КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јутјуб

  • Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?

    Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?

    Кусото анимирано видео, насловено како „Progressbar“ е дело на Винсент Брокваир и ни прикажува што всушност се случува додека чекаме целосно да ни се вчита видеото на Јутјуб или на некој друг сличен сервис.Што се случува додека чекате да ви се вчита видеото на Јутјуб?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб

    5 шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб

    Без разлика колку добро знаете да се шминкате, овие девојки можат многу да ви помогнат и да ве научат. Ви препорачуваме редовно да ги следите нивните Јутјуб-канали.rnrnПет шминкерки кои треба да ги следите на Јутјуб
    rn

    Зои Суг (Zoella)

    rnТаа е популарна во Велика Британија, многу е остроумна, интересна и слатка. Секое нејзино видео делува професионално и квалитетно, а ќе ве научи да правите и многу фризури.rn


    rn

    Вејли Хонг (I Like Weylie)

    rnТаа е позната како многу практична девојка. Сите видеа ѝ се снимани „чекор по чекор“ и за неа не постои табу тема.rn


    rn

    Патрисија Брајт (Patricia Bright)

    rnНе само што е иновативна кога станува збор за шминката, туку знае одлично да се справи и со косата.rn


    rn

    Ингрид Нилсен (Miss Glamorazzi)

    rnТаа снима видеа од 2009 година и во овој период стана вистински експерт за давање брзи и едноставни совети.rn


    rn

    Кенди Џонсон (Kandee Johnson)

    rnТаа е холивудска шминкерка која своите смели идеи ги дели со своите обожаватели ширум светот. Позната е по тоа што секогаш има свежи и различни идеи.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Музички спотови синхронизирани со различни музички жанрови

    Музички спотови синхронизирани со различни музички жанрови

    Енди Рехфелт е музичар од Лос Анџелес кој сè уште не успеал да стане голема рок ѕвезда, но благодарение на Јутјуб веќе има некаква публика. Тој е особено интересен поради тоа што поинаку ги замислува големите музички хитови, па во слободно време прави интересни ремикси со кои песните ги сместува во поинаков музички жанр.Музички спотови синхронизирани со различни музички жанровиСè што треба да направи е на видео со некој светски познат хит да му додаде преработена верзија на истата песна и сето тоа добро да го синхронизира. Тој ги преработува вокалите и ги реаранжира инструментите, кои самиот ги свири. Па така, може рапот да го претвори во ска, поп музиката во хеви метал, а хеви металот во боса нова. И навистина, овие видеа изгледаат многу интересно.rn
    rn

    Whiz Khalifa – Black and Yellow (ска)

    rn

    rn

    rn

    Nirvana – Smells Like Teen Spirit (реге)

    rn

    rn

    rn

    Carly Rae Jepsen – Call Me Maybe (метал)

    rn

    rn

    rn

    Judas Priest – You’ve Got Another Thing Coming (боса нова)

    rn

    rn

    rn

    Chris Brown ft. Busta Rhymes – Look at Me Now (полка)

    rn

    rn

    rn

    Far East movement – Like a G6 (кантри)

    rn

    rn

    rn

    Green Day – Basket Case (смут џез)

    rn

    rn

    rn

    Paul McCarthney – Eleanor Rigby (метал)

    rn

    rn

    rn

    Iron Maiden – The Trooper (боса нова)

    rn

    rn

    rn

    AC/DC – Back in Black (фанк)

