КАФЕ ПАУЗА

Tag: градби

  • 5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

    5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видите

    Исполнет со многубројни иконски згради, Њујорк отсекогаш бил впечатлив поради неговата архитектура. Токму неговата архитектура му помогна на градот да се трансформира од фарма, во метрополата што ни е позната денес. Всушност, градбите се толку испреплетени со градот, што речиси е невозможно да не помислите на овие згради кога го спомнувате Њујорк.rnrnДодека спомениците како Статуата на слободата се често синоним за градот, постојат некои други градби кои ја симболизираат неговата богата историја. Па кои се најдобрите архитектонски дела во Њујорк што треба да ги видите? Листата може да биде навистина долга, но сепак, најмногу се истакнуваат следниве пет.rn

    1. Емпаер стејт билдинг (1931)

    rn5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видитеrnrnТешко е да го замислите Њујорк без Емпаер стејт билдинг. Овој облакодер во арт деко стил ја имаше титулата највисока зграда цели 40 години, пред изградбата на Северната кула од Светскиот трговски центар. Лоцирана во центарот на Менхетен, градбата била конструирана на место што во 18-тиот век било фарма. За зградата имало понудено 15 дизајни, пред архитектите Шрив, Лемб и Хармон да се одлучат за она што го гледаме денес. Денес можете да се качите на опсерваторијата на 102-иот кат и да уживате во неверојатна панорама на Менхетен.rn

    2. Зградата Крајслер (1930)

    rn5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видитеrnrnКако олицетворение на американската арт деко архитектура, не можете да не ги видите облините на зградата Крајслер. Изграден како седиште на корпорацијата Крајслер, облакодерот отсекогаш се натпреварувал со Емпаер стејт билдинг. Всушност, зградата Крајслер уживаше во титулата највисока градба во светот, но само 11 месеци подоцна местото го зазема Емпаер стејт билдинг. Сепак, челична метална рамка со декоративниот метал и украсните скулптури, како и неверојатниот ентериер ја оставаат градбата помеѓу најдобрите примери од американската архитектура.rn

    3. Зградата Флетајрон (1902)

    rn5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видитеrnrnИако не е висока како повеќето облакодери ви Њујорк, зградата Флетајрон со нејзините 20 ката била највисока кога била изградена на почетокот од 20-тиот век. Прво нарекувана Фулер, ова архитектонско чудо го добило новото име од нејзината форма, која наликува на пегла. Архитектот Даниел Бурнхам го направил дизајнот користејќи класични елементи – основата, оската и фасадата наликуваат на грчки столб. Засега Флетајрон е канцелариски објект, но сопствениците сакаат да ја трансформираат во хотел. Ова е најфотографираниот споменик во градот и често можете да го забележите во филмовите и ТВ сериите бидејќи веднаш потсетува на Њујорк.rn

    4. Музејот Гугенхајм (1959)

    rn5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видитеrnrnНе само што музејот Гугенхајм бил последниот проект на Френк Лојд Рајт, туку и целосно го променил начинот на којшто луѓето ја гледаат музејската архитектура. Иако на почетокот градбата добила многу лоши критики бидејќи наводно наликувала на огромна тоалетна школка, нејзината репутација само се зголемувала со текот на времето. Зградата привлекува исто толку внимание колку и уметничките дела што ги крие внатре, а уникатниот ентериер одлично ги води љубителите на уметноста низ колекцијата. Целта на Френк била да дизајнира храм на духот што ќе ѝ овозможи на јавноста да се вклучи во колекцијата на значаен начин. Познатата зграда продолжува да ги инспирира архитектите, кои покажуваат дека и дизајнот на градбата може да биде посебно уметничко дело.rn

    5. Седиштето на Обединетите Нации (1952)

    rn5 историски градби во Њујорк што вреди да ги видитеrnrnСо цел да се дојде до совршената зграда која ќе биде седиште на ОН, биле собрани некои од најдобрите архитекти ширум светот. Овде спаѓале Оскар Нимајер и многу други од Кина, Австрлија, Белгија, Шведска и Велика Британија. На крајот биле комбинирани проектите од Оскар и Ле Корбизје со цел да се создаде иконското архитектонско ремек-дело. Изградена во интернационален стил, комплексот гледа кон Источната Река и пречекува над 1 милиони посетители годишно.rnrnПогледнете ги и овие неверојатни фотографии од Њујорк од 19-ти и 20-ти век.

  • Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

    Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

    Дали некогаш сте биле во Сан Франциско? И да не сте биле, сигурно сте прочитале во некое списание, или пак гледајќи филм сте ги забележале прекрасните шарени куќи низ стрмните улици на овој град. Не залудно за многу луѓе, од секаква возраст, тој е еден од градовите од соништата. И додека сте се воодушевувале, макар и преку екраните, на неверојатната архитектура што ја има овој град, сигурно сте се запрашале од каде потекнува тој стил на изградба на куќи токму во Сан Франциско?rnАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиrnrnВикторијанскиот и Едвардијанскиот се најчесто користените термини кои ги опишуваат овие два периоди во архитектурата. Градбите во овој стил почнале да се градат во доцните години на 1800-тата, па сѐ до 50-тите години на 1900-тата. Имињата настанале затоа што во првиот период Кралицата Викторија владеела со Британската империја, а оние кои биле изградени подоцна го добиле второто име кога синот на Викторија, Едвард, го презел владетелството.rnrnАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиrnrnВикторијанските домови биле изградени со сите најмодерни елементи за тоа време. Нивен заштитен знак се тесните ходници и пастелните бои кои воодушевуваат. Главната идеја била да имаат изглед на свадбена торта, па поради тоа им се давале нежни бои. Некои од нив, иако тесни, имале и импровизирани паркинг места. Куќите шармирале со својот луксуз и уникатност. Како што времето изминувало, полека но сигурно, викторијанскиот стил станувал заштитен знак и урнек за изградба на секоја нова куќа во Сан Франциско.rnrnАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиrnrnДенес, постојат над 13.000 вакви куќи во самиот град, кои се одржуваат со љубов и минимално и претпазливо реновирање од страна на нивните сопственици. Најпознати од нив се „Обоените дами“ (Painted Ladies) кои се наоѓаат во близина на паркот Аламо Сквер и се вистинска атракција за туристите. Ниедна посета на Сан Франциско не е заокружена без посетата на овие најпознати Викторијанки на сите времиња, каде што покрај нивната убавина туристите уживаат и во прекрасниот поглед на градот кој се крие зад нив. Тие се доживување за секој љубител на архитектурата и викторијанскиот стил.rnrnАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиrnrnРазликуваме неколку видови на викторијански куќи, а „Обоените дами“ спаѓаат во групата Queen Anne (1880-1910) и би можеле да се наречат прабаби на викторијанската архитектура во Сан Франциско. Од овој стил најпознати кои подоцна еволуирале се Flat Front Italianate и Bay-Window Italianate, чија главна разлика е формата на прозорите односно градбите од првиот имаат рамни прозори, а оние од вториот, испакнати прозори во форма на шестаголник.rnrnАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиrnrnСан Франциско е еден од најубавите градови во Америка и светот. Почнувајќи од прекрасниот мост Голден Гејт, па сѐ до специфичната архитектура, градот има уникатен стил и убавина која го прави една од најпосакуваните дестинации. Иако градот го красат најразлични стилови, едно е сигурно, ниеден друг стил на архитектура не е ни блиску до викторијанскиот, чија историја и убавина се длабоко вгнездени во срцето на Сан Франциско.rn

    Автор: Сара Коваческа

  • Како навистина требало да изгледаат светски познатите градби?

    Како навистина требало да изгледаат светски познатите градби?

    Дали некогаш сте се запрашале која е идејата што се крие зад грандиозните споменици од минатото? Откријте како биле замислувани некои од најпознатите градби низ светот пред да се изградат, но и пред да се претворат во урнатини.rn

    1. Пирамидите во Гиза, Египет

    rn(1)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnОригинално, пирамидите во Египет биле покриени со блескав рефлектирачки слој направен од полиран варовник. Ова би ги направило навистина неверојатен и достоен симбол за големината на фараоните. Замислата била да се гледаат од планините на Израел, па дури и од небото. За жал, овој горен слој бил уништен од земјотрес во 1301 година. Можно е паднатиот материјал да бил искористен за реновирање на зградите во Каиро откако градот бил уништен од Арапите во 12-тиот век.rn

    2. Саграда Фамилија, Шпанија

    rn(2)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnИзградбата на оваа позната црква започнала во 1882 година. Според пресметките на нејзиниот креатор, Антони Гауди, градењето би траело 3-4 векови со користење на технологијата која била достапна во 19-тиот век. Со согласност од луѓето кои го менаџирале проектот, изградбата била финансирана исклучиво од донации, а ова е уште една причина зошто би било потребно толку долго време за изградба. Но, благодарение на денешната технологија, конструкцијата би требало да заврши до 2026 година, речиси 100 години од смртта на познатиот архитект.rn

    3. Колосеумот, Италија

    rn(3)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnПознатиот Колосеум бил изграден во 1-иот век, и веќе илјадници години подоцна ова архитектонско чудо сепак во голем дел си го задржало оригиналниот изглед. Во средината на 14-тиот век, дел од градбата се срушил поради силен земјотрес. После ова, Колосеумот се гледал како извор на градежен материјал за други градби. И покрај овие несреќни случајности, Колосеумот сè уште е чудо во архитектонскиот свет.rn

    4. Кулата Индија

    rn(4)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnКулата Индија е неверојатно висок облакодер кој треба да се изгради во Мумбај. Замислена е како втора највисока градба во светот, после Бурџ Калифа во Дубаи. Дури и Џорџо Армани работел на ентериерот. Но, во 2011 година изградбата е сопрена.rn

    5. Партенон, Грција

    rn(5)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnПартенонот е најпознатиот споменик кој останал од древниот свет. Овој храм е изграден од Грците во чест на божицата Атина и е дел од атинскиот Акропол. Зданието многу пати страдало од тирани, обиди за реконструкција, воени напади, пожари, па дури доживеало и трансформација во црква и џамија За жал, поголемиот дел од ова чудо денес е во урнатини.rn

    6. Бурџ Ал Алам, Обединети Арапски Емирати

    rn(6)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnОва е уште еден многу висок облакодер од околу 510 метри и има форма на кристален цвет. Изградбата требало да заврши во 2009 година, но поради глобалната економска криза крајниот рок бил продолжен. Во 2013 година проектот е целосно напуштен.rn

    7. Кулата Јунити, Полска

    rn(7)kako-navistina-trebalo-da-izgledaad-svetski-poznatite-gradbi-kafepauza.mkrnrnОваа градба била замислена како регионална канцеларија за Полското здружение на инженери. Изградбата започнала во 1975 година, но поради економски проблеми работата била во застој 6 години. Денес е одлучено целосно реновирање на објектот со цел да се претвори во елитна станбена зграда.rnrnПогледнете и кои се најпознатите градби ширум светот.

  • Најголемите туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

    Најголемите туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

    Дали знаете кои се најимпозантните градби во светот, кои со текот на времето станале симболи на градовите и земјите во кои се наоѓаат? Откријте некои од највисоките, најдолгите или најскапите објекти кои постојат ширум светот и кои и до ден денес привлекуваат туристи од сите краишта.rn

    1. Колосеум (Рим)

    rnНајголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светотrnrnКолосеумот е најголемиот амфитеатар во светот кој може да собере и до 50.000 посетители. Тој е висок 48 метри, а завршен е во 80-тата година во новата ера. Тогаш царот Тит Флавиј Веспазијан во чест на отворањето на Колосеумот организирал две поморски борби.rn

    2. Кеопсовата пирамида во Гиза (Египет)

    rnНајголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светотrnrnОваа градба е позната и како Големата пирамида, а се претпоставува дека е завршена околу 2.560 години пред нашата ера. Таа таа била висока 147 метри и повеќе од 3.800 години важела за највисоката градба во светот. За да се изгради оваа структура тешка 5.75 милиони тона, биле потребни околу 2,3 милиони камени блокови.rn

    3. Сиднејската опера (Сиднеј)

    rnНајголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светотrnrnКога архитектот се пријавил на конкурсот за дизајнирање на оперската куќа, тој до тогаш никогаш не го посетил тоа место. Сиднејската опера е завршена во 1943 година, а нејзината должина е 185 метри. Секоја година таа е осветлена од 15.500 сијалици.rn

    4. Таџ Махал (Агра)

    rnНајголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светотrnrnКога могулскиот цар Шах Џахан ја изгубил својата омилена сопруга додека на свет го донесувала нивното четиринаесетто дете, тој ѝ го изградил овој неверојатен мавзолеј висок 73 метри. За денес Таџ Махал да се заштити од загадување, околу него е дефинирано подрачје од околу 10.400 квадратни километри.rn

    5. Статуа на слободата (Њујорк)

    rnНајголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светотrnrnСтатуата на слободата е еден од симболите на САД, која е висока 93 метри, а нејзината изградба е завршена во 1886 година. Франција ѝ ја подарила оваа статуа на Америка точно 100 години по американската декларација на независност. Се проценува дека Статуата на слободата е погодена од 600 молњи секоја година откако е изградена.

  • Најнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативци

    Најнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативци

    Дали отсекогаш ве фасцинирале злобните ликови од книгите и филмовите поради некоја необјаснива причина? Дали понекогаш длабоко во себе навивате тие да победат, а не хероите? Сосема разбирливо! Суровите негативци секогаш носат многу интересна облека, кажуваат досетливи саркастични шеги, имаат кул направи и апарати, супермоќи, а понекогаш се и неверојатно шармантни и харизматични благодарение на нивната неизмерна самодоверба. Сигурно барем еднаш сте се обиделе да го имитирате нивното злобно смеење!rnrn

    Најнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативци
    „Кула-лавиринт“ во Дубаи
    rnrnПокрај сето ова, злобните негативци секогаш живеат во необични засолништа кои воодушевуваат со нивната уникатна градба. Но, овие засолништа не постојат само во нереалниот свет на филмовите и книгите, туку можете да ги најдете насекаде ширум светот! Дури и да не сте негативец кој планира како да завладее со светот, следниве згради со неверојатен дизајн сигурно многу ќе ви се допаднат. Погледнете ги овие чудни згради кои навистина изгледаат како седишта на злобни негативци…rn

    Градското собрание во Филаделфија, САД

    rnНајнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативциrn

    Бузлуџа, Бугарија

    rnНајнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативциrn

    Кулата Маханакон во Бангкок, Тајланд

    rnНајнеобичните згради во светот кои изгледаат како седишта на злобни негативциrnrnПродолжете на втората страница за повеќе уникатни градби…rnrn

  • 13-те најнеобични и највоодушевувачки фонтани во светот

    13-те најнеобични и највоодушевувачки фонтани во светот

    Архитектурата е навистина фасцинантен жанр на уметноста. Вистинските љубители можат со часови да разговараат за необичните згради, неверојатните мостови, восхитувачките скулптури, за стиловите кои тие ги претставуваат и историските периоди од кои потекнуваат. Покрај сите тие архитектонски чуда, едни од најинтересните и најпривлечните градби се и грандиозните фонтани. Во продолжение погледнете ги највоодушевувачките фонтани во светот кои сигурно нема да ве остават рамнодушни и ќе ве натераат да посакате да ги видите и со свои очи.rnrn

    Фонтаната Металморфозно огледало во С.А.Д.
    Фонтаната Металморфозно огледало во С.А.Д.
    rnrn

  • Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Драматичниот раст на популарноста на Хрватска како туристичка дестинација се должи на раскошното Далматинско крајбрежје, прекрасниот национален парк Плитвички Езера и сцените од малото телевизиско шоу за кое веројатно сте слушнале – „Игра на тронови“. Како и да е, остатоците од римските градби во Хрватска и сами се доволна причина да го посетите Јадранското море.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Арената во Пула е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри
    rnrnРимската империја владеела со територијата на денешна Хрватска повеќе од 5 века, а сепак некој ќе се изненади од фактот дека шестиот најголем римски амфитеатар и еден од најдобро сочуваните, се наоѓа во Хрватска, а не во Италија.rnrn
    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Меѓународниот филмски фестивал се одржува во арената во Пула
    rn

    Пула

    rnАрената во Пула, која некогаш собирала и до 20.000 гледачи, денес сѐ уште се користи како место за организирање настани како Филмскиот фестивал во Пула и натпревари во хокеј на мраз.rnrnХрамот на Август во Пула, лоциран во Форумот, во центарот на Стариот град, бил уништен од бомбардирањето во 1944 година, но бил реставриран во неговиот стар сјај и сега во него има антички бронзени и камени статуи.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Храмот на Август во Пула
    rn

    Сплит

    rnСтариот град во Сплит бил изграден помеѓу 3-от и 4-от век и е поставен околу Палатата на Диоклецијан. Таа е направена од песочен камен донесен од блискиот остров Брач, истиот камен кој подоцна се користел во изградбата на Белата Куќа. Тие што ја гледаат, ќе се сетат на ова место од ТВ серијата „Игра на тронови“.rnrnГрадбата која е заштитена како дел од светското културно наследство на УНЕСКО вклучува 220 згради во рамки на палатата, кои денес се претворени во кафе барови, ресторани и хотели. Исто така денес во овие згради живеат околу 3.000 луѓе. Кој не би сакал да помине една вечер во античка римска палата?rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Диоклецијановата палата во Сплит
    rn

    Салона

    rnАнтичкиот град Салона е сместен во малото село Солин, оддалечено само 5 километри од Сплит. Градот некогаш претставувал политички центар за време на владеењето на императорот Диоклецијан. Посетителите можат да уживаат во убавините на покриениот акведукт и манастирот од 1-от век. Ова е прекрасно место за пикник во природа, а кога сте веќе таму побарајте див аспарагус.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Остатоци од античкиот град Салона

  • 7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    Сите знаеме за познатите светски атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот Ѕид или Таџ Махал. Но постојат и други, грандиозни, антички градби за кои не слушнале ниту најстрасните авантуристи. Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето на веб-сајтот „Quora“ во кое тие побарале од читателите да наведат некое помалку познато архитектонско чудо во светот.rn

    Големата џамија во Џене, Мали

    rnrnrnГолемата џамија во Џене е стара повеќе од 100 години и претставува најголемата градба во светот изработена од глинени тули. Во 1988 година беше вклучена на листата на Светски наследства на УНЕСКО, како дел од стариот град Џене. Во моментов џамијата е затворена за туристи. Се претпоставува дека вакви мерки се преземени во 1996 година, откако во џамијата имало фотосесија за модното списание Вог.rn

    Чанд Баори, Индија

    rnrnrnЧанд Баори, лоциран во малото индиско село Абанери, претставува едно од најстари и најдлабоки простории со скалила во светот. Џиновската структура претставува превртена пирамида, која под земја се спушта 30 метри. Има 3 ѕидови на кои има 3.500 тесни скали, наместени во совршена симетрија, кои водат до мало, зеленикаво езеро. Научниците сѐ уште не можат точно да откријат дали оваа градба била изградена помеѓу деветтиот и единаесеттиот век или 600 години пред нашата ера.rn

    Палатата на Парламентот, Романија

    rnrnrnЕдно од најпознатите обележја во Букурешт било изградено во времето на Социјалистичка Романија. Оваа палата се смета за најголемата и најскапата административна зграда во светот. Ова неокласично чудо има 12 ката (и 8 дополнителни ката под земја) и 3.100 соби, со вкупна површина од 330.000 метри квадратни.rn

    Стариот мост, Босна и Херцеговина

    rnrnrnПешачкиот мост над реката Неретва во Мостар, е модерна копија на стариот мост кој бил уништен во воениот конфликт во 1993 година. Стариот мост станал дел од листата на Светски наследства на УНЕСКО во 2005. Скоковите од мостот во ладните води на Неретва претставуваат традиционална забава за туристи.rn

    Тврдината Кумбалгар, Индија

    rnrnrnТврдината Кумбалгар е опкружена со ѕид, кој во старите времиња бил познат како „Чувар на Смртта“ или „Окото на Мевар“. Ѕидот се протега на 36 километри, а на некои места достигнува висина и до 8 метри. За изградба на оваа тврдина биле потребни сто години, од петнаесеттиот до шеснаесеттиот век. И покрај многуте војни, Големиот Ѕид од Индија никогаш не бил значително оштетен или предаден на непријателите.rn

    Џамијата Шеик Лутфула, Иран

    rnrnrnОва архитектонското ремек-дело на сафавидската иранска архитектура, било изградено помеѓу 1602 и 1619 година. Џамијата е елегантна, но крајно невообичаена градба од неколку причини. Оваа џамија нема минариња ниту двор, веројатно поради фактот што не била наменета да биде отворена за јавноста, туку да служи како место за молење на жените од харемот.rn

    Тврдината Деравар, Пакистан

    rnrnrnМонументалната, квадратна структура во Деравар била изградена во 1733 година. Тврдината се состои од 40 бедеми, кои никнуваат од пакистанската пустина. Вкупниот обем на ѕидовите изнесува 1.500 метри, а високи се 30 метри. Дури и многу од локалните жители не знаат за нејзиното постоење.rnrnВо продолжение погледнете повеќе фотографии од овие неверојатни места ширум светот…rnrn

