КАФЕ ПАУЗА

Tag: имиња

  • Значењето на имињата и нивната симболика: 10 примери на популарни имиња

    Значењето на имињата и нивната симболика: 10 примери на популарни имиња

    Името претставува еден од основните елементи на личниот идентитет. Освен што служи за препознавање, во многу случаи носи и симболично значење кое потекнува од различни јазици, култури и традиции.rnrnrnrnГолем дел од имињата имаат корени во антички јазици како латински, грчки или хебрејски, а нивните значења често се поврзуваат со поими како сила, мудрост, љубов или светлина. rnrnДруги имиња се инспирирани од природата, историски личности или религиозни фигури.rnrnВо македонската традиција, имињата често се избираат во чест на предци или според календарот на светци, што им дава дополнителна културна и семејна вредност.rnrn Со текот на времето, сè почесто се среќаваат и интернационални имиња, но интересот за нивното значење останува присутен.rnrnИако не постојат научни докази дека името директно ја одредува личноста, многумина чувствуваат поврзаност со значењето што го носи нивното име. rnrnЗа некои, тоа е извор на инспирација, додека за други претставува дел од личната приказна.rnrnИмето, како траен белег, останува важен дел од тоа како се доживуваме себеси и како нè перципираат другите.rnrnПримери на значења на некои имиња:rnАлександар – потекнува од грчки и значи „заштитник на луѓето“rnМарија – име со хебрејско потекло, поврзано со „чиста“ или „возвишена“rnАна – значи „милост“ или „благодат“rnИван – „Бог е милостив“rnЕлена – „светлина“ или „сјај“rnСтефан – „круна“ или „венец“rnНикола – „победа на народот“rnСара – „принцеза“rnМарко – поврзано со „сила“ и „машкост“rnЛука – „светлина“ или „оној што носи светлина“

  • Очекувате бебе? Што мислите за овие имиња што во превод значат чудо?

    Очекувате бебе? Што мислите за овие имиња што во превод значат чудо?

    Секој нов живот на некој начин е чудо, а некои родители тоа го слават така што му даваат на своето дете име што значи „чудо“. Доколку и вие имате ваква желба, погледнете ги следниве прекрасни имиња за момчиња и девојчиња кои иако не се толку чести кај нас, сепак лесно можат да се прилагодат и за нашите краишта.rnrnrn

    1. Арон

    rnОва е прекрасно име за момчиња што потекнува од Библијата. Арон бил постариот брат на Мојсеј и чувар на Божјите заповеди. Неговото име во превод значело чудесен.rn

    2. Ива

    rnИва е едно од најчестите имиња во Македонија, но и едно од најпопуларните пократки женски имиња. Во превод тоа значи дека Бог е милослив или дар од Бог, што може да се протолкува и како чудо.rn

    3. Доротеа

    rnОва женско име има грчко потекло и исто значење како Теодора, односно божји дар. И двете имиња во основа настанале од истите зборови – теос, што во превод значи Бог и дорон, што значи дар. Останатите облици на ова име се Дора, Дорја и Доротеја.rn

    4. Матеј

    rnМатеј е класично име што ни во Македонија не ја губи својата популарност. Значењето на ова име е од грчко потекло и настанало од грчкиот збор матиас што истп така значи божји дар. Останатите облици на ова име се Мате, Матко, Матеја, Матео, Матија и Матеа.rn

    5. Мира

    rnПостојат многу различни начини да се толкува ова име, но се верува дека тоа најверојатно настанало од зборот мир. Познато е и мислењето дека Мира е верзија од Мирела. Според латинските толкувања, Мира значи прекрасна. Во англискиот јазик тоа може да биде и кратенка од зборот миракл што во превод значи чудо.rn

    6. Микел(а)

    rnОва е една поуникатна верзија на името Михаел. Машката верзија е Микел, а женската Микела.rn

