Сигурно се сеќавате на вашата прва љубов. Што е она што најпрво ве привлече кај него? Неговите бистри очи, смислата за хумор, или, пак, неговиот рокерски стил на облекување? Веројатноста е дека не се работело за ниту една од овие работи. Според едно неодамнешно истражување објавено во списанието „Nature“, сѐ зависи од нашиот генетски код.rnrn
rnrnСекој човек има свој посебен човечки леукоцитен антиген (НLA) систем што му помага на имуниот систем да прави разлика меѓу клетките на организмот и несаканите вируси и бактерии. Но, овој систем има големо влијание и на физичката привлечност што ја чувствуваме кон другите луѓе. Истражувачите ги испитувале системите на 254 парови и дознале дека доколку партнерите имаат сосема различни HLA системи, тогаш сексуалната привлечност и желбата за размножување се многу поголеми. Тоа значи дека гените одредуваат колку многу сакате да бидете интимни со вашиот партнер. Изгледа дека сепак спротивностите се привлекуваат.rnrnОсвен тоа, доколку мислите дека вашиот партнер има многу пријатен мирис, за тоа повторно е заслужна генетиката. Истражувачите откриле дека паровите имаат попозитивно мислење за мирисот на нивниот партнер, доколку нивните HLA системи се различни.rnrnОва откритие е од големо значење за еволуцијата, барем во случајот на животните. Истражувачите дознале дека доколку две животни со сосема различни хистокомпатибилни комплекси (животинската верзија на HLA) се размножат, нивното бебе ќе биде родено со екстремно силен имун систем.
Tag: гени
-

Науката открива: Како нашето тело знае дека сме го запознале „вистинскиот“?
-

Од каде потекнуваат нашите стравови и фобии?
Милиони индивидуи искусуваат високи нивоа на анксиозност под влијание на фобиите и стравовите кои најчесто се главниот причинител за сите напади на паника. Постојат различни типови фобии кои вклучуваат страв од: Животни (каде змиите и пајаците се најчести), природната околина (како стравот од висини или бури), крв, инјекции и повреди (како страв од рани) и други просторно – временски ситуации (како што се летањето со авион или возењето со лифт).rnrn
rnrnМеѓутоа, кој е виновен за нашите стравови? Дали сме осудени да се плашиме од одредени работи врз основа на гените кои ги наследуваме или од искуствата низ кои поминуваме? Според последните истражувања, генетските разлики кај индивидуите имале голем ефект врз развивањето на фобиите. На пример, генетската варијација била пресудна за појавата на страв од животни кај 45% од испитаниците, а стравот од крв и повреди кај 41% процент.rnrnДодека овие бројки се значајни, тие исто така откриваат и дека постојат ефекти кои не се поврзани со генетиката, но кои можат да ги објаснат повеќето разлики во фобиите и стравовите. Конкретно, истражувачите откриле дека личните искуства се едни од најсилните фактори кои придонесуваат за појавата на фобиите, како на пример стравот од кучиња или стравот од громови. Врз основа на податоците, се заклучило дека и природата и околината играат голема улога во развивањето на стравот, каде околината има малку поголема важност.rnrnИстражувачите истакнуваат дека приказната сепак е малку покомплицирана од дихотомијата на „природата против околината“. Тие посочуваат дека луѓето имаат различни реакции во нивниот одговор на страшните настани, каде некои развиваат силни фобии додека други поминуваат сосема нормално, без никакви абнормални стравови. Родителите често забележуваат разлики кај нивните деца кои во просек делат 50% од нивната генетски информации (освен ако не се идентични близнаци). На пример, едно дете може да развие страв од качување на столици ако претходно паднало еднаш, додека неговата сестра или брат ќе продолжат да се качуваат на столицата независно колку пати претходно паднале.rnrnТака, дури и очигледните објаснувања за стравовите и фобиите на луѓето можеби не се толку точни, или барем не се целосни. Можеби стравот на една личност може да се објасни како последица на некое страшно искуство или траума низ кое таа поминала како дете, но, постои шанса да не успееме да сфатиме дека таквото искуство било засилено од тенденцијата на таа личност да развива страв по такви или слични настани. Истражувачите велат дека таа тенденција е детерминирана, барем делумно, од нашите гени. Интересно, се согласувате? -

Како ќе изгледа вашето идно дете?
Современата наука може да предвиди какви физички карактеристики ќе наследи вашето дете од вас. Информациите за ова се енкодирани во вашите гени, кои можат да бидат силни или слаби.rnrn
rnrn[column col=”1/2″]Силни гени:rnrnТемен тен и темни очиrnКадрава и темна косаrnГолем носrnПолни усниrnШирока вилица[/column]rnrn[column col=”1/2″]Слаби гени:rnrnСветол тенrnСиви или сини очиrnЦрвена и светла косаrnПрава косаrnЛеворакост[/column]rnrn rnКои се шансите детето да ја наследи родителовата боја на очите?
rn
rnКако силните гени делуваат во однос на слабите?
rn
rnrnФизичките карактеристики на една личност се резултат на размена на неколку гени од нејзините родители, така што не може со сигурност да се предвиди како точно таа ќе изгледа. Гените можат и да скокнат неколку генерации и потоа повторно да се појават. Тоа значи дека личноста може да наследи одредени гени од нејзините баба и/или дедо, како и од нејзините прабаба и/или прадедо.rnrn
-

Зошто луѓето стануваат сè поинтелигентни? И повисоки?
Податоците од 350.000 луѓе низ 100 различни студии ни покажуваат дека луѓето стануваат сè попаметни, но исто така и повисоки. Прочитајте зошто…rnrn
rnrnЕдна неодамнешна студија ни открива дека колку повеќе генетски различни се вашите родители, толку се поголеми шансите да размислувате побрзо. Луѓето чии родители имаат многу различни гени имаат и поголеми шанси да бидат повисоки. Овие податоци доаѓаат од 350.000 луѓе кои учествувале во над 100 различни студии.rnrnИстражувачите од Универзитетот во Единбург барале сличности во генетскиот код кај родителите. Кога тие делат ист генетски код, тоа значи дека тие се и роднински (далечно) поврзани. Од друга страна пак, поголемите генетски разлики, укажуваат дека најверојатно не постои никаква роднинска поврзаност помеѓу нив. Со тек на времето, токму оваа генетска разновидност влијае врз интелигенцијата и висината.rnrnД-р Петар Јоши вели:rn„Нашето истражување дава одговор на прашања кои прв пат биле поставени од Дарвин за генетската разновидност. Нашиот следен чекор ќе биде откривањето на специфичните делови од геномот кои водат до најголемите придобивки од разновидноста.“
rnДругиот истражувач, д-р Џим Вилсон, додава:rn
„Оваа студија ни ја покажува моќта на интензивните генетички анализи во откривањето фундаментални информации за нашата еволуциона историја.“
-

Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени
Дали и вие сте една од оние личности кои без размислување веднаш по будењето пијат една шолја кафе? Дали ви се случува да се наежите од само една голтка од вашето омилено кафе? Едно ново истражување сугерира дека овој вид кафеџии ја имаат љубовта кон кафето кодирано во нивната ДНК.rnrn
rnrnПо испитувањето на 120.000 испитаници од европско и африканско-американско потекло, генетичарите од Училиштето за јавно здравје Харвард откриле 8 генетски варијанти, 6 досега неоткриени, кои покажуваат предиспозиција кај одредени индивидуи да консумираат повеќе кафе.rnrnСпоред Корнелис, главниот истражувач на оваа студија, индивидуите чија ДНК е изразена во сите 8 варијанти имаат тенденција да пијат околу половина чаша кафе повеќе од оние кои ги немаат. Дополнително, овие нови гени можат да објаснат околу 1,3 проценти од целокупното пиење кафе, односно исто толку колку што гените ги објаснуваат и другите видови однесување, како пушењето цигари или консумирањето алкохол. И покрај тоа што тие ефекти можеби ви изгледаат како да се мали, Корнелис вели дека студијата покажала зошто кофеинот влијае различно на различни луѓе. Резултатите покажале дека ние имаме тенденција да пиеме повеќе кофеин бидејќи нашето тело може да го издржи тоа без да стане анксиозно.rnrnНо, што значи ова за нас, љубителите на кафе? Доколку мислите дека вашето утринско кафе е лоша навика, размислете повторно. Во последниве неколку години различни видови истражувања покажале огромен број придобивки од кафето. Тоа не само што ве одржува будни и фокусирани за време на првите и најтешки часови од вашата работа, туку тоа исто така може да помогне и во борбата против ракот, дијабетесот, како и во подобрување на вашиот метаболизам.rnrnИ покрај тоа што на некои луѓе не им е потребно кафе за да можат да функционираат, не грижете сè доколку вашите гени направиле да го обожавате вашето утринско кофеинско задоволство. Ако пиете кафе, во граници секако, ќе ги почувствувате сите здравствени придобивки кои доаѓаат со него. -

5 необични особини кои ги наследуваме од родителите
Познато е дека од родителите ги наследуваме бојата на очите и косата, висината, обликот на носот и други физички црти. Но, во бескрајноста од тие слични карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и коментираат, постојат уште неколку интересни, кои не би ни претпоставиле дека имаат врска со генетиката.rnrn
rn1. Синдром на кивање
rnВи се кива ли кога гледате директно во сонце? Или можеби кивате 2-3 пати по ред кога од мрачната кино сала наеднаш ќе излезете во силно осветлениот ходник. Во прашање е необичниот синдром на кивање кој го наследуваме од своите родители.rn
2. Не поднесувате алкохол
rnАко после неколку испиени голтки црвено вино се чувствувате како да ве прегазил воз, можете да им заблагодарите на вашите родители за ниската толеранција на алкохол.rn
3. Стискање на дланките
rnПрекрстете ги прстите на обете дланки како да сакате да се молите. Ова направете го без размислување. Како ви стојат палците? На повеќето луѓе левиот палец ќе им дојде врз десниот. Обидете се сега да ги смените. Се чувствувате незгодно во таа положба, нели? Луѓето кои „природно“ ги држат дланките во оваа обратна поза, тоа го имаат наследено од своите родители.rn
4. Ген на популарноста
rnАко сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е генот на популарноста да го имате наследено од вашите родители.rn
5. Акробации со јазикот
rnМожете ли да го свиете јазикот во вид на тунел? Верувале или не, оваа моторичка вештина ја немаат сите, а вам ви е пренесена од мајка ви или татко ви.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зошто сме зависни од кафе?
Денес скоро и да не постои личност на која денот ѝ поминува без шолја кафе. Првото нешто на кое помислуваме наутро е кафето, очекувајќи да нè расони и подготви за денот кој е пред нас. А потоа до крајот пиеме уште две до три кои би требало да нè „одржат во живот“. И додека некои велат дека кафето за нив е само придружен дел кон разговорот со пријателите, има и такви кои не можат да издржат ни 2 часа без уште една шолја кафе.rnrn
rnrnДоколку сте меѓу оние кои се прашуваат зошто сте зависни од кофеинот, конечно научниците имаат одговор на ова прашање. Во списанието „Молекуларна психијатрија“ објавена е студија која се базира на споредување на ДНК примероци со навиките на пиење кафе на повеќе од 120.000 мажи и жени од европско и афро-американско потекло. Анализите даваат објаснување за тоа зошто одредена количина кафе влијае различно врз различни луѓе, а поставуваат и генетска основа за понатамошни истражувања за поврзаноста на здравјето и пиењето кафе.rnrnДолго време научниците се сомневале дека токму генетиката влијае на овие различни однесувања на организмот кон кафето и кофеинот. За да ги потврдат или побијат своите сомневања, решиле да ја спроведат оваа геном-мета анализа на голем број луѓе од различно потекло, култура, место на живеење и навики.rnrnСпоред истражувањата тие успеале да забележат дека луѓето кои редовно пијат кафе имаат некои заеднички работи: тие имаат по две генетски варијанти одговорни за ефикасен кофеински метаболизам, две кои влијаат врз позитивните ефекти од кофеинот и уште две кои влијаат на останатите делови на енергетскиот метаболизам. Исто така, се покажало дека луѓето го пијат токму она количество кафе кое во даден момент им помага да ги почувствуваат оптималните ефекти на кофеинот. Притоа, генетските фактори поврзани со количеството кафе кое го конзумираат најверојатно директно влијаат на зголемување на кофеинскиот метаболизам.rnrnНо генетиката сепак не е единствениот фактор кој влијае врз оваа зависност. Голема улога тука играат и околината во која се наоѓате и живеете. Иако ова поле има уште многу да им понуди на научниците за истражување, според досегашните истражувања може да се заклучи дека потребата од кафе и количеството кое човек може да го конзумира се регулирани од количината кофеин која телото на тој човек може да ја поднесе. -

