КАФЕ ПАУЗА

Tag: фотоапарат

  • 10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnУште во далечната 1911 година, кога биле измислени првите кутии за јајца, нивната основна цел била безбедно и сигурно пренесување на јајцата од производителот до потрошувачот. Никој во тоа време не замислувал дека тие можат да најдат сосем друга примена и да се преобразат во вистински ремек-дела. Маса, играчки, фотоапарат, па дури и куќа се само неколку од многуте креации изработени токму од кутии за јајца.rn
    rn

    Слика во стилот на кубизмот

    rn

    Холандскиот уметник Ено Де Крон ја воодушеви неговата публика со прекрасните слики, кој тој ги нарекува „Eggcubism“. Потсетувајќи се на младоста, кога како дете си играл со кутии од јајца и од нив правел различни форми, решил овојпат да црта на нив и да создаде уникатни слики. Според Де Крон, ваквите цртежи овозможуваат уметноста да се перцепира и осознае од сосема поинаков агол.10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rnrn

    Лего-куќа

    rnАвстралиското студио Голденхем, направило уникатна куќа од илјадници рециклирани кутии за јајца, нарекувајќи ја „The Original Dream“. Куќата е направена така што кутиите за јајца се редени како лего-коцки на дрвена основа, па оттаму и самата куќа е позната како лего-куќа.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Креативно осветлување за домот

    rnДоколку сакате интересно и необично осветлување за домот, кое истовремено ќе ѝ даде посебен шарм на вашата просторија, одберете го овој дизајн изработен од кутии за јајца. Интересно е тоа што не морате да потрошите мало богатство, туку можете сами да го изработите.10 извонредни креации направени од кутии за јајцаrn

    Играчки

    rnНајдобар начин да ги научете децата што е тоа рециклирање, е заедно да изработите играчки од кутии за јајца. Истовремено ќе се забавувате и ќе учите.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Маса

    rnСе работи за маса со 3 ногарки, изработена од кутии за јајца, земја, тесто од брашно и семиња. Иако не изгледа стабилна, сепак е доволно цврста да издржи предмети со средна тежина.10 извонредни креации направени од кутии за јајца rn

    Фолксваген камион10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Фотоапарат10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Цвеќиња10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Костим за маскенбал10 извонредни креации направени од кутии за јајца

    rn

    Софа

    rnПрилично креативна софа, но дали би се осмелиле да седнете и да се опуштите на неа? 🙂10 извонредни креации направени од кутии за јајцаrnrnЗа крај, прочитајте што сè можете да направите со вашите јајца :).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

    Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографи

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЗа време на празниците, сигурно голем дел од вас ќе посегнат по фотоапаратите за да овековечат некој момент со пријателите, партнерите, семејствата или роднините. Еве неколку совети за да избегнете лоша фотографија, темна, заматена, презаситена со црвеникави или зеленкасти нијанси, со погрешен фокус или пак со премногу детали во позадина кои можат сосема да ја уништат.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    1. Дефокусирани фотографии

    rnСе случува вашиот главен предмет да не е во средината на сликата што сакате да ја фатите, па вашиот дигитален фотоапарат може да го постави фокусот на некој друг детаљ околу него. Во ваков случај, придвижете го фотоапаратот полека сè додека предметот не се најде во центарот на сликата што е пред вас. Потоа, притиснете го копчето за фотографирање до половина и задржувајќи го, движете се повторно додека да ја најдете идеалната поставеност на предметот на вашата фотографија. Сè додека го држите копчето на овој начин, предметот ќе остане во фокусот дури и кога ќе го придвижите фотоапаратот за да направите нова композиција.rnrnДруга алтернатива е да ја вклучите опцијата за препознавање лица (ако фотографирате луѓе) и системот автоматски ќе ги лоцира на екранот. Со понапреден фотоапарат пак, можете да фокусирате мануелно, но ова може да ви одземе многу време и да го пропуштите моментот што сакате да го уловите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    2. Заматени фотографии

    rnАко вашите раце треперат или она што сакате да го фотографирате е во движење, може да добиете нејасна и заматена фотографија. Со ова може да се борите преку прилагодување на ISO-параметрите. Ако ја зголемите неговата вредност, блендата ќе биде побрза и ќе ви овозможи полесно да го уловите моментот. Но, треба да знаете дека со зголемување на ISO-вредноста, опаѓа квалитетот на фотографијата, односно се појавува оној точкаст ефект. Сè зависи од видот на фотоапаратот, но прифатливи резултати ќе добиете ако ISO-вредноста варира од 400 до 800. Над ова може да одите само ако планирате фотографијата да остане во електронска форма, односно да не ја печатите.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    3. Проблем со балансот на белата боја

    rnСончевата светлина, обичната сијалица, флуоресцентното светло, итн., сите тие произведуваат различни нијанси. Вашиот фотоапарат автоматски ја прилагодува светлината, но тоа не е секогаш успешно. Најчести проблеми се пренагласена портокалово-црвена боја, кога фотографирате во простории осветлени со стандардна сијалица или пак зеленикава нијанса, ако фотографијата е направена под флуоресцентно светло.rnrnЗа да се справите со овој проблем, треба да изберете баланс на белата боја кој ќе одговара на средината. Најдобро е тоа да го сторите мануелно, ако вашиот фотоапарат има таква можност. Можеби ова ви звучи комплицирано, но всушност е брза операција. Го насочувате вашиот фотоапарат кон бел лист хартија и го притискате копчето. Ова овозможува најпрецизна репродукција на боите и не мора да го повторувате пред секое ново фотографирање. Штом еднаш ќе го направите, тоа така и ќе остане сè додека вие не одлучите да го промените.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    4. Премногу темни лица

    rnВрз основа на автоматскиот експозициски систем, вашиот фотоапарат се обидува добро да осветли сè што е на фотографијата. Но, во некои случаи не успева во тоа. Како на пример, кога фотографирате на плажа, на јако сонце или во снежни услови, поздината е многу посветла од луѓето на вашата фотографија и ги прави да изгледаат премногу темни. Едно од решенијата е да користите некоја од однапред дефинираните сцени, како на пример, оние за снежни услови, за сонце, плажа…rnrnДруга опција е да го вклучите блицот при правење на секоја фотографија. Во автоматски мод, тој нема да се активира доколку светлината во средината е доволно јака, но може да ви помогне при фаќање надворешни сцени, на тој начин што ќе ги осветли лицата и ќе го улови моментот од некоја динамична акција што сакате да ја фотографирате, дури и кога е многу сончево.rnrnЗа пофина и подобра контрола на светлото, истражете ги опциите за компензација на експозицијата. Дури и фотоапаратите без мануелна контрола ја имаат оваа опција. Таа ви овозможува автоматско подесување заради усогласување со условите што ги гледате. Прилагодувањето на екпозицијата се прави со стискање на копчето плус/минус, зависно од тоа дали сакате да постигнете посветол или потемен ефект. Ова експериметирајте го во вашето слободно време, кога не фотографирате важни настани.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn

    5. Премногу детали во позадината

    rnЧесто сме презафатени фокусирајќи се на предметот на нашата фотографија и не забележуваме што сè има во позадината. Но, кога ќе ја видиме фотографијата отпосле, ќе забележиме дека има еден тон непотребни детали кои го уништуват посакуваниот ефект.rnrnЗатоа, пред да фотографирате внимавајте на опкружувањето. За да добиете почиста фотографија, поместете го субјектот или предметот на вашата фотографија подалеку од елементите кои можат да ја уништат или пак поместете се вие. Во спротивно, може да направите фотографии на кои личноста ќе изгледа како срасната со нешто од позадината.rnrnАко вашиот фотоапарат е со напредни функции, тогаш можете да ја користите опцијата „aperture-priority“, којашто ви овозможува да контролирате колку светло влегува во фотоапаратот и колку од работите се во фокусот на фотографијата. Овој ефект е познат и како длабочина на полето. Плитката длабочина значи дека предметите кои се поблиску до фотоапаратот ќе бидат во фокус, а зад нив ќе се направи фина заматена позадина на фотографијата. Значи, доколку фотоапаратот ви ја дозволува оваа опција, намалувајте ù ја вредноста за да создадете апстрактна матна заднина пред која фокусирано ќе биде претставен предметот на вашата фотографија.Пет совети кои ќе ве направат подобри фотографиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капки вода поврзани во колоритни вонземски облици

    Капки вода поврзани во колоритни вонземски облици

    Некои стилови во фотографирањето едноставно не можат да престанат да нè воодушевуваат. Кинемаграфии, фото-манипулации, долги експозиции… секоја техника плени со креативност, инспирација и визуелна сатисфакција.rnrnТаква инспиративна техника претставува и фотографирањето во макро стил на феномени кои се одвиваат со голема брзина. Како резултат на тоа, се добиваат фотографии кои делуваат како да се замрзнати во времето, а ни откриваат магични моменти кои не можат да се забележат во текот на нивниот природен процес. Капки вода поврзани во колоритни вонземски облициОваа техника, т.н. High speed photography, ја одликува работата на германскиот фотограф Хајнц Мајер, кој започнал да фотографира пред околу една година, но веќе има импресивно портфолио.rnrnНеговите капки изгледаат волшебно, скоро неверојатно, како да се работи за некои вонземски облици на живот, а не чисти фотографии од еден од најосновните, но и најсложените елементи кои нè опкружуваат во природата. Играта со светлата, боите, рефлексијата и симетријата, ќе ве натера да помислите дека се работи за дигитално обработени дела, а не за чист производ на вешто ракување со фотоапаратот.Капки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облициКапки вода поврзани во колоритни вонземски облици
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

    Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

    Лајтро е првиот кориснички фотоапарат со светлосно поле, кој ја фаќа целата достапна светлина, наместо само еден сноп. Тоа овозможува одредување на фокусот во фотографиите, откако ќе бидат сликани, па дури и повеќекратно рефокусирање.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаФаќајќи ја сцената, корисникот не е ограничен на моменталниот резултат кој го добил притоа. Напротив, за првпат досега, заедно со иницијалната фотографија се запишува уште цел сет со дополнителни податоци. Овие фотоапарати се карактеризираат со сензор за светлосно поле кој собира информации за боите, интензитетот, па дури и за правецот на секој зрак светлина кој доаѓа кон него, на тој начин фаќајќи ја сцената во 4 димензии. За да се процесираат овие дополнителни информации, апаратите Лајтро содржат енџин за светлосно поле кој оди заедно со секоја слика, така што подоцна секој може да манипулира со нив, и тоа на скоро секој уред, вклучително во веб прелистувач, на мобилен телефон, на таблет, без потреба од дополнителен софтвер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДизајнот на фотоапаратот се карактеризира со едноставност. Нема премногу непотребни модови и функции. Тој има само две копчиња, за вклучување/исклучување и за фотографирање. Затоа пак, има интуитивен стаклен екран осетлив на допир кој овозможува сликите да се прегледуваат и рефокусираат директно на апаратот.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаТехнологијата која ја користи Лајтро можеби е сложена, но начинот на работа овозможува едноставно користење од страна на секој, без разлика дали е професионалец или аматер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДоколку сакате да си набавите Лајтро фотоапарат, можете да си нарачате онлајн, а испораката ќе почне на почетокот на следната година. Постојат два модели, со 8 и со 16 ГБ, па зависно од ова и од бојата, цените се движат од 350 до 750 долари.

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Њујорк каков што не сте го виделе досега

