КАФЕ ПАУЗА

Tag: јаболка

  • Превкусна зашеќерена торта со јаболка

    Превкусна зашеќерена торта со јаболка

    Здрав и сладок десерт за целото семејство. Искористете ги јаболката кои оваа сезона ги има во изобилие.

    rnПревкусна зашеќерена торта со јаболкаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 г брашно
    • rn011

    • 250 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 3 кафени лажички цимет
    • rn011

    • 280 г путер (исечен на коцки)
    • rn011

    • 1,3 кг есенски јаболка (сочни и кисели)
    • rn011

    • 100 г шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици пченкарен скроб
    • rn011

    • Шеќер во прав (по потреба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во блендер ставете го брашното, кафеавиот шеќер и две кафени лажички цимет. Изблендирајте ја смесата додека состојките не се соединат. Додајте ги и коцките путер и продолжете да блендирате додека на површината не почнат да излегуваат малечки меурчиња.
    2. rn011

    3. Дел од смесата налејте во „прстен“ тава каде може да ги отворите страните по печењето. Остатокот од смесата ставете го во сад со средна големина. И садот и тавата оставете ги во фрижидер да се оладат, најмалку 20 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180˚.
    4. rn011

    5. Излупете ги јаболката, исечете ги на средина, исчистете ги и исечете ги на кришки.
    6. rn011

    7. Извадете ги тавата и садот од фрижидер. Тавата поставете ја врз плех за печење обложен со алуминиумска хартија. Доколку немате ваква тава може да користите и обична округла тава, обложена со хартија за печење.
    8. rn011

    9. Исечените јаболка ставете ги во еден сад и зачинете ги со шеќерот, пченкарниот скроб и 1 кафена лажичка цимет, така што добро ќе наросите од сите состојки. Откако јаболката ќе почнат да го впиваат шеќерот, внимателно почнете да ги ставате врз смесата од тавата подготвена за печење. Како што ги ставате парчињата јаболка, лесно притискајте ги и ставете колку што можете повеќе. Може нема да ги употребите сите јаболка, но ставете доволно, оставајќи место за уште еден слој од смесата. Потоа смесата од садот налејте ја врз јаболката.
    10. rn011

    11. Тавата ставете ја во рерна и печете околу 1 час и 15 минути, додека тестото добие златна боја. Извадете ја тавата од рерната, со нож поминете по краевите на тавата и почекајте тортата целосно да се олади.
    12. rn

    rnЗа сервирање исечете ја тортата на парчиња и врз секое од парчињата наросете шеќер во прав по ваша желба.rnrnПревкусна зашеќерена торта со јаболка

  • Само една чаша од овој пијалак ќе го исчисти вашето тело од сите токсини

    Само една чаша од овој пијалак ќе го исчисти вашето тело од сите токсини

    Постои многу едноставен рецепт за чистење на организмот од сите токсини. Организмот реагира веднаш после конзумирањето на овој едноставен сок. Тој ќе ги нападне токсините, ќе ги уништи, а вам ќе ви даде дополнителна енергија.rnrnsamo-edna-chasha-od-ovoj-pijalak-kje-go-ischisti-vasheto-telo-od-site-toksini-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 4 јаболка
    • rn011

    • 1 свеж корен од ѓумбир
    • rn011

    • Чаша вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите намирници треба да се органски. Лимонот излупете го и заедно со јаболката (сосе лушпа), коренот од ѓумбир и водата ставете ги во соковник. Подгответе го овој пијалак наутро и конзумирајте го пред појадок на празен стомак.

  • Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

    Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

    Ако видите дека се ближи рокот на траење на одредени намирници, не мора да значи дека веднаш треба да ги фрлите. Овие 5 можете да ги конзумирате дури и откако ќе им помине рокот.rnrnНамирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокотrn

    Јајца

    rnЈајцата во фрижидерот можат да употребат и до 3-4 дена по истекот на рокот на траење кој е наведен на амбалажата. Сепак, со стареењето јајцата губат на квалитет, па доколку сакате да правите нешто благо, подобро прескокнете ги и употребете свежи.rnrnЗа да проверите дали јајцата се свежи, послужете се со еден кујнски трик. Наполнете еден длабок сад со вода и внимателно спуштете го јајцето внатре. Ако потоне веднаш значи е свежо.rn

    Житарици

    rnКутиите со житарици имаат ознака за рокот на траење, но производителите претпоставуваат дека тие ќе имаат подеднакво добар квалитет и по истекот на наведениот датум. Житариците ќе бидат свежи и ни малку опасни за јадење и по 3 месеци од истекот на рокот на траење.rn

    Јаболка

    rnЗа да им го продолжите рокот на јаболката, сместете ги во пластична ќеса на која ќе направите неколку дупчиња како би можел воздухот да циркулира низ нив. Чувајте ги во фрижидер, а тие ќе бидат свежи дури и по 3 недели.rn

    Салами

    rnХерметички затворените индустриски салами можете да ги чувате и до две недели после истекот на рокот обележан на амбалажата.rn

    Јогурт

    rnЈогуртот кој стои во фрижидер може да се користи без никаква опасност барем 7 до 10 дена по истекот на рокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Овој пијалак за детоксикација го зајакнува метаболизмот, помага при слабеењето и дава многу енергија. Најдоброто е што се прави за само неколку минути.rnrnПијалак од јаболка кој ги топи килограмитеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn011

    • 1 литар негазирана вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЈаболката измијте ги убаво и исечете ги на тенки кришки. Ставете ги во стаклено шише или тегла заедно со циметот, полијте ги со вода и оставете ги во фрижидер да преноќат.rnrnЈаболковата вода треба да ја испиете во текот на еден ден, па потоа да додадете уште еден литар вода во шишето за следниот ден. Истите состојки можат да се користат 3 пати.

  • Вкусен крем со јаболка и ореви

    Вкусен крем со јаболка и ореви

    Лесен десерт во кој ќе уживате после напорниот ден…Вкусен крем со јаболка и оревиПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 150 г ореви
    • rn011

    • 250 мл слатка павлака
    • rn011

    • 250 мл благо крем сирење
    • rn011

    • 2 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • сок од лимон
    • rn

    rnНачин на подготовка: Јаболката исечете ги на коцкички и измешајте ги со сокот од лимон за да не почнат да темнеат. Благото крем сирење изматете го со ванилинот и шеќерот во прав, а во посебен сад изматете ја и слатката павлака. Потоа павлаката почнете да ја додавате во крем сирењето дел по дел, притоа мешајќи со дрвена лажица од доле кон нагоре. Оревите исечкајте ги покрупно.rnrnЗемете стаклена чаша и почнете да редите слоевито, ред ореви, ред јаболка, ред од кремот. Наполнете ја чашата до врв и потоа уживајте во прекрасниот вкус.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Карамелизиран чизкејк со јаболка

    Карамелизиран чизкејк со јаболка

    Десерт во боите и вкусот на есента…

    rnrnКарамелизиран чизкејк со јаболкаrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 190 г брашно
    • rn011

    • 165 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 170 г путер
    • rn011

    • 100 г шеќер
    • rn011

    • 450 г крем-сирење
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 3 кисели јаболка, излупени и исечкани
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn011

    • ¼ лажичка морско оревче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnЗа да ја направите кората измешајте 125 грама брашно, 55 грама кафеав шеќер и 110 грама путер. Ставете ги состојките во блендер и мешајте додека да добиете трошливо тесто. Истурете го тестото во тавче и печете на 180 степени Целзиусови 5-6 минути, додека не добие кафеава боја.rnrnЗа филот, комбинирајте го крем-сирењето со 100 грама шеќер, јајцата, ванилиниот екстракт и мешајте додека состојките убаво не се соединат. Можете да ги измешате во блендер. Сипете го филот врз подготвениот пандишпан. Одозгора ставете ги сечканите јаболка, попрскајте ги со шеќер, цимет и морско оревче.rnrnЗа преливот, искомбинирајте 65 грама брашно, 110 грама кафеав шеќер и 60 грама путер. Измешајте ги состојките рачно и потоа истурете ја добиената смеса како најгорен слој. Ставете го тавчето во рерна и печете уште 30-35 минути. Додадете сос од карамела и дозволете му на десертот да се излади пред да го сервирате. Потоа, бидете сигурни дека набрзина ќе го снема.rnrnКарамелизиран чизкејк со јаболкаrnrn

