КАФЕ ПАУЗА

Tag: градби

  • Светилници кои успеале да го издржат тестот на времето

    Светилници кои успеале да го издржат тестот на времето

    Светилниците се универзални симболи за сигурност и навигација кои им помогнале на многу морнари да го најдат својот пат до дома уште од антички времиња. И покрај тоа што полека ја губат својата корист, сепак тие се епски споменици познати по својата издржливост. Оние светилници кои денес стојат цврсто на своето место се чуда на архитектурата и инженерството, одбивајќи го и најлошото нешто кое морињата можат да го понудат. И покрај тоа што нивните светла кои ја осветлуваат ноќта можеби наскоро ќе се изгасат, сепак мора да ја цениме убавината на овие неверојатни градби…rnrnНеверојатни фотографии од светилници кои успеале да го издржат тестот на времетоrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни геометриски замоци од песок

    Неверојатни геометриски замоци од песок

    Артистот Келвин Сиберт од Њујорк кој е познат по својата работа со песочните замоци, повторно ги изненадува своите фанови. Тој секој пат кога започнува со градењето, прави нешто ново и различно така што ја следи својата имагинација и му овозможува на песокот природно да оформува геометриски фигури. Резултатите се фантастични облици кои изгледаат како да се од некој друг свет.rnrnНеверојатни геометриски замоци од песок rnrnУпотребувајќи ги само своите раце и пластична алатка за израмнување, Сиберт внимателно му дава форма на деликатниот песок и го претвора во скулптури за кои се потребни часови, па дури и денови за да се завршат. Тој со помош на водата ги зацврстува овие градби, а останатата работа слободно може да му се препише на неговиот талент и искуство.rnrnНеверојатни геометриски замоци од песок rnrnИ покрај тоа што изградбата на овие замоци е малку комплицирана и понекогаш ограничена со време, Сиберт ужива во предизвиците кои му ги подготвува природата. Според него, најдобриот дел е да им се овозможи на формите да растат како „органски машини“ чија експанзија е временски ограничена само од силата на брановите.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистински колиби инспирирани од бајките

    Вистински колиби инспирирани од бајките

    Некои луѓе сакаат да живеат како во бајките, па се одлучуваат за живеалишта кои наликуваат на колибите опишани во делата на браќата Грим и други познати приказни. Скромниот изглед, рачните детали и елементите на несовршеност ги прават да делуваат како исечоци од сликовници поставени во реална околина. Од мали шармантни колиби, до огромни камени живеалишта, ова се 15 вистински градби во светот инспирирани од бајките.rnrnВистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките Вистински колиби инспирирани од бајките

  • Ретко видени историски фотографии

    Ретко видени историски фотографии

    На овие ретки фотографии ќе имате прилика да видите интересни овековечени моменти, луѓе и градби од далечното минато. Навистина е интересно да се погледне моментот кога се правел Берлинскиот ѕид, замокот во Дизниленд, но и како изгледал Елвис Присли во војска и Бил Клинтон во младоста.rnrn

    Ретко видени историски фотографии
    Натпревар во бокс одржан во 1897 година во Орегон
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Фотографија со самураи направена помеѓу 1860 и 1880 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Рој О. и Волт Дизни на денот на отворањето на „Дизни Студиос“
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Вработените во Мајкрософт во 1978 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Почетоците на Гугл
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Нагасаки, 20 минути по атомската бомба во 1945 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Вработените во Дизниленд во кантина, 1961 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Бил и Хилари Клинтон играат одбојка, 1975 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Елвис Присли во војска
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Тајмс сквер во 1911 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Лав Толстој им раскажува приказни на внуците во 1909 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Битлси го запознаваат Мохамед Али
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Изградбата на првиот Дизниленд
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Правењето на Статуата на слободата, 1884 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Канцеларијата на Алберт Ајнштајн на денот на неговата смрт
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Изградбата на Ајфеловата кула во 1888 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Фотографија од Титаник за која се верува дека е последна направена
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Фердинанд Порше му ја претставува „Бубата“ на Адолф Хитлер во 1935 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Главниот штаб на Бенито Мусолини и на италијанската фашистичка партија во 1930 година
    rnrn
    Ретко видени историски фотографии
    Првата фотографија направена од Вселената
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледаше САД пред еден век?

    Како изгледаше САД пред еден век?

    Овие црно-бели фотографии од САД се направени на почетокот на дваесеттиот век. Направени се низ повеќе земји и навистина ќе ве воодушеват. На нив ќе видите стари автомобили, импресивна архитектура и облакодери, возови, шинобуси, бродови, улици, железнички станици, а знаејќи го фактот дека некои од нив се направени пред 100 години навистина ќе останете со подзинати усти. Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век Како изгледаше САД пред еден век
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Италијанската верзија на хобитското село

    Италијанската верзија на хобитското село

    Нов Зеланд е земјата која најмногу се поврзува со хобитите, но и селото Алберобело во Јужна Италија не е далеку од овој имиџ. Сите куќи во ова чудно, но шармантно село се изградени во стил кој многу потсетува на магијата на хобитскиот Шаер.rnrnИталијанската верзија на хобитското селоrnrnЛокалните жителите нив ги нарекуваат трули. Се градат со помош на градежна техника која овозможува ѕидот да го издржи она што се поставува врз него. Интересно е и тоа што се градат директно врз каменетата подлога, без копање на темели. Самата конструкција е од варовник, не се употребува малтер, а покривите се конусовидни.rnrnИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското село
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трикови за подобро фотографирање градби

    Трикови за подобро фотографирање градби

    Фотографирањето на знаменитостите на вашите патувања најчесто резултира со не многу импресивни слики, кои служат само колку да се знае дека сте отишле некаде. Но, ако ги следите овие неколку трикови, сликањето на зградите кои ве импресионираат, било да се во вашиот град или некаде надвор, ќе биде позабавно и резултатите ќе бидат значително подобри.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Фотографирајте од повеќе агли

    rnПрепознатливиот преден дел на зградата не мора да биде вистинскиот кадар. Кружете околу архитектонското здание кое е ваш интерес и сликајте од што е можно повеќе агли. На тој начин на една фотографија можете да ја истакнете формата, а на друга фасадата, некогаш и ненамерно. Како и да е, ќе имате интересна фотографија.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Одлучете која е целта на фотографијата

    rnФотографијата ќе ви служи како спомен. Затоа мора да решите дали сакате таа да изгледа како разгледница, како уметничко дело или сакате да го доловите амбиентот во околината. Сликањето на зградата само по себе може да изгледа едноставно, но ако сакате да да го внесете гледачот во случувањата во моментот на фотографирањето, тогаш покрај неа треба да вклучите и луѓе и сè што може да придонесе кон тоа.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Внимавајте на светлото

    rnЕдна зграда може да делува различно во различен период од денот поради аголот под кој сонцето ја осветлува. На пладне таа е најдобро осветлена, но сенките при изгрејсонцето и зајдисонцето додаваат драматика, додека ноќните светла даваат величественост. Затоа, доколку можете, фотографирајте во различни делови од денот. Ќе бидете изненадени колку ќе се разликуваат фотографиите една од друга.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Зумирајте

    rnАрхитектурата располага со многу детали кои најчесто не се видливи со голо око од далечината од која ги гледаме. Затоа зумот може да заврши одлична работа и да истакне некој детаљ за кој во прв момент не знаете ни дека постои.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Излезете надвор од рамките

    rnКога вообичаеното овековечување на моментот со помош на фотоапарат ќе стане предвидливо и неинтересно, обидете се со несекојдневен пристап. Обидете се преку кадарот да кажете нешто повеќе за самата архитектура. Разгледајте ја околината и додадете дел од неа во самата фотографија, така што тоа ќе раскаже сосема поинаква приказна од онаа со едноставното фотографирање зграда.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Сликајте во црно-бела техника

    rnДоколку сликате некоја шарена куќа тогаш морате да ги истакнете боите, но ако прикажувате сива конструкција обидете се да додадете драматичност со црно-бела техника.rnrnТрикови за подобро фотографирање градбиrn

    Играјте си со правилото на третини

    rnОва едноставно правило помага во креирањето на неверојатни фотографии. Но, понекогаш можете да отстапите од него за да направите нешто поинтересно. Наместо да ги поставите објектите прецизно во нивните полиња, пробајте малку да ги изместите и фокусот да го поставите во некој несекојдневен дел од сликата. Ќе добиете многу интересни резултати.rnrnТрикови за подобро фотографирање градби
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светот

    Maгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светот

    Што е тоа што прави облакодерите да изгледаат прекрасно? Дали е нивната висина, светлината која го осветлува целиот град во вечерните часови или пак, начинот на кој тие изгледаат едни покрај други, формирајќи совршена фотографија? Ние мислиме дека тоа што е најважно е што кога ќе го погледнете градот од далечина веднаш останувате без зборови. Наредниве неколку фотографии ги покажуваат во одлично светло некои од најимпресивните облакодери кои градовите можат да ни ги понудат. Од Америка, Кина, Канада па сè до Австралија, следуваат најмагичните облакодери во светот:rn
    rn

    1. Сингапур, Сингапур

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотВо комбинација со одличниот урбан план и конструкциите кои достигнуваат висина и до 280 метри, овој град се одликува со стил кој не може да се најде на друго место. Големиот број светли згради и одличниот избор на зеленило низ центарот, го прават Сингапур еден од најубавите градови во југоисточниот дел од Азија.rn
    rn

    2. Франкфурт, Германија

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотКако единствен претставник од Европа, Франкфурт се одликува со неортодоксниот дизајн на Кулата Комерцбанк која е интернационално позната по „небесните градини“ и по технологијата која е пријател на природата. Највисокиот облакодер е опсерваториската кула Еуропатурн која достигнува до 331 метар.rn
    rn

    3. Куала Лумпур, Малезија

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотОблакодерите во овој град можеби не се толку блиску едни до други, но токму тоа е она што прави тие храбро да се истакнуваат над другите зградите. Само 10 облакодери ја надминуваат висината од 200 метри, а меѓу нив највпечатливи се Кулите Петронас (највисоките кули близначки во светот). Највисокиот облакодер е Менара Куала Лумпур која достигнува 420 метри.rn
    rn

    4. Торонто, Канада

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотАрхитектурата во Торонто е вистинска мешавина од периоди и стилови, од кој голем дел биле изградени во 19-от век. Од 11-те структури кои ја надминуваат границата од 200 метра, доминира облакодерот „CN Tower“ со висина од 553,33 метри.rn
    rn

    5. Сиднеј, Австралија

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотТоа што го прави Сиднеј уникатен на оваа листа е комбинацијата на облакодерите со позната Оперска куќа и Пристанишниот мост. Луѓето низ целиот свет постојано патуваат до Сиднеј само за да уживаат во магичниот поглед на градот од брегот на Сиднеј Харбор.rn
    rn

    6. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотОвој град кој расте со неверојатна брзина секојдневно го одзема здивот на посетителите со своите прекрасни облакодери. Во Дубаи има 33 структури кои надминуваат 200 метри, но најголемото внимание без сомнение го привлекува Бурџ Халифа со висина од неверојатни 828 метри. Градот не покажува никакви знаци на запирање, а тоа го докажува и предлогот за изградба на Градската Кула на Дубаи која ќе достигнува висина која ќе ги сруши сите рекорди – 2.400 метри.rn
    rn

    7. Токио, Јапонија

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотГусто населениот мега-град Токио е море од неонски светла кои ги красат високите структури под хоризонтот на планината Фуџи. Со црвените светла на врвот од секоја зграда и со флотата од хеликоптери кои го избегнуваат густиот сообраќај, Токио е град кој буквално значи бизнис.rn
    rn

