КАФЕ ПАУЗА

Tag: гени

  • Зошто луѓето немаат црни очи?

    Зошто луѓето немаат црни очи?

    Бојата на очите се менува сè додека не наполниме 3 години. Сепак, невозможно е очите на човекот да бидат во црна боја. Нашите очи едноставно изгледаат црни поради осветлувањето или поради рефлексија на облеката што ја носиме. Во продолжение ќе откриете зошто луѓето со природно црни очи постојат само во приказните.rn

    Нашите гени не го дозволуваат тоа

    rnЗошто луѓето немаат црни очи?rnrnПостојат околу 16 различни гени кои се одговорни за бојата на очите. Два од овие гени се главни фактори, а тоа се гените HERC2 и OCA2. Овие гени ја усогласуваат бојата на очите преку количината на меланин присутен во ирисот. Како резултат на тоа, бојата на очите може да се движи во широк спектар на нијанси, но најтемна можна боја е многу темно кафеава, а не црна.rn

    Најверојатно ќе плачеме постојано

    rnЗошто луѓето немаат црни очи?rnrnПредметите кои се црни апсорбираат повеќе светлина за да изгледаат навистина црни. Вишокот светлина и енергија што се апсорбираат се претвораат во топлинска енергија. Тоа може да значи дека ако нашите гени ни овожможиле да имаме вистински црни очи, на нашите очи можеби ќе им требаат многу солзи за да не се прегреат и да не се исушат.rn

    Нашите очи не би биле заштитени од штетната светлина

    rnЗошто луѓето немаат црни очи?rnrnИсто така, не би можеле да излегуваме сред бел ден кога би имале црни очи. Сончевите зраци содржат ултравиолетова светлина, а црните предмети имаат тенденција да апсорбираат повеќе УВ-светлина отколку другите бои. Продолжената изложеност на УВ-светлина може да го влоши здравјето на очите и да доведе до појава на проблеми, како што се катаракта или рак на кожата.rnrnМеланинот обезбедува боја во ирисот кој нè штити од ултравиолетова светлина. Истражувањата покажуваат дека меланинот може да уништи над 99,9% од УВ-зраците што ги апсорбира, заштитувајќи ги очите од оштетување како резултат на изложеност на сонце.rn

    Која е најретката природна боја на очите?

    rnЗошто луѓето немаат црни очи?rnrnНајретката природна боја на очите е всушност зелена. Само 2% од луѓето од целата светска популација имаат зелени очи. Исто така, постојат некои ретки состојби кога луѓето имаат црвени или виолетови очи поради окуларен албинизам, а други имаат различна боја на очите поради хетерохромија.rnrnПрочитајте што се случува со вашето тело кога спиете на ново место.

  • Не лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена храна

    Не лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена храна

    Битката околу зеленчукот се води во речиси секое домаќинство. Брокулата едноставно не изгледа и не мириса привлечно за децата како малината, особено ако малината е гумена и зашеќерена. Но, не лутете се, децата не се целосно виновни за својата пребирливост.rnrnНе лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена хранаrnrnНа луѓето им е запишано во генетскиот код да изберат црвена пред зелена храна (на пример, месо пред грашок). Според некои теории, нашиот визуелен систем еволуирал за лесно да ги препознае најхранливите намирници од џунглата зеленило што го опкружува.rnrnЛуѓето, за разлика од животните, зависат од видот, а не од мирисот, а особено се ефикасни во разликувањето на црвената од зелената боја.rnrnДосега се спроведени само неколку истражувања на тема бојата на храната. Авторот на истражувањето, д-р Франческо Форони, објаснува како бојата открива многу за храната.rn

    „Колку што е поцрвена храна, толку е поголема веројатноста да биде похранлива, додека зелената боја покажува дека храната има малку калории“, објаснува д-р Франческо Форони.

    rnТој посочува дека бојата може да се користи и во борбата против вишокот килограми затоа што сфатиле дека оваа предност се однесува само на храната, а не и на другите непрехранбени производи.rn

    Пробајте различни начини

    rnБез оглед на генетиката, децата треба да јадат зеленчук. Престанете да го криете зеленчукот низ храната затоа што тие го наоѓаат во сè. Откријте како децата сакаат да го јадат зеленчукот и така пригответе го. На пример, брокулата може да биде пржена, во намаз од сирење, да се комбинација со нешто што го сакаат, во пире од компири или во супа.rnrnПрочитајте кои 5 здрави видови храна кои не смеете да им ги давате на децата.