    За да подготвите карамела сос, потребни ви се:

    rn

      rn011

    • 210 г шеќер
    • rn011

    • 85 г путер
    • rn011

    • 120 мл шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnИзвадете ги состојките на работната маса, бидејќи за подготовка на карамела сос мора да работите брзо. Користете длабоко тенџере со дебело дно и имајте ракавици за жешко во близина. Загревајте го шеќерот на средно-висока температура и како што ќе почнува да се топи, така почнете енергично да мешате со маталка или со дрвена лажица. Штом шеќерот почне да врие, престанете да мешате. Штом се растопат сите кристалчиња шеќер (течниот шеќер треба да има карамела-боја) веднаш додадете го путерот и мешајте додека и тој не се растопи. Тргнете го тенџерето од рингла и за неколку секунди почнете полека да ја додавате шлаг пената, постојано мешајќи за да се соедини. Бидете внимателни, во овој момент, смесата ќе почне да пени и значително да се крева нагоре. Мешајте сè додека сосот не стане мазен. Оставете го малку да се излади, а потоа складирајте го во стаклена тегла и оставете го сосема да се излади на собна температура. Потоа ставете го во фрижидер каде може да го чувате до две недели, а пред секоја употреба, загревајте ја потребната количина.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го победите уморот?

    Како да го победите уморот?

    Американски експерти откриваат кои продукти нè прават уморни, а кои ни даваат сила и енергија. Според нив, за да го елиминираме лошото чувство, во секојдневната исхрана треба да вклучиме овесни снегулки (особено наутро), јаткасти плодови (ореви, ф’стаци, бадеми и сл.), семиња и обезмастено кисело млеко.Како да го победите уморот?Исто така, и продуктите полни со железо имаат стимулирачки ефект врз организмот. Такви се јаболката, гравот, спанаќот и леќата.rnrnСлатките задоволства и алкохолот пак, имаат спротивен ефект – предизвикуваат сонливост и чувство на исцрпеност. Меѓу производите кои нè прават уморни и треба да ги избегнуваме се и тестенините и мисиркиното месо (заради присуството на специфичен протеин во него, кој има претерано релаксирачки ефект).rnrnОвој список со храна која треба да ја внесете, односно да ја отфрлите од секојдневието, е корисен и за оние што страдаат од несоница или едноставно сакаат да останат ведри и свежи во текот на целиот ден.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Свежо овошје за бели заби

    Свежо овошје за бели заби

    Доколку посакувате да имате бели и здрави заби, овие видови овошје можат да ви помогнат да си ја остварите целта. Тие не само што се вкусни, туку гарантираат и блескава насмевка.rnrnСвежо овошје за бели забиrn

    Јагоди

    rnВеќе со години јагодите спаѓаат во групата намирници кои се многу здрави за забите. Тоа е така, бидејќи во себе содржат овошна киселина која ги прави забите бели и сјајни, а го спречува и создавањето на дамки од храна и пијалаци.rn

    Јаболко

    rnЈаболката имаат многу цврста структура, која на некој начин има ефект на четкичка за заби. Додека го џвакате јаболкото, ситни парчиња се пикаат помеѓу забите и непцата и на тој начин ги чистат од бактерии. Исто така, јаболкото ги неутрализира киселините и на тој начин го спречува појавувањето на кариес.rn

    Банани

    rnПробајте да си ги избелите забите со кора од банана, така што со внатрешниот дел од кората нежно ќе ги полирате забите и непцата најмалку две минути. После тоа измијте ги забите со паста за заби. Многу брзо ќе забележите дека забите ви се блескави.rn

    Портокал и ананас

    rnКиселината од портокалите и ананасот содржи ензими кои ги убиваат бактериите, меѓу кои и оние кои создаваат лош здив. Овие овошја, исто така го зголемуваат создавањето на плунка која ги мие дамките на забите, направени од сокови, кафе или црвено вино.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.