КАФЕ ПАУЗА

Tag: изградба

  • Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

    Град во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за живот

    3Д печатењето почна да се применува во многу индустриски гранки, од поправки со течен метал на вселенски летала, до 3Д печатење на живо ткиво. Денес со овие печатачи можете дури да изградите и куќа.rnrnГрад во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за животrnrnВо овој процес се користат големи печатачи со бетон, а со нивна употреба се заштедува многу енергија и се намалува отпадот. Куќите се веќе изградени, а сега е потребно само некој да се всели во нив.rnrnЕдна градежна компанија од Холандија наречена Van Wijnen ги печати првите домови во светот кои се всушност погодни за живеење. Барем така тврдат тие. Овој проект е наречен Milestone, а футуристичките домови ќе бидат испечатени во близина на градот Ајндховен.rnrnМоментално има 5 куќи и секоја е со уникатна форма и големина. Со ова е прикажана флексибилноста на неверојатната технологија на 3Д печатењето. Бидејќи печатачот се движи на дводимензионална шина во воздухот, архитектите можат да ги дизајнираат домовите во речиси секоја форма.rnrnГрад во Холандија ги создава првите 3Д печатени куќи погодни за животrnrnКуќите се печатат на една локација а потоа се транспортираат до крајната дестинација. Кон крајот на проектот тимот се надева дека ќе биде во можност да го однесе печатачот на местото каде што ги поставуваат куќите.rnrnОва ќе резултира со уште поефективен процес, особено кога ќе се земе предвид дека за да се изработи структура од бетон потребни се повеќе од 6 месеци. Едноставното склопување не е единствената предност на 3Д печатачот во однос на конвенционалните методи на изградба. Овој процес бара помалку работници, многу е поевтин, а бројот на несреќи е сведен на минимум. Покрај тоа, количеството на бетон и транспортацијата се намалени, а ова има добро влијание на околината.rnrnФутуристичката визија на оваа компанија е само еден од многуте поретки во кои се користат 3Д печатачи за изградба на уникатни куќи. Компанијата ICON од Остин изградила бунгалов од 60 метри квадратни за помалку од 10.000 евра. Друга компанија од Сан Франциско успеала да изгради цела куќа за само 24 часа.rnrnНо технологијата за 3Д печатење на структури сè уште се надградува и за некои од предностите можеби се претерува. Разновидноста на материјалите на база на бетон поставуваат прашања за нивниот структурен интегритет и влијаење врз околината. Какво влијание имаат специјално создадените мешавини од цемент на квалитетот на воздухот и биоазградливоста? Потребни се уште многу истражувања за 3Д печатењето да биде вистински успех.rnrnНо едно нешто е јасно – постои многу возбуда и оптимизам зад оваа технологија, а токму тоа потребно за нејзин напредок. Се разбира, мала е веројатноста дека конвенционалните методи на изградба ќе бидат заменети веднаш. Поверојатно е дека 3Д печатењето ќе се проширува и ќе го модифицира начинот на кој ги градиме домовите во блиска иднина. Сепак, кој не би сакал дом што е побезбеден, добар за околината и поевтин за изградба?rnrnПогледнете ги и овие неверојатни 3Д печатени аквариуми.

  • Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

    Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

    Според развивачите и финансиските менаџери на Fortune International Group и Château Group еден пентхаус во зградата во Мајами, која сѐ уште не ни почнала да се гради, е продаден за неверојатни 21 милион долари.rnrnИзградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!rnrnЦелиот 51-ви кат од 52-катната зграда Ritz Carlton во Сани ајлс бич е моментално под договор. Изградбата на луксузната зграда ќе започне во 2016-тата година, а се очекува да се заврши во 2018.rnrnИако оригинално се продавалe како две посебни места за живеење, купувачот (успешен претприемач), избрал да ги спои двете во еден пентхаус од 719 м2 со 5 спални соби, кој се протега на целиот кат. Пентхаусот исто така ќе има тераса од 330 м² со летна кујна, приватна градина и базен.rnrnЗградата ќе има 221 стан, чии сопственици ќе можат да ги користат сите заеднички услуги како што се: ресторан, надворешен базен, паркинг простор и услужен сервис кој ќе ги одржува автомобилите и ќе се грижи секогаш да имаат полн резервоар бензин.rnrnСите станови во зградата ќе имаат прозори поставени од таванот до подот, со поглед кон океанот и висина на собите од 4 метри, давајќи им на просториите „воздушно“ чувство и отвореност.rnrnВо зградата ќе се продава уште еден таков целосен пентхаус со малку поголема квадратура и затоа и по повисока цена во износ од 30 милиони долари.rnrn

  • Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците

    Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците

    Од отпад до дом за оние кои го немаат… Овој креативен и хуман проект наречен „Homeless Homes Project“ од артистот Грегори Клоен во кој гради минијатурни домови од отпад за бездомниците привлекува огромно внимание. За себе и својата работа тој вели:rn
    rn

    „Според мене, работата се состои во туркањето на една идеја во овој реален свет. Работењето низ процесот позади едно дело и играта која ја играм помеѓу визијата, материјалите и моите способности, е аспект кој го ценам најмногу. Јас сакам да одржувам и малку груба основа во процесот на создавањето, притоа оставајќи го тој дел од моментот отворен за гледачите. Но, сепак пред сѐ, важно ми е да е добро барем за една насмевка.“

    rnАртист гради мали куќички од отпадоци за бездомниците Артист гради мали куќички од отпадоци за бездомницитеrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од ништо до куќа од соништата за само 6 недели

    Од ништо до куќа од соништата за само 6 недели

    Понекогаш кога луѓето размислуваат за нивниот совршен дом, веруваат дека ќе им бидат потребни премногу пари за да можат да ги остварат сите замисли и идеи. Но, Стив Арин докажал дека постои исклучок од ова правило. За само 9.000 долари и 6 недели, тој успеал да го изгради својот дом од соништата во Тајланд.rnrnОд ништо до куќа од соништата за само 6 неделиrnrnПочнувајќи од ништо, со помош на неговите пријатели за само 6.000 долари тие ја завршиле карабината на домот. Материјалите не се премногу скапи во Тајланд, но сепак оваа сума е неверојатно ниска за завршената работа. Останатите 3.000 долари биле потрошени за деталите. Погледнете како се движел целиот овој процес, чекор по чекор.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз

    Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз

    Дизајнирана од страна на Фредерик Бартолди во соработка со францускиот инженер Густав Ајфел, Статуата на Слободата е огромна неокласична скулптура која се наоѓа на Островот Слобода во Њујорк. Статуата била подарок за Соединетите Американски Држави од народот на Франција, но сепак проектот бил заеднички труд помеѓу двете страни. Работата на Французите била да ја состават статуата, додека пак на Американците да најдат совршено место за неа и да го изградат пиедесталот.Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во ПаризСамата статуа е висока 46 метри, но гледана во целост, од земјата до факелот висината изнесува 93 метри. Дизајнот и конструкцијата на Статуата на Слободата се сметаат за најголемите технолошки достигнувања на 19-от век. Таа се наоѓа на самиот раб помеѓу уметноста и инженерството. Откако Бартоли завршил со составувањето на деловите на статуата во Париз во 1885 година ја испратил кон Америка во точно 241 кутија.rnrnПогледнете ја оваа галерија на ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во 1883 година. Овие фотографии се дел од „New York Public Library’s Photography Collection“.Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз Ретки фотографии од изградбата на Статуата на Слободата во Париз
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Топ 15 најубави замоци во светот

    Топ 15 најубави замоци во светот

    Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rn

    1. Замокот Хоенцолерн, Германија

    rnОвој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    2. Замокот Хауард, Англија

    rnИако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија

    rnОвој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    4. Замокот Химеџи, Јапонија

    rnЗамокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    5. Замокот во Прага, Чешка

    rnПрашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    6. Замокот Пелеш, Романија

    rnСместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:rn.rn

    „Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“

    rnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    7. Замокот Шамбор, Франција

    rnСо оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    8. Замокот Нојшванштајн, Германија

    rnИзградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    9. Замокот Корфе, Англија

    rnИако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    10. Замокот во Мацумото, Јапонија

    rnОва е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    11. Замокот Елц, Германија

    rnЕлц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    12. Ејлен Донан, Шкотска

    rnЗамокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    13. Тврдината Нешател, Швајцарија

    rnЗамокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    14. Тврдината Гуаита, Сан Марино

    rnОваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор.  Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    15. Замокот Конви, Велс

    rnКонви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7-те најчудни аеродроми во светот

    7-те најчудни аеродроми во светот

    При секоја работа, инженерите се соочуваат со безброј предизвици. Особено си имаат тешкотии оние кои треба да изградат аеродром на кој треба да слетуваат и полетуваат милиони патници годишно. Тие треба да имаат предвид аеродромот да е на идеална локација, да има голем простор, бескрајно рамен терен и голема видливост, па дури и ветровите во тој предел да се поволни. Но, во реалниот свет условите ретко се идеални, а инженерите се принудени да работат со она што го имаат пред себе и притоа да изградат нешто што ќе биде сигурно, стабилно и безбедно. Видете ги најчудните аеродроми во светот според локацијата, начинот на изградба и други дополнителни фактори.rn.rn

    Интернационалниот аеродром во Куршевел, Франција

    rnЗа да се пристигне до иконскиот ски центар  во Куршевел, Франција, потребно е да се помине преку застрашувачките француски Алпи, а потоа да се слета на интернационалниот аеродром. Слетување кое ќе го паметите засекогаш. Пистата е долга само 520 метри, но вистинското изненадување е големиот рид на средината од пистата.7-те најчудни аеродроми во светот„Слетувате во удолница, а полетувате од угорница“ – вели еден од пилотите. Тој додава дека ридот, кој има 18,5% нагиб, е толку стрмен што помали авиони често имаат големи проблеми. Слетувањето на аеродромот во Куршевел очигледно не е лесна работа, па така пилотите треба да добијат сертификат пред да пробаат да ја совладаат оваа опасна писта.rn.rn

    Аеродромот Конгонхас (Сао Паоло, Бразил)

    rnПовеќето главни градови имаат аеродром, но ретко кој од нив го има на само 7 километри од строгиот центар во градот. Ова особено не е случај со метрополи како Сао Паоло. Неговата близина до центарот може да се надоврзе на фактот дека тој е направен во 1936 година, а градот многу се разви во наредните децении.7-те најчудни аеродроми во светотИмањето аеродром толку блиску до градот можеби изгледа погодно за патниците, но претставува голем напор за пилотите и за екипите кои го контролираат воздушниот сообраќај. Претставува предизвик во однос на безбедноста само да се доведе авионот до пистата. За среќа високите згради во Сао Паоло се малку подалеку од пистата, па не се директна пречка за слетувањето и полетувањето на авионите.rn.rn

    Ледената писта (Антарктик)

    rnЛедената писта е една од трите главни писти кои се користат за пристигнување на истражувачи и резерви за Мекмурдо станицата на Антарктик. Како што имплицира и самото име, тука нема асфалтирани писти, само писти од мраз и снег кои се уредно негувани.7-те најчудни аеродроми во светотНема недостиг од простор на Ледената Писта, па така супер големи авиони од типот на C-130 Hercules и C-17 Globemaster III, слетуваат релативно лесно. Вистинскиот предизвик е да се процени дали тежината на авионот и на каргото нема да го скрши мразот или пак да го заглави во мекиот снег. Кога мразот од пистата почнува да се крши, авионите се пренасочуваат да слетаат на другите две главни писти Pegasus Field и Williams Field.rn.rn

    Интернационален аеродром Дон Муанг (Бангкок, Тајланд)

    rnОд далечина, интернационалниот аеродром Дон Муанг изгледа како и секој друг просечен аеродром. Но, разликата е во тоа што помеѓу двете писти се наоѓа еден голф-терен со 18 дупки.7-те најчудни аеродроми во светотГолф-теренот и аеродромот порано биле дел од воена база, но подоцна биле отворени за комерцијален промет. Сепак, поради безбедносни причини, граѓаните имаат ограничен пристап до голф-терените.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Мадеира (Мадеира, Португалија)

    rnМадеира е мал остров оддалечен од брегот на Португалија, што го прави аеродромот клучен за неговиот развој . Првично, пистата била долга само 1.524 метри и претставувала голем ризик, дури и за најискусните пилоти, а го ограничувала и увозот и туризмот.7-те најчудни аеродроми во светотЗа овој проблем инженерите ја продолжиле пистата, така што нејзината моментална големина изнесува 2.743 метри, правејќи мост кој е поткрепен од 200 столбови. Самиот мост е долг околу 900 метри и е широк 180 метри, сосема доволно за да издржи авион од типот на Боинг 747 и други слични. Во 2004 година, Меѓународната асоцијација за мостови и градежништво му даде признание на овој проект, доделувајќи му ја наградата за извонредна структура на годината, истакнувајќи дека дизајнот и изградбата биле „осетливи поради еколошки и естетски причини“.rn.rn

    Аеродромот Гибралтар (Гибралтар)

    rnПомеѓу Мароко и Шпанија се наоѓа малечката британска територија на Гибралтар. Изградбата на нејзиниот аеродром датира уште од времето на Втората Светска војна, а денеска сè уште служи како база на воздухопловните сили на Велика Британија, но и како аеродром за комерцијални летови.7-те најчудни аеродроми во светотНајинтересното е тоа што најпрометната авенија „Винстон Черчил“ поминува директно низ пистата на аеродромот, па така секој пат кога слетува или полетува авион се спуштаат рампите на патот. Проблемот е во тоа што ова е единственото рамно место во целата околина, бидејќи целиот град е опколен со планини, па така ова било најповолното решение.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Кансаи (Осака, Јапонија)

    rnЗемјиштето е недоволен ресурс во Јапонија, па така инженерите се упатиле 5 километри од брегот на заливот Осака за да го изградат овој аеродром. Работата за изградба на вештачкиот остров започнала во 1987 година, а веќе во 1994 година авионите можеле да слетуваат на овој аеродром. До аеродромот патниците можат да стасаат со кола, воз или со траект.7-те најчудни аеродроми во светотВештачкиот остров Кансаи е долг 4 километри и е широк 2,5 километри, така што е видлив и од вселената. Земјотреси, опасни циклони, нестабилно морското дно и обидите за саботажа од демонстрантите се само неколку од проблемите кои инженерите биле принудени да ги земат предвид. Колку и да изгледа импресивно овој аеродром, професорот по воздухопловството и технологија на универзитетот „Purdue“ и поранешен консултант за авијација, Шрекенгаст Стјуарт, предупредува дека климатските промени и зголемувањето на нивото на морето претставуваат многу реална закана за постоењето на овој аеродром. „Кога овој аеродром е изграден, најверојатно не се водело сметка за глобалното затоплување. За околу 50 години, аеродромот може да биде под вода.“