Овој јапонскиот тест ги открива длабоките тајни на вашата потсвест и ќе откриете нешто што не сте знаеле за вашата личност. Размислувајте според упатствата и вклучете ја имагинацијата, одговорете спонтано, напишете го првото нешто што ви паѓа на памет и на крај прочитајте што открива секој ваш избор. Потсвесниот ум е чудесна работа, но недоволно истражена. Психолошките тестови како овој ќе ви помогнат да научите повеќе за себе.rnrn
rnrnЗамислете дека шетате во шума со личност по ваш избор. Со која личност шетате?rnrnПо некое време, сретнувате животно. Кое животно е тоа? Каква врска имате со него?rnrnПродолжувате да шетате низ шумата, влегувате сè подлабоко во неа. Пристигнувате на чистинка и тука има напуштен лавиринт. Колку е голем лавиринтот? Колку се високи неговите ѕидови?rnrnОдлучувате да влезете во лавиринтот, но личноста што е со вас ве советува да не влегувате. Сепак, вие влегувате сами. Во центарот на лавиринтот ќе најдете чаша. Од кој материјал е направена? Што ќе направите со неа?rnrnМинувате низ лавиринтот и стигнувате до излезот. Која од овие изјави најдобро го опишува вашето доживување додека шетавте по лавиринтот?rnrn1. Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.rnrn2. Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.rnrn3. Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.rnrn4. Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.rn
Дали ги запишавте сите ваши одговори? Во продолжение прочитајте што означуваат тие
rnЛичноста со која шетавте низ шумата е најважната личност во вашиот живот.rnrnГолемината на животното што го сретнавте ја претставува вашата перцепција за големината на проблемите со кои се соочувате во животот, а начинот на кој се однесувавте со животното открива како се однесувате кон животните проблеми. Дали бевте пасивни или одлучивте да се борите со животното?rn
Вашиот избор открива многу за тајните на потсвеста
rnПатеките во лавиринтот го претставуваат патот што ќе го изберете за себе во животот. Додека сте тинејџери, најлесно е да се чувствувате изгубено и збунето – сето тоа се тие слепи улици и погрешни вртења. Вашето искуство со лавиринтот зборува за начинот на кој се сеќавате на годините што ве доведоа до зрелоста.rnrnВисината на ѕидовите на лавиринтот зборува за висината на вашата амбиција да ги решите предизвиците со кои се соочувате. Нискиот ѕид сведочи за вашата отворена личност. Кај вас луѓето се добредојдени во текот на целиот ден. Високите камени ѕидови откриваат дека сте затворена личност. Сакате да бидете сами и не сакате ненајавени гости.rnrnИздржливоста на материјалот од кој е направена чашата е вашата перцепција за издржливоста на врската со личноста со којашто бевте во шумата. Ако чашата е пластична, вашата врска е краткотрајна. Ако чашата е метална, вашата врска е постојана и можете да се потпрете на таа личност. Стаклената чаша зборува за кршливоста на вашата врска.rnrnТоа што го сторивте со чашата го претставува вашиот став кон личноста со која бевте на прошетка. Ако ја оставивте, ќе се чувствувавте оддалечено од таа личност. Ако ја понесовте со себе, ќе сакате да бидете блиски со таа личност.rn
Вашиот избор како стигнавте до излезот од лавиринтот:
rn1. „Ова беше навистина лесно. Брзо најдов излез.“rnrnИако многу луѓе ги гледаат своите тинејџерски години како период на стрес и збунетост, тој период за вас бил забавен. Не сте биле оптоварени со притисокот на врсниците. Тоа било одлична забава за вас. Сепак, ова може да значи дека вистинскиот животен тест е пред вас.rnrn2. „Ми требаше малку време додека да поминам низ него, но не беше страшно.“rnrnУчилишните денови не ви биле лесни. Како и повеќето млади, веројатно поминавте многу ноќи грижејќи се за љубовта, за пријателството и за иднината. Тоа искуство ви помогнало да станете личноста што сте денес, а лекциите што сте ги научиле ви помагаат во тешките времиња.rnrn3. „Се изгубив и на моменти помислував дека никогаш нема да излезам.“rnrnИако сите имаат тежок период во текот на созревањето, вие ги доведовте вашите проблеми до крајности. Постојано сте се двоумеле за проблемите и ве измачувале сомнежи. Тоа веројатно придонело за сериозноста и за длабочината на вашиот карактер. Сега е време да се опуштите и да уживате во животот. Вие го заслужувате тоа.rnrn4. „Личноста со која бев во шумата ме најде и ми го покажа патот. Во спротивно, сè уште ќе бев таму.“rnrnПричината за задоволството во вашиот сегашен живот лежи во пријателите што сте ги стекнале и во врските што сте ги формирале во младоста. Бевте загрижени, но секогаш имавте кому да се обратите кога ви беше тешко. Бидете благодарни за среќата што ја имавте досега. Сега, вие сте на ред да ја возвратите услугата и да им помогнеме на другите кои на кои им е потребна помош.rnrnНаправете го и овој визуелен тест на личноста и откријте каков е вашиот начин на комуницирање.



rnrnАпостолките биле создадени од страна на компанија наречена
rnrnЕден пар апостолки чини 3.780 јени, односно 1.410 денари. Во моментов има 9 различни дизајни кои се комбинирани со летно кимоно за целосно летно искуство. Па, што мислите? Дали би сакале да ги имате овие интересни апостолки?rnrnНаправете сами: 
rnrnОваа вежба го зголемува дотокот на крв во нозете и ги спречува болките во нив.rn
rnrnОваа вежба го подобрува држењето на телото и церебралната циркулација.rn
rnrnОваа вежба е одлична за болките во грбот и за зајакнување на крвните садови.rn
rn
Погледнете што се случува кога некому ќе му „светне“ идеја. 🙂 Уживајте!rn


rn

rn
Некои од фотографиите на Хидеаки, биле дел од неговата соло-изложба во галеријата „Синсевел“ во Тајван.
Одамна не сме сретнале татко кој го фотографира детството на неговите деца на толку сладок и оригинален начин. Со сличен тип фотографија се бави и Џејсон Ли, 
Навистина е прекрасно тоа што еден ваков горд татко, ги споделува скапоцените моменти од детството на неговите синови со светот, потсетувајќи нѐ нас како гледачи, дека треба да останеме љубопитни за животот и да ја продлабочиме почитта во врска со односите кои ги имаме со нашите браќа/сестри.rn







rnrn