КАФЕ ПАУЗА

Tag: имиња

  • Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата

    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата

    По повод месецот на женската историја фотографката Eunique Jones го основа проектот „Поради нив можеме“, со цел да се истакнат имињата на жените низ историјата кои овозможиле подобри услови за идните генерации. Дел од проектот се фотографиите од малечки девојчиња, кои облечени како најголемите и најпознатите женски ликови во историјата, ги пренесуваат нивните пораки.rnrn

    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Медлин Олбрајт – „Ми беше потребно прилично долго време за да се стекнам со глас, и сега кога го имам нема да останам тивка.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Ана Марија Чавез – „Едноставно, на девојчињата им се потребни личности кои ќе им постават добар пример, и ментори.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Фрида Кало – „Ја сликам сопствената реалност.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Хилари Клинтон – „Верувам дека правата на жените и девојките се нерасчистена работа на 21-иот век.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Ана Франк – „Ако пишувам можам сè да изменам. Мојата тага исчезнува, а мојата храброст повторно се раѓа.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Мишел Обама – „Успехот не е во тоа колку пари заработуваш туку во разликата која ја правиш во животите на луѓето.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Момс Мабли – „Ако секогаш го правиш тоа што отсекогаш си го правел, секогаш ќе го добиваш она што отсекогаш си го добивал.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Сузан Б. Антони – „Заборави што светот мисли за твоето истакнување. Мисли со своите најдобри мисли, зборувај ги своите најдобри зборови и прави ги нештата најдобро што можеш.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Др. Меј Џемисон – „Никогаш не дозволувајте да бидете ограничени од нечија ограничена имагинација.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Доминик Довс и Габи Даглас – „Напорните денови се најдобри бидејќи тогаш се раѓаат шампионите.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Сакагавеа – „Сè што правам е за моите луѓе.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Малала Јоусафзаи – „Го повишувам гласот не за да викам, туку за да бидат слушнати оние кои немаат глас.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Џенет Рино – „Едноставно се трудам да го дадам најдоброто од себе и да ги направам најдобрите расудувања што можам.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Шерил Бун Исекс – „Кога светлината свети силно, навистина трае долго.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Глорија Стајнем и Дороти Питман Хјуз – „Феминист е секој кој ја признава еднаквоста и човечноста на жените и мажите.“
    rnrn
    Мали девојчиња трансформирани во најголемите женски имиња во историјата
    Мајка Тереза – „Доброто што го правиш денес, утре луѓето ќе го заборават. Но сепак прави добро.“
    rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудните имиња на децата на славните

    Чудните имиња на децата на славните

    Некои од славните личности сметаат дека сè им е дозволено, па дури и да ги „казнат“ своите деца од раѓање да носат некои навистина уникатни и чудни имиња. A, некои навистина претерале.Чудните имиња на децата на славнитеЏејсон Ли, ѕвездата од серијата „Моето име е Ерл“ (My Name Is Earl) го крстил својот син Пилот Инспектор (Pilot Inspektor). Наводно причината за тоа бил еден стих на бендот Грандеди: „Тој е прост, тој е глупав, тој е пилот“. Не објаснил зошто го додал и она „Инспектор“.rnrnКај нас, ако детето се роди на Свети Никола, родителите може да го крстат Никола, или ако се роди на Илинден да биде Илија. Ќерката на Брајан Адамс дошла на свет на Велики Петок, пред Велигден, па тој се решил да ја крсти Мирабела Зајаче (Mirabella Bunny), според симболиката која зајачињата ја имаат за католичката црква. Подалеку не отишол ниту режисерот Роберт Родригез, кој во стилот на својот филм „Деца шпиони“ на синот му го дал името Ракета (Rocket).Чудните имиња на децата на славнитеЌерката на Крис Мартин од Колдплеј и актерката Гвинет Палтроу се одѕива кога ќе речете Јаболко (Apple). Славната мајка на детето кај Опра објаснила дека јаболката се слатки и здрави, а се спомнуваат и во Библијата. Тамам за име на дете.rnrnИмето на детето на Дејвид Духовни на англиски се пишува Kyd, но кога ќе го довикува тоа ќе звучи како да вика по кое било дете, затоа што неговото дете всушност се вика Дете. Сепак, тоа име не е толку чудно како Зума Неста Рок, кое го носи ќерката на Гвен Стефани.Чудните имиња на децата на славнитеСега веќе починатиот син на Силвестер Сталоне е крстен Sage Moonblood, што кога буквално ќе се преведе на македонски значи Жалфија Месечева Крв. Месечева Крв неизбежно асоцира на улогите на неговиот татко, но со таквите асоцијации себеси се надминал само Мајкл Џексон. Имињата на неговите деца се: Принц Мајкл и Принц Мајкл Втори.rnrnСличен потег направил и Боно, фронтменот на U2, кој на својата ќерка ѝ го дал името Мемфис Ив (Memphis Eve), што значи Квечерина во Мемфис. Таа денес е актерка и го користи само името Ив. И Еџ, гитаристот на бендот, го следел неговиот пример. Неговата ќерка се вика Тажен Ангел (Blue Angel), според песна на Рој Орбисон. Слично име носи и ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи. Таа е крстена Блу Ајви (Blue Ivy), што преведено на наш јазик е Син Бршлен.Чудните имиња на децата на славнитеСепак, тие не можат да се носат со синот на малку познатата актерка Шанин Сосамон, чие име е Аудио Наука (Audio Science), и оние на откачениот рокер Френк Запа, Месечева Единица (Moon Unit) и Дива Тенок Мафин (Diva Thin Muffin).rnrnНим може да им конкурираат само Мокси Борецот Против Криминал (Moxie Crimefighter) на илузионистот комичар Пен Џилет, и Џермаџести (Jermajesty – Џермејновото Височество) на Џермејн Џексон, пејач и брат на Мајкл Џексон.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња?

    Како најпознатите брендови ги добиле своите имиња?

    Именувањето на брендот е форма на уметност. Името треба да биде привлечно и незаборавно. Успешните компании како Гугл и Кока-кола направија вистински избор. Но, како настанале овие имиња?rn

    Кока-кола

    rnНајпознатиот газиран пијалак во историјата своето име го добил според листот кока (coca) и оревот кола (kola). Фармацевтот Џон Пембертон е творецот на првата серија на сирупот Кока-кола во 1886 година. Името на сирупот го предложил Френк Мејсон Робинсон, бизнис партнер на Пембертон. Тој латиничното „k“ го заменил со „c“, мислејќи дека така ќе изгледа подобро. На тој начин настанало познатото лого Coca–Cola. Но Кока-кола не станала веднаш хит. Во првата година од нејзиното производство просечно се продавале по 9 шишиња дневно. Во 1888 година Пембертон го продал својот бизнис непретпоставувајќи го огромниот потенцијал на она што го создал.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Гугл

    rnНајголемиот пребарувач го добил своето име според зборот „Гугол“ (googol), што всушност претставува огромен број кој најдобро би се опишал како бројот 1 проследен со 100 нули. Постојат различни приказни како од Гугол настанал Гугл, но официјалната приказна била објавена од компјутерскиот научник Дејвид Колер. Коосновачите Лари Пејџ и Сергеј Брин го формирале пребарувачот познат како „BackRub“ кога во 1997 година размислувале за промена на името. Еден нивни колега го предложил „googolplex“, но Пејџ го скратил името на „googol“. Кога неговиот колега пребарувал дали името е достапно, тој погрешно го напишал зборот и го добил „Google“.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Најк

    rnСпортската компанија Најк е именувана според грчката божица на победата прикажана со раширени крилја. Компанијата била основана во 1964 година и во тоа време се викала „Blue Ribbon Sports“. Еден од вработените, Џеф Џонсон, тврдел дека дизајнот за логото го видел на сон. По долго расправање околу името, најпосле во 1978 година Џонсон одлучил дека Најк звучи подобро од втората опција која гласела „Димензија шест“ (Dimension Six).rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Старбакс

    rnГордон Букер, еден од основачите на Старбакс, ги советувал своите колеги дека зборовите кои почнуваат со буквите „st“ звучат многу помоќно. Така тој направил список на зборови кои почнуваат на „st“. Во тој период тимот разговарал за еден рудник во Вашингтон кој се викал Старбо (Starbo). Тогаш Букер помислил на Старбак, најдобриот пријател на капетан Ахаб во романот „Моби Дик“. Така Старбакс го победил второто можно име за оваа компанија кое гласело „Карго куќа“ (Cargo House).rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Амазон

    rnЏеф Безос својата онлајн компанија прво ја нарекол Кадабра (како дел од абракадабра). Кога му го соопштил името на неговиот адвокат, тој го прашал зошто би сакал да си ја нарече компанијата така? Безос сфатил дека ќе мора да го смени името и се сложил тоа да биде Амазон заради две причини: прво затоа што името навестувало колку голема може да стане компанијата и бидејќи тоа ќе го доведел сајтот при врвот на ранг листите, кои во тоа време се правеле по азбучен редослед.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Твитер

    rnСпоред коосновачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси, нејзиното прво име било „Stat.us“. Дорси изјавил дека тимот сакал име кое најмногу ќе одговара на зуењето низ цел свет, па така дошле до името „twitch“, но Дорси сметал дека ова име не ја доловува вистинската замисла. Тој го пронашол зборот Twitter (црцори) во речникот и сфатил дека овој збор совршено одговара на неговата идеја.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Доритос

    rnФрито-Леј, компанијата која го произведува познатиот чипс, го преведува името Доритос од шпански јазик како „мали парчиња злато“. Арч Вест, извршниот директор на Фрито-Леј, ја добил идејата за Доритос во 1964 година, додека бил на одмор. Тој купил ќесичка препечени тортиљи од еден локален ресторан во Калифорнија. Кога се вратил на работа веднаш смислил име за крцкав пченкарен чипс со шпански призвук.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrn

    Доминос

    rnВо 1960 година Том Монаган и неговиот брат купиле пицерија во Мичиген и ја нарекле Доминикс (DomiNick’s). Бизнисот одел добро, па Монаган купил уште две локации. Оригиналниот сопственик на пицеријата, чие име било Доминик, не сакал неговото име да се користи во проширувањето на бизнисот и заради тоа Монаган морал да го смени името. Името Доминос случајно го предложил еден вработен во пицеријата, додека завршувал со доставата. На Монаган му се допаднало името и веднаш потоа го смислил и логото на кое се наоѓаат домино коцки, на кои Монаган додавал уште една точка секогаш кога ќе отвори нова пицерија. Како што самиот вели, тогаш не размислувал на интернационалниот синџир кој го поседува денес.rnrnКако најпознатите брендови ги добиле своите имињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

    Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?

    Секој од нас барем во еден период од животот голем дел од времето го поминувал играјќи некоја видеоигра. Некои од нив имаат навистина чудни имиња кои никако не асоцираат на она што нè чека во играта. Ако некогаш сте се запрашале како тие ги добиле имињата, еве ги приказните за неколку од нив.rn
    rn

    Pac-Man

    rnОригиналното јапонско име на оваа игра е Pakkuman, според ономатопејата pakku pakku под која Јапонците подразбираат јадење. Кога легендарната „јадачка“ игра требало да се пробие на европскиот пазар го добила името Puck Man, но кога дошол на ред американскиот пазар била повторно прекрстена, овој пат во Pac-Man. Причината бил стравот дека во секојдневниот говор буквата Р кај името Puck Man ќе се заменува со буквата F.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Tetris

    rnТетрис е личниот избор на иноваторот на една од најзаразните игри на сите времиња, Русинот Алексеј Пајитнов. Името е спој на зборовите тетромино и тенис. Тетромино е геометриска форма составена од четири квадрати, а тенисот бил омилениот спорт на Пајитнов.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Grand Theft Auto

    rnИграта требало да се вика Race ‘n Chase, а играчот можел да бира дали сака да биде криминалец или полицаец. Ваквиот концепт на играта не бил пуштен во продажба, по што бил создаден нов во кој играчот може да биде единствено криминалец. Оттаму и денешното име на играта.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Donkey Kong

    rnНаводно играта требало да се вика Monkey Kong (kong е јапонски назив за мајмун), но поради недоразбирање била крстена Donkey Kong. Има и една друга приказна според која сегашното име било свесно избрано од страна на дизајнерот кој сакал на својот карактер да му даде име кое ќе ја отсликува неговата тврдоглавост и глупавост.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Halo

    rnДизајнерите играта прво ја наркувале Solipsis, според името на планетата каде што се случува дејството. Подоцна ја прекрстиле уште неколку пати, пред да застанат на Halo, име инспирирано од некаков прстен од новелите на авторот Иан М. Бенкс.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Yar’s Revenge

    rnЕдна од најпродаваните игри на Атари, името го добила според директорот на компанијата Реј Казар. Неговото име читано во обратен редослед го дало името на главниот јунак, а анаграмот од неговото презиме е името на планетата од која што доаѓа малиот инсект во играта.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Final Fantasy

    rnДизајнерот Хиронобу Сакагучи направил мала пауза од факултет за да поработи на оваа игра за која не верувал дека ќе постигне успех. Планирал да проба уште овој пат, очекувајќи нов неуспех пред да се врати на училишните обврски, па затоа ја крстил Final Fantasy. Останатото е историја.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    The Legend of Zelda

    rnЗелда е принцезата која јунакот Линк се обидува да ја спаси. Крстена е според сопругата на американскиот писател Ф. Скот Фицџералд.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Metroid

    rnИмето доаѓа од два збора: метро – кое алудира на подземјето во кое се случува дејството, и андроид, кој се однесува на главниот јунак – робот.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?rn

