КАФЕ ПАУЗА

Tag: Гугл

  • Што се случува на интернет за една минута?

    Што се случува на интернет за една минута?

    Со оглед на фактот дека од ден на ден интернет корисниците сè повеќе се зголемуваат, навистина е тешко да се опише што всушност се случува на интернет во еден ден. Сепак, екипата на „Ultralinx“ направила една мала анализа и открила интересни податоци, за тоа што сè се случува на интернет во една минута.Што се случува на интернет за една минута?rn

      rn011

    • Во една минута се испраќаат повеќе од 204 милиони имејлови.
    • rn011

    • Во една минута се симнуваат повеќе од 47.000 апликации за паметни телефони.
    • rn011

    • Во една минута на Фликр се прелистуваат 20 милиони фотографии и се прикачуваат нови 3.000.
    • rn011

    • Во една минута на Јутјуб се прикачуваат видеа со вкупно времетраење од 30 часа, а во истиот период се прелистуваат 1,3 милиони видеа.
    • rn011

    • Во една минута на Гугл се вршат 2 милиони пребарувања.
    • rn011

    • Во една минута, Фејсбук се отвора 6 милиони пати.
    • rn011

    • Во една минута на Твитер се отвораат 320 нови профили и се објавуваат 100.000 твитови.
    • rn011

    • Во една минута на Амазон се продаваат работи во вредност 83.000 американски долари.
    • rn011

    • Во една минута на Википедија се објавуваат 6 нови текстови.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како би изгледале Фејсбук, Твитер и Гугл во 80-тите?

    Како би изгледале Фејсбук, Твитер и Гугл во 80-тите?

    За време на 80-тите години на минатиот век, кога „Епл“ жареше и палеше со својот „Apple II“, „IBM“ со своите персонални компјутери и додека „Мајкрософт“ работеше на својот прв „Виндоус“, работите беа сосема поинакви отколку што се сега. Па што мислите како ќе изгледаа Фејсбук, Твитер, Гугл и популарната игра „Angry Birds“ доколку се појавеа пред 20-30 години?rnrnКако би изгледале Фејсбук, Твитер и Гугл во 80тите?rnrnСекој кој имал компјутер во 80-тите или 90-тите години од минатиот век, сигурно користел DOS, Norton Commander или некоја друга слична програма, за ако ништо друго, да пушти некоја видео игра. Веб-сајтот „Squirrel-monkey“ објави интересни видеа, во кои се прикажани овие денешни мега-успешни сервиси, доколку би биле стартувани во DOS во 80-тите години од минатиот век.rnrnrnrnrnrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на Гугл

    18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на Гугл

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnДоколку пребарувањето на одреден поим на Гугл ви изгледа како барање игла во сено, тоа е знак дека не го користите пребарувачот со сиот свој потенцијал. Многумина се соочуваат со моментот, кога пребарувачот дава резултати кои се слични на оние што ги бараат, но не и токму тие што им требаат. Тоа не значи дека воопшто не постојат такви информации на интернет, туку само дека не се пронајдени. Гугл може да најде што било во морето од податоци на интернет, а со примена на овие едноставни трикови кои многу лесно се учат, пронаоѓањето на потребните информации на интернет ќе ви стане рутина.18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на ГуглИсклучување на зборови – ако сакате да истражувате на пример за интернет маркетинг, а притоа да ги избегнете содржините поврзани со адвертајзинг, внесете го знакот минус (–) пред терминот за кој сакате Гугл да не ви даде резултати.rn

      rn011

    • Пример: internet marketing -advertising
    • rn

    rnПребарување за точно определен веб сајт – некои сајтови имаат вградено внатрешен пребарувач и доста е лесно да се истражуваат нивните содржини, но ако налетате на таков кој ја нема оваа карактеристика, можете да го употребите Гугл за тоа, со едноставно внесување на сајтот во полето за пребарување.rn

      rn011

    • Пример: рецепти за кафе site:www.kafepauza.mk
    • rn

    rnОдреден тип на фајл – ако барате точно определен тип на фајл, вметнете го зборот „filetype:“.rn

