Ако некогаш сте провериле како правилно да напишете збор користејќи пребарување на Гугл, не сте единствени. Нема причина да се чувствувате засрамено поради тоа бидејќи постојат луѓе што имаат многу чудни работи скриени во својата историја на пребарување. На Редит можете да дознаете кои се најсрамните работи што луѓето ги пребаруваат на Интернет, а во продолжение можете да ги прочитате 20-те најнеобични пребарувања.rnrn
rn
„Дали лубеницата е краставица? Се чувствував како идиот веднаш што пребарав. Но, како и да е, одговорот е да.“
rn
„Мојата пријателка неодамна ме праша за моите поштенски информации за да може да ми испрати подарок за Божиќ. Бев премногу засрамена за да прашам за какви информации станува збор, па пребарав на Гугл. Имам речиси 25 години и ова не е еден од моментите на коишто сум горда.“
rn
„Пребарував дали Ријана и Шакира се една иста личност.“
rn
„Јас сум доктор, а мојата историја на пребарување на Гугл содржи симптоми и дијагнози. Да, понекогаш ги пребарувам и вашите симптоми.“
rn
„Колку често треба да пребарувам нормални зборови за да бидам сигурен дека сум ги напишал правилно?“
rn
„Скршив заб и пребарував дали може повторно да порасне.“
rn
„Никогаш не го научив името на мојот психијатар. Го слушнав повеќе пати и одев на прегледи еднаш неделно цели 6 месеци. На крајот стигнав до моментот кога прашањето „како се вика“ едноставно ќе биде премногу чудно и премногу доцна за тоа. Така, морав да пребарам на Гугл за да дознаам.“
rn
„Како да се ослободиме од здодевни бебиња, но на крајот заборавив да додадам Симс 4.“
rn
„Како се варат јајца… а имам фарма со пилиња.“
rn
„Зборови на мојот јазик што треба да ги преведам од англиски затоа што се сеќавам на англиската верзија на зборот, но не и на онаа од мојот мајчин јазик.“
rn
„Како да користите крпа за капење. Целиот мој живот, јас се капев со сапун. Потоа, видов смешни видеа за луѓето што не користат крпи за капење, па почнав да експериментирам со користење таква крпа. Размислувајќи дека можеби го правев тоа погрешно, пробав да побарам упатства, но не најдов ништо доволно привлечно.“
rn
„Ја користам мапата на Гугл секој ден за адресата на моето работно место.“
rn
„Барби кукли. Имам 19 години и сè уште сум многу фасцинирана од нив.“
rn
„Дан дан дан дан дан дан текст и ме однесе до песна што ја барав – Two weeks од Grizzly Bear.“
rn
„Колку унци има во една чаша. Со години сум професионален готвач и секогаш ги заборавам основните работи.“
rn
„Ги разгледувам моите симптоми секогаш кога се чувствувам необично и доаѓам до заклучок дека цело време умирам. Дали треба да престанам да бидам сајбер-хипохондрик, но што ако навистина умрам овој пат?“
rn
„Денес истрчав 1,5 километар и потоа проверив колку може да истрча просечниот човек. Открив дека сум 50 % побавен од очекуваното за 50-годишник што е во форма. Јас имам 34 години.“
rn
„Како да се истуширам, како да уринирам и други редовни човечки работи. Не сум вонземјанин, само сакам да се уверам дека правилно ме научиле додека сум бил дете.“
rn
„Пребарував што е најчудното нешто во бањата на мојата девојка, а одговорот беше „стапица за коса“, така што таа не мора да го чисти одводот од тушот.“
rn
„Мојот колега виде кога пребарував нешто што автоматски се комплетира во „Зошто мојот измет мириса толку лошо?“ и сè уште ми се смеат на работа, иако тоа се случи пред 6 месеци.“
rnПрочитајте ги и овие 20 смешни изјави што децата ги кажале гласно.


rnrnВие можете да управувате со вашите пребарувања, без разлика дали користите Chrome, Firefox или Safari, но чекорите се различни за секој пребарувач. Исто така имајте на ум дека доколку имате повеќе направи и повеќе од еден пребарувач на направите, најверојатно ќе треба да го повторите процесот за сите. Во продолжение погледнете како да ја избришете вашата историја на пребарување.rn
rnrnОвој месец фирмата прави 20 години, а нејзиниот скромен почеток ќе ви докаже дека можете да земете нешто мало и да го направите неверојатно. Кога Гугл започнала како Интернет стартап компанија, имало само двајца вработени – основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин. Покрај тоа, тие работеле од гаража!rnrn
rnrnЗвучи невозможно, зарем не? Но, сега можете да направите виртуелна тура низ гаражата од 1998-ма година. Фотографиите се именувани „Гаражата на Сузан“ по Сузан Војчицки која им го изнајмувала просторот на основачите.rnrn
rnrnСо помош на опцијата
rnrnСе разбира, Гугл одамна ги напушти гаражите за нешто поголемо. Компанијата е присутна насекаде во светот, а сега имаат канцелариски комплекс во Калифорнија со површина од околу 186.000 метри квадратни и со 20.000 вработени.rnrnМожеби високата кирија спречува многумина да започнат свој бизнис или да ја развијат својата идеја. Но, приказната на Гугл покажува што навистина можете да направите. Размислувајте „надвор од кутијата“, најдете начин и невозможно е да кажете колку многу можете да постигнете.rnrnЗа дополнителна мотивација, погледнете кои се 
rnrnСветот е полн со безброј извори што ни помагаат да одговориме на нашите прашања. Но кога станува збор за некои од најважните, речиси сите ги бараат на едно место – Гугл. И додека Гугл е навистина ефективен во одговарањето на овие прашања, сепак може да биде и штетен. Во продолжение погледнете кои се едни од најчесто поставуваните прашања и што тоа значи.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnДоколку ве интересира каква беше состојбата во минатата година во светот на модата, тогаш ве потсетуваме на 

rn
rnrnПоранешната 46-годишна манекенка се нашла на четврто место, поради поврзаноста со следниот американски претседател и сопруг, Доналд Трамп. Меланија привлекла многу внимание и интерес, токму поради тоа што не се истакнува во јавниот живот, па корисниците на Гугл едноставно сакале да знаат нешто повеќе за неа.rn
rnrnТретото најбарано женско име е она на 19-годишната американска гимнастичарка Симон Билс, која се наоѓа на петтото место и која на Олимписките игри во Рио освоила четири златни и еден бронзен медал. Билс исто така станала најтрофејна американска гимнастичарка, со што предизвикала огромен интерес.rn
rnrnПоследната најбарана жена на Гугл која се нашла на топ 10 листата за оваа година, е канадската пејачка Селин Дион (која го зазема осмото место). За 48-годишната Дион ова беше исклучително тешка година. Поточно, во јануари почина нејзиниот сопруг и долгогодишен менаџер, Рене Анжелил, а два дена по неговата смрт, почина и нејзиниот брат Даниел.rnrnЕве како изгледа целосната топ 10 листа на најбарани личности на Гугл за 2016-та година:rnrn
rnrn
rnrn