    Guerilla War

    rnGuerilla War e името кое се употребувало само за американскиот пазар. Играта излегла во 1987 година, во време кога Студената војна сè уште не била завршена, па разбирливо е што американските дистрибутери не дозволиле таа да се продава под оригиналното име Guevarra. Се разбира, двајцата главни јунаци биле водачите на Кубанската револуција Ернесто Че Гевара и Фидел Кастро.Како старите класични видеоигри ги добиле имињата?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Во светот на модата постојано се појавуваат нови дизајнерски имиња. Почнувајќи од 1923 година па сè до денес, ова се дваесетте највлијателни дизајнери во историјата на модата.rn
    rn

    Џорџо Армани

    rnПоранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Пјер Карден

    rnФранцузинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Коко Шанел

    rnНа почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Кристијан Диор

    rnПрвата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Долче и Габана

    rnИталијанските дизајнери Доменико Долче (роден во Сицилија во 1958 година) и Стефано Габана (роден во Милано во 1962 година), својот прв успех го доживеале во 1985 година, за време на модната недела во Милано. Истовремено, дуото започна романтична врска која траеше 19 години. Иако нивната романса заврши, Долче и Габана продолжија да работат заедно дизајнирајќи парфеми и модни додатоци. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Том Форд

    rnВо 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и сексуално експлицитните рекламни кампањи за зајакнување на брендот. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Хуберт де Живанши

    rnЖиванши отворил сопствена модна куќа во текот на 1950-те години, откако се преселил во Париз, каде што го донел своето аристократско наследство. Тој е можеби најпознат по дизајнирањето облека за Одри Хепберн, и приватно и професионално, во филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Шарада“. Одри Хепберн, меѓу другото, беше и заштитно лице за неговиот парфем L’interdit. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џон Галијано

    rnПрвиот обид за лансирање на сопствена модна линија Галијано го направи веднаш по дипломирањето на Колеџот за уметност и дизајн во Лондон, но финансиските проблеми беа пречка за развој на неговиот талент. Во 1995 година, тој почна со дизајнирање за Живанши, со што стана првиот британски дизајнер на чело на француската мода куќа, а веќе во 1996 година стана уметнички директор на Диор. Пред една година, Галијано беше разрешен од Диор заради антисемитски забелешки. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Жан Пол Готје

    rnИ покрај несогласувањата со француската модна куќа Хермес во периодот од 2004 до 2010 година, самоукиот француски дизајнер, Жан Пол Готје, ќе остане запаметен по конусниот градник кој го дизајнираше за Мадона во почетокот на 90-те години. Креациите на Готје се специфични заради спојот на два спротивни елементи, кожа и метал. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Марк Џејкобс

    rnМарк Џејкобс станал препознатлив по својот бунтовен талент, благодарение на отказот што го добил во еден бутик затоа што изработувал облека од премногу скапи материјали. Во 1997 година, Џејкобс станал уметнички директор на Луј Витон, каде што од 1984 година почнува да работи заедно со неговиот колега Роберт Дафи. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Келвин Клајн

    rnКариерата на Келвин Клајн започнала во 1968 година, неговиот стил од 90-те години со минималистички и чисти линии и денес е препознатлив ширум светот. Клајн докажа дека ваквите чисти линии, карактеристични за машката облека, може да ги носат и жените. Неговата компанија „Вечност, опсесија, бегство“ е синоним за облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Рене Лакост

    rnФранцускиот тенисер Лакост, познат по тоа што вовел тениска униформа со поинаков изглед од стандардната, е основач на истоимената компанија за спортска облека. Во 1920 година го добил прекарот „Крокодил“, со што крокодилот за кратко време станал заштитно лого на брендот Лакост. За најголем изум на Лакост се смета поло маицата. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Карл Лагерфилд

    rnНа 17-годишна возраст Карл Лагерфилд бил второпласиран на еден избор за фустани, веднаш зад победникот Ив Сен Лорен. Веднаш потоа, Лагерфилд почнал да дизајнира за најпознатите модни куќи. Во 1983 година ја доби најголемата задача за него: враќање на модната куќа Шанел за одбележување на 12 години од смртта на Коко Шанел. Денес Лагерфилд дизајнира истовремено и за сопствената модна куќа и за Фенди. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ралф Лорен