    7. Милагро(с)

    rnИмето кое на многумина ќе им звучи познато од шпанските ТВ серии е многу популарно за таа област. Милагро е машката верзија, а Милагрос е женската, а во превод и двете значат чудо.rn

    8. Амари

    rnСилно, а сепак женствено име што не е лесно да се заборави. Може да се изговори на два начина, зависно од тоа дали акцентот е на почетната буква или на последната. И во двете верзии звучи прекрасно. Запчењето на името е чудо божјо.rn

    9. Лорето

    rnОва италијанско име значи благослов или чудо и се користи уште од 16-от век.rn

    10. Каришма

    rnОва чудесно име потсетува на зборот каризма, а ни доаѓа од женското индиско име што во превод исто така значи чудо.rnrnНе ви се допаднаа овие имиња? Погледнете ги и овие популарни латински женски имиња со силно значење!

  • Очекувате бебе? Погледнете ги овие популарни латински женски имиња со силно значење!

    Очекувате бебе? Погледнете ги овие популарни латински женски имиња со силно значење!

    Одбирањето име за дете е голем предизвик и одговорност за родителите. Потребно е да им се допаѓа и на мајката и на таткото, но и на детето кога ќе порасне. Во екот на модерни имиња, понекогаш добро е да побараме инспирација и во корењата. Токму затоа и ги споделуваме овие латински имиња со вас чие длабоко значење може целосно да ве освои.rnrnrn

    1. Адријана

    rnДоволно е само еднаш гласно да го изговорите ова име за да чуете колку убаво звучи, Женската варијанта од латинското име Адриан значи некој што доаѓа од Адрија. Ако сакате слатки прекари, тука ќе имате многу избор.rn

    2. Клаудија

    rnОва име доаѓа од зборот „клаудус“ што во превод значело хром. Голем број римски фамилии го користеле името Клаудиус кое било извадок од ова.rn

    3. Стела

    rnСтела доаѓа од истоимениот латински збор што во превод значи ѕвезда. Прекрасно име за вашето мало ѕвездиче.rn

    4. Луција

    rnОва име доаѓа од латинскиот збор „лукс“ што во превод значи светло или сјај. Луција е прекрасно и безвремено име за девојче.rn

    5. Валерија

    rnПотеклото на ова име доаѓа од латинскиот збор „валерианус“ што во превод значи силна, моќна и здрава жена.rn

    6. Оливија

    rnОва име е инспирирано од латинскиот збор „оливариус“ или „оливерус“ што во превод значи маслиново. Тоа е симбол за надеж, па некогаш се преведува и како „онаа што носи надеж“.rn

    7. Вера

    rnИако името звучи малку словенско, тоа доаѓа од латинскиот збор „веритас“ што во превод значи вистина. Прекрасен избор за мало девојче.rn

    8. Лара

    rnЛара доѓа од латинските зборови „лар“ и „ларис“ што бил називот за римските домашни богови – заштитници на куќата. Со други зборови, значењето на Лара е заштитничка.rnrnБарате потрадиционално име? Погледнете ја и оваа листа од машки и женски имиња од македонско и црковно потекло.

  • Имиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсонови

    Имиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсонови

    Кога избираме име, без разлика дали е тоа за бебе или миленик, свесни сме дека тоа треба да биде убаво, звучно и интересно, бидејќи името останува до крајот на животот. Во продолжение ви даваме неколку интересни предлози за вашите миленици, кои сигурно не ви паднале на ум.rnrnИмиња за вашите миленици инспирирани од цртаната серија Симпсоновиrn

    Дали е паметно да му дадете на вашиот миленик име според некој лик од ТВ серија?

    rnПронаоѓањето име за домашно милениче не е едноставна задача. Доколку и порано сте имале куче, тогаш знаете за што зборуваме.rnrnИмето на вашето куче треба да ја претставува вашата личност, но пред сѐ, личноста на самиот миленик. Многу од луѓето пронаоѓаат инспирација во познатите серии. Во поново време, голем број миленици се крстени според ликовите од познатата серија „Игра на тронови“. Ваков беше случајот и со ликовите од серијалот „Хари Потер“.rnrnКога веќе зборуваме за познати филмови и серии, никако не можеме да ги запоставиме „Симпсонови“, бидејќи тие никого не оставиле рамнодушен. Доколку сте обожавател на оваа серија, ви предлагаме неколку имиња, кои би можеле да бидат интересен избор за име на вашиот нов миленик.rnrnДа се даде име на миленик според лик од омилената серија е секогаш добра идеја, бидејќи тогаш не само што бираме име по звучност, туку и ги споредуваме особините на самиот лик и оние на нашиот нов пријател. Па, според ова, уште на самиот почеток името има посебно значење.rn

    Лиса

    rnДоколку веќе треба да објасниме и опишеме на какво куче би прилегало ова име, тогаш би рекле дека тоа секако треба да биде женка, паметна како што е и Лиса. Исто така, би требало да биде самостојна, да не може лесно да се контролира и потчинува, но и да има големо срце. Доколку треба да одредиме на кои раси би прилегало ова име, тоа секако би биле лабрадор, пудлица или чивава.rnrnЛиса Симпсонrn

    Хомер

    rnНајпознатиот протагонист, физички голем, пријател на каучот и непријател на физичките вежби. Има огромно срце и е заљубен во жената на неговиот живот. Дали вашиот миленик ве потсеќа на него? Булдог, бернардинец и басет се трите најнежни раси, кои се воедно и најмрзеливи. Доколку имате миленик од ваква раса, размислете, бидејќи може нема да најдете подобро име за него од Хомер.rnrnХомер Симпсонrn

    Барт

    rnДоколку размислувате да му го дадете името Барт на вашиот миленик, тогаш тоа би требало да биде бидејќи тој е бестрашен, секој ден прави пакости и секогаш е спремен за игра. Доколку го препознавте вашиот миленик во овој опис, тогаш ова е вистинското име за него.rnrnБарт Симпсонrn

    Милхаус

    rnНајдобриот пријател на Барт кој е познат по тоа што цело време го следи и прави сè што тој ќе му нареди, без преговарања и прашања. Па, ова име би било идеално за миленик кој е многу верен и приврзан за својот сопственик. Ова може да биде и малку иритирачки, бидејќи ваквото куче не е самостојно. Тоа е секогаш со семејството кое го обожава, без разлика каде и да се наоѓа, надвор на прошетка или во својот двор. Но, покрај тоа, ваквите миленици ги освојуваат срцата, бидејќи се претерано мили и нежни, како и послушни. Раси кои би одговарале за ова име се кокер и јоркширски териер.rnrnМилхаусrnrnПрочитајте и зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?

  • Научниците откриле зошто потешко ги помниме имињата на луѓето кои штотуку сме ги запознале

    Научниците откриле зошто потешко ги помниме имињата на луѓето кои штотуку сме ги запознале

    Сите сме се нашле во ситуација при запознавање со некого да не можеме да го запомниме името кое ни го кажале. Нели е малку непријатна ситуацијата кога сакате да му се обратите некому, а не можете бидејќи заборавивте како се вика? Научниците откриле зошто ни се случува ова.rnrnrnrnАко мислевте дека поради лошо помнење не ги помните имињата, грешите. Науката тврди дека проблемот не се крие во „квалитетот“ на вашата меморија, туку во вашиот недостаток на внимание односно незаинтересираност. Научниците од Универзитет во Канзас тврдат дека вашата вештина за помнење имиња зависи исклучиво од нивото на вашата заинтересираност. Кај секоја личност изразен е одреден вид помнење. Некој подобро помни броеви, друг датуми, во зависност од интересирањата. Луѓето кои се социјални полесно помнат имиња бидејќи навистина ги интересираат.rnrnЛуѓето што се занимаваат со политика, продажба или работат како професори и предавачи подобро помнат имиња бидејќи се свесни дека таквата способност е предност во нивната професија. Професор по психологија од Универзитетот во Канзас открива и кои се најдобри трикови за помнење имиња. Тој вели дека треба да обрнете внимание дали личноста со која се запознавате го кажува нејзиното име во истиот момент кога вие го кажувате вашето. Ако некого не сте го слушнале убаво, замолете го да го повтори името. Може и да дадете коментар како на пример: „Така се вика и мојот син“ или „Тоа е баш убаво име“.rnrnОбраќајте ѝ се со име на личноста со која разговарате. Со помош на малку вежбање полесно ќе го запомните името на вашиот нов познаник. Исто така, луѓето сакаат кога другите им се обраќаат по име бидејќи тогаш чувствуваат дека соговорникот е заинтересиран за нив и за она што ќе го кажат.rnrnДознајте и кои се 15-те креативни начини за запознавање нови пријатели во возрасните години.

  • Кои имиња не смеете да ѝ ги дадете на вашата ќерка?

    Кои имиња не смеете да ѝ ги дадете на вашата ќерка?

    Постои верување дека името го одредува карактерот, а подоцна и судбината на личноста којашто го носи. Името е наше обележје, нешто кое го носиме со нас од самото раѓање и со кое силно се идентификуваме затоа што е дел од нас уште откако сме станале свесни за себе.rnrnrnrnРусите сметаат дека овие женски имиња можат да донесат несреќа и осаменост.rn

    Александра

    rnДевојките со ова име често се надарени со цврст машки карактер што за жал не им помага во воспоставувањето складен однос со партнерот. Повеќето од оние што го носат ова име стапуваат во брак подоцна и нив семејната среќа не им е приоритет. Девојките со ова име не се мрзливи, но не уживаат во домашните работи како што се чистење, перење и готвење. Тие се оние што во семејството носат сила и стабилност, а „женските“ работи не се нивен фах. Често имаат успешна кариера, но им недостасува женственост и нежност.rn

    Вера

    rnДевојките со ова име имаат прекрасен карактер – тие се разумни и спокојни. Наклонети се кон авантуристички и екстремни спортови. Копнеат по нежност и близина, па често ги менуваат партнерите во постојана потрага по маж што ќе ги чува како „капка на дланка“. Најчесто се мажат за постар маж, но никогаш не чувствуваат силни емоции кон него. Нив секогаш најважно им е да бидат финансиски стабилни, а ако имаат деца сакат да им обезбедат изобилие и ништо нема да им застане на патот.rn

    Кристина

    rnДевојките со ова име се склони кон брзо заљубување и големо разочарување. Поседуваат експлозивен темперамент што доведува до постојана нестабилност во семејниот живот. Склони се често да започнуваат расправии со мажот и свекорот. Тие најчесто одбираат многу љубоморен човек за сопруг. Ако се родени на есен, со текот на времето учат да го совладаат својот карактер што може да придонесе за мирен семеен живот.rn

    Људмила

    rnТие што го носат ова име се многу чувствителни и мирни. Мажот го бираат многу внимателно. На прв поглед тие ги имаат сите карактеристики за да доживеат среќа, но нивното барање на партнер на крајот ги води во ќорсокак. Бракот со девојките со ова име е исполнет со кавги, жалби и обвинувања. Ретко кој може да живее со нив.rn

    Светлана

    rnДевојките со ова име секогаш се потпираат само на себе и тоа ги спречува да се препуштат и да пронајдат вистинска среќа. Мажите им посветуваат многу внимание, но кон нив тие се многу внимателни и недоверливи. Долго време се противат на брак, а тоа ги навредува мажите коишто ги сакаат. Во бракот се среќни и грижливи мајки.rnrnДознајте кои се 10-те најубави машки и женски имиња што ги имаме позајмено од Русите.

  • Симбол на нов почеток: 30 најубави пролетни имиња за девојчиња и момчиња

    Симбол на нов почеток: 30 најубави пролетни имиња за девојчиња и момчиња

    Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија и позитивност, па воопшто не изненадува дека многу имиња асоцираат токму на ова годишно време. Доколку очекувате бебе во текот на пролетта, погледнете ги следниве 15 женски и 15 машки имиња кои во себе ја носат живоста на самата пролет.rnrnrnrnДа почнеме со листата за девојчиња:rnrn1. Весна е старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина, а со тоа и над обновувањето на природата.rnrn2. Лада, ќерката на Весна, е божица на летото, љубовта и убавината. Таа се буди во пролетта и нејзиното владеење се зајакнува со зголемувањето на сончевата енергија.rnrn3. Зора е старословенска божица на утрата, која му дава сила на сонцето.rnrn4. Жива, според словенската митологија, е божица на животот.rnrn5. Флора е божица на пролетта и цвеќињата според римската митологија.rnrn6. Маја е римската божица на полињата и плодовите која се поврзува со пролетта, а по неа и е познат месецот мај.rnrn7. Аурора е римска божица на изгрејсонцето.rnrn8. Ирис, според грчката митологија, е божицата на виножитото.rnrn9. Талата (Тало) е уште една божица на пролетта, заштиничка на младоста, според грчката митологија.rnrn10. Анастасија потекнува од грчкиот збор анастасиас, што значи повторно раѓање, воскреснување и преродување.rnrnОстанатите женски имиња кои се поврзуваат со пролетта и новиот почеток се Цвета, Невена, Јасмина, Лилјана и Виолета.rnrnrnrnСледува листата со имиња за момчиња:rnrn1. Вито потекнува од латинскиот збор вита, што означува жив, полн со живот.rnrn2. Лука има корени од латинскиот збор лукус, што меѓу другото значи и шума.rnrn3. Младен, што очигледно означува млад.rnrn4. Јарило е бог на пролетната вегетација и плодноста, како и сопатник на божицата Весна во старословенската митологија.rnrn5. Стрибор е уште едно име во старословенската митологија, односно богот на ветрот и шумите.rnrnОстанатите машки имиња што асоцираат на пролетта и новите почетоци се Горан, Ведран, Зоран, Дубравко, Цветан, Флоријан, Јасмин, Невен, Јасен и Јавор.rnrnПогледнете ја и оваа листа со машки и женски имиња од македонско и црковно потекло.

  • 10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

    10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот свет

    Изборот на име за новороденчето може да биде вистинска мака за родителите. Тие често се неодлучни и понекогаш меѓусебно не се согласуваат околу изборот, а уште потешко станува кога сите од страна ќе почнат да имаат мислење околу тоа.rnrnУбава опција е да изберете име кое има некое силно значење, а еден таков пример е со имињата кои значат „ангел“. Овој збор асоцира на нешто чисто, добро и нежно, па еве 10 предлози, по 5 за секој пол, кои би можеле да му ги дадете на вашето дете доколку ви се допаѓа оваа симболика.rnrn10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот светrn

    Женски имиња

    rn1. Анѓа/Ангела – Силно име кое потекнува од грчкиот збор „ангелус“ што значи ангел, гласник.rnrn2. Ангелина – Ова е уште едно име кое потекнува од истиот грчки збор со значење ангел или гласник.rnrn3. Гина – Ова е кратка варијанта од името Ангелина, но има подеднакво силно значење.rnrn4. Ариел – Ова е англиски облик на хебрејските зборови „ари“ и „ел“ што значи божји лав. Воедно, Ариел е името на архангелот кој владее со водите.rnrn5. Лејла/Лајла – Хебрејското значење на ова име е ноќ, односно најубава ноќ од сите, а Лајла меѓу другото е и ангелот на ноќта во хебрејската митологија.rnrn10 машки и женски имиња кои значат АНГЕЛ, а се популарни во целиот светrn

    Машки имиња

    rn1. Анѓелко – Ова е машка верзија на името кое потекнува од грчкото „ангелус“.rnrn2. Габриел – Име за ангелот на радоста, животот, вистината, соништата и расудувањето. Ова библиско име е многу популарно во последно време и кај нас. Значењето на хебрејското име Габриел е Бог е мојата сила.rnrn3. Рафаел – Ова име има латинско потекло, а изведено е од зборовите „рафа“ што значи лекување и „ел“ што значи семоќен, па така се добива значењето Бог лекува или Бог исцелува.rnrn4. Михаил – Значењето на ова име е оној кој е како Бог.rnrn5. Миховил – Ова име има исто значење како претходното и претставува негова изведенка, а во разни варијанти е популарно во цел свет.rnrnПогледнете ги и овие 10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Русите.

  • Портрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личности

    Портрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личности

    Трој Гудол, фотограф од Нов Зеланд им дал шанса на луѓето со познати имиња да ја прослават нивната ситуација. Неговиот серијал фотографии насловен „Речиси познат“ прикажува некои од најголемите имиња во иконските пози.rn

    „Сите имаат неверојатни приказни. Од спуштање на телефонот додека се обидувале да направат резервација, до демнење надвор од хотелската соба. Да живеете со познато име е навистина тешко!“

    rn

    1. Џулија Робертс, разнесувач на пица од Тауранга

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    2. Клинт Иствуд, електричар од Пукохе

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    3. Бен Афлек, студент од Дандин

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    4. Мајкл Џордан, веб-програмер од Келстон

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    5. Џеки Чен, аптекар од Елерсли

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    6. Ентони Хопкинс, работник во музеј од Велингтон

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrn

    7. Сара Џесика Паркер, одгледувач на коњи од Варкворт

    rnПортрети од луѓе кои имаат исто име со познатите личностиrnrnПогледнете ги и овие неверојатни интимни портрети.

  • 10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Русите

    10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Русите

    Русите го имаат збогатено светот со некои од најубавите машки и женски имиња кои се популарни и во нашата земја. Нивната популарност не згаснува, па затоа родителите често одлучуваат да им ги дадат на своите новороденчиња.rnrnВи претставуваме по 5 машки и женски имиња кои трајно сме ги позајмиле од Русите, а кои и денес се чест избор на родителите за своите деца.rnrn10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Руситеrn

    5 женски руски имиња

    rn1. Татјана – Ова име значи огнена кралица. Скратената верзија е Тања.rnrn2. Олга (Оља) – Ова име дошло меѓу Русите во 9. век од шведските Викинзи, и тоа во верзијата Хелга. Во старословенскиот јазик Хелга значи здрава, среќна, света.rnrn3. Маша – Името Маша настанало од името Марија и станува популарно во последно време. Се споменуваат повеќе значења на ова име, меѓу кои госпоѓа и сакана од Бога.rnrn4. Наташа – Значењето на името е родена, ден на раѓање, роденден, но и божена, божица. Во минатото луѓето ова име им го давале на децата родени на Божиќ
.rnrn5. Ирина – Значњето на ова име има потекло од грчкото Еирене, кое е име на божица на мирот. Ирина значи мир, спокојство.rnrn10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Руситеrn

    5 машки руски имиња

    rn1. Борис – Името е всушност скратена верзија од Борислав. Првиот дел доаѓа од глаголот се бори, а вториот е морфемата слав, која е многу карактеристична за словенските имиња.rnrn2. Вања – Ова име е и машко и женско, а е изведено од името Иван(а). Според тоа, овие имиња имаат исто значење – Бог е милостив.rnrn3. Игор – Настанало од нордиското име Ивар, Ингвар, што значи бранител на морето.rnrn4. Александар (Сашо) – Името е составено од два дела – глаголот алексо, што значи се брани и именката анер (во генитив андрос) што значи човек, јунак.rnrn5. Иван – Ова е најтипичното руско име кое со векови било популарно помеѓу сите слоеви на руското општество, од обичниот селанец, до членовите на царското семејство.rnrnАко ви е потребна поширока листа на имиња, побарајте инспирација помеѓу списокот на имиња од македонско и црковно потекло.