      rn011

    • Пример: “internet marketing” filetype:ppt
    • rn

    rnПребарување на опсег на броеви – пребарувањето на опсег на броеви може да биде многу комплицирано, но со употреба на овој трик ќе заштедите многу време. При пребарување на години или цени само вметнете две точки една по друга помеѓу броевите.rn

      rn011

    • Пример: war battles 1940..1950
    • rn

    rnПодатоци од светските берзи – за побрзо пребарување на состојбите на светските берзи потребно е само да ја внесете кратенката во полето за пребарување на Гугл.rn

      rn011

    • Пример: GOOG
    • rn

    rnПресметување – Гугл може да се користи дури и како калкулатор, па за да не губите време за отворање на соодветната апликација, само внесете ја формулата во полето за пребарување.rn

      rn011

    • Пример: 351*9.03
    • rn

    rnТочно време за кое било место во светот – само внесете „time in“ пред местото за кое сакате да дознаете колку е часот таму во моментот.rn

      rn011

    • Пример: time in Melbourne
    • rn

    rnГугл како конвертор – наместо да барате конвертори за конвертирање валути, мерни единици и слично, треба само да напишете од што во што сакате да конвертирате во полето за пребарување.rn

      rn011

    • Пример: 142 American dollars to euros, или kilograms to pounds или 202 usd to eur
    • rn

    rnСлични сајтови – ако знаете некој веб-сајт на кој често читате многу интересни содржини, а сакате да најдете уште некој таков, внесете „related:“, а потоа впишете го и името на сајтот што го знаете.rn

      rn011

    • Пример: related:www.goal.com
    • rn

    rnСледење на поштенски пратки – ако праќате или очекувате пратка, а не знаете до каде е стигната, Гугл може да ви понуди одговор откако само ќе го внесете бројот на пратката во пребарувачот.rn

      rn011

    • Пример: 1Z99965546
    • rn

    rnВременска состојба – Гугл преку полето за пребарување може да ви го даде најбрзиот извештај за моменталните температури за кое било место во светот, преку едноставно впишување „weather in“ пред локацијата.rn

      rn011

    • Пример: weather in Ohrid
    • rn

    rnБарање на мапа – до познатиот сервис „Google Maps“ најлесно се стигнува преку основниот пребарувач, со едноставно вметнување на зборот „map“ пред градот за кој барате мапа.rn

      rn011

    • Пример: map Skopje
    • rn

    rnВременско ограничување на резултатите – на левата страна од пребарувачот можете да изберете резултати поставени во одреден временски период. Ова е особено корисно кога барате вести, така што може да изберете дали сакате резултати од последните 24 часа, од последната недела, последната година, итн.rnrnОграничување на резултатите според други параметри – откако ќе добиете одредени резултати, преку менито на левата страна можете да го стесните изборот по повеќе дадени параметри: дотогаш посетени или непосетени страници, страници со слики, страници преведени од други јазици итн.rnrnБарање слики по одредени параметри – внесете го вашиот поим во „Google Images“, а потоа на левата страна ќе најдете мени со безброј можности кои ќе го стеснат изборот на резултати и полесно ќе го добиете она што сте го барале. Можете да ја изберете големината на сликата, бојата која ќе доминира на неа, датумот кога е поставена, видот на сликата итн.rnrnПребарување на слични слики – ако сте добиле слика слична на онаа што сте ја барале, но не баш таа, покажете со курсорот на сликата, таа ќе се зголеми, па кликнете на линкот „Similar“, и ќе ги добиете визуелно сличните слики. Ако пак, ви треба истата слика, но со поинакви димензии, кликнете на линкот „More sizes“, по што ќе ја добиете само таа слика во сите можни димензии кои Гугл успеал да ги пронајде.rnrnДоколку сте нашле слика од која сакате слични верзии, отворете го „Google Images“ во друго јазиче. Потоа покажете со курсорот врз сликата, притиснете го левото копче на глувчето и држете го притиснато додека курсорот го носите до полето за пребарување во другото јазиче. Кога ќе покажете врз полето, ќе се отвори полето „Drop image here“, па го пуштате левото копче и Гугл ќе ја најде сликата во поинакви димензии. Истово функционира и со слика која ја имате зачувано на вашиот компјутер.rnrnБарање слики од лица – со вистинскиот начин на пребарување од Гугл може да се добијат резултати само од лица. Ова е многу корисно во случаите кога името на оној за кого барате слика означува и некој друг поим (на пример барате слика од Парис Хилтон, а добивате слика од градот Париз). Потребно е само да додадете „&imgtype=face“ во пребарувачот и ќе добиете слики од лица, меѓу кои би требало да е и она што го барате. Оваа опција е достапна и во вид на линк од левата страна на пребарувачот за слики.rn