    rnАмериканскиот бренд Ралф Лорен за многумина претставува бренд кој повеќе од 40 години му пркоси на времето. Роден како Ралф Лифшиц во еврејско семејство во Бронкс, тој го менува своето име во Ралф Лорен во текот на 50-те години. Кариерата на Лорен започнала во 1967 година, прво со дизајнирање на машка, а подоцна и на женска облека. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ив Сен Лорен

    rnВо 1966 година, Ив Сен Лорен ја шокирал јавноста со неговиот смокинг наменет за жени. Со тоа, овој дизајнер им го отвори патот на жените за носење машки костими и за покажување моќ и авторитет. Популарните сафари јакни и чизми на високи потпетици, исто така се креација на Ив Сен Лорен. Тој е првиот дизајнер кој вовел етнички модели на модната писта и првиот кој создал колекција „подготвена за носење“. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Валентино

    rnЗа едно интервју во 2008 година, на прашањето „Што сакаат жените?“, Валентино одговорил: „Знам што сакаат жените. Тие сакаат да бидат убави.“ Ова е мотото со кое тој постигна огромен успех, дизајнирајќи ја венчаницата на Жаклина Кенеди и освојувајќи ја наградата Нејман Маркус (моден Оскар). Креациите на Валентино изобилуваат со драматичност, детали и луксуз. Валентино се повлече од светот на модата во 2007 година. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џани Версаче

    rnЏани Версаче беше моден могул цели 20 години, сè додека не беше убиен пред неговиот дом во Мајами во 1997 година. Со отворањето на неговата прва продавница во 1978 година, Версаче станал синоним за гламур и иновативност. Тој дизајнирал за Мадона, Елтон Џон и за принцезата Дајана. По неговата смрт, раководството на модната куќа го презеде неговата сестра, Донатела Версаче. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Луј Витон

    rnИдејата за дизајнирање чанти Витон ја добил уште кога почнал да работи како носач на багаж. Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година. Благодарение на Луј Витон, денес имаме правоаголни куфери идеални за долги патувања. Заради многуте копии на неговите производи, Луј Витон го создаде своето лого (иницијалите LV вметнати на костенлива површина), кое се наоѓа на секоја негова чанта. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вера Ванг

    rnКога Вера Ванг ја планирала сопствената венчавка во 1989 година, таа била разочарана од слабиот избор на наметки, па така сама ја дизајнирала својата венчаница. За кратко време поранешната натпреварувачка во уметничко лизгање станала најпознатиот бренд за венчаници. Денес Вера Ванг не дизајнира само невестински фустани, туку и накит, долна облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вивиен Вествуд

    rnГолемата дама на британската мода, Вивиен Вествуд, отсекогаш имала талент за провокација. Во 70-тите години, Вествуд создала нов бран и панк мејнстрим, кога почнала со продажба на ексцентричната колекција на масивни чевли на платформа и маици со слоганот „Лондон – епицентар на луксузот“. Вествуд ќе остане запаметена по нејзиното модно деби, кога претстави линија корсети со нејзин потпис, инспирирани од силуетите на куртизаните од 18-от век. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnИзвор:

  • Како славните рок бендови ги добиле имињата?

    Како славните рок бендови ги добиле имињата?

    Рок бендовите најчесто имаат невообичаени имиња чие значење ретко кога е познато, но знаејќи колку рокерите се ексцентрични, тоа и не треба да зачудува. Нивните кариери секогаш се пропратени со разни приказни за сè што прават, па така ниту следниве кои се поврзани со начинот на којшто ги крстиле своите бендови не се исклучок.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„The Beatles“ – Бендот започнал да се пробива под името „Beetles“ на предлог на првиот басист Стјуарт Сатклиф кој бил инспириран од една театарска претстава, а подоцна на иницијатива на Џон Ленон спелувањето е сменето во „Beatals“. Конечното име The Beatles е добиено на иницијатива на Џон Ленон и младиот поет Ројстон Елис затоа што новото име било микс од „beat poetry“ и „beat music“.rnrn„The Rolling Stones“ – Иако се шпекулира дека името го добиле според песна на Боб Дилан, тие тврдат дека го добиле според песната на Мади Вотерс, „Mannish Boy“.rnrn„Ramones“ – Името го одбрале во чест на Пол Макартни, кој што во младоста го користел името Пол Рамоун (Paul Ramone). Сите членови на бендот подоцна го додале Ramone како презиме.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Coldplay“ – Кога им здодеало името „Starfish“ членовите на групата културно прашале еден нивен пријател дали може да го позајмат името на неговиот бенд. Тој се согласил и почнале да се нарекуваат „Coldplay“.rnrn„Steppenwolf“ – Бендот прво се викал „Sparrow“ (врапче), но откако гитаристот Џон Кеј ја прочитал „Степски волк“ од Херман Хесе предложил да се прекрстат.rnrn„Aerosmith“ – Кога на тапанарот на бендот, Џои Крамер, му било здодевно на часовите во средно училиште, во тетратката го пишувал зборот аеросмит затоа што му звучел многу убаво. Останатите членови на бендот прво биле против ваквото име бидејќи го помешале со лектира од средно, но кога ја слушнале приказната на Крамер се согласиле.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„U2“ – Боно вели дека името доаѓа од интеракцијата со публиката (you too – и ти исто така). Покрај тоа U2 е назив на американски борбен авион.rnrn„Pink Floyd“ – Момците од бендот користеле повеќе различни имиња пред да се решат за ова. Имињата како „The Meggadeathes“, „T-Set“ и „The Screaming Abdabs“ претходеле на „The Pink Floyd Sound“, што подоцна било скратено. Инаку името е изведено од имињата на нивни колеги музичари Пинк Андерсон и Флојд Консил.rnrn„Metallica“ – Тапанарот Ларс Улрих, се обидувал да му помогне на негов пријател да одбере име за магазин наменет за фановите на рок и метал музиката. Изборот паднал на „Метал Манија“, а Ларс потоа го крстил својот бенд според една од неуспешните сугестии.rnrn„Alice Cooper“ – Една од приказните вели дека тоа „Alice Cooper“ е името што им се појавило на членовите на бендот при еден обид да воспостават контакт со духови од друг свет. Тоа подоцна го негирал вокалистот Винсент Фурниер (кој денеска има соло кариера со името Алис Купер) велејќи дека на тоа име се сетил додека јадел чипс, а другите членови го прифатиле без некоја особена причина.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Deep Purple“ – Еден од најголемите рок бендови на сите времиња името го добил според омилената песна на бабата на гитаристот Ричи Блекмор.rnrn„Creedence Clearwater Revival“ – Прекрстувањето почнало кога лидерот Џон Фогерти, го избрал зборот „Creedence“ според името на еден негов пријател. На тоа го додал „Clearwater“, неговото омилено пиво, кое што било повлечено од пазарот пред да биде вратено од страна на друга пиварница. Резултатот: „Creedence Clearwater Revival“.rnrn„AC/DC“ – Браќата Малколм и Ангус Јанг го виделе името на машина за шиење и многу им се допаднало. Значењето на кратенката е „наизменична струја/еднонасочна струја“, а според нив тоа ја симболизирало енергијата на бендот.rnrn„Black Sabbath“ – Бендот на Ози Озборн е крстен според еден не многу успешен хорор филм од 1963 година каде тема била вештерството.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„The Doors“ – Името е дадено од страна на славниот вокалист и поет Џим Морисон според поема на Вилијам Блејк. „Ако вратите на перцепцијата се исчистат, секое нешто ќе се појави пред човек онакво какво што е, бесконечно“. Легендарната рок група го добилa името според овие врати.rnrn„Pearl Jam“ – Според вокалистот Еди Ведер, името е изведено од процесот во којшто се создаваат бисерите. Всушност, начинот на кој што отпадот се претвора во нешто прекрасно.rnrn„Iron Maiden“ – Се работи за средновековна направа за тортура. Третманот на Ајрон Мејден вклучувал челични острици кои бавно навлегувале во телото предизвикувајќи бавна и болна смрт. Ова било инспиративно за момците од бендот и го присвоиле токму ова име.rnrn„Dire Straits“ – Некој е во „Dire Straits“ кога е во голема неволја и му треба многу среќа за да најде начин да се извлече. Момците од бендот биле токму во ваква ситуација кога решиле дека ќе основаат бенд, затоа што немале скршен денар.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„KISS“ – Членовите на оваа рок група велат дека сакале да имаат име кое што во исто време звучи и опасно и секси, но има уште една приказна, која тие ја негираат, а вели дека името е кратенка од Knights in Satan’s Service (витези во служба на сатаната).rnrn„Lynyrd Skynyrd“ – Леонард Скинер е името на професорот по физичко кој ги терал членовите на бендот да ги скратат долгите коси, а еден од нив поради него дури го напуштил училиштето. Името и начинот на којшто се изговара е избрано во знак на потсмев кон професорот.rnrn„The Who“ – Бабата на гитаристот Пит Таунсенд била речиси глува, па така ги нарекувала сите бендови од тоа време. По неколку прекрстувања, групата на нејзиниот внук го добила токму тоа име во нејзина чест.rnrn„Guns ‘n Roses“ – Името е микс од поранешните бендови на гитаристот Изи Страдлин и тапанарот Роб Гарднер, Hollywood Rose и LA Guns.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Nirvana“ – Името Нирвана означува состојба на внатрешен мир, што за Курт Кобејн било многу попривлечно отколку за тоа време вообичаените вулгарни имиња.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Места низ светот со урнебесно смешни имиња

