КАФЕ ПАУЗА

Tag: глума

  • Знаци што откриваат дали жената доживеала оргазам

    Знаци што откриваат дали жената доживеала оргазам

    Повеќето луѓе ќе се согласат дека глумењето оргазам е глупост од која никој нема корист затоа што партнерот нема да знае дека не ја задоволил партнерката, а партнерката што ќе одглуми ги намалува шансите следниот пат да доживее оргазам со истиот партнер.rnrnЗнаци што откриваат дали жената доживеала оргазамrnrnОколу 30% од жените редовно стигнуваат до врвот, а останатите 70% доживуваат оргазам многу поретко – приближно на секој петти сексуален однос, а дури 15% од нив откриваат дека никогаш не доживеале оргазам или само еднаш до двапати во целиот свој живот.rnrnСепак, истражувањата покажуваат дека повеќе од 90% од жените во одреден момент одглумиле оргазам само за да не го повредат партнерот. Ова нема да звучи толку необично ако се спомене фактот дека околу 20% од мажите веруваат дека се многу добри љубовници, така што нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не ја задоволат и таа да ги излаже.rn

    Здивот и тишината откриваат дали жената доживеала оргазам

    rnЈасни знаци на оргазам се грчевите во мускулите, најчесто на вагиналните, што предизвикува чувство како вагината да е потесна. Исто така, може да се појават грчеви во нозете.rnrnНејзиниот здив станува пократок, а воздишките погласни, но откако ќе го достигне врвот, нејзините воздишки ќе прекинат бидејќи ќе ѝ бидат потребни барем неколку секунди за да си дојде на себе. По оргазмот, поради зголеменото ниво на некои хормони, голем број жени имаат црвенило над градите каде што кожата е најтенка.rn

    Тоа што глуми не значи дека не ужива во сексот

    rnИстражувањата покажуваат дека жените имаат најголема активност во центрите за задоволство во мозокот за време на сексот или додека се на пат кон оргазмот, а непосредно пред да го достигнат врвот, активноста одеднаш опаѓа. Од друга страна, кај мажите, активноста во овие делови на мозокот е најголема за време на самата ејакулација.rnrnПоточно, повеќе од две третини од жените барем еднаш одглумиле оргазам, а 30% го прават тоа редовно, најчесто добронамерно. Според нив, глумењето оргазам го прави сексот попријатен и за нив, а не само за партнерот.rn

    Жените глумат заради партнерот

    rnОколу 75% од жените признаваат дека одглумиле оргазам со стенкање или со некои други слични постапки само затоа што нивниот партнер ни малку не се потрудил да ги доведе до врвот.rnrnЕдна четвртина од жените глумат дека доживеале оргазам само за сексот да заврши порано бидејќи трае премногу долго или затоа што е монотон и тие чувствуваат дека нема да го достигнат врвот.rnrnСамо 1% од жените глумат оргазам од алтруистички причини затоа што не сакаат да ги повредат чувствата на партнерот. Тие се свесни дека вистината може да создаде притисок што ќе предизвика сексот да биде помалку задоволувачки и за неа и за него.rn

    Единствената причина што нема никаква врска со партнерот

    rnСтравот и несигурноста се причините поради кои жените кои не се чувствуваат добро во своето тело, а со тоа се оправдуваат и жените што имаат помала самодоверба, недостаток на сексуално искуство или оние што сметаат дека нешто не е во ред со нив затоа што не можат да доживеат оргазам. Тоа е причината за глумење оргазам кај една третина од жените.rnrnПрочитајте ги овие 12 совети од познат гинеколог за најдоброто сексуално искуство.

  • Провокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнер

    Провокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнер

    Понекогаш доволно е само малку глумење со цел да се постигнат неверојатни резултати во креветот. Кога излегувате од рамките на личноста која сте и преземате сосема нов идентитет, вие едноставно се ослободувате од стегите кои сте си ги поставиле и станувате многу похрабри во сексот. Па, доколку ви е потребно мало разгорување на страстите помеѓу вас и вашиот партнер, тогаш овие игри на улоги без сомнение ќе ви помогнат да ја остварите оваа цел!rnrnПровокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнерrn

    Големиот, лош шеф и кроткиот вработен

    rnВие отсекогаш сте имале симпатии кон вашиот силен и моќен шеф, но премногу сте професионални за да ги преминете граници. И тоа не се менува сè додека една вечер не испиете премногу чашки алкохол на празничната забава во канцеларијата. Одеднаш, двајцата се наоѓате сами во канцеларијата на вашиот шеф и знаете дека не треба да направите ништо, но сепак тој е премногу убедлив во својата намера да ве освои и едноставно му се предавате!rn

    Полицаецот и криминалецот

    rnСигурно во последно време невнимателно сте возеле низ градот, воопшто не грижејќи се за полицијата. Тоа се случува бидејќи вие сте добро познат криминалец, кој едноставно сака да биде фатен и изведен пред правдата. Вие сте подготвени да ја научите лекцијата за вашите грешки. Одеднаш ве сопира најсекси полицаецот кој некогаш сте го виделе и пред да забележите, вашите соништа се оствариле – вие сте со лисици на рацете, на задното седиште од полицискиот автомобил.rn

    Двајца странци

    rnИ двајцата седите на шанкот во бар, убаво облечени. Вие пиете вино, а личноста до вас виски. Можеби од страна изгледа совршено, но никој не забележува дека сте тажни затоа што личноста со која всушност требало да се сретнете ве извисила. Како што бесцелно гледате во празната чаша вино, одеднаш почнувате да чувствувате рака на вашето рамо. Кој е тоа? Тотален странец. Но, поради некоја необјаснива причина, има неверојатна поврзаност помеѓу вас двајца… Вие немате навика да се вратите во вашиот дом со личност чие име не го знаете, но овој пат едноставно не сте можеле да издржите…rn

    Професорот и студентот

    rnВие сте професор и знаете дека не смеете да ја набљудувате жешката и секси студентка со големите очила бидејќи тоа е против правилата. Но, зарем не ви изгледа како таа да останува по завршувањето на предавањето повеќе од останатите? Како да сака да ви каже дека би останала уште повеќе, доколку го побарате тоа од неа.rn

    Мајсторот и богатата домаќинка

    rnАх, лавабото едноставно не престанува да капе. Тоа е толку голем проблем за зафатена домаќинка како вас! Вие едноставно не можете да поднесете хаос во домот за кој толку многу се грижите. Токму затоа и во паника се јавувате на мајстор, кој брзо потоа заѕвонува на вашата врата. Вие обожавате маж во униформа, нели? Изгледа не му требало само на лавабото поправање…rn

    Личниот тренер и клиентот

    rnВие се обидувате да правите склекови, додека вашиот лут и фрустриран тренер едноставно ви се дере со цел да ве мотивира да не престанете, притоа не верувајќи дека не можете ниту 10 повторувања од оваа вежба да направите. Но, склековите не се единствените вежби кои можат да ви помогнат да ја одржите формата, се согласувате? Вашиот личен тренер е тука за да се погрижи да вежбате, без разлика на начинот или методот.rn

    Војникот и надредениот

    rnНеговата задача е да ви дава наредби, а вие да ги слушате. Едноставно немате ниту време, ниту простор да се двоумите за неговите барање, бидејќи постојат толку многу нешта кои зависат од вашето извршување на должноста, па токму затоа и слепо ги следите сите наредби кои излегуваат од неговата уста.

  • 5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

    5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерство

    Доколку отсекогаш сте сакале да се запишете на курс по актерство, но сте се двоумеле, еве ги причините што ќе ве натераат уште веднаш да го направите тоа и да си ја остварите желбата.rn

    1. Посамоуверена комуникација

    rn5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерствоrnrnАко во секојдневната комуникација настапувате плашливо, несигурно и неразбирливо, тогаш курсот по актерство е она што ви е потребно. Актерите се луѓе со неверојатна дикција и способност за добар разговор. Ќе откриете како да се изразувате на начин кој ќе биде разбирлив, смирен, а сепак доминантен. Ќе експериментирате со гласот и ќе станете многу посамоуверени во комуникацијата воопшто.rn

    2. Чувство на удобност во сопственото тело

    rn5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерствоrnrnТреперењето, несигурноста во сопственото тело, згрченоста – се само дел од работите што кај себе може да ги надминете, доколку соберете храброст да се појавите на ваков курс. Актерите, исто така, често применуваат јога, медитација и специјални техники на дишење, кои во голем дел ќе ви помогнат во решавањето на стравовите и постепеното засакување на сопственото тело, со цел за поефективен и подобар настап.rn

