Во дамнешни времиња, одредени особини, предности и недостатоци им се препишувале на личностите родени во одреден временски период. Некои од овие верувања се сочувани и до денешен ден. Ви откриваме неколку имиња кои во нашите краишта засекогаш ќе бидат врзани за зимата бидејќи таа кај нас е синоним за студенило, за снег, како и за новогодишни и божиќни празници. Во древните времиња децата родени во овој период се чувале доста добро за да бидат здрави и да не се разболат заради острата зима. Затоа и се случувало да добијат имиња кои би требало да ги „штитат“. Друга варијанта била имињата да се добиваат според светец или празник. Ви ги претставуваме најубавите имиња за деца родени во зимските месеци.rnrn
rn
Никола/Николина
rnДецата родени во декември, околу Свети Никола, често добивале име по овој голем светец. Името Никола потекнува од грчкото име „Νικολαος“ (Николаус). Ова име во себе содржи два збора: „nike“ (победа) и „laos“ (народ), па може да се преведе како победник или оној кој носи победа.rn
Вук/Вука/Вукослава
rnОва старословенско име, додека во минатото сѐ уште се верувало дека зборот има дејство на магија, се давало на децата со цел да ги заштитува од злите духови. Името по обичај се давало на машкото дете во семејството каде што владееле смртоносни болести, за болеста да избега од стравот од „волкот“. Слично, ако детето е родено во зимските месеци, ова име се давало за здравје и за заштита од студенилото.rn
Божидар/Божидарка
rnБожидар/ка е превод од грчкото име „Theodōros“ (Теодорос), кој пак е составен од зборовите „theos“ (Бог) + „dōron“ (дар). Ова име се давало на детето кога родителите долго и желно го очекувале, па конечно „Бог им го дал“. Исто така, името традиционално им се дава на децата родени на Божиќ или околу овој празник, како и на Водици, а истото важи и за имињата изведени од него – Божа, Божанка, Божена, Боженка, Божимир, Божимирка, Божина, Божица…rnrn
rn
Андреј/Андријана
rnИмето потекнува од грчкото име „Ἀνδρέας“ (Андреас), со значење „храбар, мажествен“. Во разни варијанти името е популарно во сите европски јазици, благодарение на тоа што така се викал еден од дванаесетте апостоли.rn
Стефан/Стефанија
rnОва име со грчко потекло е варијанта од името „Στέφανος“ (Стефанос) чиј превод е „венец“ или „круна“. Во преносно значење името значи „оној кој е крунисан, кој е овенчан“. Им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Стефан, на 9-ти јануари. Други варијации на ова име се: Стева, Стевица, Стево, Стефана…rn
Васил/Василица
rnВасил е македонска варијанта од грчкото машко име кое потекнува од зборот „Βασίλειος“ (Василиос), што значи царски, кралски. Исто така може да ја означува и билката босилек која важи за Божји цвет и на која ѝ се препишуваат многу благотворни дејства. Ова име им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Василиј Велики.rnrn
rn
Јован/Јована
rnОва име има хебрејско потекло, а во својата оригинална форма се пишува „יוֹחָנָן“, а се чита Јоханан. Во превод значи „Бог е милостив“. Одамна е сеприсутно помеѓу христијанскиот свет. Ова е Библиско и календарско име, а се дава на децата кои се родени на празникот Свети Јован Крстител, на 20 јануари.rn
Сава/Савка
rnМалку поретко име во македонскиот јазик, со хебрејското потекло од зборот „صبا“ (Сава) што значи преобразен, праведен.rn
Снежан/Снежана
rnСнежана е име кое во оваа варијанта е популарно во Македонија, но е познато и помеѓу другите словенски народи во поразлична пишана форма, но со исто значење. Името е изведено од зборот „снег“, и иако машката варијанта одамна се изгубила, женската и понатаму е прилично популарна. Им се дава на децата родени во текот на зимата за да бидат нежни, убави и „бели како снегот“.rnrnОчекувате бебе? Погледнете ги и овие машки и женски имиња од македонско и црковно потекло.

rn

rnrnСè повеќе расте бројот на татковци кои одлучуваат да останат дома и да ги чуваат своите деца, додека мајките набрзо по породувањето се враќаат на работа. Не е мал бројот на жени кои заработуваат повеќе од своите мажи, поради што одлучуваат да се вратат во својата канцеларија, а нивните сопрузи да останат дома за да се грижат за децата и семејството. Едно
rnrnКажете им збогум на класичните хартиени распореди и календари кои висат на ѕид. Децата денес имаат голем број активности, како на училиште, така и надвор од него. Одат на часови по странски јазици, на музичко, на разни спортови… Тоа значи дека им треба добра организација на родителите за да можат секаде навремено да ги однесат своите најмили. Затоа, сè поголем е бројот на родители кои ги користат придобивките од модерната технологија и обврските ги заведуваат во дигитални календари и распореди, за да имаат поголема прегледност и да добиваат потсетување за задачите кои треба да ги завршат со нивните деца.rn
rnrnОва укажува на еден релаксиран однос кон вашето дете. Што значи тоа? Родителите, кога ќе го добијат своето прво бебе, вообичаено се многу загрижени за секоја ситница поврзана со новороденчето, додека за второто и третото дете веќе ги имаат потребните искуства и се однесуваат многу порелаксирано. Не се потресуваат на секое негово кивнување, закашлување или помала желба за храна, затоа што знаат дека тоа е нормален процес од растот и развојот на секое дете.rn
rnrnМногу често се случува родителите да не можат да се договорат како ќе се вика нивното бебе, затоа што и двајцата имаат омилено име. Во поново време, многу родители решаваат да направат некаков хибрид од омилените имиња и на крај сите да бидат задоволни. Па така, на пример, од Калина и Јана, да се создаде името Каја.rn
rnrnДенешните деца немаат никаков проблем со користењето на модерната технологија. Но, многу често тоа знае да доведе до потешкотии, затоа што доколку родителите не им застанат на патот, тие со часови можат да седат пред шарените екрани и да ги гледаат своите омилени цртани или да ги играат омилените игри. Поради тоа, сè поголем е бројот на родители кои одлучуваат за време на викендите, да го исклучуваат пристапот до интернет на 24 или 48 часа. Така, членовите на семејството имаат повеќе време да си се посветат едни на други, а и децата се одмораат од паметните телефони и компјутерите.
rnrnЛондон отсекогаш бил зачадено место, но големиот смог од 1952-та година во целост го оправдува ова име. Во текот на 5 последователни денови, воздухот бил загаден во толкава мера што убил повеќе од 4.000 луѓе. Лондон често се нарекува и „Дождовниот град“, а локалното население најдобро знае дека од домот никогаш не се излегува без чадор.rn
rnrnГлавниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на ова, Амстердам често се споредува со најславниот град со канали – Венеција. Иако тоа им е единствената заедничка работа на двата града, очигледно била доволна за Амстердам да го добие овој прекар.rn
rnrnПариз бил првиот европски град кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и „Градот на светлината“. Се разбира, целиот град и самата атмосфера се идеални за да го поминете времето со партнерот, а за францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта.rn
rnrnОвде веројатно не е потребно некое посебно објаснување. Ерусалим има големо значење за светоста и за сите 3 големи монотеистички религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места на светот за овие 3 религии можат да се најдат токму во овој град.rn
rnrnИако се смета дека овој прекар е стар, неодамнешните истражувања покажуваат дека за „Големото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој го спомнува ова име во своите книги. Тој пишувал дека граѓаните на другите градови ги сметаат Њујорчаните за алчни и арогантни луѓе, нарекувајќи ги, меѓу другото, и скапани јаболка. Но, и покрај овие факти, Њујорк денес е еден од најпопуларните туристички градови ширум светот.rn
rnrnОсновачот на градот, Вилијам Пен, сакал да создаде место каде што сите ќе можат да живеат во љубов и слога. Затоа, тој споил два збора од старогрчкиот јазик: „philos“ што значи љубов и „adelphos“ што значи брат. Така, Филаделфија станала и останала градот на братската љубов.rn
rnrnЗборот „Сингапур“ на англиски буквално се преведува како „Лавовски град“. Според легендите, основачот на градот, сер Стамфрод Рафлс, го избрал името откако одгледал еден „мерлион“ што претставува комбинација на лав и сирена, иако во градот никогаш немало ниту лавови, ниту сирени.rn
rnrnМумбај го заслужил ова име бидејќи е најбогатиот град во Индија, па во него пристигнуваат многу луѓе кои бараат подобра работа и подобри услови за живеење. Некои се обидуваат да успеат на секакви можни начини, а тука е сместен и Боливуд или индискиот Холивуд.


rnrn


















rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rnrnДодека вашето име е значајно, посебно за вас, за другите луѓе е само еден збор кој треба да биде запомнет заедно со многу други зборови. Не е изненадувачки фактот дека на повеќето од нив не им смета да го запомнат.rnrnВажно е да се запомни дека нашата меморија функционира преку конотации. Да се сеќавате само на името на еден човек е тешко. Но доколку неговото име го поврзете со нешто друго, помнењето на тоа име би било полесно. Ова е причината зошто не ви е проблем да запомнете име кое е исто со името на вашиот татко.rnrn