      rn011

    • Пример: Paris &imgtype=face
    • rn

    rnКомбинирање на претходните трикови – сите овие трикови може до бескрај да се комбинираат во само едно пребарување со цел да се добијат што попрецизни резултати.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    Новите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    Сопствениците на Гугл, сакат нивните вработени да придонесуваат со брилијантни идеи, а за да им помогнат при тој процес секогаш се трудат тие да имаат интересен и несекојдневен работен простор. Пред краток период во лондонското претставништво во кое веќе работат 350 вработени, се отвори нов кат за техничките лица, наречен L4, кој по некои претпоставки е најмодерниот во светот.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонКонференциските сали имаат аглеста гарнитура, ходниците се направени како на вселенскиот бродот „Enterprise“ од серијалот „Ѕвездени патеки“, а за време на паузите сите можат да се забавуваат во собата со билјард-маса и видеоигри.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонКога од Гугл започнале да го прават овој работен простор, тие решиле да почнат од нула, па ги урнале сите ѕидови и го исфрлиле целиот мебел. Уникатниот изглед бил создаден само за вработените да бидат задоволни и да го даваат максимумот на работа.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонЗа освежување за време на паузите тука може да се наиде на многу храна и пијалаци. Може да се пие кафе, кое го прават во 19 видови, а за јадење може да се седне во еден од четирите ресторани кои се целосно бесплатни.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонИсто така, на овој кат има и фитнес-сала, звучно изолирана музичка соба во која има тапани и електрични гитари, а во собата за игри има билјард-маса, конзоли за играње и огромен телевизор.Новите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во ЛондонНовите канцеларии на „Гугл“ во Лондон

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најкул пребарувачки поими на Google

    Најкул пребарувачки поими на Google

    На многумина од нас ни е поставен за почетна страница во прелистувачот, но и кога не ни е, Гугл го посетуваме за да најдеме информација за нешто. Тоа пак не значи, дека тој понекогаш не може да се пошегува со нас, па и да ни го направи денот позабавен.rnrnНеодамна, пребарувањето на фразата: Do A Barrel Roll стана вистински хит на интернет. Доколку сè уште не сте виделе што се случува во овој случај, време е да дознаете.Најкул пребарувачки поими на GoogleНо, тоа не е единствената шега која Гугл знае да ја направи кога впишуваме некои поими за кои сакаме да добиеме резултати. Следува листа на уште 10 такви.rnrnНапомена: за дел од триковите, ќе треба да ја исклучите опцијата за автоматско прикажување на резултатите додека ги впишувате поимите, Google Instant, преку иконката Options во горниот десен агол, па потоа во Search Settings.rnrn1. What is the loneliest number – Знаете дека Гугл има вграден калкулатор кој може да ви пресметува едноставни и сложени математички операции, да ви конвертира валути и мерни единици и сл. Но, изгледа дека калкулаторот има одговор и на некои посуштински прашања. Прашајте го кој е најосамениот број на светот, кој е одговорот на животот, универзумот и на сè, (the answer to life, the universe, and everything), како и колку рогови има еднорогорот (the number of horns on a unicorn), иако последново е некако очигледно :).rnrn2. Askew (накосо, накриво) – Впишете го поимот и удрете Enter. Истото ќе го постигнете и со Tilt.rnrn3. Google Gravity – Ако ви е смачено да го гледате Гугл постојано во бестежинска состојба, впишете ја фразата и кликнете I’m feeling lucky. За да можете да го постигнете ова, мора да имате исклучено Google Instant. Откако ќе го видите резултатот, сè уште можете да продолжите да си играте. Фрлајте ги елементите низ страницата, а ако сакате можете и да продолжите да ги користите пребарувачките својства. Очигледно гравитацијата не му пречи на Гугл.rnrn4. Recursion (повторување) – Замислете дека се наоѓате во просторија со многу огледала и одразот од себеси можете да го гледате бесконечно многу пати. Епа овој збор ја опишува ваквата појава. Според дефиниција, зборот означува постапка која може неограничено самата да се повторува. Впишете го зборот во Гугл. Ќе добиете предлог: Did you mean: recursion. Кликнете на сугестијата и забележете што ќе се случи. Бидете упорни, можеби нешто некогаш ќе се смени ;).rnrn5. Where Is Chuck Norris? – И оваа финта кружеше многу на интернет, но сепак е доволно кул за да се најде на листава. Ако го прашате Гугл каде е Чак Норис и кликнете на копчето I’m Feeling Lucky, тој нема да биде во можност да ви го даде очекуваниот одговор на вашето прашање. Изгледа Гугл, сепак не знае сè :).rnrn6. Once In A Blue Moon – Уште една сложена „равенка“ која калкулаторот на Гугл знае да ја реши. Прашањето е дали вие знаете да го прочитате резултатот :)?rnrn7. Anagram – Ако го впишете овој поим, ќе добиете прилично добра слика за неговото значење.rnrn8. Pacman + I’m Feeling Lucky = можете да изиграте неколку партии од оваа популарна аркадна игра во делот каде што вообичаено стои логото на Гугл. Намалете го тонот на вашиот компјутер пред да почнете со ова. Може да биде бучно.rnrn9. Epic Google + I’m Feeling Lucky = Гугл се чувствува дека можеби ќе експлодира.rnrn10. Google Hacker + I’m Feeling Lucky = Некој да не ви го хакна Гугл :)?rnrnЗнаете некоја друга добра Гугл финта која не е наведена во листава?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нај иновации од Google за изминатава година

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    Како и секоја година, така и оваа, Гугл ги изненадиja своите корисници и поддржувачи со интересни иновации, но не сите го заслужија вниманието кое барем на почетокот го имаа. Следува листа на 10-те најдобри и најлоши иновации на гугл за изминатата година.rn

    1. Автомобилот кој сам се вози ✔

    rnВо октомври оваа година, гугл ни открија дека работат на развивање технологија со која ќе биде возможно автомобилите сами да возат.rnrnАвтомобилите користат видео камери, радарски сензори и пронаоѓач на ласер на далечина кој може да ги „гледа“ другите возила во сообраќајот, како и детални мапи за навигирање по патиштата. Гугл велат дека нивните автомобили имаат поминато повеќе од 225 000 km, но ако сте нетрпеливи да си набавите примерок од ова откритие, сепак ќе мора да почекате додека возилата бидат сигурни за пуштање во продажба.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    2. Google TV ✔

    rnНа овогодишната I/O конференција на гугл, беше презентиран „новиот начин на кој размислуваме за телевизијата“ – Google TV. Тоа е платформа која ги комбинира ТВ програмите и интернетот.rnrnКако функционира? – На вашиот ТВ екран треба да го впишете она што го барате и Google TV ќе го пронајде за вас, пребарувајќи низ вашите канали, снимени серии, видеа од Јутјуб и други веб-сајтови. Можете да си ги зачувате вашите омилени фотографии, албуми, канали, сајтови и друго на вашиот домашен екран за полесен пристап во иднина.rnrnНекои нови телевизори ќе ја имаат оваа карактеристика, но за да гледате ТВ на овој начин, можете и да си набавите посебен уред кој ќе го поврзете со телевизорот кој веќе го поседувате.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    3. Google Buzz ✘

    rnВо февруари, гугл го најави Google Buzz, алатка за споделување линкови, фотографии, видеа, статуси и коментари, како интегрален дел од инбокс-сандачето на корисниците на Џимејл.rnrnМногу брзо по пуштањето на алатката, гугл се најде во тесно поради проблемите со приватноста кои таа ги предизвикуваше. Со основните поставки, Google Buzz јавно ги прикажуваше контактите на корисниците со кои тие скоро разговарале или размениле имејл пораки, на тој начин откривајќи осетливи податоци за самите корисници и за нивните контакти.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    4. Google Replay ✔