    3. Намалување на стресот и напнатоста преку креативно изразување

    rn5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерствоrnrnЧасовите по актерство се добри бидејќи таму ќе можете да си дадете оддишка на сите заробени, неискажани чувства, што ви создаваат стрес и напнатост. Во некои од сцените што треба да се одглумат, ќе треба да покажете очај, тага, бес, љубов, копнеж… Можеби ова не е лесно за почетници, но секако, како поминува времето ќе се чувствувате сè поспособни. Обично, се дава одреден монолог, на кој ќе можете да покажете сè што знаете и умеете.rn

    4. Прифаќање на сопствената ранливост

    rn5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерствоrnrnСе чувствувате инхибирано и срамежливо? Настапот на сцена и глумењето пред непознати луѓе, ќе ви помогне да ги надминете тие инхибиции. На пример, глумењето на љубовна сцена, ќе направи полесно и поотворено да ги искажувате чувствата и пред вистинскиот партнер/ка.rn

    5. Запознавање нови луѓе во позитивна, динамична и забавна средина

    rn5 интересни причини зошто да се запишете на курс по актерствоrnrnНа часовите по актерство ќе запознаете многу нови луѓе на различна возраст и интересни ставови. Бидејќи со нив заедно ќе работите на комуникацијата, емоциите, говорот на телото, многу веројатно е дека побрзо и полесно ќе се зближите. Ќе изградите нови пријателства, на кои некогаш со гордост ќе се сеќавате.rnrnПа, што чекате? Се надеваме дека причините доволно ве заинтригираа и во вас ја разбудија желбата за остварување на сопствениот актерски сон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куче се преправа дека го погодило куршум

    Куче се преправа дека го погодило куршум

    Кучево слободно може да им одржи час по глума на многу холивудски актери, кои не знаат како да паднат кога ќе ги погодат со куршум во филм. Тоа дефинитивно знае како правилно треба да се заврши работата! :Drn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Легендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актерки

    Легендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актерки

    Добро познато е дека успехот на филмот во голема мера зависи од изборот на актерите, па така често ни се случува едноставно да не можеме да замислиме некој друг да глуми некоја улога затоа што актерот толку добро се поврзал со карактерот. Голем број од глумците кои добро „продале“ некоја улога цел живот остануваат запаметени по неа.rnrnПа така кога ќе се сетите на легендарниот филм „Клеопатра“ прво пред очи ви излегува ликот на Елизабет Тејлор, исто како што не можете да замислите некој друг на местото на Марлон Брандо во „Кум“. Следат неколку интересни женски карактери од познати филмови кои би можеле да бидат глумени од други актерки и во тој случај би биле многу поразлични.rn
    rn

    1. Бритни Сприс како Али Хамилтон во „The notebook“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиСакајќи да ја искористат нејзината база на фанови, луѓето зад оваа ултрапопуларна љубовна драма размислувале токму Бритни Спирс да ја глуми милата Али Хамилтон. Среќа, се одлучиле за Рејчел Мекадамс која улогата ја долови феноменално, а и хемијата меѓу неа и Рајан Гослинг е неоспорна. Реално, можете ли да замислите некоја друга на нејзиното место?rn
    rn

    2. Сара Мишел Гелар како Шер Хоровитц во „Clueless“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиПрвиот избор за улогата на размазената Шер паднал токму на Сара, но холивудската историја е поинаква само поради лоша проценка во датумите. Наводно, снимањето на филмот се поклопувало со снимањата на „All my children“ и само поради ова Сара ја одбила улогата. Иако физички и не се премногу различни со Алиша Силверстон, сепак имаат различна хемија пред камерите, па „Clueless“ со Сара Мишел Гелар би изгледал многу поинаку.rn
    rn

    3. Моли Рингвалд како Вивиан Вард во „Pretty woman“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиУлогата која го поплочи патот кон ѕвездите за Џулија Робертс првично ѝ била понудена на Моли, но не ја прифатила. А и да бидеме реални, Џулија во овој филм е едноставно незаменлива.rn
    rn

    4. Гвинет Палтроу како Роуз Девит Букaтер во „Titanic“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиПрвиот избор на Џејмс Камерон за оваа легендарна улога всушност била Гвинет Палтроу, но актерката го одбила велејќи дека улогата едноставно не е за неа. Вљубениците во филмот велат дека Гвинет никогаш не би ја остварила хемијата која ја долови Кејт Винслет со Леонардо Дикаприо. Што мислите вие?rn
    rn