  • 4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајките

    4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајките

    Без разлика дали бебето личи на мајката или на таткото, науката вели дека постои голема можност овие карактеристики да ги наследи од мајката. Од своите родители наследуваме сè, од однесувањето до интелигенцијата. Иако генетиката е сложена работа, истражувањата покажаа дека некои карактеристики се наследуваат само од мајката. Прочитајте за кои карактеристики станува збор.rnrn4 карактеристики што децата ги наследуваат само од мајкитеrn

    1. Интелигенција

    rnИстражувањето направено на Универзитетот во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст помеѓу 14 и 22 години, открило кои фактори влијаат врз интелигенцијата вклучувајќи ги и социо-економскиот статус и образованието. Резултатите покажале дека најголемо генетско влијание врз интелигенцијата има мајката. Коефициентот на интелигенција на испитаниците се разликувал во просек само за 15 поени во однос на коефициентот на интелигенција на мајките.rn

    2. Навики за спиење

    rnИстражувањето објавено минатата година во едно медицинско списание открило дека мајките им ги пренесуваат своите навики за спиење на децата и дека малите деца чиишто мајки имаат несоница подоцна заспиваат и помалку се одмораат. Интересно е што научниците не нашле иста таква поврзаност со татковците на децата.rn

    3. Брзина на стареење

    rnГените на мајката влијаат на брзината на стареење. Научниците од Институтот „Макс Планк“ откриле ДНК од митохондрија што се наследува само од мајките и делумно може да го контролира стареењето. Но, истражувањето било спроведено врз глувци, а не врз луѓе, така што секако се потребни понатамошни истражувања.rn

    4. Период на менопауза

    rnВозраста на којашто ќе минувате низ менопауза може да ја наследите од вашата мајка. Едно истражување спроведено во 2011 година од страна на Британскиот институт за истражување рак, кај над 2.000 жени открило дека и раната и доцната појава на менопауза (пред 45 години и по 55 години) е наследена од семејството. Сепак, истражувачкиот тим истакнал дека не е важна само генетиката затоа што и животниот стил може да игра голема улога. На пример, жените што се пушачи обично минуваат низ менопауза две години порано.rnrnПрочитајте кои 11 необични карактеристики децата ги наследуваат од татковците.

  • Татковците имаат поголемо влијание врз развојот на детето од мајките во овие пет работи

    Татковците имаат поголемо влијание врз развојот на детето од мајките во овие пет работи

    Научниците откриле дека татковците имаат голем и одлучувачки придонес во развојот на своите деца. Приказните на тато за добра ноќ, забавните игри и извршувањето на домашните обврски може да влијаат на здравјето и благосостојбата на децата на многу начини, велат научниците. Иако знаеме колку се важни татковците во животот на нивните деца, новите истражувања откриле неколку интересни работи што ќе ве натераат да ги цените уште повеќе.rnrnrn

    Таткото влијае врз кариерата на детето

    rnЕдно истражување покажало дека татковците што извршуваат различни домашни обврски имаат амбициозни ќерки, кои посакуваат кариера вон стереотипните женски професии.rnrnНајсилниот индикатор за кариерните цели на децата и нивните ставови кон традиционалните родови улоги зависел од тоа дали татковците биле вклучени во домашните обврски или не.rnrnАвторот на истражувањето, Алиса Крофт, од Универзитетот Британска Колумбија, тврди дека таквите татковци ги научиле своите деца да размислуваат надвор од стереотипите.rn

    „Важно е не само да зборувате за родова еднаквост, туку и да го покажете тоа, затоа што вашите деца гледаат и учат од вас“ – вели д-р Крофт.

    rn

    Татините приказни за добра ноќ се заслужни за успехот на децата

    rnrnrnТатковците се познати по своите приказни за добра ноќ. Студијата објавена во Списанието за применета и развојна психологија открила дека овие приказни може да играат важна улога во одгледувањето на успешни деца.rnrnВо експериментите од истражувањето, родителите им „читале“ сликовници без текст на своите деца, така што научниците можеле да го анализираат изразот на секој родител. Откриле дека сите родители кои ги раскажувале приказните со повисоко ниво на изразување имаат деца со побогат речник и подобри резултати на тестот што го подготвиле истражувачите.rn

    „Резултатите го потенцираат уникатниот придонес на таткото во раните училишни достигнувања на децата“, пренел авторот Клер Бејкер, психолог на државниот универзитет во Северна Каролина.

    rn

    Улогата на гените

    rnrnrnСтудијата објавена во списанието Nature Genetics открила дека децата биле повеќе генетски слични на нивните татковци. Ние наследуваме ДНК (скоро) подеднакво од секој родител, но всушност „користиме“ повеќе гени од таткото, покажала студијата.rnrnИстражувачите мереле како биле изразени гените. За секој ген, тимот потоа анализирал колкав дел од клеточниот процес е изведен од секој родител, а резултатите покажале дека изразените гени биле многу послични со тие на татковците.rnrnИсто така, студијата им помогнала на научниците да откријат како се развиваат разни болести како што се дијабетес или срцеви заболувања, а со тоа, да помогнат и во нивното лекување.rn

    Играњето со таткото помага во подобрувањето на животните вештини на децата

    rnrnrnМногу студии покажале колку возбудливото, активното и малку погрубото играње со татковците им помага на децата да проценуваат ризици, да решаваат проблеми, да ги научат нивните граници, да ја контролираат возбудата и агресијата и да ги читаат емотивните знаци на другите додека ги пренесуваат своите, секако во безбедно опкружување каде никој нема да биде повреден.rn

    „Тоа е навистина фантастично комплексна констелација од емоции и саморегулација, што сега ја разбираме, а е клучен елемент во развојот на децата“, вели Ричард Флечер, кој учествувал во истражувањето.

    rn

    Исхраната на таткото влијае на здравјето на детето

    rnПознато е дека бремените жени треба да се грижат за тоа што јадат, но истражувањето открило изненадувачки резултати дека и исхраната на таткото влијае на идното здравје на децата.rn

    „Нашето истражување укажува на тоа дека татковците треба да водат сметка за тоа што јадат и што пијат“, рекла Сара Киминс од универзитетот МекГил, истакнувајќи дека родителите треба да запомнат дека тие се носители на идните генерации.

    rnМожеби сакате да прочитате и за 11-те необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковците.

  • Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија?

    Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија?

    Покрај фактот дека речиси секој супермодел има многу зафатен распоред и работа полна со модни настани и фотосесии, сепак некои од нив успеваат да станат мајки – дури и неколкупати. Природата без сомнение ги надарила со убавина овие жени во модната индустрија, но погледнете ги само нивните деца! Фотографиите во продолжение се доказ дека „убавите гени“ што ги носат овие модели преминале и на нивните деца.rn

    1. Ќерките на Наталиа Водјанова

    rnrnrn37-годишната Наталиа Водјанова не само што е светски познат супермодел, таа исто така е и мајка на 5 деца. Кога била мажена за Џастин Портман со него имала 3 деца – синот Лукас Александр и Виктор (од десно) и ќерката Нева (од лево). Другите нејзини 2 деца, Максим и Роман се родиле откако се омажила за Антоан Арнаулт.rn

    2. Синот и ќерката на Алесандра Амбросио

    rnrnrnБразилскиот супермодел и актерка со полско-италијански корени, Алесандра Амбросио, е најпрепознатлива како ангел на Викторија Сикрет. За компанијата работела 17 години. Моделот има 2 ќерки, Ања и Ноа чиј татко е бизнисменот Џејми Мазур.rn

    3. Кендис Свенепол со нејзините синови

    rnrnrnКендис Свенепол е лице кое стои зад многу козметички и парфемски компании. Во 2007 година, за првпат се појавила на модното шоу на Викторија Сикрет и од 2010 официјално станала „ангел“. Свенепол била во врска цели 12 години со моделот Херман Николи. Тие двајца никогаш не стапиле во брак, но ги имаат 2 деца – Анака и Ариел.rn

    4. Ќерката на Хајди Клум

    rnrnrnКога Хајди Клум ја родила нејзината најстара ќерка, се раздвоила од биолошкиот тако на девојчето и започнала врска со пејачот Сеал кој подоцна го посвоил детето. Со годините, Хелене почнала многу да наликува на нејзината мајка. Парот сега има 4 деца: Хелене, Хенри, Адемола, Јохан и Лу. Во 2012 година, Клум и Сеал се разделиле.rn

    5. Ќерката на Ким Бејсингер

    rnrnrnАјрленд Болдвин е ќерка на моделот и актерка, Ким Бејсингер, и на актерот Алек Болдвин. Уште од нејзиното детство таа сакала да стане модел иако била критикувана поради нејзината тежина. Ајрленд не се срами од нејзиното тело и редовно објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.rn

    6. Легендарната Твиги и нејзината ќерка

    rnrnrnЛесли Хорнбај, позната и како Твиги, е првиот супермодел и икона од 60-тите. Во нејзиниот прв брак со актерот Мајкл Витни, легендарната манекенка ја родила нејзината единствена ќерка Карла. Карла е исто така поврзана со модниот свет како моден дизајнер.rnrnПродолжува на втората страница…rn

  • Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Една од најголемите невистини во врска со развојот на една личност, е верувањето дека нашиот карактер зависи 100% од нашите гени. И покрај тоа што гените имаат улога во развојот на личноста, сепак факторите на коишто сме подложни во нашата животната средина, се најважното нешто коешто го оформува и дефинира карактерот.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnВерувањето дека вие не можете да бидете подобра верзија од себеси, под изговор дека „немате добри гени“ или затоа што чувствувате дека не можете да го подобрите вашето однесување затоа што гените би ве ограничиле во остварувањето на таа цел, е сосема погрешен начин на размислување. По пат на учење како правилно да се справуваме со надворешните влијанија на коишто сме изложени во текот на целиот живот, ние можеме да го обликуваме нашиот карактер, на начинот на којшто посакуваме.rn

    Поврзаноста меѓу нарушувањата на личноста и гените

    rnНекои луѓе одат толку далеку со овие лажни убедувања, верувајќи дека тие имаат недостаток од самодоверба зашто што немаат такви гени или пак сметаат дека се чувствуваат инфериорно зошто им недостига некој конкретен ген. Доколку и вие сте дел од таа група луѓе, имаме добри вести за вас: сите овие верувања, се само митови со коишто на некој начин сте се здобиле, во текот на животот. Едноставно, разните животни искуства низ коишто поминуваме во текот на нашите животи, може да бидат главната причина којашто стои зад нашиот недостаток на самодоверба и чувството на пониска вредност во однос на останатите.rnrnВажно е да запомните дека никој од нас не се родил инфериорен или без самодоверба. Гените немаат никаква поврзаност со овие состојби. Ситуациите со коишто сте се соочиле во животот, довеле до тоа да се чувствувате сега така. Токму поради тоа, проблемите од овој тип, честопати се нарекуваат „нарушувања на личноста“. Нормалната, вообичаена состојба на умот е чувството на самодоверба, а не обратното сценарио.rn

    Генетските тенденции и проблемите со идентитетот

    rnДоколку читате психолошка литература, тогаш сигурно досега сте се сретнале со терминот „генетска тенденција“. И покрај тоа што многу луѓе имаат генетска предиспозиција да развијат одредени психолошки растројства, тие никогаш не би страдале од нив, доколку подобро управуваат со животните проблеми.rnrnДали сте знаеле дека повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот, од различна возраст страдаат од депресија? За жал, многумина имаат тенденција да се депримираат, кога се соочени со пролонгиран стрес. Меѓутоа, тука е важно да се потенцира дека доколку некои од овие луѓе научат како подобро да се справуваат со стресот, тие нема да завршат во депресија, дури и ако имаат генетска тенденција за психолошки нарушувања.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnДруги луѓе пак, ја носат оваа проблематика на уште поразлично ниво и доаѓаат до заклучоци дека депресијата е предизвикана исклучиво од генетиката и поради тоа, тие секогаш препорачуваат медикаменти за луѓето коишто страдаат од ова растројство, без да понудат никакви други можни солуции.rnrnСигурни сме дека и вие, исто како и јас, сте ја слушнале реченицата „Јас сум биполарен/на“ повеќе од еднаш во животот, без разлика дали било кажано како шега или не. Луѓето коишто кажуваат вакви работи, не мислат дека имаат некое конкретно ментално нарушување, туку тие веруваат дека нивниот идентитет и нарушување, се едно исто. Овие луѓе не велат дека се депресивни, туку биполарни, небаре го поврзале ова растројство со самите себеси и со нивната личност.rnrnМногу луѓе исто така, веруваат дека срамежливоста е карактерна особина, но и покрај тоа што одредени истражувања ја поврзуваат срамежливоста со генетиката, сепак голем број фактори треба да се земат во целина, за да се појави срамежливост кај една личност.rn

    Не ја обвинувајте генетиката за психолошките проблеми

    rnНемојте да бидете плен на овие митови и не го блокирајте вашиот личен развој поради ваквото ограничено верување. По пат на игнорирање на вашите моментални карактерни особини, вие секогаш ќе можете да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот и да станете среќна личност.rnrnСè што треба да направите за да дојдете до таа состојба на умот, е да донесете одлука, а потоа да направите сè што знаете и умеете, за да ја претворите ваквата одлука во план којшто страсно ќе го спроведувате. Дури тогаш, самите ќе ги забележите позитивните резултати кои ќе произлезат од таквото однесување.rnrnМоже да ве интересира и Која е најголемата причина за појава на депресија ширум светот?

  • 11 необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковците

    11 необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковците

    Кога ќе се роди, секое дете се споредува со двајцата родители за да се види од кого што наследило. Без разлика дали станува збор за физичкиот изглед или карактерот, секогаш се бараат сличности, а родителите се горди на своето наследство. Но некои работи се наследуваат само од татковците. Во продолжение погледнете некои особини за кои експертите веруваат дека се наследуваат само од машкиот родител.rnrn11 необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковцитеrn

    1. Непредвидливо однесување

    rnИдентификуван е одреден ген кој ја одредува способноста за преземање ризици кај една личност. Експертите тврдат дека ако машкиот родител е авантурист и сака предизвици, и детето го има истиот генетски фактор и ќе ја има истата желба за „живеење на работ“. Ако таткото е човек што презема ризици, големи се шансите дека и детето ќе ја има таа особина.rn

    2. Пол

    rnОва е научен факт според кој полот на детето зависи од тоа кој хромозом ќе се пренесе од таткото. Машкиот пар хромозоми е составен од X и Y, додека женскиот пар е составен од два X хромозома. Па, ако од таткото се пренесе хромозомот Х, ќе се роди девојче. Ако се пренеси хромозомот Y ќе се роди машко.rn

    3. Отпечатоци на прсти

    rnСе разбира, отпечатоците на прстите се уникатни кај секој човек. Секој од нас има различен дезен на прстите кој пак е поврзан и со нашите идентитети во базата на податоци. Иако не може да се наследи истиот дезен, постојат некои линии, односно природата на отпечатокот, која се наследува од таткото.rn

    4. Нарушувања на менталното здравје

    rnНаправени се бројни истражувања за да се открие причината за менталните болести. Но, менталното здравје сè уште претставува неистражен океан. Сепак, се покажало дека детето има 4 пати поголеми шанси да наследи ментална болест од ДНК-та на таткото отколку на мајката. Нарушувањата како шизофренија или биполарност може да се наследат од ДНК-та на таткото.rn

    5. Дупчиња на образите

    rnИако дупчињата на образите се еден вид аномалија на кожата, сепак се сметаат за убава карактеристика. Истражувања покажале дека овие дупчиња најверојатно се наследени од таткото.rn

    6. Неплодност

    rnПостојат неколку причини за појава на неплодност кај мажот. Најчеста е неплодноста кај таткото. Кога детето е зачнато со ниска концентрација на сперматозоиди, постојат поголеми шанси детето да страда од неплодност кога ќе порасне. Ако детето е зачнато преку ин витро оплодување поради низок број сперматозоиди, најверојатно и тоа ќе го има истиот проблем кога ќе биде возрасно.rn

    7. Висина

    rnСекој родител сака нивното дете да биде високо и здраво, а постојат неколку гени кои влијаат на висината. Иако има придонес и од гените на двата родитела кога станува збор за висината, обично ако таткото е висок и детето ќе биде високо. Односно, ако татко е низок, најверојатно и детето ќе биде ниско.rn

    8. Боја на очи

    rnОвде влијаат гените и од мајката и од таткото. Истражувањата покажале дека за бојата на очите одговорни се 6 различни генетски фактори од кои најдоминантни се сините и кафеавите.rn

    9. Усни

    rnФормата и изгледот на усните останува непроменета со генерации. Според податоците, доминантните гени кои го одредуваат изгледот на усните најчесто се од страната на таткото.rn

    10. Проблеми со срцето

    rnПостои генетски фактор кој ја зголемува веројатноста за болести на срцето за речиси 50% и доаѓа од ДНК-та на таткото.rn

    11. Проблеми со забите

    rnПокрај очигледните физички карактеристики кои ги наследуваме од родителите, забите и вилицата на детето се одредени од ген кој се наследува од таткото. Тоа значи дека детето ги наследува и проблемите со забите на таткото.rnrnПрочитајте и кои други лични особини ги наследувате од вашите родители.

  • 11 генетски аномалии кои изгледаат прекрасно

    11 генетски аномалии кои изгледаат прекрасно

    Генетските мутации се толку комплексни што понекогаш даваат неверојатни резултати. Гените и начинот на кои не функционираат правилно прават некои луѓе да изгледаат навистина уникатно. Погледнете 11 генетски мутации кои се навистина неверојатни.rn

    1. Витилиго

    rn(1)11-genetski-mutacii-koi-izgledaat-prekrasno-kafepauza.mkrnrnОва нарушување предизвикува губење на бојата кај кожата, косата, па дури и ноктите. Не постои лек, но може да се забави неговото проширување. Вини Харлоу е првата манекенка со витилиго. Таа е позната по белите делови на нејзината кожа, и навистина се гордее со нив. Еден од најпознатите случаи со ова нарушување е Мајкл Џексон кој изгубил 100% од неговата пигментација.rn

    2. Мешани близнаци

    rn(2)11-genetski-mutacii-koi-izgledaat-prekrasno-kafepauza.mkrnrnБез разлика колку чудно звучи, овие 2 девојки се идентични близнаци. Генетиката зад оваа мутација е навистина комплексна. Може да резултира со еднојајчани близнаци кои изгледаат сосема различно.rn

    3. Пиебалдизам

    rn(3)11-genetski-mutacii-koi-izgledaat-prekrasno-kafepauza.mkrnrnАко сте забележале некој со бело парче коса, најверојатно таа личност има пиебалдизам. Ова е ретка генетска состојба каде што на личноста ѝ недостигаат клетки наречени меланоцити. Поради ова се појавува бел дел на кожата, најчесто на челото, заедно со малку бела коса. Изгледа навистина магично.rn

    4. Албинизам

    rn(4)11-genetski-mutacii-koi-izgledaat-prekrasno-kafepauza.mkrnrnОва е можеби најпознатиот синдром во светот. Албинизмот може да се појави кај луѓето од сите етнички групи. Луѓето со ова нарушување не само што изгледаат различно, туку имаат и други здравствени проблеми како глувост и проблеми со видот. Во некои делови од светот, како Африка, албино луѓето секојдневно се соочуваат со опасни работи. Некои Африканци веруваат дека ако се фатат, телата на луѓето со албинизам може да се користат за магија за среќа и долг живот.rn

    5. Синдромот Варденбург

    rn(5)11-genetski-mutacii-koi-izgledaat-prekrasno-kafepauza.mkrnrnОва е мутација во човечките гени која резултира со личност со сини очи, но и глувост и некои други непријатни нарушувања. Не сите генетски нарушувања кои даваат привлечни особини се пријатни.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Никогаш не би ги погодиле предците на овие славни личности!

    Никогаш не би ги погодиле предците на овие славни личности!

