КАФЕ ПАУЗА

Tag: футуристички

  • 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

    11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

    Иако живееме во 21-иот век, сè уште самите миеме садови, ја пегламе облеката и „рачно“ ги броиме внесените калории. Можеби е време да се ослободиме од овие секојдневни обврски и да им ги предадеме на електронските помошници, особено бидејќи многу од нив постојат и денес. Овие 11 навидум футуристички направи може навистина да ви го олеснат животот, а најдоброто од сè е што можете да ги купите уште денес.rn

    1. Огледало што ќе ги замени експертите за убавина

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnОваа направа ќе го оцени вашето лице од 1 до 100, ќе ги анализира ефектите на козметичките продукти што ги користите и ќе ви даде детален извештај, како и препораки за грижа на вашата кожа. Цената на огледалото е 360 евра, што и не е толку многу во споредба со услугите од експертите за убавина. Покрај тоа, со ова огледало можете да гледате видеа на Јутјуб и да слушате музика.rn

    2. Очила со светлинска терапија за долги авионски летови

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnИдејата зад овие очила е фактот дека нашите биолошки часовници се регулираат според светлината. Ако патувате кон исток, би требало да ги носите очилата наутро околу 60 минути. На овој начин без проблем ќе заспиете вечерта кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Ако патувате кон запад, очилата се носат навечер за да не заспиете премногу рано и да не се будите во текот на ноќта. Цената на оваа направа е 240 евра.rn

    3. Роботска перница за несоница

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnНе само што ќе ви помогне да заспиете, туку оваа перница ги намалува стресот и анксиозноста. Перницата го анализира вашиот ритам на дишење и го одбира „третманот“ кој ви е најпотребен. Со оваа направа можете да слушате релаксирачка музика во зависност од вашиот вкус. Цената на перницата е 412 евра, но и покрај високата цена постојат многу заинтересирани купувачи.rn

    4. Паметни чорапи

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnПаметните чорапи се на некој начин како фитнес алките. Тие ја следат вашата физичка активност, бројот на согорени калории, па дури можат да ви помогнат и да ги одберете совршените атлетски обувки. Чорапите можете да ги перете во машина, а цената е слична како и онаа на фитнес алките – 160 евра.rn

    5. Направа за чистење заби

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnИако можеби изгледа застрашувачки, оваа направа ги чисти вашите заби за само 6 секунди. Секоја четка е направена според 3Д скенирање на усната празнина, а цената се движи од 60 до 80 евра.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Ретро-футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

    Ретро-футуристички паб кој ве води во светот на фантазијата

    Веднаш штом го пречекорите прагот на влезот од пабот „Joben Bistro“ ќе се најдете во неверојатен свет на фантазијата. Овој паб кој се наоѓа во Романија, е уникатно дизајниран од страна на студиото „6th Sense“ така што изгледа како да е директно извлечен од страниците на Жил Верн или Х. Г. Велс. Тој е поделен на 3 простории во кои има мрежа од театарски инсталации и интересно дизајнирани елементи кои го прават овој паб исклучително креативен, но и удобен.rnrnРетро футуристички паб кој ве води во светот на фантазијатаrnrnОна што навистина го прави овој паб неверојатен и иновативен е степенот на детали кои се инспирирани од научната фантастика, поточно од стимпанк (област од научната фантастика која вклучува парни машини). Целиот дизајн во просторот има свој допир на псевдо-Викторијански стил или ретро-футуристички. За љубителите на научната фантастика и фантазијата, овој паб е совршеното место за посета. Погледнете.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футуристички градини во урбани средини

    Футуристички градини во урбани средини

    Не секаде во светот се сечат малкуте останати дрвја за градот да биде помалку и помалку зелен. Во некои делови од светот луѓето се многу посветени на ова прашање и градат урбани градини онаму каде што некој не би ни претпоставил дека може да ги има.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футуристичка луксузна јахта која нуди рајска пловидба

    Футуристичка луксузна јахта која нуди рајска пловидба

    „Jazz“ е 90-метарска луксузна јахта, дизајнирана од страна на лондонската архитектонска компанија Zaha Hadid, во соработка со германската бродоградителска фирма „Blohm+Voss“. Екстравагантната внатрешност е соодветна за секој кој сака да патува по море, во луксузно живеалиште, за да доживее несекојдневно искуство.rnrnФутуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба rnrnЦврстата надворешност имитира оклоп на инсект или раковидно животно, што претставува знак на архитектонска сила, пријатна е за око и футуристичка според концептот. Внатрешноста на суперјахтата е една бескрајна белина, со минималистички додадени елегантни дрвени површини. Облините и дупките кои ги има надворешноста, се исто така нагласени и во внатрешноста. Серијата јахти „Jazz“, се состои од вкупно пет луксузни и уникатно дизајнирани јахти, а освен оваа, останатите четири се во изградба.rnrnФутуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба Футуристичка луксузна јахта, која нуди рајска пловидба
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Ако сакате да бидете авангардни и да не ви ни малку удобно, тогаш вистинскиот избор за вас е колекцијата есен 2012, на брендот Александар Мекквин. Секако ако успеете да дојдете до 7.000 долари за еден пар, и ако барем еден од нив остане надвор од плакарот на заколнатиот фан на футуристичките креации, Лејди Гага. 🙂Смели есенски обувки од Александар МекквинОвој пат, утописката мода на брендот, кој по смртта на Мекквин го менаџира талентираната Сара Бартон, е спакувана во по малку смирувачки, сензуален стил. Чевлите се комбинација на цветови, пердуви, крзно и други слични додатоци. Ултрависоките необични потпетици и нежните бои и нијанси во оваа есенска колекција, истовремено ги нагласуваат како романтичната, така и дивата страна на жената.Смели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар Мекквин
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијата

    Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијата

    На рајскиот тајландски остров Пукет се наоѓа луксузниот трговски центар Џангсилон, а во него е сместен неверојатниот ноќен клуб САУНД. Тој изобилува со елементи во научно-фантастичен стил, кои на музичкото и танцувачкото доживување му даваат несекојдневна футуристичка димензија.Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаЕнтериерот во клубот е инспириран од човечкото уво, асоцирајќи на извонредните аудио ефекти во клубот. Буквално сите елементи имаат заоблена форма, кои покрај убавиот изглед овозможуваат перфектна акустика. Покрај нив, еден од најинтересните елементи за посетителите е огромниот ЛЕД екран кој реагира на музичките ритми, така што е совршено синхронизиран со музиката која се пушта во моментот. Овој дизајн е идеја на Orbit Design Studio, а може да прими до 700 гости.Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

    Небесен град на иднината во форма на лотосов цвет

    Преголемата населеност во градовите, загадувањето, нечистотијата и проблемите со изворите на енергија се предизвици кои пред архитектите поставуваат нови задачи. Во еден од обидите да се разрешат овие проблеми, бугарскиот архитект кој живее и работи во Лондон, Цветан Тошков, го дизајнирал концептот City in the Sky.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНеговата замисла за небесен град има форма на лотосов цвет. Тошков бил инспириран од ова растение затоа што тоа успева да остане на површината на матната вода, а при тоа да ја задржи својата совршена чистота, што всушност е и целта на неговиот проект. Тој него го опишува како „имагинарна мирна оаза над супер развиен и загаден град каде што секој ќе може да побегне од секојдневната бучава, стресот и нечистотијата“. Овој град претставува идеален спој на природни пејзажи и модерна архитектура.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесниот град првично бил замислен како дел од еден поголем проект наречен Мегатрополис кој подоцна бил откажан. Тошков сепак останал упорен во својот обид да ја истурка својата замисла до крај, а ова е резултатот од неговиот труд.Небесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветНебесен град на иднината во форма на лотосов цветrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван Херпен

    Футуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван Херпен

    Младата холандска дизајнерка Ирис ван Херпен полека го освојува светот на модата. Нејзините авангардни и футуристички креации, во последно време предизвикуваат сè поголем интерес во јавноста. Кај 27-годишната Херпен нема правила. Таа комбинира стари и заборавени техники со иновации и материјали, кои на некој начин ја дефинираат иднината во модната индустрија.rnrnАко знаете дека ментор ù бил Александар Мекквин, тогаш ви е јасно дека меѓу најголемите обожаватели на нејзините креации е Лејди Гага. Од светот на познатите, покрај за Гага, Херпен креира и за Бјорк. Познавачите на модата веќе ја поистоветуваат со легендарниот Мекквин.Футуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенùФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенrnrnФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван ХерпенФутуристичките модни креации на младата и талентирана Ирис ван Херпен
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изглед

    Рестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изглед

    Мекдоналдс го ангажирале Патрик Норге да им понуди ново архитектско решение за нивните ресторани во Франција. Планот е Мекдоналдс да воспостави имиџ на фамилијарен ресторан. Оваа мисија ја имаат од самото создавање, иако во своето постоење, тој има изградено слика на тинејџерски ресторан за брза храна.Рестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледТокму за таа цел, ресторанот во Вилфранш де Лораже, место оддалечено 40 километри од Тулуз, ќе биде првиот кој ќе го добие новиот лик. Концептот веднаш доби позитивни критики, а набрзо се очекува уште шест ресторани да го добијат овој нов лик. Новите ресторани ќе добијат футуристички модерен изглед. Во новите ресторани гостите ќе имаат избор да седнат на високите столчиња, на некое од сепареата или на обична маса.Рестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледРестораните на Мекдоналдс со нов футуристички изгледrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факултет кој ќе ви ги направи студентските денови незаборавни

    Факултет кој ќе ви ги направи студентските денови незаборавни

    „Виновник“ за неверојатниот дизајн на факултетот за архитектура „Umeå School of Architecture“ е шведската компанија Henning Larsen Architects. Тој е лоциран во градот Умео во Шведска, на уникатно и совршено место – покрај реката Умео.rnrnФакултет во кој учењето претставува задоволствоФасадата на зградата има коцкест облик и на неа ритмично се распределени квадратни прозорци со различна големина. Уметничкиот шмек кој го создава ентериерот, пространиот дизајн и неформалните простории за состаноци, создаваат една поинаква, отворена лабораториска атмосфера, која е во согласност со идејата за развој, креативна работа и иновативност.rnrnФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоКако центар за развој на футуристичкиот стил во архитектурата, главната цел на оваа градба е да преставува инспирација и мотивација за студентите. Идејата била да се создаде светла и пријатна околина за учење, во која сите професори и студенти ќе бидат во една иста просторија, поделена на повеќе нивоа, а наместо ѕидови во просториите за предавање има стакла, кои даваат одличен визуелен ефект и овозможуваат фантастичен поглед кон реката.rnrnФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоПет-годишната студиска програма започнала есента во 2009-та година, по чие завршување студентите се стекнуваат со звањето дипломирани архитекти. Од оваа есен 2010-та, тие имаат можност да запишат и мастер студии.rnrnФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултетот за архитектура е дел од универзитетскиот комплекс, кој содржи и академија на уметности, музеј на уметноста, исто така дизајнирани од  Henning Larsen Architects.rnrnЗа оние помладите, на кои сé уште им е рано за студирање, можеби ќе сакаат да го погледнат фантастичното училиште во Мелбурн.