    5. Мерлин Монро како Холи Голајтли во „Breakfast at Tiffany’s“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиБи можеле ли да замислите некој друг освен Одри Хепберн како стои пред излогот на Тифани облечена во еден од најпопуларните фустани на сите времиња? Всушност единствената личност која би можела да ја замени е незаборавната Мерлин Монро која наводно била инспирација за книгата „Појадок кај Тифани“. Труман Капоте има изјавено дека кога ја пишувал книгата ја замислувал Монро, па дури и сценариото за филмот било скроено токму како за неа. Мерлин ја одбила улогата поради нејзиниот професор по глума кој ја убедил дека глумењето проститутка би било лошо за нејзиниот имиџ.rn
    rn

    6. Дајана Рос како Рејчел Марон во „The bodyguard“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиПрвичното сценарио за филмот било напишано во 1975 година, а филмот бил снимен дури во 1992 година поради бројните неуспешни обиди за снимање и менувањето на екипата. Една од можните комбинации биле Дајана Рос и Стив Мекквин во главните улоги.rn
    rn

    7. Натали Портман како Јулија во „Romeo + Juliet“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиСнимањата започнале со Натали Портман во главната улога, но дури откако ги виделе заедно со Леонардо Дикаприо на сцена, сфатиле дека разликата во години е премногу забележлива. Режисерот Лурман дури и изјавил дека Натали би била совршена за улогата, но изгледала премногу ситна и малечка за нејзини години, па како резултат на тоа Лео делувал постаро отколку што бил.rn
    rn

    8. Дру Баримор како Номи Малон во „Showgirls“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиДру ја одбила улогата поради голотијата предвидена во сценариото, а со оглед на фактот дека Елизабет Баркли не успеа да се пробие во некои поголеми холивудски проекти после филмот, можеби Дру ја донела вистинската одлука.rn
    rn

    9. Шарлиз Терон како Рокси Харт во „Chicago“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиНиколас Хајтнер ѝ ја доделил оваа улога на Шарлиз, но кога си заминал од проектот Роб Маршал, новиот режисер ја натерал повторно да дојде на аудиција. Очигледно на Роб не му се допаднало она што Шарлиз го понудила зашто сите добро знаеме дека оваа феноменална улога ѝ припадна на Рене Зелвегер.rn
    rn

    10. Ема Томпсон како Катрин Трамел во „Basic instinct“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиТешко дека некоја друга актерка би одглумела некои од сцените онака како што го направи тоа Шерон Стоун, а многумина се согласуваат и дека токму нејзината улога го прави целиот филм. Самата Ема години подоцна има изјавено дека никогаш не би била толку добра во „Основен инстинкт“ како Шерон.rn
    rn

    11. Мишел Фајфер како Кларис Старлинг во „The silence of the lambs“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиМишел ја одбила улогата поради премногу насилната содржина на филмот, но со оглед на огромниот талент сигурно би била исто толку добра колку Џоди Фостер.rn
    rn

    12. Џулија Робертс како Виола Делесепс во „Shakespeare in love“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиПрвичниот избор за улогата на Виола паднал на Џулија и најверојатно овој филм денес ќе се наоѓаше во нејзината биографија да не се откажел Даниел Деј Луис од улогата на Шекспир.rn
    rn

    13. Риси Витерспун како Сидни Прескот во „Scream“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиОткако Дру Баримор била приморана да ја одбие улогата поради проблеми со датумите на снимањата, улогата во „Врисок“ ѝ била понудена на Риси, но не ја прифатила.rn
    rn

    14. Хали Бери како Ени Портер во „Speed“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиХали ја одбила улогата, која Сандра Булок ја направи ѕвезда.rn
    rn

    15. Ширли Темпл како Дороти Гејл во „The wizard of Oz“

    rnЛегендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актеркиШирли била навистина голема ѕвезда во тоа време и секако дека MGM пробале да ја „позајмат“ од 20th Century Fox (Ширли имала потпишано договор со нив), но преговорите пропаднале и Џуди Гарланд ја добила улогата.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • „Лонг Бранч“ – одлична романтична комедија склопена во 12 минути

