Стефан Рашковиќ, попознат како Steffonator, е еден од најпознатите македонски Јутјубери кој редовно успева да ги насмее и забавува неговите 20.000 следбеници. Да, Македонија има свои успешни Јутјубери и влогери кои редовно снимаат видеа на различни теми. Гејминг, споделување интересни факти, соочување со необични предизвици, препораки за филмови и сѐ друго што ќе им падне на памет- идеите на овие млади креативци се бесконечни!rnrnВо светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!rnrnСтанува збор за забавно хоби/професија кое иако делува едноставно, сепак си бара посебни вештини и напорна работа. Јутјуберите поседуваат посебни карактеристики што ги издвојуваат од толпата. Тие мора да бидат доволно интересни за да го задржат вниманието на нивните следбеници, мора да бидат оригинални, креативни и полни со идеи. Steffonator е еден од тие Јутјубери. Тој за себе вели дека има полна фиока идеи од кои нема ни 10% реализирано.rnrnМладиот студент по дизајн и мултимедија одвои малку повеќе од 90 секунди за да ни открие како се станува успешен Јутјубер, кои се позитивните и негативните страни на оваа платформа и кои се неговите идни планови…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_uSU1VPo7Jgrn

    Јутјуб или телевизија?

    rnМладите денес поминуваат повеќе време на Интернет отколку пред телевизија. На Јутјуб може да се најде буквално сѐ во кое било време: Едукативни и забавни видеа, емисии, па дури и цели филмови и епизоди од ТВ серии. Зошто некој би гледал телевизија кога веќе има мал „телевизор“ во својот џеб кој може да го користи насекаде? Иако Стефан не мисли дека Јутјуб ги има целосно заменето телевизиските канали, сепак верува дека одиме натаму.rn

    „Живееме во едно ново време каде што Интернетот е толку достапен за сите, што телевизијата не може многу да се бори против тоа. Јутјуб е една многу широка платформа која нуди речиси сѐ за гледање, па затоа многу луѓе денес го користат телевизорот како медиум преку кој ќе се поврзат со Јутјуб за да гледаат видеа на поголем екран. Ако зборувам за Македонија, сите знаеме дека порано имало многу повеќе домашни квалитетни содржини, а денес преовладуваат оние турски сапуници што мене лично ме тераат 99% од времето да го користам телевизорот за Јутјуб“, објаснува Стефан.

    rnВистина е дека за разлика од порано, на македонските канали им недостасува побогата програма. Турските серии ги заменија детските едукативни програми, а речиси и да немаме наши емисии и содржини. На Јутјуб, пак, може да се најде сѐ, па не е ни чудо што наскоро целосно ќе ја замени телевизијата.rnrnВо светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!rn

    Влијанието на Јутјуб: Позитивно или негативно?

    rnКако и сите други работи во животот, така и Јутјуб си има свои позитивни и негативни страни. Не може да се порекне фактот дека на Јутјуб има и содржини кои не се соодветни за сите возрасти. Понекогаш и на најпознатите Јутјубери им се случува да направат фатална грешка, а Стефан како пример го зема Логан Пол.rnrnСтанува збор за влогер и Јутјубер кој стана познат по неговите кратки комични видеа и скечеви. Неговите видеа имаат милиони прегледи и редовно го следат повеќе од 16 милиони следбеници. Сепак, Јутјуб неодамна имаше голем проблем со Логан откако тој објави видео на кое покажува мртво тело во шумата за самоубиства во Јапонија. Толку влијателна личност како него дефинитивно не би требало да објавува видеа со контроверзна и деликатна содржина. Вистина е дека големата моќ носи и голема одговорност, која 22-годишниот Јутјубер очигледно не ја сфатил премногу сериозно. Во секој случај, кај нас сѐ уште не постои опасност од вакво нешто.rn

    „Да се надеваме дека со тек на време платформата ќе станува сѐ позаштитена со цел да се спречи тоа негативно влијание. Кај нас мислам дека сѐ уште немаме таков негативен пример и се надевам дека ќе остане така“, открива Стефан.

    rnЈутјуб е моќна алатка која треба внимателно да се користи. Колку повлијателни стануваат Јутјуберите толку поголема станува и нивната одговорност. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе се обидат да ја злоупотребат оваа платформа за деструктивни цели, па затоа многу е важно да се подигне свеста кај младите дека мора да внимаваат како користат Јутјуб за да можат да ги извлечат само позитивните работи од него.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=m14KcKhE4LUrn

    Тајната на еден Јутјубер: Талент или напорна работа?

    rnСите видеа на Steffonator имаат голем број прегледи и слободно можеме да кажеме дека се едни од најпопуларните во Македонија. Па, која е тајната на еден успешен Јутјубер?rn

    „Тајната е креативност, многу работа и упорност. Треба и да ве исполнува тоа што го правите. Мајка ми кога прави муабет со некоја пријателка знае да каже, ’што сѐ нема да му текне’, па најверојатно така најдобро би се објаснило како од една идеја доаѓам до друга. Цело време имам некои нови идеи кои не можам туку така да ги чувам за себе, па Јутјуб се најде како добро место каде што можам да ги реализирам. Имам полна фиока идеи што ако ви се верува, можеби ни 10% до сега немам реализирано“, признава Стефан.

    rnОстанува да видиме кои се следните идеи што Стефан ќе ги извади од фиока и ќе ги претвори во Јутјуб видеа!rnrnВо светот на Јутјуберот Steffonator: Имам полна фиока идеи од кои немам ни 10% реализирано!rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Запознајте го Рајан, 6-годишното момче кое заработува милиони

    Запознајте го Рајан, 6-годишното момче кое заработува милиони

    Повеќето луѓе не уживаат во својата работа, а многумина не се ни платени доволно добро. Но, Рајан не спаѓа во оваа група. Тој е Интернет ѕвезда што заработува и до 10 милиони евра годишно правејќи рецензии за играчки на Јутјуб. Најинтересно е што тој има само 6 години.rnrnrnrnНеговиот канал, Ryan ToysReview има над 10 милиони следбеници и според Форбс, тој е осмиот најплатен „Јутјубер“ изминатава година. Каналот го започнал во 2015 година кога имал само 4 години, а оттогаш неговите видеа се прегледани милијарда пати. Неговата мајка, Лоан, која била наставник, морала да се откаже од работното место за да може да му помогне на малиот Рајан.rnrn(2)zapoznajte-go-rajan-6-godishnoto-momche-koe-zarabotuva-milioni-kafepauza.mkrnrnВо неговите видеа Рајан отвора и зборува за нови играчки. Неговата мајка изјавила:rn

    „Еден ден ме праша зошто и тој не е на Јутјуб како и многу други деца. Па одлучивме заедно дека и ние можеме да го правиме тоа.“

    rn(3)zapoznajte-go-rajan-6-godishnoto-momche-koe-zarabotuva-milioni-kafepauza.mkrn

    „Покрај сè, ова е и одличен начин да поминуваме многу време заедно како семејство и подобро да се поврземе со него“, изјавил неговиот татко.

    rn(4)zapoznajte-go-rajan-6-godishnoto-momche-koe-zarabotuva-milioni-kafepauza.mkrn

    „Тој навистина сака да ги снима видеата. Секогаш кога ќе му кажам дека ќе снимаме се радува.“

    rnНеговото најпознато видео, „Huge Eggs Surprise Toy Challenge“ има над 1 милијарда прегледи.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=jjd-BeTX6U0rnrnНа второ место се наоѓа „How to Make Giant Slime Goo“ со 110 милиони прегледи.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=4xhIQA5uBbornrnНа трето место е „Hatchimals Surprise Eggs Opening“ со 9 милиони прегледи.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=6ReH4x5k4XErnrnПогледнете и кои се најплатените Инстаграм профили.

  • Родители внимавајте: Откриен е педофилски канал на Јутјуб со повеќе од 12 милијарди прегледи

    Родители внимавајте: Откриен е педофилски канал на Јутјуб со повеќе од 12 милијарди прегледи

    Интернетот е присутен во нашите животи и нема да си замине од него. Сите имаме пристап до виртуелниот свет, а тоа ги вклучува и децата и педофилите, што не е баш добра комбинација. Родители, најдобро би било да ги држите очите ширум отворени бидејќи комичарот Даниел Тош пред некое време открил огромен педофилски канал на Јутјуб!rnrnРодители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледиrnrnДенешните деца секојдневно го користат Интернетот, но и педофилите исто така. Интернетот им служи како шведска маса на одвратните поединци кои се интересираат за детска порнографија, а со оглед на тоа што постојат милијарди и милијарди веб-сајтови, навистина е тешко да се контролира оваа појава. Комичарот изјавил дека најновите трендови го предизвикале создавањето на неколку различни веб-сајтови кои не се користат за ништо друго освен за детска порнографија. На прв поглед, сајтовите делуваат привлечно за децата, но ако истражите подлабоко, ќе видите дека тие воопшто не се соодветни за деца.rnrnСоцијалните служби им одзеле 2 деца на родителите Мајк и Хедер Мартин поради едно видео во кое децата плачат како резултат на некои болни шеги и трикови. Според повеќе изјави, овој пар ги злоупотребувал децата на многу начини. Јутјуб каналот што го има семејството Мартин се вика DaddyOFive и изобилува со контроверзни видеа каде што се гледа дека децата неволно учествуваат. Луѓето тврдат дека каналот е наменет за педофили.rnrnСето ова било обелоденето кога сајтот Vigilant Citizen открил онлајн видеа објавени на јавни сајтови, како што се Фејсбук и Јутјуб, наменети единствено за педофилски фетиши. Можеби нема да го забележите тоа на прв поглед, барем децата со сигурност не би забележале, но по некое време ќе сфатите дека станува збор за бизарни ситуации кои не се соодветни за деца, а служат како рај за предаторските очи. Можете да видите како Елса, Дизни ликот од „Замрзнато“ (Frozen), има секс со Спајдермен во различни видеа. На други видеа Мини Маус му го отсекува увото на Мики Маус, на пример.rnrnРодители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледиrnrnРодители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледиrnrnДаниел Тош изјавил дека децата кои се дел од Јутјуб каналот Seven Super girls најверојатно не се свесни за начинот на кој се рекламирани. Децата можеби мислат дека учествуваат во забавни и необични семејни видеа, но во реалноста, тие служат како алатки за привлекување на педофилската популација. Каналот има објавено повеќе од 3.000 различни видеа и на прв поглед не делува како порно страница. Можеби ќе си помислите дека тоа се нормални работи што ги прават сите девојчиња, но тие се посебно направени за да ги привлечат педофилите и да ги исполнат фантазиите што ги имаат припадниците на мрачната страна на човештвото. Сите девојчиња имаат помалку од 18 години и имаат свој приватен канал каде што можете да ги следите.rnrnПрвото видео има повеќе од 138 милиони прегледи и луѓето никогаш не се посомневале во неговата намена. Видеото се вика „Утринската рутина на Луси“ (Lucy’s Morning Routine) и прикажува дете кое лиже шлаг од тортичка. Второто видео е насловено како „Бегство од креветот наутро“ (Escaping From Your bed In The Morning) и прикажува мало девојче залепено со селотејп на креветот, но видеото е моментално тргнато од Јутјуб. Очигледно е дека станува збор за педофилски фантазии и врзување на дете.rnrnРодители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледиrnrnДевојчињата кои учествуваат во овие видеа биле одбрани откако пратиле видео на каналот SAKS, за којшто некои луѓе шпекулираат дека треба да алудира на СЕКС. Погледнете ги видеата на официјалниот канал на SAKS, па самите донесете заклучок…rnrnДали мислите дека овие невини видеа биле направени со дозвола на родителите? Родителите треба да се сетат на опасниот свет на детска порнографија и трговија со деца на Интернет пред да објават видеа од нивните мали девојчиња. Веројатно ќе се согласите дека родителите кои го прават ова, не си ја вршат добро својата улога.rnrnЈутјуб е полн со вакви канали и очигледно е дека не планира да ги забрани. Најважно е да запомните дека и покрај вашите лозинки и заштити на компјутерот, ваквите видеа сепак можат да стигнат до вашите деца. Тие им се рекламираат на децата преку интересните имиња и фотографии кои делуваат безопасно. Обрнете внимание на она што го гледаат вашите деца, бидејќи никогаш не знаете на што можат да налетаат додека користат Јутјуб!rnrnВо продолжение, прочитајте како овој компјутерски робот што личи на вистинско девојче фатил над 1.000 педофили.

  • 10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    Доволно е само да ги погледнете статистиките на Јутјуб и веднаш ќе сфатите зошто нашите социјални мрежи се преполни со видеа со слатки животни, забавни дечиња, компилации, кавери, различни видови глупости, епски запросувања и слично. Јутјуб моментално има над 1 милијарда корисници, секојдневно добива по 4 милијарди прегледувања и вклучува 6 милијарди часови видеа секој месец.rnrn10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 годинаrnrnПа, што гледаат луѓето на Јутјуб? Според статистиките, следниве 10 видеа биле најпопуларни во 2015 година. Тие биле избрани според прегледувањата, лајковите, споделувањата, пребарувањата, пародиите, ремиксите и одговорите…rn

    10. Злобни твитови – Издание со претседателот Обама

    rnrn

    9. Полицаец фатен на дело како ужива во песната „Shake It Off“ од Тејлор Свифт

    rnrn

    8. Златното момче Калум Скот воодушевува со својата аудиција на шоуто „Британија има талент“

    rnrn

    7. Забавено видео: Човек со висина од 180 метри во огромен воден балон со големина од 180 метри

    rnrn

    6. Караоке во автомобил со Џастин Бибер

    rnrn

    5. Битка во синхронизирање со усни помеѓу Вил Фарел, Кевин Харт и Џими Фалон

    rnrn

    4. Реклама која допре до целиот свет – Љубовта нема етикети

    rnrn

    3. Луд пренк со пластични топки

    rnrn

    2. Судир на кланови: Одмазда (Официјална ТВ реклама за Супер Боул)

    rnrn

    1. Дечиња одлично танцуваат на песната „Watch Me (Whip/Nae Nae)“ од Силенто

    rn

  • 6 технологии кои секојдневно погрешно ги користите

    6 технологии кои секојдневно погрешно ги користите

    Сигурно никогаш не сте помислиле дека погрешно ја користите технологијата. Овие факти и видеото кое следува после нив ќе ве разубедат.rnrnДоказ дека погрешно ја користите технологијатаrn

    1. Јутјуб

    rnПогрешно: Премотување на видеото со помош на тач падот на лаптопот. Може и така, но…rnrnПравилно: Истото полесно ќе го направите и со стрелките или копчињата со боевите.rn

    2. Далечинскиот управувач од автомобилот

    rnПогрешно: Го отклучувате автомобилот покажувајќи го далечинското кон него.rnrnПравилно: Насочете го далечинското кон главата и искористете ја како антена.rn

    3. Мотање на каблите

    rnПогрешно: Како и да ги мотате, пак ви се заплеткуваат.rnrnПравилно: Замотајте ги јамките обратно како во видеото подолу.rn

    4. Тестирање на батериите

    rnПогрешно: Ги ставате во уредот и проверувате дали тој работи со нив.rnrnПравилно: Пуштете ги од мала височина вертикално на рамна подлога. Полните батерии ќе стојат, празните не.rn

    5. Затворање на апликациите на ајпад

    rnПогрешно: Преку копчето Home кое ве враќа на почетниот екран.rnrnПравилно: Не е баш лесно, но подобро е да ги затворите користејќи четири прсти како во видеото.rn

    6. Селфи со ајфон

    rnПогрешно: Држејќи го телефонот со рацете.rnrnПравилно: Фотографирајте се со помош на копчето на слушалките.rnrnСето ова убаво е претставено во следното видео.rnrn

  • 8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

    8 трикови за поголемо уживање на Јутјуб

    Сигурно има нешто што ве нервира на Јутјуб и би сакале да го смените. За среќа, веќе постојат решенија за тоа.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    1. Старт на видеото од определен момент

    rnАко сакате да споделите само одреден дел од видеото со други корисници на социјалните мрежи, Јутјуб има опција која го овозможува тоа. Не мора да ги информирате другите кога почнува делот во кој се содржани работите кои сакате да ги видат, туку треба во линкот на видеото да додадете еден дел. Ако, на пример сакате видеото да стартува после 1 минута и 59 секунди, ќе додадете #t=01m59s. На крај, УРЛ-то ќе изгледа вака:rnrn8 трикови за поголемо уживање на ЈутјубrnrnКога некој ќе кликне на овој линк, видеото ќе стартува од 1:59.rn

    2. Бескрајно повторување на исто видео

    rnНа некој начин, Јутјуб има ауториплеј копче и нема потреба постојано да притискате плеј кога ќе се опседнете со некоја песна. InfiniteLooper.com е сервис кој го исправа недостатокот на Јутјуб. Таму има линкови до сите видеа на видео сервисот, а под нив и можност да определите дека сакате некое видео да стартува одново секогаш штом заврши.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    3. Автоматско стартување на HD верзиите на видеата

    rnЗа да ги гледате само супер квалитетните верзии на видеата потребно е да инсталирате една екстензија за Гугл Хром или Мозила Фајрфокс. Таа се вика Magic Actions for Youtube и со овозможување на опцијата Auto HD, Јутјуб ќе ви ги пушта само верзиите во висока резолуција, кога она што сакате да го гледате има таква верзија.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    4. Поефикасно пребарување видеа

    rnВпишете allintitle: пред клучните зборови со кои сакате да пребарувате и Јутјуб ќе ви ги даде само видеата кои ги содржат тие клучни зборови. На пример, allintitle: Coldpay Paradise Live in Paris.rnrnАко сакате да изземете некој збор од пребарувањето, ставете – (минус) пред зборот кој сакате да биде изземен. На пример, Coldplay Live in Paris –Paradise.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    5. Отстранување на белешките

    rnБелешки, или анотации, се оние квадратчиња и правоаголничиња кои се појавуваат на видеата и бараат да кликнете на нив, но не се реклами. Тие се поставени од страна на тој што го качил видеото на Јутјуб и може да се тргнат. Кликнете на вашиот профил на Јутјуб, потоа на копчето со запчаникот кое ќе ве однесе во Youtube Settings. Потоа од левата страна кликнете на Playback, па тргнете ја ознаката од Show annotations, channel promotions and interactive cards on videos.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    6. Гледање видеа со слаба брзина на интернет

    rnГледањето видеа на Јутјуб е тортура кога интернетот не е доволно брз. Кога сивата лента на плеерот тешко ја добива битката со црвената, тогаш многумина оставаат видеото целосно да се баферира за да можат да ги изгледаат на раат. Можете да го натерате видео сервисот да не ги пушта видеата додека не се баферираат до крај со екстензија за Гугл Хром и Мозила Фајрфокс која се вика SmartVideo for Youtube. Откако ќе ја инсталирате, ќе видите една дополнителна опција на дното на видеото, а таму во Global Preferences треба да означите Smart Buffer.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    7. Автоматско стартување на видеата

    rnАко не сакате Јутјуб автоматски да ги стартува видеата штом кликнете на нив, туку сакате вие да стиснете плеј за тоа да се случи, потребно е да ја инсталирате и активирате екстензијата Stop Autoplay. Од тој момент овој проблем станува минато. Истото е можно и со претходните екстензии.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrn

    8. Гледање видеа во забавена или забрзана снимка

    rnАко гледате видео во кое работите се случуваат многу брзо, а сакате да не ги пропуштите малите детали, можете да го гледате во забавена снимка. Кликнете на Settings на дното на видеото, а потоа во Speed одберете ја и брзината.rnrn8 трикови за поголемо уживање на Јутјубrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.