Ако сте љубител на графити, можеби сте запознаени со делата на Pierrot, француски уметник познат под псевдонимот Scaf. Тој се занимава со 3Д улична уметност која може да ги збуни или можеби дури и да ги исплаши минувачите со својот реализам.rnrnrnrnНеговата колекција со графити вклучува портрети на познати луѓе, животни и разноразни фасцинантни суштества.rnОна што ги прави уникатни графитите на Scaf е неговиот „разигран“ пристап кон неговите креации. Тој позира со своите готови дела така што фотографиите изгледаат како мали извадоци од филмски сцени.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие графити, можеби ќе сакате да ги погледнете и фантастичните графити на еден италијански уметник.rnrnИзвор: designyoutrust.com
Некогаш нема потреба да појдете во музеј за да видите добра изложба на уметнички дела или инсталации. Едноставно, само излезете на улиците во вашиот град и можеби ќе имате шанса да видите одлична улична уметност, која најчесто е дело на анонимни автори.rnrn„Цигли за градење“ – Трогателно дело на Ајси и Сот на улиците на ИранrnrnПоимот улична уметност станал популарен со графитите од раните осумдесетти години од минатиот век и продолжува да се користи за следните инкарнации како сито графити, уметност со стикери и улични инсталации и скулптури кои се познати форми на модерна улична уметност. Денес исто така се користат и термините урбана уметност, герила уметност и нео-графити, кога зборуваме за уметничките дела креирани во овој контекст. Погледнете неколку фантастични примери на улична уметност од различни градови во светот.rnrn„Руски кукли“ – Мајами, Флорида, дело на уличниот уметник Сет Глобпеинтерrnrn
Младинска организација која е позната по употребата на графити како начин на изразување, се здружила со владата на Мексико за да ја освежат населбата Палмитас во областа Пачука. Оваа група обоила 209 куќи, поточно 20.000 квадратни метри фасада во мурал со виножито. Во овој проект биле вклучени 452 фамилии или 1.808 луѓе. Резултатот? – Искоренување на насилството кај младите.rnrnrnrn
Урбанизмот и природата не одат заедно, барем не додека не се појават некои интелигентни и супер креативни графити уметници кои овие две нешта можат да ги спојат онаму каде што никој друг не може да го стори тоа.rnrnrnrn
Делата на фотографиите кои следуваат на прв поглед може да делуваат забавно и смешно, но ако подобро се загледате во нив ќе сфатите дека упатуваат многу силни пораки. Креативецот кој стои зад ова е италијанскиот уметник со уметничко име Фра.Бјанкошок. Тој вели дека неговата цел е да создаде дела кои овде ќе бидат присутни кратко време, но долго ќе останат врежани во меморијата на гледачот.rnrnrn
„Мојата уметност се базира на непостојаноста на искуството кое тежнее да се вреже во умот на набљудувачот, дури и кога веќе нема да биде видлива,“ вели тој.
Оваа сторија во фотографии ја објавил корисникот на „Reddit“, Elusive92. Имено, пред определено време, локални хулигани му нацртале ужасни графити на неговата гаража, по што него му текнало брилијантна идеја. Тој го најмил локалниот мајстор за графити „Lake13“ кој успеал да ги прецрта ужасните графити и да направи ремек-дело.rnrn
„Кога животот ти дава лимони ужасни графити, направи лимонада фантастична уметност.“
Артистот Алекс Сена кој живее и работи во Сао Паоло, Бразил е надалеку познат по неговите прекрасни и шармантни графити кои ги красат улиците на градот. Неодамна тој нацрта неколку од неговите препознатливи љубовни црно-бели графити и во Мајами, на кои секој минувач гледа со воодушевување. Ова е дел од неговата работа во текот на последните неколку години.rnrnrnrn
Италијанскиот артист познат под псевдонимот Mister Thoms кој живее и работи во Рим, создава фантастична улична уметност. Покрај тоа што црта графити, тој е скулптор, илустратор, уметник и графички дизајнер.Тој знае како паметно да ги вклопи површините на кои црта во својот графит, па така прозорците стануваат очи, цевките – усти и така натаму.rnrn
Секој ден некаде во светот никнува некое ново парче улична уметност. Во оваа колекција фотографии се собрани голем број од најинтересните дела нацртани во последнава година. Секој графит е фантастичен, а дел од нив се премногу реалистични. Погледнете ги и уживајте.rnrnЛоѓ, ПолскаrnrnФранкфурт, ГерманијаrnrnПариз, ФранцијаrnrnХјустон, САДrnrnКолумбијаrnrnСан Франциско, САДrnrnЛондон, АнглијаrnrnИталијаrnrnЛимерик, ИрскаrnrnГлазгов, ШкотскаrnrnПариз, ФранцијаrnrnФор де Франс, МартиникrnrnВелика БританијаrnrnИталијаrnrnНорвешкаrnrnГдиња, ПолскаrnrnЛидс, АнглијаrnrnЧикаго, САДrnrn rnrn
Неговата кариера започнала во 1990 година кога за првпат почнал да црта графити во неговата родена Атланта, а до 1999 година Хенс буквално го поседувал градот со својата уметност бидејќи не постоело маало или област каде што немал цртано. Секако, во меѓувреме својот талент го претставувал и во различни земји од САД, но и во земји како Шпанија, Франција, Јапонија и Мексико. А ова е неговото последно дело.rnrnrnrnПоследниот проект на Хенс вклучува сликање на црква во Вашингтон, и како што самиот вели, иако ја почитува класичната естетика на историските објекти, сепак и на нив понекогаш им е потребна драстична преобразба. За само неколку недели Хенс и неговиот тим целосно го измениле изгледот на белата фасада на црквата во виножито од бои и интересна графика. Она за што Хенс е особено почитуван е неговата умешност делата да ги претставува на објекти со огромни димензии, но сепак тие да не изгубат од прецизноста и убавината. Токму поради тоа, овој проект е навистина успешен и изгледа прекрасно.rnrn rnrnСамиот уметник вели дека наишол на огромен број позитивни реакции од локалните жители со исклучок на некои кои велеле дека на тој начин се искажува непочит кон црквата и религијата. За среќа Хенс успеал да им објасни дека станува збор за уметност изразена само преку позитивни мисли и им ветил дека на крајот проектот ќе изгледа одлично. И не излажал!rnrnrnrn