    „Лонг Бранч“ – одлична романтична комедија склопена во 12 минути

    Предоцна е за враќање назад…

    rnСодржина: „Long Branch“ е краток романтичен филм, во кој се работи за една девојка по име Лин, која едноставно сака да има секс за една вечер. Но, работите се усложнуваат кога дознава дека Греј, момчето коешто го „собира“ од улица за да имаат секс, ѝ вели дека живее во далечното соседство Лонг Бранч во Канада, кое е оддалечено минимум 2 часа возење со јавен превоз. Навидум приказната се состои во нивното долго патување, сѐ со цел да стигнат кај Греј дома и да имаат еден безначаен секс и никогаш повеќе да не се сретнат. Но, многу работи можат да се случат за 2 часа…rnrnrnrnКритика: наместо досадна, клише романтична приказна, режисерите и креатори на филмот Дејн Кларк и Линзи Стјуарт, нè воведуваат во една поинаква љубовна перспектива, која истовремено е свежа и уникатна. Актерите внесуваат реалистичност и човечност во нивните улоги, што на крајот од 12-те минути, чувствуваме како вистински да ги познаваме нивните карактери.rnrn„Лонг Бранч“ - одлична романтична комедија склопена во 12 минутиrnrnМожеби тоа е резултат и на автентичност која се крие зад приказната во филмот. Една вечер, на забава режисерите почнале да се бакнуваат и потоа Дејн ја повикал Лин, да дојде кај него дома. Но, откако дознала дека тој живее во Лонг Бранч, се откажала од идејата. Нивниот заеднички филм е всушност одговор на прашањето „Што ќе се случеше, доколку…“, односно претставува замисла за она што нивната вечер можела да биде, доколку таа кажела „да“. Одговорот на нивното прашање е забавно филмче, со одлични дијалози и фантастичен актерски перформанс.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога славните глумат историски личности

    Кога славните глумат историски личности

    Можете ли да ја замислите Линдзи Лохан во улогата на Елизабет Тејлор или Ештон Кучер во улогата на Стив Џобс? А дали знаевте дека ликот на Боб Дилан ќе го толкува актерката Кејт Бланшет?rnrn

    Кога славните глумат историски личности
    Џулијан Мур како Сара Пејлин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Вал Килмер како Џим Морисон
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Леонардо ди Каприо како Едгар Хувер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мишел Вилијамс како Мерлин Монро
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Роберт Дауни Џуниор како Чарли Чаплин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Гери Олдман како Сид Вишос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Хилари Свонк како Амелија Ерхарт
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Виго Мортенсен како Зигмунд Фројд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Џулија Чајлд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Даниел де Луис и Бенџамин Вокер како Абрахам Линколн
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Џаред Лето како Марк Дејвид Чепман
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Андре 3000 како Џими Хендрикс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Маргарет Тачер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ештон Кучер како Стив Џобс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Филип Симор Хофман како Труман Капоте
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Чарлиз Терон како Ејлин Ворнос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Дензел Вашингтон како Малколм Икс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Кејт Бланшет како Боб Дилан
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Челичната дама (The Iron Lady)

    Челичната дама (The Iron Lady)

    Автор: Симона РистоскаrnrnКоја е цената што треба да ја плати интелигентна и амбициозна жена во време во кое владеат мажите, уште повеќе, во светот на политиката?rnrnЧеличната дама (The Iron Lady)Режија: Филида ЛојдrnrnСценарио: Аби МорганrnrnУлоги: Мерил Стрип, Џим Броудбент, Александра Роуч, Ричард Е. Грант…rnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, биографијаrnrnПремиера: 13 јануари 2012rnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnВаша оценка: [ratings]
    rnrn


    Оваа прекрасна, интимна приказна за животот на првата претседателка на Конзервативната партија и првата претседателка на Владата на Велика Британија, не може, а да не ве остави без зборови.  Приказна за неверојатната упорност и амбициозност на жената која не потклекна пред социјалните и полови бариери и остави свој траг во историјата. rnrnФилмот ја следи нејзината борба за успех, непоколебливата верба во себеси  и патот што треба да го изоди една ќерка на трговец, за да дојде на позиција на првата жена премиер во Велика Британија и таму да остане цели 11 години.


