КАФЕ ПАУЗА

Tag: грицки

  • Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Дури и ако сте на диета, понекогаш нема да можете да одолеете да посегнете по грицки или по колачи и да се наградите малку. Но, повеќето луѓе јадат премногу слатка храна. Дали некогаш сте прочитале на декларациите на ваквите производи што пишува за големината на препорачаната дневна порција? Ако не сте прочитале, можеби ќе бидете изненадени.rnrnКако да знаете колку благо е премногу благо?rnrnСпоред новото истражување на компанијата „PoundToy“, големината на препорачаните порции се разликува од она што луѓето се навикнати да го јадат, што значи дека повеќето луѓе се прејадуваат со грицки.rnrnЕве што велат експертите за препорачаните дневни порции на некои од вашите омилени закуски:rn

    1. Чоколадо

    rnВо пакувањето од 200 грама млечно чоколадо пишува дека препорачаната порција е 47,5 грама, што значи дека можете да јадете околу една петтина од чоколадото или во предот: може да скршите околу пет коцки.rnrnАко сте љубител на мали чоколадни бонбони, како што се „Smarties“, треба да знаете дека препорачаната дневна количина изнесува 15 до 17 бонбони.rn

    2. Чипс

    rnПрепорачаната доза за чипс во кутија, како што е брендот „Pringles“, е од 13 до 15 листови чипс.rnrnВо големо пакување од 175 грама, има шест порции, што значи дека треба да имате по малку за секој ден во текот на целата недела. Ако купите помало пакување од 55 грама, препорачаната дневна порција чипс е околу 30 грама, така што имате барем 1,5 порции во тоа пакување.rn

    3. Газирани и слатки пијалаци

    rnГазираните пијалаци се полни со шеќер и со калории, па затоа навистина треба да бидете внимателни, а препорачаната дневна количина е 250 милилитри. Сепак, не се препорачува да пиете газирани пијалаци секој ден.rn

    4. Бонбони

    rnМногумина не можат да им одолеат на гумените бонбони, но бидете внимателни. Дури и мало пакување од 100 грама содржи околу 350 калории, а дозволената порција е само 78 калории.rnrnЗначи, препорачаната порција гумени бонбони е само 5 бонбони. Но, повеќето луѓе веројатно не знаат како да прекинат да ги јадат.rn

    5. Житарки

    rnЖитарките, како што е овесната каша, се одличен избор за здрав појадок, но само ако се држите до препорачаната доза. Една порција содржи 30-40 грама, што значи дека едно стандардно пакување од 750 грама содржи околу 20 порции.rnrnЗа појадок, доволно се околу 30 грама или околу 3 лажици житарки.rnrnСе разбира, овие мерки не се препорачуваат ако ја консумирате оваа храна секој ден. Препорачаната доза зависи и од тоа колку калории сте внесле за време на главните оброци, па затоа во некои случаи е подобро да ги прескокнете слатките и грицките. Но, ако посегнете по нив, имајте на ум дека сите горенаведени мерки завршуваат како вишок килограми и мрснотии во телото.rnrnПрочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.

  • Крекери со малку масти и без глутен

    Крекери со малку масти и без глутен

    Крекерите со малку масти и без глутен се одлични кога се комбинираат со сос, како солена закуска или како десерт со сладолед.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 145 г бадемово брашно
    • rn 011

    • 60 г кокосово брашно
    • rn 011

    • 2 лажици кокосов шеќер
    • rn 011

    • 1/2 лажица цимет
    • rn 011

    • 1/2 лажица прашок за печиво
    • rn 011

    • 3 лажици растопен путер
    • rn 011

    • 3-4 лажици вода (колку тестото да се соедини)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Во поголем сад истурете го брашното од бадем, кокосовото брашно, шеќерот од кокос, циметот и прашокот за печиво.
    2. rn 011

    3. Направете дупка среде сувите состојки и истурете го путерот во неа. Промешајте за да ги соедините состојките.
    4. rn 011

    5. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на еден час.
    6. rn 011