    rnРазбирајќи ја важноста на пораките кои се разменуваат преку Твитер, гугл почна да ги архивира сите твитови во вид на т.н. Replay, пребарувачка функција која графички ја прикажува популарноста на твитовите во одредено време и креира листи на поврзани твитови во хронолошки редослед.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    5. Priority Inbox ✔

    rnЗа оние кои секојдневно добиваат голем број имејл пораки во нивното сандаче на џимејл, гугл неодамна ја претставија алатката Priority Inbox која ги одделува важните од неважните пораки и ги организира на начин кој помага корисникот да го задржи фокусот на она што е навистина важно. Еве како.rnrn

    6. Google Wave ✘

    rnОваа веб-апликација наменета за комуникација и колаборација во реално време, едноставно не беше прифатена од страна на корисниците како што гугл се надеваа. Можеби затоа што кренаа многу врева и ги загреваа потенцијалните корисници со ексклузивно праќање пораки за користење на сервисот малку по малку, но многу брзо потоа, тие беа истите кои покажаа големо разочарување од она што го видоа. До крајот на годинава, сервисот и понатаму ќе остане достапен, но потоа веќе нема да се развива како самостоен производ.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

    rnrn

    7. Google Street View ✔

    rnОваа карактеристика на Google Maps која овозможува разгледување на слики на ниво на улици, беше првпат претставена во 2007. Тогаш, вклучуваше само слики од градови во САД, но 3 години подоцна Google Street View ги посети сите 7 континенти, вклучувајќи го и Антарктик.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    8. Calling phones од Gmail ✔

    rnЗа луѓето кои поминуваат голем дел од своето време во канцеларија, правејќи повеќе или помалку важни телефонски повици, летово гугл објавија опција која ги користи микрофонот и слушалките поврзани на компјутерот на корисникот за да може тој да се јавува на секој кој има телефон, директно преку џимејл. Повиците во САД и во Канада се бесплатни до крајот на годината, а за другите земји можат да бидат ниски до 0,02 долари по минута.rnrn

    9. Google Reader Play ✔

    rnПрегледувањето на вашата Google Reader страница може да делува малку монотоно доколку го правите тоа секое утро. Google Reader Play е нов начин за прелистување низ содржини, блогови и воопшто низ целиот веб. За да започнете со користење, посетете го сајтот и лизгајте низ содржините со стрелките за лево и десно од тастатурата.rnrnReader Play ја користи истата технологија за препорачани содржини која функционира и во самиот Google Reader, а која ги идентификува најинтересните страници на интернет.  Кога ја користите оваа алатка, гугл се обидува да следи што ви се допаѓа, што споделувате и што означувате како омилено и потоа ви прикажува слични содржини, следниот пат кога ќе го посетите сајтот. Истите овие содржини ги префрла и во вашата корисничка сметка на Google Reader. Дополнително, алатката има вградена ТВ икона, која доколку ја притиснете, почнува слајдшоу од вашите непрегледани содржини.rnrn10 нај иновации од Google за изминатава годинаrn

    10. Google Nexus One ✘

    rnЗа времето за кое Епл успеаја да продадат 1 милион ајфони, гугл успеаја да продадат околу 135 000 парчиња од својот Nexus One. Во јули, гугл објавија дека добиле наредба од производителот на телефонот, да престане продажбата во САД, иако и понатаму ќе се продава во Европа и Кореја.rn

    10 нај иновации од Google за изминатава година

  • Како познатите брендови го добиле своето име

    Како познатите брендови го добиле своето име

    Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.rnКако познатите брендови го добиле своето имеНавистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Apple

    rnВо 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Adobe

    rnAdobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Google

    rnДали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Hewlett Packard

    rnПознатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Mercedes

    rnПознатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Pepsi

    rnПијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Intel

    rnДали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Sony

    rnОвој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Yahoo

    rnОвој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”.

    Како познатите брендови го добиле своето име rn

    Adidas

    rnИскрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер.