КАФЕ ПАУЗА

Tag: гејша

  • Книга: „Мемоарите на една гејша“ – Артур Голден

    Книга: „Мемоарите на една гејша“ – Артур Голден

    Мастер дело кое ќе ве натера да се чувствувате како муштериите на една гејша – гладни за нејзината приказна

    rnКнига: „Мемоарите на една гејша“ – Артур Голден„Не бев ни родена ни одгледувана да бидам гејша во Кјото“ така ќе рече Сајури, некогаш со име Чијо, една од најголемите и најпознатите гејши во Јапонија. Нејзината приказна се прелева низ страниците на едно книжевно дело кое ќе ве остави без здив, барајќи од вас да го препрочитате некогаш за повторно да се најдете во светот на гејшите доаѓајќи поблиску до нивниот начин на живот.rnrnШто е гејша? Прекрасна девојка со лице како да е направено од порцелан, со стиснати црвени усни, со задача да ги забавува и придружува мажите небаре е нивна марионета. Случувањата во ова дело на Голден се сместени пред и по Втората светска војна и ја раскажуваат импозантната приказна на гејшата Сајури, а приказната на една гејша е секогаш богата.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnПопладнето кога Чијо го запознава господинот Танака е најубавото но и најлошото попладне во нејзиниот живот. Тоа попладне засекогаш ќе ја оддели од нејзината „цврцната“ куќарка, како што таа го нарекува своето родно место, како и од нејзината мајка која ги вдишува последните мигови на смртната постела, и засекогаш ќе го уништи нејзиното семејство. Но од друга страна, тоа попладне ќе ѝ пружи неверојатна можност да живее живот за каков не ни сонувала, ќе ја изнесе во светот, ќе ѝ помогне да порасне но и да е вљуби.rnrnЧијо, заедно со нејзината сестра, уште како мали девојчиња се продадени во Кјото за подоцна да бидат засекогаш одделени. Оставени се на милост и немилост во место каде девојката се проценува дали е добра инвестиција за да се вложат пари во нејзиното образование за гејша. Место каде времето поминато со една девојка се наплаќа зависно од нејзината вредност и каде таа не одлучува за сопствената судбина туку постои да им угодува и да ги забавува своите муштерии.rnrnПриказната на Чијо продолжува во окијата Нита каде прво работи како слугинка. Таму е постојано малтретирана од злобната Хацумомо, успешна и убава гејша. Нејзиниот обид да избега од окијата ќе резултира со закана за многу лоша судбина. Имено, никој не би вложил во една таква девојка да се образува како гејша бидејќи девојката што бега не е добра инвестиција.rnrnНо, еден ден еден постар човек кому сите му се обраќаат со „Претседателот“, ја наоѓа расплаканата Чијо, и во нејзините сино-сиви очи го гледа сопствениот одраз. Марамчето со монограмот на Претседателот, Чијо ќе го чува целиот свој живот надевајќи се дека еден ден повторно ќе го сретне и дека ќе му зарасне за срце. Оттогаш животот на младата Чијо полека ги составува коцките на место. Друга многу популарна гејша по име Мамеха ќе покаже интерес да ѝ биде постара сестра, што би значело дека ќе ѝ помага да стане гејша, ќе ја учи на сите оние работи кои треба да ги знае и ќе ја запознава со потенцијални муштерии.rnrnЖивотот на Чијо, сега гејша Сајури, веќе никогаш нема да биде како порано. Нејзиното порцеланско лице со сино-сиви очи ги маѓепсува мажите, и иако навидум кршлива, небаре порцеланска кукла, Сајури има срце на лавица и храбро ќе преброди сè што животот ќе ѝ сервира на чинија.rnrnКнига: „Мемоарите на една гејша“ – Артур ГолденrnrnРаскажувањето на нејзините мемоари за неа е како катарза, прочистување, ослободување на нејзината приказна која долго ја чувала скриена во себе. Можноста да се дознаат и најинтимните детали од животот на една гејша, не смее да се пропушти. Нејзините мемоари ќе ве доведат поблиску до една навидум толку далечна култура, како да е на сосем различен свет од нашиот. Ќе направи да се соочите со сиот сјај но и беда на тој далечен свет, како да го имате пред себе на дланка.rnrnОна што ме маѓепса беше богатото раскажување придружено со многу метафори. Секогаш сакам кога оној кој ја доживеал приказната ми се обраќа во прво лице. Прави да се чувствувам поблиска до неговата судбина и на некој начин и јас да ја доживеам, макар и на кратко. Многу ми се допадна и тоа што гејшата се осмелува низ своето раскажување да ги крши наметнатите стереотипи за едно општество. Кога патот на нејзиниот живот ќе ја одведе на сосем друга страна на светот, признава дека кога ќе им каже на луѓето што работи тие ја сметаат за проститутка. Но смее ли да ѝ биде доделена таква титула од жена која оди со постар маж заради неговите пари? Нема разлика, и таа е издржувана од него како и јас што бев издржувана од друг, ќе рече Сајури.rnrnГејшата не ја живее сопствената судбина и посакуваната среќа. Гејшата служи за забава и восхит. Кон кој маж ќе покаже нежност, не зависи од нејзините чувства туку од неговата моќ да плати за нејзиното друштво. Во еден таков свет, ќе може ли Сајури да оди по патот кој ѝ го диктира срцето?rn
    rn

    „Кога се бориме против струјата под која сè уште има карпесто дно, трагањето по секоја потпора за ногата може да има животна нужност.“

    rn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 9 април 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Водете љубов како гејша

    Водете љубов како гејша

    Гејшите, кои се јапонски уметници на заведувањето, се синоним за убавина, отменост, шарм, но и за способност да ги задоволат мажите. Некои од нивните традиционални техники ги имаат преземено европските жени за да внесат свежина во своите бракови. Ние ви ги откриваме тајните трикови на јапонските гејши, а на вам останува да ги испробате.rnrnvodete-ljubov-kako-gejsha-kafepauza.mkrn

    1. Не бидете скромни на зборови

    rnПофалете го секој пат кога ќе доживеете оргазам. Жените обично не сакаат кога машките ги воздигнуваат до ѕвезди после секој сексуален чин, но со мажите е сосема поинаку. Тие едноставно сакаат да знаат дали ја задоволиле жената. Затоа, следниот пат кога ќе доживеете врвно задоволство, задолжително дајте му до знаење дека тој е заслужен за тоа. Ќе биде пресреќен кога ќе му кажете дека е најдобар љубовник во светот.rn

    2. Нека се чувствува како јунак

    rnСекој пат кога ќе му покажете колку ви одговара неговото настојување да ве задоволи, тој ќе се чувствува како јунак. Неговото его ќе порасне до небо, ќе се чувствува важно и постојано ќе сака да ви удоволи. Тоа не мора да се однесува само на сексот. Овој совет можете да го примените во секојдневниот живот. Ако се потрудите и ги истакнете квалитетите кои најмногу ги сакате кај својот партнер, тој постојано ќе сака да ви ги покажува.rn

    3. Славете ја неговата машкост

    rnВашиот партнер ќе биде воодушевен ако посветите одредено место во спалната соба само за него. Ќе знае колку ве инспирира неговата сексуалност бидејќи дел од животниот простор сте посветиле на неговата машкост. На тоа место може да ставите фотографии, пораки, песни, миризливи свеќи… Одвреме-навреме менувајте ги украсите и така ќе му покажете дека постојано ве интригира.rn

    4. Не одбивајте да водите љубов

    rnКога ве боли глава или навистина не ви е до секс, обидете се тоа да му го предочите на фин начин. Речете „Би сакала да водиме љубов, но навистина ме боли целото тело. Можеби ќе ми биде подобро подоцна, па може да се забавуваме кога ќе се разбудиме наутро.“rnАко бидете груби и незаинтересирани тој ќе се чувствува лошо бидејќи ќе мисли дека повеќе не ве привлекува.rn

    5. Често менувајте пози

    rnАко по малку ви е досадно во кревет, немојте да трошите ни една ноќ повеќе гледајќи во плафонот додека вашиот партнер се обидува да ја заврши работата. Обидете се со нова положба. Промената на позите не само што ќе ви открие нови чувства, туку на тој начин ќе му покажете на партнерот дека навистина сакате да уживате. Заедно откријте што сакате и не плашете се да испробувате.rn

    6. Не плашете се од еротски игри

    rnИграјте ја играта „без допирање“. Правилата се следни: кога двајцата ќе бидете голи, можете меѓусебно да се допирате само со косата или со брадавиците. Тоа тотално ќе ве излуди. Исто така, за време на предиграта врзете му ги очите на партнерот и не тргајте го превезот за време на сексот. Неговите чувства за слух, допир и мирис ќе се изострат, а вашето сексуално искуство ќе стане незаборавно.rn

    7. Направете секси сцена

    rnМажите се визуелни типови. Оставете го светлото запалено и кажете му да ве набљудува додека водите љубов. Ако сте свесни за убавината на своето тело, немојте сосема да се соблекувате. Облечете ја неговата омилена кошула и не закопчувајте ја. Мажите се возбудуваат кога ги гледаат жените во својата облека.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус

    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус

    Вообичаено, категоријата Арт и дизајн ја пополнуваме со содржини за фотографи кои по нешто се специфични во својата работа. Секако, она што ни го привлекува вниманието е содржината на самите фотографии. Овој пат, фокусот го ставаме целосно на содржината, односно на моделот кој е претставен на нив. Офелија Овердоус е прекрасен модел, талентиран дизајнер и изведувач.Неверојатните фотографии на Офелија ОвердоусНејзините фотографии се како приказни во кои таа секогаш игра различна улога, лесно трансформирајќи се во кловн со балони, медицинска сестра облечена во латекс или женски воин за кој само би можеле да фантазирате. Нејзините улоги се сосема природно донесени на секоја фотографија. Таа изгледа совршена на сите, а ова е селекцијата на оние кои нам ни беа најинтересни.

    rnrnrn

    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Зачадена
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Портрет на Лудиот шапкар
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Внатрешен демон
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Од рајот
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Куклеста
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Гумирана гејша
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Зае*и го системот
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Медицинска сестра во латекс
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Прикриено огласување (Product Placement)
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Хотлајн-барби
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Сончева светлина
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Вонземјанка
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Афродита
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Црниот лебед
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Борба
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Од пеколот
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Шоуто може да почне
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Парализирана
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Расшлапана
    rnrn
    Неверојатните фотографии на Офелија Овердоус
    Напивка
    rnrn———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.