    Места низ светот со урнебесно смешни имиња

    Низ светот навистина постојат многу места со смешно име, а доказ за тоа е оваа галерија која ќе ве насмее до солзи. Сигурно и вие досега на своите патувања сте наишле на некое вакво место и сте се сликале покрај неговиот знак. Споделете ги вашите искуства преку коментар или пратете ни интересна слика за да ја надополниме оваа интересна галерија.rnrnМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаrnrn

  • Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Како да ја усовршите способноста за помнење?

    Дали ви се случило да влезете во просторија и да заборавите по што сте дошле или да не можете да се сетите на нечие име или име на некоја книга или филм? Не секирајте се, сите овие нешта можат да се надминат иако се нормални. Ова се интересни и корисни решенија кои ги нудат истакнати доктори од областа на подобрувањето на меморијата, а кои можат да ви се најдат во животот.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање досадни податоци

    rnПроблем: Ви се случува да ги заборавате денот и часот на вашите испланирани состаноци, адресата на живеење на блиските пријатели, пинот на мобилниот телефон или лозинките кои ги користите на интернет? Не грижете се. Мозокот не функционира така за да може да складира ваков тип информации на долг рок, освен доколку не вложите дополнителен напор за да ги запомните. Ваквите податоци, кои спаѓаат во категоријата декларативни спомени, по својата природа не се интересни ниту возбудливи, поради што кратко „живеат“ во вашето сеќавање. Во оваа категорија спаѓаат и историските податоци и родендените.rnrnРешение: Единствениот начин да направите некоја досадна информација да стане составен дел од вашата долготрајна меморија, е правилно да ја „складирате“, за да можете да ја пронајдете низ вашите мисли подоцна. „Ако не направите свесен напор да го запомните вашиот пин, вашата краткотрајна меморија, веднаш ќе го избрише од мозокот“ – вели м-р Зелди С. Тен, директор на клиниката за меморија во Бостон и автор на книгата „Age-Proof Your Mind“. Дајте му некакво значење, за да можете да го запомните.rnrnНа пример ако сакате да запомните битен датум, како што е роденденот на вашата внука, дајте му некоја емоционална поврзаност, да речеме пет дена после 2 август, празникот Илинден. За помалку битните податоци, како на пример денот и часот кога имате закажано на забар, не се ни обидувајте да го запомните. Токму затоа Господ ги измисли мобилните телефони и тефтерите со обележани календарски денови“ – вели Ерон д-р П. Нилсон, шеф на невропсихологија во болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон. Тој исто така е автор на водичот „Постигнување на оптимална меморија“, кој се изучува на медицинскиот смер на Харвард.rn

    Расеаност

    rnПроблем: Заборавате зошто сте влегле во некоја соба? Најверојатно сте расеани или пак предметот по кој сте тргнале не бил доволно важен за вашиот мозок да го регистрира како таков.rnrnРешение: „Визуелизирајте го она што го сакате пред да тргнете да го барате“. – вели Тен. Тој исто така препорачува предметите кои сте тргнале да ги барате да ги поврзувате со нешто познато. На пример доколку сакате да ги замените зимските алишта со летните од плакарот, замислете се себеси во костим за капење, како лежите покрај базен или на плажа. Со овој систем, задачата која си ја задавате станува многу поважна и полесна за помнење.rnrnКога заборавате да го визуелизирате она што го сакате и потоа си велите „Што барам во оваа соба?“, навратете се со мислите неколку чекори наназад. Ако и тогаш не успеете, пробајте да се сетите што сакавте пред да дојдете тука, со кого бевте и како се чувствувавте. Оваа препорака ја дава д-р Елизабет Едгерли, шеф на програмата во здружението за лица заболени од Алцхајмерова болест во Северна Каролина и во Северна Невада.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Губење секојдневни предмети