    Светлината од славата постојано свети на овие луѓе, но кој би знаел дека нивните предци биле попознати дури и од нив? Погледнете ги овие 10 славни ѕвезди чие генетско наследство ќе ве изненади и остави целосно без зборови.rn

    Бијонсе и Густав Малер

    rn(1) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnИзгледа дека Бијонсе има австралиски корења – таа е далечна роднина на добро познатиот австралиски композитор и кондуктор од 19-ти век, Густав Малер. Сега ни е јасно од каде доаѓа нејзиниот музички талент.rn

    Синди Крафорд и Ернест Хемингвеј

    rn(2) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnТоп моделот Синди Крафорд е генетски поврзана со овој голем писател. Всушност, Синди има навистина големо педигре – таа неодамна дознала дека исто така е и далечна роднина на Карло Велики!rn

    Роберт Патинсон и Грофот Дракула

    rn(3) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnОва е дефинитивно неверојатно! Изгледа дека Роберт Патинсон, кој го толкуваше вампирот Едвард Кулен во сагата Самрак (Twilight), има свое сопствено „вампирско“ минато. Актерот е далечен роднина на Влад Цепеш III, исто познат и како Влад III Дракула. Сега сме сигурни дека никој друг не би можел подобро да ја одигра улогата на Едвард од Роберт Патинсон.rn

    Џорџ Клуни и Абрахам Линколн

    rn(4) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnПознатиот актер и националниот херој на Америка делат заеднички гени! Нивната поврзаност доаѓа од жената позната како Луси Хенкс, која била бабата на Линколн од страната на мајка му.rn

    Џони Деп и Кралицата Елизабета II

    rn(5) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnЕдно неодамнешно истражување од страна на BBC открило дека неодоливиот Џони Дел е роднина на Кралицата Елизабета бидејќи и двајцата се наследници на Кралот Едвард III.rn

    Брук Шилдс и Хенри IV од Франција

    rn(6) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnБрук неодамна дознала дека нејзиниот предок е големиот крал на Франција, односно Хенри IV – првиот монарх на Куќата од Бурбон. Ете од каде таа ја наследила својата грациозност и аристократија.rn

    Бенедикт Камбербач и Ричард III од Англија

    rn(7) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnРичард III – последниот од Куќата од Плантагенет за која пишува и самиот Шекспир, е предок на талентираниот Бенедикт Камбербач. Интересно е што тој го глуми токму Кралот Ричард во ТВ серијата „Шуплива круна: Војната на розите“ (The Hollow Crown: The Wars of the Roses). Се прашуваме какво е чувството да се носи облеката на своите предци.rn

    Мадона, Селин Дион и Камила, Војвотката од Корнвол

    rn(8) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnИ двете пејачки се далечни роднини на втората сопруга на Принцот Чарлс, Камила Паркер. Тие сите имаат заеднички предок – француски столар со името Закари Клутиер. Можеби токму тоа е тајната за вечната младост и убавината на овие дами?rn

    Бред Пит и Барак Обама

    rn(9) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mkrnrnХоливудскиот срцекршач и поранешниот лидер на Белата куќа се братучеди… деветти братучеди! Нивната крвна поврзаност започнува со човекот наречен Едвин Хикмен што бил роден во 1690 година.rnrnПогледнете и кои познати ѕвезди кои неверојатно многу личат на ликови од Дизни цртаните.

  • 10 лични особини за кои не знаевте дека ги наследувате од вашите родители

    10 лични особини за кои не знаевте дека ги наследувате од вашите родители

    Имате кафени очи како мајка ви и долги нозе како татко ви. Ако подобро размислите, овие работи се неверојатни – ја наследуваме секоја физичка особина од родителите. Но кои други особини доаѓаат од нашите предци? Според последните истражувања во генетиката се откриле интересни работи. Следуваат 10-те особини кои ги наследувате од вашите родители:rnrn10-osobini-za-koi-neznaevte-deka-gi-nasleduvate-od-vashite-roditeli-kafepauza.mkrn

    1. Висок холестерол

    rnМногу луѓе веруваат дека нивото на холестерол е поврзано со храната што ја внесуваме. Ако сакате долг живот, мора да јадете зеленчук и овошје и редовно да вежбате. Барем така се верува. Но понекогаш високиот холестерол зависи од нашите гени. Околу 1 во 500 луѓе има посебна генетска мутација која води до акумулирање на холестерол во нивната крв. Овие луѓе страдаат од висок холестерол без разлика на нивниот начин на живот.rn