    rn

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Приказна: Според голем дел од критичарите, освен беспрекорната глума на Мерил Стрип, филмот ја губи својата насока и не ѝ оддава доволно почит на самата Маргарет Тачер. Наводно, целата приказна се врти околу Маргарет, која веќе е во поизминати години и за жал страда од деменција, па токму поради тоа нејзините сеќавања врз кои се гради филмот се измешани и му додаваат некоја доза на конфузија. Но, од друга страна, токму тие сеќавања и халуцинации со веќе починатиот маж, даваат чувство за тоа со каква грижа на совест Маргарет се соочувала целиот свој живот, како успешна жена која поголем дел од времето го поминувала во канцеларија поради своите обврски, а не со своето семејство.Челичната дама (The Iron Lady)Иако поголем дел од критиките се однесуваат на недоволното време посветено на сите настани што се случувале во Велика Британија за време на владеењето на Тачер, сепак токму тоа остава доволно време за оние моменти на цврстина и одлучност кога Маргарет ја открива пред светот Челичната дама. Тука се и моментите од младоста на Маргарет, кога со воодушевување го следи говорот на нејзиниот татко, кој толку силно се одразува на нејзиниот карактер и одлучност за припаѓање во Конзервативната партија, па сè до понудата за брак од Денис Тачер кога го предупредува дека не е создадена за да го помине животот во кујната.rn
    rn

    „Нема да умрам миејќи шолји“

    rnЧеличната дама (The Iron Lady)Особено интересни моменти се деловите на формирањето на имиџот на Тачер, сè она што морала да го промени кај себе за да стане подопадлива во очите на јавноста. Како се калеше Челичната дама е дефинитивно дел од филмот кој ја надополнува целата слика за посветеноста на Магарет на своите амбиции.rnrnГлума: Мерил Стрип толку добро си ја има завршено работата, што поголем дел од времето заборавате кој всушност се крие зад маската, а најверојатно и поради тоа филмот го доби целосно заслужениот Оскар за најдобра шминка. Самата актерка има изјавено дека со месеци ги следела говорите и јавните појавувања на Маргарет Тачер со цел што подобро да ги совлада нејзините гестови, движења и начин на зборување. На едната страна имаме цврста и непопустлива дама, а од другата, жена која сака своите последни години да ги помине во мир, но не може поради постојаните присеќавања на сите големи одлуки кои морала да ги донесе, а влијаеле врз илјадници луѓе. Оскарот за најдобра женска главна улога, дефинитивно заврши во вистински раце!Челичната дама (The Iron Lady)Не смее да биде незабележана и улогата на Џим Бродбент, кој се појавува како сопругот Денис Тачер и одлично го доловува ликот на човекот кој цел живот морал да биде зад толку упорна жена и покрај сите животни компликации, да остане со неа до крај.rnrnУште еден лик остава значаен траг низ целиот филм, а тоа е глумицата Александра Роуч која ја глуми Тачер во младоста и дефинитивно е најдобар можен избор за таа улога.Челичната дама (The Iron Lady)Кога да го гледате: Можеби не е толку важно кога да го гледате, туку со кого ќе го гледате овој прекрасно изграден филм. Бидејќи самата приказна се врти околу моќта и храброста на жената, најверојатно би бил одличен за да се проследи во женско друштво. Припадниците на машкиот пол, можеби нема толку да ги привлече филмот од самиот почеток, но топло ви препорачуваме да му дадете шанса.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музичката кутија на Даниел Кампос

    Музичката кутија на Даниел Кампос

    Даниел Кампос е повеќе од музичар и повеќе од танчар. Репертоарот на овој Филипинец го одликуваат толку многу стилови, што може да се споредува со некои големи светски музички имиња, како Мадона. Неговиот пристап е специфичен бидејќи тој музиката ја прави жива. Музичката кутија на Даниел КампосМузичката кутија на Даниел КампосНеговото последно парче, „Музичката кутија“ е добар пример за она за што тој е способен. Видеото трае 10 минути, но верувајте, вреди да го изгледате. Ова е некаков спој на глума, играње и творење музика. Нема да ви откриваме детали од сценариото, но ќе кажеме дека ова музичко-танчерско дело има и своја приказна. Браво за Даниел Кампос!rn

    rn

    Доколку ви се допаѓа ваков тип музика, погледнете ги и видеата на Рену Хале кој создава музика од објекти што паѓаат, перкусионистичката изведба на Martin Breinschmid со машина за пишување и пијано жонглерот Ден Менендез.
  • Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rn

    Тејлор Момсен

    rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rn

    Ед Вествик

    rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn

    rn

    .rnЛејтон Мистер

    rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic  продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rn

    Таа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.

    rn

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.

    rnrnrnЧија музика вам најмногу ви се допаѓа ?