    8. Чикаго, Америка

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотСите ние знаеме дека Америка обожава да ги полни своите градови со високи згради, но Чикаго се разликува од нив по својата историја како родно место на модерните облакодери. Првите дизајни се појавиле во 1885 година и оттогаш тие се неизбежен дел од сите облакодери низ светот. Оттогаш во Чикаго се изградени 19 згради со висина над 200 метри од кои кулата Вилис достигнува 442 метри и во комбинација со езерото Мичиген формира поглед кој ви го одзема здивот.rn
    rn

    9. Њујорк, Америка

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотНа второто место на оваа листа се наоѓа прекрасниот Њујорк кој е еден од градовите со најпрепознатливите облакодери благодарение на филмовите. Градот има голем број иконски градби кои се познати насекаде ширум светот, како „Empire State Building,“ „Chrysler Building“ и незаборавната Статуа на слободата. Со своите 47 згради кои надминуваат 200 метри, Њујорк дефинитивно е вистински американски град.rn
    rn

    10. Хонг Конг, Кина

    rnMaгичните облакодери кои ги красат најубавите градови во светотХонг Конг има 43 згради кои ја надминуваат висината од 200 метри, а 30 од нив биле изградени по 2000-та година од кои 15 се највисоките облакодери во светот. Со високо ниво на популација, од околу 6.943.600 луѓе, Хонг Конг е огромно пристаниште, финансиски центар и бизнис регион во Азија. Но, тоа што го прави Хонг Конг најдобриот на оваа листа е неверојатниот синџир од планини кој го опкружува градот и кој во комбинација со облакодерите ја формира совршената фотографија за тоа како би требало да изгледа еден голем град.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необична примена на чепкалки за заби

    Необична примена на чепкалки за заби

    Автор: Моника Трајковскаrn

    Со помош на книги, интернет, „History Channel“ и алгебра од 8-мо одделение, Стен Манро научил да создава интересни и уникатни градби. Тој рекреира некои од најпознатите знаменитости во светот користејќи само лепак и чепкалки за заби. Во зависност од големината и сложеноста на градбата, потребни му се од 1 ден до 6 месеци за да состави модели на некои од најимпресивните структури на Земјата, со размер од 1:164.

    rnrnrn

    Необична примена на чепкалки за заби
    Зградата Крајслер, Кулите Близначки, Тајпеј 101, Зградата Вулворт и Кулата Мет Лајф
    rnrnСтен започнал со ова необично хоби уште во 5-то одделение кога неговата наставничка донела на училиште проект изработен со чепкалки за заби. До пред 10 години тој бил познат како писател, ТВ репортер и раководител во болница. Но, поради здравствените проблеми на неговата жена Сузи, бил приморан да се откаже од работата за да може да се грижи за неа дома. Така, неговото необично хоби преминало во одличен начин за заработка.rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Градот од чепкалки
    rn

    Дел од неговата колекција е и неверојатниот град од чепкалки т.н. „Toothpick City“, за кој на Стен му биле потребни 6 милиони чепкалки и 172 литри лепак. Моментално работи на неговата најкомплексна структура, реплика на „Ангкор Ват“ (храм во Ангкор, Камбоџа). Сите негови готови модели моментално се изложени во Музејот за наука и технологија во Сиракус, Њујорк.

    rnrnrn

    Необична примена на чепкалки за заби
    Ангкор Ват
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Сиднејската опера, Австралија
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Бродот „Кати Сарк“ во Гринвич, Лондон
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Катедралата Св. Патрик во Њујорк
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Кулата Аспајр во Доха, Катар
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    „Spinnaker Tower“ во Портсмут
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Месџид ел Харам, Мека
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Тауeр бриџ во Лондон
    rnrn
    Необична примена на чепкалки за заби
    Бруклинскиот мост и Биг Бен

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пејзажи издлабени во стари книги

    Пејзажи издлабени во стари книги

    Канаѓанецот Гај Ларми создава неверојатни скулптури од стари книги. Најчесто материјал за создавање на неговите дела се стари речници и големи енциклопедии кои веќе се пред распаѓање.Пејзажи издлабени во стари книги Од книгите Гај создава прекрасни пејзажи и градби, а откако ќе ги заврши, на крајот ги бојадисува со природни бои.Пејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книгиПејзажи издлабени во стари книги
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.