    7. Загрејте ја рерната на 175 °C.
    8. rn 011

    9. Ставете го тестото врз хартија за печење. Ако е малку лепливо, ставете друг лист хартија за печење над него.
    10. rn 011

    11. Исукајте колку што е можно потенка кора, бидејќи тоа ќе ги направи крекерите покрцкави.
    12. rn 011

    13. Исечете ја кората во форма на крекери и со виљушка или чепкалка за заби издупчете ја секоја од формите за да создадете изглед на крекер.
    14. rn 011

    15. Наредете ги во плех врз хартија за печење и печете 20-25 минути додека не бидат златно кафеави.
    16. rn

    rnПрочитајте како да подготвите и брзи чоколадни топчиња со кокос.

  • Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории

    Уживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калории

    Кога започнувате со држење диета, најголем проблем е да се издржи оној период меѓу оброците кога се јавува чувството на глад. Во тие моменти е тешко да ѝ се одолее на храната и да се остане доследен, меѓутоа со овие нискокалорични грицки, целиот процес станува многу полесен.rnrnУживајте без грижа на совест: Ужинки кои имаат помалку од 100 калорииrnrnДобрата вест е дека доколку сте на пат кон постигнување на подобра фигура на телото, не мора во целост да се откажете од меѓуоброците кои ги сакате. Треба само паметно да ги бирате и оние кои имаат многу калории да ги замените со поздрави варијанти.rnrnНутриционистката Тери Ен Нанс верува дека губењето килограми и понатаму е можно ако одберете нискокалорична храна која ќе ја јадете помеѓу оброците.rn

    „Кога имате ужинки меѓу оброците, обезбедувате постојан проток на енергија што може да ја намали ненадејната потреба за јадење која пак, може да доведе до тоа да направите лош избор“, вели таа.

    rn

      rn 011

    • Чаша јогурт
    • rn 011

    • Мала кесичка пуканки
    • rn 011

    • Едно Јаболко
    • rn 011

    • Едно варено јајце
    • rn 011

    • Житна плочка
    • rn 011

    • 5 гумени бонбони
    • rn 011

    • 2 тенки парчиња мисиркино месо
    • rn

    rn

    „Трудете се секогаш при рака да имате некои од овие грицки, за да не посегнувате по некои нездрави варијанти. Најдобар избор е храната која е богата со протеини, бидејќи токму тие го даваат чувството на ситост во текот на денот и помагаат при градењето на мускулите.“

    rnДоколку броењето калории не е за вас, погледнете ја оваа „дланка диета“ со која можете брзо да ослабете без да броите калории.

  • Каков вид ужина најмногу одговара на вашиот организам според обликот на телото?

    Каков вид ужина најмногу одговара на вашиот организам според обликот на телото?

    Луѓето, освен главните оброци, во текот на денот, многу често грицкаат различна солена или слатка храна. Додека сте во канцеларија, дома пред телевизор или компјутер или додека сте излезени со друштво, веројатно многу често до вас има мали чинии или кесички полни со вкусни грицки, кои најчесто не се здрави за вашиот организам. Иако многумина се обидуваат да ги избегнуваат зачинетите и масни чипсови, соленки, колачи и да ги заменат со поздрави продукти, како јаткасти плодови и зеленчук, сепак и тоа не е доволно, затоа што е многу важен типот на вашето тело. Според нутриционистот Габриел Мастон од Сиднеј, Австралија, постојат три типа на тела: Ендоморфи, ектоморфи и мезоморфи.rnrn(1) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rnrnЗдравите грицки имаат различно влијание врз различните типови на тело. Секако, на пример, боровинките и јогуртот се многу подобар избор отколку чипс од компири, но еден од овие продукти ќе има подобро влијание врз вашиот организам. Одредете во кој тип припаѓа вашето тело, а потоа најдете ги најсоодветните грицки за вас.rn

    Мезоморфи

    rnМезоморфите се луѓе кои имаат тело со средна големина и атлетска градба. Бидејќи имаат помалку телесни масти и солиден метаболизам, луѓето со вакво тело треба да консумираат грицки со поголемо количество на протеини за да ги хранат мускулите кои ги имаат.rn

    Протеинските шејкови се одлична идеја

    rn(3) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rn

    Јогуртот е полн со протеини

    rn(2) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rn

    Варените јајца се исто така одличен извор на протеини потребни за организмот

    rnКој вид грицки најмногу одговара за вашиот организмот според обликот на телото?rn

    Ектоморфи

    rnДоколку сте високи и слаби, припаѓате во групата ектоморфи. Овој тип на тело има помала структура на коските и потешко може да создаде мускулна маса. Во овој случај, бидејќи луѓето се витки, мислат дека можат да јадат секакви грицки. Но, она што најмногу му одговара на вашето тело се грицки богати со масти, јаглехидрати и протеини. Луѓето со ваков тип на тело треба да внесуваат повеќе вистински оброци, наместо рака јаткасти плодови.rn

    Овесот комбиниран со овошје може да биде совршена ужина или оброк

    rn(5)Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rn

    Путерот од кикирики е исто така богат со здрави масти и протеини

    rn(6) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rn

    Колачите од ориз се исто така добра опција за грицкање

    rn(7) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?rn

    Ендоморфи

    rnЕндоморфи се луѓе кои лесно акумулираат масти и имаат проблеми со губење на тежината. За да останат во добра форма, луѓето со ваков тип на тело треба да внесуваат помалку јаглени хидрати, бидејќи нивниот метаболизам е побавен. Најдобро е да се држат до исхрана богата со протеини и здрави масти.rn

    Никогаш нема да згрешите со бобинки, јагоди, малини…

    rn

    (8) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

    rn

    Јаткастите плодови се богати со здрави масти и протеини и се совршени грицки за вас

    rn(9) Кој вид на грицки најмногу ви одговараат на организмот според обликот на телото?

  • Дознајте што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете чипс

    Дознајте што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете чипс

    Многу добро ви е познато дека чипсот, смоките, крекерите, чоколадите и другите слични грицки се главен непријател на вашето тело. Според едно истражување, повеќе од 79% од испитаниците барем два пати неделно се почестувале со преработена храна како овие солени и благи грицки. Доколку и вие припаѓате на оваа група луѓе и сакате да грицкате два пати неделно или повеќе, дознајте што ќе се случи со вашето тело кога целосно ќе ги исфрлите од исхраната барем на два месеца.rnrnДознајте што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете чипсrn

    ПРВИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА

    rn

    Поретки главоболки

    rnПреработената храна содржи голем број состојки кои воопшто не се добри за вашето здравје. Една од нив е натриев глутамат која на декларациите е наведена како Е 621. Овој засилувач на вкус ѝ дава на храната силна и неодолива арома, додека, пак, на телото му носи многу негативни последици меѓу кои и главоболка. Главоболката може да настапи само 20 минути по јадењето и доколку престанете да ги јадете овие производи, ќе почувствувате подобрување по само неколку дена. Преработената храна предизвикува надуеност и гасови кои сигурно ќе ги забележите еден час по грицкањето чипс, смоки и слично.rn

    Подобар сон

    rnГрицките кои ги консумирате пред спиење можат сериозно да му наштетат на вашето здравје. Тие ќе ја нарушат рамнотежата на шеќерот во крвта и значително ќе го снижат нивото на шеќер поради што телото ќе се вознемири. Исто така непријател на квалитетниот сон е и солта која собира вода и ја зголемува жедта. Ако целосно престанете да јадете ваква храна, по само една недела ќе имате многу подобар сон.rn

    Помал стомак

    rnДокажано е дека преработената храна и грицките предизвикуваат надуеност и гасови кои се јавуваат по еден час од грицкањето. Една од причините за ова е тоа што солта собира вода и предизвикува надуеност, а другата е тоа што вештачките состојки многу тешко се разградуваат во телото поради што ја забавуваат нивната обработка и создаваат чувство на нагло дебелеење. Овие несакани појави ќе ги снема во рок од неколку дена доколку престанете со грицкање.rn

    ВО ТЕКОТ НА 1 МЕСЕЦ

    rn

    Посјајна кожа

    rnСите сме многу добро свесни колку шеќерот е штетен за нашата кожа. Шеќерот и преработените јаглехидрати кои се содржат во чоколадите и чипсовите го покачуваат нивото на инсулин кој, пак, го поттикнува лачењето на масти во кожата. Како последица на тоа се јавуваат акни и митесери. Ако решите да ги отфрлите овие нездрави производи од вашето секојдневие кожата ќе ви стане посјајна, почиста и понежна.rnrnДознајте што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете чипсrn

    Поголема енергија

    rnНездравата, масна и тешко обработлива храна им годи на вашите непца и сетила, но само за кратко. Само неколку минути по консумацијата, нивото на шеќерот ќе се зголеми, за веднаш потоа нагло да падне. Овие ненадејни промени се главниот причинител на умор, сонливост и недостаток од енергија. Ако се решите од оваа лоша навика, за еден месец ќе видите како вашето тело полека се буди. Полесно ќе станувате наутро, а во текот на денот ќе имате повеќе енергија.rn

    Мускулите и зглобовите ќе престанат да ве болат

    rnКолку пати ви се случило да се разбудите и одвај да станете од кревет затоа што ве боли целото тело? Голема е веројатноста овие болки да се последица на нездравата храна. Хемикалиите што ги содржи преработената храна не се пријател на вашиот организам и можат да доведат во воспалувања. Тоа најмногу се манифестира на најчувствителните делови како зглобовите (колена, рамена), а на долгорочен план може да предизвика и артритис. За еден месец откако ќе ставите крај на нездравата исхрана ќе забележите дека општата состојба на организмот значително ви се подобрила, а болките во мускулите и зглобовите целосно исчезнала.rnrnВодете сметка за вашето здравје и заменета ја нездравата храна со овошје и зеленчук. Поминете до најблиската продавница и снабдете се со вкусни и хранливи производи. Бидете креативни и секој пат смислувајте нова салата. Така ќе ви стане интересно и никогаш нема да ви досади да се храните здраво. Вие ќе уживате во прекрасниот и освежувачки вкус, а вашето тело ќе ви биде благодарно.

  • Фрико чипс од кашкавал: Одлична закуска од само една состојка

    Фрико чипс од кашкавал: Одлична закуска од само една состојка

    Коктелите можеби се првото нешто што треба да го има на секоја забава, но не помалку важна е и закуската. Даските со сирење се здодевни, а никој не сака да поминува часови и часови покрај рерната за да подготви нешто специјално.rnrnЗатоа овој лесен чипс од само една состојка ќе ја задоволи потребата од нешто забавно и солено, а сепак лесно и брзо се подготвува. Исто така е и одличен избор за грицки кога сакате да ја поминете ноќта во пижами пред вашиот телевизор.rnrn1-neodolivi-friko-cedar-stapcinja-od-samo-edna-sostojka-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 240 г зрел чедар кашкавал, рендан (или друг вид тврд кашкавал)
    • rn011

    • 1 лажичка мелен ким, анасон или чили (или друг зачин, по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.rnrnВо голем плех поставете хартија за печење. Настрана измешајте ги кашкавалот и зачините. Ставете 2 лажици од смесата врз хартијата за печење и распоредете ја убаво со виљушка така што ќе направите кружна форма од околу 10-12 сантиметри. Повторете го ова со остатокот од смесата, притоа оставајќи по 5 см помеѓу секој круг. Преостанатата смеса чувајте ја за втората тура.rnrnСтавете го плехот во рерна и печете 6-8 минути или додека чипсот не почне да добива потемна боја. Не дозволувајте да стане сосема кафен бидејќи ќе горчи. Со шпатула внимателно извадете го чипсот од плехот и веднаш префрлете го врз дебело сукало, шише или друг предмет со цилиндрична форма. Ова на грицките ќе им даде заоблена форма.rnrnАко сакате рамен Фрико чипс само префрлете го врз кујнска хартија.rnrnОткако ќе се излади, чипсот може да стои во херметички сад до 2 дена.rnrn2-neodolivi-friko-cedar-stapcinja-od-samo-edna-sostojka-kafepauza.mk

  • Одличен рецепт за пуканки од карфиол

    Одличен рецепт за пуканки од карфиол

    Следниот пат кога ќе гледате филм, наместо обични пуканки направете ги овие здрави грицки од карфиол

    rnОдличен рецепт за пуканки од карфиолrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 главица карфиол
    • rn011

    • 20 грама маслиново масло
    • rn011

    • 12 грама сув неактивен квасец (или по вкус)
    • rn011

    • 2 лажички ким (или по вкус)
    • rn011

    • 2 лажички чили во прав (или по вкус)
    • rn011

    • Неколку прстофати сол (или по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Исечкајте го карфиолот на мали парчиња.
    2. rn011

    3. Додадете му го маслиново масло и промешајте за убаво да се натопи.
    4. rn011

    5. Додадете ги зачините, солта и квасецот и повторно убаво измешајте.
    6. rn011

    7. Јадете ги веднаш или дехидрирајте ги во подотворена рерна на 60 степени околу 4-6 часа или додека не ја добијат посакуваната текстура. Напомена: Користете нелепливо тавче или обложете обично тавче со хартија за печење и доколку вашата рерна има вентилација, вклучете ја.
    8. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уживајте без грижа на совеста: Рецепт за здрави и вкусни пуканки

    Уживајте без грижа на совеста: Рецепт за здрави и вкусни пуканки

    Сакате да го поминувате слободното време грицкајќи разни грицки пред телевизорот? Ви нудиме рецепт за здрави пуканки кои брзо и лесно се подготвуваат, а нудат неповторливо гастрономско уживање.rnrnuzhivajte-bez-grizha-na-sovesta-recept-za-zdravi-i-vkusni-pukanki-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 пакетче пуканки за микробранова без сол и путер (или обични пуканки во кеса)
    • rn011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn011

    • 2 лажици рендан пармезан
    • rn011

    • Малку власец
    • rn011

    • Малку бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИспукајте ги пуканките во микробранова печка. Прек врелите пуканки прелијте маслиново масло, додајте пармезан, ситно насечкајте власец и забиберете по вкус.rnrnПармезанот на пуканките ќе им даде пријатен вкус и ќе ја одигра улогата на сол, па така ќе избегнете дополнително зачинување со не многу здравиот зачин кој имаме тенденција прекумерно да го користиме. Власецот пак, ќе ги направи пуканките забавни за грицкање и ќе им даде посебен шмек.rnrnАко не можете да најдете пуканки без зачини, можете да употребите и класична пченка за пуканки и да ги подготвите на рингла со минимална употреба на масло.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 вкусни грицки за „лапање“ без грижа на совест

    3 вкусни грицки за „лапање“ без грижа на совест

    Додека седиме пред телевизорот, често сакаме нешто да грицкаме, па обично посегнуваме по купечките чипсови кои секако носат низа нус појави од кои некои ќе станат брзо видливи околу стомакот и на колковите. За да ги избегнете овие последици, а сепак да уживате во гледањето телевизија, подгответе здрави грицки. Потребни ви се само основни состојки и вашите омилени зачини за да ги претворите во незаменлива закуска, која ќе сакате редовно да ја приготвувате. Еве 3 супер рецепти.rn

    1. Чипс од кељ

    rnДоволно солена и нискокалоричена закуска, а сепак многу поздрава алтернатива на чипсот од компир, оваа грицка потекнува од Америка и веќе е прогласена за суперхрана. Изобилува со антиоксиданси, влакна и омега 3 масни киселини.rnrn1-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 лажици маслиново масло и со тоа прелијте ги издвоените ливчиња кељ. Распоредете ги листовите на мрсна хартија и ставете ги во рерна на 175 степени Целзиусови. Сушете ги 10-ина минути додека рабовите не станат малку кафеави. На крајот посипете малку сол.rn