    rnПроблем: Не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, паричникот или пак билетот за воз, автобус и слично? Ова е типичен проблем со вниманието. Ги фрлате клучевите веднаш штом влезете дома додека размислувате на нешто сосема друго, како на пример да се облечете во нешто покомотно или да се измиете. По неколку часа, не можете да се сетите каде сте ги оставиле. Чинот на оставање на клучевите останува незабележителен бидејќи клучевите ги чувствувате како обичен предмет. Да е во прашање банкнота со поголема вредност, сигурно нема да заборавите каде сте ја оставиле. Доколку обичните работи не ги перцепирате како важни, меморијата брзо ќе ги изостави.rnrnРешение: Обрнете внимание кога оставате нешто и кажете си во себе или на глас, што во моментот правите. Пример: „Ги оставам клучевите во џебот на палтото“ или нешто слично. Константноста е уште подобра стратегија. „Доколку ги ставате клучевите во истиот сад секој ден, секогаш и тоа без грешка ќе знаете дека се таму“ вели Едгерли. „Добрата меморија често е поврзана со создавањето на добри навики“ – додава таа.rn

    Помнење зборови

    rnПроблем: Се обидувате да се сетите на збор, име на филм или книга, но не можете. Народски кажано, „на врв на јазик“ ви е, но не можете да го изговорите. „Ова е универзален проблем и се почесто се случува како што старееме“ – вели Едгерли. Исто така, потешко е да се потсетиме на некои информации доколку сме под стрес или доколку ни се вртат многу мисли во глава во исто време.rnrnРешение: Најпрво, опуштете се, на секого му се случува. Потоа вдишете длабоко и избистрете си го умот. „Голем непријател на меморијата е мултитаскингот“ – вели д-р Гери Смол, директор на центарот за стареење „UCLA“ и автор на книгата „Рецепт за меморијата“ (The Memory Prescription). Потоа на глас кажете како отприлика мислите дека е името на филмот или книгата, како на пример „Беше нешто поврзано со вода“ или „Почнуваше на буквата С“. Набројувањето на актерите или ликовите исто така може да ѝ помогне на меморијата.rnrnКако да ја усовршите способноста за помнење?rn

    Заборавање имиња на луѓе

    rnПроблем: Тешко ви е да ги запомните имињата на луѓето? Со сигурност не сте единствени. „Кога им предавам за превентивна меморија на возрасни лица, 90-95% од учесниците велат дека не се добри во помнењето имиња“ – вели Едглер. Проблем може да биде складирањето на информацијата (не сте обрнале внимание кога сте го запознале тоа лице), пребарувањето (не можете да се сетите на името) или комбинација од двете.rnrnРешение: Повеќето луѓе учат визуелно, што дава објаснување зошто ретко забораваат лица, а често имиња. Па затоа наредниот пат кога ќе запознаете некој нов човек, убаво запомнете го неговиот лик и повторете си го неговото име најмалку 3 пати. Потоа употребете го во некој разговор. На пример, ако човекот се вика Мики обратете му се „Па Мики, каде живееш ти?“.rn

    Извршување на секојдневни автоматски активности

    rnПроблем: Не можете да се сетите дали сте ја исклучиле ринглата, кафематот или пеглата? Кога правите некоја секојдневна автоматска активност, како што е исклучувањето на ринглата, всушност ја употребувате процедуралната меморија. Овој вид долготрајна меморија се употребува за преземање акции како што е возење велосипед, чукање на тастатура и слично. Бидејќи овие дејствија се повеќе механички отколку што се свесни, не сте целосно претпазливи за дејствието кое го правите.rnrnРешение: Најчесто, најверојатно вие ја гасите ринглата или пеглата. Но, доколку почнете често да се прашувате дали сте го направиле тоа или пак доколку навистина почнете да заборавате, тогаш обидете се да го запомните моментот кога го притискате копчето за исклучување. Кажете на глас „Рерната е исклучена“, „Пеглата е извадена од штекер“. Доколку ни така не ви успева да бидете сигурни и да запомните, инвестирајте во продукти кои автоматски се исклучуваат или оставете си потсетник покрај влезната врата. Потсетникот секогаш ќе ви паѓа во очи и ќе ви дава до знаење дека треба да проверите дали сте средиле сè пред да го напуштите домот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Читај меѓу редови

    Читај меѓу редови

    Дизајнерот Виктор Херц им ги менува имињата на добро познатите светски брендови, на тој начин откривајќи ја вистината за нив. Погледнете како според него би требало да се викаат познатите компании:rnrnЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редови Читај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редовиЧитај меѓу редови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.