КАФЕ ПАУЗА

Tag: грав

  • Рецепт за сочна турска салата од грав

    Рецепт за сочна турска салата од грав

    Турската салата му ја должи својата сладост на преливот на кој се додава таан, како и на пирето од грав, кое ги комбинира аромите и вкусовите на сите состојки.rnrnРецепт за сочна турска салата од гравrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 150 грама зготвен грав
    • rn 011

    • 1 мал кромид
    • rn 011

    • 20 грама ситно сечкан магдонос
    • rn 011

    • 1 или 2 тврдо варени јајца
    • rn 011

    • 1 домат
    • rn

    rnЗа прелив за салата:rn

      rn 011

    • 2 лажици таан
    • rn 011

    • 2 лажици оцет
    • rn 011

    • сок од половина лимон
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 4 лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • 1/2 лажичка мелен ким
    • rn 011

    • 1 лажица зготвен грав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги таанот и оцет и мешајте со жица за матење додека не исчезнат грутките. Потоа додајте ги сечканиот лук, кимот и солта и едната лажица грав што претходно ќе го изгмечите за да добиете пире. Постепено додавајте од течноста од зготвениот грав и мешајте. Преливот треба да биде мазен, но не течен. На крајот, додајте сок од лимон и постепено додајте го маслиновото масло додека мешате.rnrn2. Исечете го кромидот на мали коцки, потоа посолете го и по неколку минути исплакнете го и исцедете го вишокот вода. Ставете го гравот во чинија за сервирање и додајте ги кромидот, исечканиот домат и вареното јајце. Нанесете го преливот од таан рамномерно на сè што е во чинијата и украсете со сечкан магдонос и парчиња лимон.rnrnПогледнете како да подготвите либанска салата со модар патлиџан и јогурт.

  • Рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини

    Рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини

    Потребни се само 7 здрави состојки и 10 минути да се направи. Совршен намаз за сендвичи, лепчиња, врз зеленчук, и многу повеќе! Дозволете ни да ви покажеме како да го направите!rnrnРецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачиниrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 425 гр ​​конзерва бел грав
    • rn 011

    • 60 гр таан
    • rn 011

    • 45-60 милилитри сок од лимон
    • rn 011

    • 1/2 лажичка морска сол или по вкус
    • rn 011

    • 4 чешниња лук, мелен или по вкус
    • rn 011

    • 15 милилитри маслиново масло
    • rn 011

    • зачини по избор и вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете ги сите сосојтки во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса.
    2. rn 011

    3. Уживајте веднаш, или ставете го во фрижидер да се разлади.
    4. rn 011

    5. Остатоците се чуваат покриени во фрижидер до 4-5 дена.
    6. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за веганска паштета.

  • Рецепт за бургери со моркови и грав

    Рецепт за бургери со моркови и грав

    Многу вкусни, свежи и лесни за подготовка. Овие бургери можете да ги јадете за ручек или вечера.rnrnРецепт за бургери со моркови и гравrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 400 гр моркови
    • rn 011

    • 200 гр грав од конзерва или веќе сварен
    • rn 011

    • лук по вкус
    • rn 011

    • 1 лажица брашно
    • rn 011

    • лебни трошки
    • rn 011

    • сол и бибер по вкус
    • rn 011

    • масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Изрендајте ги морковите, додајте го гравот и блендирајте.
    2. rn 011

    3. Потоа, додајте ги лукот, солта и биберот. Блендирајте.
    4. rn 011

    5. Направете бургери и ставете го секој бургер во лебните трошки.
    6. rn 011

    7. Потоа, пржете ги во масло или печете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути.
    8. rn

    rnМожеби ќе сакате да ги пробате и овие вегански бургери од наут и тиква.

  • Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето

    Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето

    Начинот на исхрана во кој е застапен гравот е најдобар за постудениот дел од годината. Гравот е одличен за црниот дроб и жолчката и ја подобрува нивната функција. Покрај тоа ја спречува авитаминозата којашто е карактеристична за зимските денови и држењето диети.rnrnДиета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјетоrnrnГравот го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата на кожата. Се препорачува во текот на диетата гравот да биде главно јадење, а истовремено потребно е да го намалите консумирањето леб и слатка храна.rnrnГравот е богат со протеини, витамини Б, Ц и Е, како и со калциум, фосфор, бакар и цинк. Исто така има изобилство од аминокиселини.rn

    Прв ден

    rnПојадок: 50 грама тврдо сирење и парче интегрален леб.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер.rnrnВечера: 200 грама сварен грав, 150 грама овошје по ваш избор.rn

    Втор ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење, кафе или чај.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук по ваш избор или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај без шеќер.rnrnВечера: Исто како и ручекот, плус 100 грама печена риба.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Шолја обезмастен јогурт или кефир, парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење.rnrnУжина: Шолја кефир.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера:Исто како и ручекот, плус 230 милилитри сок од домати.rn

    Четврти ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење, чај или кафе без шеќер.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, салата од морков и јаболка со една лажица мед.rnrnВечера: 100 грама печени пилешки гради, 50 грама варен ориз, чај или кафе без шеќер.rn

    Петти ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење или 100 милилитри јогурт, чај или кафе.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера: Исто како и ручекот плус два варени или печени компири и 230 милилитри сок од домати.rnrnДоколку оваа диета не е за вас, пробајте некоја од 5-те најпопуларни диети.

  • 8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

    8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

    Железото е минерал кој има голема важност за нашиот организам и затоа е неопходно да го консумираме секојдневно. Она што е најкарактеристично е тоа што нашите тела не можат сами да го создадат и токму поради тоа исхраната има пресудна улога. Во продолжение почитајте кои прехранбени производи се богат извор на железо и потрудете се што почесто да ги имате на вашето мени.rnrn(0) 8-namirnici-bogati-so-zhelezo-koi-treba-sekojdnevno-da-gi-konsumirame-kafepauza.mkrn

    1. Школки

    rnОсвен железо, школките содржат многу витамин Б, а малку калории. Ако ги сакате морските плодови, школките се одличен избор за вас. Почестете се со некој морски специјалитет со школки барем еднаш во неделата и направете чуда за вашето здравје.rn

    2. Риба

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnОваа поздрава верзија на месото го намалува ризикот од депресија и развивање срцеви болести, а притоа е богата и со железо. Нутриционистите и лекарите препорачуваат да се јаде риба секоја недела.rn

    3. Мусли

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnЕве идеја за здрав појадок кој можете да го консумирате скоро секој ден. Немојте да додавате шеќер и наместо тоа одлучете се за суво овошје. Така ќе добиете вкусен и доволно благ оброк кој ќе ве засити и позитивно ќе делува на вашата здравствена состојба.rn

    4. Семки од тиква

    rnТие можат да бидат добар избор за ужина бидејќи не само што се многу здрави, туку и содржат малку калории. Па, ако сте на диета или водите сметка за здравјето и здравата исхрана, грицкајте ги овие семки секојдневно.rn

    5. Леќа

    rnЛеќата е многу практична за употреба и лесна за подготовка. Еден оброк кој содржи зрна леќа е доволен за да се задоволи дневната потреба од железо во крвта.rn

    6. Грав

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnПокрај железото, гравот содржи и бројни витамини и минерали кои помагаат при варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.rn

    7. Спанаќ

    rnСалатата од свеж спанаќ може да биде одличен додаток на исхраната, бидејќи покрај тоа што претставува одличен извор на железо, тој исто така подобрува и целокупната работа на организмот.rn

    8. Црно чоколадо

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnМожеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на железо.

  • Која храна треба да ја конзумирате ако не јадете месо?

    Која храна треба да ја конзумирате ако не јадете месо?

    Протеините се исклучително важни – нашето тело ги користи за регенерација и раст на клетките. Сите знаат дека месото, јајцата и млечните производи се извори на протеини, но не се единствените кои можат да му ги дадат на телото овие важни макромолекули. Вегетаријанците и веганите и понатаму можат да функционираат нормално, надоместувајќи ги потребните протеини преку лиснатиот зеленчук, грашокот и други намирници. Погледнете како изгледа основната листа.rnrnkoja-hrana-treba-da-ja-konzumirate-ako-ne-jadete-meso-kafepauza.mkrn

    Грашок

    rnМешункастиот зеленчук е одличен извор на протеини, а една шолја грашок има околу 8 грама. Жените дневно би требало да внесуваат 46 грама, а мажите 56 грама протеини.rn

    Квиноја

    rnПовеќето житарици содржат протеини, но квинојата е посебна бидејќи има околу 8 грама протеини, но и сите 9 основни аминокиселини кои ни се потребни, и тоа само во една шолја.rn

    Грав

    rnИма многу видови грав и сите се полни со протеини. Две шолји обичен грав имаат околу 26 грама протеини, а конзервираниот грав е подеднакво добар како и свежиот.rn

    Јаткасти плодови и нивните масла

    rnСите јаткасти плодови содржат здрави масти и протеини, што ги прави важен дел од исхраната која се темели само на растенија. Околу 30 грама бадеми, индиски ореви или фстаци имаат околу 160 калории и околу 5-10 грама протеини. Најдобро е да ги јадете сирови или печени на сува тава.rn

    Наут

    rnНаутот може да се јаде пржен, во салата или во облик на пире. Само пола шола наут има околу 7 грама протеини, малку калории и многу влакна.rn

    Тофу

    rnХраната која е подготвена од соја е меѓу најголемите извори на протеини за вегетаријанците. Пола шолја тофу има околу 15-20 грама протеини.rn

    Мешунки од соја

    rnНедозреаната соја која е потоа варена или обарена на пареа, па потоа солена содржи околу 8 грама протеини на половина шолја. Семките од соја можете да ги јадете како предјадење или во салата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите на пазарите во Мексико

    Боите на пазарите во Мексико

    Фотографката Алисон Хеjлицер ни раскажува одлична приказна за живописноста во секојдневниот живот на пазарите во Мексико.rnrn

    Боите на пазарите во Мексико
    Боите ви го одземаат здивот уште пред да пристигнете до пазарот. Ова е Денот на Мртвите во Сан Мигел де Аленде.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Одморајќи се од плетењето кошници, оваа жена ги чека потенцијалните купувачи.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Зелена ќерамика во форма на вазни на отворениот пазар во градот Оаксакан
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Уметност на ткаење на разбој
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Шарената волна е само мал дел од Оаксаканскиот стил.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Мирисот на топлите quesadillas, ја привлекува толпата.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Потребна е сила да се подготви пијалакот од пченка и цимет наречен техате.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Чуроси, кои се наоѓаат во кошничка на велосипед. Така се транспортираат до локалните маркети.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Надвор од големиот пазар, оваа жена си ја чува својата територија.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Папаја завиткана во весник
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Чајоте, гуава и авокадо – можете да направите многу со овие плодови.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    „Знаете ли колку се вкусни тамалите?“ – Таа им довикува на минувачите.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Зачини, зрнеста храна и грав. Сладост.
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Сцена од пазарот за месо
    rnrn
    Боите на пазарите во Мексико
    Пазарите во Мексико можат да понудат одличен избор на разновидни продукти. Но, за тие кои го вадат лебот од тоа е доста напорна работа.

  • Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Еве неколку видови храна кои ќе му бидат добредојдени на вашиот организам.rn
    rn

    Зрнести плодови

    rnrnСите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јајца

    rnЈајцето како извор на високо квалитетен протеин, може навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите здрави. rnrnИстражувањата исто така ги поврзуваат лутеинот и зеаксантинот како фактори за намалување на ризикот од макуларна дегенерација, причина поради која ослепуваат голем број лица постари од 50 години. Лутеинот е добар и за заштита на кожата од УВ зраците.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Грав

    rnГравот е одличен извор на железо, минерал кој го пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто количество железо преку растителната храна, како што може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на холестерол во крвта.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“ (религиозна вероисповед која придава големо значење на здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Портокали

    rnСамо еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Тој е исто така моќен антиоксиданс кој помага и ги штити клетките од радикална штета и игра клучна улога во производството на колаген за зацврстување на кожата. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Сладок компир

    rnСлатките компири се сјајно портокалови поради фактот што содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од најхранливите зеленчуци.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Брокула

    rnОваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Чај

    rnИстражувањата покажуваат дека доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Спанаќ

    rnСпанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е лесен, вкусен и добар извор на фолна киселина, витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.rnЗдрава храна препорачлива за секој денrn

    Јогурт

    rnВо 70-тите години на минатиот век, советската република Грузија имала повеќе жители со над 100 години, од која било друга земја. Извештаите од тоа време тврдат дека тајната на нивниот долг живот бил јогуртот, кој редовно се наоѓал на нивната трпеза. Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.Здрава храна препорачлива за секој ден
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn