КАФЕ ПАУЗА

Tag: фотографка

  • Магични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајките

    Магични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајките

    Српската фотографка Јована Рикало ја комбинира модата со природата за да создаде фотографии кои изгледаат како сцени од книги со бајки. Од мајка и дете облечени во балски фустани седнати на ливада до жена во бела наметка која води коњ низ поле со цвеќиња, секоја фотографија има моќ за миг да ве однесе во друг, поинаков, магичен свет.rnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnКако самоук уметник, Јована почнала да се занимава со фотографирање за време на нејзините студии по право. Во тој период, таа се заљубила во фотографијата како медиум и нејзината способност да создава различни наративи. Преку нејзините фотографии за кои се чини дека се на работ помеѓу реалноста и сонот, фотографката се обидува да ја изрази својата љубов кон модата и природата.rn

    „Мојата инспирација се луѓето, животот и природата. Ги користам сите три елементи секогаш кога сакам да раскажам некаква приказна. Речиси сите фотографии се на некој начин поврзани со моето животно искуство“, вели Јована.

    rnВо продолжение погледнете ги нејзините фотографии.rnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnМагични фотографии кои ќе ве однесат во светот на бајкитеrnrnОткако ги погледнавте овие преубави фотографии, можеби ќе сакате да погледнете и 15 фотографии од извонредни дела на природата.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Жена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот татко

    Жена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот татко

    Американско-корејската фотографка започнала да фотографира бездомници уште додека студирала фотографија. Додека правела фотографии на улицата, еден од мажите го препознала како нејзиниот татко, којшто го немала видено со години откако нејзините родители се разделиле.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnДиана Ким имала само 5 години кога нејзините родители се разделиле и нејзиниот татко станал, како што и самата велела, „отсутен“. Мајката на Ким имала тежок период – одела кај роднини и пријатели со нејзиното девојче, а понекогаш останувала во паркови и преноќувала во автомобилот. Но Ким го гледала искуството како можност да ги изгради нејзините вештини за преживување.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnТатко ѝ на Ким имал студио за фотографија и нејзиниот интерес за фотографирањето започнал со него. Ким започнала да фотографира бездомници уште додека била на факултет како дел од проект, а продолжила со тоа и откако станала професионален фотограф. Овој проект бил навистина блиску до нејзиното срце, најверојатно поради тешкото детство и фактот дека знае како е да се биде заборавен.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnКога Ким фотографирала на улиците на Хонолулу, таа сфатила дека еден од мажите коишто ги фотографира, бил всушност нејзиниот татко. Таа се обидела да разговара со него, но тој бил во многу лоша состојба, физички и ментално, па одбил да зборува со фотографката. Ким неколку пати се обидувала да му го одвлече вниманието, но безуспешно. Тој не ја ни погледнувал.rnrnИако нејзиниот татко одбивал да ја препознае, Ким не се откажала. Одела одново и одново за да се обиде да разговара со него, надевајќи се дека ќе добие одговор. Срцето ѝ се кршело што го гледала татко си во таква лоша состојба, без можност да направи што било. Гледајќи го низ објективот бил нејзин начин да се зближи со него.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnФотографијата е многу повеќе од замрзнати слики кога се прави со страст каква што ја има Ким. Фотографијата може да ги долови чувствата и емоциите. Речиси иронично е што татко ѝ на Ким ѝ го пренел интересот за фотографија на ќерка му, а подоцна токму фотографијата станала мостот што ги поврзува.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnЕден ден татко ѝ на Ким имал инфаркт на улица и некој повикал брза помош. Во болницата, покрај грижата за срцето, добил третман и за неговата ментална состојба, па на некој начин, инфарктот му го спасил животот.rnrnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrnrnПравилниот третман направил голема разлика и состојбата на татко ѝ на Ким многу се подобрила. Тој и неговата ќерка сега работат на градењето на нивната врска и ги прават вообичаените семејни активности што ги испуштиле во минатото, како одење на кино, возење, или само пешачење по плажата.rn

    „Оваа приказна не е само моја… тоа е приказна на сите… сите знаеле некој кој или бил или сега е бездомник. Се надевам дека ова ќе помогне да ја направи бездомноста почовечна за нашето општество“, изјавила Ким.

    rnЖена фотографирала бездомник и сфатила дека е нејзиниот таткоrn

    „Колку повеќе го запознавам, толку повеќе се запознавам себеси… Толку сум благодарна што тестот на времето и истрајноста ни ја даде можноста да се видиме онакви какви што сме. Ако на почетокот не успеете, обидете се повторно!“

  • Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

    Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

    Криси Спаркс од Бирмингам е 33-годишна фотографка и сопственичка на фото студио по име „The Doll’s House“. Нејзиниот талент е посебен, бидејќи таа успева да ги претвори обичните жени во модели кои заслужуваат да се најдат на насловните страници од најпознатите списанија. За период од 3 години, таа им направила фотосесии на повеќе од 1.300 клиенти. Нејзините фотографии се навистина неверојатни!rnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnКриси објаснува дека сите жени кои доаѓаат на почетокот се нервозни, но таа заедно со нејзиниот тим навистина се трудат да создадат пријателска и пријатна атмосфера за да ги опуштат.rnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrn

    „Многу жени сакаат да имаат убави фотографии во прекрасно опкружување и облека за нивно сопствено задоволство што им помага да си ја зголемат самодовербата“, објаснува Криси.

    rnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnОва е Лаура. Повеќето луѓе веројатно нема да ја препознаат нивната сосетка или колешка од оваа фотографија. Наместо тоа, сигурно ќе претпостават дека е некоја филмска ѕвезда.rnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrn

    „Верувам дека со помош на вистинската поза, светло и стајлинг, можам да го извлечам најдоброто од женската убавина. Ние им помагаме на жените да се видат во најдобро можно светло“, изјавила Спаркс.

    rnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnЗа оваа талентирана фотографка најголемо задоволство ѝ претставува моментот кога ќе ги види жените среќни и задоволни од крајните резултати. Токму затоа вредат сите потрошени часови и огромната посветеност на работата.rnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnТалентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермоделиrnrnКриси Спаркс успева да докаже дека секоја жена е убава на свој начин. Нејзината мисија е од големо значење, бидејќи им ја враќа самодовербата на нејзините клиентки и ги поттикнува да го засакаат сопственото тело и физички изглед.

  • Спонтани фотографии од млади вљубени парови на улиците на Њујорк

    Спонтани фотографии од млади вљубени парови на улиците на Њујорк

    Џулија Ксантос изработува фотографии и видеа за „New York Daily News“, но и кога не е на должност таа пак не може да остане мирна. Камерата на нејзиниот ајфон секогаш ѝ е при рака додека трпеливо чека во парк, во метрото, на улиците, за да ги овековечи спонтаните изливи на љубов кај луѓето кои не ги познава, а кои потоа ги објавува на Инстаграм. Во оваа нејзина серија фотографии доминираат млади вљубени парови, но таа вели дека тоа не е намерно туку е последица на тоа што кај младите тие емоции, пред сè полетноста на почетокот на врската, полесно се забележуваат. Тие не само што ѝ помагаат на Џулија да се изрази, туку ѝ помогнале и да го залечи своето срце, да сфати дека љубовта е насекаде околу нас и повторно да се вљуби. На крај додава и дека сепак нема фотографија која може да го опише моментот на вљубување.rnrnСпонтани фотографии од млади вљубени парови на улиците на Њујоркrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа фотографка има една цел – да ги обедини луѓето со своите фотографии

    Оваа фотографка има една цел – да ги обедини луѓето со своите фотографии

    Секој член во едно семејство е различен, посебен и уникатен на свој начин. Токму оваа идеја ѝ била инспирација на фотографката Мишел Кроу, која преку фотографиите сака да ги обедини сите луѓе, без разлика на расата. Проектот насловен како „Universal family“ ги прикажува мешаните бракови меѓу луѓе од различни раси и националности, со надеж дека ќе ги обедини луѓето и ќе ги натера меѓусебно да се гледаат како едно големо семејство без расистички предрасуди.rnrnКроу пораснала во мешано американско-италијанско семејство и секогаш била блиска со своите родители, браќа и сестри. Токму поради оваа поврзаност таа вели дека најважно е покрај себе да имаш некој кој те сака без оглед на сè. Таа вели дека нејзините родители ја научиле да се грижи за луѓето и да се однесува со нив онака како што и таа сака другите да се однесуваат со неа, тоа е златното правило според кое се раководи во животот.rnrnОваа фотографка има една цел: да ги обедини луѓето со своите фотографииrnrnКроу отсекогаш сакала да ги фотографира луѓето и на некој начин да се вмеша макар за миг во нивните животи. Она што посебно го вреднува и сака да го „фати“ на слика, се разликите меѓу луѓето, но истовремено и нивната слога и љубов. Кроу вели дека светот е преполн со прекрасни различности и можности, па глупаво е луѓето да се ограничуваат себеси и да не го искусат животот вистински.rnrnКроу почнала да ги фотографира членовите на своето семејство и семејствата на нејзините пријатели, што за кратко прераснало во овој проект. Меѓу другото, Кроу става акцент и на браковите меѓу луѓе од ист пол, не само од различни раси, со цел да ги сруши стереотипите кои луѓето ги градат и дозволуваат да бидат заслепени од нив.rnrnПогледнете ги прекрасните фотографии кои го обединуваат светот.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Руската фотографка повторно воодушевува со нови волшебни фотографии од нејзините деца и цела армија животни

    Руската фотографка повторно воодушевува со нови волшебни фотографии од нејзините деца и цела армија животни

    Елена Шумилова е талентирана руска фотографка која создава магично убави слики од нејзините деца и животните уживајќи во идилата на селото.rnrn0-Majkata – fotograf-koja-prodolzhuva-da-sozdava-volshebni-sliki-od-nejzinite-deca-i-cela-armija-zhivotni-kafepauza.mkrnrnНејзините фотографии изобилуваат со радост поттикната од животот во селото, бесконечната природа и нејзините две деца со цела армија животни кои ќе ви го загреат срцето.rn
    rn

    „Децата и животните – тоа е мојот живот. Јас сум мајка на два сина и ние поминуваме многу време на фармата.“

    rnКвалитетот на сликите се должи на природната светлина која ја користи, на добрата опрема за фотографирање и секако на љубовта кон децата, животните и фотографирањето.rnrnМинатата серија од овие волшебни фотографии од Елена Шумилова, исто така ги објавивме на Кафе пауза.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети

    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети

    Кристин Х. Меконел е фотографка од Лос Анџелес која нашла совршен начин да ги обнови старите портрети од нејзиното семејство. Крајниот резултат е проект кој прикажува 7 генерации женска убавина од семејството на Меконел, истовремено претставувајќи ги промените во стилот и модата низ времето. Во само 7 фотографии Меконел успева да претстави 200 годишна историја.rnrnКристин вели дека била инспирирана од старите фотографии во нејзиниот дом. Бидејќи била постојано опкружена со лицата на овие жени, почнала да наоѓа сличности меѓу своите предци и себеси. Оваа игра на Кристин направена со цел да види колку би била слична со своите предци кога би имала иста фризура, облека или шминка се претворила во одличен проект. Освен идентичната фризура, шминка и облека, Кристин користела и дигитални ефекти за да ја долови оригиналноста на времето, а нејзината мајка ѝ помогнала во собирањето податоци за нејзините предци.rnrn

    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин е од десната страна, додека нејзината прапрапра баба Марта, родена 1821, е од левата страна
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Меконел како нејзината прапрабаба Џејн, родена во 1858.
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Меконел и нејзината прабаба Ати Меј, родена во 1898
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Ова е бабата на Кристин, родена 1928
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин дури го носи истиот фустан кој го носела нејзината мајка Кетрин (родена во 1957) кога имала 32 години
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    За крај, ова е „оригиналната“ Кристин, родена 1981
    rnrn
    Оваа фотографка совршено ги обновува старите семејни портрети
    Кристин го завршува овој фото-проект со слика од нејзината „идна ќерка“ која ќе ја продолжи семејната лоза на убави жени
    rnrnСледете ја Кристин на Инстаграм.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотосесија како од бајките која ќе ве маѓепса

    Фотосесија како од бајките која ќе ве маѓепса

    Руската фотографка Дарја Кантрадјева стои зад овие прекрасни фотографии налик сцени од познатите бајки. Со помош на тренирани животни и модели кои изгледаат како излезени од бајките и можат да бидат вештерки и принцези, целата фотосесија е просто волшебна. Фотографиите се така реални што ви се чини дека магично животните ќе ја отворат устата и ќе им прозборат нешто на убавите девојки.rnrnФотосесија како од бајките која ќе ве маѓепсаrnrnОвие фотографии на Дарја се доста слични со мотивот на Катерина Плотникова, но сепак оригинални и волшебни. Погледнете ја целата галерија.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

    Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

    Фотографиите на фотографката Елена Шумилова нè носат во една прекрасна бајковита средина каде две дечиња уживаат во играта со нивните пријатели од животинскиот свет: куче, мачка, патки и зајаче. Руската артистка ги користи временските услови и восхитувачката околина, што во комбинација со нејзините преслатки дечиња и нивните миленичиња од фармата резултира со прекрасни фотографии кои зрачат со топлина и удобност.rnrnТопли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животнитеrnrnНајголем поттик за создавањето на нејзините фотографии претставуваат руралната средина, природните феномени и промената на годишните времиња.rn
    rn

    „Јас многу ѝ верувам на мојата интуиција и на инспирацијата кога ги компонирам фотографиите. Се инспирирам главно од мојата желба да изразам нешто што го чувствувам иако најчесто не можам да кажам што точно е тоа“, вели Шумилова.

    rnНејзината страст за фотографија почнала да се развива во 2012 година кога го купила првиот фотоапарат, а сега фотографира секојдневно, поминувајќи го денот со нејзините деца и со животните на нивната фарма, додека навечер ги обработува направените фотографии.rn
    rn

    „Кога фотографирам, го преферирам природното светло, и внатре и надвор. Ги сакам сите светлосни услови – улични светла, светло од свеќи, магла, чад, дожд и снег – сè што дава визуелна и емоционална длабочина на сликата“, вели фотографката.

    rnТопли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните rnrn

  • Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе

    Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе

    Нереалниот начин на презентирање на љубовните врски во романтичните комедии, ѝ дало идеја на една артистка да започне врска со самата себе, барем кога станува збор за нејзината фотосерија со автопортрети.Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себеФотографката Пинелопи Колопуло, која ги работела нејзините фотографии како дел од своите магистерски студии по Мода и филм на Лондонскиот моден колеџ, решила да го истражи концептот на љубовните врски, позирајќи пред камерата и како машкото и како женското во врската.Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе
    rn

    „Употребував шминка, перики и разна облека за да се претворам себеси во различни карактери, но омилени фотографии ми се оние кои се фокусираат на некое конкретно движење, како на пример кога ќе ја свиткам половината, на начин кој прави да изгледам како маж“ – вели Пинелопи, која има грчко потекло.

    rnЗапознајте ја фотографката која е во врска со сама себеИ покрај тоа што Пинелопи на почетокот планирала да повика пријатели за да учествуваат во нејзината фотосерија, сепак подоцна решила самата да биде единствениот учесник, бидејќи токму тоа на крајот го направило нејзиниот проект забавен и интересен.Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себеФокусирајќи се на добрите и лошите страни на љубовните врски, бидејќи како што вели артистката „таква е реалноста“, фотографиите кои се уредени во Фотошоп, се осврнуваат на разни хумористични аспекти на паровите кои живеат заедно.Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе
    rn

    „Сакав да направам фотографиите да изгледаат малку смешни, дури и комични, па на моменти може да делуваат и малку пренагласени.“

    rnЗапознајте ја фотографката која е во врска со сама себе
    rn

    „Сакам парови, додава таа. Интересни ми се… Секој ден, наликуваат сè повеќе и повеќе еден на друг и понекогаш го губат чувството за индивидуалност.“

    rnЗапознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе Запознајте ја фотографката која е во врска со сама себе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.