    2. Печен наут

    rnНаутот се вбројува во најздравите намирници на светот, тој содржи голема количина на диететски влакна, што го прави скапоцен за здравјето на срцето и системот за варење. Содржината на растворливи влакна го прави одлична намирница која помага и во одржување на здравото ниво на шеќер во крвта, исто така е и важен извор на белковини и одличен избор во улога на закуска.rnrn2-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rnПотопете ја саканата количина наут и оставете ја преку ноќ. Потоа исцедете ја водата и во нова вода варете ја околу 10 минути. Сварениот наут процедете го, исушете го и додадете му маслиново масло. Ставете го во тепсија обложена со мрсна хартија и печете околу 40 минути на 180 степени Целзиусови. Кога ќе се испече наросете сол, бибер и други зачини по избор како чили, босилек и сл.rn

    3. Пуканки

    rnПуканките се здрава алтернатива на чипсот и крекерите. Освен што се богати со полифеноли и имаат малку калории, пуканките и се и целозрнести житарки. Конзумирањето повеќе целозрнести житарки е поврзано со намален ризик од срцеви болести, дијабетес и некои видови рак.rnrnНо, треба да се внимава при изборот на пуканките бидејќи не се сите здрави. Некои кои се наменети за подготовка во микробранови се натопени со путер и содржат вештачки или нездрави состојки.rnrn3-3-vkusni-gricki-za-lapanje-bez-grizha-na-sovest-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rnКако најздрав начин за нивна подготовка се препорачува ставање на целите зрна во тенџере и додавање неколку капки масло како што тоа го прават нашите баби. Вкусот на пуканките може да се збогати со пармезан или чили.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 здрави ужинки во кои ќе уживате

    7 здрави ужинки во кои ќе уживате

    Ако сакате да останете фит и да се ослободите од вишокот килограми, неопходно е да ги замените нездравите грицки со здрави ужинки. Без разлика на тоа дали сте дома, на работа, факултет или во град, не посегнувајте по чипсот или чоколадото, туку каснете нешто здраво.rnrn7 здрави ужинки во кои ќе уживате rnrnКвалитетниот избор на намирници ќе ви овозможи големо количество енергија. Овие седум „грицки“ секогаш нека ви бидат при рака.rn

    1. Бадеми и урми

    rnМешавината од бадеми и урми е една од наједноставните ужини, која можете да ја носите во вашата чанта или да ја чувате на бирото. Бадемите ќе ви дадат доволно протеини и здрави масти, а урмите ќе ви ја задоволат потребата за шеќер. Иако се многу здрави, овие намирници имаат доста калории, па затоа не претерувајте.rn

    2. Овесни снегулки

    rnОвој појадок богат со витамини може да ги задоволи потребите на организмот и во попладневните часови. За уште поздрав оброк, додајте малку цимет и дробени ореви.rn

    3. Туна

    rnАко немате време за планирање на оброците и ужините секој ден, секогаш имајте спремна залиха на конзерви со туна. На овој начин секогаш ќе имате готов оброк, богат со омега 3 масни киселини, протеини и здрави масти.rn

    4. Зеленчук и хумус

    rnЗеленчукот со сигурност е најздравиот избор за грицкање, а хумусот ќе ви послужи како одличен зачин и извор на протеини. Одберете брокула, карфиол или морков, бидејќи тие имаат најмалку калории.rn

    5. Смокви и темна чоколада

    rnВи се јаде нешто слатко? Комбинацијата од смокви и чоколадо сигурно ќе ви ја задоволи потребата. Смоквите се полни со железо, антиоксиданси и калиум, а што се однесува до чоколадата, секогаш бирајте ја онаа што има најмалку 70% какао во својот состав.rn

    6. Грчки јогурт и зрнесто овошје

    rnГрчкиот јогурт содржи многу протеини, а за подобар вкус додајте зрнесто овошје по избор. Најдобар избор се малините, бидејќи имаат најмногу влакна.rn

    7. Смуди

    rnСвежото смуди е одлична ужина. Ваквиот напиток најдобро е да се припреми наутро, а потоа цел ден можете да го чувате во фрижидер и постојано да пиете.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.