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

    Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

    Од денешна гледна точка, можеби првиот мобилен телефон, првиот компјутер и првата фотографија ни изгледаат смешно. Сепак, после нивното откривање светот нема да биде ист. Погледнете ги следниве интересни пронајдоци како изгледале кога биле откриени.rnrnПрвиот мобилен телефон е Motorola DynaTAC 8000X. Го изработила компанијата „Моторола“ во 1983 година.Во 1946 година, научниците од универзитетот Пенсилванија, го комплетирале првиот електронски компјутер ENIAC.Првиот фрижидер за домашна употреба изгледал токму вака! Го измислил Фред В. Волф во 1913 година.Овие дами, вработени во познатиот нуклеарен истражувачки центар CERN, ја имаат честа да бидат на првата фотографија испратена на интернет во 1992 година. Таткото на вебот, Тим Бернерс-Ли, со помош на програмерот Силвано де Џенаро, ја обработиле во Фотошоп и ја поставиле на интернет.rnrnПрвото видео на Јутјуб е ставено во 2005 година. Го снимил Јаков Лапитски, а на него е прикажан еден од основачите на Јутјуб, Џод Карим во Зоолошката градина во Сан Диего.rn

    rnrnМерлин Монро позира за првото издание на магазинот „Playboy“ во 1953 година.Првиот хард диск го лансира компјутерскиот гигант IBM во 1956 година. Тежел околу еден тон, а на него можело да се складираат 5 мегабајти со податоци.Во Франција во 1826 година, Жозеф Ниепс, ја направил првата фотографија во светот. На истата се доловени згради од фарма. За да ја направи оваа фотографија, на Ниепс му биле потребни 8 часови!Системот на пакување во уникатни стаклени шишиња, придонесе Кока-кола да се развие и да стане еден од најуспешните светски брендови. Кога била произведена во 1886 година, се продавала за 5 центи за чаша. Ова е првото шише дизајнирано за Кока-кола.
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исклучително талентираната виолинистка Линдзи Стирлинг

    Исклучително талентираната виолинистка Линдзи Стирлинг

    Јутјуб-сензацијата Линдзи Стирлинг е можеби првата (и единствената) артистка во светот која направила комбинација од класична виолина, модерен танц и од… Легендата за Зелда?!Исклучително талентираната виолинистка Линдзи СтирлингНа 18 септември 2012 година Линдзи го издаде својот прв албум, наречен Линдзи Стирлинг кој бил инспириран од неверојатно успешното присуство на нејзините песни на Ајтјунс. Составен од 10 оригинални песни, албумот совршено го доловува специфичниот виолина-дабстеп стил на Линдзи. Таа компонира, прави кореографии и ги режира сите свои оригинални музички дела и спотови. Целосната колекција на видеата можете да ја најдете на нејзиниот канал на Јутјуб.Исклучително талентираната виолинистка Линдзи Стирлинг
    rn

    „Мојот музички стил е одраз на мојата личност и се надевам дека преку него ќе ги споделам моите верувања дека никој не смее да се плаши од себе. Сите мои песни беа создадени така што опишуваат специфични теми кои јас ги извлеков од моите лични животни искуства. На пример, „Spontaneous Me“ е за храброста да се сакате себеси какви што сте. Од друга страна „Crystallize“ е многу подлабока песна: кристализирањето на водата е под влијание на нејзината околина и на тој начин се создаваат или прекрасни облици или безначајни маси. Слично на тоа верувам дека преку нашите мисли и околината која ја креираме, поседуваме моќ да направиме позитивна промена во нас и во другите околу нас.“

    rnИсклучително талентираната виолинистка Линдзи СтирлингЉубовта кон класичната музика на Линдзи започнала со бесплатните концерти во нејзиниот град и со музиката на Чајковски, Бетовен и Моцарт која секојдневно била слушана во нејзиниот дом. На 5-годишна возраст таа ги молела нејзините родители за часови по виолина. По една година, нејзината мајка конечно попуштила и нашла професор кој можеле да си го дозволат и кој ќе ѝ одржува на Линдзи 15-минутни часови секоја втора недела. Таа се надевала дека на младата Линдзи брзо ќе ѝ здодее, но по 20 години тоа сè уште не се случило. Погледнете мал дел од нејзината музичка колекција:rn

    rn

    rn

    rn

    rnИ за крај погледнете го и ова неверојатно видео за кое таа вели дека е најзначајното нешто кое го направила досега:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времиња

    Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времиња

    Јутјуб веќе подолго време ја дефинира ерата на онлајн видеата. Во август, 2007 година, комичарот Џадсон Лаипли беше број 1 на листата со видеото „Evolution of Danceby“ кое тогаш било гледано околу 56 милиони пати. Наредната година, во септември, 2008 година, песната „Girlfriend“ од Аврил Лавињ го достигна врвот со околу 103 милиони гледања. Во јануари, 2010 година, видеото „Charlie bit my finger – again !“ ги престигна овие две со 148 милиони гледања. Но, во почетокот на јануари 2011 година, гледаноста на музичкото видео на Џастин Бибер „Baby“ постави сосема нови граници за популарност со неверојатните 400 милиони гледања.Топ 10 најгледани Јутјуб видеа на сите времињаПесната на Џастин Бибер, „Baby“ била првото видео во историјата на Јутјуб кое достигнало 500 милиони гледања за помалку од една година. Веднаш по него Џенифер Лопез и Питбул со песната „On The Floor“ исто така надминаа 500 милиони гледања за помалку од година. Погледнете кои се другите најпопуларни видеа на сите времиња:rn
    rnrn

    1. Justin Bieber – Baby; 776.057.667

    rn

    rn
    rn

    2. Jennifer Lopez – On The Floor ft. Pitbull; 590.511.978

    rn

    rn
    rn

    3. Eminem – Love The Way You Lie ft. Rihanna; 491,629,346

    rn

    rn
    rn

    4. Shakira – Waka Waka(This Time for Africa); 490.587.283

    rn

    rn
    rn

    5. Lady Gaga – Bad Romance; 484.614.768

    rn

    rn
    rn

    6. LMFAO – Party Rock Anthem ft. Lauren Bennett, GoonRock; 478.565.987

    rn

    rn
    rn

    7. Charlie bit my finger – again !; 477.313.239

    rn

    rn
    rn

    8. Michel Teló – Ai Se Eu Te Pego – Oficial (Assim você me mata); 426.124.839

    rn

    rn
    rn

    9. Don Omar – Danza Kuduro ft. Lucenzo; 382.332.497

    rn

    rn
    rn

    10. Eminem – Not Afraid; 358.947.506

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компилација од преработки на “Somebody That I Used to Know” направена лично од Готје

    Компилација од преработки на “Somebody That I Used to Know” направена лично од Готје

    Веднаш штом се појави, „Somebodey That I Used to Know“ од Готје стана голем светски хит. Можеше да се чуе буквално секаде. Беше пуштана на сите радио станици, а беше предизвик за голем број неафирмирани свирачи и пејачи да го покажат својот талент на Јутјуб.Компилација од преработки на “Somebody That I Used to Know” направена лично од ГотјеОваа песна брзо стана најпреработуваната на музичката мрежа. Видовме како ја свират и пејат петмина одеднаш, слушнавме разни ремикси, ја „пееја“ дури и животни.rnrnНиту самиот Готје не останал рамнодушен на целата еуфорија околу неговата песна, па ја направил оваа компилација од преработки направени од неговите фанови и постирани на Јутјуб. Има интересен и симболичен наслов: „Somebodies: A YouTube Orchestra“.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Две сестри пеат и „свират“ со кутии од маргарин

    Две сестри пеат и „свират“ со кутии од маргарин

    Сестрите Ленон (12) и Мејси (8) пеат своја верзија од песната „Call Your Girlfriend“, додека истовремено се придружувани од звукот кој го создаваат тропкајќи со празни кутии од маргарин. Нивните движења се идеално синхронизирани, а нивната интерпретација беспрекорна. Гласовните можности на овие мали девојчиња се за восхит, па многумина сметаат дека тие набрзо ќе станат нова сензација на Јутјуб, а со тоа и познати за светската јавност.rnДве сестри ја пеат „Call Your Girlfriend“ и „свират“ со кутии од маргаринrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Мултиталентираниот Азиз Ансари

    Азиз Ансари е американски актер, писател, продуцент и неверојатно забавен стенд-ап комичар. Роден е на 23 февруари, 1983 година во Колумбија, Јужна Каролина. Меѓу неговите најпознати појавувања на филмското платно се оние во „Смешни луѓе“ (Funny People), „Те сакам, човеку“ (I Love You, Man), „За помалку од 30 минути“ (30 Minutes or Less)…rnrnСвојата кариера пак, како стенд-ап комичар ја започнал во 2001-та година, во Њујорк, каде и го продолжил своето образование. На ова поле денеска може да се каже дека е најдобар и најдокажан.Мултиталентираниот Азиз АнсариМеѓу неговите најнови точки се „Губење време на интернет“ и „СМС комуникација со девојките“, како дел од последно лансираниот стенд-ап материјал „Опасно вкусни“, достапен по цена од 5 американски долари на неговиот официјален веб-сајт.rn

    rn

    rn

    rnrnНеговото најпопуларно Јутјуб видео пак, е кога зборува за неговиот млад роднина Харис.rn

    rnАнсари не ги штеди ниту пријателите од јавниот живот. Покрај со актуелните случувања, настапите често ги зачинува и со шеги на нивна сметка. Како јавно деклариран фан на рап музиката, инспирацијата за неговите стенд-ап точки најмногу ја црпи од неговите пријатели-рапери.rn

    rn

    rn

    rn

    rnrnВо последните неколку години тој стана особено интересен за медиумите. Чест гостин е и во познатите полноќни шоуа. Како највпечатливо и најзабавно го издвојуваме неговото појавување кај Џими Кимел, каде отворено зборува дека се плаши од бебињата.rn

    rn

    Ансари важи и за еден од 10-те најзабавни твитерџии. Прочитајте мал дел од неговите твитови, меѓу кои е и преписката со претседателот Обама.

    rn
    rn

    „Имам повеќе твитер следебеници од тебе, човеку“ – порака на Обама до Ансари

    rnrn

    „Обама ме предизвикува, тврдејќи дека имам недостаток на твитер следбеници. Нереално“ – реакцијата на Ансари за претседателскиот коментар.

    rnrn

    „Не сум белец, но блиску сум до Мексиканец.“

    rn

    „Мала помош за вашата ‘полноќна акција’: Извинете, но дали некој некогаш ви кажал дека личите на афроамериканска верзија од Џенифер Анистон?“

    rn

    „Му оставив говорна порака со доооолга пцовка на оној што ми го украде ајфонот, за да подоцна сфатам дека всушност јас сум единствениот што ќе ја слуша таа порака.“

    rn

    „Ве прогласувам за маж и ноже (I now pronounce you man and KNIFE…).“

    rn

    „Не ги сакам атрактивните жени. Тие никогаш не ја држат вратата од лифтот отворена за мене и мислат дека секогаш можат да влезат преку ред во заедничките купатила.“

    rn

    „Њујоршки гангстер во Норвешка? Како е тоа можно?“

    rnrnВо продолжение, погледнете уште неколку од настапите на фантастичниот Ансари:rn

    rn

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересна преработка на „Lazy Song“ од Бруно Марс

    Интересна преработка на „Lazy Song“ од Бруно Марс

    Меган Никол е талентирана 17 годишна девојка која со својот уникатен карактер, прекрасна насмевка и одлични гласовни способности за помалку од една година успеа да ги освои срцата на милиони гледачи од сите возрасти преку Јутуб.Интересна преработка на „Lazy Song“ од Бруно МарсНејзината љубов кон пеењето започнала по изведбата на „Somewhere over the Rainbow“ во 4-то одделение на шоу за таленти. Од тогаш таа има направено многу интересни преработки како и нејзини сопствени песни. Но, сепак преработката на „Lazy Song“ од Бруно Марс ù е една од најгледаните и најуспешните досега…rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.