    2. Ќелавоста се наследува од мајката

    rnЕден од гените кои имаат улога во ќелавоста се наоѓа во Х хромозомот. Мажите го наследуваат ова од нивните мајки. Но немојте веднаш да ја обвините неа, постојат и други гени кои играат улога, вклучувајќи ги и оние кои се наследени од таткото. Покрај тоа, вашето опкружување исто така има ефект во губењето на косата.rn

    3. Академски успех

    rnКога мајката го кара детето бидејќи извадило слаба оценка, а потем потенцира дека таа била многу подобар ученик, до некаде е во право. 55% од академскиот успех зависи од гените кои сте ги наследиле. Илјадници гени се директно поврзани со тоа колку сте добри на училиште. Па, ако вашите родители биле одлични ученици, вие имате голем потенцијал да го постигнете истиот просек.rn

    4. Љубов кон кафето

    rnДали пиете кафе? Па, вашите гени се виновни за тоа. Научниците спровеле компаративно истражување на луѓе кои можат и кои не можат да живеат без кафе. Резултатите покажале дека првата група имала посебни гени што значело дека многу побавно го апсорбирале кофеинот. Тие немале потреба редовно да пијат кафе за да го зголемат нивото на енергија.rn

    5. Дијабетес во раниот развиток

    rnДијабетес тип 2 обично се развива кај постарите луѓе. Но понекогаш може да се појави кај деца и адолесценти кои имаат активен живот. Ова е резултат на генетска мутација, иако и нездрава исхрана.rn

    6. Далтонизам – од вашата мајка

    rnНеспособноста да се разликуваат одредени бои често е наследена преку гените. Генот кој ја произведува често го наследуваат синовите од нивните мајки. Мажите се оние кои страдаат од далтонизам во најголем број. Ова е поради тоа што во нивната генетска структура, дефектот на единствен мајчин Х хромозом нема замена, додека женските имаат Х хромозом „за секој случај“ наследен од нивните татковци.rn

    7. Нетолерантност на лактоза

    rnИако звучи изненадувачки, 65% од возрасните имаат проблем со дигестијата на лактозата или млечниот шеќер. Еден ген е виновен за ова. Кога едно дете е сè уште многу младо и има потреба од млеко за да преживее, телото создава ензими за дигестија на лактозата. Како што тоа дете расте, неговата способност да апсорбира млечни производи се намалува. Само мал дел од луѓето имаат ген за толеранција на лактоза, што значи дека тие се способни да обработуваат млеко и млечни производи без проблем, на која било возраст.rn

    8. Способност за возење

    rnОна во кое многу од нас се сомневаа, научниците го потврдија – не секој ја има способноста за возење автомобил. Можете да ги научете правилата и да го положите тестот, но ако ги немате посебните гени кои влијаат на вашата способност за ориентација, брзината на реагирање или вашата меморија, тогаш возењето можеби и не е најдобра идеја. Многу е веројатно вашето внимание да биде лесно одвлечено и со тоа да се изложите на поголем ризик од несреќа. Научниците веруваат дека до 30% од населението ги нема потребните гени за возење.rn

    9. Кратковидост

    rnВеројатноста дека некој е, или ќе биде кратковид е наследена. Ако и двајцата родители го имаат овој проблем, детето има околу 50% да го наследи. Но, научниците веруваат дека во овој случај не можеме целосно да се потпреме на гените. Оние кои поминуваат помалку време пред екран имаат помали шанси да развијат кратковидост.rn

    10. Популарност

    rnМоже да звучи неверојатно, но тајната на популарноста е скриена во гените. До ова дошле научници од Харвард после макотрпно истражување. Тие веруваат дека уште од почетоците на човековата раса, оние кои имале информации за каде да најдат храна или каде има опасност биле во центарот на групите. Овие луѓе ги пренеле своите гени на нивните потомци. Луѓето кои ги наследиле, се популарни меѓу нивните познајници и секој сака да биде нивен пријател. Како се случило ова? Можеби некое идно истражување ќе разјасни поубаво.rnrnПрочитајте и дали децата можат да ја наследат депресијата и анксиозноста од своите родители