Што ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?
Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.rnrn
rnrnСледствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.rnrnСекој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни гени.rnrnДоколку го нарушите сонот, вие преку тоа го нарушувате целокупното функционирање на организмот. Иако телото може да се приспособи на помалку спиење, помалку од 6 часа сон дневно е крајно нездраво и предизвикува голем број болести, смета лидерот на истражувањето Дерк Јан Дијк.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Факти за убавината кои ќе ве изненадат
Сте се запрашале ли некогаш колку време и пари трошат жените на пазарење, шминкање или депилирање? Или кој нокт расте најбрзо и колкава е цврстината на човечката коса? Еве некои интересни факти поврзани со убавината и надворешниот изглед кои би ве изненадиле.rnrn
rn1. Русокосите имаат повеќе коса
rnСекако, станува збор за природните русокоси. Тие во просек имаат 140.000 влакна на нивната глава, бринетите имаат околу 110.000, а оние со црна коса 108.000. Најмалку имаат црвенокосите кои во просек имаат 80.000 влакна на главата.rn
2. Поминуваме 58 денови во депилирање
rnЖените во просек поминуваат 58 дена од целокупниот животен век во депилирање и отстранување на несаканите влакна.rn
3. Ноктот на средниот прст најбрзо расте
rnНоктот на средниот прст во просек расте побрзо од останатите. Исто така, во лето ноктите растат побрзо отколку во зима. Сте знаеле дека ноктите на раката со која повеќе работите растат побрзо? На пример, доколку сте десничари, побрзо ви растат ноктите на прстите од десната рака.rnrn
rn4. Црвенокосите се реткост
rnЛуѓето со природна црвена коса се најретки. Иако за детето да има црвена коса мора и двајцата родители да носат такви гени, научниците тврдат дека спротивно од постоечките верувања, природната црвена боја на коса нема да исчезне во скоро време.rn
5. Жените трошат многу пари и време за декоративна козметика
rnСамиот факт можеби не го доживеавте како некое изненадување, но прочитајте ги статистичките податоци. Резултатите од едно истражување во 2010 година покажале дека жените во текот на целиот живот во просек трошат 13.000 долари за шминка, а поминуваат 330 часови нанесувајќи ја.rn
6. Во просек поминуваме 9 години пазарејќи
rnПросечна жена поминува околу 9 години од нејзиниот живот во пазарење и шопинг.rnrn
rn7. Како што изминува работната недела, трошиме сè помалку време на спремање и дотерување
rnОва важи и за мажите и за жените. Во понеделник жените поминуваат 76 минути подготвувајќи се за на работа, но околу 19 минути во петок. Мажите, од друга страна, поминуваат 28 минути во подготовки во понеделник, а само 11 во петок. Па како резултат на ова, најверојатно сите сме најубави во понеделник.rn
8. Просечна жена купува 7 пара обувки годишно
rnЗа ова и не е потребно некое објаснување. Кога би можеле би купувале и повеќе.rn
9. Постојат само два вида коса
rnГенетски гледано, постојат само два вида коса, и тоа права и виткана. Брановидната коса е резултат на тоа што личноста има по еден ген од двата вида.rnrn
rn10. Со текот на времето се зголемува просечната величина на женските обувки
rnНа почетокот на дваесеттиот век, просечната вечичина на обувки кај жените била број 35 или 35,5, во шеесеттите 37,5 или 38, додека денес е 41.rn
11. Најпродаваниот производ за убавина во светот е маскарата
rnНајпродаваниот мејкап производ во светот е маскарата Great Lash од Мејблин, која за првпат почнала да се произведува во 1971 година. По еден примерок од оваа маскара се купува на секои 1,6 секунди.rn
12. Најпродаваниот парфем е Шанел 5
rnЗа првпат е произведен во 1919, а се претпоставува дека на секои 90 секунди се купува по едно шишенце од овој парфем.rnrn
rn13. Човечката коса е поцврста отколку што многумина мислат
rnКога е сува, човечката коса има поголема цврстина при истегнување отколку најлон со иста дебелина.rn
14. Бебињата се раѓаат со сини очи
rnНивната вистинска боја на очите се развива во првите неколку години од животот како резултат на тоа што светлината го поттикнува производството на пигментот меланин. Во просек, само еден од шест возрасни има природно сини очи, а овој број се намалува како резултат на миграциите и мешаните бракови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме
Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.rn
Истражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени.rnrnrnНа учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.
Истражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:rnrnrn
„Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.