    Њујорк каков што не сте го виделе досега

    Еван Џозеф успева да ја прикаже оваа блескава метропола, од една поинаква перспектива. Неговите величествени фотографии, се направени во ноќно време, од хеликоптер кој лета 762 метри над земјата. Од небесните височини тој ги фотографира убавините на градот одозгора, додека лета во воздух и фотоапаратот му се тресе во рацете. Со оглед на прецизноста и чистотата на неговите фотографии, може да се заклучи дека тој е тотално посветен и трпелив во својата работа.Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаОние среќници кои ќе бидат во Њујорк оваа есен, ќе имаат можност да ја видат неговата маестрална колекција фотографии одблизу, во огромен формат, во галеријата „Тачи“, на 27 октомври.Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаНа изложбата насловена „Evan Joseph at Night“ (Еван Џозеф во ноќта) ќе биде прикажан градот од сосема поинакви, до сега невидени перспективи, како и популарните знаменитости кои го одбележуваат, Емпаер Стејт Билдинг, Статуата на Слободата, центарот Рокфелер и Тајм Сквер. Погледнете ги драматично осветлените облакодери, мостовите кои треперат, неонските светла и жолтите такси возила кои јурат по авенијата Бродвеј. Волшебно, зарем не?!Њујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаЊујорк каков што не сте го виделе досегаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 совети за да изгледате повитки на фотографиите

    7 совети за да изгледате повитки на фотографиите

    Доколку се сметате себеси за фотогенична личност која сака да се фотографира, а имате проблем со вашите моментални облини, тогаш овие совети многу ќе ви се допаднат. Најважно од сè е да знаете како да го изманипулирате фотоапаратот, поставувајќи се под добар агол и со добра положба на телото.rnrn7 совети како да изгледате повитко на фотографииrn

    1. Поставете го фотоапаратот повисоко над вас

    rnОва не значи дека треба да го позиционирате премногу високо, туку едноставно да го држите повисоко од главата или да го поставите на некоја полица. Поради добиениот агол, ќе треба да гледате нагоре со што ќе го издолжите вратот, па благодарение на таквата поставеност ќе изгледате послабо.rn

    2. Добро позиционирајте ја главата

    rnПозицијата на главата всушност прави голема разлика како ќе излезете на некоја фотографија. На пример, никогаш не треба да ја вовлекувате главата наназад, бидејќи така правите брадата да ви изгледа поголема, а со тоа и целото лице. Па така дури и да сте слаби, нема да изгледате така. Наместо тоа, главата позиционирајте ја напред, со што визуелно ќе ја намалите брадата и ќе создадете илузија на виткост.rn

    3. Внимавајте на позицијата на телото

    rnУште еден добар совет кој ќе ви помогне да изгледате послабо на фотографиите… Внимавајте никогаш да не се свртите кон апаратот целосно исправено. Така ќе ги прикажете сите вашите недостатоци. Исправете ги рамената и завртете се косо во однос на апаратот. Едната нога ставете ја понапред и наклонете ја тежината на другата.rn

    4. Вовлечете го стомакот

    rnСепак, со овој совет треба да бидете внимателни, бидејќи можете да си нанесете и штета. Треба внимателно да ги исправите рамената и грбот, а стомакот само малку да го вовлечете, без притоа да изгледате вештачки. Доколку претерате, вашата намера ќе биде премногу очигледна, а резултатите неизбежно ужасни.rn

    5. Позиционирајте ги рацете

    rnОд клучно знаење е и поставувањето на рацете. Внимавајте да не ги држите рацете исправено, безмалку залепени за телото, бидејќи така ќе личи дека имате огромни раменици. Наместо тоа, завртете се под одреден агол и едната рака ставете ја елегантно на колкот.rn

    6. Носете темна облека

    rnНачинот на кој се облекувате исто така може да многу да влијае. Доколку носите темна облека, нормално веднаш ќе изгледате послабо. Исто така треба да внимавате, бидејќи доколку облечете нешто прешироко, ќе изгледа дека криете нешто, а доколку носите нешто претесно ќе ги оцртате сите ваши недостатоци.rn

    7. Одберете ја правилната фризура

    rnФризурата исто така помага да изгледате послабо на фотографиите. Доколку однапред знаете дека ќе имате прилика некаде да се фотографирате, пробајте да избегнете елегантно собрани фризури, пунџи или опавче. Кога имате коса околу лицето, ги прикривате грубите агли кои можат да создадат слика дека вратот, лицето и рамената ви се позаоблени или поголеми отколку што навистина сè.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

    Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

    Овој фотоапарат е толку мал, што ќе помислите дека не може да го фати во кадар ни врвот од вашиот прст и е дефинитивно многу лесен за губење. Но, пред да го измислат овој микроскопски уред кој е достапен во продажба, креаторите очигледно верувале дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМинијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео. Неговите креатори од Њујорк, убедуваат дека уредот од 28 грама работи совршено добро, без разлика што е голем колку врвот од прстот.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМини-камерата е произведена од американската фирма „Hammacher Schlememr“, која на полиците го продава за 99,95 долари.rnrnГенералниот директор на „Hammacher Schlememr“, Фред Бернс велиrn.rn

    „И покрај тоа што најмалиот фотоапарат во светот е малку поголем од џамлија, сепак прави фотографии и снима видеа исто како повеќето фотоапарати со нормална големина. Тоа е извонредно парченце уред, кое очекуваме да стане многу популарно во јавноста.“

    rnНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија.rn

    „Фотоапаратот има ремче за да го носите околу рачниот зглоб, при што се олеснува неговата преносливост.“ – додава тој

    rnНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаrnrnНајмалиот фотоапарат во светот може да прави фотографии во JPEG формат со резолуција од 1600 x 1200 мегапиксели, има автоматски фокус и може да снима видеа со 30 фрејма во секунда во AVI формат, со резолуција од 640 x 480 мегапиксели. Сето тоа се складира на мемориска картичка microSD од 2GB, но прифаќа и мемориски картички со големина до 32GB. Исто така, тој може да се поврзе со компјутер преку УСБ кабел, исто како секој друг фотоапарат.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМини-апаратчето е одлично за шпионирање и „ловење“ интересни „фотки“ додека никој не ве гледа. 🙂 Но, ако веќе планирате шпионски да фотографирате, подобро побрзајте, зашто батеријата на апаратот трае 30 минути, после едночасовно полнење.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си направите домашно фото студио?

    Како да си направите домашно фото студио?

    Фотографирањето не мора секогаш да подразбира користење на скапи додатоци и интересни гаџети. Секако, така е многу позабавно, но исто како кога Џеки Чен ненадејно ќе се најде во тепачка, најважно е што ќе направите со она што моментално го имате во рацете.rnrnЗа домашно фото студио потребни ви се само 5 работи:rn

      rn011

    • прозорец
    • rn011

    • триногалка
    • rn011

    • блиц
    • rn011

    • картон за насочување на светлината
    • rn011

    • заднина
    • rn

    rn

    Како да си направите домашно фото студио?1. Поставете го вашето студио блиску до прозорец

    rnЗа основа на вашето студио можете да употребите маса, шкаф или каков било мебел во домот кој има доволно рамна површина. Доближете го што е можно повеќе до некој прозорец во домот, но така што тој ќе го опфаќа страничниот дел на мебелот што го користите како основа за студиото. Прозорецот ќе биде вашиот главен извор на светлина.rnrnДоколку светлината која доаѓа низ прозорецот е прејака, можете да ја омекнете со бели завеси. Доколку немате бели завеси, едноставно изберете дел од денот кога светлината не продира директно низ вашиот прозорец.Како да си направите домашно фото студио?rn

    2. Поставете го вашиот апарат на триногалка

    rnИма две причини за користење на триногалка:rn

      rn011

    • ви овозможува да ја искористите светлината од прозорецот со подолга експозиција
    • rn011

    • ви овозможува подобра контрола врз поставеноста на вашиот објект на фотографија
    • rn

    rnШтом ја имате светлината од прозорецот, позадината и она што сакате да го фотографирате, нема повеќе да имате потреба да се поместувате или да го менувате аголот на фотоапаратот.rnrnДоколку немате триногалка, можете да размислите да си набавите бидејќи се доста евтини во однос на останатата опрема за фотографирање. Исто така, како стабилизатор можете да употребите неколку книги или пак да ја поставите брзината на блендата на максимум 1/60 за да можете да сликате држејќи го фотоапаратот в рака.Како да си направите домашно фото студио?rn

    3. Користете го блицот како секундарно светло

    rn Многу е важно вашиот блиц да има подвижен стожер.rnrnУпотребете го блицот за да ги тргнете сенките кои ги создава светлото од прозорецот. Вртете го така што светлината ќе се одбива од страничните ѕидови или од таванот сè додека не го постигнете посакуваниот ефект. Оние со пластични капачиња за дифузирање на светлината се најдобри.rnrnНајдобар ефект ќе постигнете доколку го насочите блицот зад вас. Тоа ќе ги отстрани прејако осветлените делови. За да го поправите јакиот ефект на светлината од блицот, можете да користите дифузер, кој лесно ќе го направите од кутивче за филм.rnrnДоколку пак, добивате доволно светлина од прозорецот, не мора да го користите блицот.Како да си направите домашно фото студио?rn

    4. Отстранете ги сенките со картон за насочување на светлината

    rnКартонот за насочување на светлината е најевтиниот елемент во фото-опремата кој можете да го набавите. Земете бел мат картон или залепете купче хартија за печатење за да создадете имитација на картон.rnrnПотпрете го картонот покрај предметот на фотографирање, веднаш надвор од сцената. Прилагодете го аголот сè додека рефлексијата од картонот не ги осветли сенките. Ова е едноставен трик кој има големо влијание врз изгледот на фотографиите кои ќе ги добиете.rnrnДоколку пак, ги обмотате рабовите на парчето картон со станиол, никогаш повеќе нема да имате проблеми со сенките.Како да си направите домашно фото студио?rn

    5. Направете интересна или незабележителна заднина

    rnДали ќе изберете невоочлива или интересна заднина, зависи од она што го фотографирате пред неа, но доколку направите комбинација од двата вида, не можете да погрешите.rnrnКупете хартија за колажи која е многу евтина, а пакувањата доаѓаат со парчиња во многу бои кои одлично изгледаат како заднина за фотографирање на објекти, а се доволно ненаметливи за да го задржат вниманието на она што е пред нив.rnrnДоколку фотографирате мал предмет, може да го потпрете на книга или на географска карта. Ова ќе ја направи заднината интересна, а сепак, ако длабочината на полето е доволно плитка, нема да го одвлекува вниманието. Како да си направите домашно фото студио?Толку. Со ова веќе сте подготвени да правите професионални фотографии во вашето ново фото студио. Притоа, пред да почнете со работа, не заборавајте да ја избалансирате белата боја на сцената, особено доколку користите колоритна заднина. За ова може да ви помогне пластично капаче од чашка.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ајфон-додаток за оптички леќи

    Ајфон-додаток за оптички леќи

    Постојат многу апликации кои можат да ви помогнат да направите подобри фотографии со вашиот ајфон 4. Но, со новото откритие „iPhone SLR Mount“ сега ќе можете вашиот телефон да го трансформирате во професионален фотоапарат. Сетот содржи алуминиумско куќиште на кое се прицврстува ајфонот, адаптер за леќи и УВ филтер.rnАјфон додаток за оптички леќиОвој додаток е компатибилен со леќи од производителите „Канон“ и „Никон“, а може да се додаде каква било: зум, макро, телефото, широкоаголна или фиксна 50-милиметарска. Овој додаток ќе ви овозможи да фотографирате со моќна длабочина и со мануелен фокус. На крајот од алуминиумското куќиште има и две дупчиња со чија помош можете да го врзете „апаратот“ и да го носите околу врат. Додатоците можете да ги купите онлајн по цена од 249 американски долари.Ајфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Електронски уреди изработени од шарена хартија

    Електронски уреди изработени од шарена хартија

    Луси Томас и Тибо Зимерман се двајца исклучителни дизајнери кои стојат зад студиото за модерен дизајн Zim and Zou во Нанси, Франција. За потребите на своите клиенти, дуото се занимава со изработка на скулптури од хартија, инсталации, графички дизајн, илустрации и веб-дизајн. Нивната последна колекција наречена „Назад кон основите“ (Back to Basics) е проект на кој работат цела година и сè уште е во тек. Тие изработуваат електронски уреди како фотоапарати, телефони, вокмени, касети, дискети, џоистици… Секој шарен уред претставува рачно изработен предмет од преработена хартија, а дури и најмалите остатоци при сечењето, повторно се користат како детали.Електронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаЕлектронски уреди изработени од шарена хартијаrn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn