КАФЕ ПАУЗА

Tag: инстант кафе

  • 6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    Иако е потребно малку повеќе време отколку едноставно истурање на кристализираното инстант кафе во вода, сепак повеќето од нас го преферираат богатиот вкус на вареното турско кафе. Но, и инстант кафето си има свои предности и повеќето од нив немаат никаква врска со утринското будење. Во продолжение погледнете за што сè можете да го употребите инстант кафето.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrn

    1. Подгответе вкусно месо

    rnНе грижете се, месото нема да има вкус на утринско кафе. Сè што ви е потребно е една лажичка инстант кафе за да го збогатите вкусот на месото.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    2. Додајте го во болоњезе сос

    rnОва исто така звучи како чудна комбинација, но луѓето се колнат во преубавиот вкус. Кога еден британски прехранбен маркет го промовирал овој трик во 2015 година, настанал хаос на Интернетот. Но, кога луѓето почнале да го испробуваат овој трик, повеќето од нив биле пријатно изненадени како вкусот на сосот се издигнал на едно повисоко ниво. Потребно е само да додадете една мала лажичка инстант кафе.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    3. Освежете ги вашите билки

    rnСпоред експертите, кафето може да ослободи корисни минерали како азот, калиум и магнезиум со распаѓањето во почвата на вашите растенија. Исто така, помага и во балансирањето на алкалиите и pH нивоата. Бидејќи инстант кафето е во кристализирана состојба, може веднаш да се користи за во почвата.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    4. Ги држи инсектите подалеку

    rnДржењето на инсекти подалеку од вас е уште една придобивка на инстант кафето. Може да ставите кафе во вашата градинарска почва или околу куќата. Според една студија направена во 2004 година, пронајдена е една мрсна супстанца во кафето која е токсична за инсектите како што се комарците и мушичките. Можете да го истурете инстант кафето во областите кои што им се привлечни на инсектите, вклучувајќи го и вашиот двор.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnБонус: исто така, можете да го искористите ваквото кафе за да се ослободите од болвите во крзното на вашиот миленик. Истријте го вашиот миленик со инстант кафе, а потоа истуширајте го.rn

    5. Зголемете го растот на косата

    rnИнстант кафето функционира одлично како нежен ексфолијант кој го забрзува растот на вашата коса. Можете да го ставите на вашиот скалп по шампонирањето или пак да го помешате со вода пред влегување во тушот. Доколку имате капа за туширање, можете да ја соберете косата со веќе намачканото кафе и да оставете да отстои 10 до 20 минути за подобра апсорпција.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnВнимание: Ова е најдобро за личностите со темна коса, бидејќи кафето може да ги обои светлите прамени.rn

    6. Ослободете се од круговите под очите

    rnСпоред една студија направена во 2016 година, кофеинот во кафето помага при ослободување на темните кругови и кесички кое се наоѓаат под очите. За ваквата намена можете да користите и обично кафе измешано со алое вера или кокосово масло, оставајќи ја смесата да отстои 10 до 20 минути.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnПрочитајте ги и овие 27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Ако сакате кафе, проверете дали ги правите овие грешки при неговото купување, подготвување и пиење

    Ако сакате кафе, проверете дали ги правите овие грешки при неговото купување, подготвување и пиење

    Кога станува збор за храната и пијалаците, треба внимателно да ги избираме, но и соодветно да ги чуваме, подготвуваме и консумираме. Како што се однесуваме со виното или со шише виски, така треба да се однесуваме и со кафето, особено ако се декларираме како негови љубители.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrnrnВил Корби е сопственик на познатото „Пакт Кафе“ од Лондон, кои секогаш на своите потрошувачи им сервираат свежо и вкусно кафе со различно потекло. „Пакт Кафе“ се занимава со набавка, обработка и достава на мелено кафе или на кафе-патрони за кафемат. Корби има 12-годишно искуство во оваа област и ги открива најчестите грешки кои се прават при нарачување, подготовка и консумирање на кафето.rn

    1. Не се однесувате кон кафето како кон зеленчукот или лебот

    rnКога купувате леб или зеленчук, секогаш го избирате најсвежото. Истото треба да го правите и со кафето. Според Корби, најдобар вкус добивате од свежо измелено кафе, кое било пржено пред еден или два дена. Затоа е подобро да го купите на мерење, наместо пакувано.rn

    2. Го чувате со месеци

    rnСо 250 грама мелено кафе можете да направите 15-20 дози. Доколку консумирате помалку, купувајте помали пакувања, за да можете да го имате најдобриот вкус цело време. Како што овошјето скапува, ферментира и менува вкус по некое време, истото се случува и со кафето. Отвореното пакување придонесува да се изгубат вкусот и аромата.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    3. Измелената смеса треба да биде конзистентна

    rnБез разлика дали купувате цели или измелени зрна, важно е сувата смеса да биде конзистентна, а гранулите да се со слична големина. Премногу ситно измеленото кафе може да го направи вкусот погорчлив, додека премногу крупните парчиња го прават покисел. Ова важи и ако подготвувате филтер-кафе во машина или ако самите си варите турско.rn

    4. Кратка и брза подготовка

    rnИдеално време за подготовка на кафе во кафемат е околу четири минути. Тогаш топлината е идеална и се извлекува максималниот вкусот од зрната. Кафематите може да го подготват и за минута, но тогаш не го добивате тоа што треба.rn

    5. Не го чистите кафематот или бокалот веднаш по употребата

    rnВлагата и остатоците од искористеното кафе може да ѝ наштетат на вашата машина, да создадат идеална средина за развој на бактерии и мувла и да шират непријатен мирис. Свареното кафе префрлете го во друг сад и исчистете ја машината доколку не сакате мешање на вкусови со остатоците.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    6. Го чистите апаратот, но не целосно

    rnГи отстранувате остатоците и/или филтер хартијата, но не плакнете со вода? Ова може да го забави процесот на подготовка, но и повторно да почувствувате вкус на заостанато кафе.rn

    7. Додавање млеко и шеќер иако за тоа нема потреба

    rnСпоред Корби, шеќерот и млекото се додаваат за да се прикрие лошиот вкус на кафето. Добро подготвеното и вкусно кафе воопшто не „бара“ да се додаде што било во него. Тој советува кога купувате ново кафе, да го пробате без никакви додатоци за да го почувствувате вистинскиот вкус, па дури потоа да заклучите дали има потреба од млеко или шеќер.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    8. Купувате инстант кафиња

    rnСпоредено со меленото кафе или кафето во зрна, инстант кафето е многу поевтино, што ако се направи математиката, излегува дека е произведено од неквалитетни евтини зрна или од нивни остатоци. Со тоа, доведен во прашање е и квалитетот. Да, пијалакот сè уште има вкус на кафе, но прашање е колку од тоа потекнува од вистинско кафе што не ги изгубило својствата во текот на индустриската обработка.rn

    9. Не знаете колкава количина кофеин пиете

    rnМногу луѓе се во заблуда дека еспресото има повеќе кофеин од филтер-кафето (или слични компарации), но количината на кофеин зависи само од времето што е потребно за кафето да се подготви. Со подолго варење, се користи поголема количина кофеин од сувата смеса, па затоа ако имате потреба од поголема доза, изберете кафе што се прави подолго.rnrnЗабавувајте се и со овој тест со кафе кој ќе открие каква личност сте.

  • Вистината е откриена: Како се прави инстант кафе?

    Вистината е откриена: Како се прави инстант кафе?

    Во денешниот свет каде кафето е главниот помошник на многу луѓе без кој тие не би можеле нормално и продуктивно да функционираат, инстант кафето е вистински дар од небото. Брзо се приготвува, има силен вкус и ни помага да останеме будни во текот на денот. Но, колкумина од нас знаат што е всушност инстант кафето? Постои повеќе од 100 години, така што време е конечно да ја дознаеме вистината.rnrnВистината е откриена: Како се прави инстант кафето?rnrnДа почнеме од она што е очигледно: Инстант кафето е направено од вистинско кафе. Целите зрна кафе се печат, мелат и варат пред да станат „инстант“. Ова кафе е готово кога ќе се извлече целата вода од свареното кафе, со тоа што ќе останат само дехидрирани кристали на кафе. За повторно да се направи кафе, само треба да се додаде вода.rnrnПостојат два начина да се направи инстант кафе: Со спреј сушење и сушење со замрзнување. Спреј сушењето се постигнува на тој начин што течниот концентрат од кафето се претвора во многу жежок, сув воздух на температура од 250 степени Целзиусови. Водата испарува и кафето се суши во мали, тркалезни кристали.rnrnВистината е откриена: Како се прави инстант кафето?rnrnСушењето со замрзнување се одвива во неколку чекори. Прво, кафето се загрева додека не стане екстракт. Екстрактот од кафето потоа се лади на околу -7 степени Целзиусови додека не замрзне. Кафето повторно се лади во некој понизок сад на -40 степени Целзиусови додека не се формираат дебели и цврсти парчиња мраз од кафе. Мразот од кафе се крши на гранули. Потоа, тие се ставаат во вакуум за сушење, каде мразот испарува и остануваат инстант кафе гранули.rnrnВо продолжение погледнете го видеото за да видите како функционира процесот на сушење со замрзнување…rnrnrnrnДури и да не сте толку голем љубител на кафето, мора да признаете дека станува збор за врвна технологија. А доколку уживате во инстант кафето, добрата страна е што можете да го пиете на различни начини, од обично врело до ладно со мраз и вкусови по избор. Можностите се неограничени!

  • 3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    Гребнатините можат да ја уништат естетиката на секое парче мебел во домот. Но, тоа не значи дека треба да се збогувате со сите дрвени површини како вашите омилени столици, ормани, комоди или трпезариски маси, бидејќи решението за нив се крие во овие едноставни и евтини трикови во вашата кујна.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелотrnrn1. Емулзија од маслиново масло и оцет. Помешајте 125 милилитри маслиново масло во 125 милилитри алкохолен оцет. Во добиената смеса натопете една памучна крпа, исцедете и добро истријте ја дрвената површина.rnrn2. Тоник од црн чај. Во 125 милилитри врела вода ставете една до две вреќички црн чај. Оставете да делува 5 минути и потоа извадете ги вреќичките. Натопете памучна крпа и премачкајте ги изгребаните дрвени површини, а потоа избришете со сува крпа.rnrn3. Паста од инстант кафе. Во шолја ставете една кафена лажичка инстант кафе и додајте онолку врела вода колку што е потребно за да се направи густа паста. Натопете една крпа во смесата и со неа истријте ги гребнатините. Потоа, избришете со сува крпа.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

  • Пудинг од ирско кафе

    Пудинг од ирско кафе

    Време е за малку ирски амбиент. Доколку го сакате вашето кафе со алкохол, ова е совршена опција за вас. Само што овој пат ви предлагаме рецептот за ирско кафе да го искористите правејќи пудинг.rnrnДоколку сакате да го направите безалкохолен, наместо виски, додајте 1 кафена лажичка екстракт од ванила.Пудинг од ирско кафеПотребни состојки:rn

      rn011

    • 2 лажици пченкарно брашно
    • rn011

    • 50 г + 3 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • Сосем малку сол
    • rn011

    • 480 мл шлаг
    • rn011

    • 1 лажица инстант еспресо (неподготвено) или 1 ½ лажица друго инстант кафе
    • rn011

    • 3 лажици ирско виски
    • rn

    rnПудинг од ирско кафеНачин на подготовка: Во еден сад измешајте ги пченкарното брашно, шеќерот и солта. Додајте го шлагот и матете со миксер на еден степен повисоко од средната брзина додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ги кафето и вискито.rnrnПудингот сипете го во 4 стаклени садови и почекајте 2 часа добро да се олади и здрви.rnrnЗа декорација додајте хопла крем или шлаг. Поросете со цимет. За да добиете вистински ирски амбиент, одлично би било доколку најдете чоколадни парички за јадење спакувани во златна фолија. Доколку не, најдете друг начин да го декорирате. Доколку имате време, од зелено тесто за марципан, направете детелини кои исто така се препознатлив симбол на Ирска.Пудинг од ирско кафеНа здравје!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Индиско еспресо кафе

    Индиско еспресо кафе

    Пенеста магија во шолја со кафе, полна со јак, кремаст и сладок вкусИндиско еспресо кафеПотребни состојкиrn

      rn011

    • 1 лажица инстант кафе во прав
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 225 мл млеко (или 170 мл млеко + 55 мл вода)
    • rn

    rnНачин на подготовка: во шолја за кафе или во друг сад ставете ги шеќерот и кафето и сипете неколку капки вода. Смесата треба да е густа и не многу влажна. Матете со маталка, лажица или со електричен миксер сè додека не добиете многу пенеста смеса со светла боја. Загрејте го млекото и потоа сипете го врз смесата. Мешајте додека не ја изедначите. Смесата треба да стане пенеста и мазна. Или, може прво да го сипете млекото и целиот сад да го ставите во микробранова печка, па потоа да мешате. На крајот пропрскајте со неколку трошки кафе во прав.rnrnИако ова кафе содржи „еспресо“ во називот, тоа всушност многу повеќе наликува на капучино. Во секој случај, со начинот на подготовката ќе добиете нешто како индиското еспресо кафе кое се служи во Индија.rnrnЗемете неколку суви колачи или бисквити со подготвеното индиско еспресо кафе и оптегнете се пред телевизорот. Време е за одмор.Индиско еспресо кафе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    За повеќето возрасни луѓе со добро здравје, внесувањето 200 до 300 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на две до четири шолји кафе, не е штетно по здравјето. Напротив, умерените количини кафе можат да го подобрат вашето целокупно здравје. Тоа ја намалува главоболката и болката во мускулите, ја подобрува краткотрајната меморија, го крева крвниот притисок, го намалува ризикот од рак на кожа и дојка, се бори против целулитот, дури се користи и како состојка во препаратите за нега и убавина… Но, преголемата консумација на кофеин може да има и негативни последици како несоница, нервоза, тегоби во стомакот, неуморност, брзо чукање на срцето и тресење на снагата.rnrnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rnrnАмериканската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина. rnrnПогледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.rnrn

      rn011

    • Во 250 мл инстант кафе има од 27 до 137 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 30 мл еспресо има 30 до 90 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл безкофеинско кафе има од 3 до 12 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола има 23 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетална Кока-кола има 31 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола зиро има 23 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 250 мл Пепси има 25 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетално Пепси има 24 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл чај има од 40 до 120 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во лименка Ред бул од 250 мл, има 80 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл топло чоколадо има 3 до 13 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мока леден шејк

    Мока леден шејк

    Вкусен и моќен шејк кој ќе ви го разубави денот…Мока леден шејкПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл млеко
    • rn011

    • 1 мала лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 3  супени лажици шеќер
    • rn011

    • 3 супени лажици инстант кафе со вкус на мока
    • rn011

    • 6 коцки мраз (искршени)
    • rn

    rnВреме на подготовка: 5 минутиrnrnНачин на подготовка: Ставете ги млекото, кафето, шеќерот и ванилата во блендер и убаво промешајте ги. После неколку секунди додадете го и мразот и повторно мешајте дури не добиете густа хомогена смеса. Добиениот микс сипете го во висока стаклена чаша. По избор можете да декорирате со шлаг, чоколаден прелив или чоколадни трошки.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си кафе во прав по ваш вкус

    Направете си кафе во прав по ваш вкус

    Ви здосади секој ден да купувате по неколку мали пакувања инстант кафе? Вие сте од оние кои не купуваат цела конзерва кафе, туку по едно-две пакувања од ден за ден? Ако имате желба, креативност и малку слободно време, може самите да си направите инстант кафе, кое ќе го чувате во тегличка и секој ден ќе си правите шолја кафе од подготвената сува смеса. Плус, ако однесете една тегличка на работа, можеби ќе ги инспирирате и колегите и тие да си направат инстант кафе, по нивен вкус. Многу лесно се прави, еве како:rnrnНаправете си кафе во прав по ваш вкусrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 г еспресо кафе, во гранули
    • rn011

    • 260 г млеко во прав
    • rn011

    • 60 г шеќер во прав (ако кафето го пиете горко, не ставајте шеќер)
    • rn011

    • 60 г смеса за топло чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо голем и длабок сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги со лажица додека да се соединат. Готовата смеса распоредете ја во чисти теглички.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Индиско макијато

    Индиско макијато

    Ист вкус, различна подготовка во индиски стилИндиско макијатоПотребно за две шолји:rn

      rn011

    • 2 лажици инстант кафе
    • rn011

    • 3 лажици шеќер
    • rn011

    • 1 лажица ладно млеко
    • rn011

    • 200 мл ладно млеко
    • rn011

    • 100 мл топло млеко
    • rn011

    • какао во прав
    • rn

    rnПодготовка: Во сад ставете ги кафето и шеќерот. Убаво измешајте ги, па ставете 1 лажица ладно млеко. Со лажица мешајте додека да се растопи шеќерот и потоа уште околу 7-8 минути додека да добиете густа, но мазна смеса. Во две чаши ставете по 50 мл топло млеко. Во млекото распоредете го миксот од кафе и шеќер. Убаво измешајте додека да се соедини. На крај, дополнете ги чашите со по 100 мл ладно млеко и декорирајте со какао.rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.