  • 12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    Планетата Земја е преполна со тајни и мистерии, а некои од нив можеби никогаш нема да бидат разрешени.rn

    1. Саксајваман

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие составени камења и карпи се наоѓаат во близина на Перу и совршено добро се вклопуваат без малтер, што е невозможно нешто да се стави помеѓу нив.rn

    2. Пештерите Лонгјоу

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие пештери направени од човечка рака се пронајдени во близина на Кина и сѐ уште претставуваат вистинска мистерија. Се претпоставува дека датираат од пред династијата Квин (212 година п.н.е.), но нема податоци за нив. Зошто некој сакал да го скрие нивното постоење?rn

    3. Војничeвиот ракопис

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМистерија која останува нерешена до ден-денес, со многу теории во врска со тоа на кој јазик е напишана. Во 2014-та, две различни групи изнесле две тврдења дека ја решиле мистеријата. Единствениот проблем било што двете решенија целосно се разликувале едно од друго. Едните верувале дека тоа е мексикански дијалект, додека другите мислеле дека тоа е кодиран азиски јазик.rn

    4. Портата на сонцето

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnИсто како Стоунхенџ, и Портата на сонцето е камена структура која останала нерешена тајна до денешен ден. Се наоѓа во околината на Боливија, каде се верува дека живееле првите луѓе на планетата. Се претпоставува дека написите кои се врежани во плочите се всушност од голема астролошка и астрономска важност.rn

    5. Гобекли тепе

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва место, кое е пронајдено на врвот на планинскиот гребен во Турција, многу придонело за човековото разбирање за развојот на древните обичаи. Храмот е изграден пред да биде изграден градот околу него, а тоа покажува колку е ценета религијата на оние кои тука се населувале.rn

    6. Споменикот од Јонагуни

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnСѐ уште трае дебатата за тоа дали оваа огромна подводна структура е направена од човекот или е природно формирана. Споменикот се наоѓа на крајбрежјето на островот Јонагуни во Јапонија и содржи рамни рабови како и агли од 90 степени.rn

    7. Ливадите Лонсо

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва наоѓалиште старо 1.000 години, кое се наоѓа на Њуфаундленд во Канада, докажува дека Викинзите стигнале до Северна Америка многу порано од Кристофер Колумбо.rn

    8. Тунелите од камено време

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОваа огромна мрежа на подземни тунели која се простира ширум Европа, од Шкотска до Турција, е направена целосно од човекот и датира од каменото време. Остануваат прашањата за тоа како било возможно да се изгради толку обемен систем во тоа време.rn

    9. Птицата моа од планинскиот венец Овен

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМоа е птица чија врста изумрела пред околу 500 години, па било голем шок кога истражувачите пронашле зачувана канџа од една ваква птица во пештерата на планината Овен во Нов Зеланд, која датира од пред 3.000 години.rn

    10. Мохенџо Даро

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМохенџо Даро се наоѓа во Пакистан и преставува најраната градска населба со знаци на градско планирање, социјални организации и системи за сушење. Се проценува дека на ова подрачје живеле 40.000 луѓе.rn

    11. Недовршениот обелиск

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвој обелиск е изрезбан директно на камен, но кога се појавиле пукнатини во гранитот, изградбата на обелискот е напуштена. Се наоѓа во Египет и можете да видите колку е голем во споредба со малите човечки фигури.rn

    12. Топките во Костарика

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnПостојат стотина гранодиоритни топки низ цела Костарика кои се различни по големина и варираат од многу мали (3-4 см) до прилично големи (3 м). Археолозите до ден-денес немаат никаква идеја што претставуваат овие топки.

  • Најубавите градби изградени околу дрвја

    Најубавите градби изградени околу дрвја

    Во свет во кој сѐ почесто сведочиме на уништување на природата, навистина е реткост да се види како некои луѓе, не само што решиле да ја зачуваат, туку и декоративно ја искористиле при градење на своите домови.rnrn(22)-najubavite-gradbi-izgradeni-okolu-drvja-kafepauza.mkrnrnСопствениците и архитектите на овие градби нашле креативно решение за проблемот со постоење на дрво на местото каде сакале да градат. Иако многу други на нивно место би решиле да ги исечат дрвјата, тие избрале да градат околу нив, а резултатите се неверојатни. Спојот на природа и генијална архитектура кој ќе го видите на следните фотографии сигурно ќе ви го одземе здивот.rnrn