Без разлика дали го сметате за вандализам или за неопходност на урбаното живеење, цртањето графити е забрането. Тоа е општествено најмалку прифатената форма на уметност, па можеби поради тоа предизвика толку голем отпор и опстана како супкултура. Сепак, со афирмацијата на хип хоп културата во последните години, односот кон неа почна да се менува, па веќе некои градови одвојуваат простор каде што цртањето графити е легално.rn
Мелбурн
rnrnВластите на Мелбурн ја одредиле улицата Хосиер Лејн како место каде што графити-уметниците можат да се изразат. И не само што овде тоа е легално, туку и се поттикнува, така што улицата е вметната во сите туристички водичи како атракција која мора да се посети. Дури и мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити Бенкси оставил свој „отпечаток“ овде, а сопствениците на зградата веднаш поставиле стакло за да го заштитат неговото дело.rnrn
rnrn
Венис Бич, Калифорнија
rnНа Венис Бич во Калифорнија има ѕид којшто никогаш не е сив и каде никогаш не е здодевно, затоа што минувачите постојано имаат можност да ги следат уметниците на дело. Ѕидот е многу популарен меѓу уметниците, па нивните цртежи ретко се задржуваат подолг период, поради тоа што секогаш доаѓа некој друг што црта нешто ново врз нив.rnrn
rn
Париз
rnПариз е град на уметноста и има повеќе места каде што е овозможено изразување преку графити. Оние што имаат намера да цртаат овде нема зошто да се плашат од полицијата, но проблем може да им претставува територијалноста на одредени групи на графити-уметници. Постојат случаи каде што тие дури применуваат и насилство со цел да го одбранат просторот каде што тие цртаат.rnrn
rn
Квинс, Њујорк
rnВо блокот 5Поинтз во Квинс, Њујорк, секој уметник на графити може слободно да се изрази без да биде задеван од полицијата, но само по претходно одобрување од Мерес Уан – кураторот и основач на „5Поинтз“, арт-центар за уметници кои работат со аеросол.rnrn
rn
Цирих
rnЦирих важи за еден од најчистите градови во светот, а неговите жители отсекогаш се труделе и ѕидовите да ги одржат чисти. Но, со менувањето на односот кон графити-уметноста, градот издвои еден мал простор каде што тоа може да се практикува. Роте Фабрик порано било местото каде што цртачите се прикрадувале за нелегално да ја реализираат својата страст, а денес не само што тоа е едно од ретките места во светот каде што тоа е дозволено, туку е и поддржано од властите.rnrn
rn
Копенхаген
rnКопенхаген е познат како еден од најлибералните градови во светот, меѓу другото и заради тоа што на одредени локации дозволува цртање графити. На ѕидот кај Сидхавнен секој ден има артисти кои работат, а нивните дела траат по неколку дена додека не дојде некој друг да црта врз нив.rnrn
rn
Тајпеј
rnИако тајванската престолнина сè уште не ги легализирала графитите, сепак тоа не се смета за вандализам и полицијата не им прави проблеми на цртачите, сè додека сопствениците на ѕидовите не се пожалат.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.